Contract
З А К О Н
ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на Законот Член 1
(1) Со овој закон се уредуваат работните односи меѓу работ- ниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување.
(2) Работниот однос се уредува со овој и со друг закон, колекти- вен договор и договорот за вработување.
Цел на Законот Член 2
Цел на законот е вклучување на работници во работниот про- цес, како и обезбедување на усогласено одвивање на тој про- цес, при што се почитува правото на работниците на слобода на трудот, достоинство и заштита на интересите на работниците во работниот однос.
Уредување на работните односи Член 3
(1) Овој закон ги уредува и работните односи на работниците вработени во органите на државната власт, органите на едини- ците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријати- ја, заводите, фондовите, организациите и други правни и физич- ки лица кои вработуваат работници, доколку со друг закон пои- наку не е определено.
(2) Работниот однос може да престане само на начин и под ус- лови утврдени со закон и колективен договор.
(3) Во работниот однос секоја од страните е должна да ги ис- полнува пропишаните и договорените права, обврски и одговор- ности.
Примена на Законот Член 4
(1) Овој закон се применува врз работните односи меѓу рабо- тодавачите кои имаат седиште или престојувалиште во Репуб-
(2) Овој закон се применува, исто така, за работните односи ме- ѓу странските работодавачи и кај нив вработените работници, кои- што се воспоставуваат врз основа на договорот за вработување за- ради вршење на работа на територијата на Република Македонија.
(3) За работниците кои странскиот работодавач ќе ги упати на привремена работа во Република Македонија врз основа на до- говор за вработување според странското право, се применуваат одредбите на овој закон, кои го уредуваат работното време, дневниот и годишните одмори, ноќната работа, минималниот го- дишен одмор, минималната плата, заштитата при работа и по- себната заштита на работниците.
Дефиниции Член 5
(1) Одделни изрази употребени во овој закон го имаат след- ново значење:
1. "Работниот однос" е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во ор- ганизираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот;
2. "Работник" е секое физичко лице кое е во работен однос врз основа на склучен договор за вработување;
3. "Работодавач" е правно и физичко лице, како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на локалната самоу- права, подружница на странско друштво, дипломатско и конзу- ларно претставништво), кои вработуваат работници врз основа на договор за вработување и
4. "Помал работодавач" е работодавач кој вработува до 50
работници.
(2) Во овој закон употребените изрази работник и работода- вач во машки род имаат неутрално значење и се однесуваат и за жени и за мажи.
Забрана на дискриминацијата Член 6
(1) Работодавачот не смее барателот на вработување (во натамошниот текст: кандидат за вработување) или работни- кот, да го става во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното по- текло, статус на семејството, имотната состојба, половата на- соченост или заради други лични околности.
(2) На жените и на мажите мораат да им бидат обезбедени една- кви можности и еднаков третман при вработувањето, напредувањето во работата, оспособувањето, образованието, преквалификацијата, платите, наградувањето, отсуството од работа, условите за работа, работното време и откажувањето на договорот за вработување.
Директна и индиректна дискриминација Член 7
(1) Забраната на директна или индиректна дискриминација во случаите од членот 6 на овој закон се однесува на дискримина- ција на кандидатот за вработување и на работникот.
(2) Директна дискриминација, во смисла на ставот (1) од овој член, е секое постапување условувано со некои од основите од членот 6 на овој закон со кое лицето било ставено, се става, или би можело да биде ставено во понеповолна положба од други лица во споредбени случаи.
(3) Индиректна дискриминација, во смисла на овој закон, по- стои кога определена навидум неутрална одредба, критериум или пракса, го става или би го ставила во понеповолна положба во однос на другите лица, кандидатот за вработување или ра- ботникот поради определено својство, статус, определување или уверување од членот 6 на овој закон.
(4) Дискриминацијата, во смисла на членот 6 од овој закон, е забранета во однос на :
1) условите за вработување, вклучувајќи ги и критериу- мите и условите за избор на кандидати за вршење на определе- на работа, во која било гранка на дејности и на сите нивоа на професионална хиерархија;
2) напредувањето во работата;
3) пристапот до сите видови и степени на стручно оспо- собување, преквалификација и доквалификација;
4) условите за работење и работа и сите права од ра- ботен однос и во врска со работниот однос, вклучувајќи и една- квост на плати;
5) откажувањето на договорот за работа x
6) правата на членовите и дејствувањето во здруженијата на работниците и работодавачите или во која било друга професио- нална организација, вклучувајќи ги и повластиците кои произлегува- ат од тоа членство.
(5) Одредбите на колективните договори и договорите за вра- ботување со кои се утврдува дискриминација на некој од основи- те од членот 6 на овој закон се ништовни.
Исклучоци од забрана на дискриминација Член 8
(1) Не се смета за дискриминација правење разлика, исклучува- ње или давање предимство во однос на определена работа, кога природата на работата е таква или работата се врши во такви усло- ви што карактеристиките поврзани со некои од случаите од членот 6 на овој закон претставуваат вистински и одлучувачки услов за врше- ње на работата, под услов целта што со тоа се сака да се постигне да е оправдана и условот да е одмерен.
(2) Сите мерки предвидени со овој закон или друг закон и одредбите на овој или на другите закони, колективните договори и договорите за работа кои се однесуваат на посебната заштита и помош на определена категорија на работници, а посебно на оние за заштита на инвалидите, постарите работници, бремени- те жени и жените кои користат некое од правата од заштита на мајчинството, како и одредбите кои се однесуваат на посебните права на родителите, посвоителите и штитениците не се смета- ат за дискриминација ниту смеат да бидат основа за дискрими- нација.
Вознемирување и полово вознемирување Член 9
(1) Забрането е вознемирување и полово вознемирување.
(2) Вознемирувањето и половото вознемирување претставу- ва дискриминација во смисла на членот 6 од овој закон.
(3) Вознемирување, во смисла на овој закон, е секое несака- но однесување предизвикано од некој од случаите од членот 6 на овој закон кое има за цел или претставува повреда на досто- инството на кандидатот за вработување или на работникот, а
кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување.
(4) Полово вознемирување, во смисла на овој закон, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов кара- ктер кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предиз- викува страв или создава непријателско, понижувачко или на- вредливо однесување.
Надомест на штета за дискриминација Член 10
Во случаите на дискриминација од членот 6 на овој закон кан- дидатот за вработување или работникот има право да бара на- домест на штета во висина од пет месечни просечни плати во Република Македонија.
Товар на докажување во случај на спор Член 11
Ако кандидатот за вработување, односно работникот, во случај на спор изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на членовите 6 и 9 од овој закон, на работодавачот е товарот на до- кажувањето дека немало каква било дискриминација, односно де- ка постапил во согласност со членовите 6 и 9 на овој закон, освен ако докаже дека различниот третман е направен поради исклучо- ците од членот 8 на овој закон.
Ограничување на автономијата на договорните страни
Член 12
(1) При склучувањето и престанувањето на договорот за вра- ботување и во времетраењето на работниот однос работодава- чот и работникот се должни да ги почитуваат одредбите на овој и други закони, меѓународните договори што ја обврзуваат Ре- публика Македонија и другите прописи, колективните договори и актите на работодавачот.
(2) Со договорот за вработување, односно со колективен до- говор не може да се определат помали права од правата утвр- дени со закон, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ни- штовни и се применуваат соодветни одредби од закон.
(3) Со договорот за вработување, односно со колективен до- говор може да се одредат правата, кои за работниците се попо- волни, отколку што ги определува овој закон.
(4) Правата од работен однос утврдени со Уставот, закон и колективен договор не можат да се одземаат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот.
II ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Договор за вработување Член 13
(1) Со потпишување на договорот за вработување се заснова ра- ботен однос меѓу работникот и работодавачот.
(2) Правата, обврските и одговорностите врз основа на вр- шењето на работата од работниот однос и вклучување во задол- жителното социјално осигурување врз основа на работниот од- нос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на работа, договорени во договорот за вработување.
(3) Работодавачот е должен да го пријави работникот во за- должителното социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност), во сог- ласност со посебните прописи. Заверена фотокопија од пријава- та му се врачува на работникот во рок од три дена од денот на стапувањето на работа.
(4) Ако датумот на стапување на работа не е определен во договорот за вработување, како датум на стапување на работа се смета датумот на потпишувањето на договорот за вработува- ње.
(5) Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи до- говор за вработување и пред работодавачот да го пријави во задол- жително социјално осигурување.
(6) Правата, обврските и одговорностите врз основа на врше- њето на работата од работниот однос и вклучување во задолжи- телното социјално осигурување врз основа на работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на ра- бота, исто така, и во случај ако на тој ден работникот од оправ- дани причини нема да започне да работи.
(7) Оправдани причини според овој закон, заради кои работ- xxxxx не отпочнува со работа на денот определен со договорот за вработување, се случаите кога работникот е отсутен од оправдани причини утврдени со закон, колективниот договор и договорот за вработување.
Договор за вработување на неопределено и определено време
Член 14
(1) Договор за вработување се склучува за време чие траење однапред не е определено (работен однос на неопределено време).
(2) Договор за вработување може да се склучи и за време чие траење однапред е определено (работен однос на определено време).
Форма на договорот за вработување Член 15
(1) Договорот за вработување се склучува во писмена форма.
(2) Договорот за вработување се чува во работните просто- рии на работодавачот каде што работи работникот.
(3) Примерок од склучениот договор за вработување му се врачува на работникот на денот на потпишувањето на договорот за вработување.
Страни на договорот за вработување Член 16
Страни на договорот за вработување се работодавачот и ра- ботникот.
Работодавач - правно лице или друг субјект
Член 17
(1) Ако работодавачот е правно лице, единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво или друга органи- зација, во име на работодавачот настапува негов застапник, определен со закон, актот за основање или статутот или од него писмено овластено лице.
(2) Ако работодавачот е орган на државната власт, во име на работодавачот настапува функционерот или од него писмено овластено лице, ако со законот поинаку не е определено.
(3) Кога се склучува договор за вработување со лица со по- себни овластувања и одговорности, во име на работодавачот настапува органот, определен со законот, актот за основање или статутот.
(4) Кога се склучува договор за вработување со раководно лице во време на постапка за основање на работодавачот, во име на работодавачот настапува основачот.
Способност за склучување на договор за вработување
Член 18
(1) Договор за вработување може да склучи лице кое напол- нило 15 години возраст и има општа здравствена способност.
(2) Ако се склучи договор за вработување со лице кое не на- полнило 15 години возраст, се смета дека договорот е ништо- вен.
Услови за склучување на договор за вработување
Член 19
(1) Работникот кој склучува договор за вработување, мора да ги исполнува условите за вршење на работата, определени со закон, актот на работодавачот, односно условите барани од страна на работодавачот.
(2) Работодавачот е должен со акт да ги определи посебните услови за вршење на работата на секое поединечно работно ме- сто. Оваа обврска не се однесува на помалите работодавачи.
(3) Инвалидот кој е оспособен за одделни работи, се смета дека има здравствена способност за склучување на договор за вработување за тие работи.
Странски државјани и лица без државјанство
Член 20
(1) Странски државјани или лица без државјанство можат да склучат договор за вработување, ако ги исполнуваат условите определени со овој и со друг посебен закон, со кој се уредува вработување на странци.
(2) Ако се склучи договор за вработување во спротивност со ставот (1) на овој член се смета дека договорот е ништовен.
Договорна слобода Член 21
Работодавачот има право на слободно одлучување, со кој кандидат кој ги исполнува пропишаните договорени, односно од
работодавачот барани услови за вршење на работата (во ната- мошниот текст: услови за вршење на работата), почитувајќи ги законските забрани, ќе склучи договор за вработување.
III ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ ПРИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Начин на обезбедување на потребата од работници
Член 22
(1) Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку:
1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот;
2) објавување во службата надлежна за посредување при вра- ботување, без наплата, во согласност со закон;
3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување преку упатување на лица за вработување од еви- денцијата на невработените лица;
4) обезбедување работник од страна на самиот работода- вач без огласување со директно склучување на договор за вра- ботување со него и
5) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
(2) Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната власт и орган на единицата на локалната самоуправа, при вработување- то се применува начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република Ма- кедонија, односно во единиците на локалната самоуправа, без да се нарушат критериумите на стручност и компетентност.
(3) Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа, потреба од работ- ник се обезбедува со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборува- ат службен јазик различен од македонскиот јазик.
(4) По исклучок, работодавачот од ставот (2) на овој член, за итни и неодложни работи, работен однос може да се заснова и
без јавно огласување, но најмногу до 30 дена, со посредување на службата надлежна за посредување при вработување.
Објавување на слободни работни места
Член 23
(1) Кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, е должен во јавниот оглас да ги наведе условите што се бараат за вршење на работата и рокот за пријавување, кој не смее да биде пократок од пет работни дена.
(2) За објавување се смета, исто така, и објавувањето во про- сториите на службата надлежна за посредување при вработува- ње.
(3) Ако работодавачот го објавува слободното работно место и во средствата за јавно информирање, рокот за пријавување започнува да тече од денот на последното објавување.
Полова еднаквост при објавување на слободни работни места
Член 24
(1) Работодавачот не смее слободното работно место да го објави само за мажи или само за жени, освен ако определениот пол е неопходен услов за вршење на работата.
(2) Објавувањето на слободното работно место не смее да сугерира дека работодавачот дава кај вработувањето предност на определен пол, освен во исклучокот од ставот (1) на овој член.
Права и обврски на работодавачот Член 25
(1) Работодавачот смее да бара од кандидатот само прило- жување на докази за исполнување на бараните услови за врше- ње на работите.
(2) Работодавачот при склучувањето на договорот за врабо- тување не смее да бара податоци, коишто не се во непосредна врска со работниот однос.
(3) Работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со податоци од ставот (2) на овој член.
(4) При склучувањето на договорот за вработување работо- давачот може да го провери знаењето, односно способноста на кандидатот за вршење на работата за којашто се склучува до- говорот за вработување.
(5) При склучување на договор за вработување кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената способност, освен ако работодавачот на своја сметка го испрати на здравствен преглед.
(6) Проверката на знаењето, односно способноста на канди- датот или утврдување на здравствените способности на канди- датот не смеат да се однесуваат на околностите коишто не се во непосредна врска со работата на работното место за коешто се склучува договорот за вработување.
(7) Работодавачот мора пред склучувањето на договорот за вработувањето да го запознае кандидатот со работата, условите на работа, како и правата на работниците кои се поврзани со вр- шењето на работата на работното место за коешто се склучува договорот за вработување.
Права и обврски на кандидатот Член 26
(1) При склучувањето на договорот за вработување кандида- тот е должен да му достави на работодавачот докази за испол- нување на условите за вршење на работата и да го извести за сите нему познати факти, значајни за работниот однос, како и за болестите или други околности кои можат како било да го оне- возможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот, или можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите об- врски доаѓа во контакт.
(2) Xxxxxxxxxx не е должен да одговара на прашањата кои не се во непосредна врска со работниот однос.
Права на неизбраните кандидати Член 27
(1) Работодавачот мора во рок од осум дена од денот на склучувањето на договорот за вработување писмено да го изве- сти кандидатот кој не е избран дека не е избран и кој кандидат е избран.
(2) Работодавачот е должен на кандидатот кој не е избран во рок од три дена да му ги врати сите документи што му ги доста-
вил како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата.
Содржина на договорот за вработување Член 28
(1) Договорот за вработување особено содржи:
1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, од- носно седиште;
2) датум на стапување на работа;
3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот склучува договор за вработува- ње, со краток опис на работата што ќе ја врши според договорот за вработување;
4) место на вршење на работата. Ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот;
5) време на траење на работниот однос, кога е склучен дого- вор за определено време;
6) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време;
7) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време;
8) одредба за висината на основната плата, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување;
9) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на ра- ботникот за вршење на работата според закон и колективен до- говор;
10) одредба за годишниот одмор, односно начинот за опреде- лување на годишниот одмор и
11) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот.
(2) Договорот за вработување може да содржи и други права и обврски определени со овој и друг закон и колективен договор.
(3) Во договорот за вработување во однос на одделни праша- ња, страните можат да се повикаат на закони, колективни договори и акти на работодавачот.
Невалидни одредби на договорот за вработување
Член 29
(1) Одредбата во договорот за вработувањето којашто е во спротивност со општите одредби за правата, обврските и одго- ворностите на договорните страни, определени со закон, коле- ктивен договор, односно акт на работодавачот е ништовна од моментот на склучувањето на договорот.
