в) да обезбедува информации кои би откриле некоја трговска, деловна, индустриска, комерцијална или професионална тајна, или деловна постапка, или информации чие откривање би било во спротивност со јавниот поредок (ordre public).
Протокол за
изменување на Договорот од 13 јули 2006 година меѓу
Владата на Сојузна Република Германија и
Македонската Влада
за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и
на имот
Владата на Сојузна Република Германија и
Македонската Влада —
со желба да продожат да ги развиваат меѓусебните економски односи и да ја продлабочат соработката во областа на оданочувањето со цел да се обезбеди ефикасна и правилна наплата на данок –
се договорија за следното:
Член 1
Членот 26 од Договорот се изменува и гласи:
“Член 26
Размена на информации
(1) Надлежните органи на договорните страни ќе разменуваат информации кои се очигледно релевантни за спроведување на одредбите од овој Договор или за администрирањето или извршувањето на домашните закони кои се однесуваат на даноците од било кој вид или опис кои се воведени од една од договорните страни, една од нејзините покраини или една од единиците на локалната самоуправа, доколку оданочувањето предвидено со тие закони не е во спротивност со овој Договор. Размената на информации не е ограничена со членовите 1 и 2 од овој Договор.
(2) Секоја информација добиена од една од договорните страни согласно став 1 на овој член, ќе се смета за тајна на ист начин како и информациите добиени според нејзините домашни закони, и може да биде откриена само на лица или органи (вклучувајќи ги судовите и органите на управата) кои се вклучени во утврдувањето или наплатата на даноците, во извршувањето или во кривичниот прогон, во решавањето по правни лекови во однос на даноците наведени во став 1 на овој член или во надзорот
над истите. Овие лица или органи можат да ги користат информациите само за тие намени. Тие можат да ги откријат информациите во јавни судски постапки или во судски одлуки.
(3) Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член во никој случај не можат да се толкуваат како воспоставување на обврска на некоја договорна страна:
а) за обезбедувањето на информации да спроведува административни мерки кои отстапуваат од законите и административната практика на таа или на другата договорна страна,
б) да обезбедува информации кои не можат да се добијат согласно со законите или во редовна управна постапка на таа или на другата договорна страна,
в) да обезбедува информации кои би откриле некоја трговска, деловна, индустриска, комерцијална или професионална тајна, или деловна постапка, или информации чие откривање би било во спротивност со јавниот поредок (ordre public).
(4) Доколку се бараат информации од една од договорните страни во согласност со овој член, другата договорна страна ќе ги применува своите мерки за добивање на побараните информации, дури ако таа самата нема потреба од таквите информации за нејзините сопствени даночни цели. Обврската содржана во претходната реченица им подлежи на ограничувањата од ставот 3 на овој член, но во никој случај таквите ограничувања не треба да се толкуваат како да и се одобрува на некоја договорна страна да одбие да обезбеди информации исклучиво поради тоа што нема внатрешен интерес за таквите информации.
(5) Во никој случај одредбите од став 3 на овој член не треба да се толкуваат како да и се одобрува на некоја договорна страна да одбие да обезбеди информации исклучиво поради тоа што информациите се поседувани од страна на банка, друга финансиска институција, ополномоштено лице, застапник или лице со фидуцијарно својство или бидејќи се однесуваат на сопственост врз лице.“
Член 2
(1) Овој Протокол ќе влезе во сила на денот на кој договорните страни ќе се известат една со друга дека се исполнети внатрешните услови за влегување во сила на овој Протокол. Меродавен е денот на прием на последното известување.
(2) Договорот како што е изменет со овој Протокол ќе се применува на двете територии од првиот ден на јануари од календарската година која следува по календарската година во која Протоколот влегува во сила.
Составен во Skopje , на 14. November 2016 , во два оригинални примероци, на германски, македонски и англиски јазик, со тоа што секој текст има еднаква сила. Во случај на несогласување во толкувањето на германскиот и македонскиот текст, англискиот текст ќе биде меродавен.
За Владата на За
Сојузна Република Германија Македонската Влада
Xxxxxxxxx Xxxxxxxxx