Contract
Услови за употреба на веб страница
1. ОПШТИ, ПОСЕБНИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА
1.1. Овие услови за употреба (Општи услови за употреба) се правила и услови за употреба на оваа веб страница. Општите услови за употреба се однесуваат и ги опфаќаат сите аспекти на употребата на веб страницата.
1.2. Сарантис СА, кој што е администратор на оваа веб страница и ќе биде именуван во понатамошниот текст како „Администратор“, може во било кое време да ги менува постоечките Општи услови за употреба или да постави посебни или дополнителни услови за употреба за одреден дел или функција на веб страницата, за што корисникот ќе биде информиран пред да влезе во конкретниот дел или пред употреба на конкретната функција
1.3. Општите услови за употреба, како и било кои посебни или дополнителни услови за употреба претставуваат правно обврзувачки договор меѓу Администраторот и корисникот/посетителот на наведената веб страница.
2. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА
2.1. Посетителот или корисникот на оваа веб страница мора внимателно да ги прочита Општите услови за употреба пред да ги посети или да ги користи страниците и во случај на несогласување не смее да ги употребува конкретните страници. Општите услови за употреба се применуваат на целата содржина на веб страницата.
3. УПОТРЕБА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
3.1. Кога корисниците на веб страницата ќе влезат на истата, тие се обврзани да се однесуваат во согласност со Општите услови за употреба и правото кое се применува, како и со било која друга регулатива и/или кодекси и/или пракса и процедури кои се воспоставени и/или се применуваат од страна на Администраторот.
3.2. На корисникот му е забрането при употреба на веб страницата да ги крши правата на трети лица на било кој начин, вклучувајќи и, но не ограничувајќи се на заштита на нивните права од индустриска и интелектуална сопственост и личните права. На корисникот му е забрането да ја уништува, деактивира, преоптоварува или да предизвикува штета на веб страницата, да користи неодобрени средства со цел промена на содржината на веб страницата или да влијае на нејзината функција на било кој начин. Во случај кога на корисникот му е овозможено да влезе на веб страници на трети лица преку оваа веб страница, безусловно се утврдува дека Администраторот нема да биде одговорен за било која содржина или било што што се поврзува со овие веб страници.Корисникот изрично изјавува дека таа е носител на сите права за објавувањата (слики,видеа итн.) кои ќе бидат прикачени на веб страницата и е единствено одговорен за било која штета која ќе биде предизвикана на трети лица како резултат на тие објавувања. Администраторот го задржува неговото дискреционо право да отфрли објавување кое е нелегално, навредливо итн.
3.3. Во секој случај, корисниците признаваат и прифаќаат дека тие се единствено одговорни за било која загуба или штета која е предизвикана на веб страницата или на трети лица,
без оглед на посебната причина за тоа, формата и името како последица, директно или индиректно или било кое кршење на овие услови.
4. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
4.1. Сарантис СА ги презема сите разумни мерки за да обезбеди заштита на личните податоци кои се предмет на соодветната легислатива.
4.2. Сарантис СА гарантира дека личните податоци кои се наоѓаат на веб страницата нема да бидат несоодветно употребувани, ниту ќе бидат продадени или предадени на трети лица на било кој начин.
4.3. Сарантис СА го задржува правото да ги складира личните информаии на корисниците и да ги употребува понатаму со цел да праќа известувања или било какви други рекламни материјали на корисниците, кои се однесуваат на активностите на Сарантис СА, нејзините брендови или оваа посебна кампања.
4.4. Корисниците, преку употребата на веб страницата, се согласуваат и ја даваат нивната дозвола на Администраторот и неговите овластени партнери да имаат право да собираат, да документираат на било кој начин и да задржат папка со лични податоци на корисниците, во рамките на активностите на посебната веб страница. Понатамошната спецификација во врска со личните податоци на корисниците се прави во согласност со Политиката за приватност на веб страницата.
4.5. На веб страницата ќе бидат преземени сите потребни мерки за безбедност на остварените комуникации во согласност со легислативата која се применува.
