ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ СИСТЕМ EUROSHELL
ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ СИСТЕМ EUROSHELL
Општите услови на работење го регулираат користењето на картичките euroShell, што „Шел“ му ги издава на Деловниот партнер.
Доколку страните не се договорат поинаку (во писмена форма), се применуваат овие Општи услови на работење. Општите услови на работење, со текот на време, може да се менуваат, дополнуваат или да се заменат, за што „Шел“ писмено го известува Деловниот партнер, согласно точка 18 од овие Услови.. Право на изменување и дополнување има исклучиво „Шел“.
1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМИ
Поединечните поими, кои се употребени во Општите услови на работење со картичката euroShell, го имаат следново значење:
„Алатка за напредна контрола“ (Advance Controls Tool) е портал, преку кој корисникот може со помош на интернет услугите да ги постави Велосити лимитите (Velocity limits) кои важат за користењето на картичките.
„Договор за сервисниот систем euroShell“ (во натамошниот текст: Договор) значи спогодба меѓу „Шел“ и Деловниот партнер, заедно со Општите услови на работење, додатоците и со прилозите, кои, со текот на време, може да се менуваат и дополнуваат.
„Деловен партнер“ значи претпријатие, друштво или самостоен претприемач, кој го потпишува Договорот.
„Барање за добивање картичка euroShell“ (во натамошниот текст: Барање) значи пополнет стандардизиран формулар со придружните документи, кои вклучуваат:
• потврда за тековниот статус на претпријатието на Деловниот партнер, издадена од страна на надлежен суд во местото на регистрација;
• потврда за даночниот број или за ИД бројот за ДДВ (доколку се исполнети правните услови за регистрација);
• потврда за регистрација и сметководствени изводи од минатата година;
• копија на сообраќајната дозвола;
• копија на личниот документ на застапникот на Деловниот партнер или копија на депонираните потписи на Деловниот партнер во банка.
„Контрола“ во врска со било кое претпријатие, значи да се има правно и стварно сопствеништво над најмалку 51 процент од гласачките права во врска со емисиониот основен капитал на одредено претпријатие.
„Корисник на картичка“ е лицето кое Деловниот партнер го овластило да ја користи картичката.
„е-маил аларм“ (e-mail Alarm) е електронска порака испратена по пат на онлајн-услуга, која го предупредува Деловниот партнер на неочекувана употреба на картичката врз основа на параметри, дефинирани од страна на Деловниот партнер.
„еРС апликација“ (eRS) е апликација во рамките на услугата Шел кард онлајн (Shell Card Online), која му овозможува на Деловниот партнер да нарача или да се регистрира за патарини, со кои е можно, врз основа на трансакции, да се следи движењето на возила на пат.
„Картичка euroShell“ (во натамошниот текст: картичка) значи поединечнa, нумерирана пластична картичка со магнетна лента и со електронски забележени податоци, која „Шел“ му ја издава на Деловниот партнер. Деловниот партнер со картичката euroShell купува во сервисите на „Шел“ и кај партнерите на системот на картички euroShell. Исто така значи и било која картичка која „Шел“ му ја издал на Деловниот партнер со цел на корисникот на картичката да му се овозможи купување на стока, и која спаѓа во следниве категории:
(I) картички за возачи се картички кои се наменети за користење на било кое возило од страна на овластениот сопственик на картичката, кој е наведен на картичката;
(II) картички за возила се картички кои се наменети за користење од страна на било кој овластен сопственик на картичка за возилото, кое е наведено на картичката;
(III) картички за возачи/возила се картички кои се наменети за користење на возилото кое е наведено на картичката од страна на овластениот сопственик на картичката, кој е наведен на картичката; и
(IV) неодредени картички, кои се наменети за користење на било кое возило од страна на било кој сопственик на картичка со возило..
„ЦРТ картичка“ (CRT) значи картичка euroShell, издадена на Деловен партнер од сегментот на дејноста на превоз на стоки и на лица. Картичката е издадена на кодот 7077.
„ФЛИТ картичка“ (FLEET) значи картичка euroShell издадена на Деловниот партнер за користење при плаќање услуги и гориво за лични возила. Картичката е издадена на кодот 7002.
„ПРИВАТ картичка“ (PRIVAT) е картичка euroShell издадена на физичко лице. Картичката е издадена на кодот 7027.
„Овластен сопственик на картичка“ значи лице на кое Деловниот партнер му обезбедило картичка, вклучувајќи го (за да нема сомнеж) и било кое поврзано лице (претпријатие или нејзините застапници или физичко лице).
„Одбиена или забранета странка“ значи странка (I) која е мета на национални, регионални или мултилатерални трговски или стопански санкции, вклучувајќи и (но не исклучиво) лица кои се именувани или се ставени на привремено важечки список од Обединетите нации, САД, Европска Унија или земјите членки на европската унија или (II) непосредно или посредно се во сопственост или под надзор од такви лица, или кои дејствуваат во име на такви лица.
„Поврзани лица“ се физички или правни лица кои се финансиски поврзани со Деловениот партнер (на пр. договорни страни или членови на иста група на претпријатија како што е Деловниот партнер) и во чие име Деловниот партнер поднесува Пристапна изјава.
„Партнер на картичниот систем euroShell“ (во натамошниот текст: трето лице) значи продажно место, означено со симболот на услугата euroShell, кое ги прифаќа картичките euroShell како платежно средство за купување производи и/или услуги.
„Услуги на трети лица“ значи извршување услуги од страна на партнер на картичниот систем euroShell, кој не е член на групата „Шел“, но е одобрен од страна на групата „Шел“. Корисникот на картичка има право со Договор да ги плаќа овие услуги.
„Провизии“ значат провизии и други давачки, одредени со Општите услови на работење, додатоците или со известувањата издадени од страна на
„Шел“.
„Право“ значи закон, статут или регулатива, водич или Општи услови на работење, кои имаат сила на закон, без оглед на судската надлежност во која ќе се најдат „Шел“ и Деловниот партнер.
„Еурошел онлајн“ (euroShell Online) значи пристап до веб-апликација, која содржи онлајн-информации за управување со работењето.
„Корисник на Xxxxxxx онлајн“ значи лице кое е овластено од Деловниот партнер и на кое му се потврдени корисничкото име и издадената лозинка за влез во СЦОЛ (SCOL).
„Лозунг“ значи лозинка или код што „Шел“ му ја издава на корисникот на Еурошел онлајн за користење и за врска до интернет-страницата Еурошел (euroShell).
„Интернет-страница Еурошел“ е xxx.Xxxxx-Xxxxx.xx или која било друга интернет-адреса што „Шел“ му ја потврдил на Деловниот партнер.
„Интелектуална сопственост“ значи патент, трговска марка, логотип, права и сите дизајни, услужна марка, права (регистрирани или нерегистрирани) за било кој дизајн, користење на сите горенаведени, трговски или деловни називи, авторски права (вклучувајќи и права за компјутерска програмска опрема) и топографски права; знаења и искуства; списоци на добавувачи и странки; и друго знаење и информации со право на сопственост; имиња на интернет домени; права кои ги штитат доброто име и углед, и сите права и слични форми на заштита на горенаведеното или кои имаат ист ефект било каде во светот, и сите права на лиценци и согласности во врска со било кои права и форми на заштита наведени во оваа дефиниција на поими.
„Испорака“ е потврда за испорака на производ и на услуга.
„Корисничко име“ значи електронска адреса на корисникот на Еурошел онлајн.
„ПИН“ (PIN) значи личен идентификациски број на корисникот на картичката.
„Испраќање на ПИН“ значи писмена пратка која содржи информација за ПИН.
„Директно оптоварување“ значи платежна услуга со која се намируваат обврските во врска со користењето картичка euroShell од страна на Деловниот партнер со непосредно оптоварување на тековната сметка на Деловниот партнер.
„Потврда за трансакција“ (во натамошниот текст: СЛИП (SLIP)) значи потврда (изработена рачно или електронски) за добивање издаден производ или услуга на корисникот на картичката врз основа на трансакција. Потпишување СЛИП од страна на корисникот не е предмет на овој Договор.
„Шел“ значи „Шел Адрија“ д.о.о., членка на групата „Ројал Дач Шел плц“, која е договорна страна на овој Договор.
„Шел кард онлајн (СЦОЛ)“ (Shell Card Online / SCOL) е интернет-апликација која содржи информации за унапредување на работењето, нарачување картички, блокирање на картички, прикажување извештаи за трансакции, износи на издадени сметки, е-маил аларм, еРС апликациja и други апликации за управување со картички.
„Група ‘Шел’“ значи „Ројал Дач Шел плц“ и сите други претпријатија кои, директно или индиректно, сопственички се поврзани со „Ројал Дач Шел плц“.
„Стоки“ значи купување стоки и услуги што „Шел“ му ги одобрил на Деловниот партнер во согласност со Општите услови на работење и кои се определени во следниве категории, доколку поединечна држава не ги регулира категориите поинаку:
• Категорија 0: купување дизел-гориво, Ад Блу, плаќање тарифи за тунели, траекти, патарини и за сервисирање возила;
• Категорија 1: исто како за категоријата 0 и дополнително, купување на сите видови погонски горива;
• Категорија 2: исто како за категоријата 1 и дополнително, купување масла за подмачкување и автомобилски хемиски производи, како и средства и услуги за нега и за одржување возила (автомобилски гуми, акумулатори, средства за миење стакло, за миење возила, поправање, итн.);
• Категорија 3: исто како за категоријата 2 и дополнително: безготовинско купување производи во продавници на бензински сервиси (пијалаци, храна, тутун, итн.).
Избраната категорија на поединечната картичка е означена на предната страна на картичката euroShell.
„Велосити лимит (Velocity limit) на картичка“ значи контролен лимит определен од страна на „Шел“ за ограничување на купувањето на гориво на поединечни euroShell картички. Пречекорување на тој лимит значи запирање на плаќањето на поединечниот терминал. Наведените лимити се ограничени со системот ОЛА (OLA).
„Велосити лимит (Velocity limit) на клиентот“ се доделува на деловниот партнер, а определен е од страна на Шел и дефиниран е со Договорот, и претставува највисока вредност на продадените добра на месечно ниво со сите картици на Деловниот партнер (бруто износ) на бензинските станици на Шел и местата на третите лица кои се вклучени во ОЛА (OLA) системот. Во случај на пречекорување на лимиот сите картички ќе бидат автоматски блокирани на сите продажни места во системот ОЛА (OLA). Во ова не се вклучени плаќањата на патарини и трошоци во сервисните работилници.
