Оваa лесно читлива верзија на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост ќе им овозможи на што е можно поголем број на лица со интелектуална попреченост да се запознаат со правата кои се пропишани со Конвенцијата, на брз и за нив разбирлив начин.
Меѓународен договор за правата на лицата со попреченост
Лесно читлива верзија
Предговор
Брошурата е наменета за лица со интелектуална попреченост со цел да се запознаат со содржината на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост на поедноставен, лесно читлив начин и со помош на илустрации. Исто така, наменета е за сите лица кои не се во можност да ги разберат одредбите на Конвенцијата кои може да им делуваат неразбирливо и премногу сложено.
Оваa лесно читлива верзија на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост ќе им овозможи на што е можно поголем број на лица со интелектуална попреченост да се запознаат со правата кои се пропишани со Конвенцијата, на брз и за нив разбирлив начин.
Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА
Овој документ е лесно читлив водич за целиот договор. Не е правен документ. Треба да го видиш целиот договор ако сакаш да знаеш што точно се кажува во договорот, или што е тоа за што се потпишуваат државите.
Можеш да го најдеш целиот договор на веб страната: xxx.xx.xxx/xxxxxxxxxxxx/
Името на целиот договор е: Конвенција на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост. Можеби ќе го чуеш или видиш некаде како се нарекува Конвенција на Обединетите нации за правата за попреченост.
Има листа на тоа што има во овој документ на крајот на страна 49.
1. Овој договор
Договорот кажува што треба да прават државите за лицата со попреченост да ги имаат истите права како и сите други.
2. Што значат зборовите
Комуникација означува начини кои им помагаат на лицата со попреченост да зборуваат и да разбираат информации, на пример, компјутери, лесно читлива верзија, Брајово писмо и знаковен јазик.
Дискриминација значи неправедно (нееднакво) однесување кон тебе или да не ги добиеш промените кои ти се потребни затоа што си лице со попреченост.
Јазик значи кој било начин на кој зборуваат лицата едни со други, вклучувајќи и знаковен јазик.
3. Основните идеи
Тие се:
Лицата имаат слобода да избираат.
Xxxxx нема да биде дискриминиран.
Лицата со попреченост имаат права да бидат вклучени во општеството како и сите други.
Лицата со попреченост треба да бидат почитувани поради тоа што се.
Секој треба да има еднакви можности.
Секој треба да има еднаков пристап.
Мажите и жените треба да имаат еднакви можности.
Децата со попреченост треба да се почитуваат за тоа кои се тие, уште од мали.
4. Што треба да прават државите
Сите држави треба да обезбедат дека лицата со попреченост се еднакви со другите.
Tие се согласуваат да:
Носат нови правила и закони кои ќе им дадат права на лицата со попреченост и да ги изменат сите закони кои не се праведни.
Ги овозможат правата на лицата со попреченост еднакво да бидат вклучени во сите политики.
Не прават работи кои се против овој договор.
Ги тераат владите и властите да ги прават работите од овој договор.
Прават се што можат за никој да не ги дискриминира лицата со попреченост.
Обезбедат дека предметите се направени за секој да ги користи или да можат лесно да се менуваат.
Користат нови технологии кои им помагаат на лицата со попреченост.
Даваат пристапни информации на лицата со попреченост за се она што ќе им помогне.
Прават обуки за овој договор.
Сите држави ветуваат дека ќе прават се што можат за да обезбедат дека лицата со попреченост имаат пристап до, на пример, домување, образование и здравствена грижа.
Сите држави треба да ги вклучат лицата со попреченост во правењето нови закони и политики.
5. Да бидеш еднаков со другите
Државите се согласуваат дека секој е еднаков пред законот и дека дискриминацијата врз лицата со попреченост нема да се дозволи.
6. Жените со попреченост треба да се еднакви
Државите се согласуваат дека жените и девојките со попреченост не се еднакви со другите на многу начини.
Државите ќе работат за да овозможат жените и девојките да имаат исполнет, слободен и еднаков живот како и другите.
7. Децата со попреченост треба да се еднакви
Државите се согласуваат дека децата со попреченост ги имаат истите права како и другите деца и се еднакви со другите.
Најважно за размислување ќе биде она што е најдобро за детето.
Државите се согласуваат дека децата со попреченост имаат право да бидат слушнати за се што се однесува на нив во нивниот живот. Ќе им се даде поддршка на децата за тоа да го прават.
