Contract
|
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1 Член 6
(1) По овие услови се осигурува стока во превоз по (1) Поимите судар на брод, удар, насукување,
море од загуба и оштетување.
(2) Стоката може да се осигурува во неѓународниот превоз.
Член 2
(1) Осигурување може да се договори од основните или сите ризици кои ја загрозуваат стоката во превозот по море.
(2) Осигурување може да се договори и само од потполна загуба на стоката.
(3) Осигурување може да се договори и од ризици кои не се опфатени со овие услови.
Член 3
(1) Под меѓународен превоз, во смисла на овие Услови се смета превоз кај кој пристаниште во која стоката се товари се наоѓа на подрачјето на една, а пристаниште во која стоката се истоварува на подрачјето на друга држава.
Член 4.
(1) Стока во смисла на овие Услови, се смета секоја ствар што е предмет на превоз.
(2) Стока во смисла на овие Услови, се сметаат и возила и машини кои се движат на сопствени тркала.
II. ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
1. Осигурување од основни ризици
Член 5
(1) Ако е договорено осигурување од основни ризици, осигурувачот на осигуреникот ќе му исплати надоместок за штета која на стоката настанала за време на превозот по море поради:
1. ризик на морето (судир, удар, насукување, допирање на дното, потопување, бродолом, изчезнување (нестанок) на бродот, луња и невреме на бродот, отпловување на стоката на палуба, допир со морската вода,
2. пожар,
3. разбојништво, и разбојничка кражба,
4. фрлање во море,
5. баратерија на заповедникот и морнарите.
(2) Осигурувачот на осигуреникот, доколку е договорено осигурување од основните ризици ќе му се надомести и загуба или оштетување на стоката која ќе настане за време на осигурениот превоз и поради: експлозија, судар на возила, допир на возилото со некој надворешен предмет, загуба на цели колети за време на натовар, претовар или истовар и оштетување при натоварот во пристаништето на престојување.
налегнување допирање на дното, потонување, бродолом, загубување на бродот, се утврдуваат врз основа на важечките прописи и обичајното право
(2) Во смисла на овие услови под ризик се смета:
a. луња и невреме: секоја поголема елементарна непогода за време на осигураното патување;
b. отпловување на стоката од палуба: испаѓање на стоката во море под дејство на ветар или бранови;
c. допир со морска вода: допир кој дошол по поморска несреќа или намера на посадата на бродот;
d. фрлање во море: намерно фрлање на дел од товарот во море заради отстранување на заедничката опасност и товарот;
x. xxxxxxxxxx: xxxx xxxxxx, дело на капетанот на бродот или членовите на екипажот на бродот, од кои произлегла опасност по бродот и товарот.
(3) Ако штетата на стоката настанала поради пожар кој на станал со самозапалување на стоката, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета само доколку тоа посебно е договорено.
(4) Ако штетата на стоката настанала поради експлозија, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета само ако тоа е посебно договорено.
(5) По исклучок на одредбите од предходниот став доколку по експлозијата дојде до пожар на стоката, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која е последица на пожарот или е во врска со него.
(6) Осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која ќе настане поради отпловување на стока од палубата само доколку превозот на стоката се врши на палубата во зависност од нејзината природа , ако бродарот, спротивно на договорот за превозот на стоката ја натовари стоката на палуба или ако превозот на стоката на палуба е вршен со знаење на осигурувачот.
Член. 7
(1) Разбојништво или разбојничка кражба што ја врши капетанот, членовите на екипажот или патниците не е опфатено со осигурувањето според одредбите на член 5, став (3) по овие услови.
(2) Во смисла на одредбите од Член 1 и
Член 3 на овие услови, осигурувачот ќе ја надомести штетата само ако разбојништвото или разбојничката кражба го причиниле надворешни лица.
Член. 8
Ако е договорено осигурување од основните ризици клаузула Б и Ц осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му плати придонес во генералната хаварија.
3.Осигурување “Против сите ризици”
Член 9
(1) Ако се договори осигурување по овие услови “Против сите транспортни ризици” (АЛЛРИСКС) осигурувачот на осигуреникот ќе му исплати надоместок за штета која ќе настане за време на осигурениот превоз поради опасностите наведени во член 5 од овие Услови, како и штети што ќе настанат поради:
1. кражба на цели колети или делумна кражба од пооделни колети
2. неиспорака на стоката.
3. допир (контакт) со друга стока.
4. слатка вода,
5. небрежност на капетанот и екипажот на бродот,
6. невнимателно манипулирање при натоварот, истоварот и претоварот,
7. други вонредни опасности на кои стоката е подлежна за време на превозот.
(2) Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му исплати надомест за штета според одредбите од предходнио став, ако штетата настане од опасности од кои стоката може посебно да се осигура (Член 13 од овие услови) поради опасности што се изземени од осигурувањето или задоцнување со испораката.
Член 10
(1) По исклучок на одредбите од член 9 на овие Услови осигурување може да се договори од основните ризици и ризиците кражба, делумна кражба и неиспорака.
(2) Во смисла на одребите од претходниот став, во договорот за осигурување мора да се означи дека осигурувањето се склучува само од основните ризици и ризиците кражба, делумна кражба и неиспорака.
3. Дополнителни ризици
Член 11
(1) Ако тоа посебно се договори, осигурувачот на осигуреникот ќе му исплати надоместок за штета која ќе настане за осигурената стока поради:
1. Одбивање
2. Оштетување на стоката од било кои причини,
3. Загрејување или потење од било кои причини,
4. Стврднување од било кои причини,
5. Растурање - кусок од било кои причини,
6. Течење - кусок од било кои причини,
7. Угинување на егзотични животни од било кои причини,
8. Угинување на животни и кршење на нозе од било кои причини,
9. Самозапалување од било кои причини,
10. Одмрзнување на пратки што се превезуваат во ладилници (фрижидери) од било кои причини,
11. Расипување на месо, овошје или зарзават од било кои причини,
12. Расипување на солени и сушени црева од било кои причини,
13. Надувување (бомбаш),
14. Сушење, овенување од било кои причини,
15. Смрзнување од било кои причини,
16. Експлозија од било кои причини,
17. Осветлување на филмови од било кои причини,
18. Слични опасности.
(2) Условите за осигурување од опасностите (ризиците) од претходниот став, се утврдуваат со договорот за осигурување.
4. Осигурување од потполна загуба
Член 12
(1) По исклучок на одредбите од член 5, 9 и 11 на овие Услови, стоката може да се осигура само од потполна загуба.
(2) Под потполна загуба на стоката, во смисла на одредбите од претходниот став, се смета загуба на стоката која ќе настане( дојде ) поради загубување на бродот.
(3) Ако се договори осигурување во смисла на одредбите од став (1) тоа во договорот за осигурување посебно мора да се наведе.
5. Исклучени ризици
(1) Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му исплати надоместок на штета која на осигурената стока ќе настане поради:
1. Опасности врзани за време на превозот на стоката на палуба или во отворени коли (вагони) освен ако тоа посебно не е договорено;
2. Опасности што настануваат поради недоволното пакување или недостатоци во пакувањето на стоката, која заради тоа по својата природа е изложена на загуба или оштетување;
3. Опасности врзани со натоварот или истоварот или опасности потекнати од неправилното натоварување на стоката која ја натоварува испраќачот или истоварува приемачот;
4. Нарочни опасности кои настануваат поради потполно или делумно оштетување или загуба на стоката (‘рѓање, внатрешно расипување кое настанува само по себе, течење, сушење, растурање, загуба во тежина и сл.), на што стоката е изложена поради својата особина, освен ако тоа не е посебно договорено;
5. Опасности кои ќе настанат поради тоа што предметите кои се изземени од превоз или предмети кои на превоз се примаат само под определени услови
- се предадени на превоз со неисправни, неточни или непотполни означувања, или што испраќачот не ги превзел пропишаните мерки на внимание;
6. Опасности на кои се изложени живи животни при превозот, освен ако тоа посебно не е договорено;
7. Опасности кои пратители на живи животни или на стоката биле должни да ги отклонат;
8. Опасности кои ќе настанат на стоката заради недостаток во конструкцијата, лошото одржување и нередовно обележување на уредите на колите кои служат за превоз на стоките, а се наоѓаат на управување на
осигуреникот или на лице за кое тој одговара;
9. Лоша намера и крајна небрижност на осигуреникот;
10. Војна и на војната слични настани или штрајк (воени и политички ризици) и атомски ризици;
11. Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести ни штета која може однапред да се предвиди и избегне.
12. Исклучување на ризик од заразни болести:
1. Исклучени се сите штети поради заразна болест, освен кога се исполнети условите за исклучување на заразено лице.
2.1. „Штета како резултат на заразна болест“ означува било каква штета, оштетување, одговорност или трошок од каква било природа, директно предизвикана или во голема мера предизвикана, придонесена, произлезена од или во врска со некоја од исклучените околности, како што се:
а) заразно заболување и / или
б) страв или опасност, без разлика дали се реални или перцепирани, од заразни болести и / или
в) каква било препорака, одлука или мерка донесена или преземена за ограничување, спречување да се намали или забави ширењето на инфекцијта на заразната болест или да се елиминира или минимизира правната одговорност во врска со таквата болест, без оглед дали е усвоена или преземена од власти или невладини правни лица или физички лица и / или
г) каква било препорака, одлука или мерка донесена за промена, пресврт или елиминирање на која било од околностите наведени во потстав (в) погоре, без разлика дали е донесена од властите или невладини правни лица или физички лица. без оглед на која било друга причина или околност што во исто време или во која било друга низа придонесе за тоа.
2.2.Не доведувајќи го во прашање влијанието на Xxxxxxxx 2.1 (а), (б) и (г), препораки, одлуки и мерки од страна на кои и да било превземени за закотвување, поставување или задржување на сидрото, на пристаништето или на друго место на кој било брод, превозно средство , опрема или платформа за да продолжат да патуваат, работат, тргуваат, товарат или истоваруваат стоки или друга вообичаена употреба не претставуваат исклучени околности, без разлика на тоа што тие или некои од нив се превземени во точка 2 (в).
3. „Заразна болест“ е секоја болест (без оглед дали е позната или непозната) што може да се пренесе со која било супстанца или агенс од еден на друг организам, кога: а) супстанцијата или агенсот вклучува, но не ограничувајќи се на тоа, вирус, бактерија, паразит или друг организам или каква било варијанта или мутација на претходно наведеното, без оглед дали се смета за жива или не, и
б) начинот на пренесување, без разлика дали е директен или индиректен, вклучува, но не е ограничен на човечки допир или контакт, пренесување преку воздух, пренесување преку телесни течности, пренесување од или преку било кој цврст предмет, површина, течност или гас и
в) болест, супстанција или агенсот може, дејствувајќи сам или заедно со други коморбидитети, состојби, генетски предиспозиции или со имунолошкиот ситем на човекот да предизвика смрт, болест, телесно оштетување или привремено или трајно нарушување на физичкото или менталното здравје или негативно да влијае на вредноста или безбедноста на кој било вид на имот.
4.1 Исклучувањето на заразено лице се применува кога (1) постапките или одлуките на кое било лице заразено или наводно заразено со заразна болест предизвикуваат или придонесуваат за наводен несакан настан и (2) кога ниту едно од таквите постапки или одлуки или наводната причина за несакан настан не е препорака, одлука или мерка како што е дефинирано во точките 2.1 (в) или 2.1 (г) погоре.
4.2 Доколку овие услови се исполнети, фактот или можноста дека дејствието/-јата или одлуката/-ките на поединецот се повредени или погодени од наводна или вистинска инфекција на тоа лице не исклучува штета што инаку секогаш се надоместува под услов да нема покритие за загуба, штета, одговорност или трошок што произлегува од какво било зголемување на ширењето, фреквенцијата, интензитетот или повторување на заразната болест поради постапките или одлуките на тоа лице.
6. Траење на осигурувањето
Член 14
(1) Осигурувањето започнува од моментот кога стоката ќе го напушти складот во местото означено во договорот за осигурување заради започнување на превозот и трае додека стоката не биде испорачана во последниот склад во
местото на одредиште наведено во договорот за осигурување.
(2) Осигурувањето во секој случај престанува по истек на рокот од 60 дена од денот на истоварување на стоката, доколку поинаку не е договорено.
(3) Рокот од претходниот став тече од полноќта на оној ден кога е извршено истоварување на стоката од бродот.
Член 15
(1) Стоката е осигурана и за време на скршнување од патот или задоцнување кое не е зависно од волјата на осигуреникот, присилно истоварување, повторно натоварување и претоварување
(2) Стоката е осигурана и во случај на некоја друга измена во превозот извршена во склад со договорот за превоз.
Член 16
(1) Доколку поради околности кои не се зависни од вољата на осигуреникот договорот за превоз престане да важи во друго пристаниште или место, а не во одредиштето означено во договорот за превоз, или превозот се заврши пред испорака на стоката во складот на приемачот или друг склад означен во договорот за осигурување, стоката останува осигурана додека таа не се продаде и не испорача во тоа пристаниште или место или додека не стигне во складот на приемачот или друг краен склад во одредиштето одредено во договорот за осигурување.
(2) Ако отпремата на стоката на купувачот, во смисла на предходниот став, започне пред да истече рокот од 15 дена, осигурувањето престанува кога стоката одпочнува да се отпремува, превезува на купувачот.
(3) Ако продажбата на стоката се изврши по истек на рокот од став (2), а за време додека стоката е осигурена договорот за осигурување престанува да важи во моментот на продажбата.
Член 17
(1) Стоката во смисла на член 15 и 16, став
(1) на овие услови е осигурана само ако осигуреникот за настанатата измена го известил осигурувачот веднаш по прием на известувањето за извршените
измени и ако плати додатна премија за осигурување која ќе ја побара осигурувачот.
(2) Доколку осигуреникот не постапи по одредбите од предходниот став, договорот за осигурување престанува да важи на денот на извршената промена.
Член 18
Стоката по основ на одредбите од чл.15 и 16 на овие услови е осигурана доколку осигуреникот постапува со примерна брзина во околностите кои се зависни од неговото однесување (волја).
7. Осигурена вредност
Член 19
(1) Стоката може да се осигура на вистинска или фактурна вредност.
(2) Покрај фактурната вредност можат да се осигураат и трошоците врзани со транспортот на стоката како: трошоците за превоз, царината, осигурувањето, трошоците за шпедиција и сл.
(3) Покрај трошоците од предходниот став може да се осигура и очекуваната добивка, но најмногу во износ од 20% од вредноста на стоката.
Член 20
(1) Доколку ништо не е договорено во врска со вредноста на стоката, се смета дека стоката е осигурана на вистинската вредност.
(2) Вистинската вредност на стоката се утврдува спрема вредноста на стоката во местото на отпремување во време на предавање на стоката на превоз.
(3) Се смета секогаш дека стоката е осигурана на вистинската вредност ако е осигурана фактурната вредност на стоката со трошоците и добивката кои по овие услови можат да се осигураат.
III.ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
1. Склучување на договор
(1) Договор за осигурување се склучува врз основа на понуда за осигурување на осигуреникот или договорувчот на осигурување. Понуда за осигурување може да поднесе усно или писмено.
(2) Понудата за осигурување, што ќе ја поднесе лице кое сака да склучи осигурување за стоката, ознака, тежина на стоката, видот на превозното средство, ризикот од кој се бара осигурување, ознака на превозното средство и релација на превозот.
(3) По исклучок на одредбите од предходниот став договорот за осигурување може да се заклучи и кога осигуреникот во понудата го наведе видот на стоката, превозното средство, местото на отпрема и одредиште, ризикот од кој се бара осигурувањето и износот на кој се бара осигурувањето, со тоа за останатите податоци дополнително ќе го извести осигурувачот, во рок кој со договорот за осигурување ќе се утврди.
(4) Ако осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на одредбите од предходниот став за податоците од став
(1) на овој член ќе се смета дека договорот за осигурување е заклучен
Член 22
(1) Понудата за осигурување осигурувачот може да ја прифати или одбие.
(2) Се смета дека усно доставената понуда за осигурување осигурувачот ја одбил, ако веднаш не ја прифатил.
(3) Ако осигурувачот не одговори на писмената понуда во рок кој по нормалниот тек на работите е потребен за одговор ќе се смета дека понудата за осигурување е прифатена.
Член 23
Се смета дека договорот за осигурување е заклучен кога осигурувачот ќе ја прифати понудата за осигурување.
2. Премија за осигурување
Член 24
(1) Осигуреникот е должен премијата за осигурување да ја плати во рок од 15 дена од приемот на фактурата, доколку поинаку не е договорено.
(2) Премијата за осигурување може да ја плати секое друго заинтересирано лице кое има имотно правен интерес да се задржи (одржи) договорот за осигурување.
(3) Денот на уплата на премијата за осигурување преку пошта со уплатници или со налог за пренос, се смета како ден на уплата на премијата за осигурување на осигурувачот.
Член 25
Ако осигуреникот не ја плати премијата за осигурување, а дојде до остварување на осигурената опасност, осигурувачот може да го одбие осигуреникот од надомест на штета.
2.Утврдување на исплата на штета
Член 26
(1) Штета на стока или загуба на стоката при превоз ја утврдуваат осигуреникот и превоз ја утврдуваат осигуреникот и превозникот заеднички
(2) Ако возарот одбие да учествува во утврдувањето на штетата, осигуреникот е должен да преземе мерки заради
обезбедување на докази дека штетата се случила за време на осигуреното патување и за тоа да го извести осигурувачот ако се цени дека штетата ќе го мине износот од 60.000,00 денари.
Член 27
(1) Оштетно барање за обештетување по основ од осигурување се поднесува писмено
(2) Кон оштетно барање се приложува полиса за осигурување, оригинална превозна исправа (коносоман), записник за утврдување на штетата, фактура за осигурената стока или друг доказ за вредноста на стоката и други докази за платени трошоци во врска со оштетената стока, до колку зависните трошоци се осигурени, како и други докази за причина и висина на настанатата штета
(3) Со поднесување на оштетно барање, осигуреникот на осигурувачот му доставува и цесија за пренос на своите права кои ги имал спрема лицата одговорни за штетата.
Член 28
(1) Осигурувачот е должен на осигуреникот да му исплати надомест на штета во висина на вистинската штета на стоката, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
(2) Ако осигурената вредност на стоката и добивката е поголема од вистинската
вредност на стоката, односно од висината на добивката која може да се осигура, Осигурувачот ќе ја надомести вистинската штета.
(3) Ако осигурената вредност на стоката односно добивката е помала од вистинската вредност, односно од висина на добивката која може да се осигура, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета која одговата на односот помеѓу осигурената и вредноста која можела да се осигура, но најмногу до осигурената вредност.
(4) Осигурената вредност ја претставува максималната граница на обврската на осигурувачот спрема осигуреникот.
Член 29
(1) Кај хартиите од вредност, штедни книшки, меници, чекови и други вредносни ствари, кои можат да се огласат како неважечки осигурувачот како штета ќе ги надомести трошоците за тоа известување.
(2) Ако се оствари наплата на некоја од вредностите означени во предходниот став или осигуреникот поради нивното огласување за неважечки претрпел некаква штета, осигурувачот на осигуреникот ќе му ја надомести вистинската штета, до осигурениот износ на таа ствар.
Член 30
(1) Придонесот на генерална xxxxxxxx, осигурувачот ќе го плаќа врз основа на дефинитивна пресметка во целост ако придонесот утврден во пресметката, е еднаков или понизок од осигурената вредност на стоката.
(2) Ако придонесот за генерална хаварија е поголем од осигурената вредност на стоката, осигурувачот на име придонес ќе ја надомести вистинската штета до осигурениот износ на тој предмет
Член 31
(1) Генералната хаварија и спасување се утврдува спрема прописите и праксата која важи во одредено (определено) место на стоката односно бродот.
(2) Ако тоа во договорот за превоз се предвидува, пресметката за генералната хаварија може да се направи и по правилата Ѕорк Антњерпен од 1950.
Член 32
(1) Ако е договорена интегрална или одбитна франшиза, Осигурувачот ќе го надомести
делот на штета кој го минува износот на договорената фрашиза, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
(2) Ако тоа во договорот за превоз не се предвидува, природно својство, губиток на тежина (калира), осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета која го минува износот над таа редовна загуба, но најмногу до осигурениот износ, доколку поинаку не е договорено.
Член 33
(1) Осигурувачот на осигуреникот покрај надоместот за загуба или оштетување на стоката, ќе му ги надомести и разумно направените трошоци за спасување на стоката.
(2) Ако осигурената вредност на стоката е помала од вистинската вредност, осигурувачот на осигуреникот ќе му ги надомести трошоците за спасување во сразмера која одговара на односот помеѓу осигурената вредност и вистинската вредност на стоката.
(3) Надоместот на штетата на стоката и трошоците за спасување, кои ги плаќа осигурувачот, не може да биде поголем од осигурената вредност на стоката.