(2) Одредбите на закон, колективните договори, односно оп- штите акти на работодавачот, со коишто била делумно одреде- на содржината на договорот за вработување, се составен дел на овој договор и го дополнуваат или непосредно се применуваат.
IV ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ
Обврски на работникот во врска со вршење на работа
Член 30
(1) Работникот е должен совесно да ја извршува работата на работното место за коешто склучил договор за вработување, во време и на место, коишто се определени за извршување на ра- ботата, почитувајќи ја организацијата на работа и деловната активност на работодавачот.
(2) Во случаите определени со закон и колективен договор, ра- ботникот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, ако е во рамките на степенот на неговата стручна подготовка.
Почитување на упатствата на работодавачот
Член 31
Работникот е должен да ги почитува барањата и упатствата на работодавачот во врска со исполнувањето на работните об- врски од работниот однос.
Почитување на прописите за заштитата при работата Член 32
(1) Работникот е должен да ги почитува и спроведува пропи- сите за заштитата при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица.
(2) Работникот има право да одбие да работи ако му се зака- нува непосредна опасност по животот или здравјето, поради неспроведување на пропишаните мерки на заштита при работа.
Обврска на известување Член 33
(1) Работникот е должен да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да вли- јаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.
(2) Работникот е должен да го известува работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето или за на- станување на материјална штета, што ги дознал при работата и кои би можеле да настанат кај работодавачот или трети лица.
Забрана на штетно однесување Член 34
Работникот е должен да се воздржува од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши кај работодава- чот, се штетни или би ги повредиле интересите на работодава- чот.
Обврска на чување на деловна тајна Член 35
(1) Работникот не смее да ги искористи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна на работодавачот, кои како такви со посебен акт ќе ги определи работодавачот и кои му биле дове- рени на работникот или со кои бил запознат на друг начин.
(2) Работникот е одговорен за издавање на деловна тајна, ако знаел или би морал да знае за таквото својство на подато- ците.
Конкурентска забрана - законска забрана на конкурентското дејствување
Член 36
(1) За времетраењето на работниот однос работникот не смее без согласност на работодавачот за своја или на туѓа сме- тка да врши или склучува работи кои спаѓаат во дејноста на ра- ботодавачот и значат или би можеле да значат конкуренција на работодавачот.
(2) Работодавачот може да бара обештетување на штетата, на- станата со постапувањето на работникот спротивно од ставот (1) на овој член, во рок од три месеца од денот кога дознал за врше- њето на работата или склучувањето на зделката, односно во рок
од две години од довршувањето на работата или склучувањето на зделката.
Конкурентска клаузула - договорна забрана на конкурентското дејствување
Член 37
(1) Ако работникот при своето работење или во врска со ра- ботата се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работни- кот и работодавачот, да договорат забрана за вршење на конку- рентско дејствување по престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула).
(2) Конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од две години по престанувањето на договорот за вра- ботување и тоа само во случаите кога на работникот му преста- нува договорот за вработување по негова волја или вина.
(3) Конкурентската клаузула не смее да ја исклучи можноста за вработување на работникот.
(4) Ако конкурентската клаузула не е изразена во писмена форма, се смета дека не е договорена.
Надоместок за почитување на конкурентската клаузула Член 38
(1) Ако почитувањето на конкурентската клаузула од членот 37 став (1) на овој закон, му оневозможи соодветна заработка на работникот, работодавачот е должен за сето време на почиту- вањето на забраната да му исплатува паричен надоместок на работникот.
(2) Паричниот надоместок за почитување на конкурентската забрана мора да се определи со договорот за вработување и месечно може да изнесува најмалку половина од просечната плата на работникот во последните три месеца пред престану- вањето на договорот за вработување.
Престанување на конкурентската клаузула
Член 39
(1) Работодавачот и работникот можат да се договорат за престанување на важноста на конкурентската клаузула.
(2) Ако работникот го откаже договорот за вработување, би- дејќи работодавачот ги крши одредбите на договорот за врабо- тување, конкурентската клаузула престанува да важи, ако ра- ботникот во рок од еден месец од денот на престанувањето на договорот за вработување, на работодавачот му предаде писме- на изјава дека не го обврзува договорот.
V ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ
Обезбедување на работа Член 40
(1) Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди работа, за којашто страните се договориле во договорот за вра- ботување.
(2) Ако поинаку не е договорено, работодавачот на работни- кот е должен да му ги обезбеди сите потребни средства и рабо- тен материјал, за да може непречено да ги исполнува своите об- врски и да му овозможи слободен пристап до деловните просто- рии.
Обврска на плаќање за вршење на работата
Член 41
Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди соод- ветно плаќање за вршењето на работата во согласност со одредбите од членовите 105 до 114 на овој закон.
Обврска на обезбедување на безбедни работни услови
Член 42
Работодавачот мора да обезбеди услови за безбедност на жи- вотот и здравјето на работниците во согласност со посебните про- писи за заштита при работата.
Обврска за штитење на личноста на работникот
Член 43
(1) Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
(2) Работодавачот е должен да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување и полово вознемирување.
Заштита на личните податоци на работникот
Член 44
(1) Личните податоци на работниците можат да се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само ако е тоа определено со овој или друг закон или ако е тоа по- требно заради остварување на правата и обврските од работни- от однос или во врска со работниот однос.
(2) Личните податоци на работниците може да ги собира, обработува, употребува и доставува на трети лица само работо- давачот или работникот, кого работодавачот за тоа посебно го овластил.
(3) Личните податоци на работниците, за чие собирање не по- стои повеќе законска основа, мораат веднаш да се избришат и да престанат да се употребуваат.
(4) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член се однесу- ваат и за личните податоци на кандидатите за вработување.
Мирување на правата и обврските од договорот за вработување Член 45
(1) Во случај кога работникот заради издржување на казна или изречена воспитна, или заштитна мерка, не може да ја врши работата за период пократок од шест месеца или заради отслу- жување воен рок или вршење на цивилна служба со надомест, притвор и во други случаи определени со закон, времено пре- стане да ја врши работата, договорот за вработување не преста- нува да важи и работодавачот не смее да го откаже освен ако е поведена постапка за престанување на работодавачот, за кој период договорот мирува.
(2) За време на мирување на договорот за вработување, ми- руваат договорните и другите права, како и обврските од работ- ниот однос коишто се непосредно поврзани со вршењето на ра- ботата.
(3) Работникот има право и должност да се врати на работа нај- доцна во рок од пет дена од денот на престанувањето на причина- та за мирување на договорот. Со тој ден престанува мирувањето на договорот.
Договор за вработување на определено време
Член 46
(1) Договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на работи кои по својата природа траат опре- делено време, со прекин или без прекин до четири години.
(2) Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопре- делено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од ставот (1) на овој член, под услови и на начин утврдени со закон.
Сезонска работа Член 47
(1) Работникот кој по договор за вработување на определено време врши сезонски работи, односно работа во нееднакво рас- поредено работно време без прекин најмалку три месеца во го- дината и притоа одработи повеќе часови отколку што е одреде- но за работа со полно работно време, може да бара часовите да му се пресметаат во работни денови со полно работно време.
(2) Според ставот (1) на овој член пресметаните работни де- нови се внесуваат во работниот стаж на работникот, како да ги поминал на работа. При што вкупниот работен стаж во кален- дарската година не смее да надмине 12 месеца.
Договор за вработување со скратено работно време Член 48
(1) Договор за вработување може да се склучи, исто така, и за работно време пократко од полното работно време (скратено работно време).
(2) За скратено работно време се смета времето кое е по- кратко од полното работно време кај работодавачот.
(3) Работникот кој склучил договор за вработување со скрате- но работно време, има договорни и други права и обврски од ра- ботниот однос како работникот кој работи полно работно време и ги остварува пропорционално на времето, за кое што склучил договор за вработување, освен тие за кои со закон поинаку е определено.
(4) Работникот има право на годишен одмор со минимално времетраење од десет работни дена.
(5) Ако во договорот за вработување поинаку не е определе- но, работодавачот на работникот кој работи со скратено работно време, не смее да му наложи на работникот да работи подолго
од договореното работно време, освен во случаите од членот
119 на овој закон.
Договор за вработување со скратено работно време со повеќе работодавачи Член 49
(1) Работникот може да склучи договор за вработување со скратено работно време со повеќе работодавачи и така да го постигне полното работно време определено со законот.
(2) Работникот е должен да се договори со работодавачите за работното време, начинот на користењето на годишниот од- мор и другите отсуства од работа.
(3) Работодавачите, кај кои е вработен работникот со скрате- но работно време, се должни на работникот да му обезбедат истовремено користење на годишниот одмор и други отсуства од работа, освен ако тоа не би им предизвикало штетни после- дици.
(4) Обврските на работодавачот и работникот од ставот (2) на овој член се составен дел на договорот за вработување со скра- тено работно време.
Договор за вработување со вршење на работа дома
Член 50
(1) Како вршење на работа дома се смета работа која работ- никот ја врши во својот дом или во простории по свој избор што се надвор од деловните простории на работодавачот.
(2) Со договорот за вработување со вршење на работа дома работодавачот и работникот можат да се договорат, работникот да ја врши работата којашто спаѓа во дејноста на работодавачот или која е потребна за извршување на дејноста на работодава- чот дома.
(3) Работодавачот е должен договорот за вработување за вр- шење на работа дома да му го достави на инспекторот на тру- дот, во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот.
(4) Правата, обврските и условите кои зависат од природата на работата дома, се уредуваат меѓу работодавачот и работни- кот со договорот за вработување.
(5) Работникот има право на надомест за употребата на свои- те средства за работата дома. Висината на надоместокот ја определуваат работодавачот и работникот во договорот за вра- ботување.
(6) Работодавачот е должен да обезбеди безбедни услови за заштита при работа дома.
Забрана на работа дома Член 51
Инспекторот на трудот може на работодавачот да му го за- брани организирањето на работа дома, ако работата дома е штетна за работниците кои работат дома, или за животната и работната средина каде што се врши работата.
Работи коишто не смеат да се вршат дома Член 52
Со закон или друг пропис може да се определат работи кои не смеат да се вршат како работа дома.
Договор за вработување на куќни помошници
Член 53
(1) Договор за вработување може да се склучи за вршење ра- боти на куќни помошници.
(2) Со договорот за вработување од ставот (1) на овој член може да се договори обезбедувањето сместување и исхрана на работникот кај работодавачот да претставува дел од платата на работникот, кој дел во договорот мора да е изразен во пари.
(3) Договорот од ставот (1) на овој член се заверува во служ- бата надлежна за посредување за вработување.
(4) Најмалиот износ на заработувачка кој задолжително се пресметува и исплатува во пари се утврдува во договорот за вработување и не може да биде помал од 50% од заработувач- ката на работникот.
Договор за вработување на деловни лица (менаџерски
договор) Член 54
Ако договор за вработување склучуваат деловните лица (ме-
наџери), во договорот за вработување страните можат поинаку
да ги уредат правата, обврските и одговорностите од работниот однос особено за:
1) условите и ограничувањата на работниот однос на опреде- лено време;
2) работното време;
3) обезбедувањето на дневен и годишен одмор;
4) плаќањето на работата и
5) престанувањето на важноста на договорот за вработува- ње.
Остварување на правата и обврските
од работен однос на работоводниот орган (менаџер)
Член 55
Работоводниот орган (менаџер), правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван, односно из- бран на таа должност, ги остварува кај работодавачот кај ко- го е именуван, односно избран според одредбите на овој за- кон и друг закон, колективен договор и договорот за вработу- вање.
VI ПРИПРАВНИЧКИ СТАЖ, ВОЛОНТЕРСКИ СТАЖ И ПРОБНА РАБОТА
Вршење на приправнички стаж Член 56
(1) Со закон, друг пропис или колективен договор на ниво на дејноста може да се одреди, да се склучува договор за вработу- вање како приправник, кој за првпат започнува да врши работа соодветна на видот и степенот на своето стручно образование, заради оспособување за самостојно вршење на работата во ра- ботниот однос.
(2) Xxxxxxx кој успешно ја завршил програмата на профе- сионалното оспособување е оспособен за самостојно врше- ње на работата во работниот однос, соодветно на неговото професионално оспособување.
Траење на приправничкиот стаж Член 57
(1) Приправничкиот стаж може да трае најмногу една година, ако со закон поинаку не е определено .
(2) Приправничкиот стаж може сразмерно да се продолжи, ако приправникот работи со пократко работно време од полното работно време, но најмногу за шест месеца.
(3) Траењето на приправничкиот стаж се продолжува за вре- мето на оправданото отсуство од работа, кое трае подолго од 20 работни дена, освен за времето на годишниот одмор.
(4) Траењето на приправничкиот стаж може да се скрати на предлог на одговорното лице, но најмногу до една третина од првобитно одреденото траење.
Изведување на приправничкиот стаж Член 58
(2) Со закон, друг пропис или колективен договор на ниво на деј- носта се одредува траењето и текот на вршењето на приправнич- киот стаж, како и програма и начин на следење и оценување на приправничкиот стаж.
(3) На крајот на приправничкиот стаж, приправникот мора да полага испит, којшто е составен дел на приправничкиот стаж и се полага пред истекувањето на приправничкиот стаж.
Ограничување на отказ на приправникот од страна на работодавачот
Член 59
За времетраење на приправничкиот стаж работодавачот не смее на приправникот да му го откаже договорот за вработува- ње, освен во случај на спроведување постапка за престанување на работодавачот.
Пробна работа Член 60
(1) При склучување на договорот за вработување работникот и работодавачот можат да се договорат за пробна работа.
(2) Во договорот за вработување покрај сите права и обврски од работен однос се утврдува висината на платата и времетрае- њето на пробната работа, кое не може да биде подолго од шест месеца. Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа (болест и слично).
(3) Во времетраењето на пробната работа работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три ра- ботни дена.
(4) Врз основа на оцената за неуспешно завршената пробна работа работодавачот може по изминувањето на пробната рабо- та да го откаже договорот за вработување.
Волонтерски стаж Член 61
(1) Ако волонтерскиот стаж е услов за полагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со по- себен закон, треба да се врши со склучување на договор за во- лонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот. За волонте- рот се применуваат одредбите на овој закон за траење и изведу- вање на приправничкиот стаж, за ограничување на работното време, дневната пауза и одморите, одговорноста за обештету- вање, како и обезбедување на заштитата при работа, во сог- ласност со закон.
(2) Договорот за изведувањето волонтерски стаж мора да би- де склучен во писмена форма, а копија од истиот во рок од три дена од потпишувањето, мора да се достави до инспекцијата на трудот.
Начини на престанување на важноста на договорот за вработување
Член 62
Договорот за вработување престанува да важи:
1) со изминување на времето за коешто бил склучен;
2) со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице);
3) поради престанување на работодавачот согласно со закон;
4) со спогодбено раскинување;
5) со отказ;
6) со судска пресуда x
7) во други случаи утврдени со закон.
Враќање на документи и издавање потврда
Член 63
(1) При престанување на работниот однос работодавачот е дол- жен, најдоцна во рок од три дена, да му ги врати на работникот си- те негови документи и да му издаде потврда за видот на работата што ја вршел.
(2) Работодавачот не смее во потврдата да наведе ништо што би му го отежнало на работникот склучувањето на нов дого- вор за вработување.
Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време
Член 64
Договорот за вработување на определено работно време престанува да важи со изминувањето на рокот за којшто бил склучен, односно кога договорената работа е завршена или со престанувањето на причината, заради којашто бил склучен.
Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот,
односно работодавачот (физичко лице)
Член 65
(1) Договорот за вработување престанува да важи со смртта на работникот.
(2) Договорот за вработување престанува да важи со смртта на работодавачот (физичко лице).
Престанување на важноста на договорот за вработување поради поведување постапка за престанок на работодава- чот
Член 66
Во случаи на отворање на постапка за престанок на рабо- тодавачот, престанува да важи договорот за вработување на работникот, во согласност со закон.
Права на работниците Член 67
(1) Работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеца последовател- но, имаат право да покренат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот.
(2) На работниците на кои, заради отворање на постапка за престанок на работодавачот, им престанува работниот однос во согласност со закон, им се обезбедува и право на исплата на:
1) плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигу- рување и надоместоци за периодот од последните три месеца пред отворањето на постапката за престанок на работодавачот;
2) обештетување за повредите при работа, коишто работни- кот ги претрпел кај работодавачот, како и за професионални за- болувања и
3) неисплатен надоместок на плата за времетраењето на не- искористениот редовен годишен одмор за тековната календар- ска година.