8. Давање информации на лицата за попреченоста
Земјите се согласуваат да работат за сите да станат свесни дека лицата со попреченост ги имаат истите права како и сите други и да им покажат што можат да работат лицата со попреченост.
Тоа треба да го направат:
Со кампањи за да го променат начинот на кој некои луѓе размислуваат за животот на лицата со попреченост.
Да покажат на сите што лицата со попреченост можат да работат.
Да ги учат сите деца за еднаквите права на лицата со попреченост.
Медиумите правилно да ги претставуваат лицата со попреченост.
Да даваат поддршка за подигнување на свеста за попреченоста.
9. Пристапност
Државите треба да овозможат лицата со попреченост да имаат подобар пристап до сите области во нивниот живот.
Треба да има подобар пристап до јавните згради како болници и училишта, и превоз.
Треба да има подобар пристап до информации.
Знаците треба да бидат лесни за читање и на Брајово писмо.
Во јавните згради треба да има повеќе водичи и толкувачи на знаковен јазик.
Треба да има насоки за тоа како да се направи подобар пристап до јавните сервиси.
Секој што дава сервиси треба да планира добар пристап за лицата со попреченост.
Треба да се дава обука за пристапност.
Треба да овозможат лицата со попреченост да имаат пристап до нови технологии.
10. Право на живот
Секој има право на живот, вклучувајќи ги и лицата со попреченост.
Државите треба да овозможат лицата со попреченост да ги имаат истите можности да го живеат својот живот, како и сите други.
11. Вонредни состојби
Треба да се обезбеди правилна заштита за лицата со попреченост кога има опасни ситуации за сите, на пример земјотрес.
12. Еднакви пред законот
Лицата со попреченост треба да се почитувани од страна на законот како и сите други.
Лицата со попреченост го имаат истото право да носат свои одлуки за важни работи, како и сите други.
Лицата со попреченост треба да ја имаат потребната поддршка кога носат одлуки.
Ако на лицето навистина му треба некој да зборува во негово/нејзино име, треба да има правила дека тоа се прави како што треба.
Лицата со попреченост имаат еднакви права да:
Имаат свој или да им се даде имот.
ги контролираат своите пари.
Можат да позајмат пари како и сите други.
Не им се одземе домот или пари.
13. Добивање правда
Лицата со попреченост треба да ги имаат истите права да одат на суд, да тужат некого или да учествуваат во она што се случува во судовите како и сите други.
Лицата со попреченост треба да добиваат поддршка за да ги добијат овие права.
Државите треба да имаат посебна обука за судовите, полицијата и вработените во затворите.
14. Да бидеш слободен и безбеден
Лицата со попреченост треба да бидат слободни и безбедни, како и сите други.
Лицата со попреченост не треба да се носат во затвор само затоа што се со попреченост, туку само ако законот така вели поради други причини.
Ако лицата со попреченост се затворени, кон нив треба да се однесуваат како што кажува овој договор.
Тие треба да ги имаат истите права како и сите други според меѓународните закони. Овој договор не ги кажува тие права, но тие вклучуваат:
Да им се дадат пристапни информации за нивните права.
Да им се даде пристап до помош и поддршка за да добијат праведно судење на суд.
Да се разгледува нивниот случај онолку често како и на другите лица.
15. Да не бидат измачувани или кон нив сурово да се однесуваме
Лицата со попреченост не смеат да се измачуваат или сурово да се однесуваме кон нив.
Врз лицата со попреченост не смее да се прават експерименти, особено медицински експерименти (освен ако самите слободно се согласат на тоа).
Државите мора да направат се што можат за вакви работи да не се случуваат.
16. Да не бидат искористувани и злоупотребувани
Државите мора да направат закони и правила за да обезбедат дека лицата со попреченост се заштитени во домот и надвор од него, од насилство, да не бидат искористувани и злоупотребувани.
Државите мора да се обидат да спречат злоупотреба и треба да обезбедат поддршка, информации и обука за тоа како да се препознае злоупотребата и како да се пријави.
Државите треба да бидат сигурни дека сервисите кои ги поддржуваат лицата со попреченост се правилно проверени за да бидат сигурни дека во нив не се случува злоупотреба.
Државите треба да бидат сигурни дека лицата со попреченост кои биле злоупотребувани ја добиваат помошта и поддршката што им е потребна за да бидат безбедни и да им помогнат да се опорават од злоупотребата.
Државите мора посебно да мислат на злоупотребата на жените и децата.
17. Да се однесуваме кон лицата со попреченост како луѓе прво
Кон лицата со попреченост мора да се однесуваме како и кон сите други, со исто почитување и права.
18. Слободно движење
Лицата со попреченост имаат право:
Да одлучуваат каде ќе живеат и да се движат слободно како и сите други.
Да припаѓаат на една држава (да бидат нејзини државјани) и тоа да не им се земе затоа што се лица со попреченост.
Да имаат документи, како на пример пасоши, кои ги имаат и другите.
Да ја напуштат која било држава, вклучувајќи ја и својата.
Децата со попреченост имаат право на свое име од раѓање, право да бидат граѓани, и ако е можно, право да ги познаваат и за нив да се грижат нивните родители.
19. Самостојно живеење и да се биде дел од заедницата
Државите треба да обезбедат дека лицата со попреченост ги имаат истите избори како и сите други за тоа како живеат и да бидат дел од својата заедница.
Лицата со попреченост можат да избираат:
Каде да живеат, како и сите други.
Со кого да живеат, како и сите други.
Да не живеат во посебни места, како на пример хостел, ако не сакаат.
Различни сервисни служби за поддршка вклучувајќи и персонална асистенција.
Различни квалитетни сервиси, кои и
другите луѓе ги бираат и добиваат.
20. Движење наоколу
Државите треба да обезбедат дека лицата со попреченост можат да се движат самостојно што е можно повеќе.
Државите треба:
Да им помогнат на лицата за движење наоколу.
Да им помогнат на лицата да добијат добри помагала и што им помагаат во движење наоколу.
Да осигураат дека тие помагала не се многу скапи.
Да ги научат како да се движат наоколу.
Да им кажат на компаниите кои прават помагала да размислат за сите различни потреби на лицата со попреченост.
21. Слобода на изразување и пристап до информации
Државите мора да обезбедат дека лицата со попреченост имаат право да бараат и да даваат информации и да кажат што сакаат, исто како и сите други.
Тоа вклучува:
Информации какви што се потребни, на пример лесни за читање.
Да се овозможи знаковен јазик, Брајово писмо и други начини на информирање.
Да им се каже на останатите сервиси да прават пристапни информации.
Медиумите, вклучувајќи и Интернет, да обезбедуваат пристапни информации.
Да се поддржи употребата на знаковниот јазик.
22. Приватност
Лицата со попреченост имаат право на приватен живот и никој не треба да се меша или да го спречува тоа.
Државите мора да обезбедат дека личните информации за лицата со попреченост се доверливи, тајни или приватни, исто како за другите.
23. Почит за домот и семејството
Државите мора да обезбедат дека лицата со попреченост имаат еднакви права на брак, семејство и лични врски.
Државите мора да осигураат дека:
Лицата со попреченост имаат еднакви права да се венчаат и да започнат семејство, доколку и двајцата тоа го сакаат.
Лицата со попреченост имаат право да одлучат колку деца сакаат да имаат и кога да ги имаат, а не да бидат стерилизирани против нивната волја.
Лицата со попреченост имаат право да планираат семејство и да добиваат информации кои ќе им помогнат да одлучат за овие работи.
Државите ќе им дадат поддршка на лицата со попреченост за да им помогнат во одгледувањето на нивните деца.
Децата со попреченост имаат право да не бидат одделени од нивното семејство. Државите мора да им помогнат на децата со попреченост и нивните семејства.
Правата на децата се на прво место.
Државите ќе осигураат дека децата не се одземаат од нивните родители, ако не го сакаат тоа, освен кога законот вели дека тоа е во најдобар интерес на детето.
Децата не смее да бидат одземени само затоа што нивните родители се со попреченост.
24. Образование
Лицата со попреченост имаат право на образование.
Државите ќе осигураат дека лицата со попреченост имаат можност да одат во редовни училишта и ќе можат да учат низ целиот живот за да:
Лицата со попреченост можат да ги развијат своите вештини и способности и да го заземат своето место во светот.
Лицата со попреченост да не се исклучени од какво било образование.
Лицата со попреченост можат да одат во добри локални училишта, и да не мора да плаќаат за тоа, исто како и сите други.
На лицата со попреченост им се задоволуваат потребите што е можно повеќе.