Член 34
(1) Осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета која тој треба да ја плати на осигуреникот на бродот по основ на договорот за превоз (по клаузулата: “за судар поради обострана вина”).
(2) За случаи од предходниот став осигуреникот е должен за секое барање на сопственикот на бродот да го извести осигурувачот.
(3) Осигурувачот има право по прием на известувањето да ги преземе сите мерки со цел за заштита на интересот на осигурувачот и осигуреникот.
(4) Трошоците за преземените правни работи паѓаат на товар на осигурувачот.
(5) Ако осигурувачот исплати надомест на осигуреникот според одредбите на став (1) од овој член, тогаш осигуреникот нема право на надомест по основ на осигурувањето на стоката.
Член 35
(1) Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му исплати надомест на штета:
1. ако релацијата или превозното средство не одговара на означените во договорот за осигурување
2. ако осигуреникот ги прикрие или неточно ги прикажал околностите од влијание за оцена на ризикот.
(2) Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му исплати ни надомест за штета која на осигурената стока ќе настане поради пропусти на осигуреникот да преземе мерки за спречување настанување на штета односно за отклонување на штетните последици.
(3) Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести загуба или оштетување на стоката кои ќе настанат по вина на возарот или други чувари кои можат да бидат одговорни за таква загуба или оштетување за време додека стоката се наоѓа кај нив за чување или згрижување ако осигуреникот во договорот за превоз или вскладиштување се откажал од правото за надомест на штета од нив.
(4) Осигурувачот не е во обврска да му надомести штета на осигуреникот која ќе настане по вина на возарот или чуварот, ако осигуреникот во договорот за превоз односно вскладиштување ги овластил нив да можат да се користат со правото од договорот за осигурување.
(5) По исклучок на одредбите од ст. (3) и (4) на овој член, ако до загуба или оштетување на стоката дојде поради остварување на некои од осигурените опасности, а возарот односно чуварот на стоката ќе одбие на осигуреникот да ја надомести штетата, осигурувачот на осигуреникот ќе му даде бескаматна позајмица во висина на износот кој осигурувачот би го платил да не е случена обврската на осигурувачот по одредбите од ст. (3) и (4) на овој член.
(6) Во случаи од предходниот став, осигуреникот е должен да поведе спор против возарот односно чуварот за надомест на штетата на стоките.
(7) Осигуреникот е должен на осигурувачот да ми ја врати позајмицата во износ кој успеал да го ствари во спорот против превозникот или чуварот на стоката.
(8) Трошоците за спорот паѓаат на товар на осигурувачот во делот кој се однесува на дадената позиција на осигуреникот.
Член 36
Обврската на осигурувачот за исплата на оштетата започнува од денот на прием на
доказите потребни за утврдување на обврската на осигурувачот од договорот за осигурување.
4. Пренесување на правото од осигурувањето Член 37
(2) Отказниот рок за престанок на договорот со отказ изнесува 3 месеци, ако поинаку не се договори.
7.Правна поука
Осигуреникот може ако осигурувачот со тоа се согласи, своите права од договорот за осигурување да ги пренесе на други лица.
5. Право на регрес
Член 38
(1) Со исплата на штетата на осигурувачот му припаѓаат во границата на исплатената штета сите права кои осигуреникот ги има спрема трети лица одговорни за штетата.
(2) Осигуреникот е должен да ги преземе сите мерки за зачувување и остварување на правото на регрес на осигурувачот.
(3) Осигурувачот може ако осигуреникот пропушти да преземе мерки од предходниот став, да го одбие од надоместокот на штета за износот што можел да го регресира од причинителот на штетата.
6. Престанок на договорот
Член 39
(1) Договорот за осигурување престанува да важи онака како тоа е предвидено со важечките прописи односно правните правила на имотното право и договорот.
Член 40
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
8. Место надлежност на судот
Член 41
Во случај на спор, за местото надлежен суд се одредува судот спрема седиштето на осигурувачот.
9. Преодни завршни одредби
Член 42
Во примена на Општите услови предност имаат институтските клаузули А,Б И Ц, одредбите наведени во полисата и приложените специјални услови за осигурување.
10. Датум на примена
Овие услови ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за
осигурениците.
Овие услови во пречистен текст стапуваат во сила од 01.01.2021год.
Одбор на директори
Претседател М-р Xxxxxx Xxxxxx