У-TO 01/2019
У-TO 01/2019
Бр.02-26110/13 од 13.09.2019 година Датум на примена: 13.09.2019 година
УСЛОВИ ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКА И МОБИЛНА ОПРЕМА
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
член 1
Изразите употребени во овие услови го имаат следното значење:
1. Осигурувач – Сава Осигурување а.д. Скопје;
2. Договорувач на осигурување - лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување;
3. Осигуреник – лице, чиј имот е осигуран и на кого му припаѓаат правата од осигурувањето;
4. Сума на осигурување – изнoc нa кoj имoтoт, oднocнo имoтниoт интepeс e ocигypeн;
5. Премија – износ кој се задржува, односно плаќа за осигурување по договорот за осигурување;
6. Полиса – документ на договорот за осигурување;
7. Лист на покритие – потврда која привремено ја заменува полисата;
8. Техничка опрема – телевизиски и аудио уреди, бела техника, десктоп компјутери;
8. Мобилна опрема – мобилни телефони, таблети, преносни компјутери (лаптопи);
9. Основна гаранција од страна на производителот-
законски задолжителна или со други прописи регулирана гаранција од страна на производителот на апарат за домаќинство, односно продавачот на апаратот за домаќинство со која се обезбедува остранување на недостатоците, замена на апаратите за домаќинство, враќање на купопродажните средства или друг начин на заштита на потрошувачот, во случај да апаратот за домаќинство не работи исправно или ги нема карактеристиките наведени во гаранцијата или рекламниот материјал, во случај на предизвикана штета или расипување на апаратот за домаќинство, предизвикани од грешка во планирањето, материјалот или изработката, грешка во пресметката, услугата за поправка и/или предизивикана штета или уништување.
10. Партнер – правно лице кое се занимава со трговија на техничка и мобилна опрема кое со осигурувачот има склучено соодветен договор;
11. Асистентски центар - организациска единица на осигурувачот која осигуреникот треба да ја контактира при настанување на осигуран случај и која стои на располагање
24 часа на ден, на бесплатниот телефонски број кој е наведен на полисата за осигурување.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
член 2
(1) Договор за осигурување на имотот може да склучи лице кое има интерес да не настане осигуран случај, затоа што би претрпел некоја материјална загуба.
(2) Договор за осигурување е склучен кога договорувачот ќе ја потпише полисата за осигурување или листот на покритие.
(3) Усната понуда направена до осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ниту понудувачот, ниту осигурувачот.
ПОЛИСА И ЛИСТ НА ПОКРИТИЕ
член 3
(1) Во полисата за осигурување мора да бидат наведени: договорните страни, осигурениот предмет, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на покритие, сумата на осигурување или дека осигурувањето е неограничено, премијата или придонесот, датумот на издавањето на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Полисата за осигурување може да биде привремено заменета со лист на покритие, во која се внесуваат суштествените состојки на договорот.
(3) Осигурувачот е должен да го предупреди договорувачот на осигурувањето дека условите за осигурувањето се составен дел на договорот и да му го предаде нивниот текст, ако тие Услови не се отпечатени на самата полиса.
(4) Извршувањето на обврските од став 3 мора да биде констатирано на полисата.
(5) Во случај на несогласување на некоја одредба од членовите за осигурување и некоја одредба од полисата, ќе се примени одредбата од полисата, а во случај на несогласување на некоја печатена одредба во полисата и некоја нејзина ракописна одредба ќе се применува оваа последнава.
ПРИМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
член 4
(1) Овие Услови се применуваат за осигурување на техничка и мобилна опрема и нудат покритие за случајно настаната штета, провална кражба и разбојништво и за злоупотреба на мобилна опрема, за времетраење на основната гаранција на производителот или доколку е склучено осигурување по Условите за продолжена гаранција за апарати за домаќинство, за времетраење на продолжената гаранција, но најмногу до 3 години.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
член 5
(1) Предмет на осигурување може да биде исклучиво нова техничка или мобилна опрема купена кај партнерот.
(2) При купување на поединечни компоненти од опремата, осигурувањето важи исклучиво за поединечно купените компоненти.
(3) Предмет на осигурување не се и не можат да бидат ни кога нивната вредност е вклучена во вредноста на опремата:
1) дополнително вградени делови кои не се декларирани од страна на производителот.
ОСИГУРАНИ ОПАСНОСТИ
член 6
САВА осигурување а.д. Скопје, ул. Загребска 28а, xxx.xxxx.xx
жиро с-ка: 210-0477852901-06, депонент на НЛБ банка АД Скопје • ЕДБ: МК 4030994256042 • МБ: 4778529
(1) Согласно овие услови за комбинирано осигурување на техничка и мобилна опрема, осигурувачот има обврска да организира отстранување на штета и да ги надомести трошоците настанати во случај на штета на опремата, за следните осигурани опасности:
1) Случајно настаната штета поради:
− Физичко оштетување или уништување на
опремата како последица на паѓање или удар;
− Пожар и удар од гром;
− Експлозија;
− Луња;
− Излeвање на вода од внатрешни инсталации;
− Поплава, порој и високи води.
2) Провална кражба и разбојништво.
3) Доколку посебно се договори и се плати дополнителна премија, осигурителното покритие може да се прошири за следната осигурана опасност:
− Злоупотреба на мобилна опрема и десктоп компјутери.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ФИЗИЧКО ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ПАЃАЊЕ ИЛИ УДАР
член 7
(1) Под физичко оштетување или уништување на опремата како последица на паѓање или удар, во смисла на овие Услови, се смета физичко оштетување или уништување на опремата поради неспретност, невнимание од страна на осигуреникот или трето лице, при што е предизвикана штета на осигураниот предмет при пад од местото каде што е поставено или удар со страно тело врз осигураниот предмет.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПОЖАР И УДАР ОД ГРОМ
член 8
(1) Под пожар, во смисла на овие Услови, се смета оган појавен надвор од определено огниште или оган кој го напуштил ова место и е способен понатаму да се развива со својата сопствена сила.
(2) Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е во обврска да плати надоместок ако осигураната ствар е уништена и оштетена:
1) поради изложување на оган или топлина заради обработка или за други цели (на пример во индустриска преработка при пеглање, сушење, пржење, печење и сл.) или поради паѓање или фрлање во огниште (печка, шпорет и сл.);
2) со осмадување (подгорување), опрлување или прегорување од цигари, пури, справи за осветлување, жар и сл.
3) поради вриење или затоплување, варење, чадење и сл.
(3) Со осигурувањето од опасности од пожар не се опфатени штети на оџаците настанати во врска со вршење на нивната функција.
(4) Осигурувањето од удар од гром, во смисла на овие Услови, покрива штети што громот ги предизвикал на осигураните предмети со дејство на силата или топлината, како и штети од удар на предмети соборени од громот.
(5) Со осигурувањето не се опфатени:
1) штети на осигураните електрични машини, апарати, (вклучувајќи ги и апаратите за готвење, пеглање, греење на кревет, радио апарати, телевизиски приемници, ламби, сијалици и сл.) или на електрични водови заради дејство на
електрична енергија од пренапон или загревање поради преоптоварување, атмосферски влијанија како статички оптоварувања, индукација поради атмосферски празнења и слични појави, бидејќи таквите штети се сметаат за погонски. Меѓутоа, се надоместува штета од пожар што би настанал со дејствување на електричната енергија и кој, по престанување на тоа дејство, самостојно би се развивал;
2) штети предизвикани со пренесување на електрична енергија преку водови како последица на удар на гром, како и штети на заштитни осигурувачи од било кој вид, заштитни прекинувачи, одводници за пренапон, громобрани и слични уреди, настанати при вршење на нивната нормална функција.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА
член 9
(1) Под експлозија, во смисла на овие Услови, со исклучок на експлозија од нуклеарна енергија се смета ненадејно пројавување на сила, заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување.
Експлозија на садови под притисок (казани, цевки и сл.) постои само тогаш кога ѕидовите на садот во толкава мерка се искинати што се јавува моментно изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1) штети на стварите на осигуреникот предизвикани од минирања што се вршат во рамките на неговата дејност или во рамките на дозволената дејност на трети лица;
2) штети на машини предизвикани од експлозија во просторот за внатрешно согорување (цилиндер на моторот);
3) штети од експлозија што се нормална појава во процесот на производството;
4) штети од експлозивно издувување од печки и слични направи;
5) штети од експлозија од биолошки карактер;
6) штети поради пробивање на звучен ѕид;
7) штети од воден удар, кои во тунели и цевководи под притисок се манифестираат како експлозија;
8) штети од експлозија на садови под притисок од ставот 1 алинеја 2 од овој член поради дотраеност, појава на трошење или прекумерна наслага на рѓа, бигор, талог, тиња на осигураните ствари, но се надоместува штета на други ствари во врска со настанатата експлозија.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЛУЊА
член 10
1. Под луња, во смисла на овие Услови, се смета ветер со брзина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км. на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер со оваа брзина во местото каде што се наоѓаат осигураните предмети, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил редовно одржуван градежен објект. Во случај на сомневање, осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот со извештај на хидрометеоролошката служба.
2. Штети од луња се опфатени со осигурувањето ако се предизвикани механички оштетувања на осигураните предмети:
1) со непосредно дејство од луњата;
2) со директен удар од соборените или од носените предмети од луњата;
3) нанесување на снег со ветер.
3. Со осигурувањето од луња не се опфатени штети:
1) од навлегување на дожд, град или снег или други наноси низ отворен прозорец или други отвори што постојат на зградата, освен ако отворите настанале од луњата;
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА ИНСТАЛАЦИЈА
член 11
(1) Излевање на вода, во смисла на овие Услови, се смета:
1) неочекувано излевање на вода од водоводни и одводни (канализациони) инсталации, како и од уреди за греење со топла вода и парно греење и други уреди и апарати што се приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување (кршење, прскање или откажување на уредите за управување и сигурност) на тие уреди и апарати.
Под инсталација на соодветниот објект се смета се до приклучокот на надворешната мрежа (пример: шахта, хидрофор, подстаница за топла вода).
2) неочекувано избивање на пареа од уредите за топла вода или за парно греење.
(2) Осигуреникот е должен да се грижи за одржување на водоводната и одводната канализациона мрежа, на уредите за греење со топла вода и за парното греење, како и за нивната заштита од мраз.
(3) Со осигурувањето не се опфатени штети:
1) од излевање на вода од отворени славини, како и од водоводни (канализациони цевки), ако штетата настанала поради затнување на цевките;
2) од кршење или прскање заради смрзнување настанати на самите водоводни и одводни уреди, апарати и котли;
3) поради дотраеност, истрошеност и корозија во просториите на осигуреникот кои се достапни на контролата на осигуреникот;
4) од габички поради влага;
5) загуба на вода и загубена добивка;
6) штети на хидроскопни залихи кои не се ускладиштени на палети високи најмалку 10 см или на пропишан начин;
7) настанати како последица на повреда на должноста на осигуреникот од ставот 2 од овој член;
8) од излевање вода од надворешна инсталација (улична и сл.);
9) од слегнување на земјиште како последица на излевање на вода од водоводни и канализациони цевки;
10) поради смрзнување на инсталациите.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВА, ПОРОЈ И ВИСОКИ ВОДИ
член 12
(1) Под поплава, во смисла на овие Услови, се смета стихиско неочекувано плавење на терен од постојани води (реки, езера, мориња и др.) заради тоа што водата се излила од коритото или го провалила одбрамбениот насип или браната, излевање на вода поради вонредна висока плима и на брановите на море и езера со необична јачина, и од надоаѓање на вода од вештачки езера. Поплава се смета и неочекувано плавење на терен поради нагло образување на големо количество водна маса која настанала како последица на провала на облак (пороен дожд).
Под порој се смета стихиско неочекувано плавење на терен со водна маса што се образува на низбрдни терени поради силни атмосферски врнежи и се слива низ улици и патишта.
Со осигурувањето од поплава се опфатени само штети предизвикани на осигурани ствари за време додека поплавата трае и непосредно по повлекување на водата.
Под висока вода, во смисла на овие Услови се смета:
1) исклучива појава на невообичаен пораст на водостојот;
2) подземна вода како последица од висока вода.
Обврската на осигурувачот за штети од висока вода и подземна вода како нејзина последица почнува со порастот на високата вода над однапред утврдените месечни коти на водостојот или протекот измерен спрема најблискиот поставен покажувач на водостојот.
За секој одделен месец нормален е овој највисок месечен водостој за последните 20 години што го покажува покажувачот на водостојот најблизок до осигураните ствари, со исклучок на особено високите водостои.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО
член 13
(1) Провална кражба во смисла на овие Услови се смета кражба ако нејзиниот извршител:
1) провали во простории, во кои се наоѓат осигураните предмети (место на осигурувањето) со кршење на врати и прозорци или со провалување на тавани, ѕидови и подови;
2) го отвори местото на осигурување со лажен клуч или некое друго средство што не е наменето за редовно отварање, а при тоа да е оставен траг, врз основа на кој може со сигурност да се утврди провала во смисла на кривично-правен доказ;
3) провали во заклучено сместувалиште во местото на осигурувањето, во кое се наоѓаат осигураните предмети, ако до сместувалиштето дошло на еден од начините кои по одредбите од овој член се оквалификувани како провална кражба;
4) го отвори местото на осигурувањето или сместувалиштето со вистински клучеви или со нивни дупликати, доколку до клучевите дошло со едно од дејствијата наведени во точка 1, 2, 3 и 5 од овој став или со разбојништво или со измама на малолетен член од домаќинството.
Скокање преку отворен прозорец во ниско приземје (до висина од 2.50 м. од долниот раб на прозорецот) не се смета за провална кражба.
(2) Од ризикот провална кражба предметите се осигурани само за време додека се наоѓаат во затворени и заклучени простории, односно во заклучени сместувалишта наведени во полисата.
(3) Со осигурувањето не се покриени штети од провална кражба односно разбојништво кај осигурување на граѓаните:
1) извршени од членовите на семејството кои живеат во заедничко домаќинство со осигуреникот;
2) извршени со учество на некои од членовите на семејството со кои живеат во заедничко домаќинство со осигуреникот како наговорувач или помагач.
За припадници се сметаат и лицата кои во просториите каде се наоѓале однесените или оштетените предмети живеат, работат или се примени на ноќевање.
(4) Со осигурувањето не се покриени ниту штетите:
1) од измама;
2) од обична кражба;
3) поради посредни загуби предизвикани од настанување на осигураниот случај (загуба на заработка, денгуба и слично);
(5) Разбојништво во смисла на овие Услови се смета одземање на осигурените ствари со примена на сила (загрозување со опасност по живот и здравјето) против осигуреникот или неговите припадници или застрашување дека непосредно ќе се нападне на животот или телото на овие лица.
(6) Се смета дека постои употреба на сила и тогаш кога се употребени средства за оневозможување на отпор.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА МОБИЛНА ОПРЕМА И ДЕСКТОП КОМПЈУТЕРИ
член 14
(1) Под злоупотреба на мобилна опрема и десктоп компјутери, во смисла на овие Услови, се смета неовластено користење на осигураната мобилна опрема или десктоп компјутерите, кои се во сопственост на осигуреникот, од страна на трето лице по остварување на ризикот провална кражба и разбојништво (член 13 од овие Услови), при што е причинета штета на осигуреникот во смисла на трошоци поради неовластеното користење во рок 24 часа од пријава на провалната кражба или разбојништво, до определен износ кој е наведен на договорот за осигурување (полисата). Под поимот трошоци поради неовластено користење се сметаат трошоци за телефонски услуги или смс пораки, штети поради повлекување на парични средства од тековна сметка на осигуреникот и слично настанати поради неовластено користење на мобилна опрема и десктоп компјутери од страна на трети лица кои истите ги стекнале и употребиле на незаконски начин.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ
член 15
(1) Важноста на осигурителното покритие и обезбедувањето на услуги согласно овие Услови за осигурување е на територија на Република Македонија.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
член 16
(1) Покритието на осигураната опрема почнува да важи со уплата на премија во часот и денот кој е назначен на фискалната сметка, односно по истек на 24-тиот час од денот наведен во полисата за осигурување како почеток на осигурувањето во случај на издавање на фактура, а престанува да важи по истекот на 24-тиот час од денот кој во полисата е наведен како датум на престанок на осигурувањето.
(2) Без оглед на договорениот период на важење на осигурувањето, осигурителното покритие по овие услови престанува во случај на тотална штета на осигураната опрема. За тотална штета се смета штета која настанала на осигурената опрема, каде трошоците за поправка ја надминуваат вредноста на осигурената опрема намалена за амортизацијата дефинирана во член 17 од овие Услови.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ И ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРАНИОТ ПРЕДМЕТ
член 17
(1) Сума на осигурување за техничка и мобилна опрема претставува новонабавната вредност на опремата според фактура односно фискална сметка. Сумата на осигурување
претставува износ на максималната обврска на осигурувачот.
(2) Вредноста на осигураниот предмет преставува новонабавната вредност на осигураната опрема, намалена за износот на амортизираност (техничко и економско).
(3) Месечните амортизациони стапки со кои се пресметува процентот на амортизираноста на опремата изнесуваат:
- за телевизиски и аудио уреди 2%
- за бела техника 2%
- за десктоп компјутери 2%
- за мобилни телефони 3%
- за таблети 3%
- за преносни компјутери (лаптопи) 3%.
(4) За покритието злоупотреба на мобилна опрема и десктоп компјутери, лимитот на покритие по штетен настан и за времетраење на осигурувањето изнесува 1.000 еур во денарска противвредност.
ПЛАКАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
член 18
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена.
(2) Премијата се плаќа во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при случување на договорот.
(3) На износот на премијата што се плаќа во договорени рокови може да се пресмета и наплати договорена камата.
(4) Ако договорувачот на осигурувањето не ја плати премијата во договорениот рок, осигурувачот може, покрај главницата, да му пресмета и затезна камата.
(5) Место на плаќање на премијата е местото во кое договорувачот на осигурувањето има свое седиште односно живеалиште, ако со договорот не е определено некое друго место.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
член 19
(1) Осигуреникот има обврска по настанувањето на осигураниот случај да го повика асистенсткиот центар на осигурувачот. Во текот на повикот е должен да ги проследи сите потребни податоци за идентификација, а на барање на осигурувачот да му ги проследи и на изведувачот на услугите сите неопходни документи.
(2) Осигуреникот е должен да постапува според упатството на осигурувачот. Само со изречна дозвола од осигурувачот може да најми друг изведувач на услуги и во тој случај осигурувачот ги покрива трошоците за услугите само до висината до која би ги покрила на својот договорен изведувач.
(3) Осигуреникот е должен самиот да ги плати услугите кои осигурувачот врз основа на ова осигурување не ги исплаќа или не ги плаќа во целост.
(4) Осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги врати исплатените износи и другите трошоци за извршената услуга со законска затезна камата од денот на исплатата, доколку по понудените услуги се утврди дека настанот не е покриен со осигурување или дека осигуреникот односно корисниците ги прекршиле одредбите на овие услови, па поради тоа причиниле штета на осигурувачот.
(6) Осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата за штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурувачот, исто така, може да бара осигуреникот да прибави и други докази, ако тоа е неопходно потребно и оправдано.
(7) Ако осигуреникот не ја изврши својата обврска за известување на осигурувачот од став 1 од овој член, должен е да му ја надомести на осигурувачот штетата која тој би ја имал поради тоа.
(8) Штетите предизвикани од пожар, експлозија и провална кражба и разбојништво, веднаш да ги пријави кај надлежен орган за внатрешни работи (МВР) и поднесе пријава за штетата кај осигурувачот веднаш, а најкасно во рок од три дена од денот на настанување на штетата.
(9) На осигурувачот да му достави докази потебни за утврдување на причината обемот и висината на штетата.
(10) Осигуреникот не смее да ја менува состојбата на оштетените односно уништените ствари до доаѓањето на преставници на осигурувачот.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
член 20
(1) Кога ќе ја прими пријавата за настанат осигуран случај, осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, да пристапи кон утврдување и процена на штетата.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
член 21
(1) Осигурувачот не е должен да надомести штета од било каков вид, ако таа е директно или индиректно предизвикана од:
1) Војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали војна е објавена или не), граѓанска војна, буна, револуција, востание, граѓански немири, имајќи го во предвид учеството во, или големината на востанието, воената или узурпаторската сила;
2) Некое дејство на тероризам. За примена на ова исклучување дејство на тероризам значи дејство, кое вклучува, но не е ограничено на употреба на сила или насилство и/или закана со нив на лице или група на лица, без оглед дали дејствуваат сами или во корист на или во врска со било која организација (и) или влада (и) обврзани со политички, религиозни, идеолошки или етнички цели и причини, вклучувајки и намера да се влијае на влада и/или да се изложи јавноста или дел од јавноста под страв;
3) Биолошка или хемиска контаминација. За примена на ова исклучување контаминација значи контаминирање, труење или превентива и/или ограничување на употреба на објект поради влијание на хемиски и/или биолошки материи;
4) Проектили, бомби, гранати и воено-експлозивни средства.
(2) Исклучени се: штети, загуби, трошоци и надоместоци од секаков вид директно или индиректно настанати од, како последица или во врска со дејство превземено за контрола, превенција, санирање, угушување или на било кој начин се однесува на точките 1),2),3) и 4) од став 1 од овој член.
(3) Ако осигурувачот потврди дека поради исклучочите од став 1 или 2 од овој член, штетата, загубата, надоместокот
или трошокот не се покриени со осигурувањето, товарот за докажување на спротивното паѓа на осигуреникот.
(4) Осигурувачот не е должен да надомести штета, ако таа е предизвикана намерно или со измама на договорувачот на осигурувањето, осигуреникот или корисникот на осигурувањето. Но, ако се остварил осигуран случај, осигурувачот е должен да ја надомести секоја штета предизвикана од некое лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ, без оглед на тоа дали штетата е предизвикана од немарност или намерно.
(5) Исто така исклучени се обврските на осигурувачот:
1) Во случај на штета предизвикана од електромагнетен импулс предизвикан од човек или на природен начин;
2) Во случај на индиректна штета, на нематеријални губитоци во врска со осигураниот случај, со губиток на заработката и казните;
3) За директна или индиректна штета на други апарати и уреди;
4) За редовно одржување, чистење, и други услуги;
5) Финансиски банкрот на продавачот во малопродажба и/или други даватели на услуги;
6) За потрошен материјал како што се батерии и батерии на полнење;
7) За одговорност на производителот за квалитет на производот;
8) Во случај на штета, кршење или губитоци на опремата настанати поради:
- оставање, заборавање или губење, изнајмување или давање под закуп;
- редовно трошење;
- директна изложеност на влага и влажност;
- непридржување кон упатството за монтирање/инсталирање и користење или други несоодветни монтажи/инсталации или лични погрешни обиди за поправање на уредот, дополнителни штети предизвикани од програмирањето, подесувањето, одржувањето и поправката, модификацијата и чистењето на уредот;
- компјутерски вируси, програмирања или софтверски грешки и оние кои влијаат на или преку софтверот или некој друг носач на податоци;
- одговорност на трето лице гарантирано во согласност со законските или договорените одредби;
- незаконски дејствија, намерни или груби немарности, грешки или кривични дела на осигуреникот или овластениот корисник на техничката опрема;
- натопување;
- обична кражба и исчезнување, затајување, измама и прикривање или било кое друго кривично дело или прекршок што за последица има штета или исчезнување на опремата.
9) Доколку осигуреникот самостојно ги отстрани недостатоците или штетата;
10) Доколку осигуреникот не постапи согласно неговите обврски наведени во член 20, став (1);
11) За дополнителните трошоци за подобрување на техничката или мобилна опрема во текот на поправката.
12) За штети кои се покриени со основната гаранција на производителот на осигураната опрема.
ВИСИНА НА НАДОМЕСТОТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
член 22
(1) Осигурувачот е во обврска да го исплати надомест од осигурувањето за штетата предизвикана со настанување на осигурениот случај по одредбите на овие услови.
(2) Во случај на настанување на осигуран случај за времетраење на осигурувањето, при што е настанато расипување или оштетување на осигураната опрема и со тоа е потребна поправка, осигурувачот има обврска да ги надомести трошоците за поправка на опремата во овластениот сервис. Дополнителните трошоци за подобрување на техничката или мобилна опрема кои би настанале во текот на поправката ги сноси самиот осигуреник.
(3) Обврската на осигурувачот не важи доколку ист недостаток се повтори на веќе направена поправка за која гаранција дава овластениот сервис.
(4) Во случај на исчезнување или уништување кога поправката на опремата не е технички можна или е економски неоправдана (тотална штета), бидејки трошоците за поправка се повисоки од вредноста на опремата висината на надомест се утврдува во висина на вредноста на осигурениот предмет во моментот на настанување на осигураниот случај согласно член 17.
(5) При настанување на осигуран случај на мобилен телефон според одредби на член 22 став (4) од овие услови:
− Доколку штетата настане во текот на првата година од денот од склучување на договорот, се врши замена на мобилниот телефон со ист или соодветен телефон,
− Доколку штетата настане во текот на втората година од денот на склучување на договорот, се врши исплата на надомест во висина на вредноста на уништениот осигуран предмет согласно член 17 од овие услови.
(6) Осигурувачот за една иста опрема може да плати надомест на штета најмногу до два пати во текот на траењето на осигурувањето но најмногу до сумата на осигурување или лимитот на покритие.
(7) При настанување на осигуран случај за осигурана опасност злоупотреба на мобилна опрема и десктоп компјутери, осигурувачот има обврска за исплата на надомест на реално настанати штети, но најмногу до лимитот на покритие согласно член 17, став (4) од овие услови.
(8) Во случај на тотална штета, оштетената опрема преоѓа во сопственост на осигурувачот.
УЧЕСТВО НА ОСИГУРЕНИКОТ ВО ШТЕТЕН НАСТАН (ФРАНШИЗА)
член 23
(1) Доколку поинаку не е договорено, осигуреникот во секоја штета учествува со одбитна франшиза во висина од 15% од износот на штетата, но не помалку од 50 евра во денарска противвредност во секој штетен настан, за следните осигурани опасности:
- Случајно настаната штета поради физичко оштетување или уништување на опремата како последица на паѓање или удар;
- Провална кражба и разбојништво;
- Злоупотреба на мобилна опрема и десктоп компјутери.
(2) Исплатата на надоместот од осигурување се намалува за износот на договорената одбитна франшиза во секој штетен настан, согласно став (1) од овој член.
ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
член 24
(1) Кога ќе настане осигуран случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата определена со договорот во договорениот рок, кој не може да биде подолг од 14 дена, сметајќи од кога осигурувачот добил известување дека настанал осигуран случај.
(2) Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот или на нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ.
(3) Ако износот на обврската на осигурувачот не биде утврден во рокот одреден во став 1 на овој член, осигурувачот е должен на барање од овластено лице да го исплати износот на неспорниот дел од својата обврска на име xxxxx.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
член 25
(1) Ако осигураниот предмет биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот на платената премија.
(2) Ако осигураниот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците што не се опфатени во осигурувањето, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот на премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето.
(3) Ако осигураниот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците опфатени со осигурувањето, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата за тековната година на осигурувањето, односно за договореното времетраење на осигурувањето.
(4) Со престанување на договорот за осигурување во сите други случаи пред истекот на времето за кое премијата е платена, премијата му припаѓа на осигурувачот само до завршетокот на денот до кога тој бил во обврска, освен ако не е поинаку договорено.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
член 26
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до осигурувачот доколку смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Осигурувачот е должен да се произнесе по претставката на осигуреникот/ корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на осигурувачот или ако осигурувачот не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/ третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на
осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
член 27
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
член 28
(1) Bo cлyчаj на cпop пoмeѓy дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo - ocигypeникoт и ocигypyвачoт, надлeжeн e cтваpнo надлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
член 29
(1) Cитe извecтyвања и пpиjави штo дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo e дoлжeн да ги напpави вo cмиcла на oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви на ocигypyвањe, задoлжитeлнo тpeба пиcмeнo да ce пoтвpдат акo ce напpавeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpама или на билo кoj дpyг начин.
Kакo дeн на пpиeмoт на извecтyвањeтo, oднocнo пpиjавата ќe ce cмeта дeнoт кoга e пpимeнo извecтyвањeтo, oднocнo пpиjавата. Aкo извecтyвањeтo oднocнo пpиjавата ce иcпpаќа пpeпopачанo, какo дeн на пpиeмoт ќе ce cмeта дeнoт на пpeдавањeтo вo пoшта.
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 30
(1) Aкo ocигypyвачoт ги измeни Уcлoвитe за ocигypyвањe или Tаpифата на пpeмии, дoлжeн e за тoа пиcмeнo, или на дpyг пoгoдeн начин, да гo извecти дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo наjдoцна шeeceт дeна пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo има пpавo да гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poк oд шeeceт дeна oд дeнoт на пpиeмoт на извecтyвањeтo. Bo тoj cлyчаj, дoгoвopoт за
ocигypyвањe пpecтанyва да важи co иcтeкoт на тeкoвната гoдина на ocигypyвањeтo.
(3) Aкo дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo нe гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poкoт oд cтав 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт за ocигypyвањe вo пoчeтoкoт на наpeдниoт пepиoд на ocигypyвањeтo ce мeнyва вo cooбpазнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe за ocигypyвањe, oднocнo Tаpифата на пpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 31
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
член 32
(1) Осигуреникот, согласно Законот за заштита на личните податоци изречно се согласува неговите лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде осигуреникот е договорна страна или на барање на осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
(2) Осигуреникот во согласност со Законот за заштита на лични податоци дава изричита согласност Осигурувачот да може да ги пренесува неговите лични податоци во други држави за потребите на реосигурување, решавање на меѓународни штети како и за други потреби на Осигурувачот со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од договорот за осигурување. Осигуреникот изречно се согласува и го овластува осигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на живеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните државни органи или било која друга надлежна институција, и истите да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
(3) Осигуреникот му дозволува на осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање,
а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.
(4) Личните податоци на осигуреникот можат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. Осигурувачот се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
ПРИМЕНА НА ЗАКОН
член 33
(1) За односите помеѓу Осигуреникот на една страна и Осигурувачот од друга страна, се применуваат и одредбите од Законот за облигациони односи (ЗОО).
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
член 34
Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото оштетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ДАТУМ НА ПРИМЕНА
член 35
Овие Услови за осигурување се донесени на 54-та седница на Одборот на директори на САВА Осигурување а.д. Скопје одржана на ден 13.09.2019 година. Овие Услови влегуваат во сила и ќе се применуваат со денот на донесувањето.