Лицата со попреченост добијат соодветна поддршка за да учат.
Лицата можат да учат Брајово писмо и други начини на комуникација, како што е потребно.
Лицата учат знаковен јазик, и тој да се смета за јазик на глувите лица.
Глувите и слепите деца да го добијат вистинското образование и поддршка за учење.
Се овозможи наставниците да ги имаат вистинските вештини.
Се овозможи вистинската поддршка за лицата со попреченост да го продолжат своето образование како возрасни, ако тоа го сакаат.
25. Здравство
Лицата со попреченост имаат право на добро здравје и пристап до здравствени услуги вклучувајќи и планирање на семејство.
Државите ќе:
Овозможат лицата со попреченост да имаат пристап до истите здравствени услуги како и другите.
Овозможат лицата со попреченост да ги добиваат здравствените услуги што им се потребни поради нивната попреченост.
Овозможат услугите да бидат таму каде живеат лицата.
Овозможат здравствените работници да ги даваат истите услуги на лицата со попреченост, како и за другите.
Овозможат лицата со попреченост да не се дискриминирани во здравственото и животното осигурување.
Овозможат да не ги одбиваат за грижа или третман бидејќи се лица со попреченост.
26. Сервиси за подобрување на состојбата
Државите ќе осигураат дека лицата со попреченост можат да водат што е можно посамостоен и поздрав живот и ќе обезбедат поддршка во здравствени, образовни, социјални сервиси, како и за работа.
Државите ќе осигураат дека се земаат предвид потребите на лицата со попреченост уште од најрана возраст за да можат тие лица да ги добијат поддршката и сервисите што им се потребни.
Тие сервиси ќе бидат што е можно поблиску до домовите на лицата со попреченост.
Вработените ќе бидат обучени добро да работат.
Државите ќе обезбедат помагала и опрема која е направена за поддршка на лицата со попреченост.
27. Работа
Лицата со попреченост имаат права да работат, исто како и сите други.
Државите ќе прават повеќе за лицата со попреченост да добијат работа, а тоа ќе го направат на следниот начин:
Ќе донесат закони со кои лицата со попреченост на работата се еднакви со другите.
Ќе осигураат дека лицата со попреченост имаат еднакви права за работа, и правила и плата.
Ќе овозможат лицата со попреченост да имаат право да се вклучат во синдикат исто како и сите други.
Да овозможат дека лицата со попреченост ќе одат на работни програми и обука за работа.
Да им помагаат на лицата со попреченост да најдат и да задржат работно место, како и да добиваат подобри работни места.
Да им помагаат на лицата со попреченост да започнуваат свои бизниси.
Да им се дава на лицата со попреченост да може да се вработуваат во владата и на места како совети и болници.
Да им се помогне на компаниите да вработуваат лица со попреченост.
Да осигураат дека лицата со попреченост имаат соодветни места за работа.
Да овозможат лицата со попреченост да може прво да ја пробаат работата.
Да им помагаат на лицата со попреченост да се вратат на работа.
Државите мора да обезбедат дека лицата со попреченост не се присилени на работа за која нема плата.
28. Стандарди на живеење
Лицата со попреченост имаат еднакво право на добар стандард на живеење за нив и нивните семејства. Тоа вклучува храна, облека, дом и чиста вода.
Лицата со попреченост треба да добиваат помош за подобрување на нивниот стандард на живеење исто како и сите други.
Државите треба да обезбедат дека:
Лицата со попреченост имаат право на услуги и помагала за нивната попреченост, по цена која можат да си ја дозволат.
Лицата со попреченост, особено девојките и жените и постарите лица, треба да добиваат помош за да имаат добар стандард на живеење.
Лицата со попреченост кои се сиромашни добиваат помош од државата за трошоците за попреченоста.
Лицата со попреченост имаат пристап до јавните програми за домување.
Лицата со попреченост имаат исти шанси за пензија како и сите други.
29. Вклучување во политика
Лицата со попреченост имаат право да учествуваат во политиката како и сите други.
Лицата со попреченост имаат право да гласаат и:
Да им се обезбеди дека гласањето е лесно и разбирливо.
Да им се овозможи дека гласањето е тајно.
Да им се даде поддршка на лицата да гласаат како сакаат, кога е потребно.
Да им се обезбеди на лицата со попреченост да бидат вклучени во невладини организации и политички партии.
Да им се овозможи на лицата со попреченост да можат да се приклучат на организации за лица со попреченост.
Лицата со попреченост имаат право да бидат избирани како членови на собрание или совет.
30. Спорт и рекреација
Лицата со попреченост имаат право да учествуваат во спортови и рекреација како и сите други.
Државите треба да овозможат:
Работите, како на пример книги, да бидат пристапни.
Телевизијата, филмовите и театрите да се пристапни.
Музеј
Лицата со попреченост да можат да влезат на места како музеи.
Лицата со попреченост да имаат можност да бидат уметници.
Правилата и законите мора да го олеснат пристапот за лицата со попреченост до овие работи.
Да се почитуваат глувите и другите лица со попреченост.
Лицата со попреченост да имаат поддршка за учество во обични
спортови.
Лицата со попреченост да можат да учествуваат во спортски и рекреативни активности кои се наменети за нив.
Спортските и рекреативните места да се пристапни.
И децата со попреченост да имаат еднаков пристап.
31. Информации
Државите треба да ги собираат потребните информации за да може овој договор да се остварува.
Личните информации мора да бидат доверливи и приватни.
Владите мора да обезбедат лицата со попреченост да имаат пристап до информациите како и сите други.
32. Соработка на државите
Државите ќе работат заедно како партнери за да се оствари овој договор.
Државите:
Ќе овозможат заедничкото работење да ги вклучува и лицата со попреченост.
Ќе овозможат дека се даваат информации, искуства и обука за сите лица да работат најдобро што можат.
Ќе овозможат заедничко работење со другите држави на истражувања и споделување што откриле.
33. Остварување на овој договор
Владите треба:
Да имаат еден дел од Владата кој ќе работи за овој договор да се остварува.
Да имаат начин со кој ќе може да се измери дали добро се остварува договорот.
Да вклучат лица со попреченост во следење колку добро се остварува договорот.
34. Комитет за правата на лицата со попреченост
Ќе се состави посебен комитет од сите држави за да се осигура дека овој договор се остварува. Тој комитет ќе биде во Обединетите нации.
35. Извештаи од државите вклучени во договорот
Секоја држава ќе пишува извештај за својата работа од овој договор и ќе ги испрати до Комитетот во рок од 2 години по потпишувањето.
4
години
Потоа секоја држава ќе испраќа извештај секои 4 години, и дополнителни извештаи ако комитетот побара.
Комитетот ќе одлучи какви информации треба да дадат државите во своите извештаи.
Извештаите ќе бидат и за работите поради кои не се остваруваат правата на лицата со попреченост.
3 месеци
36. Што се случува со извештаите
Комитетот ќе ги разгледува извештаите и ќе им дава идеи и совети на државите што да прават. Може да побара и други информации.
Ако извештајот многу доцни, Комитетот може да ја опомене државата дека во рок од 3 месеци може да отиде и да види што се случува во државата.
Сите држави ќе може да ги гледаат сите извештаи.
Секоја држава мора да обезбеди дека јавноста го видела извештајот и она што Комитетот го кажал за извештајот.
Комитетот ќе ги испрати извештаите до различни оддели и организации за да побара совет или помош ако е потребно.
37. Комитетот и државите работат заедно
Секоја држава ќе соработува со Комитетот и ќе им помога на членовите на Комитетот со тоа што ќе им ги дава информациите кои им се потребни.
Комитетот ќе размисли како да соработува со државите за сето тоа да се оствари.
38. Како ќе работи Комитетот заедно со други организации
Важно е сите држави и организации да работат заедно за договорот да се оствари.
Комитетот ќе покани различни одделенија и организации да дадат совети и информации за нивната работа.
Комитетот може да побара и други организации за човекови права да напишат извештаи ако нивната работа се вклопува во овој договор.
39. Извештај на Комитетот
2
години
6 месеци
Комитетот ќе пишува извештај секои 2 години до Генералното собрание и Економскиот и социјален совет. Ќе вклучи идеи од различни држави за она што треба да се работи.
40. Состаноци на државите
Државите кои се дел од овој договор често ќе се среќаваат околу работата на овој договор.
Првиот состанок ќе биде за 6 месеци од почетокот на работата. Генералниот секретар ќе ги договара идните состаноци.
41. Чување на извештаите и информациите
Генералниот секретар на Обединетите нации ќе ги чува сите информации и извештаи за овој договор.
30
42. Потпишување на договорот
Договор
Државите ќе можат да го потпишуваат овој договор од 30-ти март 2007 година во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
43. Согласност и одобрување
Државите кои го потпишале овој договор потоа одлучуваат кога да го одобрат. Тогаш навистина почнува да се спроведува во државата.
Другите држави кои не го потпишале можат исто така да се придружат.
44. Групи на држави
Некои земји се здружени како организации, како што е Европската унија.
Овие организации можат да се придружат на договорот, и да дадат придонес кога се зборува за него.
30 дена
45. Кога започнува договорот?
Договорот за почнува да важи 30 дена откако ќе го потпишат 20 држави.
46. Придржување до договорот
Државите можат да кажат ако има делови од договорот со кои не се согласуваат, но не можат да одбијат да потпишат важни делови од договорот.
47. Измени на Договорот
Секоја држава може да побара измени во договорот. Тоа може да го направи писмено до Генералниот секретар кој ќе им каже на другите држави.
Државите ќе одлучат ако им треба состанок за да разговараат за таа идеја и дали треба да се согласат со тоа.
48. Ако некоја држава сака да го напушти договорот
Државата може излезе од овој договор со тоа што ќе му напише на Генералниот секретар.
Државата ќе престане да биде дел од овој договор 1 година по пристигнувањето на писмото.
49. Пристапни информации
Овој договор ќе биде напишан и во лесно разбирлива верзија.
50. Договорот на други јазици
Овој договор ќе биде напишан на арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански, и ќе биде ист на сите јазици.
Заслуги
Овој документ е напишан, дизајниран и публикуван за Одделот за работа и пензии, од страна на ‘EasyRead’ service @ Inspired Services Publishing Ltd. ISL366/07. Ноември 2007 година.
Цртежите припаѓаат на Valuing People Clipart Collection и не можат никаде да се користат без писмена дозвола од Inspired Services Publishing Ltd.
Македонската верзија ја подготви Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА и истата е достапна на xxx.xxxxxx.xxx.xx
Овој документ може да се копира без официјална дозвола и само за лична употреба.
Што има во овој документ?
Страна
1. Xxxx xxxxxxx 0
2. Што значат зборовите 1
3. Основните идеи 2
4. Што треба да прават државите 4
5. Да бидеш еднаков со другите 7
6. Жените со попреченост треба да 7
се еднакви
7. Децата со попреченост треба да
се еднакви 8
8
8. Давање информации на лицата за попреченоста
Што има во овој документ?
9. Пристапност
10. Право на живот
11. Вонредни состојби
12. Еднакви пред законот
13. Добивање правда
14. Да бидеш слободен/а и безбеден/а
Страна 10
12
12
13
15
16
15. Да не бидат измачувани или 17
кон нив сурово да се однесуваме
16. Да не бидат искористувани и 18
злоупотребувани
Што има во овој документ?
17. Да се однесуваме кон лицата со попреченост како луѓе прво
18. Слободно движење
19. Самостојно живеење и да се биде дел од заедницата
20. Движење наоколу
21. Слобода на изразување и
пристап до информации
22. Приватност
23. Почит за домот и семејството
24. Образование
Страна 19
20
21
22
23
24
24
26
25. Здравство 29
Што има во овој документ?
26. Сервиси за подобрување на состоjбата
27. Работа
28. Стандарди на живеење
29. Вклучување во политиката
30. Спорт и рекреација
31. Информации
32. Соработка на државите
33. Остварување на овој договор
34. Комитет за правата на лицата со попреченост
Страна 30
31
34
35
37
39
39
40
40
Што има во овој документ?
35. Извештаи од државите вклучени во договорот
Страна 41
? 36. Што се случува со извештаите 42
37. Комитетот и државите работат 43
заедно
38. Како ќе работи комитетот 44
заедно со други организации
39. Извештај на комитетот 44
40. Состаноци на државите 44
41. Чување на извештаите и 44
информациите
42. Потпишување на договорот 45
43. Согласност и одобрување 45
Што има во овој документ?
?
44. Групи на држави
45. Кога започнува договорот?
46. Придржување до договорот
47. Измени на договорот
48. Ако некоја држава сака да го напушти договорот
49. Пристапни информации
Страна 45
46
46
46
47
47
50. Договорот на други јазици 47
Заслуги 48
Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА
ул. „Орце Николов“ бр.122, 1000 Скопје Република Северна Македонија
тел. 02/0000-000