Contract
Врз основа на Барањето за регистрација на БОС бр. --------, од ------- година со кој учесникот на пазар презема балансна одговорност се склучува.
ДОГОВОР ЗА БАЛАНСНА ОДГОВОРНОСТ
СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ
Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ул. “Максим Горки” бр.4., 1000 Скопје, застапувано од м-р Xxx Xxxxxxx генерален директор на АД МЕПСО, жиро сметка 200001086598648, Матичен број: 5933781, ЕДБ : МК 4030004529600 (во понатамошниот текст ОЕПС)
и
----------------------------------------, претставувана од ---------------, како балансно одговорна страна (во понатамошниот текст БОС), жиро сметка: --------------, Регистарски број: ---------------- ЕДБ : МК --------------
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Со овој Договор за балансна одговорност (во понатамаошниот текст: Договор) се регулираат меѓусебните права и обврски на ОЕПС и БОС во согласност со Правилата за балансирање на ЕЕС и другата позитивна законска регулатива која важи во Република Северна Македонија, а ја регулира материјата поврзана со баласната одговорност.
Со овој Договор особено се регулира:
впишување на БОС во Регистарот на БОС и балансни групи,
доставување на физички распореди,
пресметка на отстапувањето,
права и обврски на БОС и ОЕПС,
финансиско порамнување на отстапувањата на БОС,
финансиски гаранции.
Член 2
Дефинициите за одделни изрази, содржани во Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, се применуваат и во овој Договор.
II. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ОЕПС И БОС
Член 3
ОЕПС со субјектот кој сака да стане БОС, склучува Договор за балансна одговорност.
По потпишување на Договорот, XXXX ја внесува БОС во Регистарот на БОС и балансни групи. БОС ќе стане активен и ќе може да доставува номинации, доколку е запишан и во Регистарот на учесници на пазарот.
Член 4
БОС е должна да:
преземе балансна одговорност за секој пресметковен интервал за неговата балансна група,
биде во состав на една и само една балансна група,
обезбеди соодветни финансиски гаранции и да ги достави до ОЕПС,
доставува физички распореди и тоа: план за трговија(TPS), план за потрошувачка(CPS) и план за производство(PPS) до ОПЕЕ и ОЕПС, поединечно за секој член на балансната група,
врши финансиско порамнување на отстапувањата во рамките на балансната група,
ги исполнува обврските што произлегуваат од финансиското порамнување на отстапувањата на балансната група со ОЕПС и
доставува податоци и документација на барање на ОЕПС врз основа на Правилата за балансирање на ЕЕС.
III. ДОСТАВУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ РАСПОРЕДИ
Член 5
БОС ги доставува до ОЕПС и ОПЕЕ физичките распореди за својата балансна група за секој период на порамнување, ден однапред (Д-1) за денот Д согласно Процедурата за изготвување на конечен дневен распоред објавенa на интернет страната на ОЕПС.
Доколку БОС во својата балансна група има производители или потрошувачи на електрична енергија приклучени на електродистрибутивната мрежа своите физички распореди ги доставуваат и до соодветниот ОДС.
ОЕПС ги проверува физичките распореди согласно преземените меѓународни обврски за доставување на физички распореди во однос на доделените прекугранични преносни капацитети, хармонизираност на сите номинации и нивната избалансираност и ја известува БОС во случај на прифаќање или неприфаќање на распоредите.
XXX е целосно одговорна за сите направени грешки во своите номинации на физички распореди и во случаите кога XXXX не побарал ревизија на физичките распореди.
Физичките распореди на БОС мора да се во согласност со соодветните билатерални договори.
XXX има право да достави нов Физички распоред или да направи корекција на претходно одобрен физички распоред согласно Член 102 и Член 103 од Правилата за балансирање.
IV. ФИНАНСИСКО ПОРАМНУВАЊЕ НА ОТСТАПУВАЊАТА
Член 6
Пресметката на отстапувањата на БОС се прави во согласност со членовите од Член 79 до Член 88 од Правилата за балансирање.
Пресметката на отстапувањето се врши на месечно ниво, за секој период на порамнување на отстапувањата ISP (часовно).
Доставените количини на пресметковните податоци се обезбедуваат во целобројни вредности на kWh.
Пресметка на отстапувањата ги содржи вредностите на позитивните или негативните отстапувања на балансната група одделно за секој период на порамнување на отстапувањата.
Член 7
Учесник во финансиското порамнување е БОС
ОЕПС ги извршува порамнувањата на финансиските побарувања и обврски на БОС.
Финансиското порамнување на отстапувањата се врши врз основа на пресметки за отстапувањата на БОС и предлог пресметка за трошокот од отстапувањата заради финансиско порамнување доставени од страна на ОПЕЕ до ОЕПС во рок од 60 дена по истекот на месецот за кој се врши пресметката согласно член 73 од Правилата за балансирање.
Одредбите коишто се однесуваат на финансиското порамнување на отстапувањата се применуваат и за конечната пресметка на отстапувањата.
Врз основа на пресметката на отстапувањата за пресметковниот период, ОЕПС фактурира на БОС, кога БОС плаќа за отстапувањата во односниот месечен пресметковен период. Прилог на фактурата е извештајот за пресметка на отстапувањата за односниот месечен пресметковен период за својата балансна група. Датумот на доспевање на фактурата е осум работни дена од датумот на издавање на истата.
Врз основа на пресметката на отстапувањата во пресметковниот период, XXX издава фактура за ОЕПС, кога ОЕПС плаќа за отстапувањата во односниот месечен пресметковен период. Прилог на фактурата е извештајот за пресметка на отстапувањата во односниот период за својата балансна група. Датумот на доспевање на фактурата е 10 работни дена од датумот на издавање на истата.
Рок за издавање на фактурата е пет дена по добивање на пресметката на отстапувањата.
Член 8
XXX имаат право на приговор на фактурата во рок од пет работни дена по приемот на фактурата доставена од ОЕПС.
Во приговорот поднесен од страна на XXX се наведуваат и образложуваат причините поради кој тој се поднесува.
Поднесувањето на приговорот до ОЕПС не го одложува плаќањето по издадената фактура.
Ако приговорот од став (1) на овој член е усвоен, XXXX изготвува нова коригирана фактура и ја доставува до БОС во рок од три работни дена од усвојување на приговорот.
Член 9
Ако приговорот од член 8 став (1), не е основан XXXX во рок од осум работни дена од добивање на приговорот го одбива приговорот.
XXX има право да поднесе приговор до РКЕ во рок од 7 дена по добивање на одлуката од став (1) на овој член.
Поднесувањето на приговорот од став (2) на овој член не го одложува плаќањето по издадената фактура.
Ако РКЕ донесе одлука со која се усвојува приговорот на БОС од став (2) на овој член ги информира ОЕПС и ОПЕЕ.
Член 10
ОЕПС, до секоја БОС за која што има корекција, испраќа финансиско задолжение или одобрение и конечна пресметка на отстапувањата за нивната балансна група за предметниот месец согласно
член 77 од Правилата за балансирање.
Финансиското задолжение или одобрение од став (1) на овој член се изработува врз основа на Конечната пресметка на отстапувањата која се добива како разлика помеѓу вредностите добиени од првата пресметка на отстапувањата и вредностите добиени со конечната пресметка на отстапувањата.
Член 11
XXX имаат право на приговор на финансиското задолжение или одобрение согласно Член 10 став (1) и конечната пресметка на отстапувањата во рок од пет работни дена по приемот на финансиското задолжение или одобрение.
Постапката за доставување и одлучување по приговорот од Член 8 и Член 9 од овој Договор се применува и по приговорот од став (1) на овој член.
IV. ФИНАНСИСКИ ГАРАНЦИИ
Член 12
Во рок од 7 работни дена по потпишување на овој Договор, XXX ги поднесува потребните финансиски гаранции до ОЕПС.
Член 13
XXX е должен да обезбеди фиксни и варијабилни финансиски гаранции по барање на ОЕПС.
БОС депонира и одржува финансиска гаранција во висина и форма дефинирана од ОЕПС како гаранција за исполнување на обврските на БОС кои што произлегуваат од отстапувањата.
Сите обезбедени финансиски гаранции или депонирани средства од страна на БОС кон ОЕПС се сопственост на ОЕПС и не може да се користат за други цели.
Ако на БОС му престане договорот за балансна одговорност, сите финансиски гаранции му се враќаат, во моментот кога истиот ќе ги подмири сите финансиски обврски кон агентот за порамнување, вклучувајќи ги и финансиските обврски кои произлегуваат од повторното пресметување на порамнувањето на отстапувањата за календарските месеци кога Договорот за балансна одговорност престанува да важи.
Висината на фиксната финансиска гаранција изнесува 1.000.000 денари мора да биде поднесена од страна на БОС и може да биде во форма на готовински депозит или банкарска гаранција и истата ќе биде со важност од датумот на издавање до 31 март следната година.
За секоја наредна календарска година, во периодот на важење на овој Договор, пред истекот на важноста на тековната фиксна финансиска гаранција, БОС е должна да достави нова фиксна финансиска гаранција за наредната календарска година со важност од датумот на издавање до 31 март следната година.
Член 14
Варијабилната финансиска гаранција мора да ја поднесе БОС по барање на ОЕПС.
Варијабилната финансиска гаранција мора да биде поднесена во форма на готовински депозит или во форма на банкарска гаранција, и истата ќе биде со важност од датумот на издавање до 31 март следната година.
За секоја наредна календарска година, во периодот на важење на овој Договор, пред истекот на важноста на тековната варијабилна финансиска гаранција, БОС е должна да достави нова варијабилна финансиска гаранција за наредната календарска година со важност од датумот на издавање до 31 март следната година.
За новоформирана балансна група, висината на финансиската гаранција на БОС, за првите четири месеци ќе изнесува 1.500.000 денари.
Ако во текот на првите четири месеци ОЕПС процени дека новоформираната балансна група прави отстапувања кои финансиски нема да може да се надоместат со износот на веќе доставените финансиски гаранции (фиксна + варијабилна) од претходниот став тогаш, ОЕПС има право да побара од БОС да ја надополни варијабилната финансиска гаранција за проценетиот износ. БОС е должен да ја надополни варијабилната финансиска гаранција во рок од осум работни дена по доставеното барање.
За постоечка балансна група, ОЕПС ја одредува висината на износот на финансиската гаранција на БОС, како износ кој што е двојно поголем од износот на просечната фактурирана вредност на БОС за отстапувањата направени во претходните 12 месеци.
Ако БОС е вклучен во балансната шема помалку од 12 месеци и повеќе од 4 месеци, висината на финансиската гаранција на БОС е двојно поголема од износот на просечната фактурирана вредност на БОС за отстапувањата направени во претходните месеци од нивното вклучување во балансната шема.
Ако финансиските гаранции кои се веќе доставени од страна на учесниците во финансиското порамнување се пониски од износот на последната издадена фактура за порамнување на отстапувањата БОС е должен да достави нова или да ја надополни постојната варијабилна финансиска гаранција.
Износот на новата варијабилна финансиска гаранција се пресметува како разлика од износот на фактурата издадена во последниот месец и износот на фиксната финансиска гаранција.
Доколку финансиските гаранции кои се веќе доставени од страна на БОС се повисоки од износот на последната издадена фактура за порамнување на отстапувањата доставената варијабилна финансиска гаранција не се менува.
БОС е должен да достави нова варијабилна финансиска гаранција во рок од осум работни дена од доставеното барање за зголемување на износот на варијабилната банкарска гаранција од страна на ОЕПС.
По потпишување на договорот за балансна одговорност, БОС едновремено ги доставува и фиксната и варијабилната банкарска гаранција.
Член 15
Корисник на банкарската гаранција поднесена од страна на БОС е ОЕПС. Банкарската гаранција мора да содржи клаузула "без приговор" или "на прв повик" или зборови со исто значење. Банкарската гаранција мора да содржи безусловно и неотповикливо преземање од страна на банката за да го осигура плаќањето на износот пропишан во банкарската гаранција на корисникот на првото барање. Банкарската гаранција содржи и клаузула според која е можно делумно реализирање на истата.
Пред поднесување на банкарската гаранција, БОС ќе го извести ОЕПС за банката и целта на доставување на банкарската гаранција.
ОЕПС го задржува правото да прифати или одбие банкарска гаранција од одредена банка. Прифаќањето или одбивањето на банкарска гаранција е дискреционо право на ОЕПС.
ОЕПС може да ја реализира банкарската гаранција доколку XXX не ги подмири своите обврски во договорениот рок.
Сите трошоци настанати во постапката за издавање и реализација на финансиската гаранција ги сноси БОС.
БОС му доставува на ОЕПС нова гаранција најмалку 3 (три) работни дена пред истекот на моментално важечката банкарска гаранција и/или да поднесе готовински депозит наместо банкарска гаранција.
Со финансиската гаранција од членовите 13 и 14 од овој Договор БОС одговара за навремено и во целост исполнување на превземените обврски од овој Договор како и обврските за навремено и во целост исполнување на неисполнетите обврски кои произлегуваат од периодот на важење на Договорот бр. -------------------------- од --------------------
Член 16
Неисполнување на финансиските обврски се смета во следниве случаи или околности:
ако XXX не успее да ги подмири своите финансиски обврски во рокот определен во договорот за балансна одговорност; или
ако БОС не ги достави коригираните финансиски гаранции;
Во случај кога БОС нема да ги подмири своите финансиски обврски од став (1) точка 1) кон ОЕПС, ОЕПС му доставува писмена опомена, доколку и во рок од 8 (осум) дена од доставувањето на писмената опомена БОС не ја плати доспеаната обврска, ОЕПС ќе ги користи доставените финансиски гаранции за подмирување на доспеаните побарувања.
