Contract
Општи услови за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови (ФЛВ АВБ/2018)
I. Воведни одредби
Поединечните поими употребени во овие Општи услови за животно осигурување поврзано со инвестициски фонд (во понатамошниот текст: Општи услови) го имаат следното значење:
Осигурител: ГРАВЕ Осигурување АД Скопје;
Договарач на осигурувањето: физичко или правно лице, кое склучува договор за осигурување со осигурителот;
Осигуреник: лице, чијшто живот е осигурен и од чие доживување или смрт зависи исплатата на надоместот од осигурување;
Корисник на осигурувањето: лице, на кое му се исплаќа надоместот од осигруување при настапување на осигурен случај;
Понудувач на осигурување: лице, кое поднесува писмена понуда за склучување на договор за осигурување;
Понуда: предлог во писмена форма за понудувачот за склучување на договор за осигурување со осигурителот, што се поднесува на образец на осигурителот и кој ги содржи сите суштински елементи на еден договор за осигурување;
Полиса: документ за склучен договор за осигурување, кој го издава осигурителот;
Осигурен случај: настапување на настан покриен со договорот за осигурување (доживување или смрт на осигуреното лице);
Осигурителна премија: паричен износ што договарачот на осигурувањето е должен да му го плати на осигурителот врз основа на склучениот договор за осигурување;
Премија за вложување: уплатена премија, од кој се одбиваат трошоците за инвестицијата и трошоците за склучување на осигурувањето;
Збир на премии: производ на годишната премија и договореното времетраење на осигурувањето;
Гарантиран износ за случај на смрт: гарантиран износ што го исплаќа осигурителот при настапување на осигурен случај (смрт на осигуреникот);
Инвестициска сметка: сметка на договарачот на осигурувањето, на која осигурителот ги евидентира податоците за вкупниот број на припишани удели во инвестицискиот фонд, вредноста на уделите и за трансакциите;
Трансакција: купување, продажба или пренос на удели во инвестицискиот фонд;
Ден на трансакција: првиот работен ден во месецот. Трансакцијата се врши врз основа на пазарната вредност на поединечниот удел во инвестицискиот фонд на денот на трансакцијата;
Ценовник: осигурително-технички основи што служат за утврдување на вредностите поврзани со договорот за осигурување.
II. Договор за осигурување
Член 1
1. Составен дел на договорот за осигурување се понудата, осигурителната полиса, прилозите кон осигурителната полиса, Општите услови и Посебните услови за осигурување, вклучувајќи и клаузули.
2. Договорот за осигурување се склучува врз основа на барање доставено до осигурителот. Сите податоци наведени во барањето мора да бидат вистинити, точни и целосни.
3. Осигурителот има право, по приемот на барањето, да побара и дополнителни податоци, кои се релевантни за склучувањето на договорот за осигурување, вклучувајќи и наоди од лекарски прегледи на осигуреникот.
4. Ако договарачот на осигурувањето и осигуреникот се различни лица, за договорот за осигурување да стане правосилен потребена е писмена согласност од осигуреникот, која се дава во понудата или во посебен документ при потпишувањето на понудата, со наведување на збирот на премиите на премијата и на гаратираниот износ во случај на смрт.
5. За да стане правосилен договорот за осигурување во случај на смрт на трето лице, кое е постаро од 14 (четиринаесет) и помладо од 18 (осумнаесет) години, потребна е писмена согласност од неговиот/нејзиниот законски застапник.
6. Договорот за осигурување во случај на смрт на трето лице на возраст под 14 (четиринаесет) години е ништовен. Истото важи и за лице, кое целосно ја изгубило својата деловна способност. Во таков случај осигурителот е должен на договарачот на осигурувањето да му ги врати сите премии што ги примил врз основа на таквиот договор.
Член 2
1. Понудата доставена до осигурителот е обврзувачка во период од 8 (осум) дена по приемот од страна на осигурителот. Ако е неопходен лекарски преглед на осигуреникот, тогаш таа е обврзувачка во период од 30 (триесет) дена.
2. Ако осигурителот не ја одбие понудата во роковите од претходниот став, која не отстапува од предложените услови за осигурувањето, понудата ќе се смета за прифатена и договорот за осигурување ќе се смета за склучен. Во овој случај договорот ќе се смета за склучен на денот, на кој осигурителот ја примил понудата.
3. Ако осигурителот изјави, дека ја прифаќа понудата и истовремено предложи измени или дополнувања, договорот за осигурување ќе се смета за склучен на денот, на кој договарачот на осигурувањето ги прифатил предложените измени, односно дополнувања.
4. Понудувачот има право да се повлече од понудата во роковите наведени во став 1 и да бара враќање на платената премија. Ако во меѓувреме понудувачот не доставил друга понуда, осигурителот има право да побара од понудувачот надомест на трошоците за лекарскиот преглед, ако е извршен таков преглед.
5. Ако во периодот помеѓу поднесувањето на понудата и склучувањето на договорот за осигурување настанат околности, кои го зголемуваат ризикот по животот или здравјето на осигуреникот, како на пример болести, повреди, промена на професија и слично, осигуреникот, односно договарачот на осигурувањето е должен веднаш да го извести осигурителот за истото во писмена форма.
Член 3
1. За склучениот договор за осигурување, осигурителот му издава на договарачот на осигурувањето полиса во еден примерок.
2. Договарачот на осигурувањето може да го извести осигурителот за повлекувањето од договорот за осигурување најдоцна во рок од 30 (триесет) дена по приемот на известувањето од осигурителот за склучувањето на договорот за осигурување. Во овој случај тој нема да биде одговорен за обврските, кои произлегуваат од овој договор за осигурување.
III. Времетраење на осигурувањето
Член 4
1. Времетраењето на осигурувањето е утврдено во договорот за осигурување.
2. Осигурителното покритие почнува да важи во 00:00 часот на денот, кој е наведен во осигурителната полиса како датум на почеток на осигурувањето, под услов дотогаш да е платена премијата или првата рата од премијата. Ако премијата или првата рата од премијата не се
платени до датумот на почеток на осигурителното покритие, осигурителното покритие ќе започне да важи во 24:00 часот на денот, на кој е извршена целосна уплата на премијата или на првата рата од премијата.
3. Договорот за осигурување важи до 00:00 на денот, кој во осигурителната полиса е наведен како датум на истекување на осигурувањето, односно до настанувањето на осигурен случај или на околностите наведени во членовите 8, 9, 11, 12, 16 или 24 од овие Општи услови.
4. Со завршувањето на договорот за осигурување завршуваат и сите договорени дополнителни осигурувања.
IV. Привремено осигурително покритие
Член 5
1. Привременото осигурително покритие за случај на смрт почнува на денот кога ќе пристигне понудата кај осигурителот, а завршува со прифаќањето на понудата, издавање на полса или со некоја друга изјава на осигурителот, враќање или одбивање на понудата,како и со отповикување на понудата од страна на понудувачот. Во секој случај привременото осигурително покритие завршува по истекот на 6 (шест) недели од денот кога понудата пристигнала кај осигурителот.
2. Услов за привремено осигурително покритие е осигуреникот во моментот на поднесување на понудата да бил потполно способен за работа, да не бил под лекарски надзор или на лекување како и да не е исклучена или ограничена обврската на осигурителот со одредбите од овие Општи услови.
3. Висината на износот на привременото осигурително покритие одговара на договорениот гарантиран износ за случај на смрт, но не може да изнесува повеќе од 20.000,00 ЕУР.
4. Ако е договорено осигурување со лекарски преглед , висината на износот на привременото осигурително покритие одредена во ставот 3. е до моментот кога завршените лекарски наоди ќе пристигнат кај осигурителот. Од моментот кога побараните лекарски наоди ќе пристигнат кај осигурителот, висината на износот на привременото осигурително покритие и понатаму соодветстува со висината на договорениот осигурен износ за случај на смрт , но не може да изнесува повеќе од 40.000,00 ЕУР.
5. Ако осигурителот за ист осигуреник примил повеќе понуди, износите од ставовите 3. и 4. важат како горна граница на вкупно привремено осигурително покритие.
6. Ако исплати надомест од осигурување по основ на привремено осигурително покритие , осигурителот има право да ја задржи првата годишна, односно еднократна премија на осигурување.
V. Премија
Член 6
1. Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата, додека осигурителот е должен да ја прими уплатата на премијатаод секое лице, кое има правен интерес за плаќање на премија.
2. Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на жиро сметката на осигурителот на сопствен трошок. Ако премијата се плаќа преку пошта, банка или друг давател на услуги за платен промет, обврската на договарачот на осигурувањето спрема осигурителот ќе се смета за исполнета на денот, на кој давателот на услуги за платен промет добил налог за плаќање од договарачот на осигурувањето и тој налог станал неотповиклив согласно законите со кои се регулира платниот промет.
3. Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата во договорените рокови и на договорениот начин.
4. По правило, премијата се плаќа однапред за секој период на осигурување. По исклучок може да се договори и плаќање на премијата на рати, при што осигурителот има право да пресметува и дополнителен трошок за премијата.
5. За делот од премијата наменет за покривање на ризикот од смрт, во случај на зголемен ризик по животот и здравјето на осигуреникот, осигурителот може да утврди и доплата кон премијата.
6. Премијата за првиот период на осигурување, односно првата рата од премијата се плаќа при склучувањето на договорот за осигурување, а во секој случај пред почетокот на осигурувањето.
Член 7
1. Ако договарачот на осигурувањето доцни со плаќањето на премијата, осигурителот има право да пресмета затезна камата.
2. Ако настапи околноста од претходниот став, по уплатата на премијата прво се подмирува затезната камата, а потоа и доспеаните неплатени премии, така што премијата со најдолг рок на доспевање се повлекува прва. Овој процес продолжува по опаѓачки редослед сè до премијата, чијшто рок на доспевање е најкраток (побарувања со најмала рочност, односно побарувања со најмал број на денови на доцнење).
3. Осигурителот има право да го одбие износот на доспеаната премија или на друго доспеано побарување врз основа на договорот за осигурување (на пример затезна камата) од износот, што тој треба да му го исплати на договарачот на осигурувањето, на корисникот на осигурувањето или на трето лице.
Член 8
1. Ако договарачот на осигурувањето по повик на осигурителот, кое мора да биде доставено со препорачано писмо, не го плати достасаниот износ во рок од 30 (триесет) дена по приемот на препорачаното писмо и ако тоа не го стори друго заинтересирано лице, тогаш осигурителот може:
1.1. ако е платена премија за помалку од 3 (три) години, осигурителот може да го извести договарачот на осигурувањето дека го раскинува договорот за осигурување. Во таков случај договарачот на осигурувањето нема право на поврат на уплатената премија;
1.2. ако од почетокот на осигурувањето поминале најмалку 3 (три) години и ако за тој период премијата е платена во целост, договарачот на осигурувањето може да го раскине договорот за осигурување при што осигурителот ќе му ја исплати откупната вредност на осигурителната полиса, намалена за надоместот за откуп по член 24 од овие Општи услови;
1.3. ако поминале најмалку 3 (три) години од почетокот на осигурувањето и ако премијата за овој период е платена во целост, осигурителот може да го извести договарачот на осигурувањето дека ќе го преиначи договорот за осигурување во осигурување ослободено од плаќање на премија (капитализација), со наплата на надомест за капитализација согласно член 23 од овие Општи услови.
2. Ако осигурениот случај настапил пред раскинување на договорот или капитализација, а по добивање на известувањето од осигурителот од претходниот став, се смета дека договорот е раскинат односно е капитализиран, во зависност од тоа дали е исполнет некој од условите од претходниот став.
VI. Вложување во инвестициски фондови
Член 9
1. Врз основа на премијата за вложување осигурителот стекнува удели во еден или повеќе инвестициски фондови. Купувањето удели се врши на ден на трансакција, соодветно на почетокот на осигурувањето и договорениот начин на плаќање на премија, без оглед дали премијата е платена предвреме или со доцнење. Договарачот на осигурувањето при склучување на договорот за осигурување избира од инвестициските фондови понудени од осигурителот и истите ќе бидат наведени во полисата за животно осигурување издадена при склучување на договорот за осигурување како и друштвото за управување на инвестициски фондови кое ќе управува со истите. Договарачот на осигурувањето го презема инвестицискиот ризик.
Стекнатите удели се евидентираат во инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето.
2. Од инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето осигурителот на месечна основа го одбива износот наменет за покривање на ризикот од смрт и административните трошоци.
3. Во случај на намалување на вредноста на уделите во инвестицискиот фонд, односно при капитализација на договорот за осигурување постои можност да се искористи салдото на инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето во целост пред истекот на осигурувањето. Во таков случај договорот се раскинува и осигурителното покритие завршува на денот, на кој целосно се исцрпува салдото од инвестициската сметка.
4. Ако избраниот инвестициски фонд престане со работа, ако се спои со друг инвестициски фонд или ако се престане со издавање на удели, осигурителот ќе побара од договарачот на осигурувањето по писмен пат во рок од 15 дена по приемот на писменото барање да избере друг инвестициски фонд во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на договорот за осигурување или да избере друг инвестициски фонд управуван од друго друштво за управување со инвестициски фондови. Сите трошоци поврзани со преминот во другиот избран инвестициски фонд се на товар на Осигурителот.
Ако договарачот на осигурувањето не избере нов инвестициски фонд во наведениот рок во, осигурителот ќе му понуди на Договарачот две опции :
- пропорционално да се распредели уделот од премијата, наменет за вложување во првично избраните инвестициски фондови, во останатите инвестициски фондови, кои договарачот на осигурувањето ги избрал при склучувањето на договорот за осигурување, така што висината на осигурителната премија ќе остане непроменета. Ако при склучувањето на договорот за осигурување договарачот на осигурувањето одбрал само еден инвестициски фонд, осигурителот ќе ја пренесе инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето во инвестициски фонд со поконзервативна инвестициона стратегија само во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на договорот за осигурување, или
- на договарачот/осигуреникот да му ја исплати вредноста на инвестициската сметка без наплата на било какви излезни трошоци и враќање на неискористениот дел на премијата за осигурување.
Договарачот на осигурувањето може по писмен пат, најдоцна во рок од 20 (дваесет) дена пред доспевањето на премијата, да побара од осигурителот промена на одбраниот инвестициски фонд, за да избере друг фонд само во рамки на фондовите со кои управува Друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на договорот за осигурување или да ја промени распределбата на вложувањето на премијата во одбраните инвестициски фондови во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на договорот за осигурување.
Договарачот на осигурувањето има право во една осигурителна година на една бесплатна промена. За секоја понатамошна промена во текот на осигурителната година договарачот на осигурувањето е должен на осигурителот да му плати надоместок за промената, чија висина е утврдена во ценовникот.”
Член 9а
Со цел обезбедување на заштедените средства во инвестицискиот фонд, Осигурителот врши автоматско управување со истекот на договорот, со што ризикот од инвестирање се намалува со намалување на капиталната квота на инвестицијата. Осигурителот започнува со управувањето со истекот на договорот во календарската година, која е 5 години пред календарската година на планираното завршување на договорот. Со почетокот на управувањето со истекот на договорот, Осигурителот на годишно ниво постепено ги префрла постојните средства од фондот во друг инвестициски фонд со помал ризик на инвестирање, одбран од Осигурителот, а во рамки на фондовите со кои управува друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на договорот за осигурување.. Осигурителот одлучува за точното време и обем на префрлувањето на постојните средства од фондот во друг инвестициски фонд. По почетокот на процесот на управување со истекот на договорот, сите понатамошни делови од премијата предвидени за инвестирање во инвестицискиот фонд ќе се влеваат исклучиво во инвестицискиот фонд, што го избрал Осигурителот за управувањето со истекот на договорот.
Договарачот на осигурувањето има право да се откаже од управувањето со истекот на договорот. Во случај на откажување од управувањето со истекот на договорот не настануваат промени во инвестицијата. Договарачот на осигурувањето е должен да го извести Осигурителот по писмен пат дека се откажува од управувањето најдоцна шест години пред договореното завршување на договорот. По истекот на горенаведениот рок, договарачот на осигурувањето нема право да го прекине управувањето со истекот.
За префрлувањата на средствата во друг фонд во рамките на управувањето со истекот не настануваат дополнителни трошоци.
VII. Обврски на договарачот на осигурувањето и на осигуреникот
Член 10
1. Договарачот на осигурувањето и осигуреникот се должни, при поднесувањето на барањето и во периодот од поднесувањето на барањето до склучувањето на договорот за осигурување, да го известат осигурителот точно и целосно за сите околности, кои се важни за проценување на ризикот и коишто им се познати или морало да им бидат познати. За значајни околности се сметаат особено околностите, кои осигурителот ги побарал изречно и во писмена форма.
2. Одредбите од овие Општи услови, кои се однесуваат на последиците од давање лажни информации или прикривање на околности, што се важни за проценка на ризикот, важат и за побарувања што настанале во име и за сметка на или во корист на трети лица или на сметка на трети лица или други засегнати лица, ако тие биле или требало да бидат свесни за давањето лажни податоци или прикривањето на околности, што се релевантни за оценувањето на ризикот или за давањето нецелосни податоци.
VIII. Последици од непријавување на околности што се важни за процена на ризикот
Член 11
1. Доколку договарачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава податоци или намерно премолчел околности од таква природа што осигурителот осигурителот не би го склучил договорот, ако би знаел за постоењето на таквата околност, осигурителот има право да бара поништување на договорот.
2. Во случај на поништување на договорот на договорот од причините наведени во претходниот став, осигурителот има право да ги задржи или наплати премиите за периодот до доставувањето на барањето за поништување на договорот. Но, ако до тој ден настане осигурен случај, тој е должен да обезбеди осигурување.
3. Правото на осигурителот да бара поништување на договорот за осигурување престанува да важи, ако тој во рок од 3 (три) месеци
откако ќе дознае за неточната пријава или премолчувањето на околности не го извести договарачот на осигурувањето дека ќе го искористи тоа право.
Член 12
1. Ако договарачот на осигурувањето направил неточна пријава или пропуштил да даде должна информација , но тоа не го сторил намерно, осигурителот може, по сопствено видување, во рок од еден месец откако ќе дознае дека податоците се неточни или нецелосни, да го раскине договорот, да предложи намалување на гарантиран износ во случај на смрт или зголемување на премијата за покривање на ризикот од смрт во сразмерност со зголемениот ризик.
2. Ако настапи случајот од претходниот став, договорот за осигурување престанува по истекот на 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурителот му ја соопштил изјавата за раскинување на договорот на договарачот на осигурувањето. Ако осигурителот предложи да се намали осигурениот износ во случај на смрт, односно да се зголеми уделот на премијата за ризик од смрт, договорот се раскинува по сила на закон, ако договарачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена по приемот на известувањето.
3. Во случај на раскинување на договорот за осигурување, осигурителот е должен да го надомести делот од премијата, кој треба да се плати за периодот до завршувањето на осигурувањето.
4. Ако настапи осигурен случај пред да се утврдат неточните или нецелосните податоци или потоа, но пред раскинувањето на договорот, односно пред да се договори намалување на осигурениот износ за случај на смрт или зголемување на уделот на премијата за покривање на ризик од смрт, ќе се намали обврската на осигурителот и тоа пропорционално на соодносот помеѓу стапката на премијата на платените премии и стапката на премијата, која требало да се плати согласно фактичкиот ризик.
Член 13
1. Ако при склучување на договорот за осигурување договарачот на осигурувањето неточно ја навел возраста на осигуреникот, при што возраста на осигуреникот ја надминува границата до која осигурителот би го склучил договорот за осигурување врз основа на важечкиот ценовник и условите за осигурување, договорот за осигурување ќе биде ништовен и осигурителот е должен да ги врати сите примени премии.
2. Ако осигуреникот е пријавен со помала возраст, но неговата возраст не ја надминува границата, до која осигурителот би го склучил предметниот договор за осигурување, односно ако осигуреникот не е толку стар, како што е наведено при склучувањето на договорот, договорот за осигурување ќе биде важечки, но уделот на премијата за покривање на ризикот од смрт ќе биде прилагоден на стварната возраст на осигуреникот.
Член 14
1. Доколку во моментот на склучување на договорот на осигурителот му биле познати или морало да му бидат познати за опасни околности, што договарачот на осигурувањето ги пријавил погрешно или ги премолчил, осигурителот не може да се повика на неточна пријава или на премолчување.
2. Истото важи и ако осигурителот добил сознание за овие околности за времетраењето на осигурувањето, но не ги искористил своите законски овластувања.
Член 15
Обврска за пријавување при промена на адреса
1. Договарачот на осигурувањето е должен веднаш да го извести осигурителот по писмен пат за секоја промена на адресата на живеење или на седиштето, односно на адреса за доставување известувања, која ја навел во барањето.
2. Ако договарачот на осигурувањето не го извести осигурителот за промената на адресата, осигурителот има право да доставува
известувања на последно познатата адреса на договарачот на осигурувањето. Во таков случај, сите известувања испратени од осигурителот до договарачот на осигурувањето ќе се сметаат за доставени по истекот на рокот од 8 (осум) дена, сметано од денот на испраќање на известувањето на последно познатата адреса на договарачот на осигурувањето со препорачано писмо.
IX. Зголемување на ризикот за времетраењето на договорот за осигурување
Член 16
1. Договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот е должен да го извести осигурителот за секоја промена на професијата на осигуреникот.
2. Ако промената на професијата на осигуреникот резултира со зголемување на ризикот, осигурителот може:
2.1. да му предложи на договарачот на осигурувањето зголемување на уделот на премијата за покривање на ризикот од смрт, доколку зголемувањето на ризикот е такво што осигурителот ќе го склучел договорот за осигурување само со поголема премија за покривање на ризикот од смрт, ако оваа околност настапела во моментот на склучување на договорот.
Ако договарачот на осигурувањето се согласи со зголемувањето на премијата за покривање на ризикот од смрт, промената ќе настапи со достасувањето на следната премија, односно на следната рата.
Ако договарачот на осигурувањето не се согласи со зголемувањето на премијата за покривање на ризикот од смрт во рок од 14 (четиринаесет) дена по приемот на известувањето за зголемување на премијата за покривање на ризикот од смрт, договорот за осигурување престанува да важи по сила на закон.
2.2. да го раскине договорот за осигурување, ако зголемувањето на ризикот е толкаво, што осигурителот не би го склучил договорот за осигурување ако таквата околност постоела во моментот на склучување на договорот.
3. Договорот за осигурување останува во сила и осигурителот повеќе нема право на договарачот на осигурувањето да му предложи зголемување на премијата за покривање на ризикот од смрт или да го раскине договорот, ако тој не ги искористил своите законски права во рок од еден месец, сметано од денот на добивање на сознанието за зголемување на ризикот или ако пред истекот на овој рок јасно изјавил дека се согласува со продолжување на договорот (ако ја прифатил премијата, исплатил надомест за осигурен случај што настапил пред ова зголемување на ризикот итн.).
X. Обврски на осигурителот
Член 17
1. Ако настапи осигурен случај, осигурителот е должен да изврши исплата во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметано од денот кога осигурителот добил известување дека се случил осигурениот случај.
2. Меѓутоа ако за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењетo на неговата обврска и нејзиниот износ, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ.
3. За осигурителните покритија каде што осигурениот износ зависи од вредноста на инвестициската сметка, вреднувањето на инвестициската сметка ќе се врши на последниот датум на тргување во месецот кога штетата ќе биде комплетирана, а исплатата на осигурениот износ ќе се врши во рок од 14 дена откако пресметката ќе биде завршена.
Член 18
Надомест од осигурување
1. Во случај на доживување, осигурителот е должен на корисникот да му ја исплати паричната вредност од инвестициската сметка.
2. Без оглед на претходниот став, во случај на доживување корисникот може да побара од осигурителот исплата на надоместокот од осигурувањето преку пренос на уделите во инвестицискиот фонд, кои се наоѓаат на инвестициската сметка на договарачот на осигуреникот, но само под услов да се исполнети сите подолу наведени предуслови:
2.1. ако корисникот побара од осигурителот во писмена форма исплата на надоместокот најмалку 60 (шеесет) дена пред истекот на договорот за осигурување преку пренос на уделите во инвестицискиот фонд,
2.2. ако салдото на инвестициската сметка изнесува над 500,00 евра,
2.3. ако е можен преносот на уделите во инвестицискиот фонд, и
2.4. ако корисникот не е малолетен.
Преносот на уделите во инвестицискиот фонд на корисникот се врши на негов трошок.
3. Во случај на смрт на осигуреникот, осигурителот е должен на корисникот да му го исплати осигурениот износ дефиниран во случај на смрт.
Ако вредноста на инвестициската сметка на договарачот на осигурувањето ја надминува вредноста на осигурениот износ во случај на смрт, тогаш осигурителот ќе му ја плати на корисникот вредноста на инвестициската сметка, плус доплатата за случај на смрт наведена во понудата.
4. Преносот на салдото на корисникот се врши на негов трошок.
Член 19
Парична вредност на инвестициската сметка
1. Паричната вредност на инвестициската сметка претставува производ на бројот на удели во инвестициската сметка и вредноста на уделите.
2. Ако договорот за осигурување престане да важи поради истекување или раскинување, паричната вредност на инвестициската сметка се утврдува на последниот ден во месецот, кој претходи на истекот или на раскинувањето на договорот за осигурување.
3. Ако договорот за осигурување заврши поради смрт на осигуреникот, паричната вредност на инвестициската сметка се утврдува на денот на смртта на осигуреникот.
