Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ СО ДЕВИЗНА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - РЕЗИДЕНТИ
1. ПОИМИ И ДЕФИНИЦИИ
Имател на сметка е физичко лице - резидент кое со Xxxxxxx ќе склучи договор за девизна трансакциска сметка.
Овластено лице е лице кое ќе биде писмено овластено од страна на Имателот на сметката за располагање со средствата на сметката. Застапник е законски застапник или старател кој, во рамките на законското овластување или овластувањето дадено со одлука на надлежен орган, го застапува Имателот на трансакциската сметка, кој има ограничена деловна способност или е деловно неспособен.
Девизна трансакциска сметка е сметка преку којашто се вршат наплати и плаќања меѓу резиденти и нерезиденти, преноси на средства, како и уплати и исплати во ефективни странски пари, во согласност со Законот за девизно работење, подзаконските акти што го регулираат девизното работење и другите позитивни законски прописи.
Налог за плаќање е налог, овластување или барање на Имателот на сметката за Банката, на товар на таа сметка, да изврши пренос на паричните средства во корист на друга сметка или во корист на сметка на Банката и во корист на примачот на плаќањето или од сметката да исплати готовина. Налогот мора да ги содржи сите законски пропишани елементи, без оглед на неговата форма и начинот на доставување на Банката.
Прием на налогот значи доставување, односно предавање на налогот на Банката од страна на Имателот на сметката, на договорен начин.
Прифаќање на налогот значи констатирање на условите за извршување на налогот. Банката го прима налогот доколку налогот е правилно пополнет, доколку ги содржи сите податоци што се бараат според законот, ако за него е обезбедено покритие и ако кон него е приложена пропишана документација. Ако тие услови не се исполнети, Xxxxxxx го одбива налогот најдоцна следниот работен ден по датумот, кој Имателот на сметката го определил за датум на извршување.
Покритие на сметката е покритие на сметка за плаќање на налог односно износот на позитивната состојба на странските валути на сметката.
Наплата е пристигнат прилив врз основа на наплата од нерезидент, врз основа на кој се врши одобрување средства во корист на девизна трансакциска сметка на клиент, физичко лице - резидент, во согласност со Законот за девизно работење, подзаконските акти што го регулираат девизното работење и другите позитивни законски акти.
Известување за пристигната наплата е известување за пристигнат прилив што Xxxxxxx го доставува до корисникот на наплатата – Имател на сметка, најдоцна наредниот ден од денот на приемот на известувањето за одобрување средства во корист на тековната сметка на Банката во странство или во друга банка во земјата. Во рок од пет работни дена од денот на приемот на известувањето од Xxxxxxx корисникот на наплатата ги доставува сите потребни податоци за основот или документи за одобрување на средствата на неговата девизна трансакциска сметка.
Датум на валута на плаќања / наплати е датум со кој Xxxxxxx обезбедува покритие за налогот на сметката на банката - примач на плаќањето или банката - посредник на плаќањето / датум на кој се одобрени средства во корист на тековна сметка на Банката во странство или во друга банка во земјата.
2. ПРЕДМЕТ
1. Со овие општи услови ТТК Банка АД Скопје ги определува условите за отворање, за водење и за затворање девизни трансакциски сметки на физички - лица резиденти, роковите поврзани со извршувањето на налозите, пресметка на каматата на средствата на сметките, надоместоците и трошоците во врска со вршењето на услугите, начините и роковите за известување на Имателите на сметките, рекламациите и важноста на овие општи услови.
2. Составен дел од овие општи услови се:
⮚ Извадок од важечката Одлука за тарифата за надоместоците на услугите што ги врши ТТК Банка АД Скопје којшто се однесува на работењето што е предмет на овие општи услови;
⮚ Извадок од важечката Одлука за политиката на каматните стапки на ТТК Банка АД Скопје којшто се однесува на работењето што е предмет на овие општи услови;
⮚ Терминските планови за вршење платен промет со странство.
3. ОТВОРАЊЕ ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА И ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКА
1. Правниот однос помеѓу Xxxxxxx и Имателот на сметката настанува со денот на потпишувањето на договорот за трансакциска сметка. Составен дел на договорот за сметка се овие општи услови и другата документација потребна за отворање сметка. Банката му предава еден примерок од овие општи услови на Имателот на сметката пред, односно при склучувањето на договорот.
2. Банката му отвора на физичко лице – резидент девизна трансакциска сметка врз основа на:
⮚ Поднесено барање за отворање сметка коешто ќе го поднесе деловно способно физичко лице, односно законскиот застапник на лице кое нема целосна деловна способност;
⮚ Приложена документација за идентификација на клиент - Имателот на сметката и лицата овластени за располагање со средствата на сметката во согласност со прописите, вклучувајќи ги прописите од областа на спречување на перење пари;
⮚ Приложени податоци и друга потребна документација во согласност со важечките прописи и интерните акти на Банката.
Документацијата потребна за отворање сметка треба да биде прикажана во оригинал, при што Xxxxxxx задолжително задржува фотокопија од прикажаната документација.
3. Xxxxxxx веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден по приемот на барањето за отворање сметка и целосно комплетираната документација, склучува договор за трансакциска сметка и ја отвора сметката или, пак, го одбива барањето. Имателот на сметката може да почне да работи преку сметката веднаш, а најдоцна првиот работен ден по склучувањето на договорот.
Xxxxxxx го задржува правото да го одбие барањето за отворање на сметката без притоа да ја наведе причината за одбивањето на барањето за отворање сметка.
4. Банката може да отвори повеќе девизни трансакциски сметки на физичко лице - резидент.
5. Банката отвора трансакциска сметка на физичко лице врз основа на барање за отворање сметка, кое ќе го поднесе деловно способно физичко лице, односно законскиот застапник на лице кое нема целосна деловна способност.
Со отворањето на сметката Xxxxxxx му издава на Имателот на сметката картичка за трансакциска сметка.
6. Имателот на сметката може изречно и писмено да овласти трети лица. За располагање со средствата на сметката Xxxxxxx му издава на Имателот на сметката картичка за трансакциска сметка за овластеното лице. Овластувањето не може да се пренесува на други лица и не може да се однесува на затворање на сметката. Овластеното лице не може да поднесе барање за издавање платежна картичка.
7. Лицата овластени за располагање со средствата на сметката кај Xxxxxxx мора да го депонираат својот потпис. Потписите доставени до Банката важат сè до писменото отповикување на овластувањето за располагање со средствата, односно службено известување за смрт на лицето.
8. Застапникот кој, во рамките на законското овластување или овластувањето дадено со одлука на надлежен орган, го застапува Имателот на сметката, кој е ограничено деловно способен или не е деловно способен, не може за располагање со сметката да овласти трети лица.
9. Повлекување или измена на даденото овластување за располагање со средствата се врши само врз основа на писмено барање на Имателот на сметката.
4. АЖУРИРАЊЕ ПОДАТОЦИ
1. Имателот на сметката мора да ја известува навремено Банката за сите статусни промени, за промени на овластени потписници и за сите промени на личните и други податоци на овластените лица и други податоци што се однесуваат на водењето на сметката и се наведени во барањето за отворање сметка.
2. Банката е должна навремено да ги ажурира сите пријавени промени од претходниот став.
3. Банката врши ажурирање на документацијата за идентификација на физички лица - резиденти по истекувањето на рокот на важност на документот за идентификација, врз основа на важечки документ за идентификација.
Ажурирање на документацијата за идентификација на клиентот може да се врши и во пократок рок, врз основа на нивото на ризик од ПП/ФТ на клиентот и во согласност со релевантните интерни акти на Банката.
Доколку резидентот - физичко лице не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на податоците, Xxxxxxx ќе ја блокира (забрани за одливи) сметката сѐ до нејзиното ажурирање.
4. Имателот на сметката се согласува и ѝ дозволува на Xxxxxxx во секое време да може да обезбеди податоци што се однесуваат на водењето на сметката и се наведени во барањето за отворање сметка.
5. ИЗВРШУВАЊЕ ПЛАТНИ ИНСТРУМЕНТИ И РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВА
1. Преку девизната трансакциска сметка ќе се вршат сите плаќања и обработки на приливи, преноси на средства од/на девизен влог, од/на девизен депозит, готовински уплати и исплати и други трансакции во согласност со прописите.
2. Наплатите и плаќањата во платниот промет со странство се вршат со примена на вообичаените инструменти на меѓународниот платен промет (дознака, инкасо документи, акредитив, чекови и други инструменти на безготовинско плаќање), како и со ефективни странски пари.
3. Банката ја врши обработката на наплатите и плаќањата на физички лица резиденти со примена на обрасци пропишани од НБРСМ. Банката ја врши обработката на обрасците во име на клиенти - физички лица.
4. Обработката на вложувањето и повлекувањето ефективни странски пари на Иматели на сметки, физички лица - резиденти се врши со примена на интерни обрасци.
5. Налозите (писмените барања) што физичкото лице Имател на сметката ги доставува на Xxxxxxx мора да ги содржат сите пропишани елементи во согласност со прописите. Налогот може да биде доставен во писмена хартиена форма или на друг начин во согласност со договорените услови со клиентот.
Банката го прифаќа налогот за плаќање кога се исполнети следниве услови:
⮚ Ако налогот е потпишан од овластени лица и ги содржи сите потребни инструкции и податоци за плаќање;
⮚ Ако налогот е проследен со сите документи пропишани со законските и подзаконските акти и интерни акти на Банката;
⮚ Ако е обезбедено покритие на сметка на Имателот на сметката кај Банката за извршување на налогот за плаќање и плаќање надоместоци и трошоци на Банката;
⮚ Ако налогот и основот на плаќање е во согласност со важечките домашни и меѓународни закони и прописи.
6. Имателот на сметката е одговорен за точноста и за целосноста на податоците во налогот. Банката ги одбива налозите што не ги исполнуваат условите за прием и најдоцна следниот работен ден ги враќа и за тоа писмено (или електронски со известување преку е- пошта или СМС-порака/и, во зависност од договорениот начин на известување) го известува Имателот на сметката.
Xxxxxxx ќе смета дека Имателот на сметката е уредно писмено известен доколку писменото известување е испратено на последната пријавена адреса што Xxxxxxx ја има во својата евиденција.
7. Xxxxxxx е овластена да врши плаќања, како и да го ограничи располагањето со средствата на сметка, без налог и дополнителна согласност на Имателот на сметката само во следните случаи:
- Заради плаќање по основ на судски одлуки, налози за извршување од надлежен извршител во согласност со Законот за извршување, решенија за присилна наплата на други надлежни органи или во други случаи предвидени со задолжителни прописи;
- Врз основа на одлука на суд или од друг надлежен орган, а во согласност со важечките прописи (при блокирање на сметката во случај на обезбедување, привремени мерки итн.);
- Врз основа на посебни договори, договорни овластувања, писмено овластување од Имателот на сметката и во други случаи предвидени со законите и со другите прописи.
8. За секоја пристигната наплата - девизен прилив, Xxxxxxx го известува корисникот на наплатата – Имател на сметката, резидент - физичко лице, истиот или најдоцна наредниот ден. Во рок од пет работни дена од денот на приемот на известувањето од Банката, корисникот на наплатата, односно Имателот на сметката ги доставува сите потребни податоци за основот или документи за одобрување на средствата на неговата девизна трансакциска сметка – по коешто Xxxxxxx ја одобрува сметката на Имателот на сметката.
9. Обработката на уплати на ефективни странски пари во корист на иматели на девизни трансакциски сметки на физички лица - резиденти се врши со примена на интерни обрасци.
10. На барање на Имателот на сметката Xxxxxxx ќе изврши откуп на средствата од неговата девизна трансакциска сметка и ќе исплати денарска противвредност од извршениот откуп.
6. РЕКЛАМАЦИИ
Имателот на сметката е должен да ја информира Банката за сите евентуални рекламации во врска со спроведените трансакции преку сметката, врз основа на податоците за состојбата и прометот на трансакциската сметка, со доставување потврда од реализиран платен инструмент, извод за трансакциската сметка или друг документ од кој може да се види податокот за рекламацијата во утврдениот рок.
7. ДОПОЛНИТЕЛНИ И ДРУГИ УСЛУГИ
Услуги што Имателот на сметката може да ги користи се: електронско банкарство, услуги за електронско известување преку мобилен телефон (СМС порака/и) или е-пошта и др.Банката му овозможува на Имателот на сметката и дополнителни услуги поврзани со девизната трансакциска сметка, за што Банката и Имателот на сметката се договараат со посебен договор.
8. ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Имателот на сметката е должен, најдоцна во рок од 3 дена, да ја извести Банката за сите промени во врска со правниот статус, за промените на личните и други податоци на овластените лица и други податоци што се однесуваат на водењето на сметката и се наведени во барањето за отворање сметка. Банката не одговара за штетата настаната поради непочитувањето на обврските во врска со известувањето за промените.
2. Xxxxxxx го известува Имателот на сметката за промените на состојбата на сметката преку извод од состојба и промет на сметка, што го издава на начин (каналите на достава се по избор на клиентот: на шалтерите на Банката, преку пристап во електронско банкарство, преку е-пошта и/или СМС-порака/и) и во согласност со договорот за отворање сметка или со друг посебен договор.
3. Доколку Имателот на сметката не го оспори изводот во рок од 15 дена по приемот, се смета дека го одобрил.
4. Банката да го известува Имателот на сметката и за сите промени во условите на работењето со сметката најмалку на еден од следните начини: преку истакнување на промените на официјалната интернет-страница на Банката, преку изводот од сметката, преку известување стигнато по е-пошта, преку известување стигнато со СМС-порака/и, преку истакнување на промените на јавно место во
филијалите и експозитурите на Банката и преку редовна пошта. Информацијата ќе биде достапна во рок од 5 дена од настанување на промената.
5. Доколку Имателот на сметката не поднесе барање за раскинување на договорот во рок од 15 дена од моментот во кој известувањето за промената му станало достапно, односно во рок од 30 дена по завршување на месецот во кој е извршена промената на условите во работењето, односно промената во содржината на договорот, се смета дека Имателот на сметката се согласува со новите промени и дека ги прифаќа во целост.
9. КАМАТИ, ПРОВИЗИИ, ТРОШОЦИ И ДРУГИ ПОБАРУВАЊА
1. Позитивната состојба на трансакциската сметка ќе се смета за паричен депозит по видување во Банката којашто ја води сметката.
2. Xxxxxxx пресметува камата на средствата на сметката во роковите, на начин и според каматна стапка кои се определени со важечката Одлука за каматни стапки на ТТК Банка АД Скопје. Xxxxxxx ја запишува пресметаната камата на крајот на пресметковниот период и при затворањето на сметката.
3. Xxxxxxx пресметува и исплатува камата во иста валута на којашто гласат средства (денарски и девизни) на сметката. Xxxxxxx ја плаќа пресметаната пасивна камата со одобрување на сметката. Пресметката на каматата на средствата по видување на денот на потпишување на договорот е декурзивна, со месечна пресметка и исплата.
4. Банката има право на Имателот на сметката да му пресмета и да му наплати надоместоци и фактички трошоци за вршење на услугите според важечката тарифа за надоместоци за услуги што ги врши Банката објавена на вообичаен начин, и за тоа имателот на сметката го известува со изводи и на друг договорен или определен начин.
5. Имателот на сметката се обврзува за извршување на услугите да ѝ плаќа на Банката надомест во висина, во рокови и на начин во согласност со тарифата за надоместоци на услугите што ги врши Банката.
Доколку достасаните побарувања по основ на надоместоците и трошоците се наплатуваат од средствата на девизната трансакциска сметка, се применува куповниот курс на Банката на денот на порамнување на обврските.
6. Имателот на сметката ја овластува Xxxxxxx и ѝ дава неотповиклив налог да ги наплатува достасаните побарувања по основ на надоместоците и трошоците од работењето со трансакциската сметка на товар на средствата на трансакциската сметка, како и на товар на средствата и на другите негови сметки отворени во Банката, за што го известува со изводи или на друг договорен или определен начин.
10. ЗАТВОРАЊЕ СМЕТКА
1. Имателот на сметката може да го раскине договорот со поднесување писмено барање. Договорот може да се раскине со заемна согласност на двете договорни страни, со отказен рок од 15 дена. Имателот на сметката не може да го раскине договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има евидентирано достасани, а неподмирени обврски кон Банката.
2. Xxxxxxx ќе ја затвори сметката и без писмено барање на Имателот на сметката во случаи предвидени со законските и подзаконските акти (врз основа на судско решение или одлуки на други државни органи).
3. Xxxxxxx може да го раскине договорот без отказен рок ако утврди дека Xxxxxxxx на сметката се однесува спротивно на одредбите од овој договор, Општите услови и важечките прописи.
4. Xxxxxxx ќе ја затвори и укине сметката којашто нема салдо и промени во последните 2 години и не е блокирана.
5. Во случај на раскинување на договорот, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од сметката на Имателот на друга сметка врз основа на инструкции од Имателот на сметката или во согласност од одлука од суд и од друг надлежен државен орган или институција.
6. Договорот престанува да важи со денот на затворање на сметката.
11. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
1. Во согласност со важечките законски прописи Xxxxxxx се обврзува да обезбеди тајност и да ги чува податоците за работењето со сметката.
2. Податоците за работењето со сметката може да се достават само на Имателот на сметката, на овластен орган во согласност со закон или на трети лица врз основа на согласност на имателот на сметката.
3. Xxxxxxx и Имателот на сметката се должни да ги чуваат како доверливи сите податоци и информации за кои е дојдено до сознание во текот на работењето/водењето на сметката.
4. Заради заштита на своите интереси, Имателот на сметката е должен да ги заштити и да ги чува како строго доверливи сите податоци поврзани со работењето со сметката.
5. Банката не одговара за каква било штета којашто може да настане за имателот на сметката како резултат на непочитување на обврските од претходните ставови.
6. Xxxxxxx ќе обезбеди заштита на личните податоци за Имателот - законскиот застапник и овластените лица во согласност со законската регулатива. Личните податоци ќе се користат само за потребите на работењето со сметката, врз основа на согласност на субјектите на личните податоци и во случај и на начин предвиден со закон или друг пропис.
7. Xxxxxxx ќе обезбеди заштита на личните податоци за Имателот на сметката и овластените лица во согласност со законската регулатива. Личните податоци ќе се користат само за потребите на работењето со сметката, врз основа на согласност на субјектите на личните податоци и во случај и на начин предвиден со закон или друг пропис.
Имателот на сметката неотповикливо ја овластува Xxxxxxx да прибира лични податоци за Имателот на сметката од државните органи на Република Северна Македонија.
Имателот на сметката со потпишувањето договор за отворање трансакциска сметка слободно и изречно ја изјавува својата волја и дава согласност Xxxxxxx да ги користи неговите лични и финансиски податоци (вклучувајќи го и ЕМБГ), како и да ги дава неговите лични и финансиски податоци (вклучувајќи го ЕМБГ) на трето лице, со кое Банката има склучено посебен договор за пренос на податоци, во согласност со законските прописи, со цел ажурирање наплата.
Со потпишување договор за отворање трансакциска сметка Имателот на сметката слободно и изречно дава согласност на Банката
податоците што се сметаат за деловна тајна да бидат откриени на трето лице, со кое Банката има склучено посебен договор за пренос на податоци, со цел ажурирање наплата.
12. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
1. Во согласност со важечките правни прописи, упатствата и одлуките донесени врз нивна основа и со нејзината политика, Xxxxxxx може да ги менува Општите услови, за што мора да го запознае Иимателот на сметката во согласност со вообичаениот начин на комуницирање или на еден од следните начини: со објавување на информацијата на изводот на неговата сметка, со објавување на интернет-страницата на Xxxxxxx, на видно место во експозитурите и филијалите на Xxxxxxx и сл.
2. Xxxxxxx ќе го објави текстот на изменетите Општи услови на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје и истиот ќе биде достапен во сите експозитури и филијали на Банката и може да се подигне на барање на Имателот на сметката.
3. Ако Имателот на сметката не се согласува со измената на Општите услови, тој може да поднесе писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на договорот и да бара затворање на сметката, во спротивно се смета дека се согласува со предложените измени и тие стануваат составен дел на договорот. Ако Xxxxxxx не го прими барањето за раскинување на договорот во рок од 15 дена по
завршување на месецот во кој е објавена информацијата, се смета дека Xxxxxxxx на сметката се согласува со променетите општи услови и тие стануваат составен дел на договорот.
4. Банката не одговара за прекин на услугите поврзани со извршување на платниот промет во земјата и за последиците од настанатиот прекин, кој е надвор од контрола на Банката, односно кој е последица на виша сила и околности што не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети или избегнати од страна на Банката.
5. Доколку настанат промени во законските прописи што го регулираат работењето со сметката, Xxxxxxx ќе ги примени новите законски прописи и одредбите што ќе влезат во сила во времето на важењето на договорот за отворање трансакциска сметка.
Доколку таквите промени не одговараат на интересите на имателот на сметката, тој има право да го раскине овој договор во рок од 15 дена од настанувањето на промената.
6. За сè што не е наведено во овие услови ќе се применуваат позитивните прописи што ја уредуваат оваа област.
7. Овие општи услови се составен дел од договорот за отворање и водење на сметката и важат од 22.11.2021 година.
4