„ОЛА“(OLA): интернет-авторизациски систем за следење на користењето картички и за ограничување на трансакциите со кои управува „Шел“. Системот ОЛА е ограничен на одредени држави.
„Контролен кредитен лимит“ значи износ кој е договорен меѓу „Шел“ и Деловниот партнер и служи за ограничување на обврските на Деловниот партнер. Износот ги содржи сите фактурирани и нефактурирани обврски на Деловниот партнер кон „Шел“.
„Ден“ значи календарски ден, освен доколку со договор изречно не е наведено поинаку.
„Сметка“ значи финансиски документ, издаден на хартија или во електронски формат, кој содржи податоци за картичните трансакции што корисникот на картичката ги извршил во одредена држава, како и за долгот на Деловниот партнер кон „Шел“, во период кој е наведен на истата.
„е-сметка“ е апликација што содржи сметки во електронска форма.
„Eврошел-сметка на Деловниот партнер“ значи сметка, регистрирана кај „Шел“, која ја прикажува состојбата на износот на трансакциите извршени со картичка euroShell и нивните бонификации.
2. ПРИФАЌАЊЕ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
2.1. Со потпишување на Договорот, Деловниот партнер е запознат со Општите услови на работење на „Шел“, а кои се објавени на xxx.Xxxxx-Xxxxx.xx.
2.2. Поднесувањето на пристапната изјава од страна на Деловниот партнер, на хартија или електронски, значи дека Деловниот партнер ги прифаќа овие услови на работење, во свое име и во име на сите поврзани лица за кои Деловниот партнер поднел пристапна изјава.
2.3. Деловниот партнер може да побара издавање на било која Шел картичка во свое име и/или во име на поврзаното лице, или ќе обезбеди овластените сопственици на картичката и/или корисници на картичката, да побараат издавање на било која „Шел“ картичка во свое име и/или во име на поврзаното лице.
2.4. Доколку Деловниот партнер поднесе влог за поврзаните лица и/или во нивно име на „Шел“ му открие информации за поврзаните лица, Деловниот партнер е согласен и изјавува дека:
(а) е одговорен за сите трансакции реализирани со картички издадени на тие поврзани лица;
(б) го има потребното овластување за работа во име на поврзаните лица, има право на откривање на информации за поврзаните лица и ги има сите согласности потребни за тоа;
(в) свесен е (и за тоа ги известил сите поврзани лица) дека обезбедените информации може да се чуваат во системите кои ги води Шел или се водат во име на „Шел“, и дека застапниците на било кое поврзано лице (вклучувајќи го и Деловниот партнер, за да нема сомнеж) имаат пристап до информации за други поврзани лица и до сопствени информации;
(г) ќе го олесни добивањето на сите оцени за бонитет, во врска со било кое поврзано лице, така што ќе добие писмена дозвола за таква оцена во склад со постапките кои ги бара „Шел“;
(д) свесен е (и со тоа ги запознал сите поврзани лица) дека информациите што ги обезбедил можат да создадат врска помеѓу поврзаните лица кај било која агенција за известување за бонитет на потрошувачи и дека тоа поврзување ќе се зема предвид при сите идни пријави од страна на било кое поврзано лице, се додека до соодветната агенција за известување за бонитет не се поднесе барање за отстранување на врската со овие податоци;
(ѓ) веднаш ќе го извести „Шел“ доколку поврзувањето со такви поврзани лица е прекинато на таков начин што „Шел“ веќе нема да може да ги смета за поврзани лица.
3. ИЗДАВАЊЕ КАРТИЧКА НА ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР
3.1. „Шел“ му дава право на Деловниот партнер (и на другите лица кои можат да ја користат картичката, корисникот на картичката и овластениот корисник на картичката) да ја користи картичката euroShell за купување стоки кај „Шел“ и од трети лица. Купувањето го определуваат куповните категории или други ограничувања на купувањето, што „Шел“ му ги соопштува на Деловниот партнер, како и географските и мрежните ограничувања на картичката до висина на контролниот кредитен лимит и велосити лимитот на странката, определен со Договорот. За користење на картичката се применуваат условите од Договорот и Општите услови на работење. Велосити лимит на странка претставува бруто месечен износ од прометот на странката за сите картички кои му се издадени на Деловниот партнер. Важи на сите бензински пумпи на „Шел“ и сите бензински пумпи кои се партнери во картичниот систем еуроШел, кои се поврзани во системот ОЛА. Во случај да се пречекори месечниот лимит, на Деловниот партнер ќе му се блокираат сите картички, без оглед на состојбата и висината на Велосити лимитот на картичката. Висината на месечниот лимит ја определува „Шел“ при потпишување на договорт. Ако Шел оцени дека висината на лимитот не е во склад со користењето на картичката и со плаќањето на обврските определени со договорот, Xxx има право да го промени месечниот лимит.. „Шел“ има право на промена на Велосити лимитот на странката, ако оцени дека висината не е соодветна со употребата на картичките или со обврските за плаќање по договорот. „Шел“ за промената на Велосити лимитот на странката , писмено ќе го извести Деловниот партнер по пошта, факс или електронска пошта 15 дена пред промената.
„Шел“ се обврзува дека на групата „Шел“ и на трети лица ќе им ги намири трошоците за сите купени производи и услуги од страна на Деловниот партнер. Деловниот партнер се обврзува дека ќе го плати износот на сите купени производи и услуги, наведени во сметката што „Шел“ ќе ја издаде, во договорениот рок на плаќање. Во согласност со правилата што важат за користење на картичката, Деловниот партнер мора да ја намири вредноста на сите трансакции што ќе ги изврши со издадените картички.
Картичката се користи само во европските држави, наведени во додатокот 1.
Картичката може да ја користи само корисникот на картичката и овластениот корисник на картичката..
3.2. Деловниот партнер за да добие картичка, треба на „Шел“ да му достави пополнета и потпишана Пристапна изјава. Во случај „Шел“ да ја одобри. Пристапната изјава врз основа на информациите запишани во Пристапната изјава и прилозите, „Шел“ ќе подготви договор, кој Деловниот партнер мора да го потпише, да ги приложи бараните документи и адекватно обезбедување за побарувањата на Шел и тоа да му го прати на
„Шел“. „Шел“ потоа во системот ќе направи соодветна сметка (сметки) за клиентот (клиентите) и ќе се погрижи за изработка на картичките (картичката) со кодирани и релјефно наведени податоци за деловниот партнер, ќе издаде ПИН код и ќе му достави пратка со картичката (картичките) и ПИН кодот во посебно плико на деловниот партнер, кога тоа е потребно.
3.3. Врз основа на Договорот што ќе го предложи Деловниот партнер, „Шел“ нарачува картичка/и, што е издадена на регистарскиот број на возилото или на име и презиме на корисникот на картичката. Во случај картичката да се издава на име и презиме, таа мора да биде потпишана. Во случај кога деловниот партнер ќе нарача картички на основ на некој друг податок, а не на регистарска ознака или име и презиме, превзема потполна одговорност за сите евентуални неправилности, злоупотреби или проблеми кои што би произлегле со поврат на данокот, акцизата и друго. Одговорноста важи и во случај на нарачка на картички од членот 3.8.
Деловниот партнер за секоја картичка добива ПИН-код, кој претставува електронска идентификација на корисникот на картичката. ПИН-кодот мора да му биде познат само на Деловниот партнер и на корисникот на картичката. ПИН-кодот не смее да се чува заедно со картичката или да се напише на картичката. Доколку картичката биде злоупотребена со ПИН-код, настанатите трошоци ги сноси Деловниот партнер.
3.4. Деловниот партнер може да замоли за дополнителна(и) картичка(и) во писмена форма:
a) со Барање што го потпишува Деловниот партнер, испратено по факс;
б) со Барање што Деловниот партнер го испраќа на електронската адреса xxxxXxxxx-Xxxxxxxx@Xxxxx.xxx; в) преку апликацијата Шел кард онлајн (Shell Card Online).
3.5. Доколку Деловниот партнер поднесе молба за дополнителна картичка во согласност со член 3.4, „Шел“ може, по своја изречна процена, да побара дополнително финансиско обезбедување во износ што ќе го одреди „Шел“ и под услови од член 11.3. Доколку Деловниот партнер не го даде бараното обезбедување, „Шел“ може да одбие да му издаде дополнителна картичка на Деловниот партнер.
3.6. Сите адреси наведени за праќање на картичките (и ПИН кодот во посебно плико), кои се разликуваат од оние кои се наведени на Пристапната изјава, Деловниот партнер мора да ги потврди по писмен пат, преку веб-услугите. „Шел“ може да побара од Деловниот партнер да приложи доказ дека работи на тие адреси. Заменските картички ќе бидат пратени на регистрираната или сталната адреса на главниот сопственик на картичките, кој е наведен во Пристапната изјава (или кој Деловниот партнер го ажурирал со писмено известување до „Шел“). Деловниот партнер се обврзува писмено да го извести „Шел“ за било каква промена во регистрацијата на претпријатието.
3.7. Во случај Деловниот партнер да нарача ПИН-код преку Шел кард онлајн, тој може да определи свој ПИН-код или да испрати молба во „Шел“, со цел „Шел“ да издаде ПИН-код автоматски од системот. Поради безбедносни причини, во случај Деловниот партнер да го одреди својот ПИН- код, тој мора за секоја картичка да одреди соодветен и безбеден код, кој нема да го чува заедно со картичката. „Шел“ нема да биде одговорен за губење или за штета што ќе настане од злоупотреба на ПИН-кодот и го задржува правото на Деловниот партнер да му ја блокира можноста за независно нарачување ПИН-код во Шел кард онлајн, кога ќе стане јасно дека дошло до кршење на сигурносните правила. Во случај Деловниот партнер да одреди свој код во Шел кард онлајн, тој мора да го внесе истиот код и во Шел кард онлајн. Во случај, пак, ПИН-код да побара преку
„Шел“, кодот ќе го прими по пошта. Во двата случаја кодот му е познат само на Деловниот партнер. „Шел“ не одговара за каква било злоупотреба на ПИН-кодот.