Промена на работодавачот Член 68
(1) Сите права, обврски и одговорности од договорот за вра- ботување и работен однос преминуваат на новиот работодавач во случаите кога ќе настанат статусни измени.
(4) Претходниот и новиот работодавач на работникот соли- дарно му се одговорни во обештетувањето за сите побарувања, настанати заради отказот од ставот (3) на овој член.
(5) Ако работодавачот времено ја пренесе врз основа на правна зделка (закуп, наем) целосната или дел од дејноста на друг работодавач, преминуваат работниците по престанувањето на важноста на правната зделка назад кон првиот работодавач или кон новиот работодавач - преземач на дејноста.
Раскинување на договорот за вработување со спогодба
Член 69
(1) Договорот за вработување страните можат кога било да го раскинат со писмена спогодба која мора да содржи одредба за последиците, коишто настануваат за работникот поради дого- ворното раскинување при остварувањето на правата врз основа на осигурување за случај на невработеност.
(2) Спогодбата од ставот (1) на овој член која не е склучена во писмена форма е ништовна.
VII ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ
И РАБОТОДАВАЧОТ
Откажување на договорот за вработување со и без отказен рок
Член 70
(1) Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен рок.
(2) Во случаите определени со закон, договорните страни мо- жат да го откажат договорот за вработување без отказен рок.
(3) Секоја од страните може да го откаже договорот за врабо- тување само во целост.
Дозволеност на отказ Член 71
(1) Работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот за вработу- вање.
(2) Работодавачот може да го откаже договорот за вработу- вање, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на ра- ботникот) или ако причината е заснована на потребите на функ- ционирањето на работодавачот (деловна причина).
(3) Работникот и работодавачот можат да го откажат догово- рот за вработување во случаи, односно од причини определени со закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дис- циплина и договорот за вработување.
(4) Отказот на договорот за вработување, кој работникот ди- ректно или индиректно го ставаат во понеповолна положба по кој било од основите на членот 6 од овој закон, е ништовен од моментот на врачувањето на отказот.
Причина и обврска за докажување Член 72
Ако работодавачот го откажува договорот за вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, коле-
xxxxxx договор и акт на работодавачот и да ја докаже основано- ста на причината која го оправдува отказот.
Постапка пред отказот поради вина на страната на работникот
Член 73
Пред откажување на договорот за вработување од причина поради вина на работникот, работодавачот мора писмено да го предупреди работникот за неисполнувањето на обврските и можноста на отказ во случај на натамошни кршења на истите.
Форма и содржина на отказот Член 74
(1) Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма.
(2) Работодавачот е должен писмено да го образложи отка- жувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигу- рување во случај на невработеност, согласно со закон.
Врачување на отказот Член 75
(1) Отказот на договорот за вработување мора да и биде вра- чен на договорната страна, на која и се откажува договорот за вработување.
(2) Отказот на договорот за вработување работодавачот е должен да му го врачи лично на работникот по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живе- алиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
(3) Ако работникот не може да се пронајде на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа (освен во слу- чаите на оправдано отсуство од работа) или нема трајно или времено престојувалиште во Република Македонија или одбие врачување, откажувањето на договорот за вработување се обја- вува на огласната табла во седиштето на работодавачот. По из- минувањето на осум работни дена од објавувањето на огласна- та табла се смета дека врачувањето е извршено.
Основани причини за отказ Член 76
(1) Работодавачот може на работникот да му го откаже дого- ворот за вработување, кога не е можно продолжување на работ- ниот однос, ако:
1) работникот заради своето однесување, недостаток на зна- ења или можности или заради неисполнување на посебните ус- лови определени со закон, не е способен да ги извршува дого- ворните или други обврски од работниот однос (лична причина) или
2) работникот ги крши договорните обврски или други обврски од работниот однос (причина на вина) и
3) престане потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економ- ски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини).
(2) Работодавачот е должен во случај на откажување на дого- ворот за вработување од деловна причина да провери дали е можно да го вработи работникот под променети услови или на други работи, односно дали е можно да се доквалификува, од- носно преквалификува за друга работа. Ако постои таа можност, работодавачот на работникот му понудува склучување на про- менет договор за вработување.
Неосновани причини за отказ Член 77
Неосновани причини за откажување на договорот за вработу- вање се:
1) членство на работникот во синдикат или учество во син- дикални активности во согласност со закон и колективен дого- вор;
2) поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи;
3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бреме- ност, раѓање и родителство и нега на член на семејството;
4) користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор;
5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и
6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон.
Понуда на нов променет договор пред отказ
Член 78
(1) Одредбите на овој закон што се однесуваат на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодава- чот го откажува договорот за вработување и на работникот исто- времено му предлага склучување на нов променет договор за вработување.
(2) Работникот мора да се изјасни за новиот променет дого- вор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата.
(3) Ако работникот во случајот од ставот (1) на овој член ја прифати понудата на работодавачот, нема право на отпремнина поради престанување на претходниот договор за вработување, а го задржува правото да ја оспорува пред надлежниот суд осно- ваноста на причината за промена на договорот за вработување.
Откажување на договорот за вработување од лични при- чини на страна на работникот
Член 79
Работодавачот може да му го откаже договорот за вработува- ње од лични причини на страна на работникот, ако работникот не ги извршува работните обврски утврдени со закон, колекти- вен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување, или ако ги крши работниот ред и дисциплина.
Услови за откажување на договорот за вработување од лич- ни причини на страна
на работодавачот
Член 80
Работодавачот може да му го откаже договорот за врабо- тување на работникот од лични причини на страна на работ- xxxxx, ако на работникот му се обезбедени потребните услови за работа и му се дадени соодветни упатства, насоки или пис- мено предупредување од работодавачот во врска со работата дека работодавачот не е задоволен од начинот на извршува- ње на работните обврски и ако по даденото предупредување во рокот утврден од работодавачот, работникот не го подобри своето работење.
Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок
Член 81
(1) Работодавачот може да му го откаже договорот за врабо- тување на работникот поради кршење на работниот ред и дис- циплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, ко- лективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработу- вање со отказен рок, особено ако:
1) не ги почитува работниот ред и дисциплина според пра- вилата пропишани од страна на работодавачот;
2) не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршу- ва работните обврски;
3) не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место;
4) не се придржува на работното време, распоредот и кори- стењето на работното време;
5) не побара отсуство или навремено писмено не го изве- сти работодавачот за отсуството од работа;
6) поради болест или оправдани причини отсуствува од ра- бота, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го извести работо- давачот;
7) со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со техничките упатства за работа;
8) настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести работодавачот;
9) не ги почитува прописите за заштита при работа или не ги одржува средствата и опремата за заштита при работа;
10) предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата и
11) незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот.
(2) Со закон, колективен договор и со правилата на работода- вачот за работниот ред и дисциплина може да се утврдат и дру- ги случаи на кршење на работниот ред и дисциплина.
(3) Правилата за работниот ред и дисциплина, работодавачот е должен да ги истакне на видно место во работните простории на работодавачот и да ги достави до синдикатот.
Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок
Член 82
(1) Работодавачот може на работникот да му го откаже дого- ворот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за врабо- тување, а особено ако работникот:
1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година;
2) го злоупотреби боледувањето;
3) не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за за- штита на животната средина;
4) внесува, употребува или е под дејство на алкохол и нар- котични средства;
5) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и
6) оддаде деловна, службена или државна тајна.
(2) Со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работни- те обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вра- ботување без отказен рок.
Отстранување од работа од кај работодавачот до донесува- ње на одлука за отказ на
договорот за вработување
Член 83
По оцена на работодавачот, со писмен налог на овласте- ното лице кај работодавачот, работникот се отстранува од кај работодавачот со надоместок во висина на платата на работни- кот до донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вра- ботување, ако:
1) работникот со своето присуство кај работодавачот го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност;
2) присуството на работникот кај работодавачот штетно ќе се одразува врз работењето кај работодавачот;
3) присуството на работникот оневозможува утврдува- ње на одговорноста за повреда на работните обврски и
4) кога против работникот е покрената кривична постап- ка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата.
Парична казна Член 84
Форма на одлуката за откажување на договорот за вработу- вање, односно на одлуката
за паричната казна
Член 85
Одлуката за откажување на договорот за вработување, од- носно одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма, со образложение на основот и при- чината за откажување на договорот за вработување, односно причината за изрекување на паричната казна со правна поука.
Надлежен орган за изрекување на отказ на договорот за вработување и на парична казна
Член 86
Одлуката за откажување на договорот за вработување и за изрекување на парична казна ја донесува работодавачот или од него овластениот работник.
Отказни рокови Член 87
Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во законскиот или договорно определениот отказен рок. При одлучувањето страните мораат да го почиту- ваат минималниот рок на траење на отказниот рок, одреден со овој закон, колективниот договор на ниво на дејноста, односно на ниво на работодавач.
Минимални отказни рокови Член 88
(1) Ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец. Со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде договорен подолг отка- зен рок, меѓутоа не подолг од три месеца.
(2) Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници отказниот рок е еден месец, а два месеца во случај на престанок на рабо- тен однос на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работодавачот пред престанокот на работниот од- нос.
Течење на отказниот рок Член 89
Отказниот рок започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување.
Паричен надоместок наместо отказен рок Член 90
(1) Работодавачот и работникот можат да се договорат за па- ричен надоместок наместо отказен рок.
(2) Ако е постигнат договор за паричен надоместок наместо отказен рок работодавачот е должен паричниот надоместок на работникот за целиот отказен рок да му го исплати со доставу- вањето на отказот, со денот на престанокот на работниот однос.
Приговор против одлуката за откажување на одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или за отстранување
од кај работодавачот
Член 91
Приговорот против одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или одлуката за отстранување од кај работодавачот, во смисла на членовите 82 и 83 од овој закон, не ја задржува од извршување одлуката за отказ, односно писмениот налог.
Права и обврски на страните за време на отказниот рок
Член 92
(1) За време на отказниот рок, работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на ра- ботната недела заради барање на ново вработување.
(2) За време на отсуството од работа од ставот (1) на овој член работникот има право на надоместок на плата, согласно со колективен договор.
Приговор против одлука за откажување на договорот за
вработување со отказен рок
Член 93
(1) Против одлуката за отказ на договорот за вработување со отказен рок работникот има право на приговор до органот на управување, односно работодавачот.
(2) Приговорот се поднесува во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за отказ на договорот за вработување.
(3) Приговорот го одлага извршувањето на одлуката за отказ до донесувањето на конечната одлука по приговорот, која се до- несува во рок од осум дена од денот на поднесувањето на при- говорот.
(4) Кога не е донесена одлука по приговорот во рокот од ста- вот (3) на овој член или кога работникот не е задоволен со од- луката донесена по приговорот, има право да поведе спор пред надлежниот суд.
(5) По барање на работникот синдикатот може да го застапу- ва работникот во постапка по приговор.
Застареност Член 94
(1) Отказ на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, работодавачот може да му даде на ра- ботникот во рок од три месеца од денот на дознавањето за фа- ктите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од шест месеца од денот на настапувањето на фактите кои се ос- нова за давање на отказот.
(2) Отказ на договорот за вработување, работодавачот може да му даде на работникот поради сторено кривично дело на ра- бота или во врска со работата, најдоцна до истекот на рокот за застареност утврден во закон за стореното кривично дело.
Обврски за известување при отказ на поголем број работници од деловни причини
Член 95
(1) Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред до- несувањето на одлука за престанок на работен однос на пого- лем број работници од деловни причини е должен за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците, да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, ако нема таков тогаш претставникот на работни- ците и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици.
(2) За постапката на утврдувањето на престанувањето на по- требата од работата на поголем број работници, по завршува- њето на консултирањето од ставот (1) на овој член, за причини- те за престанување на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работниците како и за предвидениот рок, во кој што ќе престане потребата од работата на работниците, работодавачот е должен задолжител- но писмено да ја извести службата надлежна за посредување при вработување, заради помош и услуги од посредување при вработувањето, согласно со закон.
Права и обврски во случај на отказ од деловни причини
Член 96
(1) Работодавачот, пред да го откаже договорот за вработу- вање од деловни причини (технолошки, економски, организацио- ни и слични промени), поради кои престанува потребата од вр- шење на определена работа, може на работникот да му понуди:
1) вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка, односно квалификација;
2) стручно оспособување (обука, преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач) или
3) нов договор за вработување.
(2) Одредбата од ставот (1) точки 1, 2 и 3 на овој член не се однесува за вработување од трговско друштво, односно трговец поединец во државен орган, јавно претпријатие, јавна установа, единица на локалната самоуправа и градот Скопје, фондови, агенции, заводи и други правни лица основани со закон.
Испратнина Член 97
(1) Во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина, и тоа :
1) до пет години поминати во работен однос - во висина од една плата;
2) од пет до десет години поминати во работен однос - во ви- сина од две плати;
3) од десет до 15 години поминати во работен однос - во ви- сина од три плати;
4) од 15 до 20 години поминати во работен однос - во висина од четири плати;
5) од 20 до 25 години поминати во работен однос - во висина од пет плати и
6) над 25 години поминати во работен однос - во висина од шест плати.
(2) Основица за пресметка на испратнината е просечната плата на работникот во последните шест месеца пред отказот, но истата да не биде помала од платата врз основа на која се исплаќаат придонесите за социјално и здравствено осигурува- ње.
(3) Под работен однос, во смисла на ставот (1) од овој член, се смета времето поминато во работен однос кај ист работодавач и работниот однос кај претходниот работодавач, на кој поради наста- ната статусна промена, правен следбеник е последниот работода- вач.
(4) Испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос.
(5) Барањето, односно давањето на согласност за откажува- ње од правото на испратнина од страна на работодавачот, од- носно работникот се ништовни.
Обврски и права при откажување на договорот за врабо- тување од деловни причини
Член 98
(2) Ако пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член на- стане потреба за вршење на истите работи, предност за склучу- вање на договор за вработување има работникот на кој претход- но му престанал работниот однос.
Отказ од страна на работодавачот Член 99
Работодавачот може на работникот да му го откаже догово- рот за вработување, ако:
1) на работникот со правосилна одлука му е забрането да вр- ши определени работи од работниот однос или ако му е изрече- на воспитна, заштитна или безбедносна мерка, поради која не може да врши работи подолго од шест месеца или ќе мора пора- ди издржување на затворска казна да биде отсутен од работа повеќе од шест месеца и
2) работникот не ја изврши успешно пробната работа.
Отказ од страна на работникот Член 100
(1) Работникот може по истекот на три дена откако претходно писмено го предупредил работодавачот на исполнувањето на обврските, да му го откаже договорот за вработување, ако:
1) работодавачот повеќе од три месеца не му обезбедува ра- бота и така не му ја исплаќа определената плата;
2) не му е овозможено вршење на работата заради одлука на надлежната инспекција за забрана на вршење на работниот про- цес или забрана на примена на средствата за работа подолго од 30 дена и работодавачот не му ја исплаќа законски определената плата;
3) работодавачот најмалку три месеца исплаќа намалена плата за работата;
4) работодавачот три пати последователно или во период од шест месеца не исплаќа плата за работата во законски, односно договорно определениот рок;
5) работодавачот не ја обезбедува заштитата на работникот при работа, а работникот претходно побарал отстранување на заканувачката непосредна и неизбежна опасност за животот и здравјето;
6) работодавачот го навредува и насилнички се однесува кон него или наспроти неговите предупредувања не го спречува та- квото однесување од страна на другите работници;
7) работодавачот не му обезбедува еднаков третман со оглед на полот и
8) работодавачот ништо не презел работникот да не стане жртва на полово вознемирување.
(2) Работникот во случај на отказ заради однесувањата од ставот (1) на овој член има право на испратнина и на обештету- вање најмалку во висина на изгубената плата за времето на отказниот рок.
Забрана на отказ поради бременост, раѓање и родителство
Член 101
(1) Работодавачот не смее да го откаже договорот за врабо- тување на работничките за време на бременоста, раѓање и ро- дителство и отсуство поради нега и чување на деца.
(2) Одредбата на ставот (1) од овој член се однесува и на случаи- те утврдени во членот 167 на овој закон.
Престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда
Член 102
(1) Ако судот донесе правосилна одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа, ако тоа го бара.
(2) Xxxxxx враќањето на работа, работодавачот е должен на работникот да му исплати надомест на штета во висина од 70% од изгубената заработувачка, согласно со закон, колективен до- говор и договорот за вработување и да му уплати придонеси за задолжително социјално осигурување.
(3) Надоместокот на штетата се намалува за износот на при- ходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по пре- станокот на работниот однос.
(4) Работникот кој го оспорува отказот може да бара судот, привремено, до завршувањето на спорот, да нареди негово вра- ќање на работа.
(5) Ако судот со правосилна одлука утврди дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, а за работникот не е при- фатливо да остане во работен однос, судот на барање на работни- кот ќе го определи денот на престанокот на работниот однос и ќе му досуди надомест на штета во износ од најмалку три, а најмногу 12 просечни месечни плати на работникот исплатени во последните 12 месеца, зависно од траењето на работниот однос, возраста, социјал- ната состојба и обврските за издржување кои ги има работникот.
(6) Одлуката од ставот (1) на овој член судот може да ја доне- се и на барање на работодавачот ако постојат околности кои оправдано укажуваат дека продолжувањето на работниот однос, со уважување на интересите на двете договорни страни, не е можен.
(7) Работодавачот и работникот можат барањето за престанок на договорот за работа да го поднесат до окончувањето на главната рас- права пред првостепениот суд.
Престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдената трајна
неспособност за работа
Член 103
Договорот за вработување престанува да важи ако под усло- вите и на начин пропишани со закон е утврдено дека кај работ- никот дошло до губење на работната способност, со денот на доставувањето на правосилно решение за утврдување на изгу- бената работна способност.
Прекин на договорот за работа поради возраст на работникот
Член 104
(1) Работодавачот има право да го прекине договорот за ра- бота на работникот кога работникот ќе исполни услови за оства- рување старосна пензија согласно со закон.
(2) Работодавачот на работникот од ставот (1) на овој член мо- же да му го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 го- дини возраст, доколку со закон и општ колективен договор поинаку не е утврдено.
VIII ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА
Вид на плаќање Член 105
(1) Работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.
(2) Плаќањето на работата по договорот за вработување мо- ра да биде секогаш во парична форма. При исплатата, работо- давачот мора да го почитува најнискиот износ определен со ко- лективен договор, во согласност со закон, кој непосредно го об- врзува работодавачот.
Основна плата, работна успешност и додатоци
Член 106
(2) Работната успешност на работникот се определува зе- мајќи ги предвид домаќинскиот однос, квалитетот и обемот на вршењето на работата, за којашто работникот го склучил дого- ворот за вработување.
(3) Додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно вре- ме, ноќна работа, продолжена работа, работа во недела, ра- бота во празници определени со закон и додаток за работен стаж.
Најниска плата Член 107
Платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од најниската плата утврдена според за- кон и колективен договор.
Еднакво плаќања на мажи и на жени Член 108
(1) Работодавачот е должен за еднаква работа со еднакви барања на работното место да исплаќа еднаква плата на работ- ниците без оглед на полот.
(2) Одредбите на договорот за вработување, колективниот договор, односно општиот акт на работодавачот, кои се во спро- тивност со ставот (1) на овој член, се ништовни.
Ден на исплаќањето Член 109
(1) Платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец.
(2) Платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период.
(3) Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна идниот прв работен ден.
(4) Работодавачот е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.
Место и начин на исплаќањето на платата
Член 110
(1) Работодавачот е должен на работникот да му ја исплати платата до крајот на денот на исплаќање на вообичаеното место за исплата.
(2) Ако платата се исплаќа преку банка на сметката на работ- никот или на друг безготовински начин, платата мора да му биде на располагање на работникот на определениот ден за исплаќа- ње, освен ако страните поинаку не се договориле.
(3) Работодавачот е должен да му издаде на работникот при секое исплаќање на платата како и до 31 јануари на нова- та календарска година писмена пресметка на платата, придо- несите од плата и надоместоците на платата за платниот пер- иод, односно за изминатата година од кои, исто така, се гле- даат и пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.
(4) Трошоците во врска со исплатата на платата се на товар на работодавачот.
Задржување и порамнување на исплаќањето на платата
Член 111
(1) Работодавачот може да го задржи исплаќањето на плата- та само во законски определените случаи. Сите одредби на до- говорот за вработување, кои определуваат други начини на за- држување на исплатата, се ништовни.
(2) Работодавачот не смее своите побарувања кон работни- кот без негова писмена согласност да ги порамни со својата об- врска за исплата на платата.
(3) Работникот не смее да даде согласност од ставот (2) на овој член пред настанувањето на побарувањето на работодава- чот.
Надоместок на плата Член 112
(1) Работникот има право на надоместок на платата за цело- то време на отсуство во случаите и во траење определени со за- кон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.
(2) Работодавачот е должен да му исплати надоместок на платата во случаите на отсутност од работа поради користење на годишниот одмор, платениот вонреден одмор, дообразување, со закон определени празници и од работа слободните денови и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот.
(3) Работодавачот исплаќа надоместок на платата и во слу- чаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди до 21 ден, а над 21 ден се исплаќа на товар на здравственото осигурување. Во случај на отворање на ново боледување во рок од три дена од престанокот на претходното боледување, работодавачот има право да побара од првостепе- ната лекарска комисија да го потврди новото боледување или да го продолжи прекратеното старо боледување.
(4) Работодавачот може да исплати на товар на другиот обврз- ник надоместок за платата, исто така, и во случај ако така е одре- дено со закон или друг пропис.
(5) Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на половина од платата, на која инаку би имал право, ако би работел.
(6) Ако со овој закон или друг закон поинаку не е одредено, на работникот му припаѓа надоместок на платата во висина од неговата просечна плата од последните 12 месеца. Доколку ра- ботникот во тој период не примал плата, му припаѓа надомест во висина на најниската плата.
(7) Работодавачот е должен да му исплати на работникот на- доместок на плата за денови и часови, колку што изнесува ра- ботната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи.
(8) Во случај на прекин на работниот процес од деловни при- чини, работодавачот е должен на работникот да му издаде ре-
xxxxx и да му плати 70% од платата за период до три месеца во тековната година.
Надоместување на трошоците поврзани со работата
Член 113
(1) Работникот има право на надомест на трошоци повр- зани со работата за:
1) исхрана за време на работа, доколку се исплатува во пари- чен износ;
2) превоз до и од работа, доколку се исплатува во паричен износ;
3) службено патување;
4) теренски додаток;
5) користење на приватен автомобил за службени патувања;
6) одвоен живот од семејството x
7) смрт на работникот или член на неговото семејство.
(2) Работникот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни награди.
(3) Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со коле- ктивен договор.
Исплата на приправниците Член 114
Работникот - приправник има право на плата определена спо- ред закон и колективен договор, но не помалку од 50% од најни- ската плата на работното место за кое се оспособува.
Застарување на побарувањата од работен однос
Член 115
Паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската.
IX РАБОТНО ВРЕМЕ
Полно работно време Член 116
(1) Полното работно време не смее да биде подолго од 40 ча- са неделно.
(2) Работната недела по правило трае пет работни дена.
(3) Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно време, работното време кое е покра- тко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа недел- но.
(4) Со закон или други прописи во согласност со закон, или со колективен договор може да се определи за работните места, кај кои постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно.
(5) Ако полното работно време не е определено со закон или колективен договор, се смета како полно работно време, работ- ното време од 40 часа неделно.
(6) Работодавачот е должен да води евиденција за полното работно време.
(7) Работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација е должен да води еле- ктронско евидентирање на полното работно време и на преку- времената работа.
Прекувремена работа Член 117
(1) Работникот е должен на барање на работодавачот да вр- ши работа преку полното работно време (прекувремена работа):
1) во случаи на исклучително зголемување на обемот на ра- ботата;
2) ако е потребно продолжување на деловниот или производ- ниот процес;
3) ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата;
4) ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имо- тот, како и безбедноста на прометот и
5) во други случаи определени со закон или колективен дого- вор.
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу десет часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се органи- зира работата во смени, согласно со акт на Владата на Републи- ка Македонија.
(3) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полно- то работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден
во текот на годината, кај истиот работодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во ви- сина од една просечна плата во Републиката.
(4) Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на ра- ботникот.
(5) Ако работодавачот воведува прекувремена работа подол- го од ставот (2) на овој член е должен да изврши прераспореду- вање на работното време или воведување на нови смени.
Прекувремена работа во здравството
(дежурство)
Член 118
Дежурството во здравствените установи како прекувремена работа се уредува со прописите од областа на здравството.
Дополнително работење во случаи на природна или друга несреќа
Член 119
Работникот е должен да ја врши работата преку полното или договорното пократко работно време на своето работно место или други работи во врска со отстранување или спречувањето на последиците, во случаите на природна или друга несреќа, ако таа несреќа непосредно се очекува. Таквата работа може да трае додека е неопходно да се спасат човечките животи, да се заштити здравјето на луѓето или да се спречи непоправливата материјална штета.
Забрана на вршење работа подолго од полното работно време
Член 120
Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полно- то работно време :
1) ако работата може да се изврши со соодветна организација или распределба на работата, распоредување на работното време или воведување на нови смени;
2) на работникот жена, во согласност со одредбите на овој закон поради заштита на бременоста, раѓање и родителството;
3) на мајка со дете до три години старост и самохран родител со дете до шест години старост, освен ако работникот даде пис-
xxxx изјава дека доброволно се согласува со прекувремена ра- бота;
4) на повозрасен работник;
5) на работник кој не наполнил 18 години возраст;
6) на работникот на кој врз основа на мислење на лекарската комисија поради таквото работење ќе му се влоши здравствена- та состојба;
7) на работникот кој има полно работно време пократко од 36 часа неделно поради работа на работното место, каде што оп- стојуваат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања и
8) на работникот кој работи помалку од полното работно вре- ме (скратено работно време) во согласност со прописите за пен- зиско и инвалидско осигурување (инвалидност), прописите за здравствено осигурување (медицинска рехабилитација) или дру- ги прописи (родителски обврски).
Дополнително работење Член 121
(1) Работникот, кој работи полно работно време, може по иск- лучок да склучи договор за вработување со скратено работно време со друг работодавач, меѓутоа најмногу за десет часа не- делно, со претходна согласност на работодавачите, каде што е вработен со полно работно време.
(2) Обврзен составен дел на договорот за вработување спо- ред ставот (1) на овој член е договорот за начинот на остварува- њето на правата и обврските од овој работен однос со оглед на правата и обврските на работникот кај работодавачот, каде што е вработен со полно работно време.
(3) На работникот, кој склучува договор за вработување спо- ред ставот (1) на овој член, престанува да му важи договорот за вработување во согласност со овој закон, по изминувањето на договореното време, или ако е повлечена согласноста на рабо- тодавачот, каде што работникот е во работен однос со полно ра- ботно време.
Скратено работно време во посебни случаи
Член 122
(1) Работникот кој работи помалку од полното работно време
(скратено работно време) во согласност со прописите за пензи-
ско и инвалидско осигурување (инвалидност), прописите за здравствено осигурување (медицинска рехабилитација) и оства- рува права од задолжителното социјално осигурување кога би работел со полно работно време.
(2) Работникот од ставот (1) на овој член, кој работи помалку од полното работно време, има право на плаќање за работата според стварните работни обврски, како и други права и обврски од работниот однос како работникот кој работи полно работно време, ако со овој закон поинаку не е определено.
Распоредување на работното време Член 123
(1) Распоредувањето и условите за времено прераспоредува- ње на работното време се одредуваат со закон, колективниот договор или договорот за вработување.
(2) Работодавачот мора во писмена форма да го извести ра- ботникот за временото прераспоредување на работното време најмалку еден ден пред тоа.
(3) При распоредување на полното работно време работни- кот не смее да биде распореден на помалку од четири работни дена во неделата.
(4) Распоредувањето на работното време се врши според природата или организацијата на работата или потребите на ко- рисниците. При распоредување, како и временото прераспоре- дување на полното работно време, работното време не смее да трае повеќе од 40 часа неделно и не помалку од четири часа дневно.
(5) При распоредување, како и временото прераспоредување на работното време се зема предвид работното време како про- сечна работна обврска во периодот, кој не смее да биде подолг од шест месеца.
(6) Одредбата од членот 120 на овој закон за забрана на ра- бота преку полното работно време важи, исто така, и во случај на нееднакво распоредување или прераспоредување на работ- ното време.
Прераспределба на работното време Член 124
(1) Прераспределбата на работното време може да се извр- ши кога тоа го бара природата на дејноста, односно работите и задачите.
(2) Во случаите од ставот (1) на овој член, прераспределбата на работното време се врши така што вкупното работно време на работникот во просек да не биде подолго од 40 часа во ра- ботната недела во текот на годината.
Распоред на работното време Член 125
(1) Распоредот на работното време го утврдува работодава- чот.
Пресметување на работното време Член 126
(1) Работникот кој поради прераспоредување на работното време и кој во времето пред престанувањето на работниот од- нос во календарската година поминал повеќе работни часа на работа, отколку што е тоа одредено за работата со полно работ- но време, може да бара, веќе одработените работни часови да му се пресметаат во работни денови со полно работно време.
(2) Според ставот (1) на овој член пресметаните денови се сметаат во работен стаж на работникот, како кога би ги поминал на работа. Вкупниот работен стаж во календарската година не смее да надминува 12 месеца.
Ноќна работа Член 127
Како ноќна работа се смета работењето во времето меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. Ако со распоредување- то на работното време е одредена ноќна работна смена, за ноќ- но работење се сметаат осум непрекинати часа меѓу 22,00 часот и 7,00 часот идниот ден.
Права на работниците кои работат ноќе Член 128
(1) Работникот кој работи ноќе барем три часа од својата ре- довна дневна работна обврска, односно работникот кој одрабо- тува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна рабо- та.
(2) Ако на работник заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото работење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.
(3) Работодавачот е должен на работниците кои работат ноќе да им обезбеди:
1) подолг одмор;
2) соодветна храна;
3) стручно раководство на работниот, односно производниот процес и
4) лекарски прегледи.
(4) Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците. Притоа ра- ботникот во ноќна смена смее да работи најдолго една недела.
(5) Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.
Ограничувања на работата ноќе Член 129
(1) Работното време на работникот кој работи ноќе до четири месеца не смее да трае просечно повеќе од осум часа дневно.
(2) Работното време на работникот кој работи ноќе на работ- но место, каде што постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не смее да трае повеќе од осум часа дневно.
Консултирање со синдикатот Член 130
Работодавачот е должен пред воведувањето на ноќната ра- бота, ако ноќната работа редовно се врши со работници кои ра- ботат ноќе најмалку еднаш годишно, да се консултира со репре- зентативниот синдикат кај работодавачот, а ако таков нема, со работничкиот претставник за одредување на времето, коешто се смета како време на ноќното работење, за облиците на органи- зирање на ноќното работење, за мерките за заштита при работа, како и мерки од социјалната заштита.
Ноќна работа на жените во индустријата и градежништвото
Член 131
(1) Работничка од областа на индустријата и градежништвото не може да се распореди на работа ноќе ако работата во тоа време би оневозможила да оствари одмор од најмалку седум ча- са во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден.
(2) Забраната од ставот (1) на овој член не се однесува на ра- ботничка која има посебни овластувања и одговорности или која врши работи на здравствена, социјална и друга заштита на ра- ботници.
(3) По исклучок од одредбата на ставот (1) од овој член, на работничка може да и се определи да работи ноќе кога е неопходно да се продолжи работата прекината од виша сила и кога е потребно да се спречи штетата на суровини или на друг материјал.
(4) Работничката може да биде распоредена на работа ноќе и кога тоа го бараат особено сериозни економски, социјални и слични околности под услов работодавачот за воведување на таква работа да добие согласност од органот на државната управа надлежен за работите на трудот.
X ПАУЗИ И ОДМОРИ
Пауза за време на работното време Член 132
(1) За време на дневното работно време работникот кој рабо- ти со полно работно време има право на пауза во траење од 30 минути.
(2) Работникот кој работи со пократко работно време, меѓутоа најмалку четири часа дневно, има право на пауза во траење од 15 минути .
(3) Должината на паузата во случај на нееднакво распореду- вање или времено прераспоредување на работното време се одредува пропорционално на должината на дневното работно време.
(4) Xxxxxxx може да се одреди дури по еден час работа и нај- доцна три часа пред крајот на работното време.
(5) Времето на паузата во текот на работниот ден се засмету- ва во работното време и за истото се исплатува плата.
Одмор меѓу два последователни работни дена
Член 133
(1) Работникот има право на одмор меѓу два последователни работни дена во непрекинато траење од најмалку 12 часа.
(2) Работникот кој врши работа при распоредување или во случај на времено прераспоредување на работното време има право на одмор меѓу два последователни работни дена, во не- прекинато траење од најмалку 12 часа.
Неделен одмор Член 134
(1) Работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато.
(2) Ден на неделниот одмор по правило е недела.
Посебности на начинот на вршење на работата
Член 135
Во случаите кога работното време не е можно однапред да се распореди, односно кога работникот сам си го распоредува работното време самостојно (деловодни лица, работници кои водат работни единици и имаат овластувања за самостојни од- лучувања и работници кои вршат работа дома), работодавачот не е должен да ги земе предвид одредбите на овој закон во од- нос на ограничувањата на работното време, ноќната работа, од- морот, дневниот и неделен одмор, под услов, на работниците да им е обезбедена заштита при работата.
Можности на поинакво уредување со колективните договори
Член 136
(1) Со колективните договори може да се определи времен- ското ограничување на работните обврски на работникот кој ра- боти ноќе, определени со членот 129 на овој закон, да се земат во обѕир како просечно ограничување во периодот подолг од че- тири месеца, меѓутоа не подолг од шест месеца.
(2) Со колективните договори може да се одреди дневниот и неделниот одмор во просечно минимално траење, како што го
(3) Во дејностите, односно за работните места или професии- те во случаите од ставот (4) на овој член, може да се определи дневниот или неделниот одмор во просечно минимално траење, како што го одредува закон, да го обезбедува во подолг времен- ски период, кој не смее да биде подолг од шест месеца.
(4) Според ставот (3) на овој член може да се обезбеди пра- вото на дневниот или неделен одмор во дејностите, односно за работните места или професии во случаите:
1) каде што природата на работата бара постојано присуство или
2) каде што природата на дејноста бара континуирано обез- бедување на работа или услуги или
3) на предвидениот нееднаков или зголемен обем на работа.
Годишен одмор Член 137
(1) Работникот има право на годишен одмор во траење од 20
до 26 работни дена.
(2) Xxxxxxxxxx работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со теле- сен или душевен недостаток има право на уште три работни де- на годишен одмор.
(3) Работодавачот е должен на работникот да му издаде ре- шение за правото на користење на годишен одмор.
Определување на траењето на годишниот одмор
Член 138
(1) Траењето на годишниот одмор определен со членот 137 на овој закон се определува според времето поминато во работен од- нос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективни- от договор.
(2) Празниците, саботите и неделите и слободните денови, отсуствата поради боледување, како и другите случаи на оправ- дано отсуство од работа не се пресметуваат во деновите на го- дишниот одмор.
(3) Како ден на годишен одмор се смета секој работен ден кој е според распоредот на работното време кај работодавачот за конкретниот работник одреден како работен ден.
Стекнување право на годишен одмор Член 139
Работникот се стекнува со правото на цел годишен одмор, ко- га ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеца, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од полното.
Право на пропорционален дел од годишниот одмор
Член 140
(1) Работникот има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по 1/12 од годишниот одмор од секој месец работа, ако:
1) во календарската година во која склучил работен однос не се стекнал со правото на целосен годишен одмор;
2) му престанал работниот однос пред изминувањето на ро- кот, по истекувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор и
3) работниот однос во тековната календарска година му пре- станал пред први јули.
(2) При пресметувањето на пропорционалниот дел на годиш- ниот одмор најмалку половина од денот се заокружува на цел ден од годишниот одмор.
Користење на годишниот одмор Член 141
(1) Годишниот одмор по правило се користи во текот на ка- лендарската година.
(2) Годишниот одмор може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена.
(3) Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната го- дина.
(4) Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековна- та календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната
календарска година, ако во календарската година, во којашто му бил одреден одморот, работел најмалку шест месеца.
(5) Работникот кој работи во странство може во целост да го искористи годишниот одмор до крајот на идната календарска го- дина, ако е така определено со колективниот договор на работо- давачот.
Определување и користење на годишен одмор во обла- ста на образованието и науката
Член 142
Должината и начинот на користењето на годишниот одмор во установите од областа на образованието и науката се уредуваат со прописите од областа на образованието и науката.
Користење на годишен одмор во случај на склучување на договор за вработување со друг работодавач
Член 143
(1) Работникот го користи годишниот одмор кај работодава- чот кај кого стекнал право на негово користење, освен ако со ра- ботодавачот поинаку не се договорил.
(2) По престанувањето на работниот однос работодавачот е должен да му даде на работникот потврда за искористен годи- шен одмор.
Начин на користење на годишниот одмор Член 144
(1) Годишниот одмор се користи земајќи ги предвид потреби- те на работниот процес, како и можностите за одмор и рекреаци- ја на работникот водејќи сметка за неговите семејни обврски.
(2) Работникот има право еден ден од годишниот одмор да го искористи на ден којшто самиот ќе го определи, ако тоа посери- озно не го загрозува работниот процес, за што мора да го изве- сти работодавачот најдоцна три дена пред користењето.
Плаќање на неискористениот дел на годишниот одмор
Член 145
(1) Работникот по престанувањето на работниот однос има право на обештетување за неискористениот дел од годишниот одмор.
(2) Нxxxxxxx x каква било спогодба со која работникот би се откажал од правото на годишен одмор или од обештетувањето за годишниот одмор во случаите од ставот (1) на овој член .
Платен одмор Член 146
(1) Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (са- мо за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена.
(2) Деновите на платениот одмор од ставот (1) на овој член се утврдуваат со колективен договор и по сите основи од ставот
(1) на овој член не може да изнесуваат повеќе од седум работни дена.
Неплатено отсуство Член 147
(1) Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата во случаите и под условите утвр- дени со колективен договор, но најдолго три месеца во текот на календарската година.
(2) За време на неплатеното отсуство на работникот му миру- ваат правата и обврските од работниот однос.
Отсуство од работа поради празнување Член 148
(1) Работникот има право на отсуство од работа со надоме- сток на плата за празниците на Република Македонија, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови.
(2) Правото од ставот (1) на овој член на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден.
Отсуство од работа поради неспособност за работа поради заболување или повреда
Член 149
Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради
заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување.
Отсуство од работа заради вршење на функции или обврски од посебни закони Член 150
(1) Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, од- носно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на зашти- та и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-по- ротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени об- врзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон.
(2) Работникот кој доброволно дава крв има право на отсус- тво од работа на два последователни работни дена за секое да- вање крв.
Мирување на работниот однос на работник избран или именуван на државна или јавна функција
Член 151
На работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот од- нос за време на вршење на функцијата и има право, во рок од 15 дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа кај работодавачот за вршење на работи кои од- говараат на неговиот степен на стручна подготовка.
Мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство
Член 152
(1) На работник кој е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-кул- турна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни прет- ставништва, на стручно усовршување или образование со сог-
ласност и за потребите на работодавачот, му мирува работни- от однос и има право во рок од 15 дена од денот на престану- вањето на работата во странство да се врати на работа кај работодавачот за вршење на работи кои одговараат на него- виот степен на стручна подготовка.
(2) На работник чиј брачен другар е упатен на работа во странство во случаите од ставот (1) на овој член, на негово ба- рање, му мирува работниот однос и има право во рок од 15 дена од денот на престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство да се врати на работа кај работодавачот за вршење работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.
Обврска за вршење на друга работа поради исклучителни околности (природни и други несреќи) Член 153
Во случаите на природни или други несреќи, ако таква несре- ќа се очекува или во други исклучителни околности, кога е загро- зен животот и здравјето на луѓето или имотот на работодавачот, може видот или местото на вршење на работата, определени со договорот за вработување, времено да се променат, исто така, и без согласност на работникот, меѓутоа само додека траат такви- те околности.
Образование на работниците Член 154
(1) Работникот има право и должност на постојано образова- ние, дошколување и оспособување во согласност со потребите на работниот процес, со цел на одржување, односно унапреду- вање на способноста за работа на работното место, како и зачу- вување на работното место.
(2) Работодавачот е должен да им обезбеди образование, до- школување и оспособување на работниците, ако тоа го бараат потребите на работниот процес или, ако со образованието, до- школувањето или оспособувањето може да се избегне откажу- вањето на договорот за вработување од лична или деловна при- чина. Во согласност со потребите на образованието, дошколува- њето или оспособувањето на работниците работодавачот има право работникот да го упати на образование, дошколување или оспособување, а работникот има право и сам да се пријави.
(3) Траењето на образованието, дошколувањето и оспособу- вањето на работниците, како и правата и обврските на договор- ните страни пред и по завршувањето на образованието, дошко- лувањето и оспособувањето на работниците се уредуваат со по- себен договор или со колективен договор.
(4) Работникот и работничкиот претставник имаат право на синдикално образование, согласно со колективен договор.
Право на платено отсуство од работа заради образование
Член 155
(1) Работникот кој се образува, дошколува или оспособува во согласност со членот 154 на овој закон, како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испи- ти.
(2) Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен договор за образование правото од ставот (1) на овој член не е конкретно определено, работникот има право на платено отсуство од работа за деновите, кога првпат полага ис- пити.
XI НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Одговорност на работниците за штетата Член 156
(1) Работникот кој на работа или во врска со работата намер- но или од тешка небрежност му предизвика штета на работода- вачот е должен да ја надомести.
(2) Ако повеќе работници предизвикаат штета секој меѓу нив е одговорен за оној дел на штетата што го предизвикал.
(3) Ако за секој работник не е можно да се утврди колкав дел од штетата предизвикал, сите работници се еднакво одговорни и ја надоместуваат штетата во еднакви делови.
(4) Ако повеќе работници предизвикале штета со намерно казниво дејствие, за штетата се солидарно одговорни.
(5) Ако работникот на работа или во врска со работата на- мерно или од крајно невнимание му предизвика штета на трето лице, работодавачот е должен на тоа лице да му ја надомести штетата, а работникот е должен да ја надомести штетата на ра- ботодавачот.
Паушално обештетување Член 157
Ако утврдувањето на висината на штетата би предизвикало несразмерни трошоци, обештетувањето може да се определи во паушален износ, ако случаите на штетните дејствија на работни- кот и висината на паушалното обештетување се определени со колективен договор .
Намалување на обештетувањето и простување на плаќање- то на обештетувањето
Член 158
Со колективен договор за работникот можат да се определат начинот и условите за намалување или простување од плаќање- то на обештетувањето.
Одговорност на работодавачот за обештетување
Член 159
(1) Ако на работникот му е предизвикана штета при работа или во врска со работата, работодавачот е должен да му ја на- домести штетата, според општите правила на одговорност за надоместок на штетата.
(2) Одговорноста за обештетување на работодавачот се од- несува, исто така, и на штетата која работодавачот ја предизви- кал со кршењето на правата на работникот од работниот однос.
XII ПОСЕБНА ЗАШТИТА
Забрана за вршење на подземни работи Член 160
(1) Работничките не смеат да вршат подземни работи во руд- ниците.
(2) Забраната од ставот (1) на овој член не се однесува на ра- ботничките:
1) кои се раководни лица, односно водат работни единици и имаат овластувања за самостојни полноважни одлуки;
2) кои мораат поради стручно образување да поминат одре- дено време на пракса на подземни работи во рудниците и
3) кога се вработени во здравствените или социјалните служ- би и други случаи, кога мораат да одат на подземни работи во рудник заради вршење на работи кои не се физички.
Заштита на работниците поради бременост и родителство
Член 161
(1) Работниците поради бременост и родителство имаат пра- во на посебна заштита во работниот однос.
(2) Работодавачот е должен на работниците да им овозможи полесно усогласување на семејните и професионалните обвр- ски.
Забрана за вршење работи за време на бременост и по породување Член 162
(1) За време на бременост и уште една година по породува- њето, работничката не смее да врши работи, ако тие со зголеме- на опасност влијаат на нејзиното здравје или здравјето на дете- то.
(2) Работите од ставот (1) на овој член ги пропишува мини- стерот надлежен за работите од областа на трудот, во соглас- ност со министерот надлежен за работите од областа на здрав- ството.
Посебна заштита за време на бременоста Член 163
(1) Работодавачот на смее да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не ги доста- ви заради остварувањето на правата за време на бременоста.
(2) Ако работничката врши работа која за време на нејзината бременост може штетно да влијае на нејзиното здравје или здравјето на детето, определени согласно со членот 162 на овој закон, работодавачот е должен да и обезбеди вршење на друга соодветна работа и плата, како да ја вршела својата работа, ако тоа за неа е поповолно.
(3) Во спорот меѓу работодавачот и работничката одлучувач- ко е мислењето на избраниот лекар, односно лекарската коми- сија.
Заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и прекувремената работа
Член 164
(1) За време на бременост или со дете до една година во- зраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе.
(2) На работничката која има дете од една до три години во- зраст, може да и се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина претходна писмена согласност.
(3) Правото од ставовите (1) и (2) на овој член го има работ- никот - татко на детето, односно работникот кој го негува детето, доколку мајката умре, го напушти детето, односно врз основа на мислењето на надлежната лекарска комисија според прописите на здравственото осигурување е неспособна за самостојно жи- веење и работа.
(4) На еден од работниците - родители кој има дете помладо од седум години или тешко болно дете или дете со телесен или душевен недостаток и кој живее сам со детето и се грижи за не- говото воспитување и заштита, може да му се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по негова претход- на писмена согласност.
Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство
Член 165
(1) Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) една година.
(2) Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, ра- ботничката може да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање.
(3) Работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на деветмесечна возраст на детето, а доколку по- своила повеќе деца (две или повеќе) една година.
(4) Работничка која посвојува дете има право на платено отсуство за времетраењето на периодот на адаптацијата на детето, согласно со прописите за семејството.
Повторно враќање на работа од отсуство од работа пора- ди бременост, раѓање
и родителство Член 166
(1) Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓа- ње и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството.
(2) Работничката од ставот (1) на овој член, покрај правото на плата, има право и на надомест на плата за отсуство поради
бременост и родителство, во висина од 50% од утврдениот из- нос на надоместокот за отсуството од ставот (1) на овој член според прописите за здравствена заштита.
Користење на отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете
Член 167
Доколку отсуството од работа за родителство од членот 165 на овој закон не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето.
Продолжување на отсуството поради бременост, раѓање и родителство Член 168
(1) Ако работничка роди мртво дете или ако детето умре пред истекот на отсуството поради бременост, раѓање и родителс- тво, има право да го продолжи отсуството за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне од раѓањето и од психичката состојба предизвикана со губењето на детето, а најмалку 45 дена, за кое време и припаѓаат сите права врз осно- ва на отсуството за бременост, раѓање и родителство.
(2) За време на отсуството од ставот (1) на овој член и членот 165 став (2) на овој закон, работничката има право на надомест на плата според прописите за здравствена заштита.
Скратено работно време на родител на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби
Член 169
(1) Еден од родителите на дете со развојни проблеми и по- себни образовни потреби има право да работи со половина од полното работно време ако двајцата родители се во работен од- нос или ако родителот е самохран, врз основа на наод од над- лежна лекарска комисија, ако детето не е сместено во установа за социјално-здравствено згрижување.
(2) Скратеното работно време од ставот (1) на овој член се смета како полно работно време, а правото на надомест на пла- та се исплатува според прописите за социјална заштита.
Надоместок на плата Член 170
Право на мајката доилка Член 171
XIII ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ КОИ СÉ УШТЕ НЕ НАПОЛНИЛЕ 18 ГОДИНИ ВОЗРАСТ
Посебна заштита на работниците кои сé уште не наполниле 18 години возраст
Член 172
Работниците кои сé уште не наполниле 18 години возраст во работниот однос имаат посебна заштита.
Забрана за вршење на работи Член 173
(1) На работниците кои сé уште не наполниле 18 години во- зраст работодавачот не смее да им наложи да вршат тешки фи- зички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, рабо- ти со извори на јонизирачки зрачења и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето, однос- но здравствениот развој со оглед на нивните психофизички спе- цифичности.
(2) Работите од ставот (1) на овој член ги пропишува мини- стерот надлежен за работите од областа на трудот, во соглас-
ност со министерот надлежен за работите од областа на здрав- ство.
Работно време, одмор и пауза Член 174
(1) Работното време на работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст не смее да биде подолго од осум часа днев- но и 40 часа неделно.
(2) Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст и работи најмалку четири ипол часа дневно, има право на пауза за време на работното време во траење од најмалку 30 минути.
(3) Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст има право на одмор меѓу два дена во траење од најмалку 24 последователни часа.
Забрана за ноќна работа Член 175
(1) Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст не смее да работи ноќе меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден.
(2) По исклучок може да се одреди работникот кој сé уште не напол- нил 18 години возраст да работи ноќе во случај на виша сила, кога та- квата работа трае определено време и мора веднаш да биде изврше- на, а полнолетните работници не се на располагање. Во тој случај мора на работниците кои сé уште не наполниле 18 години возраст, да им би- де обезбеден одмор во наредните три дена.
(3) Во случаите од ставот (2) на овој член работодавачот мо- ра да обезбеди надзор од страна на полнолетен работник.
Зголемен годишен одмор Член 176
Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст има право на годишен одмор зголемен за седум работни дена.
XIV ЗАШТИТА НА ИНВАЛИДИ
Вработување, оспособување или преоспособување на инвалидите Член 177
Работодавачот обезбедува заштита на инвалидите при вра- ботувањето, оспособувањето или преоспособувањето во соглас- ност со закон.
Права на инвалидите на трудот Член 178
(1) На работникот - инвалид со преостаната или променета работна способност, работодавачот е должен да му обезбеди вршење на друга соодветна работа, односно работа со пократко работно време со оглед на преостанатата или променетата ра- ботна способност, како и соодветен надомест на платата во вр- ска со остварувањето на овие права во согласност со прописите на пензиското и инвалидското осигурување.
(2) На работникот кај кого постои непосредна опасност од на- станување на инвалидност, работодавачот е должен да му обез- беди вршење на друга соодветна работа, како и соодветен надо- мест на платата во врска со остварувањето на ова право во сог- ласност со прописите на пензиското и инвалидското осигурува- ње.
XV ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА ПОВОЗРАСНИ РАБОТНИЦИ
Член 179
Работниците повозрасни од 57 години жени и 59 години ма- жи, уживаат посебна заштита, согласно со овој и друг закон.
Ограничување на прекувремената и ноќната работа
Член 180
На повозрасниот работник работодавачот без согласност на работникот не смее да му одреди прекувремена или ноќна ра- бота.
XVI ОСТВАРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС
Остварување на правата кај работодавачот и судска заштита
Член 181
(1) Ако работникот смета дека работодавачот не му ги обез- бедува правата од работниот однос или крши кое било од него- вите права од работниот однос има право да поднесе писмено
барање до работодавачот кршењето да го отстрани, односно да ја исполни својата обврска.
(2) Ако работникот смета дека со писмена одлука на работо- давачот е прекршено неговото право, има право во рок од осум дена од врачувањето на одлуката со која било прекршено пра- вото, да бара од работодавачот истото да го отстрани.
(3) Ако работодавачот во натамошниот рок од осум дена по врачувањето на писменото барање на работникот не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кр- шењето на правото, работникот може во рок од 15 дена да бара судска заштита пред надлежниот суд.
(4) Против одлуката за отказ на договорот за вработување, работникот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од врачу- вањето од страна на работодавачот, пред надлежниот суд.
(5) Без оглед на роковите од ставовите (2) и (3) на овој член работникот може паричните побарувања од работниот однос да ги остварува непосредно пред надлежниот суд.
(6) Неизбраниот кандидат за вработување кој смета дека при изборот била прекршена забраната на дискриминација, во рок од 15 дена од приемот на известувањето од страна на работо- давачот може да бара надомест на штета пред надлежниот суд.
XVII МИРНО РЕШАВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ РАБОТНИ СПОРОВИ
Мирно решавање на индивидуални и колективни работни спорови
Член 182
(1) Во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и работникот можат да се договорат решавањето на спорот да го доверат на посебен мировен совет составен од три члена, од кои по еден определуваат работодавачот и работ- xxxxx и еден кој заеднички ќе го определат.
(2) Надоместокот за работата на заеднички определениот член на мировниот совет е на товар на страните во спорот.
Мирно решавање на колективни работни спорови (арбитража)
Член 183
(1) Со колективен договор може да се определи арбитража за ре- шавање на колективни работни спорови.
(2) Со колективниот договор се одредува составот, постапка- та и други прашања значајни за работата на арбитражата.
(3) Ако работодавачот и работникот се согласат со арбитраж- но решавање на работниот спор, одлуката на арбитражата е ко- нечна и задолжителна за двете страни.
(4) Против одлуката на арбитражата не е допуштен спор пред надлежниот суд.
XVIII СИНДИКАТИ И ЗДРУЖЕНИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ
Асоцијации на работници и работодавачи
Член 184
(1) Работниците имаат право, по свој слободен избор, да ос- новаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите про- пишани со статутот или правилата на тој синдикат.
(2) Синдикатот е самостојна, демократска и независна орга- низација на работниците во која доброволно се здружуваат за- ради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
(3) Работодавачите имаат право, по свој слободен избор, да основаат здружение и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тоа здружение.
(4) Здружението на работодавачите е самостојна, демократ- ска и независна организација во која работодавачите добровол- но стапуваат заради претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други интереси.
(5) Синдикатите и здруженијата од ставовите (1) и (3) на овој член можат да се основаат без какво било претходно одобрува- ње.
Доброволност на членство во синдикатот и здружението на работодавачите
Член 185
(1) Работникот, односно работодавачот слободно одлучува за своето стапување и истапување од синдикатот, односно здру- жението на работодавачите.
Заштита на синдикатот и здружението на работодавачите
Член 186
(1) Синдикатот, односно здружението на работодавачите не можат да бидат распуштени или нивната дејност запрена по ад- министративен пат, ако се основани и дејноста ја вршат во сог- ласност со закон.
Здружување на повисоки нивоа Член 187
(1) Синдикатите, односно здруженијата на работодавачите можат да основаат свои сојузи или други облици на здружување во кои нивните интереси се поврзуваат на повисоко ниво (синди- кати и здруженија на работодавачи на повисоко ниво).
(2) Синдикатите и здруженијата на работодавачите на пови- соко ниво ги уживаат сите права и слободи загарантирани за синдикатот, односно здружението на работодавачите.
(3) Синдикатите и здруженијата на работодавачите имаат право слободно да се здружуваат и соработуваат со меѓународ- ните организации основани поради остварување на нивните пра- ва и интереси.
Статут на синдикатите, односно здруженијата на работодавачите Член 188
(1) Синдикатот, здружението на работодавачите, односно синди- катите и здруженијата на работодавачите на повисоко ниво, мора да имаат статут заснован и донесен на начелата на демократското за- стапување и демократско почитување на волјата на членовите.
(2) Со статутот се утврдуваат: целта на здружувањето во синди- катот, односно здружението на работодавачите, внатрешната орга- низација на синдикатот, односно здружението, називот, седиштето, подрачјето на дејствување, симболот, органите на синдикатот, од- носно здружението, начинот на избор и разрешување на тие орга-
ни, нивниот мандат, овластувањата на органите, постапката за зач- ленување и престанок на членството, начинот на определување на членарината, начинот на донесување и измени на статутот, прави- лата и другите општи акти, начинот на стекнување, располагање и надзор над имотот и престанокот на работата на синдикатот, од- носно здружението на работодавачите.
(3) Статутот мора да содржи одредби за телата овластени за склучување на колективните договори.
(4) Називот на синдикатот, односно здружението на работодава- чите на повисоко ниво мора јасно да се разликува од називот на веќе регистрираните синдикати, здруженија на работодавачи, од- носно регистрирани синдикати, односно здруженија на повисоко ни- во.
Правна способност на синдикатите, односно здруженијата на работодавачите
Член 189
Регистар на синдикатите и здруженијата на работодавачите
Член 190
(1) Синдикатите и здруженијата на работодавачите на пови- соко ниво, се запишуваат во регистарот кој се води во мини- стерството надлежно за работите од областа на трудот.
(2) Во регистарот се запишува: денот на основањето, нази- вот, седиштето, подрачјето на дејствување, називот на извршно- то тело, името на лицето овластено за застапување и престано- кот на дејствување, престанокот на овластувањето на подружни- цата, односно другиот облик на внатрешното организирање во правниот промет.
Барање за упис во регистарот Член 191
(1) На барање на основачот синдикатот, односно здружение- то на работодавачите се запишува во регистар кој го води мини- стерството надлежно за работите од областа на трудот.
(2) Со барањето за упис мора да се приложи: одлуката за ос- новање, записникот од основачкото собрание, статутот, називот
на основачот и членовите на извршното тело, името и презиме- то на лицето или лицата овластени за застапување и податоци- те за бројот на членовите на синдикатот врз основа на платена членарина.
Решение за барањето за упис во регистарот
Член 192
(1) По барањето за упис на синдикатот, односно здружението на работодавачите во регистарот се донесува решение.
(2) Решението од ставот (1) на овој член содржи: дата и упис и број под кој синдикатот, односно здружението на работодава- чите е запишан во регистарот, назив на синдикатот, односно здружението на работодавачите седиште и име и презиме на лицето, односно лицата овластени за застапување.
Пријава на промени на податоците Член 193
(1) Во регистарот мора да се пријави секоја промена на нази- вот на синдикатот, односно здружението на работодавачите, од- носно подружницата или друг облик на внатрешно организира- ње, седиштето, подрачјето на дејствување, називот на извршно- то тело, лицето овластено за застапување престанокот на дејс- твувањето, односно овластувањата во правниот промет.
(2) Лицето овластено за застапување на синдикатот, односно здружението на работодавачите е должно промените од ставот
(1) на овој член да ги пријави на органот кој го води регистарот, во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промените.
Имот на синдикатот и здружението на работодавачите
Член 194
(1) Синдикатот, односно здружението на работодава- чите може да прибира уписнина и членарина и со купување, подарок или на друг законски начин да стекнува имот без ка- кво било претходно одобрение.
(2) Присилно извршување не може да се спроведе на нед- вижниот и подвижниот имот на синдикатот, односно здружение- то на работодавачите неопходен за одржување состаноци.
(3) Ако синдикатот, односно здружението престане да дејствува со имотот на синдикатот, односно здружението се по-
стапува на начин пропишан со статутот на синдикатот, односно здружението.
(4) Ако синдикатот, односно здружението престане да дејс- твува имотот на синдикатот, односно здружението не може да се подели на членовите на синдикатот, односно здружението.
Дејствување на синдикатот, односно здружението на рабо- тодавачите и забрана на надзор
над другата страна
Член 195
Работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите, од- носно нивните здруженија на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин пот- помагаат синдикатите, односно нивните здруженија на пови- соко ниво.
Судска заштита на членските права Член 196
Член на синдикатот, односно здружението на работодавачите може да бара судска заштита во случај на повреда на неговите права утврдени со статутот или другите правила на синдикатот, односно здружението.
Судска заштита на правото на здружување Член 197
(1) Синдикатот, односно здружението на работодавачите и нивните здруженија на повисоко ниво можат да бараат од судот да ја забрани дејноста која е спротивна на правото на слободно здружување на работниците, односно работодавачите.
(2) Синдикатот, односно здружението и нивно здружение на повисоко ниво може да бара надомест на штета која ја претрпе- ле поради дејности од ставот (1) на овој член.
Забрана на нееднакво постапување поради синдикално членство или активности
Член 198
(1) Работникот не смее да биде ставен во понеповолна по- ложба од другите работници поради членство во синдикатот, а особено не е допуштено:
2) да му се раскине договорот за вработување или на друг начин го стави работникот во понеповолна положба од другите работници поради негово членство во синдикатот или учество во синдикални активности надвор од работното време, а со соглас- ност на работодавачот и за време на работното време.
(2) Членството во синдикатот и учество во активностите на синди- катот не смее да биде околност на која работодавачот ќе ја заснова одлуката за склучување на договор за вработување, за промена на работата која работникот ја работи, односно местото на работа, струч- ното образование, напредувањето, плаќањата, социјалните надоме- стоци и престанок на договор за вработување.
(3) Работодавачот, директорот или некој друг орган и застап- никот на работодавачот, не смеат да користат присила против кој било синдикат.
Синдикален претставник Член 199
(1) Синдикатите самостојно одлучуваат за начинот на нивно- то застапување кај работодавачот.
(2) Синдикатите кои имаат членови вработени кај одреден ра- ботодавач можат да именуваат или изберат еден или повеќе синдикални претставници кои ќе ги застапуваат кај тој работода- вач.
(3) Синдикалните претставници имаат право кај работодава- чот да ги штитат и промовираат правата и интересите на члено- вите на синдикатот.
(4) Работодавачот е должен на најбројниот репрезентативен синдикат да му обезбеди просторни услови за вршење на дејно- ста.
(5) Работодавачот е должен на синдикатите и нивните прет- ставници да им овозможи навремено и успешно остварување на правата од ставот (3) на овој член и пристап до податоците важ- ни за остварување на тоа право.
(6) Синдикалниот претставник е должен правото од ставот (3) на овој член да го остварува во време и на начин согласно со ко- лективен договор.
(7) Синдикатот е должен да го извести работодавачот за име- нувањето на синдикалниот претставник.
Заштита на синдикалните претставници
Член 200
(1) Синдикалниот претставник е заштитен од отказ согласно со овој закон.
(2) На синдикалниот претставник заради синдикална актив- ност не може да му се намали платата или да му се откаже до- говорот за вработување.
(3) На синдикалниот претставник за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување само со претходна согласност на синдикатот.
(4) Ако синдикатот во рок од осум дена не се изјасни за дава- ње или ускратување на согласноста, се смета дека е согласен со одлуката на работодавачот.
(5) Ако синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска одлука.
(6) Заштитата пред отказ за лицата од ставот (1) на овој член трае цело време за времето на траењето на мандатот и најмал- ку две години по престанување на мандатот.
(7) На работник кој е избран или именуван на синдикална функ- ција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да преста- не да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.
Престанок на дејствување на синдикатите, односно здруженијата на работодавачите
Член 201
Синдикатот, односно здружението на работодавачите преста- нува да дејствува, ако:
1) така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здру- жението на работодавачите кое со статутот е овластено да од- лучува за престанок на дејствување на синдикатот, односно здружението;
2) без посебно важни и оправдани причини од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на синдикатот, од- носно здружението поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи и
3) бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синди- катот, односно здружението.
Забрана на дејствување на синдикатот, односно здружението на работодавачите
Член 202
(1) Дејствувањето на синдикатот, односно здружението на ра- ботодавачите ќе се забрани со одлука на редовниот суд, надле- жен според седиштето на синдикатот, односно седиштето на здружението на работодавачите, доколку неговата дејност е спротивна на Уставот и закон.
(4) Со пресудата со која се забранува дејствувањето на синдика- тот, односно здружението судот мора да одлучи за имотот на синдика- тот, односно здружението во согласност со статутот на синдикатот, односно здружението.
(5) Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствување- то на синдикатот, односно здружението се објавува во “Службен вес- ник на Република Македонија”.
XIX КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Видови на колективни договори Член 203
Колективен договор се склучува како општ на ниво на Репуб- лика, посебен на ниво на гранка и поединечен на ниво на рабо- тодавач.
Општ колективен договор Член 204
На ниво на Република Македонија се склучува:
1) општ колективен договор за стопанството и
2) општ колективен договор за јавниот сектор.
Примена и важност на колективните договори
Член 205
(2) Колективниот договор на ниво на гранка се применува не- посредно и е задолжителен за работодавачите кои се членови на здружението на работодавачите потписници на колективниот договор или кои дополнително му пристапиле на здружението.
Предмет на колективното договарање Член 206
(2) Правните норми содржани во колективниот договор се применуваат непосредно и се задолжителни за сите лица на кои, во согласност со одредбите на овој закон, се применува ко- лективниот договор.
Обврска за колективно договарање Член 207
Лицата кои според овој закон можат да бидат страна на коле- ктивниот договор, се должни со добра волја да преговараат за склучување на колективен договор во врска со прашањата кои според овој закон можат да бидат предмет на колективниот до- говор.
Лица кои ги обврзува колективниот договор Член 208
(1) Колективниот договор ги обврзува сите лица кои го склу- чиле и сите лица кои во времето на склучувањето на колектив- ниот договор биле или дополнително станале членови на здру- женијата кои го склучиле колективниот договор.
(2) Колективниот договор ги обврзува и сите лица кои му при- стапиле на колективниот договор и сите лица кои дополнително
станале членови на здруженијата кои пристапиле на колективни- от договор.