5. СОДРЖИНА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
5.1. Веб страницата треба да содржи материјали од Администраторот и содржина која што е создадена од корисникот. Производите или услугите кои се споменати на страниците на оваа веб страница и ги имаат ознаките на соодветните организации, компании, партнери, асоцијации или публикации се нивна интелектуална и индустриска сопственост. Исто така, освен со изрични исклучоци (права од интелектуална сопственост на трети лица, партнери и агенции и правата од интелектуална сопственост за софтверот кои му припаѓаат на Администраторот кој ја создал веб страницата) целата содржина на веб страницата, вклучувајќи ги и сликите, графиконите, фотографиите, дизајнот, текстот и сите податоци на оваа веб страница воопшто се сметаат за интелектуална сопственост, регистрирани трговски марки и трговски марки на услуги и производи на Администраторот и истите се заштитени од соодветните одредби на правото во Грција за заштита на индустриската и интелектуалната сопственост.
5.2. Последователно на тоа, сето погоренаведено му се дава на корисникот единствено за употреба во лични и некомерцијални цели, под услов сите забелешки во однос на авторските и другите права од интелектуална сопственост кои се вклучени во оригиналниот материјал ќе бидат зачувани во сите копии на тој материјал и ќе биде забрането на било кој начин да се менува материјалот на веб страницата или да се репродуцира или јавно да се изложува истиот, односно да се користи, симнува или дистрибуира материјалот на било кој начин за комерцијални или други цели. Не е дозволено менување, изнајмување, позајмување, продажба, дистрибуција или
создавање на деривативни дела врз основа на споменатата содржина, во целина или на делови, освен ако за тоа не постои посебно писмено овластување од Администраторот коe е утврденo со посебен договор.
5.3. Во случај кога дел од содржината ќе биде зачуван на PC (компјутер) за лична, но не јавна или комерцијална употреба, без бришење на ознаката на потекло од оваа веб страница и без кршење на значајните права од интелектуална или индустриска сопственост на било кој начин, ќе бидe изземен од сето погоренаведено.
5.4. Корисникот изрично и безусловно прифаќа дека тој е единствено одговорен за било какво интервенирање во содржината и последиците од таквата интервенција, вклучувајќи и било каква загуба или штета која ќе му биде предизвикана на Администраторот, а Администраторот не е одговорен за било што што ќе му се случи на корисникот или трето лице.
5.5. Исто така, заеднички се прифаќа и се утврдува дека иако веб страницата им ја овозможува на корисниците сета потребна технолошка инфраструктура и ресурси за да можат да објавуваат/публикуваат содржина, сите информации и содржини без оглед дали се објавени јавно или се приватно пренесени, ќе останат единствено одговорност на физичкото лице или правното лице од кое што потекнува таа содржина. Ова значи дека корисникот е единствено одговорен за било која и сите содржини кои се објавени, испратени, пренесени или на друг начин станати достапни преку услугите на веб страницата. Администраторот не може, во рамките на неговите овластувања, како и преку трети лица (физички лица или правни субјекти), да ја контролира содржината која што е објавена од корисниците на услугите на веб страницата и поради тоа не може да гарантира за точноста, интегритетот, легалноста или квалитетот на таквата содржина.
6. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
6.1. Во најголем дел од ограничувањето на одговорноста кое што е дозволено според закон, Администраторот не му одговара на корисникот или на некое трето лице чии права произлегуваат од корисникот поради предизвикана штета, без оглед дали е материјална или нематеријална, директна или последична или индиректна или во било која друга форма, без разлика на нејзиното посебно име, форма и причина која настанала поради било какво правно или граѓанско или казнено побарување, или поради штета предизвикана од посетителите на веб страницата или трети лица, поради причини кои се поврзуваат со функционирањето или нефункционирањето и/или употребата на веб страницата и/или било какви неовластени интервенции од страна на трети лица на информациите кои се овозможени преку веб страницата.
6.2. Администраторот и неговите партнери ќе ги направат сите можни напори за да овозможат правилно функционирање на оваа веб страница, без да гарантираат дека функциите на веб страницата или нејзините сервери ќе бидат сигурни и без недостатоци, вируси или слични елементи.
7. РЕКЛАМИ – СПОНЗОРСТВА
7.1. Некои од посебните страници или услугите на веб страницата може да содржат рекламни извори и/или спонзорства и тие може да се сметаат како реклами и промоции.
7.2. Начинот, методот и опсегот на рекламите и спонзорствата на веб страницата може да бидат менувани од страна на Администраторот без претходно известување.
7.3. Корисникот изрично и безусловно се согласува дека Администраторот ќе може да става и/или да прикажува реклами на оваа веб страница
7.4. Било која форма на рекламирање на веб страницата во никој случај не претставува охрабрување или советување за изведување на одредени активности, туку претставува предмет на дискреционо право на корисниците/посетителите да го проценат она што им се нуди и да дејствуваат во согласност со нивната волја, исклучувајќи било каква одговорност од Администраторот.
8. СТРАНСКА СОДРЖИНА
8.1. Веб страницата содржи упатувања преку линкови, хиперлинкови или банер реклами за веб страници на трети лица, чија што достапност, содржина, политика за заштита на лични податоци, квалитет и соодветност на услуги не е предмет на контрола од страна на Администраторот. Администраторот во никој случај нема да биде одговорен за достапноста, политиката за заштита на лични податоци, квалитетот или прецизноста на страниците и функциите на веб страниците на трети лица, кои му се достапни на корисникот/посетителот преку линкови, хиперлинкови или банери. Последователно на тоа, во случај не некаков проблем кој би се појавил за време на посетата или употребата на таквите страници/функции, посетителот/корисникот мора веднаш да ги контактира луѓето кои се одговорни за функцијата на овие посебни веб страници.
8.2. Во никој случај Администраторот нема да се смета дека ја одобрува или прифаќа содржината или функциите на веб страниците или страниците на кои посетителот/корисникот бил упатен или со кои овој портал е поврзан на било кој начин или прецизноста, соодветноста и содржината на објавените информации кои се прикачени од страна на корисниците на домашната страница на оваа веб страница.
8.3. Корисникот изрично и безусловно прифаќа дека Администраторот не е одговорен за било каква загуба или штета, без оглед на посебната причина, името и формата која ја добила како резултат на достапноста на погоре споменатите веб страници на трети лица или извори, или која настанала поради довербата која и е укажана на соодветноста, прецизноста или постоењето на некоја реклама, производ или друг материјал кој се наоѓа или е достапен на горенаведените веб страници или извори.
9. НАТПРЕВАР
Сарантис СА организира натпревар во кој на победниците им се даваат сите награди
.
9.1 ПОДОБНОСТ
I. Со цел да учествува во Натпреварот, корисниците мора да прикачат фотографијa на своите профили на социјалните мрежи, при тоа користејќи ознака („хаштаг“) #cthrumakeastatementMKD. Со објавување на фотографија или видео користејќи ја оваа ознака, корисниците се согласуваат Сарантис СА да ја искористи нивната фотографија или видео за понатамошни маркетинг активности и објавување во склоп на рекламирањето на своите брендови. Еден корисник може да учествува во напреварот со неограничен број на фотографии.
II. Периодот за учество на Натпреварот започнува на 06.10.2017 и завршува на 10.11.2017.
III. Учеството во натпреварот бара безрезервно прифаќање на постоечките Правила и услови, како и на другите услови кои се дадени од било која друга веб страница за да
се користат за целите на Натпреварот и тие исто така се обврзувачки во секоја смисла за сите потенцијални учесници.
IV. . Вработените и директорите (како и нивните брачни партнери, членови на најтесното семејство и домаќинство) на Администраторот и неговите соодветни подружници, филијали, агенции и ограноци, како и сите други кои се поврзани на било кој начин со Натпреварот или помагаат за неговото остварување, не се погодни да учествуваат на Натпреварот или да освојат некаква награда.
V. Администраторот го задржува правото да ја потврди погодноста на сите учесници и да дисквалификува учесник доколку постои разумна основа дека тој прекршил некое од овие правила и услови.
9.2. НАГРАДИ
Победниците ќе ги добијат следните награди:
- Прва награда: Вредносен ваучер од 9000 денари од ланец за облека, обувки и акцесоари- Зара (xxx.xxxx.xxx.xx)
- Втора награда: 2 карти за присуство на Fashion Weekend Skopje (доделени за времетраење на кампањата со цел да се стимулира поголемо учество на таргетиранта група)
- Трета награда: 10 сетови Glamorous тоалетни води 30мл + дезодоранс 150мл
9.3. ИЗБОР НА ПОБЕДНИК
Во текот на Натпреварот, Администраторот ќе ги одбере победниците со помош на жири. Победниците ќе бидат исконтактирани преку е-маил во рок од ДЕСЕТ (10) работни денови и ќе им бидат соопштени детали за тоа како да ја подигне наградата. Доколку по извесен разумен број на обиди во рок од точно определени денови (утврдени од страна на Администраторот како негово дискреционо право) не е остварен контакт со потенцијалните победници, тие ќе бидат дисквалификувани. Победниците ќе имаат седум (7) работни денови да го потврдат прифаќањето на наградата.
Имињата на победниците ќе бидат објавени на xxx.xxxxxxxxxxxxxxxxxxx.xxx и преку социјалните мрежи.
Се утврдува дека Администраторот не е одговорен за неуспешното остварување на комуникација со победниците според регистрираните податоци за контакт.
9.4. ОПШТИ УСЛОВИ
I. Освен ако изрично не е утврдено во официјалните Правила и Услови, изборот на сите соработници, награди, производи и услуги е предмет на единствена и апсолутна дискреција на Администраторот. Наградaта (и/или некој нејзин дел) е лична, непренослива и незаменлива. Не е дозволена замена или смена за пари на наградата. При приемот на наградата победниците мора да го потврдат својот идентитет.
II. Администраторот може да го менува и/или откажува Натпреварот и/или моменталните услови и да ги поместува датумите како негово единствено дискреционо право преку објавување на нови услови на веб страницата за Натпреварот.
III. Доколку според мислењето на Администраторот, постои сомнеж и конкретни докази за фалсификување во било кој дел од Натпреварот, или ако било која активност влијае врз администрацијата, интегритетот, сигурноста, правичноста и правилното
спроведување на Натпреварот, Администраторот го задржува дискреционото право да го дисквалификува секој оној кој фалсификувал при процесот на пријавување и да ги поништи сите пријави за кои смета дека се поднесени во услови на измама, како и да го измени, прекине или заврши Натпреварот.
IV. Пријавите и другите поднесени материјали стануваат сопственост на Администраторот и/или неговиот партнер (и) за промовирање и тие нема да бидат вратени. Администраторот не е одговорен за нецелосни, задоцнети, изгубени или погрешно насочени пријави или за било какви технички недостатоци, човечка грешка, загубени/задоцнети податоци при пренос, пропуст, прекинување, бришење, дефект или проблем со конекцијата на било која телефонска мрежа, компјутерска опрема, софтвер или комбинација од нив. Пријавите ќе бидат поништени доколку се нечитливи, непрецизни, нецелосни или менувани со фалсификување, механички или на било кој друг неправилен начин или во друга смисла не се во согласност со овие официјални Правила и услови.
V. Иако Администраторот се обидува да го осигура интегритетот на Натпреварот, сепак тој не е одговорен за активностите на пријавените или други поединци во однос на Натпреварот, вклучувајќи ги и обидите на пријавените и другите поединци да ги избегнат официјалните Правила и услови или на друг начин да ја попречат администрацијата, сигурноста, правичноста или правилното спроведување на Натпреварот
VI. Доколку, поради некоја причина, Натпреварот не може да се спроведе како што е планирано поради оштетување од компјутерски вирус, црви, бубачки, фалсификати, неовластени интервенции, измама, технички ограничувања или недостатоци, штрајкови, состојба на индустријата, банкрот или ликвидација, побарувачка на пазарот, применливо право, непредвидени пречки или други причини кои, според единствено мислење на Администраторот, можат да ја корумпираат, компромитираат, поткопаат или на друг начин да влијаат на администрацијата, сигурноста, правичноста, интегритетот, оправданоста или правилното спроведување на Натпреварот, Администраторот го задржува правото на единствена и апсолутна дискреција да ги менува овие официјални Правила и услови и/или да откаже, заврши, измени или прекине сите или било кој дел од Натпреварот и да избере победник од сите подобни пријави кои се примени се до времето на откажувањето, завршувањето, менувањето или прекинувањето, доколку се изврши.
9.5. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ЛИЧНИ ПРАВА
Оваа промоција на ниеден начин не е спонзорирана, одобрена или спроведена од, или во соработка со, Facebook или било која друга социјална мрежа. Подносителот на пријавата ги дава податоците на Сарантис СА и на ниедно друго лице. Добиените информации ќе бидат употребени во согласност со условите на Политиката за приватност која што се применува соодветно. Без да се смета дека е во спротивност со применливата легислатива за заштита на лични податоци, учесниците се согласуваат и се обврзуваат на следново:
I. Со пријавувањето на овој Натпревар и ако тоа не е забрането со закон, секој потенцијален или избран победник се согласува за употреба на неговото/нејзиното име, глас, слика и/или подобност за рекламирање или јавни цели и слични промоции без компензација, а за тоа може да биде побарано од потенцијалниот победник или гости да потпишат таква согласност, освен ако не е забрането со закон
II. Победниците кои ќе ја добијат нивната награда се добредојдени да му испратат на Администраторот аудиовизуелен материјал за промоција и рекламни цели. Победениците безусловно се согласуваат и ги прифаќаат правата на Администраторот да објавува или на друг начин да го употребува аудиовизуелниот
материјал, но не во спротивност со правните одредби. Ова во ниеден случај не ги крши нивните лични права според политиката за приватност. Победниците не добиваат компензација, надоместок или други права во однос на горенаведените публикации, како и поради други промотивни активности.
9.6. ПУБЛИЦИТЕТ
Постоечките официјални Правила и услови се прикачени на веб страницата и ќе останат објавени во текот на целиот период на пријавување.
9.7. ВАЖЕЧКО ПРАВО
Натпреварот и овие официјални Правила и услови се во согласност со и ќе бидат толкувани во согласност со регулативата на Грција. Судовите на АТИНА во ГРЦИЈА се надлежни за решавање на било кој спор или барања кои може да настанат од постапката за Натпреварот.
10. КОНКУРСОТ
10.1. За да се пријават на Натпреварот, корисниците мора да потврдат дека имаат над 13 години – со согласност од родителите – со цел да им биде овозможено да ја освојат наградата. Администраторот ќе ги преземе сите разумни мерки за заштита на личните податоци според легислативата во Грција, обврзувачките одредби и договори.
11. РАЗЛИЧНИ ПРОПИСИ
11.1. Општите услови за употреба го сочинуваат целокупниот правен договор меѓу корисникот и Администраторот и ја регулираат употребата на оваа веб страница од страна на корисникот.
11.2. Корисниците изрично и безусловно прифаќаат дека Администраторот може да направи известувања, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на измените на Правилата за употреба, преку е-маил, обична пошта или огласи.
11.3. Било какво задоцнување или погрешно остварување на некое право од страна на Администраторот, без разлика дали е еднаш или повеќе пати, во никој случај нема да се смета за прекршување на тоа право, кое може да се оствари во било кое време.
11.4. Во случај на невалидност на некоја одредба од овие Правила за употреба, корисниците безусловно прифаќаат дека наведеното правило ќе биде заменето од страна на Администраторот со друго кое го има истиот ефект, и на тој начин ќе ја интерпретира вистинската волја на страните. Во секој случај, останатите Правила за употреба нема да бидат опфатени од невалидноста на некое од правилата и ќе останат валидни и на сила.
12. ПОСЛЕДИЦИ ОД КРШЕЊЕ ПРАВИЛАТА ЗА УПОТРЕБА
Во случај на кршење на некои правило од страна на корисникот, како и предизвикување на било каква последица врз основа на овие правила или друг правен извор, Администраторот има единствено дискреционо право да ја прекине, привремено или трајно, можноста за пристап на веб страницата.
13. НАДЛЕЖНОСТ И ПРАВО КОЕ СЕ ПРИМЕНУВА
Овие Правила за употреба ќе бидат регулирани исклучиво според правото на Грција. Судовите на Атина во Грција се исклучиво надлежни за решавање на било кој спор што може да настане од овие Правила за употреба.
Под покровителство на:
Во соработка со:
Поддржано од: