Contract
Врз основа на член 19, став 1, алинеја 8 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 63/2006, 36/2007 и 106/2008), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата одржана на 21.12 2009 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. На Друштвото за трговија на електрична енергија ЕНЕРЏИ ХОЛДИНГ СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје му сe издава лиценца за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија.
2. Правата и обврските на носителот на лиценцата во вршењето на енергетската дејност трговија со електрична енергија се утврдени во Прилог 1, „Лиценца за вршење на енергетска дејност трговија со електрична енергија“ кој што е составен дел на оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Бр. 02- 2881/1 Xxxxxxx Xxxxxx
21 декември 2009 година С к о п ј е
Прилог 1
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. Име и седиште на носителот на лиценцата
Друштвото за трговија на електрична енергија ЕНЕРЏИ ХОЛДИНГ СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје ул. Радњанска бр. 6, Центар, 1000 Скопје, Република Македонија
2. Енергетска дејност за која се издава лиценцата
Трговија со електрична енергија
3. Датум на издавање на лиценцата:
21 декември 2009 година
4. Период на важење на лиценцата:
10 години
5. Датум до кога важи лиценцата:
21 декември 2019 година
6. Евидентен број на издадената лиценца:
ЕЕ - 44.10.1/09
7. Број на деловниот субјект – 6509940
8. Единствен даночен број – 4080009505154
9. Вид и обем на енергетската дејност што ќе се врши
Со оваа лиценца се определуваат условите за вршење на енергетската дејност трговија со електрична енергија.
Како трговија со електрична енергија, во смисла на оваа лиценца се смета купување на електрична енергија произведена во Република Македонија и/или странство, заради натамошна продажба на квалификувани потрошувачи, регулираниот производител на електрична енергија, снабдувачот со електрична енергија на тарифни потрошувачи на мало, други трговци или извоз.
Носителот на лиценца за трговија со електрична енергија обезбедува доволен преносен и дистрибутивен капацитет и регулирани услуги во согласност со применливата тарифа, правилата за пазар на електрична енергија, мрежните правила за пренос на електрична енергија и мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, за количините на електричната енергија и/или моќност која се обврзал да ја испорача на квалификувани потрошувачи, регулираниот производител на електрична енергија, снабдувачот со електрична енергија на тарифни потрошувачи на мало, други трговци или извоз.
10. Опис на условите и начинот на вршење на дејноста
Енергетската дејност трговија со електрична енергија, носителот на лиценцата ќе ја врши преку склучување на соодветни договори за купување и продажба на електрична енергија и договори за закупување на преносен или дистрибутивен капацитет.
11. Подрачје на кое ќе се врши дејноста
Енергетската дејност трговија со електрична енергија, носителот на лиценцата може да ја врши на целата територија на Република Македонија и странство.
12. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- обезбеди непречена и континуирана испорака на електрична енергија согласно купопродажните договори;
- обезбеди доволен преносен или дистрибутивен капацитет и регулирани услуги во согласност со применливата тарифа, правилата за пазар на електрична енергија, мрежните правила за пренос на електрична енергија и мрежните правила за дистрибу- ција на електрична енергија, за количините на електрична енергија и/или моќност кои се обврзал да ги испорача;
- работи во согласност со правилата за пазар на електрична енергија во однос на доверливоста и обемот на снабдување, со цел да се исполнат обврските кон купувачите;
- обезбеди исполнување на условите за квалитет на електрична енергија која што ја испорачува, согласно со пропишаните норми за квалитет и склучените договори;
- ги исполни барањата за финансиски гаранции утврдени од страна на операторот на пазарот на електрична енергија во однос на договорените трансакции;
- им фактурира на потрошувачите за испорачаната електричната енергија и за обезбедениот преносен и дистрибутивен капацитет и регулираните услуги, согласно склучените договори;
- достави во определен рок до Регулаторната комисија за енергетика, по нејзино барање, информации и извештаи за трансакциите и деловните активности во врска со увозот и извозот на електрична енергија во и од Република Македонија;
- работи во согласност со законите, другите прописи и општи акти на Република Македонија, а особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста трговија со електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа
- работи во согласност со мрежните правила за пренос на електрична енергија, мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и правилата за пазар на електрична енергија, како и техничките нормативи и стандарди за работа на системот за пренос и системот за дистрибуција на електрична енергија;
- работи во согласност со правилниците и другите прописи кои ги пропишува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика во согласност со закон, а особено Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување, продолжување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
13. Обврска за одвоена сметководствена евиденција
Носителот на лиценцата е должен :
- во своите интерни пресметки да води одвоена евиденција за секоја од енергетските дејности за кои што поседува лиценца;
- во согласност со сметководствените стандарди со кои се уредува сметководственото работење на претпријатието: да изготвува финансиски извештаи кои ќе обезбедат
информации за средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите со резултатите од работењето, како и паричните текови на претпријатието, како и
- да обезбедува консолидирани финансиски извештаи.
14. Обврска за доставување на Годишен извештај за финансиското и деловното работење
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до
10 март во тековната година да доставува Годишен извештај за работењето во претходната година (извештајна година), кој особено треба да содржи податоци за количините на електричната енергија и големината на моќноста, податоци за субјектите од кои е набавена и на кои е продадена електричната енергија, како и податоци за обезбедениот преносен и дистрибутивен капацитет и регулирани услуги, во текот на извештајната година, за секој месец поодделно.
15. Обврска за доставување на други извештаи, информации и податоци во врска со вршењето на дејноста, до Регулаторната комисија за енергетика
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика да доставува:
- информации за набавените и испорачаните количини на електрична енергија според купопродажните договори, согласно Табела 1 која е составен дел на оваа лиценца.
- известувања за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на дејноста.
- други податоци во врска со вршењето на дејноста.
16. Обврска за овозможување на пристап до деловните простории и непосреден увид во документацијата
Носителот на лиценцата е должен по барање на Регулаторната комисија за енергетика да овозможи непосреден увид во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување, продолжување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
17. Изменување и дополнување на лиценцата
Изменувањето и дополнувањето на оваа лиценца ќе се врши исклучиво во согласност со одредбите од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување, продолжување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
18. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата
Доколку носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика ќе преземе мерки согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување, продолжување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
ПРИЛОГ - ТАБЕЛА 1
ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОРАЧАНИ КОЛИЧИНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Корисник | Испорачани количини во текот на месецот | Испорачани количини од почетокот на годината | |||
Планирано согласно договор бр. | Реализирана Количина на електрична енергија (kWh) | Реализирана Цена (ден/kWh) | Планирано согласно договор бр. | Реализирана Количина (kWh) | |
Регулиран производител на електрична енергија | |||||
Квалификуван потрошувач | |||||
Снабдувач со електрична енергија на тарифни потрошувачи на мало | |||||
Извоз и други трговци |