Contract
Барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број
Јас, долупотпишаниот ¹² БАРАМ И СЕ СОГЛАСУВАМ претплатничкиот договор склучен со
(оператор на јавна електронска комуникациска мрежа) за обезбедување на јавни телефонски услуги, за претплатничката линија/линиии со повикувачки број/броеви
да биде раскинат поради моето барање за пренесување на број/ броеви.
ИЗЈАВУВАМ дека ќе ги исполнам сите обврски кои произлегуваат од истиот договор, заедно со обврските кои произлегуваат од самото раскинување и евентуалните казнени пенали коишто сум обврзан да ги платам заради предвременото раскинување на договорот.
СЕ СОГЛАСУВАМ раскинувањето на претплатничкиот договор за претплатничката линија/линии наведен во претходниот став да стапи на сила со моментот на фактичкото пренесување на бројот/броевите за кој/кои се бара пренесувањето од операторот на јавна комуникациска мрежа (операторот давател) до операторот на јавна комуникациска мрежа
(операторот примател).
Во случај пренесувањето на бројот/броевите наведен/и во став 1 од ова барање да не стапи на сила, тогаш и моето барање за раскинување на претплатничкиот договор нема да стапи на сила.
ИЗЈАВУВАМ дека сакам да го искористам моето право на преносливост на број согласно член 84 од Законот за електронските комуникации („Сл. Весник на РМ, бр. 13/2005”) и ИЗЈАВУВАМ дека го избирам
(оператор на јавна комуникациска мрежа) за обезбедување на јавни телефонски услуги со кој склучувам претплатнички договор со задржување на мојот/моите повикувачки број/броеви наведени во став 1 од ова барање.
СЕ СОГЛАСУВАМ претплатничкиот договор склучен со операторот на јавна комуникациска мрежа (операторот давател) да биде раскинат за претплатничката линија/линии со повикувачки број/броеви за кои барам да бидат пренесени. Воедни го ОВЛАСТУВАМ операторот на јавна комуникациска мрежа (операторот примател) во мое име и за моја сметка да го проследи ова мое барање за раскинување на претплатничкиот договор со операторот давател, како и да настапува пред операторот давател, како и да настапува пред операторот давател во текот на процедурата за пренесување на бројот/броевите.
ИЗЈАВУВАМ дека немам неподмирен долг кон операторот на јавна комуникациска мрежа (операторот давател) и дека во
овој момент против мене не е покрената постапка за присилно извршување во согласност со закон.
СЕ СОГЛАСУВАМ дека операторот на јавна комуникациска мрежа (операторот давател) може да му ги пренесува моите податоци на операторот на јавна комуникациска мрежа
(операторот примател) за процедурата за пренесување на бројот/броевите.
Претплатник
Име и презиме ¹/Назив ²:
Татково име ¹/Судски регистарски број ²:
ЕМБГ¹ / ЕДБ²:
Адреса¹ / Адреса на седиштето²:
Повикувачки број / броеви кои ќе се пренесува:
(место и датум) (потпис и печат)