(3) Поединечниот колективен договор ги обврзува - важи и за работниците кај работодавачот кои не се членови на синдикат или на синдикатот - потписник на колективниот договор.
Облик на колективниот договор Член 209
Колективниот договор задолжително се склучува во писмена форма.
Учесници во склучувањето на колективен договор
Член 210
(1) Колективен договор склучуваат работодавачот или репре- зентативното здружение на работодавачите и репрезентативни- от синдикат.
(2) Учесниците во склучувањето на колективниот договор се должни да преговараат.
(3) Ако во текот на преговорите од ставот (2) на овој член не е постигната согласност за склучување на колективен договор, учесниците можат да образуваат арбитража за решавање на спорните прашања.
Репрезентативност на синдикатот Член 211
Репрезентативноста на синдикатот, во смисла на овој закон, се определува според:
1) уписот во регистарот, во согласност со законот и другите прописи x
2) бројот на членовите врз основа на пристапници.
Услови за определување на репрезентативност на синди-
катот Член 212
(1) Репрезентативен синдикат за склучување колективен до- говор кај работодавачот се смета синдикатот во кој се зачленети најмалку 33% од работниците кај работодавачот или синдикатот кој е член на репрезентативниот синдикат на повисоко ниво на организирање.
(2) Репрезентативен синдикат за склучување колективен до- говор на ниво на гранка и на ниво на Република се смета синди- катот во кој се зачленети најмалку 33% од вкупниот број работ-
ници во гранката или дејноста за која се склучува колективниот договор или синдикатот е член на репрезентативниот синдикат на повисоко ниво на организирање.
Услови за определување на репрезентативност на рабо-
тодавачите Член 213
Спогодба за здружување заради учество во склучување на колективен договор
Член 214
Надлежност за решавање на споровите за репрезентативност на синдикатот, односно на здружението на работодавачите
Член 215
Во случај на спор за репрезентативноста на синдикатот, од- носно на здружението на работодавачите, одлучува надлежниот суд во согласност со закон, во рок од осум дена.
Страни за склучување на општ колективен договор Член 216
Општиот колективен договор го склучуваат репрезентативно- то здружение на работодавачите и репрезентативниот синдикат за територијата на Република Македонија.
Страни за склучување на посебен колективен договор за гранка, односно дејност
Член 217
Посебниот колективен договор за гранката, односно дејноста го склучуваат репрезентативниот синдикат и репрезентативното здружение на работодавачите на ниво на гранка, односно деј- ност.
Страни за склучување на посебен колективен договор за јавни претпријатија и јавни
установи Член 218
Страни за склучување на поединечен колективен договор
Член 219
(1) Поединечен колективен договор склучуваат репрезента- тивниот синдикат кај работодавачот и овластенето лице од ра- ботодавачот.
(2) Ако во склучувањето на колективниот договор од ставот
(1) на овој член учествуваат повеќе репрезентативни синдикати се образува одбор за преговори.
(3) Членовите на одборот од ставот (2) на овој член ги опре- делуваат репрезентативните синдикати.
Страни за склучување на поединечен колективен договор за јавни претпријатија
и јавни установи
Член 220
Поединечен колективен договор за јавните претпријатија и јавните установи склучуваат основачот или органот кој тој ќе го овласти и репрезентативниот синдикат кај работодавачот.
Одбор за преговори Член 221
Ако во склучувањето на колективен договор за територијата на Републиката, односно на ниво на гранка учествуваат повеќе репрезентативни синдикати, односно повеќе репрезентативни здруженија на работодавачи, се образува одбор за преговори чиј состав го определуваат репрезентативните синдикати, од- носно репрезентативните здруженија на работодавачи.
Овластување за склучување на колективен договор
Член 222
Должност за исполнување на обврските од колективниот договор
Член 223
(1) Странките на колективниот договор и лицата на кои тој се применува, се должни да ги извршуваат неговите одредби.
(2) Поради повреда на обврските од колективниот договор, оштетената страна или лице на кое тој се применува може да бара надомест за претрпената штета.
Назнака на лицата, односно подрачјето на примена
Член 224
Во колективниот договор задолжително се назначуваат лица- та и подрачјето на кои тој се применува.
Полномошно за преговарање и склучување на колекти-
вен договор Член 225
(1) Лицата кои ги застапуваат страните на колективниот дого- вор, мора да имаат полномошно за колективно преговарање и склучување на колективен договор.
(2) Ако страна на колективниот договор е правно лице, полно- мошното од ставот (1) на овој член мора да биде издадено во согласност со статутот на правното лице.
Време на склучување на колективниот договор
Член 226
Колективен договор може да се склучи на определено време за период од две години, со можност за продолжување, со пис- мена согласност на страните на договорот.
Престанок на важење на колективен договор
Член 227
(1) Колективен договор склучен на определено време преста- нува да важи со истекот на времето за кое е склучен.
(2) Важењето на колективниот договор може да престане и со спогодба на сите учесници или со откажување, на начинот утвр- ден со колективниот договор.
Продолжување на важење на колективниот договор Член 228
(1) Кога важењето на колективниот договор се продолжува со спогодбата на страните на договорот, спогодба се склучува нај- доцна 30 дена пред истекот на важењето на колективниот дого- вор.
(2) Ако со колективниот договор поинаку не е определено, по истекот на рокот на кој е склучен колективниот договор, неговите одредби и понатаму се применуваат до склучувањето на нов ко- лективен договор.
Отказ на колективниот договор Член 229
(1) Колективниот договор мора да содржи одредби за отказ- ниот рок и постапката за откажување, изменување и дополнува- ње на колективниот договор.
(2) Колективен договор склучен на определено време може да се откаже само ако е предвидена можност за откажување на договорот.
(3) Отказот на договорот мора да се достави до другите стра- ни на договорот.
(4) Во случај на отказ колективниот договор се применува најдолго шест месеца од денот на поднесувањето на отказот, ако со закон поинаку не е определено, со тоа што учесниците се должни постапката за преговарање да ја започнат најдоцна во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на отказот.
(5) По истекот на рокот од ставот (4) на овој член, колективни- от договор престанува да важи ако договорните страни поинаку не се договорат.
Влијание на статусните измени на примената на коле-
ктивниот договор
Член 230
При статусна измена на работодавачот, на работниците се до склучувањето на нов колективен договор, а најдолго една годи- на, продолжува да се применува колективниот договор кој на нив се применувал во времето на статусната измена.
Доставување и регистрација на колективните договори
Член 231
(1) Секој општ и грански колективен договор и секоја измена (изменување, дополнување, откажување или пристапување) на колективниот договор пред нивното објавување мора да се до- стави за регистрација до министерството надлежно за работите од областа на трудот.
(3) Министерот надлежен за работите од областа на трудот, ја пропишува постапката за доставување и регистрирање на ко- лективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените ко- лективни договори и нивните измени.
Објавување на колективните договори Член 232
(1) Колективните договори мора јавно да се објават.
(2) Општите и гранските колективни договори и нивните изме- ни и дополнувања се објавуваат во “Службен весник на Репуб- лика Македонија”.
(3) Поединечниот колективен договор се објавува на начинот утврден со договорот.
Пристапување кон колективен договор Член 233
(1) На колективниот договор можат дополнително да му при- стапат лица кои според одредбите на овој закон можат да бидат страна на колективниот договор.
(2) Изјавата за пристапување кон колективниот договор мо- ра да се достави до сите страни кои го склучиле колективниот договор и до лицата кои дополнително му пристапиле на ко- лективниот договор.
(3) Лицата кои дополнително му пристапиле на колективниот договор имаат исти права и обврски како и страните кои го склу- чиле.
Судска заштита на правата од колективен договор
Член 234
Страна на колективен договор може со тужба пред надлежни- от суд да бара заштита на правата од колективниот договор.
Решавање на колективните работни спорови Член 235
(1) Ако настане спор во постапката на склучување, изменува- ње и дополнување на колективен договор, спорот се решава по мирен пат.
(2) Страните во спорот можат решавањето на колективниот работен спор спогодбено да го доверат на арбитража.
XX ШТРАЈК
Права и обврски за времето на штрајк Член 236
(1) Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од ра- ботниот однос, во согласност со закон.
(2) Штрајкот мора писмено да се најави на работодавачот, односно здружението на работодавачите против кои е насочен, а штрајкот на солидарност на работодавачот кај кого тој штрајк се организира.
(3) Штрајкот не смее да започне пред завршување на постап- ката за помирување, согласно со овој закон и акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот. Обврската за поми- рување не смее да го ограничи правото на штрајкот, кога таква
(4) Штрајкот на солидарност може да започне без спроведу- вање на постапка за помирување, но не пред истекот на два де- на од денот на почетокот на штрајкот за чија поддршка се орга- низира.
(5) Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наве- дат причините за штрајкот, местото на одржувањето на штрај- кот, времетраењето и денот и времето на почетокот на штрајкот.
Отстранување од процесот на работа Член 237
(1) Работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа само во одговор на веќе започнат штрајк.
(2) Бројот на работници отстранети од работа не смее да би- де поголем од 2% од бројот на работниците учесници во штрајкот.
(3) Работодавачот може да ги отстрани од процесот на рабо- та само оние работници кои со своето однесување поттикнуваат насилничко и недемократско однесување, со што се оневозмо- жуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот.
(4) За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплату- ва придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите.
Правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк
Член 238
(1) На предлог на работодавачот, синдикатот и работодава- чот спогодбено подготвува и донесува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.
(2) Правилата од ставот (1) на овој член содржат особено одредби за работите и бројот на работниците кои на нив мора
да работат за време на штрајк, а со цел за овозможување обно- вување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи).
(3) Со определување на работите од ставот (1) на овој член не смее да се оневозможува или битно ограничува правото на штрајк.
(4) Ако синдикатот и работодавачот не се спогодат, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на предлогот на работода- вачот до синдикатот за определувањето на работите од ставот
(1) на овој член, работодавачот или синдикатот може во рок од наредните 15 дена да бара за тие работи да одлучи арбитража.
Последици од организирањето и учеството во штрајк
Член 239
(1) Организирањето или учеството во штрајк организиран во согласност со одредбите на овој закон и колективен договор, не претставува повреда на договорот за вработување.
(2) Работникот не смее да биде ставен во понеповолна по- ложба од другите работници поради организирање или учество во штрајк, организиран во согласност со одредбите на закон и колективен договор.
(3) На работникот може да му се даде отказ само ако орга- низирал или учествувал во штрајк кој не е организиран во сог- ласност со закон и колективен договор или ако за време на штрајкот направил некоја друга тешка повреда на договорот за вработување
(4) Работникот не смее на кој било начин да биде присилен да учествува во штрајкот.
Придонеси од плата Член 240
На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите.
Надоместок на плата за време на штрајк од организаторот на штрајкот
Член 241
Организаторот на штрајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на плата за времето на штрајк на работ- ниците кои учествувале во штрајкот.
Судска забрана на незаконски штрајк и надомест на штета
Член 242
(1) Работодавачот, односно здружението на работодавачите може да бара од надлежниот суд да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на закон.
(2) Работодавачот може да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон.
Судска забрана за незаконско исклучување од работа и
xадомест на штета
Член 243
(1) Синдикатот може да бара од надлежниот суд да забрани исклучување од работа за време на штрајк, спротивно од одред- бите на закон.
(2) Синдикатот може да бара надомест на штета која тој или работниците ја претрпеле поради исклучувањето од работа за време не штрајк кое не е извршено во согласност со закон.
Судска надлежност за забрана на штрајк и отстранување од работа
Член 244
(1) Одлука за забрана на штрајк донесува надлежниот суд за работни спорови во прв степен.
(2) По жалба против одлуката од ставот (1) на овој член, од- лучува надлежниот суд.
(3) Постапката по барањето за забрана на штрајк, односно отстранување од работа е итна.
Штрајк во вооружените сили, полицијата, органите на државната управа и јавните служби Член 245
Штрајкот во вооружените сили, полицијата, органите на др- жавната управа, јавните претпријатија и јавните установи се уре- дува со посебен закон.
XXI ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ
Овластувања на Економско-социјалниот совет
Член 246
(1) Заради утврдување и остварување на усогласени дејности со цел за заштита и промоција на економските и социјалните права, односно интереси на работниците и работодавачите, во- дење на усогласена економска, развојна и социјална политика, поттикнување на социјален дијалог и склучување и примена на колективни договори и нивно усогласување со мерките на еко- номската, социјалната и развојната политика, се основа Еко- номско- социјален совет.
(2) Дејноста на Економско-социјалниот совет се темели на по- требата за тристрана соработка меѓу Владата на Република Ма- кедонија (во натамошниот текст: Вxxxxxx), синдикатите и здру- женијата на работодавачите, во решавањето на економските и социјалните прашања и проблеми.
(3) Економско-социјалниот совет :
1) ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
2) ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
3) ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
4) му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
5) им предлага на Вxxxxxx, работодавачите и синдикатите, од- носно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласе- на политика на цени и плати;
6) дава мислења по предлози на закони од областа на тру- дот и социјалната сигурност;
7) ја промовира и поттикнува потребата на тристрана сора- ботка (трипартитен социјален дијалог) меѓу социјалните партне- ри за решавање на економските и социјалните прашања и проб- леми;
8) го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови и
9) дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.
(4) Економско-социјалниот совет се основа со спогодба меѓу Вxxxxxx, синдикатот и здружението на работодавачите
(5) Со спогодбата за основање на Економско-социјалниот со- вет поблиску се определуваат неговите овластувања.
(6) Економско-социјалниот совет може да основа одбори и ко- мисии за одделни прашања од својот делокруг.
(7) Економско-социјалниот совет донесува деловник со кој се уредува начинот на работата на Советот.
Состав на Економско-социјалниот совет Член 247
(1) Со спогодбата за основање на Економско-социјалниот со- вет се определува неговиот состав.
(2) При утврдување на составот мора да се води сметка за соод- ветна застапеност на социјалните партнери.
XXII ВРШЕЊЕ НА РАБОТИ ВО СТРАНСТВО
Упатување работник на работа во странство
Член 248
(1) Во согласност со договорот за вработување работодава- чот може да го упати работникот на работа во странство.
(2) Работникот може да го одбие упатувањето на работа во странство од оправдани причини, како што се :
1) бременост;
2) инвалидност;
3) здравствени причини;
4) грижа за дете кое не наполнило седум годишна возраст;
5) грижа за дете кое не наполнило 15 години возраст, ако ра- ботникот живее сам со детето и се грижи за неговото воспитува- ње и заштита и
6) други причини определени со договорот за вработување, односно со колективниот договор којшто непосредно го обврзува работодавачот.
(3) Ако договорот за вработување не предвидува можност за работа во странство, работодавачот и работникот се должни да склучат нов изменет договор за вработување. Договорот може да се склучи за време на довршување на проектот, односно за време на довршување на работите кои упатениот работник ги врши во странство.
Договор за вработување за вршење на работи во странство
Член 249
(1) Ако работникот склучува договор за вработување за вр- шење на работа во странство за ограничен период и за тоа време за правата и обврските од деловниот однос се приме- нуваат, исто така, и странските прописи според меѓународно- то приватно право, договорот за вработување покрај обврзу- вачките норми според овој закон мора да содржи и одредби за:
1) траењето на работата во странство;
2) празниците и слободните работни денови;
3) минималниот годишен одмор;
4) висина на платата и валутата, во којашто таа се исплаќа;
5) другите примања во пари, на кои работникот има право за време работата во странство и
6) условите за враќање во татковината.
(2) Наместо одредбите од ставот (1) точки 4 и 5 на овој член, договорот за вработување може да се повикува на друг закон, друг пропис или на колективен договор којшто го уредува тоа прашање.
XXIII РАБОТА НА ДЕЦА ПОМЛАДИ ОД 15 ГОДИНИ, УЧЕНИ-
ЦИ И СТУДЕНТИ
Член 250
(1) Забрането е вработување на деца помлади од 15 години.
(2) Детето кое е помладо од 15 години може, со плаќање на надоместок, да учествува во снимање на филмови, подготовка и изведување на уметнички, сценски и други слични дела (култур- ни, уметнички, спортски и рекламни активности).
(3) Одобрение од ставот (2) на овој член се издава врз основа на барање на законскиот застапник и по претходно извршениот преглед на работното место на детето.
(4) Кај работодавачот може учениците кои наполниле 14 го- дини возраст и студентите да вршат практична работа во рамки- те на образовната програма.
(5) Во случаите од ставовите (2) и (4) на овој член соодветно се применуваат одредбите на овој закон за работното време, од- морите и паузите, за посебната заштита на работниците кои сé
уште не наполниле 18 години возраст, како и за одговорноста за надомест на штета.
Чираци Член 251
(1) Чиракот кој професионално се оспособува кај работодава- чот има работна книшка.
(2) За чиракот за време на професионалното оспособување кај работодавачот се применуваат одредбите на овој и на друг закон со кои се уредува посебна заштита на работниците кои сé уште не наполниле 18 години возраст, распоредувањето на ра- ботното време, одморот за време на работното време, неделни- от одмор, за платениот одмор, отсутност од работа поради праз- нување, отсутност од работа поради неспособност за работа по- ради болест, отсутност од работа поради вршење на функција или обврски според посебни закони и одговорност за надомест на штета.
Посебни договори Член 252
(1) Работодавачот може со определено лице да склучи дого- вор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работо- давачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или по- правка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа.
(2) Договорот од ставот (1) на овој член може да се склучи и за културно-уметнички работи со лице кое врши културно-умет- ничка дејност.
XXIV РАБОТНА КНИШКА
Издавање на работна книшка Член 253
(1) Работникот има работна книшка која е јавен документ.
(2) Работната книшка ја издава службата надлежна за посре- дување при вработување која води регистар за издадените ра- ботни книшки.
(3) Министерот надлежен за работите од областа на трудот ја пропишува содржината и обликот на работната книшка, постап- ката на издавање, начинот за внесување на податоците и по- стапката на замена на работната книшка, како и водењето на ре- гистарот за издадени работни книшки.
Содржина на работната книшка
Член 254
(1) Работната книшка ги содржи следниве лични податоци:
1) сериски и регистарски број, како и место и датум на изда- вањето на личната карта на лицето, односно важечките стран- ски патни документи;
2) единствен матичен број на граѓанинот;
3) даночен број;
4) име и презиме;
5) ден, месец и година на раѓање;
6) место на раѓање, општина, држава;
7) државјанство и
8) податоци за образованието, стручното дошколување и ос- пособување.
(2) Регистарот за издадените работни книшки ги содржи след- ниве лични податоци:
1) единствен матичен број на граѓанинот;
2) име и презиме;
3) ден, месец и година на раѓање;
4) место на раѓање, општина, држава;
5) државјанство и
6) податоци за образованието, стручното дошколување и ос- пособување.
Обврски на работникот и работодавачот Член 255
(1) Работникот е должен да му ја врачи при засновањето на работниот однос на работодавачот работната книшка.
(2) Работодавачот ја чува работната книшка на работникот за време на траењето на работниот однос.
(3) Работодавачот е должен по престанувањето на работниот однос да му ја врати на работникот работната книшка и да го одја- ви од социјално осигурување.
(4) Ако работодавачот по престанувањето на работниот од- нос, во рок од три дена не може да му ја врачи на работникот ра- ботната книшка, ја испраќа на надлежната служба за посредува- ње при вработување во постојаното престојувалиште на работ- никот. Ако постојаното престојувалиште на работникот е непоз- нато, на службата за посредување при вработување која ја изда- ла работната книшка.
(5) Доколку работодавачот по престанувањето на работниот однос во рок од три дена не му ја врати на работникот работната книшка и не биде одјавен од социјално осигурување, одјава од социјално осигурување може да се изврши и по барање на ра-
ботникот врз основа на претходно доставен записник од инспе- кторот на трудот.
XXV ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Надзор од страна на инспекцијата на трудот Член 256
(1) Надзор над примената на овој закон, другите закони и вра- ботување прописи за работните односи, колективните договори и договорите за работа со кои се уредуваат правата и обврските на работникот и работодавачот од работниот однос, врши орга- нот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот.
(2) Работите на инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член ги врши инспекторот на трудот.
Овластувања на инспекцијата на трудот Член 257
(1) Во спроведувањето на надзорот инспекторот на трудот ги има овластувањата утврдени со закон и врз основа на закон до- несените прописи.
(2) Работникот, синдикатот и работодавачот можат да бараат од инспекторот на трудот да изврши инспекциски надзор.
Укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи
Член 258
(1) Ако инспекторот на трудот утврди повреда на закон, друг пропис, колективен договор, договор за вработување и други акти, над чија примена врши инспекциски надзор, со решение ќе му нареди на работодавачот да донесе или поништи акт со кој ќе ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци.
(2) За постапувањето по донесеното решение, работодавачот е должен да го извести инспекторот на трудот.
Забрана за вршење на работи на работодавачот
Член 259
(1) Инспекторот на трудот со решение ќе го забрани вршење- то на работи на работодавачот, ако:
1) затекне да работи лице со кое не е заснован работен од- нос во согласност со закон и колективен договор;
2) работодавачот не поднел пријава за задолжително соци- јално осигурување, односно не пресметал и уплатил придонеси од плата;
3) не исплатил плата, односно најниска плата, за три месе-
ца;
4) не го почитува, односно го крши работното време и рас-
поредот на работното време и
0) не води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа.
(2) Забраната од ставот (1) на овој член трае до отстранува- ње на неправилностите, а за непочитување на работното време, седум дена.
(3) Ако работодавачот ги повтори неправилностите од ставот
(1) на овој член, забраната трае 30 дена од денот на врачување- то на решението.
(4) Забраната од ставот (3) на овој член, на барање на рабо- тодавачот, може да се замени со паричен надомест во износ од
150.000 денари, по доставувањето на доказ дека работодавачот ги уплатил средствата во Буџетот на Република Македонија.
(5) Забраната за работа не може да биде заменета со парична казна од ставот (4) на овој член, доколку инспекторот на трудот по втор пат констатира повреди од ставот (1) на овој член.
Овластување на институцијата за јавни приходи
Член 260
(1) Организацијата надлежна за работите на јавните приходи е должна да го известува надлежниот инспектор на трудот за ра- ботодавачите кои не извршиле пресметка и исплата на плати, односно најниска плата за претходниот месец.
(2) Известувањето од ставот (1) на овој член се доставува до инспекторот на трудот според седиштето на работодавачот.
Покренување на прекршочна постапка Член 261
Инспекторот на трудот ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка, ако констатира дека работодавачот, од- носно одговорното лице со повреда на закон или други прописи,
колективни договори и договор за вработување со кои се уреду- ваат работните односи, извршил прекршок.
Одлагање на извршување на одлука Член 262
(1) Ако инспекторот на трудот утврди дека со конечна одлука на работодавачот е повредено право на работникот, на барање на работникот, со решение ќе го одложи извршувањето на таа одлука, ако работникот завел работен спор до донесувањето на правосилна одлука на судот.
(2) Работникот од ставот (1) на овој член, барањето до инспе- кторот на трудот може да го достави во рок од 30 дена од денот на поведувањето на работниот спор пред надлежниот суд.
(3) Против конечното решение на инспекцијата на трудот од ставот (1) на овој член не може да се покрене управен спор.
Право на жалба Член 263
(1) Против решението на инспекторот на трудот од членот 259 на овој закон може да се изјави жалба до министерот надле- жен за работите од областа на трудот, во рок од осум дена од денот на приемот на решението.
(2) Жалбата не го одложува извршувањето на решението.
XXVI КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
Член 264
(1) Со парична казна за прекршок од 100.000 до 200.000 де- нари ќе се казни за прекршок работодавач - правно лице, ако:
1) барателот на вработување или работникот го поставува во нееднаква положба (член 6);
2) не е склучен договор за вработување меѓу работникот и ра- ботодавачот, работодавачот не го пријавил работникот во задол- жително пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност пред стапувањето на работникот на рабо- та, договорот за вработување не е склучен во писмена форма, не се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот и не му е врачен примерок од договорот за вработува- ње на работникот и примерок од заверена пријава за задолжител- но социјално осигурување во рок од три дена од стапување на ра- ботникот на работа (членови 13 и 15);
3) склучи договор за вработување со лице кое не наполнило 15 години возраст и кое нема општа здравствена способност и не ги исполнува пропишаните и договорените услови за вршење на работата, определени со закон, колективен договор, акт на работодавачот, односно барани од страна на работодавачот (членови 18 и 19);
4) склучи договор за вработување со странски државјанин кој не ги исполнува условите определени со овој или со друг закон (член 20);
5) објави слободно работно место во спротивност со члено- вите 23 и 24 на овој закон;
6) работодавачот не ги почитува правата и обврските од чле- новите 25 и 27 на овој закон;
7) не обезбеди услови за безбедност на животот и здравјето на работниците во согласност со прописите за заштита при ра- ботата (член 42);
8) не ги штити и почитува личноста, достоинството, приват- носта на работникот и не се грижи за заштита на личните пода- тоци на работникот (членови 43 и 44);
9) склучи договор за вработување на определено време спротивно на членот 46 од овој закон;
10) приправничкиот стаж трае подолго од времето утврдено во членот 57 од овој закон;
11) склучи договор за вработување во кој е договорена проб- на работа во траење подолго од со закон дозволеното (член 60);
12) на работник кој работи со скратено работно време му на- ложи да работи преку договореното време и ако на инспекторот на трудот не му достави примерок од договорот за вработување за вршење на работа дома (членови 48, 50 и 60);
13) при престанување на работниот однос работодавачот не постапил согласно со членот 63 од овој закон;
14) откажувањето на договорот за вработување е извршено спротивно на овој закон (членови од 72 до 105, освен одредбата од членот 100);
15) на работникот не му обезбеди плаќање за вршењето на работата, во согласност со членовите 105 до 114 од овој закон;
16) редовниот и вонредниот отказ на договорот за вработува- ње не биде изречен во писмена форма и содржина и не биде врачен согласно со членовите 70 и 71 од овој закон;
17) на работникот му нареди да работи со подолго работно време од работното време определено со закон, не води или не-
правилно води евиденција на работното време и прекувремена- та работа (членови 116,117, 119 и 120);
18) не ги почитува прописите за прераспределбата и прераспоре- дот на работното време (членови 124 и 125);
19) ноќната работа ја организира спротивно на членовите од
127 до 131 на овој закон;
20) на работникот не му обезбеди пауза за време на работно- то време, одмор меѓу два последователни работни дена, неде- лен и годишен одмор во согласност со овој закон и не издаде ре- шение за годишен одмор (членови од 132 до 156);
21) на работничка, на татко, на посвоител на дете и на роди- тел на дете со потешки пречки во развојот не им обезбеди право на посебна заштита согласно со овој закон (членови од 160 до 171);
22) на работници кои сé уште не наполниле 18 години во- зраст не им обезбеди заштита во согласност со овој закон (чле- нови од 172 до 176);
23) на инвалидите и на повозрасните работници не им обез- беди заштита во согласност со членовите од 177 до 180 на овој закон;
24) тогаш кога е должен одбие да учествува во постапката за мирно решавање на работните спорови (членови 182 и 183);
25) работодавачот се обиде да оствари или остварува забра- нет надзор над синдикатот или здружение на синдикатот (член 195);
26) работник кој организирал или учествувал во штрајк, организи- ран во согласност со закон, го стави во понеповолна положба од другите работници (член 239);
27) вршењето на работа во странство го организира спротив- но на овој закон (членови 248 и 249);
28) организира работа на деца, ученици и студенти, спротив- но на членот 250 од овој закон;
29) склучи договор спротивно на членот 252 од овој закон;
30) по престанокот на работниот однос, на работникот не му ја врати работната книшка и примерок на заверена одјава од со- цијално осигурување, кога тоа е должен да го направи (член 255) и
31) го оневозможува или се обиде да го оневозможи инспе- кторот на трудот во спроведувањето на надзорот, ако не поста- пи по укажувањето на инспекторот на трудот за отстранување на повреда на закон или друг пропис или по налогот на инспекторот
на трудот за забрана на работа или вршење на дејноста (члено-
ви од 256 до 263).
(2) Со парична казна од 5.000 до 7.000 денари ќе се казни за прекршок од ставот (1) на овој член работодавач - физичко ли- це.
(3) Со парична казна од 7.000 до 10.000 денари ќе се казни за прекршок од ставот (1) на овој член и директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот.
Член 265
(1) Со парична казна од 10.000 денари ќе се казни на самото место на прекршокот работодавачот како правно или физичко лице кое ќе направи прекршок, ако :
1) кај него работникот работи без договор за работа (член 13 став (1));
2) работникот не го пријави во задолжителното социјално осигурување и не му врачи заверена фотокопија од пријавата за социјално осигурување (член 13 став (3));
3) на работникот не му врачи писмен договор за вработува- ње во согласност со членот 15 став (3) на овој закон;
4) неизбраниот кандидат не го извести, во рок од осум дена по склучувањето на договор за вработување дека не бил избран или на кандидатот не му ги врати документите кои ги доставил како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата (член 27);
5) кај него работи врз основа на договор лице спротивно на членот 252 од овој закон и
6) не исплатил плата, односно најниска плата и не уплатил придонеси од плата (членови од 105 до 114), а има на распола- гање средства за исплата на сметката на работодавачот.
(2) Со парична казна од 5.000 денари ќе се казни на самото место на прекршокот, исто така, и одговорното лице на работо- давачот кое ќе направи прекршок од ставот (1) на овој член.
(3) Паричната казна од ставот (1) на овој член ја наплатува инспекторот на трудот на местото на прекршокот.
Член 266
Со парична казна од 50.000 до 70.000 денари ќе се казни за прекршок синдикатот, односно здружението на синдикатите и работодавачите, ако:
1) синдикатот, односно здруженијата на синдикатите и работодавачите во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промената не ја пријави промената на називот на синдика-
тот и неговите здруженија на повисоко ниво, седиштето, по- драчјето на дејствување, називот на органите и телата, лица- та овластени за застапување, престанокот на дејствувањето, односно овластувањата во правниот промет (член 193);
2) синдикатот, односно здруженијата на синдикатите и ра- ботодавачите, колективниот договор не го објават на пропиша- ниот начин (член 232);
3) синдикатот, односно здруженијата на синдикатите и ра- ботодавачите, тогаш кога за тоа се должни, одбијат да учеству- ваат во постапката за мирење предвидена со овој закон (члено- ви 182 и 183 );
4) синдикатот, односно здруженијата на синдикатите не нај- ават штрајк (член 236 став (2));
5) синдикатот, односно здруженијата на синдикатите започ- нат штрајк пред спроведување на постапка за мирење, предви- дена со овој закон, односно пред спроведување на друга постап- ка за мирно решавање на спорот (член 236 став (3)) и
синдикатот, односно здруженијата на синдикатите во писмото за најава на штрајк не ги наведат причините за штрајк, местото, денот и времето на почетокот на штрајкот (член 236 став (5)).
XXVII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Примена на одредбите на овој закон на започнатите постапки за заштита на права
Член 267
Постапките за остварување и заштита на правата започнати пред денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе се довршат според одредбите на законот кој важел во време на започнување на постап- ката освен ако одредбите од овој закон не се поповолни за работни- кот.
Донесување на подзаконските акти Член 268
(1) Министерот надлежен за работите од областа на трудот ќе ги донесе подзаконските прописи за спроведување на овој за- кон во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(2) До денот на влегувањето во сила на подзаконските пропи- си од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните про- писи.
Усогласување на прописите Член 269
(1) Постојните колективни договори и акти на работодавачот ќе се усогласат со овој закон најдоцна во рокот од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(2) Колективните договори кои нема да се усогласат во рокот определен во ставот (1) на овој член престануваат да важат.
(3) До склучувањето на колективните договори и донесувањето на акти на работодавачот согласно со овој закон, непосредно се примену- ваат одредбите на овој закон.
(4) Постојните договори за работа склучени до влегувањето во сила на овој закон се сметаат за договори за вработување.
Рок за електронско евидентирање на работното време
Член 270
Обврската на работодавачот за електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа од чле- нот 116 став (7) на овој закон, започнува да важи од 1 јануари 2006 година.
Престанување на важност на законите Член 271
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за работните односи (“Службен весник на Репуб- лика Македонија” број 80/93, 14/95, 53/97, 21/98, 25/2000, 3/2001, 50/2001, 25/2003 и 40/2003) и исправките на Законот објавени во "Службен весник на Република Македонија” број 3/94, 59/97 и 34/2000 и Законот за штрајк (“Службен лист на СФРЈ” број 23/91).
Член 272
Постојните младински задруги ќе се трансформираат и ќе го усогласат своето работење во согласност со закон до 31 декем- ври 2005 година.
Влегување во сила Член 273
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавува- њето во “Службен весник на Република Македонија”.