I ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ II ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА, Оглас бр. 25- 2077/8/2014
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ
Изградба на сливни решетки за атмосферска вода
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
бр. 25 - 2077/7/2014
критериум за доделување на договорот: најниска цена
Подготвил:
Виш соработник за спроведување на постапка за јавни набавки
( Xxxxxxx Xxxxxxxxx )
Претседател на Комисија за јавни набавки :
Соработник за изградба и одржување на општински патишта и улици
( Ристаки Пантов )
Кочани , ноември , 2014
С о д р ж и н а
- ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
I ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ II ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
III ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ IV ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
V ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА VI ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
VII ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган - Општина Кочани, со седиште на адреса ул.'' Раде Кратовче '' бр.1 Кочани , телефон за контакт 000-000-000, факс 000-000-000, контакт лице: Xxxxxxx Xxxxxxxxx - Виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки, електронска адреса xxxxxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx, тел.000-000-000, има потреба од доделување на договор за јавна набавка на работи , и тоа за:
Изградба на сливни решетки за атмосферска вода
За таа цел, Договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на работи со Отворена постапка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, во согласност со чл. 21 , чл.65 и чл.66, чл.121 ст.1 алинеја 1 ст.2 и чл.125а / чл.128 од Законот за јавните набавки /„ Службен весник на РМ “ бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14 и 130/14 / за што
објави оглас број 25-2077/8/2014 на ЕСЈН и во Службен весник .
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 28.11.2014 год. во 12:00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, обрасци за изјави, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка и образец на понудата.
Отворањето на поднесените првични понуди ќе биде јавно, и ќе се изврши на ден 28.11.2014 год. во 12:00 часот во просториите на Општина Кочани , ул. „ Раде Кратовче “ бр.1 Кочани, сала за состаноци, први кат.
Однапред благодариме на соработката,
Во Кочани 06.11.2014 година | Општина Кочани Претседател на Комисија за јавни набавки |
( Ристаки Пантов )
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa на работи “ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работите кои претставуваат предмет на договорот ;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е изведување на една или повеќе работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда ;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства ;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата ;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи ;
- „Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда ;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка ;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација ;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација ;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка ;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка ;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „ Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице ;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки ;
- „ Поврзан економски оператор “ е економски оператор :
• врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание;
• кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
• кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект “
- „ Доминантно влијание “ е кога:
• едниот економски оепаратор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени издадени од страна на другиот економски опеаротор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
• постои роднинска поврзаност меѓу основачите на двата економски оператори до втор степен
- „ Профил на економски оператор “ е функционалност на ЕСЈН со која се олеснува докажувањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување на способност од страна на регистрираните економски оператори;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
- „Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
- „Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
- „Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Општина Кочани, со седиште на адреса: ул.`` Раде Кратовче`` бр.1, телефон 000-000-000, факс 000-000-000, електронска пошта xxxx@xxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е :
Изградба на сливни решетки за атмосферска вода
1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничките спецификации (предмер и скици) кои се составен дел на тендерската документација.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавната набавка ќе се се додели со спроведување на отворена постапка.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2. Договорот за јавна набавка , ќе се додели со примена на Отворена постапка , која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Договорниот орган ќе испрати поединечно известување до оној економски оператор кој не е квалификуван за учество на електронска аукција.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, бидејќи предметот на набавката се состои од повеќе ставки/позиции, цената на секоја од поединечните ставки/позиции ќе се пресметува со соодветно пропорционално намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
1.5.3. Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци:
- идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена,
- информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и
- временскиот период за поднесување конечна цена.
Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно Законот за јавните набавки („ Службен весник на РМ “ бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 53/11, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14 и 130/14) и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа, областа на јавните набавки, облигационите односи, од областа на
управната постапкa, ....... Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните услови и заштитата при работа) , Министерство за транспорт и врски.( за лиценците)...........
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за конкретната јавна набавка се обезбедени во Буџетот на Општина Кочани за 2014 год. , Програма ЈИ, Потпрограма ЈИА, ставка 482 , подставка 482 320 .
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое презело тендерска документација од ЕСЈН, под услов да е регистриран на ЕСЈН и кое ги исполнува условите согласно тендерската документација.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Економските оператори можат да се здружат и да формираат група на економски оператори со цел заедно да поднесат групна понуда без да се поврзат во законска правна форма.
1.8.4.1 Составен дел на групна понуда е договор за поднесување на групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка , а кој особено ги содржи следните податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата , односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка ,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција ,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата/ситуацијата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот .
1.8.4.2 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
1.8.4.3 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку :
- е носител на групата економски оператори,
- ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција ,
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
- другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
1.8.4.4 Повлекувањето на член од групата економски оператори спротивно на условите од т. 1.8.4.3 се смета за повлекување на групната понуда .
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење на професионалната дејност.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
1.8.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
• учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
• учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.6.1 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.6.2 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично) и да приложи Изјава од подизведувачот/те дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари. Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.6.3 Носителот на набавката може во текот на реализација на договорот за јавна набавка да ги менува подизведувачите за оној дел од договорот за јавна набавка што го отстапил на подизведувачи, само по претходно одобрение од договорниот орган.
1.8.7 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен во делот на референтната листа, претходно склучените договори и лиценците. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
1.8.7.1 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
1.8.8 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.8.9 Лицата кои учествуваат и помагат во евалуацијата на пријавите за учество или понудите, како и одговорното лице кај договорниот орган, не можат да бидат кандидати, понудувачи, подизведувачи или членови во група на понудувачи во соодветната постапка. Во таков случај, пријавата за учество или понудата на кандидатот или понудувачот се исклучува од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена , во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
• по пошта,
• по факс, или
• со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже :
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност.
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари ;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност ;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација ;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки ;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5/пет/ години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
/ оригинал- составена и потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот ;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност ;
/ оригинал или копија потпишана од одговорнот/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност ;
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција- забрана за вршење на професија, дејност или должност ;
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција- привремена забрана за вршење одделна дејност.
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 2, 3 , 4, 8 и 9 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во
Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи на Република Македонија.
2.2.6 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за отварање/доставување на понудите, па наназад.
2.2.7 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата професионална дејност :
- Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на соодветна дејност поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран ;
- Понудувачот треба да исполнува определени услови , односно да е способен да врши изведување на градби од втора категорија согласно Закон за градење ( „ Службен весник на РМ “ бр.130 /09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14 и 115/14 ).
2.3.2 Докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, како и документи за доказ на исполнување на определени услови за изведување на градби од втора категорија, односно да достави :
- Потврда за регистрирана дејност или Тековна состојба. за чие издавање надлежен орган
во РМ е Централен регистар на РМ ;
/ оригинал или копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
- Лиценца за изведување на градби од втора категорија ( минимум Лиценца Б за изведувач ) , издадена од Министерството за транспорт и врски , согласно Законот за градење ( „ Службен весник на РМ “ бр.130 /09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14 и 115/14).
/ копија потпишана од одговорното/овластеното лице на понудувачот , со назнака „ Верно на оригинал “ ;
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 / шест / дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
3.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6/шест/ дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 / шест / дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи :
• пополнет образец на понуда составен од општиот дел и предмер пресметка ;
• документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2 од тендерската документација ;
• документи за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во потточка 2.3.2 од тендерската документација ;
• Изјава за сериозност на понудата
• Изјава за независна понуда и
• договор за групна понуда [само за група на економски оператори],
• образец за листа на доверливи информации / доколку ги има /
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во предмер пресметката ја внесува цената за секоја позиција и ставка посебно / единечна и вкупна цена без ДДВ / и вкупната цена на понудата без ДДВ.
4.3.2 Понудената вкупна цена на понудата треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
4.3.3 Вкупната цена на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 5/пет/ дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
Напомена: Цените да бидат пишувани директно во Образец на понудата ( Предмер Пресметка во тендерската документација ) изготвен од Договорниот орган , кој се презема директно од ЕСЈН, и не се дозволени никакви алтернативни понуди или обрасци на понуда.
Доколку цените се дадени на друг начин од претходно опишаниот, првичната понуда ќе биде оценета како неприфатлива во смисла на чл.3 ст.1 точка 24 од Законот за јавните набавки / „Службен весник на Република Македонија “ број 136/07 ,130/08, 97/10 , 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14 , 43/14и 130/14 / и понудувачот нема да биде учесник на електронската аукција.
/овој критериум се бодира /
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите ( при поднесување на понуда во друга валута курсна листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите).
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 60 /шеесет/ дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена истовремено со објавување на известувањето за склучен договор или за поништување на постапката.
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок, испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.7.2. Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Со изјавата за сериозност на понудата понудувачот под целосна материјална и кривична одговорност изјавува дека понудата ја поднел независно, без договор со други економски оператори спротивно на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека не учествува во истата постапка со други економски оператори со кои е капитално, сопственички или роднински поврзан.
Доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити, веднаш ќе ги извести надлежните органи што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот .
4.8 Затворање и обележување на понудите
4.8.1 Понуди можат да достават само економски оператори што се регистрирани на ЕСЈН
,односно оние кои можат да ја превземат тендерската документација директно од ЕСЈН и за кои Договорниот орган има добиено електронска потврда за превземање на тендерската документација
, согласно Правилникот за начинот на користење на ЕСЈН .
4.8.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така затворениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- не содржи информации за економскиот оператор;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, или „Do not open“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.8.3 Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.9 Посета на локација
4.9.1 Во оваа постапка не е предвидена посета на локација.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е : 28.11.2014 година, во 12:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса : “ Раде Кратовче ” бр . 1 , Општина Кочани, во архивата или директно на Комисијата за јавни набавки на денот и часот на отворањето
, со назнака За отворена постапка, Оглас бр.25- 2077/8/2014 .
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.8, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со прекршување на изјавата за сериозност на понудата и последиците од прекршувањето – негативна референца.
5. ЈАВНО ОТВОР АЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Јавно отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на ден 28.11.2014 год. во 12:00 часот, во просториите на Општина Кочани, мала сала за состаноци, први кат.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.10 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на јавното отворање и евалуацијата на првично поднесените понуди се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови ;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапка со барање за прибирање на понуди, договорот го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање .
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој оној кој прв ја поднел понудата во архивата на Договорниот орган .
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата на понудувачот оној кој прв ја поднел понудата во архивата на Договорниот орган .
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства
утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, , договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
6.1.6 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.
6.1.7. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно пропорционално намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 /три/ дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, ќе им биде испратена одлуката за доделување на договор како и известување за причините за неизбор на нивната понуда.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 / шест/ примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 7 /седум/ дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише одговорното/овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира изјавата за сериозност на понудата / објави негативна референца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин и рок на плаќање
Плаќањето на работите кои се предмет на овој договор, ќе се врши по доставување на ситуација за стварно изведени работи ( времена или завршна), што ја доставува Носителот на набавката, со дефинирани и изведени позиции, одложено до 60 / шеесет/ дена , сметано од денот на приемот на истата во архивата на Договорниот орган.
Времената ситуација Носителот на набавката ја доставува до Договорниот орган во примерен рок по истекот на периодот за кој се однесува, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
Завршната ситуација Носителот на набавката ја составува и поднесува на исплата до Договорниот орган, врз основа на стварно изведени и завршени работи, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
7.2 Разлики во цена (корекција на цени)
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот .
7.3 Авансно плаќање
За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.4 Начин и рок на изведување на работите
7.4.1 Договорниот орган со избраниот најповолен понудувач ќе склучи договор за јавна набавка за период од денот на склучување на договорот до 30.11.2015 год. Набавката е сукцесивна, во зависност од потребите на Договорниот орган - Општина Кочани, а согласно Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2014 година, донесена од Советот на Општина Кочани.
7.4.2 Носителот на набавката е должен работите од предметот на договорот за јавната набавка да ги изведе на следниов начин :
- по уредно доставено барање од Договорниот за воведување во работа и констатирано на Записник за воведување во работа, кое барање ќе ги содржи сите потребни податоци за несметано изведување на работата ,согласно Предмер пресметката .
7.5. Гарантен период на изведени работи
Носителот на набавката е должен во рок од 12 / дванаесет / месеци, од денот на примопредавањето на изведените работи или на дел од изведените работи, а ако користењето на изведените работи или на дел од истите започнало пред промопредавањето - од почетокот на користењето , без надоместок да ги отстранува сите недостатоци кои произлегуваат од нестручно и неквалитетно изведување на работите.
За квалитетот и гаранцијата на материјалите што се вградуваат , во поглед на содржината и рокот, важи гаранцијата од производителот, со тоа што Носителот на набавката е должен сета документација за квалитетот и гаранциите на производителот на материјалите, заедно со упатствата за употреба, да ги прибави и да му ги предаде на Договорниот орган.
7.6 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
Услов за стапување на сила на договорот кој ќе се склучи со најповолниот понудувач е истиот да обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот .
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде во висина од
5 % од вкупната вредност на договорот за јавната набавка со вклучен ДДВ.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот треба да биде во валутата на која гласи договорот МКД.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок определен од договорниот орган .
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не ги исполнува обврските од договорот за јавна набавка.
Во случај на неисполнување на некоја од обврските од договорот за јавна набавка согласно договореното, договорниот орган писмено ќе го извести носителот на набавката дека ќе пристапи кон наплата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот за јавна набавка. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на носителот на набавката или лично во
седиштето на договорниот орган.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца.
Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, носителот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива или соодветна понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
- ПРЕДМЕР (предмер пресметка EXCELL документ ), кој е составен дел на образецот на понудата – прилог
- СКИЦИ –Прилог
- ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА ИЗВЕДБА НА ЛИНИСКИ ОДВОДНИ РЕШЕТКИ СО ПРИКЛУЧОЦИ ПО УЛИЦИ ВО ГРАДОТ КОЧАНИ
УЛИЦА | КРАК | РШ во која се приклучува решетката | должина на решетка | должина на цевки Ф250 за приклучок на решетките во шахти |
XXXX XXXXXXX | 1 | 24 | 5,5 | 4 |
XXXX XXXXXXX | 1 | 19 | 5,5 | 4 |
XXXX XXXXXXX | 1 | 14 | 8 | 4 |
XXXX XXXXXXX | 1 | 11 | 8 | 4 |
XXXX XXXXXXX | 1 | 6 | 8 | 4 |
XXXX XXXXXXX | 1 | 1 | 8 | 6 |
XXXX XXXXXXX | 8 | 17 | 9 | 15 |
XXXX XXXXXXX | 7 | 13 | 9 | 15 |
ПРВИ МАЈ | 5 | 1 | 9 | 15 |
ПРВИ МАЈ | 5 | 84 | 9 | 10 |
СТРАШО ЕРБАПЧЕ | 9 | 202 | 6 | 3 |
СТРАШО ЕРБАПЧЕ | 9 | 215 | 6 | 5 |
СТРАШО ЕРБАПЧЕ | 9 | 222 | 6 | 4 |
СТРАШО ЕРБАПЧЕ | 10 | 228 | 6 | 6 |
СТРАШО ЕРБАПЧЕ | 11 | 247 | 6 | 4 |
Xxxxxxx Xxxxxx | 12 | 240" | 9 | 20 |
бул. Xxxxxxxxx Xxxxxx | 13 | 302 | 7 | 6 |
бул. Xxxxxxxxx Xxxxxx | 13 | 306 | 7 | 6 |
бул. Xxxxxxxxx Xxxxxx | 13 | 314 | 7 | 8 |
бул. Xxxxxxxxx Xxxxxx | 13 | 320 | 7 | 8 |
бул. Xxxxxxxxx Xxxxxx | 13 | 324 | 6 | 15 |
бул. Xxxxxxxxx Xxxxxx | 13 | 324 | 6 | 10 |
бул. Xxxxxxxxx Xxxxxx | 13 | 324 | 6 | 8 |
Вкупно м | 164 | 184 |
Изработил и одобрил:
Раководител на Сектор за урбанизам и комунални работи Xxxxxx Xxxxxxxx
III. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
2. Адреса на седиштето:
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6.e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор:
Во случај на групна пријава за учество, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори