Contract
(1) Работодавач во смисла на овој колективен договор е Општина Василево (во натамошниот текст: работодавачот).
(2) Вработени во смисла на овој колективен договор се вработените кои засновале работен однос во Општина Василево, кои согласно Законот за административни службеници имаат статус на административни службеници, кои согласно Законот за инспекциски надзор имаат статус на инспектори, и други вработени кои вршат помошно- технички работи како и вработените согласно Законот за приватните агенции за вработување.
(3) Синдикат во смисла на овој колективен договор е секој од синдикатите потписници на овој колективен договор, кој е репрезентативен на ниво на работодавач, односно во кој се зачленети најмалку 20% од бројот на вработени кај работодавачот и кои плаќаат членарина.
(4) Синдикална организација во смисла на овој колективен договор е секоја од синдикалните организации на синдикатите од ставот (3) на овој член при Општина Василево.
(5) Минимална плата е онаа која министерот за труд и социјална политика ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ согласно со закон.
Опфат и примена на Законот и на Колективниот договор
Член 3
Овој колективен договор е задолжителен и ги обврзува работодавачот и вработените од членот 2 во неговата непосредна примена.
Член 4
(1) Со овој колективен договор се уредуваат поголеми и поповолни права од правата предвидени со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за инспекциски надзор, Законот за работните односи, и други закони, Општиот колективен договор за јавниот сектор и Гранскиот Колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија, кои не се предвидени со наведените акти, ако тоа не е спротивно со закон.
(2) Одредбите во овој колективен договор со кои се утврдени помали или понеповолни права од правата утврдени со законите и актите од ставот (1) на овој член се ништовни.
(3) Со договорите за вработување и решенијата може да се утврдат поголеми и поповолни во обем на права за вработените, како и да се уредат прашања кои не се предмет на уредување на овој колективен договор.
Член 5
Синдикалната организација при Општина Василево која е членка на синдикатот потписник на овој колективен договор учествува со свој преставник во процесот на спроведување на вертикална функционална анализа, изготвување на правилниците за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и на нивните измени и дополнувања.
II. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Член 6
Вработениот е должен совесно да ги извршува обврските од работното место за кое
склучил договор за вработување во време и на место, кои што се определени за извршување на работите, почитувајќи ја организацијата и деловната активност на работодавачот и општите и посебните прописи за безбедност и здравје при работа, етичките стандарди и правила на однесување од Кодексот за административни службеници и работниот ред и дисциплина од Правилникот за работен ред и дисциплина.
Член 7
(1) Вработениот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување или решението (дополнителна работа), ако е во рамките на степенот на неговата стручна подготовка, задолжително врз основа на писмен акт од градоначалникот, секретарот или непосредно претпоставениот, се додека траат причините.
(2) Како дополнителна работа во смисла на ставот (1) од овој член се смета:
- значително зголемен обем на работа и работни задачи поради недоволен број на вработени и одлив на кадар по разни основи;
- извршување на работи и работни задачи на отсутен работник во текот на подолг временски период, а при тоа нема вработено лице за негова замена на определено време;
- извршување на дополнителни работи и работни задачи врз основа на задолжение во писмена форма, решение или овластување, кои не се во описот на работното место, односно вршење на работи од друго работно место на исто, пониско или повисоко ниво;
- учество во работни групи, комисии или тела, доколку тоа не е предвидено во описот на работното место и доколку тоа не произлегува од надлежностите и делокругот на работа на организационата единица во која е распоредено работното место и/или
- учество во проектни тимови и извршување на работни задачи кои произлегуваат од проектни активности, доколку тоа не е предвидено во описот на работното место и доколку тоа не произлегува од надлежностите и делокругот на работа на организационата единица во која е распоредено работното место, а притоа не е предвидено издвојување на дел од работното време и ослободување на дел од работните задачи заради извршување на таквите работни задачи.
Член 8
Општите права и должности на вработениот кои произлегуваат од работниот однос се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за инспекциски надзор, Законот за работните односи, друг закон, општите прописи за работните односи и овој и друг колективен договор.
Член 9
(1) Во случај на вонредна состојба, воена состојба или заради заштита и справување со последиците од заразни болести, секретарот односно градоначалникот може да ја организира работата комбинирано, работа во смени или работа од далечина.
(2) Како вршење на работа од далечина се смета работа која вработениот ја врши во својот дом или во простории по свој избор што се надвор од деловните простории на работодавачот за што секретарот, односно градоначалникот носи решение за вршење на работа од далечина.
Работно време
Член 10
(1) Работното време на вработените изнесува 8 часа дневно, односно 40 часа неделно.
(2) Работодавачот има право да го утврди работното време на вработените и на поинаков начин од утврдениот со овој колективен договор, доколку тоа го налагаат
потребите на работниот процес за што Градоначалникот донесува одлука.
Работа во неработни денови
Член 11
(1) Работа во деновите кои се неработни согласно закон, може да се предвиди само во случај на виша сила и зголемен обем на работа.
(2) Одредбите од ставот 1 на овој член не се однесуваат на работните места каде што не смее да има прекин на работниот процес.
Паузи
Член 12
(1) Вработениот има право на паузи, одмори и отсуства одработа, согласно со посебните закони, општите прописи за работните односи и колективните договори.
(2) Паузата во текот на дневната работа, во траење од 30 минути вработениот може да ја користи и надвор од предвиденото време, со претходна согласност на непосредно претпоставениот.
(3) Во случаи каде според карактерот и природата на работите и задачите не се дозволува прекин на работата, како и во услови на работа со странки, паузата се организира од страна на непосредно претпоставениот на начин кој обезбедува непречено извршување на работата, а вработениот да го оствари своето право.
Годишен одмор
Критериуми за утврдување на годишниот одмор
Член 13
(1) Вработениот има право на користење на годишен одмор во траење од најмалку дваесет работни дена.
(2) Годишниот одмор на вработениот се определува според следниве критериуми:
1. Должина на работен стаж, најмногу до три дена: |
- над 1 година до 10 години работен стаж плус 1 работен ден; |
- над 10 години до 20 години работен стаж плус 1 работен ден x |
- над 20 години работен стаж плус 1 работен ден. |
2. Сложеност на работа, согласно нивото на степенот на образование: |
- Работи од I-III степен сложеност – 1 работен ден; |
- Работи од IV-V степен сложеност – 2 работни дена и |
- Работи од VI-VIII степен на сложеност – 3 работни дена. |
4. Други социјални и здравствени околности: |
- лице со телесна попреченост 3 работни дена; |
- работник со најмалку 60% телесно оштетување 3 работни дена; |
- самохран родител или старател со дете до 15 години – дополнителни 3 работни дена и |
- самохран родител, родител или старател со дете со попреченост – дополнителни 5 работни дена. |
(3) Xxxxxxxxxx работник со наполнети 57 години за жени и 59 години за мажи има право на уште 3 работни дена годишен одмор.
Член 14
(1) Годишниот одмор се определува со решение за користење на годишен одмор за секој вработен поединечно, а по донесување на Годишниот план за годишен одмор на
Општината за секоја година, со кое се утврдува должината на годишниот одмор и критериумите врз основа на кои е определена должината на годишниот одмор.
(2) Вработениот има право 2 дена од годишниот одмор да ги искористи во денови кои што самиот ќе ги определи, за што мора да го извести работодавачот најдоцна 3 работни дена пред користењето.
(3) Во случај на итна и неодложна потреба (работи кои независат од волјата на вработениот и не можат однапред да се предвидат), вработениот има право да искористи еден ден од деновите наведени во ставот (1) на овој член, за што до крајот на работното време во денот на настанувањето на потребата за истото ќе го извести работодавачот.
Платено отсуство
Член 15
(1) Вработениот има право на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во текот на календарската година и тоа за:
- склучување брак – 5 работни дена;
- склучување брак на дете – 3 работни xxxx;
- раѓање или посвојување дете – 3 работни дена;
- смрт на сопружник или дете – 5 работни xxxx;
- смрт на родител,брат,сестра – 3 работни xxxx;
- смрт на родител на сопружник – 2 работни xxxx;
- смрт на дедо или баба – 1 работен ден;
- развод на брак – 3 работни xxxx (најдоцна до правосилноста на пресудата за развод на бракот);
- полагање на стручен испит за потребите на работодавачот – 3 работни дена;
- полагање на правосуден испит, магистратура или докторат – 3 работни xxxx;
- селидба на семејството од едно во друго место – 3 работни xxxx;
- селидба на семејството во исто место – 1 работен ден;
- елементарна непогода и климатски неповолен настан – 5 работни дена;
- елементарна непогода во домот (пожар, поплава и друг неповолен настан во домот за кој се доставува доказ) – 3 работни дена;
- кражба во домот – 1 работен ден;
- прв ден на прваче – 1 работен ден;
- доброволно дарување крв – денот на дарување на крв и 2 последователни работни дена и
- за учество на синдикални активности на вработените организирани од страна на синдикатите - деновите на одржување на тие активности.
(2) Отсуството од работа поради личните и семејните околности од ставот (1) на овој член се користи непосредно во деновите на траење на околностите.
(3) Вработениот кој заминал да дарува крв, а од некоја причина не му било дозволено да дарува, должен е да се врати на работа истиот ден.
Неплатено отсуство
Член 16
(1) Вработениот има право на неплатено отсуство од работа без надоместок на плата и продонеси од плата најдолго три месеци во текот на календарската година во следните случаи:
- за нега на болен член на семејството;
- за лекување со сопствени средства, непризнаени од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија на своја сметка;
- за изградба, доградба, или поправка на куќа или стан;
- за учество во спортски или други манифестации што не се дел од синдикалните активности;
- за учество на конгреси, конференции и слично што не се дел од синдикални активности или не се за потребите на работодавачот;
- за подготовка на правосуден испит;
- за подготовка на магистерски труд или докторати x
- за други неодложни лични работи.
(2) Користењето на неплатеното отсуство се остварува врз основа на решение од работодавачот по писмено барање од страна на вработениот кое треба да биде поднесено најмалку 30 дена пред користењето на отсуството, во кое се наведува основот за неплатеното отсуство и времето на користењето на отсуството.
(3) Работодавачот е должен за користење на неплатеното отсуство да донесе решение за неплатено отсуство, најдоцна 15 дена пред користењето на неплатеното отсуство.
(4) На вработениот му мируваат правата и обврските од работен однос за време на неплатеното отсуство.
Должност за извршување на работата и работните задачи
Член 17
(1)Вработените во Општината може да се распоредат да извршуваат работни задачи кои не се во описот на нивното работно место согласно актот за систематизација на работни места.
(2)Непосредно претпоставениот, секретарот и градоначалникот може на вработените во Општината да определи да извршуваат други работи и работни задачи кои не се во описот на неговото работно место со писмено овластување или работен налог.
III. ЗАШТИТА И БЕЗБЕДНПСТ НА ВРАБПТЕНИТЕ НА РАБПТА
Член 18
(1) Вработените имаат право на обезбедени организациски, просторни и технички услови за вршење на работите и работните задачи.
(2) Работодавачот е должен да обезбеди услови потребни за безбедно извршување на работите и работните задачи на вработените преку примена на мерки, средства и методи во согласност со закон и другите прописи за безбедност и здравје при работа.
Член 19
Вработениот е должен да се придржува кон мерките за заштита при работа и работите на работното место да ги врши со потребно внимание заради обезбедување на својот живот и здравје и на животот и здравјето на другите вработени и граѓаните.
Член 20
(1) Работодавачот е должен да обезбеди редовни медицински прегледи согласно закон, заради откривање на професионални и други заболувања.
(2) Работодавачот е должен изборот на пакет на редовните медицински прегледи да го определи во соработка и договор со репрезентативните синдикати.
IV. ПЛАТА, НАДПМЕСТПЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИМАОА
Општи одредби за платата на вработените
Член 21
(1) Вработениот има право на плата, надоместоци и додатоци на плата согласно закон,
општите прописи за работни односи, општиот колективен договор, гранскиот колективен договори и овој поединечен колективен договор.
(2) Платата на вработен кој работи со полно работно време и нормален учинок не може да биде пониска од минималната плата.
(3)Вработениот кој работи помалку од полното работно време (скратено работно време), во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување и прописите за здравствено осигурување ги остварува правата од задолжително социјално осигурување како кога би работел со полно работно време.
(4) Вработениот од ставот (3) на овој член има право на плаќање за работата како и вработен кој работи полно работно време, односно како кога би работел со полно работно време.
(5) Платите, надоместоците и додатоците на плата на вработениот се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија, Буџетот на Општина Василево и од други извори на средства утврдени со закон.
(6) Синдикалниот претставник учествува во процесот на подготвување на буџетот на работодавачот, во делот за ставките од буџетот од кои се исплаќаат платите и другите надоместоци за вработените.
(7) Платата на вработениот се пресметува во бруто износ, а се исплатува во нето паричен износ еднаш месечно, најдоцна до 15-тиот ден во тековниот месец за претходниот месец.
(8) Придонесите и данокот на личен доход на вработениот ги плаќа работодавачот, со исплата на платата во согласност со закон.
(9) Работодавачот е должен да води евиденција на платите, додатоците на платите надоместоците на платите и исплатените придонеси од плата и персоналниот данок од доход и за нив на вработените им се издава потврда дека се исплатени, најдоцна до 1 февруари во тековната година, за претходната година.
Плата на вработените кои вршат помошно-технички работи
Член 22
(1) Основната плата на вработените кои вршат помошно-технички работи е пресметена согласно Правилникот за плати, надоместоци на плата и други примања на вработените во општина Василево и истата се зголемува за ист број на бодови како што е предвидено и за останатите вработени во општина Василево согласно член 27 од овој Колективен договор.
(2) Основната плата на вработените кои вршат помошно-технички работи се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж, а најмногу до 20%.
Плата на вработените со статус на административни службеници и инспектори
Член 23
(1) Платата на вработените со статус на административни службеници и инспектори се состои од основна компонента и исклучителна компонента.
(2) Основната компонента на платата на вработените со статус на административни службеници и инспектори ја сочинуваат:
- минимална плата,
- дел на плата за степен на образование,
- дел на плата за ниво и
- дел на плата за стаж.
(3) Делот на плата за степенот на образование за соодветното ниво на работно место со овој колективен договор се вреднува на следниов на чин:
БОДОВИ
НИВО НА КВАЛИФИКАЦИИ/ОБРАЗОВАНИЕ
Ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен | 56 |
Ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС | 31 |
Ниво на квалификации V А, 60 до 120 кредити според ЕКТС или вишо образование | 11 |
Ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование | 1 |
(4) Делот на плата за нивото на кое е распореден административниот службеник односно инспекторот се вреднува на следниов начин:
НИВО БОДОВИ
А5 - секретар на општина со седиште во село 334
(секретар на општина)
Б2 - раководен административен службеник од второ ниво 323
(раководител на сектор, главен инспектор)
Б3 - раководен административен службеник од трето ниво 233
(помошник раководител на сектор, помошник главен инспектор)
Б4 - раководен административен службеник од четврто ниво 172
(раководител на одделение, виш инспектор)
В1 - стручен административен службеник од прво ниво 106
(советник, советник инспектор)
В2 - стручен административен службеник од второ ниво 71
(xxx xxxxxxxxxx, самостоен инспектор)
В3 - стручен административен службеник од трето ниво 56
(соработник, помошник инспектор)
В4 - стручен административен службеник од четврто ниво 25
(xxxxxx xxxxxxxxxx, помлад инспектор)
Г1 - помошно-стручен административен службеник од прво ниво 15
(самостоен референт)
Г2 - помошно-стручен административен службеник од второ ниво 10
(виш референт)
Г3 - помошно-стручен административен службеник од трето ниво 5
(референт)
Г4 - помошно-стручен административен службеник од четврто ниво 1
(помлад референт)
(5) Бодовите на плата во делот на образованието за административниот службеник со ниво на квалификациите VI Б, односно стекнати 180 кредити според ЕКТС, кој засновал работен однос во институцијата заклучно со денот на започнувањето со примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14), ќе се вреднуваат со 112 бода.
(6) Исклучителната компонента на платата на вработените со статус на административни службеници и инспектори ја сочинуваат:
- додаток на плата за посебни услови за работа, и тоа за работа изложена на висок ризик;
- додаток на плата за ноќна работа, работа во смени, работа во празник, работа во недела и прекувремена работа.
Дпдатпк на плата за рабпта излпжена на виспк ризик
Член 24
(1) Вработениот со статус на државен службеник кој при вршењето на работите е изложен на висок ризик по неговиот живот и здравје има право на додаток на плата, во зависност од видот на ризикот, во висина од 10% до 30% од износот на основната плата, согласно проценката на ризик предвидена со закон.
(2) По исклучок од ставот (1) од овој член, независно од проценката на ризик предвидена со закон, вработениот кој согласно Законот за инспекциски надзор има статус на инспектор имаат право на додаток на плата заради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршувањето на работите и задачите на инспектор во висина до 30% од износот на основната плата.
Дпдатпк на плата за нпќна рабпта, рабпта вп смени, рабпта вп празник, рабпта вп недела и прекувремена рабпта
Член 25
(1) Вработениот има право на додаток на плата за:
- ноќна работа;
- работа за време на неделен одмор;
- работа за време на празници утврдени со закон;
- работа во недела x
- работа подолга од полното работно време.
(2) Основната плата на вработениот по час се зголемува за:
- ноќна работа по 35%;
- прекувремена работа по 35%;
- работа во ден од неделен одмор 35%;
- работа во недела 50% x
- работа во три смени и работа во поделено работно време 5%.
(3) За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, вработениот има право на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
(4) Додатоците меѓусебе не се исклучуваат.
(5) По исклучок, работодавачот е должен на вработениот наместо парични средства да му овозможи користење на слободни часови, односно денови, колку што бил ангажиран за работата надвор од редовното работно време.
Додаток на плата заради усогласување со пазарот на труд
Член 26
(1) Вработените со статус на државни службеници имаат право на додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот, за што градоначалникот на општина Василево одобрува додаток на плата.
(2) Додатокот од ставот (1) на овој член треба да биде засновано на анализа која ќе покаже дека:
- платите на пазарот на трудот за таквите работни места се значително повисоки од платите на државните службеници кои извршуваат исти работи,
- вработувањето е отежнато или стапката на напуштање на работните места е неприфатливо висока,
- пазарот на трудот нуди ограничен број на квалификувани поединци за таквата работа или
- административните службеници биле подложени на повеќегодишно стручно усовршување и нивното напуштање на работното место би предизвикало големи фискални импликации по општината.
Додаток на плата заради усогласување со минимална плата
Член 27
(1) На вработените во општина Василево им се обезбедува додаток на плата заради пораст со минималната плата на следниот начин:
Додаток на плата заради усогласување со минимална плата | БОДОВИ |
А4 - секретар од четврто ниво (секретар на општина) | 53 |
Б2 - раководен административен службеник од второ ниво (раководител на сектор, главен инспектор) | 53 |
Б3 - раководен административен службеник од трето ниво (помошник раководител на сектор, помошник главен инспектор) | 53 |
Б4 - раководен административен службеник од четврто ниво (раководител на одделение, виш инспектор) | 53 |
В1- стручен административен службеник од прво ниво (советник, советник инспектор), | 53 |
В2 - стручен административен службеник од второ ниво (виш соработник, самостоен инспектор), Ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или Ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС | 53 |
В3 - стручен административен службеник од трето ниво (соработник, помошник инспектор) Ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или Ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС | 53 |
В4 - стручен административен службеник од четврто ниво(помлад соработник, помлад инспектор) Ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или Ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС | 53 |
Г1 - самостоен референт Ниво на квалификации V А, 60 до 120 кредити според ЕКТС или вишо образование | 53 |
Г1 - самостоен референт Ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование | 53 |
Г2 - виш референт Ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование | 53 |
Г3 - референт Ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование | 53 |
Г4 - помлад референт Ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование | 53 |
Додаток на плата за ноќна работа, работа во смени, работа во празник, работа во недела и прекувремена работа
Член 28
(1) Вработениот има право на додаток на плата за:
- ноќна работа;
- работа за време на неделен одмор;
- работа за време на празници утврдени со закон;
- работа во недела x
- работа подолга од полното работно време.
(2) Основната плата на вработениот по час се зголемува за:
- ноќна работа по 35%;
- прекувремена работа по 35%;
- работа во ден од неделен одмор 35%;
- работа во недела 50% x
- работа во три смени и работа во поделено работно време 5%.
(3) За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, вработениот има право на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
(4) Додатоците меѓусебе не се исклучуваат.
(5) По исклучок, работодавачот е должен на вработениот наместо парични средства да му овозможи користење на слободни часови, односно денови, колку што бил ангажиран за работата надвор од редовното работно време.
Надпместуваое на трпшпци ппврзани сп рабптата
Член 29
(1) Вработениот има право на надоместување на трошоците поврзани со работата, како и други надоместоци, согласно општите прописи за работните односи и овој колективен довор, и тоа за:
- службено патување (патни, дневни и други трошоци за службени патувања во земјата и странство);
- користење на приватен автомобил за службени патувања,
- смрт на вработениот или член на неговото семејство (брачен другар и децата родени во брак или надвор од брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување);
- штета при елементарни непогоди;
- трошок при подолго боледување на вработениот и
- регрес за годишен одмор.
(2) Вработениот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни награди. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и овој колективен договор.
(3) На вработен кој работи ноќна смена, работодавачот е должен да му ги надомести трошоците за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Северна Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога вработениот работи ноќе, како и трошоците за превоз во висина на цената на поединечниот билет утврдена со Тарифниот систем за општинскиот линиски превоз на патници во Општина Василево, според местото на живеење на вработениот.
Член 30
Основицата за пресметување на надоместоците на трошоците поврзани со работа претставува просечна месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во изминатата година, освен за дневниците за службени
патувања во земјата, кои се пресметуваат во фиксни износи, утврдени со овој колективен договор.
Дневница за службенп патуваое вп земјата
Член 31
(1) На вработениот за време на службено патување во земјата му се надоместуваат трошоците за дневница, трошоците за превоз и трошоците за ноќевање.
(2) Дневницата за службено патување во земјата за вработен во Општина Василево без трошоци за ноќевање се испатува во висина до 4% од плата исплатена во Републиката во последните три месеци.
(3) Дневницата за службено патување се пресметува од часот на тргнувањето на работникот на службеното патување до часот на враќање со превозното средство и тоа:
- цела дневница ако службеното патување траело повеќе од 12 часа и
- дневница во висина од 50% од утврдениот износ на дневницата ако службеното патување траело од 8 до 12 часа.
Средствата за службено патување во земјата треба да се предвидат во Буџетот на Општина Василево.
Дневница за службенп патуваое вп странствп
Член 32
(1) На вработениот му се надоместуват издатоците за службено патување во странство, согласно Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци, во висина на износите утврдени со Уредба за највисоките износи на дневниците за службени патувања во странство и за селидбени трошоци што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци.
(2) Износот на дневницата за службено патување во странство се исплатува:
- 50% од утврдената дневница ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на работодавачот;
- 20% од утврдената дневница ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на работодавачот и
- 5% од утврдената дневница ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на работодавачот, а престојот е над 30 дена. Под стручно оспособување и усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови на средби организирани во странство на мултилатерална и билатерлана основа.
(3) Пресметката на издатоците за службено патување во странство преку дневница се одредува на следниот начин:
- една дневница за секои 24 часа поминати на службено патување во странство и ако вкупното патување трае подолго од 12 часа и
- половина дневница за време од 12 часа поминати на службено патување во странство, како и во случај кога остатокот од времето во континуитет е подолго од 8 часа.
(4) Средствата за службено патување во странство треба да се предвидат во Буџетот на Општина Василево .
Надпместпк за кпристеое на приватен автпмпбил за службени патуваоа
Член 33
Вработениот кој по налог на работодавачот се упатува на службено патување со користење на сопствено возило има право на надомест во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи возилото за секој изминат километар.
Правп на парична ппмпш
Член 35
(1) Во случај на смрт на вработен, на неговото семејство му се исплаќа парична помош во висина од 30.000,00 денари.
(2) На вработениот, во случај на смрт на член на потесното семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоените деца и децата земени на издржување) му се исплаќа парична помош во висина од 15.000,00 денари.
(3) Надоместоците од ставовите (1) и (2) на овој член се исплатуваат по претходно доставено барање со комплетирана документација во годината на настапување на смртта, односно во годината која следи по годината на настапување на смртта.
Член 36
Во случај на непрекинато боледување подолго од шест месеци на вработениот му се исплатува еднократна парична помош во висина од една последна просечна нето плата исплатена кај работодавачот.
Член 37
Во случај на потешки последици од елементарни непогоди, работодавачот може на вработениот да му исплати парична помош, најмалку во висината на една основица од просечна нето плата во Република Северна Македонија.
Правп на регрес за гпдишен пдмпр
Член 38
(1) Вработениот има право на регрес за годишен одмор во висина од 40 до 60% од износот на просечната плата на ниво на Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци, под услов вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот.
(2) Правото на регрес за годишниот одмор има и вработениот кој во текот на календарската година се вработил кај друг работодавач во смисла на овој колективен договор.
Испратнина
Член 39
Вработен кој заминува во пензија, има право на испратнина во висина од две основици од просечната месечна нето плата во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци.
Јубилејна награда
Член 40
(1) За непрекината работа кај работодавачот, вработениот има право на јубилејна награда за навршени 10, 20, 30 и 40 години кај работодавачот.
(2) Висината на јубилејната награда изнесува:
- за 10 години – 100%,
- за 20 години – 150%,
- за 30 години – 200% и
- за 40 години – 250%
од основицата од просечната месечна нето плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.
(3) Работодавачот со решение го утврдува правото, начинот и динамиката на исплата на јубилејната награда.
Плата за време на гпдишен пдмпр и специјализирана пбука
Член 41
За време на користење на годишниот одмор или обука за стручно усовршување на која е упатен од страна на работодавачот, вработениот има право на плата во висина што би ја примил во тековниот месец кога би бил на работа.
Плата за време на суспензија
Член 42
Вработениот кој врз основа на решение е суспендиран од работодавачот, за времетраењето на суспензијата има право на плата од 60% од платата што ја примил за последниот месец пред донесувањето на решението за суспензија.
Плата за време на штрајк
Член 43
За време на штрајк вработениот има право на плата во висина од 60% од платата што ја примил претходниот месец и придонеси од плата во цел износ.
Награда на врабптените
Член 44
(1.) За извршена дополнителна работа утврдена согласно член 7 став 2 од Колективниот договор Градоначалникот може да ги награди вработените во висина која ќе се одреди со посебно решение доколку тоа е во согласност со финансиските можности на општината.
(2.) За доделување на награда на работениот согласно став 1 одлучува Градоначалникот на Општината со посебно решение.
V. ИНФПРМИРАОЕ НА ВРАБПТЕНИТЕ
Член 45
(1) Работодавачот е должен да обезбеди редовно и навремено информирање на претставниците на синдикалната организација при Општина Василево членка на Саду за:
- процесот на спроведување на вертикална функционална анализа кај работодавачот;
- изготвување на правилниците за внатрешна организација и систематизација на работните места;
- општите акти и одлуки со кои се уредуваат правата и обврските на вработените и
- други прашања од заеднички интерес согласно општите прописи за работните односи и прописите за безбедност и здравје при работа.
(2) Информирањето се врши по писмен и електронски пат.
VI. УСЛПВИ ЗА РАБПТА И ДЕЛУВАОЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ПРГАНИЗАЦИИИ
Член 46
Работодавачот е должен да создаде услови за работа на синдикалните организации при Општина Василево, во врска со заштитата на правата на вработените од работниот однос, утврдени со закон, овој или друг колективен договор.
Член 47
(1) На претставниците на синдикалните организации при Општина Василево им се овозможува непосредна комуникација со раководното лице на работодавачот или лице овластено од раководното лице на работодавачот.
(2) Синдикатите изготвуваат список на синдикални претставници на нивната синдикална организација при Општина Василево и на избраните и именуваните членови во органите на синдикатот и го доставуваат до раководното лице на работодавачот.
Член 48
(1) На барање на синдикатот, работодавачот доколку е во можност обезбедува и овозможува стручни, административни и технички услови за работа на синдикалната организација на синдикатот заради остварување на синдикалните функции, како:
- умножување и печатење на материјали;
- користење на службено возило;
- телефон со излезна и интерна линија;
- интернет;
- простор за одржување на синдикални состаноци x
- други услови неопходни за функционирање на синдикалната организација.
(2) Доколку постојат финансиски можности и кога општината од сопствени примања има паричен приход, може од приходот да издвои средства како финансиска поддршка за синдикалните потреби и активности по претходно доставено барање.
Член 49
(1) За остварување на финансиско-сметководствени работи на синдикалната организација се обезбедува пресметка и уплата на синдикална членарина по доставување на писмено известување од синдикатот за висината на членарината. Таа се наплатува заедно со пресметката и исплатата на платата.
(2) Членарината од членовите на синдикалната организација се исплаќа на сметката на синдикатот во кој што е членка, кој потоа ја распределува согласно статутот и другите акти на синдикатот.
(3) Работодавачот е должен при исплата на платата да врши задршка и уплата на личните обврски на членот на синдикатот (кредит, набавка на производи и стоки на рати преку синдикатот).
(4) Вработениот при стапување во синдикатот потпишува пристапница.
(5) Стручната служба на синдикатот, по добиената пристапница од претседателот на синдикалната организација при Општина Василево членка на синдикатот, го известува Одделението за сметководство и плаќања на работодавачот кое што е должно да ја пресметува и уплатува членарината.
(6) Работодавачот не смее да одбие издвојување на синдикалната членарина од платата на вработениот доколку стручните служби на синдикатот уредно и навремено достават известување и одлуката од став (1) на овој член.
(7) Работодавачот може да ја запре пресметката и исплатата на членарината на одреден вработен само со претходно писмено известување од синдикатот во кој членува вработениот.
(8)Работодавачот не смее да ја запре исплатата на синдикалната членарина од платата на вработениот доколку тој лично и непосредно се обрати на работодавачот .
(9) Работодавачот е должен еднаш месечно да достави до соодветниот синдикат список за задршка на уплатена членарина од платата на вработените кои се членови на тој синдикат.
Член 50
(1) Работодавачот може да учествува во трошоците на организирање за едукација и обука, културни манифестации и спортски игри и средби кои ги организира синдикатот.
(2) Работодавачот и синдикатот можат да склучат и спогодба со која попрецизно ќе биде регулиран начинот на остварување на правата од ставот (1) од овој член.
Член 51
(1) Членот на синдикатот кој користел средства од солидарниот фонд или било која погодност или бенефиција од синдикатот, не може да истапи се до моментот на конечната исплата на средствата односно се до конечната исплата на средствата доколку користел позајмица.
(2) Членот не може да истапи од синдикатот и во случаи кога користел право од колективен договор потпишан од синдикатот или право од работен однос регулирано со документ (спогодба, договор и слично), ако со тие права членот добил финансиски бенефит или подобрување на неговиот статус на работното место, како и правна помош при учество во судски спорови, xxxxxxxxxxx постапки и други правни постапки во кои членот бил застапуван од синдикатот.
(3) Доколку членот користел права од ставовите (1) и (2) од овој член не може да истапи во период од три години од денот на поднесување на барањето за истапување.
VII. ПСТВАРУВАОЕ НА ПРАВПТП НА ШТРАЈК
Член 52
(1) Правото на штрајк вработениот го остварува во согласност со Законот за работните односи, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, друг закон, актите на синдикатот и овој колективен договор.
(2) Штрајкот мора да биде писмено најавен кај работодавачот. Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да бидат наведени причините за штрајкот, местото на одржување на штрајкот, времетраењето, денот и времето на почетокот на штрајкот.
(3) При остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на Општина Василево и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните и на правните лица.
(4) Штрајкот мора да биде организиран на начин со кој нема да се оневозможува, или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за вработените кои не учествуваат во штрајкот, забрана за влез на вработените и на одговорните лица во деловните простории на работодавачот.
(5) Раководното лице кај работодавачот заедно со претседателот на синдикатот спогодбено подготвуваат и донесуваат правила со кои се определува начинот на извршување на надлежностите, односно дејностите од јавен интерес на работодавачот за време на штрајк (кои не можат да се прекинат), бројот на вработени кои ќе ги извршуваат надлежностите за време на штрајк, како и начинот на обезбедување услови за правото на штрајк.
(6) Доколку раководното лице кај работодавачот и претседателот на синдикатот не се договорат во врска со наведеното од ставот (5) на овој член, тогаш како работни задачи кои не смеат да се прекинат за време на штрајк ќе се сметаат само работите кои се нужни, а со чие прекинување би се предизвикала несразмерна штета за државата, граѓаните и работодавачот, која не би можела да се надомести со ниту една дополнителна мерка или активност по завршување на штрајкот.
Член 53
(1) За време на штрајк вработените во Општината имаат право на плата согласно членот 43 од овој колективен договор.
(2) За време на штрајк, работодавачот е должен на вработените да им исплаќа придонеси на плата во цел износ утврдени со посебните прописи и овој колективен договор кои му припаѓаат на вработениот за време на штрајк, доколку штрајкот е организиран согласно закон и правилата на синдикатот.
(3) Вработените кои учествуваат во штрајк, не смееат да бидат ставени во понеповолна положба од другите вработени, поради нивното учество во штрајк.
(4) Работодавачот во ниту еден случај и по ниту еден основ не може да го ограничи правото на штрајк, директно или индиректно да влијае на волјата на вработените, ниту пак преку други лица да презема активности за спречување на штрајкот.
(5) Доколку веќе започнатиот штрајк се прогласи за незаконски, работодавачот не смее да даде откази на ниту еден вработен по основ на учество на штрајкот.
Член 55
(1) Пред започнување на штрајкот, синдикатот и работодавачот се должни да отпочнат постапка на мирење најдоцна 7 (седум) дена пред започнување на штрајкот.
(2) Страните во постапката за мирење учествуваат со добра волја и преземаат дејствија за надминување на причините за штрајк.
(3) Постапката за мирење трае до три (3) дена.
(4) Доколку во постапката за мирење не е постигнат договор по прашањата кои се причина за штрајкот, штрајкот може да започне.
(5) Доколку во постапката за мирење се постигне договор меѓу страните, се склучува спогодба меѓу страните, со чие потпишување најавата за штрајк се повлекува.
(6) Постапката за мирење се води согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.
Член 56
Организаторот на штрајкот за времетраењето на веќе започнат штрајк, може да преговара со раководното лице кај работодавачот за решавање на спорните прашања кои се причина за штрајк.
VIII. ПДГПВПРНПСТ ЗА ВРШЕОЕ НА РАБПТИТЕ И РАБПТНИТЕ ЗАДАЧИ
Член 57
(1) Вработените во Општината се лично одговорни за вршењето на работите и работните задачи на работното место.
(2) Одговорноста на вработените од ставот (1) на овој член може да биде дисциплинска и/или материјална.
(3) Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок не ја исклучува диисциплинската одговорност на вработениот.
(4) Дисциплинска и/или материјална одговорност на вработените во општината се утврдува со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, Законот за локалната самоправа, Законот за прекршоци, како и општите прописи за работни односи.
IX. ИЗМЕНУВАОЕ, ДПППЛНУВАОЕ И СЛЕДЕОЕ НА ПРИМЕНАТА НА КПЛЕКТИВНИПТ ДПГПВПР
Член 58
(1) Страните на овој колективен договор и вработените на кои се применува, се должни да ги извршуваат неговите одредби.
(2) Заради повреда на обврските од овој колективен договор, оштетената страна или вработен на кој тој се применува може да бара надомест за претрпена штета.
(3) Секоја страна потписник на овој колективен договор може да предложи измена и дополнување на овој колективен договор.
(4) Предлогот за измена и дополнување се доставува во писмена форма до другиот учесник кој е должен да се изјасни во рок од 30 дена.
(5) Во случај ако другата страна не го прифати предлогот за изменување и дополнување или не се изјасни по истиот во давениот рок од став 2 на овој член, страната предлагач може да започне постапка за усогласување пред арбитражниот совет.