Во случај ОЕПС да искористи дел или целиот износ на финансиската гаранција за да ги исполни финансиските обврските на БОС, БОС е обврзан да го надополни банкарскиот депозит или да обезбеди дополнителна финансиска гаранција во висина утврдена од ОЕПС, во рок од 8 работни дена од првиот повик на ОЕПС.
БОС му ги надоместува на ОЕПС сите трошоци направени од преземените мерки во случај на неисполнување на финансиските обврски.
ОЕПС може да контактира со трети лица за соработка во врска со неисполнување на обврските.
V. НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 17
Договорните страни согласно Правилата за балансирање на ЕЕС се должни меѓусебно да се известуваат за сите промени кои се важни за извршување на овој Договор по пошта и/или преку електронска пошта.
БОС е должна во писмена форма навремено да извести за било какви промени кои би можеле да влијаат на важењето на овој договор. Сите финансиски и други последици кои произлегуваат од неизвестувањето се на товар на БОС.
VI. ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИ
Член 18
Договорните страни сите податоци кои ги разменуваат ќе ги користат исклучиво за извршување на овој Договор со почитување на начелата на доверливост, а согласно Законот за енергетика, Правилата за балансирање на ЕЕС и соодветните Мрежни правила.
VII. ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
Член 19
БОС може да биде привремено неактивен согласно Член 60 од Правилата за балансирање на ЕЕС.
Член 20
Во согласност со Член 61 од Правилата за балансирање на ЕЕС, Договорот за балансна одговорност престанува:
1) по истекување, одземање или суспензија на лиценцата,
2) со престанување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија,
3) со раскинување од страна на ОЕПС, ако БОС:
-не ги исполнува обврските согласно Договорот за балансна одговорност,
-при регистрацијата за стекнување на статус на БОС користел лажни податоци,
Овој Договор може да биде раскинат спогодбено со заемна согласност на двете договорни страни. За спогодбеното раскинување на Договорот, договорните страни ќе склучат писмена спогодба со која ќе ги уредат спорните прашања, во спротивно нема да се смета дека Договорот е спогодбено раскинат.
Договорната страна која предлага спогодбено раскинување на овој Договор е должна за истото да ја извести другата договорна страна 30 дена предходно, со претходно писмено известување.
Во случај на престанок на овој Договор, финансиските обврски кои произлегуваат од истиот ќе продолжат да важат и истите треба да се подмират од страна на БОС.
VIII. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
Член 21
Споровите во врска со примената на одредбите на овој Договор, договорните страна ќе ги решаваат спогодбено.
Доколку спорот не се разреши спогодбено, незадоволната договорна страна може да поднесе барање за разрешување на спор пред Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно Законот за енергетика и Правилникот за начинот, условите и постапката за одлучување по споровите и висината на оправданите надоместоци за трошоците настанати во постапката.
Член 22
Договорната страна која не е задоволна од резултатите на постапката од член 21 од овој Договор, може да поведе постапка пред надлежен суд.
IX. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 23
Сите евентуални измени и дополнувања на законските и подзаконските прописи со кои се регулира оваа област, ќе се применуваат на одредбите на овој Договор од денот на влегување во сила на истите.
Доколку одредени одредби од овој Договор не се во согласност со одредбите од Законот за енергетика, Мрежните правила, Правила за балансирање и Правилата за пазар на електрична енергија, само тие одредби од Договорот ќе се сметаат за ништовни и наместо истите ќе се применуваат соодветните одредби од Законот за енергетика, Мрежните правила, Правилата за балансирање и Правилата за пазар на електрична енергија.
Ништовноста на одредени одредби од Договорот (согласно точка 2 од овој член) нема да значи ништовност на самиот Договор.
Доколку настапат околности од ставот 2 на овој член договорните страни се обврзуваат во рок од 10( десет), работни дена да склучат анекс на овој договор со кој ќе ги одстранат сите евентуални судири кои би произлегле.
Член 24
Овој Договор стапува на сила на 01.01.2020 година и ќе произведува правно дејство (права и обврски) за договорните страни се до неговото раскинување (согласно член 20 од овој Договор).
Со стапувањето на сила на овој Договор, престанува да важи Договорот за балансна одговорност бр.________________од __________ година, но со обврска БОС навремено и во целост да ги исполни превземените обврски кои произлегуваат од периодот на важење на Договорот бр. -------------------------- од -------------------- за што гарантира со финансиската гаранција од став 7) од член (15) од овој Договор.
Член 25
Се она што не е опфатено и регулирано со овој Договор ќе се применуваат соодветните одредби од Законот за енергетика, Мрежните правила и Правилата за балансирање на ЕЕС
Член 26
Договорните страни го потпишуваат овој Договор, преку нивните овластени претставници, во четири (4) оригинални примероци - по два за секоја договорна страна.
ЗА АД МЕПСО |
|
ЗА БОС
|
|
|
|