Contract
0518
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА КОРИСНИК НА КРЕДИТ
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Овие Посебни услови за осигурување на живот во случај на смрт на корисникот на кредит (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел од договорот за осигурување на живот само во случај на смрт на корисникот на кредит кој Договорувачот го склучува со KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на Живот(во понатамошниот текст: осигурувач).
(2) Посебни поими кои се користат во овие Услови го имаат следното значење:
- Осигурувач е Кроациа Осигурување АД – Друштво за животно осигурување
- Договорувач е лице кое склучува договор со осигурувачот за осигурување на живот во сличај на смрт на осигуреникот и кое се обврзува да врши уплата на премија,
- Осигуреник е лицето во случај на чија смрт се склучува осигурувањето, а која во свое име и за своја сметка склучува со банката договор за кредит,
- Корисник на осигурувањето е банката која на осигуреникот му одобрила кредит и тоа до преостанатиот износ на основниот долг и соодветните камати, а над тој износ до висината на осигурената сума корисник на осигурувањето е лицето одредено за корисник;
- Полиса е исправа за склучено осигурување,
- Осигурена сума е најголемиот износ со кој осигурувачот е обврзан кога ќе настане смрт на осигуреникот во текот на траењето на осигурувањето.
(3) Со договорот за осигурување на живот склучен по овие Услови договорувачот се обврзува на осигурувачот да му ја уплати премијата за осигурувањето во договорените рокови, а осигурувачот се обврзува, со настанувањето на осигурениот случај, да му ја исплати на корисникот осигурената сума, односно нејзиниот дел.
(4) Со договорот за осигурување се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорувачот, осигуреникот, корисникот и осигурувачот. Составен дел на договорот за осигурување се понудата, полисата, овие Услови како и сите пишани додатоци на полисата.
(5) Сите понуди, изјави, барања и измени од било која договорена страна мора да биде во писмена форма.
(6)
ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 2.
(1) Ова осигурување се склучува на одредено траење, со тоа што не може да биде склучено на времетраење пократко од една година.
(2) По правило осигурувањето се склучува за целовреметраење на кредитот.
(3) Осигурувањето почнува првиот ден од месецот во кој е одобрен кредитот, и тоа во 00.00 часот, а тој на полисата е наведен како ден на почеток на осигурувањето.
(4) До денот кој на полисата е наведен како почеток на осигурувањето мора да биде платена првата премија.
Член 3.
(1) Осигурувањето престанува во 00.00 часот оној ден кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
(2) Осигурувањето престанува да важи, без разлика на тоа на колку е договорено осигурувањето, оној ден кога:
- ќе настапи смрт на осигуреникот,
- истече календарската година во која осигуреникот навршил 75 годишна возраст,
- не е платена премијата согласно роковите на овие Услови,
- една од договорените страни го раскине договорот согласно овие Услови.
(3) Осигурувањето важи и понатаму, по отплата на кредитот во банка, ако осигуреникот продолжи уредно да ја плаќа премијата.
(4) Во случај на предвремена отплата на кредитот и престанок на уплатите на премија за осигурување пред истек на рокот наведен во Договорот за осигурување како ден на истек на осигурувањето, во случај на спор во врска со постоењето на осигурителна обврска за ден на раскин на договор се смета денот кога е отплатен вкупниот долг кон банката – кредиторот.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4.
(1) Со договорот за осигурување на живот во случај на смрт на корисник на кредит, осигурувачот има обврска да исплати осигурена сума односно нејзин дел:
1. Доколку осигурувањето е склучено без лекарски преглед се исплаќа 50% од осигурената сума во случај на смрт на осигуреникот во првите шест месеци од траењето на осигурувањето;
2. Доколку осигурувањето е склучено со лекарски преглед осигурувачот има обврска да ја исплати целата осигурена сума без разлика колку траело осигурувањето;
(2) Осигурувачот исплаќа цела осигурена сума и при осигурување без лекарски преглед кога смртта на осигуреникот настапила во текот на првите шест месеци од осигурувањето како последица на несреќен случај согласно важечките Општи услови за осигурување од последици на несреќен случај.
(3) Осигурувачот ја исплаќа осигурената сума на корисникот банка – кредиторот на начин одреден на полисата за осигурување, а согласно член 1 став (2) од овие Услови.
(4) Согласно овие услови, осигурувачот нема други обврски за исплата на договорувачот, осигуреникот или корисникот.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 5.
(1) Осигурувачот не исплаќа на осигуреникот осигурена сума туку само до тогаш пресметаната математичка резерва доколку смртта настапила како резултат на војна или воени случувања.
(2) Доколку корисникот намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот, осигурувачот нема обврска за исплата кон корисникот, но ја исплаќа осигурената сума односно нејзиниот дел кон банката – кредиторот и тоа во висина на вкупниот долг.
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ И ОСИГУРЕНИКОТ
Член 6.
(1) Договорувачот односно осигуреникот се обврзани со склучување на договорот за
осигурување да ги пријават сите околности кои се од значење за процена на ризикот.
Под околностите значајни за проценка на ризикот се сметаат воглавно оние за кој осигурувачот поставува прашања во понудата за осигурување.
(2) Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот Сите потребни податоци кои се однесуваат на него.
(3) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за сите промени кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето го промени занимањето или започне да се занимава со некои од спортовите односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(4) Ако договорувачот на осигурувањето не го извести во писмена форма осигурувачот за промена на адресата и местото на плаќање на премијата, најдоцна 3 (три) дена по
извршената промена,осигурувачот го задржува правото известувањата да ги испраќа на последната позната адреса дадена од договорувачот.
(5) Ако договорувачот не постапи според одредбата на став (2) од овој член, сите последици од известувањата испратени на последната изјавена адреса на договорувачот влегуваат во сила како договорувачот да ги примил.
НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 7.
(1) Ако договорувачот намерно извршил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор да знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот.
(2) Во случај на поништување на договорот врз основа на став (1) од овој член, осигурувачот ја задржува наплатената премија и има право да бара премија за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот, а не е должен да ја исплати настанатата обврска.
(3) Правото на осигурувачот утврдено во став (1) од овој член престанува ако во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот дека има намера да се користи со тоа право.
Член 8.
(1) Ако договорувачот доставил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или пропуштил да ги даде бараните известувања, а тоа не го извршил намерно, осигурувачот може за време на траењето на осигурувањето, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или непотполноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата во размер со зголемениот ризик.
(2) Доколку договорот се раскинува врз основа на изјава на осигурувачот, осигурувањето престанува по истекот на 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурувачот му ја соопштил на договорувачот својата изјава за раскинување на договорот, а во случај ако постои предлог на осигурувачот за зголемување на премијата, раскинот настапува по самиот Закон, ако договорувачот не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на приемот на предлогот.
(3) Во случај на раскин на договорот врз основа на одредбите на овој член, осигурувачот е должен да врати дел од премијата кој се однесува на времето до крајот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настане пред утврдувањето на неточноста или непотполноста на пријавата или после тоа, но пред раскинот на договорот, односно постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, осигурената сума се намалува во размер помеѓу платената премија и премијата која требало да се плати.
Член 9.
(1) Договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен да
ја врати примената премија ако за време на склучувањето на договорот се неточно пријавени годините на старост на осигуреникот, а неговите вистински години на старост ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот.
(2) Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговите вистински
години на живот не ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот, договорот е важечки, а осигурената сума се намалува во размер помеѓу договорената премија и премијата предвидена за осигурување на живот на лице кое има години колку и осигуреникот.
(3)Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучување на договорот,
премијата се намалува на соодветниот износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата помеѓу примените премиии и премиите на кои има право.
(4) Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето имало под 18 години живот, договорот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија.
ДОГОВОРУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНАТА СУМА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 10.
(1) Висината на осигурената сума и премија спогодбено ја утврдуваат договорувачот и осигурувачот зависно од висината на кредитот кој банката – кредиторот го одобрува на осигуреникот. Осигурената сума и премијата се договараат во евра врз основа на податоците на понудата, пристапната старост, траење на осигурувањето и начинот на плаќање.
(2) По правило осигурената сума се договата во висина на износот на кредитот и каматата, одобрени од банката – кредиторот.
Договорената премија се плаќа во денари по однапред договорени рокови, согласно среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на плаќање, односно во рок од 8 дена од денот на повик за уплата на премија.
Осигурената сума се исплаќа во денари согласно средниот курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на исплата.
Член 11.
(1) Премијата се плаќа однапред во договорени рокови.
(2) Се смета дека премијата е платена на осигурителот оној ден кој е наведен на потврдата за плаќање.
(3) Доколку доспеаната премија не е платена за 6 (шест) последователни месеци се смета дека договорувачот на осигурувањето се откажал од договорот за осигурување.
Во тој случај осигурувачот ја известува банката – кредиторот за откажувањето на Договорувачот ипрекинот на неговите обврски за исплата на осигурена сума.
Доколку смртниот случај се случи во рамки на рокот од 6 (шест) месеци за кои е уплатена последна премија, осигурувачот е обврзан да исплати осигурена сума согласно овие услови, со тоа што дотогаш доспеаната премија мора да биде наплатена.
(4) Кога е договорено годишно плаќање на премијата, премијата мора да биде платена за цела осигурителна година во која настапила смрт на осигуреникот, а при месечно плаќање на премијата мора да биде платена заклучно месецот во кој настапила смртта на осигуреникот.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 12.
Сите права кои произлегуваат од овој договор за осигурување на живот припаѓаат на договоруваачот се додека не настапи осигурен случај.
Член 13.
(1) Кога ќе се случи осигурен случај корисникот / банката / кредиторот до осигурувачот поднесува писмено барање во рок од 7 дена со кое ја приложува и полисата за осигурување.
(2) Со барањето задолжително се приложува и извод од матична книга на умрени и доказ за причината на смртта.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА
Член 14.
(1) Осигурувачот е должен да исплати осигурена сума во согласност со договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена пресметувајќи од денот кога го примил барањето за исплата и целата потребна документација за настанатиот осигурен случај од член 11 на овие Услови.
(2) ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
(3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
(4) Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при секоја исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
(5) Право на исплата на осигурена сума согласно овие Услови има само корисникот наведен на полисата и тоа од самото склучување на договорот за осигурување.
ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА
Член 15
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службен весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележена некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен Весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
НАДОМЕСТОЦИ
Член 16.
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот во висина која тој ја одредува.
(2) Договорувачот е должен, со договорената премија, да ги плати и сите придонеси и даноци воведени со прописите.
ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ
Член 17.
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 18.
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 19
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
ЗАСТАРЕНОСТ
Член 20
(1) Рокот за застареност за поднесување на барање по договор за осигурување изнесува 5 години.
(2) Застарувањето се смета дека настапило по истекот на годината во која било можно да се бара надоместокот.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 21
За регулирање на сите односи, права и обврски помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договорувачот, корисникот и другите лица на кои се однесува, а не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат одредбите на Општите услови за осигурување на живот на осигурувачот и одредбите на Законот за облигационите односи.