4. Промените на цените на уделите во инвестицискиот фонд, кои ја сочинуваат инвестициската сметка, се вршат до исплатата во корист, односно на сметка на корисникот.
XI. Исклучоци и ограничувања на обврските на осигурителот Член 20
1. Во случај на самоубиство на осигуреникот во рок од 3 (три) години од датумот на склучување на договорот за осигурување, осигурителот ќе му ја исплати на корисникот само паричната вредност на инвестициската сметка.
2. Во случај на самоубиство на осигуреникот по истекот на 3 (три) години од склучувањето на договорот за осигурување, осигурителот му го исплаќа на корисникот надоместокот од осигурување за случај на смрт согласно член 18 став 3 од овие Општи услови.
Член 21
Осигурителот ќе биде целосно ослободен од обврската за исплата на надоместокот од осигурување на корисникот, ако корисникот намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот. Но, ако дотогаш биле платени најмалку 3 (три) годишни премии, осигурителот ќе му ја исплати паричната вредност на инвестициската сметка на договарачот на
осигурувањето. Ако договарачот на осигурувањето е истовремено и осигуреникот, тогаш паричната вредност на инвестициската сметка ќе биде исплатена на неговите наследници.
Член 22
1. Ако не е поинаку договорено, осигурителот на корисникот ќе му ја исплати само паричната вредност на инвестициската сметка, ако смртта на осигуреникот настапила во следните околности:
1.1. при вршење на дејноста специјален пилот (на пример, пилот на змеј, пилот на летачки балон, параглајдерист, падобранец), пилот на хеликоптер или воен пилот;
1.2. при занимање со опасни спортови (на пример, екстремен алпинизам, нуркање на големи длабочини, скокање со падобран и слично);
1.3. поради учество на трки со моторни возила, авиони или бродови или еквивалентни обуки;
1.4. како резултат на епидемија , освен епидемија од вирус КОВИД -19
;
Епидемија претставува масовно настанување на болест кај одредена популација. Епидемија во секој случај се смета заболување, кое е класифицирано како пандемија од страна на Светската здравствена организација (СЗО).
1.5. како резултат на инфекција со ХИВ (хуман имунодефициентен вирус);
Ако инфицирањето со ХИВ е предизвикано преку медицинска постапка на лекување, тогаш не важи ова ограничување на обврската на осигурителот.
1.6. во војна или слични настани;
1.7. како последица на немири, револуции, бунт или востание, кои произлегуваат од настаните од точка 1.6.;
1.8. како резултат на детонација на експлозиви, мини, торпеда, бомби или пиротехнички материјали во околностите од точка 1.6 или 1.7, како и во мирно време при невнимателно ракување со овие средства;
1.9. поради вршење на професиите пиротехничар, отстранувач на мини, гранати и други експлозиви;
1.10. како резултат на учество во научни или други експедиции;
1.11. како резултат на нуклеарна, биолошка, хемиска или терористичка катастрофа, во која е вклучена или од која е засегната Република Македонија;
1.12. поради земјотрес;
1.13. поради извршени или предизвикани кривични дела од страна на договарачот на осигурувањето, осигуреникот или корисникот.
XII. Права на договарачот на осигурувањето пред настапување на осигурен случај
Член 23
Капитализација
1. Договарачот на осигурувањето може по писмен пат да побара измена на договорот за осигурување во осигурување ослободено од плаќање премија (капитализација), ако од почетокот на осигурувањето се поминати најмалку 3 (три) години и за овој период премијата е целосно платена и под услов паричната вредност на инвестициската сметка да изнесува најмалку 500,00 евра.
2. Во случај на капитализација се наплатува еднократен надомест за капитализација во висина од 15% од висината на премијата, но не помалку од 30 Евра во денарска противвредност.
3. Во случај на капитализација, договорениот осигурен износ за случај на смрт се намалува на најнискиот предвиден осигурен износ за случај на
смрт согласно ценовникот, освен ако договарачот на осигурувањето и осигурителот се договориле поинаку.
4. За време на капитализацијата, осигурителот на месечна основа ќе ја намалува инвестициската сметка на договарачот на осигурување, за износот на административните трошоци и дополнително за износот наменет за покритие за ризик за смрт во случај кога гарантираниот износ за случај на смрт е намален. по претходната ставка.
5. Во моментот на капитализација на договорот за осигурување, покрај животното осигурување, сите други осигурувања поврзани со инвестициски фонд, вклучително и индексирањето, ќе бидат прекинати.
6. Времето на капитализација на договорот за осигурување се засметува во договореното времетраење на осигурувањето, односно времетраењето на договорот за осигурување не се продолжува
Член 24
Откуп
1. По барање на договарачот на осигурувањето, осигурителот е должен да му ја исплати откупната вредност на осигурителната полиса, ако од почетокот на осигурувањето поминале најмалку 3 (три) години и ако за тој период премијата е платена во целост.
2. Договарачот на осигурувањето може да достави писмено барање за откуп на последниот ден од месецот, до кој е платена осигурителната премија.
3. Договарачот на осигурувањето со договор за осигурување без плаќање премија може да поднесе писмено барање за откуп на полисата на последниот ден во месецот, во кој е поднесено барањето за откуп.
4. Откупната вредност на осигурителната полиса не соодветствува со износот на платените премии, туку зависи од паричната вредност на инвестициската сметка.
Откупната вредност соодветствува со паричната вредност на инвестициската сметка во моментот на откуп, намалена за надоместокот за откуп. Одбитокот за откуп изнесува 3% од паричната вредност на инвестициската сметка.
За последните 3 (три) години од договорот за осигурување осигурителот нема да го наплати надоместокот за откуп. Откупната вредност ќе соодветствува со паричната вредност на инвестициската сметка.
5. Откупната вредност се исплаќа во готово.
6. Договорот за осигурување и сите договорени дополнителни осигурувања завршуваат во 24:00 часот на денот, на кој е пресметана откупната вредност.
7. Право на откуп на полисата немаат ниту доверителите на договарачот на осигурувањето, ниту пак корисникот. Но, откупната вредност ќе му биде исплатена на корисникот по негово барање, ако утврдувањето на корисникот е неотповикливо. По исклучок на претходното, доверителот, кому осигурителната полиса му е дадена во залог, може да бара откуп на полисата, ако побарувањето за чие обезбедување е заложена полисата, не се подмири во целост при доспевањето.
XIII. Пријавување на осигурен случај
Член 25
1. Лицата кои имаат право на надомест од осигурувањето се должни при настапување на осигурен случај да достават писмено известување до осигурителот, користејќи го образецот на осигурителот, и да ги приложат следните документи:
1.1. xxxxxx од изводот од матична книга на родените за осигуреникот и
1.2. копија од официјален документ за идентификација со фотографија (лична карта, пасош).
2. Доколку настапи смрт на осигуреникот, заедно со пријавата треба да се достават и следните документи:
2.1. xxxxxx од изводот од матичната книга на умрените за осигуреникот,
2.2. целата медицинска документација за главната болест, која ја предизвикала смртта и копија од медицинското досие на осигуреникот. Ако осигуреникот не бил на лекување, потврда од лекарот, кој ја утврдил смртта на осигуреникот;
2.3. целата медицинска и останата документација за настапувањето на осигурениот случај, извештајот од обдукцијата и полицискиот записник, ако смртта настапила како резултат на несреќа, односно сообраќајна несреќа и потврда од лекар или официјална посмртница.
3. Осигурителот има право да бара и други докази, кои се неопходни за утврдување на правото на исплата.
4. Трошоците за обезбедување на документацијата од овој член ги сноси подносителот на пријавата на осигурениот случај.
XIV. Корисник на осигурувањето
Член 26
1. Договарачот на осигурувањето може во договорот за осигурување или со друг подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице, кое има право да располага со сите права што произлегуваат од договорот за осигурување.
2. Ако договарачот на осигурувањето и осигуреникот не се исто лице, за определување на корисник потребна е и писмена согласност од осигуреникот.
3. Корисникот на осигурувањето не мора да биде определен со неговото име и презиме. Доволно е во актот да бидат наведени неопходните податоци за неговото одредување.
4. Ако за корисник се именувани деца или потомци, користа од осигурувањето им припаѓа и на оние, кои се родени подоцна по склучувањето на договорот. Користа наменета за сопружникот му припаѓа на лицето, кое било во брак со осигуреникот во моментот кога настапила смртта.
5. Ако за корисник се именувани деца, потомци или општо наследници, а договарачот на осигурувањето не определил како да се изврши распределбата меѓу нив, распределбата ќе се изврши пропорционално на нивните наследнички делови. Ако корисниците не се наследници, осигурениот износ ќе биде распределен на еднакви делови.
6. До настапувањето на осигурен случај, односно до истекот на осигурувањето договарачот на осигурувањето може да отповика определен корисник и да именува нов и тоа сè додека корисникот не изјави на кој било начин дека го прифаќа осигурениот износ.
7. Надоместот од осигурување, што треба да му се исплати на корисникот на осигурувањето, не спаѓа во оставината на договарачот на осигурувањето, дури и кога за корисници се определени неговите наследници.
8. Право на осигурителен надомест има само корисникот на осигурувањето и тоа од моментот на склучување на договорот за осигурување и без оглед на тоа како и кога е определен за корисник.
9. Ако корисникот на осигурувањето е малолетно лице, осигурителот ќе го исплати осигурениот износ исклучиво на жиро сметката на малолетниот корисник.
10. Доверителите на договарачот на осигурувањето и на осигуреникот немаат право на осигурениот износ, договорен за корисникот на осигурувањето. По исклучок, ако премиите уплатени од договарачот на осигурувањето во моментот на плаќање биле несразмерно големи во однос на неговите можности, неговите доверители може да бараат да им биде исплатен делот од премијата, кој ги надминува неговите можности, ако се исполнети предусловите, според кои доверителите имаат право на оспорување на правните работи на должникот.
XV. Заложување на осигурителната полиса
Член 27
XIX. Решавање на спорови
Член 31
1. Осигурителната полиса може да се заложи.
2. Заложувањето на осигурителната полиса е важечко наспрема осигурителот, само ако осигурителот бил известен во писмена форма дека полисата е дадена под залог во корист на одреден доверител.
XVI. Валутна клаузула
Член 28
1. Сите плаќања на премиите и надоместоците согласно договорот за осигурување, кои се деноминирани во странска валута, се вршат во валутата на Република Македонија според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на датумот на доспевање.
2. Осигурителот има право да ја побарува од договарачот на осигурувањето разликата помеѓу еквивалентната вредност на странската валута според средниот курс на Народната банка на Република Македонија на датумот на доспевање и според средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на плаќање.
XVII. Индексација
Член 29
1. Индексација претставува прилагодување на збирот на премиите, односно на премијата согласно индексот договорен во осигурителната полиса, при што се зема во предвид должината на преостанатиот период на траење на договорот во осигурување.
2. Договарачот на осигурувањето може да ја договори индексацијата при склучувањето на договорот за осигурување или во текот на траењето на договорот за осигурување, кое ќе стапи на сила на почетокот на следната година на осигурување.
3. На зголемената премија со индексирањето, се пресметуваат сите дотогаш применувани попусти и доплати.
4. Индексацијата се укинува:
4.1. на барање на договарачот на осигурувањето;
Договарачот на осигурувањето може да побара укинување на индексирањето, при што тоа ќе стапи на сила од следната година на осигурување.
4.2. ако договорот за осигурување се трансформира во осигурување ослободено од плаќање на премија (капитализација).
5. Индексацијата нема да се врши во последните 5 (пет) години од времетраењето на договорот за осигурување, освен ако е поинаку договорено.
XVIII. Застарување
Член 30
1. Побарувањата на договарачот на осигурувањето, односно на трето лице врз основа на договорот за осигурување застаруваат во период од 5 (пет) години, сметано од првиот ден по истекот на календарската година, во која настанало побарувањето.
2. Ако заинтересираното лице докаже, дека до денот утврден во претходниот став не знаело дека настанал осигурениот случај, периодот на застарување се пресметува од денот на дознавање, при што побарувањето во секој случај застарува за 10 (десет) години, сметано од рокот утврден во претходниот став.
3. Побарувањата на осигурителот, што произлегуваат од договорот за осигурување, застаруваат за 3 (три) години.
1. Договорните страни ќе се обидат, во прва линија, да ги решат спогодбено сите спорови, кои ќе произлезат од или во врска со договорот за осигурување и неговите подоцнежни измени и дополнувања, вклучувајќи ги и споровите поврзани со неговото извршување, повреда, престанок или толкување, согласно правилата на осигурителот за внатрешната постапка во случај на приговори.
2. Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето може да поднесе писмен приговор до осигурителот, по пошта, факс или електронска пошта или непосредно кај вработениот на осигурителот во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметано од денот на кој е примена одлуката, против која се изјавува приговорот, односно од денот на кој се стекнува сознанието за причината за приговорот.
3. Приговорот мора да ги содржи следните податоци:
3.1. име и презиме, адреса на подносителот на приговорот, кој е физичко лице или на неговиот законски застапник;
3.2. фирма, седиште, име и презиме на лицето овластено за застапување на подносителот на приговорот, кој е правно лице;
3.3. број на понудата или на осигурителната полиса, ако приговорот е поврзан со одредена понуда или осигурителна полиса;
3.4. телефонски број и/или електронска адреса на подносителот на приговорот (задолжителни податоци);
3.5. причина за приговорот;
3.6. побарувањата на подносителот на приговорот, односно предлози за отстранување на причините за приговорот;
3.7. докази, со кои се потврдуваат наводите во приговорот (доколку има). Онаму каде што е применливо, документи, кои не биле земени предвид во постапката на донесување на одлуката против која се изјавува приговорот, како и предлози за прибирање докази;
3.8. датум на приговорот и потпис на подносителот на приговорот, односно на лицето, кое го застапува и полномошно, ако приговорот го поднесува лице овластено за застапување.
4. Осигурителот е должен да даде писмен одговор во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на прием на приговорот .
Наведениот рок може да се продолжи од оправдани причини но не подолго од 30 дена од денот на прием на приговорот.
5. Ако подносителот на приговорот не е задоволен со одлуката на осигурителот, договорните страни може да ја продолжат постапката пред Агенцијата за супервизија на осигурување .
6. Ако договорните страни не успеат да го решат спорот на начинот опишан во овој член, за решавање на сите спорови се договара територијална надлежност на стварно надлежниот суд во Скопје.
XX. Заштита на лични податоци
Член 32
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување, ќе бидат користени и
бработувани согласно Законот за заштита на лични податоци и согласно интерните акти за заштита на личните податоци на Друштвото.
Член 33
XXI. Заштита на потрошувачи
Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел вонсудско решавање на настанатиот спор до:
Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување; Организација за заштита на потрошувачи, и
Агенција за супервизија на осигурување
Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 34
XXII. Доверливост нa информациите
Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките
Член 35
XXIII. Надзор над друштвото за осигурување
Надзорно тело надлежно за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
Член 36
XXIV. Изјава за информираност
Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на понудата изречно потврдуваат дека при склучувањето на договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/осигуреникот со потписот на понудата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на претставка
XXV. Завршни одредби
Член 37
Односите помеѓу осигурителот, договарачот на осигурувањето, осигуреникот, корисникот на осигурувањето и други засегнати лица, кои не се опфатени со овие Општи услови, се регулираат со одредбите на Законот за облигациони односи.
Во употреба од: 2022