3.8. „Шел“ може да му одобри на Деловниот партнер можност за независно нарачување картички во Шел кард олајн. Дуплирање и препродажба на картички не се дозволени. Деловниот партнер ќе обезбеди картичките во Шел кард онлајн да ги нарача самиот или тоа да го направат лица овластени од Деловниот партнер. За сите грешки или злоупотреби во процесот на нарачување картички, избор на врста на картичка, избор на податоци на картичка што Деловниот партнер ги нарачува во Шел кард онлајн, Деловниот партнер презема целосна одговорност. „Шел“ има право да ги блокира картичките следниот ден по нарачувањето картичка од страна на Деловниот партнер, во случај Деловниот партнер да не ги исполнува условите од член 11.2. Деловниот партнер ќе биде писмено известен.
4. КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА
4.1. Картичката не е пренослива и секогаш е во сопственост на „Шел“. Деловниот партнер мора да му ја врати картичката на „Шел“, доколку
„Шел“го бара тоа.
4.2. Картичката може да се користи само во следниве случаи:
• доколку се работи за активна картичка, на која сè уште не ѝ изминала важноста, не била поништена или блокирана од страна на „Шел“ или на барање на Деловниот партнер;
• доколку се работи за купувања ограничени со категоризацијата на купувањата, географско ограничување или ограничување од насловот - мрежи на бензинските сервиси;
• доколку се работи за ограничувања на вредноста на купување од насловот велосити лимит и контролниот кредитен лимит;
• доколку се работи за картичка за која Деловниот партнер не се јавил дека е украдена или изгубена;
• доколку корисникот на картичката го употреби ПИН-кодот при купување таму каде што тоа е потребно.
4.3. Картичката не смее да се користи во следниве случаи:
• доколку возилото за кое била издадена картичката е продадено, украдено, уништено или повлечено од употреба;
• доколку изминал рокот на важност на картичката;
• доколку се работи за лица кои починале или прекинале правен однос со „Шел“;
• доколку се работи за раскинување договор;
• доколку се работи за блокирање на картичка во согласност со член 11 од Општите услови;
• доколку се работи за издавање заменска картичка (менување на регистарскиот број на возилото).
4.4. Картичката смее да се користи само за купување стоки за возилото чиј регистарски број е наведен на картичката. Персоналот на бензинскиот сервис може да провери дали корисникот на картичката става гориво во возилото за кое е издадена картичката.
4.5. Доколку картичката е издадена на име и презиме, таа мора да биде потпишана во просторот за потпис од задната страна на картичката. Персоналот во бензинскиот сервис може да го провери идентитетот на корисникот на картичката.
4.6. Картичките што гласат на регистарскиот број на возилото му се издаваат на Деловниот партнер како алат за управување со информации за правилно користење на картичките. Таквите картички не нудат дополнителна безбедност. Деловниот партнер е обврзан да ги плати сите износи и кога се работи за трансакција во врска со возило кое не е возилото што е наведено на картичката.
4.7. „Шел“ во секој момент има право да одбие плаќање за купување со картичка, доколку се работи за какво било прашање на безбедност. Во тој случај Деловниот партнер прифаќа дека „Шел“ не е одговорен за таквото одбивање на трансакцијата. Без разлика на ограничувањето на велосити лимитот или друг облик на надзор, Деловниот партнер е одговорен за користењето на сите картички од страна на корисниците на картичките, освен ако со договорот изречно е поинаку одредено, и (а посебно) секогаш е одговорен за сите транскации со картичките во случај на било какво неисполнување на условите на овој договор од страна на корисникот на картичката.
4.8. Во случај кога корисникот на картичката или лице кое се искажува како корисник на картичката, ја употреби картичката која не била пријавена како украдена или изгубена (не е блокирана) и картичката или ја нема со себе или не можел да ја добие од било какви причини, може, со приложување на веродостојна идентификација, да ја добие стоката или услугите. Ова лице (по сопствена проценка на персоналот на приемното место на „Шел“ или на партнерите во картичното работење) треба да пополни образец за намената на плаќањето, со кое ветува дека во рок од 7 дена, ќе се врати на продажното место и ќе ги плати робата и услугите. Доколку корисникот на картичката не го стори тоа, „Шел“ има право оваа транскација да ја пресмета во следната збирна сметка на Деловниот партнер, од причина што оправдано смета дека картичката е приложена и успешно обработена. Деловниот партнер е одговорен за стоката и услугите.
4.9. За регистрација на продажба на стоки и на услуги, купени со картичка на име и за сметка на Деловниот партнер, корисникот на картичка мора да се идентификува на ПОС-терминалот така што ќе ја даде картичката на увид и ќе го внесе ПИН-кодот во соодветниот апарат. Исто така, автоматски се издава СЛИП во два извода за секое купување. Доколку поради технички причини не е можно да се внесе ПИН или ако магнетната лента не може да се прочита, обработката може да се изведе рачно - со оглед на расположливоста на рачно прифаќање - а како потврда за трансакцијата важи отпечатениот СЛИП. Собирање и чување СЛИП издадени при купување стоки е обврска на Деловниот партнер.
Во случај на купување стоки кај трети лица, кај кои СЛИП претставува даночна сметка, обврска на Деловниот партнер е да побара од третото лице издавање на даночно исправна сметка.
„Шел“ го ограничува најголемиот можен број трансакции што Деловниот партнер може да ги изврши со картичка во определен временски период. Ограничувањето се однесува и на бројот на трансакции и на најголемиот можен износ на трансакции (велосити лимит).
Секоја картичка има лимит на трансакцијата, кој го определува највисокиот вкупен износ на купување со картичка на едно продажно место, во еден ден. Овој лимит се разликува според држави и видови услуга.
Лимитите за поединечни деловни партнери и видови картичка може да се разликуваат. Најголемиот број и износ на трансакција се темели на просечната потрошувачка на гориво, земајќи предвид дека картичката се користи безбедно.
„Шел“ може еднострано да ги смени овие лимити. Лимитите важат само за трансакциите извршени во системот ОЛА. Доколку трансакциите не се извршени во системот ОЛА, „Шел“ може да користи други ограничувања. Ограничувањата на услугите на трети лица може да бидат различни од случај до случај.
„Шел“ му ја соопштува на Деловниот партнер, на негово барање, висината на велосити лимитот на продажните места на трети лица.
Договорните страни можат да определат поединечни велосити лимити (на ниво на фирма или на картичка), што важат од моментот на потпишување на Договорот од двете договорни страни. Сите промени на велосити лимитот, „Шел“ и Деловниот партнер ги дефинираат во писмена форма (допис испратен по факс, пошта или по електронска пошта). Во случај ако на Деловниот партнер му е овозможена употреба на Шел кард онлајн, Деловниот партнер сам ги менува велосити лимитите (намалување на вредноста на тековниот лимит во системот). Доколку Деловниот партнер сака да ги зголеми лимитите, тоа мора да го побара од „Шел“ во писмена форма.
Системот ОЛА не ги вклучува следниве држави: Швајцарија, Турција, Русија и продажните места кај трети лица на системот euroShell.
4.10. Доколку со проверка, извршена во согласност со членовите 4.4 и 4.5, се открие кршење, персоналот на „Шел“ или трето лице може да ја одземе картичката или да одбие да прифати плаќање на стоки со картичка.
„Шел“ или трето лице може да одбие картичка во следниве случаи:
• картичката euroShell е блокирана;
• важноста на картичката euroShell е измината;
• изгледот на картичката euroShell е забележливо изменет или картичката е оштетена;
• постои сомневање за злоупотреба;
• системот ОЛА не дозволува трансакција.
Во тој случај Деловниот партнер треба да ја намири вредноста на купената стока/услуга со друго платежно средство.
Доколку во постапката за користење на картичката се утврдат кршења при користење на картичката, со оглед на Договорот и на Општите услови, Деловниот партнер, покрај самата трансакција, ги покрива сите трошоци поврзани со таа трансакција.
„Шел“ препорачува корисникот на картичка никогаш да не му ја остава без надзор картичката на персоналот на „Шел“ или на друг персонал. Во случај на злоупотреба, „Шел“ не презема одговорност.
4.11. Картичките издадени со ознака »S« single го имаат следниов облик видлив во десниот горен агол на картичката. .Овој тип на картичка значи дека картичката може да се употребува за плаќање на сите Шел бензиски сервиси и сервиси на Партнери од картичниот систем. Картичката не може да се користи за плаќање на бензиските станици Ессо (Esso).
4.12. Картичките издадени со ознаката »M« multi го имаат следниов облик видлив во десниот горен агол од картичката.
Оваков тип на картичка значи дека картичката може да се употребува за плаќање на сите Шел бензински сервиси, сервиси на Партнери од картичниот систем euroShell и на Esso бензинските станици.
5. ШЕЛ КАРД ОНЛАЈН (СЦОЛ): ПОСЕБНИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
Шел кард онлајн (Shell Card Online) е интернет-апликација во која Деловниот партнер влегува со корисничко име и лозунг. „Шел“ го задржува правото во кој било момент да ја смени интернет-страницата Шел кард онлајн.
5.1. Шел кард онлајн му овозможува на Деловниот партнер да нарачува картички и му дава можност за пренесување податоци за трансакции и за анализа на трансакции со помош на табелите што се достапни во Шел кард онлајн. Шел кард онлајн ги опфаќа следниве услуги: е-маил аларм, еРС апликација, електронска сметка, работење со картички и финансиски извештаи.
5.2. Деловниот партнер е запознат и согласен дека:
- услугите поврзани со картичките, кога нема да го користи Шел кард онлајн, ќе се разликуваат од услугите што се дефинирани во овој Договор;
- преземе одговорност преку Шел кард онлајн правилно да управува со своите картички, на пример, блокирање картички, менување на велосити лимит, итн.
Во тие случаи „Шел“ не е одговорен за последиците настанати при промените што Деловниот партнер ги направил на ниво на картички преку Шел кард онлајн.
5.3. Врз основа на писмено барање на Деловниот партнер (мора да биде наведено име и електронска адреса), „Шел“ му отвора пристап во Шел кард онлајн на еден корисник со администраторски права. Администраторот ќе може во Шел кард онлајн да им отвора пристап на други корисници по сопствен избор. Сите корисници ќе добијат свое корисничко име и лозунг, со кои ќе може да пристапат и да ја употребуваат Шел кард онлајн.
„Шел“ ќе ги испрати лозунгот и корисничкото име по електронска пошта, која ќе му биде испратена на корисникот на неговата електронска адреса.
5.4. Деловниот партнер е одговорен за пристап до Шел кард онлајн на лица кои сам ќе ги дефинира во апликацијата Шел кард онлајн ,така што ќе им додели корисничко име и лозунг. Деловниот партнер е одговорен за секоја злоупотреба што во Шел кард онлајн ќе ја направи неавторизирано лице со употреба на корисничко име и лозунг. Деловниот партнер е должен сите кориснички имиња и лозунзи да ги чува надвор од дофатот на неовластени лица.
5.5. Деловниот партнер се обврзува дека корисниците на Шел кард онлајн ќе бидат овластени за користење на функциите во Шел кард онлајн и:
- дека ќе одредат и ќе употребуваат ПИН-код во согласност со Општите услови на работење на системот euroShell;
- нема да го откриваат лозунгот на трети неовластени лица;
- нема да го чуваат лозунгот во електронска форма (датотеки);
- дека ќе се воздржуваат од сите дејствија што на трето лице би му овозможиле пристап до Шел кард онлајн;
- дека ќе ги преземаат сите мерки за да не дојде до пристап на неовластени лица во Шел кард онлајн;
- дека ќе работат во согласност со сите инструкции што „Шел“ би можел да ги воведе при употреба на Шел кард онлајн или безбедносни мерки на кои треба да им посветат внимание;
- дека во писмена форма (по факс или електронски) веднаш ќе го известат „Шел“ во случај ако утврдат дека неовластено лице добило пристап; до корисничко име или лозунг, или дека на друг начин добива пристап до Шел кард онлајн, или до податоци што се наоѓаат во Шел кард онлајн.
5.6. „Шел“ има право:
- да бара промена на лозунгот од корисникот без претходно известување,
- да го поништи лозунгот ако има причина да се посомнева дека е прекршен член 5.5., да ги блокира сите картички и да го раскине Договорот.
„Шел“ може да се согласи со Барањето од Деловниот партнер, но не е обврзан да го смени лозунгот. „Шел“ може, за таквата промена, на Деловниот партнер да му го пресмета трошокот на менување на лозунгот.
5.7. Корисникот на Шел кард онлајн има право податоците од некои табели од Шел кард онлајн да ги користи за анализа. Во случај Деловниот партнер да ја употребува услугата Шел кард онлајн за некоја друга намена, на пример, за репродукција или за објавување, за тоа му е потребна писмена дозвола од „Шел“. Деловниот партнер и корисникот не смеат да му дадат на трето лице пристап до Шел кард онлајн или до податоци од Шел кард онлајн во ниту еден случај и за ниту една цел.
5.8. Деловниот партнер е одговорен за:
- доследност на користењето на услугите Шел кард онлајн со сите разумни инструкции на „Шел“ или на придружните претпријатија на „Шел“. Користењето на услугите Шел кард онлајн секогаш ќе се заснова на сите важечки закони и прописи што се во согласност со истите
- правилно пријавување на Шел кард онлајн;
- заштита на трајноста на корисничкото име и лозунгот;
- користење, чување, заштита и спречување неовластена дистрибуција на сите материјали, преземени од интернет-апликациите Шел кард онлајн;
- да не дозволува пристап на неовластени лица до услугите Шел кард онлајн и користење на таквите услуги;
- „Шел“ или фирми поврзани со „Шел“ не преземаат одговорност и не одговараат за штети од тужби, фискални оптоварувања, штети, трошоци, уверенија, спогодби, казни платени како порамнување и за други обврски што произлегуваат од незаконски и неправилно користени услуги Шел кард онлајн;
- дека веднаш ќе го извести „Шел“ за сите неправилности во апликацијата Шел кард онлајн;
- дека веднаш ќе го извести „Шел“ за губење на корисничкото име и лозунгот.
5.9. „Шел“ го задржува правото на пристап до податоците на Деловниот партнер, што се достапни на интернет-страницата Шел кард онлајн и право да ги чува овие информации.
Логотипот „Shell“ (школка), сликата на камион, трговската марка, прикажани на интернет-страницата Шел кард онлајн, се сопственост на групата
„Шел“ и на фирмите поврзани со „Шел“. Во ниту еден дел од интернет-порталот не се смета дека на Деловниот партнер му е доделена, последично или поинаку, каква било лиценца или право да ги користи школката „Shell“, сликата на камион, трговската марка и логотипот прикажани на веб-страницата.
5.10. Ниту „Шел“ ниту која било фирма поврзана со „Шел“ или трета страна која „Шел“ ја именувал за извршување на какви било обврски, според Општите услови на работење на системот euroShell, не му одговара на Деловниот партнер за каква било индиректна штета или за загуба што произлегува од услугата според овој Договор или која било друга активност во врска со овој Договор или во врска со нив, освен во случај на намерно лошо постапување.
Ниту „Шел“ ниту која било фирма поврзана со „Шел“ или трета страна која „Шел“ ја именувал за извршување на какви било обврски, според Општите услови на работење на системот euroShell, не се одговорни за какви било пречки во пренос на податоци, вклучувајќи проблеми во преносот, доцнење на преносот, односно погрешен пренос, освен во случај на намерно лошо постапување.
„Шел“ ги вложува сите оправдани напори на страницата Шел кард онлајн да поставува точни и ажурирани информации. Меѓутоа, „Шел“ не дава
гаранции или тврдења за точноста на информациите. „Шел“, фирмите поврзани со „Шел“ и трети страни кои „Шел“ ги именувал за извршување на какви било обврски, според Општите услови на работење на системот euroShell, не преземаат одговорност за какви било грешки или за пропусти во содржината на веб-страницата.
Деловниот партнер ја користи и ја прегледува веб-страницата Шел кард онлајн на сопствена одговорност. Ниту „Шел“ ниту фирмите поврзани со
„Шел“ или која било трета страна вклучена во креирањето, испораката и/или изработката на веб-страницата, не одговараат за каква било, директна или индиректна, штета или загуба што произлегуваат од пристапот на Деловниот партнер кон веб-страницата Шел кард онлајн и користењето од страна на Деловниот партнер. Без ограничување на горенаведеното, сè што е на веб-страницата му се дава на Деловниот партнер
„онака како што е“, и „Шел“ изречно отфрла какви било изречни или имплицирани гаранции, вклучувајќи, меѓу другото, и гаранција на соодветност за определена намена.
„Шел“, фирмите поврзани со „Шел“ и трети страни кои „Шел“ ги именувал за извршување на какви било обврски, според Општите услови на работење на системот euroShell, не преземаат одговорност и не одговараат за какви било штети на компјутерската опрема на Деловниот партнер или на друг имот или за вируси што би можеле да ја заразат поради пристапување на Деловниот партнер на веб-страницата Шел кард онлајн, нејзиното користење од страна на Деловниот партнер или прегледување или вчитување какви било материјали на Деловниот партнер, податоци, текст, слика, видео или аудиосодржини од веб-страницата.
Ниту „Шел“ ниту која било фирма поврзана со „Шел“ или која било трета страна која „Шел“ ја именувал за извршување какви било обврски, според Општите услови на работење на системот euroShell, не прифаќаат никаква одговорност за тоа кои услуги би можеле да имаат влијание врз гаранциите дадени од страна на производителот на компјутери.
Сите содржини поставени на веб-страницата Шел кард онлајн, како што се текст, графика, логотипи, веб-копче, слики, се сопственост на „Шел“. Поради тоа, се забранува копирање, репродуцирање, повторно објавување, вчитување на главен компјутерски систем, испраќање, пренесување или дистрибуција на содржините на веб-страницата за јавни или за комерцијални цели на каков било начин.
„Шел“ не ги прегледал евентуалните страници поврзани со веб-страницата Шел кард онлајн и не е одговорен за содржината на таквите страници. Деловниот партнер се поврзува со таквите страници на сопствена одговорност.
5.11. Во случај на одлука за e-аларм:
- Деловниот партнер е одговорен за примање и за читање на е-аларм. „Шел“ не е одговорен за грешки во пренос на податоци;
- Во рамките на своите можности, „Шел“ ќе се потруди за содржината на е-маил аларм. „Шел“ не дава никакви гаранции дека содржината е целосна и без грешки;
- Деловниот партнер е одговорен за користењето на е-маил аларм. Дејствувањето на е-маил аларм не го врзува Деловниот партнер за користење картички што се предмет на е-маил аларм;
- Деловниот партнер писмено ќе го извести „Шел“ за какви било неправилности во функционирањето на е-маил аларм.
5.12. „Шел“ го задржува правото од која било причина и кога било:
- да го смени форматот на Шел кард онлајн;
- да ги смени содржините, формата, спецификацијата и техничката форма на Шел кард онлајн;
- да го смени видот податоци што се потребни или се достапни на Шел кард онлајн;
- да им одбие на корисниците пристап до Шел кард онлајн;
а) да го прекине функционирањето на Шел кард онлајн (без претходно известување во случај на вонредни ситуации), б) да им дава на корисниците информации што се битни/потребни,
в) да го прекине Шел кард онлајн во сите околности во кои има право да го прекине Договорот за сервисниот систем euroShell или во горенаведените точки,
г) да го исклучи Шел кард онлајн (во тој случај може да се сменат трошоците за Шел кард онлајн, доколку постојат).
5.13. Доколку Шел кард онлајн или интернет-страницата на „Шел“ бидат прекинати поради вина на Деловниот партнер (корисник), Деловниот партнер ќе му ги покрие на „Шел“ трошоците, во разумна висина, што ќе настанат при имплементацијата поради таквиот прекин. „Шел“ се согласува на Деловниот партнер повторно да му ја активира услугата Шел кард онлајн и, во тој случај, може да побара разумни провизии или депозит од Деловниот партнер.
5.14. „еРС“ (eRS) подразбира апликација што претставува начин на регистрирање на Деловниот партнер за услуги на патарина што на Деловниот партнер непосредно му ги нудат компаниите за одржување на патиштата (патарина) врз основа на свои договори, а кои не се дел од групата
„Шел“. Услугите што „Шел“ ги нуди со апликацијата „еРС” се ограничени само на процесот на регистрирање. „Шел“ не е одговорен за давање услуги на патарина или за документацијата што Деловниот партнер мора да ја пополни за регистрирање на патарина. Деловниот партнер е одговорен за точноста на податоците што ги внесува во апликацијата „еРС” во постапката на регистрација. Доколку во системот на „Шел“, од кои било причини, се блокира картичката euroShell, се блокираат и апаратите за патарина што се врзани на картичката euroShell.
5.15. „Алатки за напредна контрола“ (Advance Controls Tool): е портал, преку кој корисникот во СЦОЛ (SCOL) може да постави различни ограничувања во врска со користењето на картичките (освен оние форми на контрола кои ги воспоставува самото друштво „Шел“). Доколку Деловниот партнер ја употреби оваа алатка, мора да ги подмири дополнителните трошоци за картичката и услугите. Ограничувањата кои се поставени со Алатката за напредна контрола важат само на бензинските сервиси кои се поврзани во системот ОЛА (OLA). Не важат во мрежата на претпријатијата за наплата на патарини. Деловниот партнер е одговорен за правилно внесување на ограничувањата кои се наведуваат при воспоставувањето на контролата, а друштвото „Шел“ не е одговорно за никакви оперативни последици во случај ограничувањата кои ги внел Деловниот партнер, да оневозможат користење на картичката. Деловниот партнер ги известува корисниците на картичките за дополнителните ограничувања и обезбедува во СЦОЛ (SCOL) да бидат поставени одбраните предупредувања прилагодени на користењето на картичките. Сите форми на надзор почнуваат да важат во рок од 48 часа од измените во веб-услугата.
5.16. Доколку системот на „Шел“, од било која причина, ја откаже еуроШел картичката, истовремено се прекинуваат и сите електронски уреди кои се поврзани со таа еуроШел картичка. Истото важи и во случај ако Деловниот партнер во системот СЦОЛ (SCOL) сам ја откаже картичката.
6. КОНТРОЛЕН КРЕДИТЕН ЛИМИТ
6.1. Договорните страни се договараат околу висината на контролниот кредитен лимит. Контролниот кредитен лимит се одредува врз основа на оцена на кредитната способност, која ја изведува „Шел“ врз основа на финансиската оцена на Деловниот партнер и осигурување на побарувањата. Контролниот кредитен лимит е само насока за двете договорни страни, за износот што го определува „Шел“ и не значи дека картичките ќе бидат автоматски блокирани ако се пречекори кредитниот лимит (член 6.3). Контролниот кредитен лимит вклучува и задолжени и незадолжени трансакции на Деловниот партнер.
За промена на контролниот кредитен лимит „Шел“ го известува Деловниот партнер во писмена форма, по пат на електронска пошта или факс. Доколку Деловниот партнер го пречекори контролниот кредитен лимит, „Шел“ има право, во секој момент, да го запре користењето на картичката euroShell.
6.2. „Шел“ може еднострано да го смени износот на контролниот кредитен лимит од Договорот, со писмено известување на Деловниот партнер (по факс или е-пошта). Новиот контролен кредитен лимит, кој ќе го определи „Шел“, почнува да важи еден работен ден откако „Шел“ му испратил
писмено известување на носителот на картичката. Доколку известувањето од претходниот став се однесува на зголемување на кредитниот лимит, се применува член 12.3 од овој Договор.
6.3. „Шел“ има право да ја(ги) блокира/стопира картичката(ите) во случај кога Деловниот партнер ќе го пречекори контролниот кредитен лимит и во случај кога не ги плаќа фактурите во рокот на доспевање, и ако во тој момент вкупниот износ на овие доспеани фактури не го пречекори овој лимит (кредитниот лимит).
7. ПИН-КОД
7.1. Секоја картичка има свој ПИН-број.
Деловниот партнер не смее да го открие ПИН-бројот што го добива заедно со картичката и мора да го чува одделно од картичката, грижливо и на сигурно место. Деловниот партнер може да му го открие ПИН-бројот само на корисникот на картичката. Доколку ПИН-бројот му биде откриен на неовластено лице, Деловниот партнер за тоа веднаш мора да го извести „Шел“. Деловниот партнер е целосно одговорен за каква било штета што произлегува од непридржувањето до ова правило.
7.2. ПИН-бројот, во ниту една форма, не смее да се чува во близина на картичката.
8. ФАКТУРИРАЊЕ
8.1. „Шел“ му издава на Деловниот партнер и за своја сметка непосредно му ги испраќа сметките во кои се наведени трансакциите во согласност со воведната страница.
Во фактурите се наведуваат податоци за трансакциите по поединечни картички, за купување кај „Шел“ и кај трети лица.
Фактурите се издаваат по поединечни држави. За купување во Словенија, фактури издава „Шел Адрија“, додека фактурите за купување во други европски држави ги издава „Шел Адрија“ во име на другите претпријатија од групата „Шел“.
Од сметките е евидентно која картичка euroShell ја користел Деловниот партнер, кои производи и услуги биле купени, нивно количество, цена по единица и вкупен износ.
8.2. Деловниот партнер не смее да задржи исплата или да изврши нецелосна исплата во случај на рекламација во врска со купување. Доколку рекламацијата во врска со сметката е оправдана, „Шел“ ќе го намири оправданиот износ – или на Деловниот партнер ќе му признае бонификација.
Деловниот партнер мора да испрати рекламација во врска со некоја трансакција со препорачана пошта, во рок од еден месец од датумот на издавање на сметката.
Деловниот партнер се товари за сите евентуални трошоци поврзани со плаќање на сметка, на пример, банкарски трошоци (за работење со странство), трошоци за налози за исплата ...
Доколку Деловниот партнер не прими сметка по пошта во рок од 10 дена од датумот за издавање сметки, предвиден според Договорот, Деловниот партнер мора за тоа да го извести „Шел“ со препорачана пошта, инаку ќе се смета дека Деловниот партнер ја примил сметката. Наведениот износ во сметката мора да се плати најдоцна на датумот на валутата, инаку се запира натамошното користење на картичките euroShell.
8.3. Сите рекламации за издадени сметки од насловот побарувања според копии на испорака, Деловниот партнер може да ги побара од „Шел“ врз основа на писмена молба (допис испратен по факс, пошта или по електронска пошта) најдоцна во рок од 30 дена од датумот на издавање на сметката или на пресметката. Доколку Деловниот партнер не испрати писмена рекламација во рок од 30 дена, се подразбира дека ги прифаќа сите купувања со картичката euroShell и дека е согласен со сите ставки во сметките.
8.4. Таму каде што законски е дозволено, сметките/пресметките ќе му бидат на располагање на Деловниот партнер во електронска форма преку Шел кард онлајн. Во тој случај Деловниот партнер нема да ги прима сметките/пресметките во хартиена форма по пошта. Деловниот партнер, со потпишувањето на Договорот, кој е составен дел од овие Општи услови, се согласува дека сметките наместо во хартиена форма ќе ги прима во електронска форма, од кој било „Шел“ во рамките на групата „Шел“, кој има правна основа за издавање и за испраќање електронски сметки. Деловниот партнер може да побара алтернативен метод на издавање на сметките. Доколку „Шел“ му одобри такво издавање на Деловниот партнер, Деловниот партнер ги покрива административните трошоци што ќе настанат при издавањето на сметките. Висината на трошоците „Шел“ и Деловниот партнер ќе ја договорат во писмена форма.
8.5. Деловниот партнер може да побара промена на примањето на сметката/пресметката од хартиена во електронска форма. Во тој случај мора да испрати писмена молба до „Шел“. Сметката може да се издава во електронска форма, ако со тоа се согласни Деловниот партнер и „Шел“. За потребите на поврат на данок, Деловниот партнер презема одговорност да го провери примањето на електронските сметки кај даночната управа во секоја држава.
8.6. „Шел“ ќе ја пренесе сметката, во електронска форма, на Шел кард онлајн еден ден по издавањето на сметката. Датумот на издавање на сметката е определен во Договорот за сервисниот систем euroShell. Деловниот партнер, по пренесувањето на сметката на Шел кард онлајн, истиот ден ќе прими известување на електронската адреса, за која веќе претходно, по писмен пат (допис испратен со факс, пошта или електронска пошта) го известил „Шел“. Во случај Деловниот партнер да не прими известување за пренос на сметката, мора за тоа писмено да го извести „Шел“. Доколку во рок од 10 дена од датумот на издавање на сметката Деловниот партнер не го извести „Шел“ дека не ги примил сметките на Шел кард онлајн, ќе се смета дека сметките биле пренесени следниот ден од датумот на издавање на сметката, на сметката на Деловниот партнер во Шел кард онлајн. Сметките ќе бидат архивирани во Шел кард онлајн 13 месеци. По изминувањето на 13 месеци сите сметки автоматски се бришат. Деловниот партнер е обврзан и одговорен во соодветно време да ги пренесе сметките на својот компјутер. Исто така, Деловниот партнер е обврзан да ја обезбеди потребна програмска опрема за пренос на сметките од Шел кард онлајн.
8.7. Заедно со преносот на сметките на компјутерот на Деловниот партнер, се пренесуваат и приложените документи што ќе го докажуваат изворот на сметката. Кај секој пренос на сметки датотеката ќе има два документа: сметка во ПДФ-формат и електронски потпис во xml формат. Е-сметката има само една оригинална сметка. Деловниот партнер, при првото влегување во е-сметките, ќе ја прими единствената и оригиналната сметка, која е должен да ја пренесе на својот компјутер. Со секое следно влегување во е-сметката, сметката ќе биде копија. Во случај оригиналната сметка да биде изгубена, одговорноста ја презема Деловниот партнер.
9. ЦЕНИ, ПОПУСТИ, ПРОВИЗИИ:
9.1. Цени и попусти: „Шел“ ги пресметува сите набавки на производи и на услуги по регуларни продажни цени на продажните места, освен во случај кога Деловниот партнер однапред ќе се договори со „Шел“ за попусти. „Шел“ му ги испраќа договорените попусти на Деловниот партнер по пошта, електронска пошта и по факс.
9.2. Шел пресметува провизии за одредени услуги, кои се дел од Договорот. Провизиите за услугите, кои не се поврзани со гориво на бензинските сервиси на Шел (патарини, тунели, траекти, користење на картички, издавање на фактури...), се пресметуваат на ниво на државите, согласно Договорот. Опсегот и степенот на сите провизии се определуваат во Договорот или во друга писмена коресподенција меѓу Шел и деловниот партнер. Шел може по своја проценка одвреме навреме да ги измени провизиите, било кога да воведе дополнителни провизии за картичката и услугите за стоката купена со картичка на бензинските сервиси, кои не се од марката Шел. За евентуалните промени на провизиите деловниот партнер ќе биде известен 15 дена однапред, преку електронска пошта. Врз основа на ова известување се Деловниот партнер е запознаен за пресметаните провизии, кои ќе му бидат засметани според насловот каде картичката е употребена за плаќање на производи или услуги за кој бил известен со таа електронска пошта/порака. Ако по приемот на известувањето картичката се користи, се смета дека Деловниот партнер и овластениот корисник на картичката или корисникот на картчката се согласни со новите провизии.
Сите провизии, кои се однесуваат на претходниот период на користење на картичката, се пресметуваат на следната фактура на Деловниот партнер и доспеваат за плаќање во согласност со роковите за плаќање наведени во Договорот.
10. ПЛАЌАЊЕ
10.1. Условите и методите на плаќање се дефинирани во Договорот. Ако исплатата се врши со директно задолжување, Деловниот партнер мора, пред потпишување на Договорот, да приложи одобрение за директно задолжување во полза на „Шел“ и тоа одобрение, по потреба, да го обнови.
Директното задолжување ќе биде извршено на тековната сметка на „Шел“ на тој начин што средствата ќе бидат примени на тековната сметка на денот на валутата на фактурата. Намирувањето мора да биде извршено за целиот износ на фактурите што достасале на датумот на валутата на фактурата.
За датум на плаќање важи датумот на прием на дознаката во полза на банкарската сметка на „Шел“, без оглед на начинот на плаќање.
10.2. Шел има право на Деловниот партнер да му пресмета трошок за секое неплатено непосредно оптоварување или за кој било друг начин на плаќање, со кој Xxx се согласува во Договорот и кој Деловниот партнер не го извршува. Висината на трошокот за провизијата Шел и Деловниот партнер ја договараат писмено во Договорот или во Анексот на Договорот.
10.3. Плаќањето на фактурите се врши за вкупниот износ на сите долгувани износи кои доспеале на одреден датум..
10.4. Двете договорни страни се свесни дека горивото е акцизен производ и дека тргувањето со него подлежи на строги правила и прописи. Со потпишувањето на овој Договор, Деловниот партнер потврдува дека е свесен оти е забранета препродажба на купеното гориво и се обврзува да го почитува тој пропис.
10.5. Фактурата се издава во евра. Ако набавката е извршена во национална валута која не е евро, националната валута за набавката се конвертира во евра (номинален износ во евра), со примена на курсот што го препорачува „Шел“ во државата каде што е извршена набавката. Доколку тој податок на датумот на издавање на фактурата не е достапен, се користи курсот на затворање што го објавува „Ројтерс“, а кој е достапен на интернет-страницата xxxx://xx.xxxxxxx.xxx/xxx/xxxxxxxx/xxxxxxxxxx. Плаќањето се врши во евра и, доколку е можно, евентуалните давачки што го товарат носителот на картичката на фактурата, се прикажуваат одделно.
10.6. Во случај на неплаќање на достасаните износи, во согласност со претходната точка, „Шел“ може да пресмета затезни камати по законски определена каматна стапка во државата на Деловниот партнер.
10.7. „Шел“ ќе бара надоместок на штета што произлегува како директна последица на доцнењето.
10.8. Шел може одвреме навреме да воведе промени на контролните лимити. За промена на контролните лимити Шел го известува деловниот партнер писмено, по електронска пошта, факс или обична пошта.
За промена на контролните лимити важат одредбите од член 18 на овие услови (Измени и дополнувања).
11. КРШЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ, ПОНИШТУВАЊЕ И БЛОКИРАЊЕ КАРТИЧКИ
11.1. За кршење на Договорот се смета следново:
• кога корисникот му доставува на „Шел“ погрешни податоци во врска со овој Договор или одбива да ги достави бараните податоци;
• секоја извршена злоупотреба или обид за злоупотреба на картичката, менување на податоците на картичката, пренесување на картичката на трето лице, користење на картичката по изминување на важноста на картичката, натамошно користење на картичката откако е побарано нејзино поништување;
• користење на картичката спротивно на одредбите од овој Договор;
• ненамирување на достасаниот износ од страна на корисникот; и
• кога корисникот ќе го пречекори контролниот кредитен лимит или кога не предлага доволно осигурување на побарувањата што „Шел“ го бара за покривање на изменетиот контролен кредитен лимит.
Во случај на кршење на Договорот, „Шел“:
• може веднаш да поништи која било картичка euroShell што ја има корисникот на картичката;
• може да го раскине овој Договор без отказен рок;
• може да бара веднаш да се плати кој било сè уште недостасан износ што го должи корисникот;
• може да го искористи обезбедувањето на побарувањето, што било дадено од страна или во име на Деловниот партнер.
11.2. „Шел“ ја блокира картичката доколку Деловниот партнер од која било причина го бара тоа по писмен пат (по пошта, електронска пошта, факс). „Шел“ може да ја блокира секоја или сите издадени картички euroShell без дополнително известување на Деловниот партнер, во следниве случаи:
• Ако Деловниот партнер не ги изврши исплатите во согласност со член 10.1 или има други достасани неплатени износи за други производи или услуги што се нудат од страна на „Шел“, иако овие производи и услуги не се предмет на овој Договор;
• Ако Деловниот партнер не ги исполни своите обврски во согласност со член 4.3;
• Ако Деловниот партнер не ги исполни своите обврски во согласност со последниот став од член 13.3;
• Истовремено со неодложното раскинување на Договорот;
• Доколку безбедното користење на картичката е загрозено;
• Ако Деловниот партнер има деловно учество во друго претпријатие кое е блокирано поради доцнење на исплата или го пречекорило контролниот кредитен лимит, „Шел“ може да го блокира Деловниот партнер.
При блокирање на картичката во согласност со претходниот член, „Шел“ не е одговорен за штетата што Деловниот партнер би ја претрпел поради тоа. Блокирањето на картичката во толкувањето од оваа точка значи прекинување на прифаќањето картички од страна на „Шел“ и на трети лица за набавка на стоки.
Повторното прифаќање на euroShell картичката од страна на „Шел“ и на трети лица се договара откако ќе бидат исплатени сите достасани обврски.
„Шел“ го задржува правото кога било и исклучиво по сопствена процена да прогласи картичка за неважечка и да поништи една, повеќе или сите издадени картички. Притоа, тој на Деловниот партнер му испраќа писмено известување.
12. ИЗГУБЕНИ ИЛИ УКРАДЕНИ КАРТИЧКИ, ОБВРСКИ
12.1. Картичките не смеат да се оставаат без надзор. Ако картичката е украдена или изгубена, злоупотребена или ја поседува лице кое не е корисник на картичката, Деловниот партнер мора за тоа веднаш да го извести „Шел“. Деловниот партнер го известува „Шел“ на следниов начин:
•во текот на работното време од 8 до 16:30 часот на телефонскиот број: 01/00-00-000 или 01/00-00-000
•надвор од работното време, на телефонскиот број 01/00-00-000
Деловниот партнер мора известувањето за блокадата да го испрати колку што е можно побрзо и во писмена форма, по факс или по електронска пошта на (XxxxXxxxx-Xxxxxxxx@Xxxxx.xxx).
Деловниот партнер може сам да ја блокира картичката во SCOL. Во тој случај не е потребно писмено известување до Шел за блокадата.
За време на прием на известување се смета времето на прием на факс на бројот 01/51 40 501, или на електронска порака на адресата: EuroShell- Xxxxxxxx@Xxxxx.xxx.
Ако Деловниот партнер не го извести „Шел“ за блокадата, намерно или поради голема небрежност, „Шел“ не презема никаква одговорност за штетите што ги трпи Деловниот партнер пред да извести дека картичката е изгубена или украдена.
12.2. „Шел“ ќе се погрижи да ги блокира кај сите трети лица сите картички за кои добил известување.
12.3. Деловниот партнер му ги доставува на „Шел“ сите податоци што ги има на располагање во врска со околностите на губење или на кражба и ги презема сите соодветни активности за да му помогне на „Шел“ при барање на изгубените или на украдените картички.
12.4 Деловниот партнер е должен да пријави кражба или злоупотреба во локалната полициска станица во државата на Деловниот партнер и за тоа да го извести „Шел“. Во случај на губење, кражба или злоупотреба на картичката Деловниот партнер на Шел му ги дава сите соодветни информации за околностите на губењето, кражбата или злоупотребата и ги спроведува сите соодветни мерки за да му помогне на Xxx за да си ја поврати картичката. Деловниот партнер, за губењето, кражбата или злоупотребата мора да ја извести и полицијата и да добие полициски извештај, чија копија мора да му приложи на Шел. Ако картичката остане во сопственост на овластениот сопственик на картичката, Деловниот партнер мора да се осигура дека сите одјавени картички се уништени, а за уништување се смета сечење на магнетната лента на картичката (тоа важи и за сите картички кои биле пријавени како изгубени или украдени, и на крајот биле најдени).
12.5. „Шел“ не презема никаква одговорност доколку трето лице одбие да издаде стоки од кои било причини во врска со член 4.7.
12.6. „Шел“ не е одговорен за штети што би произлегле како резултат на фалсификување картички издадени на име на Деловниот партнер. Со цел спречување или ограничување на можностите за злоупотреба на картичките, на Деловниот партнер експлицитно му се советува редовно да го следи користењето на картичката, односно прометот. Сите трансакции извршени со картичките euroShell, освен во случаите од член 12.1, паѓаат на товар на носителот на картичката.
12.7. Деловниот партнер е во целост одговорен за евентуалните штети што самиот би ги претрпел поради механичко оштетување на картичката, на пример, поради несоодветно чување или претерана истрошеност на картичката.
12.8. „Шел“ може на Деловниот партнер да му одобри можност за независно блокирање на картичката преку Шел кард онлајн. Во тој случај, Деловниот партнер обезбедува, преку Шел кард онлајн, самиот да ја блокира картичката, или тоа да го направат лица кои се овластени од страна на Деловниот партнер. Врз основа на тоа, Деловниот партнер ја презема целосната одговорност за штетите што може да настанат во случај на погрешно блокирање на картичката. Според одредбите што се однесуваат на одговорност за штети настанати како резултат на злоупотреба на картичката, истите паѓаат на товар на Деловниот партнер уште 24 часа по блокирањето на картичката преку Шел кард онлајн.
12.9. Во смисла на одредбите во врска со одговорноста за штета поради злоупотреба на картичката; одговорноста за трансакциите направени по откажување на картичката преку порталот SCOL или центарот на Шел за помош на странки (испратено писмено барање за откажување на картичка), ја сноси Шел. По поднесеното барање Деловниот партнер нема веќе да биде одговорен за трансакциите, изведени со блокирана картичка.
12.10. Шел може кога било, без известување да побара враќање на сите или која било картичка или да ги одјави или привремено да ги одјави (блокира) сите или која било картичка или бројот на странката на која се издадени картичките или да одбие повторното издавање, замена или обновување на која било картичка во кој било период, во случај ако:
(a) постои сомневање за измама, незаконско или противправно користење на која било картичка;
(б) Шел добие бонитетни податоци за Деловниот партнер, за кого разумно смета дека се незадоволителни; или (в) кој било сопственик на картичка го прекрши овој договор.
Во случаите кога Шел, без известување, поединечна картичка или картички на Деловниот партнер блокира или привремено блокира, Шел писмено ќе го извести за тоа деловниот партнер веднаш кога ќе биде можно. Во случаите кога Шел, од која било причина привремено блокира која било картичка или целосно странката, сите парични износи, кои деловниот партнер му ги должи на Шел, веднаш доспеваат за плаќање и Xxx може да побара од Деловниот партнер, плаќањето на тие износи да се изведе пред странката да биде повторно активирана во системот.
12.11. Сите барања за враќање или блокада или привремена блокада на одредена картичка Шел ги извршува без влијание на обврските на Деловниот партнер околу користењето на која било друга картичка пред фактичката блокада или уништување на картичката.
13. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
13.1. Со цел одложено плаќање, Деловниот партнер му предлага на застапникот една од следниве видови гаранции:
13.1.1. Банкарска гаранција, издадена од банка и претходно одобрена од страна на „Шел“ на износ наведен во Договорот.
13.1.2 Гарантно писмо што го издава осигурителна компанија и кое е претходно одобрено од страна на „Шел“ на износ наведен во Договорот.
13.1.3. Кауција во висина што е наведена во Договорот, која Деловниот партнер ја дава како осигурување на побарувањата на „Шел“. Износот на кауцијата се уплатува на тековната сметка на „Шел“. Кауцијата му се враќа на Деловниот партнер во рок од 30 дена по датумот на раскинување на Договорот, доколку не постојат ненамирени обврски кон „Шел“. За кауција не важат камати.
13.1.4 Бланко меница
13.2. Деловниот партнер при потпишување на Договорот му дава на „Шел“ една од гаранциите од член 13.1. Картичките не му се издаваат на Деловниот партнер до предавањето на гаранцијата.
13.3. „Шел“ може со писмено известување до Деловниот партнер (по факс или по електронска пошта) да побара од Деловниот партнер зголемување на износот на гаранцијата и/или замена на еден вид гаранција со друг во согласност со член 13.1. Деловниот партнер мора да ја замени гаранцијата или да го зголеми износот на гаранцијата во рок од 10 (десет) дена од датумот на издавање на известувањето. Во спротивно,
„Шел“ има право да ги блокира картичките.
13.4. Во случај на доцнење на исплата од страна на Деловниот партнер, „Шел“ може да ја искористи дадената гаранција за намирување на достасаните побарувања кон Деловниот партнер, делумно или во целост, вклучувајќи и евентуални затезни камати во согласност со член 10.4.
13.5 „Шел“ го известува Деловниот партнер за продолжување на осигурувањето на побарувањето. Деловниот партнер е должен, најдоцна 10 дена пред изминување на осигурувањето, да достави продолжено осигурување на побарувањата. Во спротивно, „Шел“ има право да ги блокира картичките.
13.6. Доколку обезбедувањето не е дадено на барање од Шел или доколку истече или престане да важи од било која причина, Xxx може без оглед на состојбата на уште недоспеаните обврски на Деловниот партнер, веднаш да го прекине овој договор, и за тоа го известува Деловниот партнер.
14. ТРАЕЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ
14.1. Важноста на картичката е наведена на картичката и тоа е до последниот ден во месецот и годината што се наведени на картичката. Картичката мора да биде заменета пред изминување на важноста, Во случај ако деловниот партнер го извести Шел дека не сака замена на картичката, овие картички не се менуваат.
14.2. Овој Договор може да се раскине поради една од следниве причини:
• Со писмена спогодба меѓу договорните страни;
• Секоја од договоритеа страни може да го раскине Договорот со 30-дневен отказен рок, со писмено известување до другата договорна страна;
• „Шел“ може веднаш да го раскине овој договор во следните случаи:
• Деловниот партнер не извршил плаќање во рокот одреден во член 10;
• Деловниот партнер не ги исполнил своите обврски во согласност со член 6.3;
• Деловниот партнер не ги исполнил своите обврски во согласност со член 13.3;
• Деловниот партнер го прекршил Договорот на друг начин и не ги отстранил причините за прекршување во рок од 15 дена од приемот на Барањето од „Шел“ да го направи тоа;
• Против носителот на картичката е отворена постапка за ликвидација, стечај или за присилно порамнување;
• Правниот субјект самостојно решава за ликвидација без правен наследник или за преструктурирање, освен ако не го извести „Шел“ во рок од
10 работни денови и „Шел“, изречно, во писмена форма се согласи со преструктурирањето;
• Поради кршење на одредбите од овој Договор.
Шел може да го раскине овој договор и во случај ако:
а) Шел прими бонитетни податоци, кои врз основа на логичкото мислење на Шел не се задоволителни;
б) утврди дека Деловниот партнер и/или кое било поврзано лице под надзор на државата е од забранета област или е одбиена или забранета странка; или
в) Шел, Деловниот партнер или кое било поврзано лице стане предмет на промена на контрола.
Промената на контролата настапува, кога:
• лицето добива контрола над одредена странка, доколку пред тоа ниту едно лице не вршело контрола над спомнатата странка; или
• завршното матично претпријатие на странката престанува да извршува контрола над таа странка; или
• лицето добива контрола над мајката фирма на соодветната странка; или
• лицето, кое не е под контрола на мајката фирма на соодветната странка, добива контрола над таа странка.
14.3. Шел може да го блокира било кој број на странката, а со тоа и картичките што се издадени на тој број на странката, без да го извести Деловниот партнер, во случај кога ниту една картичка, издадена за тој број на странката, не се користи тринаесет месеци (13) или повеќе. Исто така, Шел може, во истиот случај наведен во претходниот став, да го прекине договорот, без да го извести Деловниот партнер.
14.4. При раскинување на Договорот, Деловниот партнер:
• Му ги враќа на „Шел“ сите картички за патарина со препорачана пошта, во рок од 14 дена од раскинувањето, во спротивно Деловниот партнер мора да ги плати сите придружни затезни казни што им следат на претпријатијата за одржување на патишта (патарина);
• Веднаш ги плаќа сите достасани износи во согласност со овој Договор (вклучувајќи и плаќање сметки издадени по раскинување на овој Договор или казни во согласност со член 10.4);
• Деловниот партнер во целост останува одговорен, без ограничувања, за какво било користење и/или злоупотреба на картичката во согласност со одредбите на овој Договор сè додека „Шел“ не ги прими сите картички за патарина и електронски апарати.
• Деловниот партнер ги поништува сите картички, што значи сечење на магнетната лента на картичките и, кога тоа го бара Шел (само доколку договорот го раскинал Деловниот партнер), Деловниот партнер мора да приложи потврда за уништувањето, која ги содржи сите броеви на картичката како и имињата на соодветните сопственици на картички и потврдува, дека биле уништени сите картички, кои му биле издадени на Деловниот партнер. Деловниот партнер останува целосно одговорен, без ограничувања, за сите случаи на користење и/или злоупотреба на картичките во периодот пред нивното уништување.
15. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВО
15.1. Овој Договор се однесува на Деловниот партнер и тој нема право без согласност од „Шел“ да блокира, пренесе или да измени некое право, одредба или обврска што произлегуваат од овој Договор.
15.2. „Шел“ може по своја изречна оцена и без согласност од Деловниот партнер да блокира, пренесе или да измени кое било право, одредба или обврска што произлегуваат од овој Договор.
16. СОЛИДАРНА ОДГОВОРНОСТ
Ако сопственоста на Деловниот партнер ја чинат две или повеќе лица, обврските на носителот на картичката се солидарни, било стварно или правно.
17. ИСПРАЌАЊЕ ИЗВЕСТУВАЊА
17.1. Сите известувања и пораки меѓу договорните страни се сметаат за испратени ако се испратени во писмена форма на адресата (по пошта, електронска пошта, факс) наведена во Барањето.
17.2. Договорната страна која ги сменила податоците за прием на пораките, дефинирани во член 17.1, мора да ја извести за тоа другата договорна страна, во писмена форма, во рок од 5 (пет) работни денови од денот на промената. Доколку една од договорните страни не ја извести навремено другата страна за промена на адресата, сите известувања и документи се сметаат за примени ако се испратени на адресата наведена во овој Договор.
17.3. Сите известувања, испратени врз основа на овој договор:
(a) стапуваат на сила при фактичкиот прием на соодветната адреса;
(б) за оние, кои не се доставени во работното време, се смета дека не биле доставени на соодветната локација до следниот работен ден; (в) не може да се отстранат или откажат, освен во случај на известување, што се испраќа согласно овој член.
17.4. Сите нестандардни адреси за испраќање (различни од адресите во согласност со член 14.1) мора да бидат писмено испратени од страна на Деловниот партнер.
17.5. Како резултат на промените што би можело во иднина да бидат воведени во системот euroShell, „Шел“ може да предложи измени на овој Договор. Доколку договорните страни не успеат да се договорат во врска со предложените измени во разумен рок, „Шел“ може веднаш да го раскине овој Договор.
17.6. Ако измените на системот euroShell во однос на техниката се однесуваат на сите картички euroShell и на сите деловни партнери, „Шел“ може еднострано да го измени Договорот.
18. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
„Шел“ може еднострано да ги измени општите услови под следните услови: „Шел“ ги објавува изменетите општи услови на интернет-страницата 15 дена пред датумот на примената на промените. Доколку „Шел“ ги измени овие општи услови, за тоа мора да го извести Деловниот партнер 15 дена пред примената на промените, во писмена форма (со препорачна пошта, електронска пошта или факс). Деловниот партнер мора да се произнесе во рок од 15 дена по приемот на известувањето од „Шел“,дали е согласен со промените или не. Во случај ако Деловниот партнер писмено, преку препорачана пошта, ги одбие предложените промени и притоа не го раскине Договорот, ќе се смета дека „Шел“ го раскинал договорот со 30-дневен отказен рок, кој почнува да тече од денот на испраќање на известувањето за промената. Ако Деловниот партнер продолжи да ја користи картичката и по датумот на влегување во сила на промените или навремено не го извести „Шел“ за раскинувањето, ќе се смета дека Деловниот партнер ги прифатил измените. Важечките Општи услови се објавени на интернет-страницата на „Шел“ (xxx.Xxxxx-Xxxxx.xx).
Овие Општи услови важат од 1.12.2014 година и понатаму.
19. ВИША СИЛА
19.1. За време на траењето на Виша сила, обврските на двете договорни страни се во мирување. Виша сила претставува непредвиден или неминовен настан од вонредна природа, кој настанал по склучувањето и стапувањето на сила на овој Договор (земјотреси, војни, поплави, пожари, вонредни состојби ...).
19.2. Како виша сила се смета: (i) каква било околност, која Деловниот партнер или неговите застапници или договорни страни не можат разумно да ја контролираат, или (ii) какво било барање за однесување во согласност со кој било закон, пропис или одредба или која било одредба, барање или молба на кој било меѓународен или национален орган, пристанишка власт, локален или друг орган или агенција или каков било орган или лице, кое тврди, дека е или работи за таков орган или агенција или која било корпорација, која е непосредно или посредно под надзор на кој било таков орган.
19.3. Xxxx Xxx, ниту било која членка на групацијата Шел, не се одговорни за било какво неисполнување на своите обврски по овој договор, ако исполнувањето се одложи, попречи, ограничи или спречи од причините или случаите наведени во членот 19.2.
19.4. Договорната страна која не е во состојба да ги исполнува своите обврски поради Виша сила, должна е да ја извести другата договорна страна за видот на Виша сила во соодветен временски период, како и за евентуалните последици во однос на спроведувањето на Договорот. Доколку не се испрати известување, мора да се надомести штетата настанатата поради тоа.
19.5. Договорната страна која повеќе не би имала интерес поради долготрајноста на Вишата сила може да го раскине овој Договор, под услов Вишата сила да трае подолго од 90 дена.
20. ДЕЛОВНИ НАЧЕЛА НА „ШЕЛ“ И ШЕЛ КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ
Договорните страни изјавуваат дека се запознати со деловните начела на групацијата Ројал Дач/ Шел и со Шеловиот кодекс на однесување кои што се објавени на страницата xxx.xxxxx-xxxxx.xx и дека ќе се придржуваат до тие начела и кодекс при извршувањето на овој договор.
21. ЧУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
21.1. „Шел“ како доверливи ги чува сите податоци, факти и околности за индивидуалниот Деловен партнер. „Шел“ ги чува сите лични податоци за индивидуалните деловни партнери во согласност со законот, кој ја уредува областа на чувањето на личните податоци. „Шел“ им ги доставува овие податоци само на Деловниот партнер и на трети лица, со цел извршување на нивните обврски во однос на извршувањето на картичните трансакции, односно во согласност со законот, на надлежните органи на нивно писмено барање.
21.2. Деловниот партнер се согласува податоците да можат да се користат, чуваат и вклучуваат во бази на податоци и во компјутерска обработка за потребите на деловните активности на „Шел“, како и за исполнување на законските и на договорните обврски на „Шел“. „Шел“ може тие податоци да им ги доставува на групата „Шел“ и на трети лица, како и на процесните центри за исполнување на законските прописи, обединување и оптимално извршување на услугите, како и за потребите на други меѓусебни договорни односи, што значи и извоз на овие податоци надвор од Република Словенија, во случај седиштето на групата „Шел“ и на трети лица да е надвор од Република Словенија. Политиката на Шел за употреба на податоци е достапна на веб-страницата: xxx.xxxxx-xxxxx.xx
22. БЕЗ ПРЕБИВАЊЕ
22.1 Сите плаќања, кои ги врши Деловниот партнер, или било кои книжења или надоместоци долгувани на Деловниот партнер, најпрво се користат за подмирување на било кои доспеани камати, а потоа Шел според своја проценка ги користи за намалување на било кој доспеан износ по било која фактура.
23. ОДГОВОРНОСТ НА ШЕЛ
23.1 Освен ако таквата одговорност не може со закон да се ограничи или да се исклучи, ниту Шел ниту друг член на групацијата Шел не е одговорен за изгуба на добивката или за каква било непосредна или последична загуба или штета, предизвикана на кој било Деловен партнер, Поврзано лице или на трето лице/претпријатие во врска со каква било стока или услуги или користење на која било картичка или интернет услуги, вклучително со (но не само) губењето на правото на користење, губењето на очекуваната добивка, губењето приход, губењето производство и прекин на работењето.
23.2. Понатаму Шел не одговара на ниеден Деловен партнер, Поврзано лице или трета странка во врска со измами, немарност, неисполнување на обврски или откажување или своеволно постапување на:
(a) независните договорни страни или нивните вработени, договорни страни или застапници, што ги најмува Шел; и
(б) кој било учесник во еурошел системот на Шел картичка или неговите вработени, договорни страни или застапници/агенти (вклучително со какво било одбивање за обезбедувањето на стока и услуги).
24. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
24.1. Интелектуалната сопственост, наведена во продолжение на овој член, останува сопственост на Шел и/или на давачите на лиценца:
а) целата компјутерска програмска опрема или податоци, што ги снабдила или ги користи (преку интернет услугите или поинаку) Шел или која било членка на групацијата Шел при спроведувањето на овој договор;
б) содржината на интернет страницата на Шел и на порталот на интернет услуги, вклучително со (но не само) целото кодирање, текстови, слики, линкови и интернет страници; и
в) сите други материјали, што ги обезбедува Шел или која било членка на групацијата Шел според овој договор.
24.2. Деловниот партнер нема самиот свесно да овозможи и допушти Овластените сопственици на картички и Корисници на картички да го сторат следново: менување, создавање изведени работи, пренесување, дистрибуирање обратен инженеринг (да се земе сопственоста на Шел, да се проучи и да се копира) и делови што произлегуваат од него да расчленува, дешифрира или да преведува во, за човекот, читливи форми на компјутерска програмска опрема, снабдена или користена од страна на Шел или која било друга членка на групацијата Шел врз основа на овој договор.
24.3. Целата интелектуална сопственост, што произлегува од овој договор или е поинаку создадена врз основа или за намена на спроведување на овој договор, веднаш по создавањето се пренесува на Шел или која било друга членка на групацијата Шел и станува негова/нејзина
сопственост (доколку тоа одговара) и врз основа на член 24 Деловниот партнер ги прифаќа сите потребни мерки за отстапување и осигурува овластениот сопственик на картичка и/или корисници, да ја отстапат таквата интелектуална сопственост на Шел или која било друга членка на групацијата Шел.
25. НАСЛОВИ НА ЧЛЕНОВИТЕ
Насловите на членовите во овој договор се наведени поради практичност и не влијаат врз толкувањето на договорот.
26. ОДРЕКУВАЊЕ
Неизвршувањето на која било одредба од овој договор кога било од страна на Xxx или која било членка на групацијата Шел не се смета за прекин на таквата одредба, освен ако Xxx го потврди тоа писмено. Ниту еден прекин на ниту едно кршење на овој договор не се смета за прекин на кое било друго кршење или постојан прекин на кое било идно кршење.
27. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ
27.1. Деловниот партнер се обврзува писмено да го извести „Шел“ и да приложи копија од соодветниот документ (Решение за промена) за евентуалните измени на статусот на стопанскиот субјект, за кои е потребна пријава до суд, во рок од 5 (пет) работни денови по заклучокот за измената.
27.2. Договорните страни ќе се обидат по мирен пат да ги решат евентуалните спорови. Во случај тоа да не е можно, спорот ќе се реши по судски пат.
27.3. Евентуално неважење на поедини одредби не влијае на важноста на Договорот како целина. Доколку некоја од одредбите на овој Договор се покаже како неважечка, договорните страни ќе ја заменат со важечка одредба во разумен рок.
27.4. Двете договорни страни се обврзуваат на чување на тајноста на сите доверливи податоци што им се откриени во текот и во врска со извршувањето на овој Договор, вклучувајќи ја и содржината на самиот Договор, што не важи за податоците/информациите што веќе се јавни. Обврските од овој член важат уште 12 (дванаесет) месеци по раскинувањето на овој Договор. Со потпишување на овој Договор, договорните страни се обврзуваат да ја известат другата договорна страна за промена на податоците за претпријатието, што се потребни за извршување на договорните обврски и дека се свесни за последиците ако тие податоци не се достават навремено.
27.5. Составен дел од Општите услови на работење се следниве додатоци:
• Додаток 1 - Список на држави во кои функционира картичната мрежа euroShell
28. ЈАЗИК
28.1 Секое известување, барање, молба, изјава или друга форма на комуникација по овој договор или во врска со него ќе биде:
(a) на словенечки јазик; или
(б) ако не е на словенечки јазик, мора да има превод на јазикот на деловниот партнер или на англиски јазик..
28.2. Странката примател (деловен партнер и поврзаните лица) има право до претпоставува, дека кој било документ, добиен во согласност со овој став 28.1 (б), е точен и дека може да се потпре на преводот.
29. НЕЗАВИСНОСТ НА ОДРЕДБИТЕ
Ако која било поединечна одредба или одредби од овој договор се прогласи за незаконска, неизвршлива или во спротивност со законот или јавната политика, тоа не влијае на важноста на одредбите на овој договор. Ако кое било прогласување суштински влијае на кое било право или обврски на договорната страна, странките се состануваат и со добра воља се спогодуваат со цел склучување договор за промена на одредбите од овој договор, на кои влијаело таквото прогласување, така што таа промена е во склад со намерате на овој договор.
30. БЕЗ ЗДРУЖУВАЊЕ
Ништо во овој договор и ниту едно дејство, што го извршуваат договорните странки по овој договор, не претставува правно партнерство, здружување, заедничко претпријатие или друг вид на кооперативен субјект меѓу кои било странки.
31. СОГЛАСНОСТ
31.1. Xxx и Деловниот партнер изјавуваат и еден на друг си гарантираат,
Дека во врска со овој договор (a) се запознаени со законите за спречување на корупција, кои важат за овој договор, и дека ќе дејствуват согласно сите такви закони и дека (b) ниту тие ниту нивните вработени, функционери, застапници и поврзани субјекти (или нивни вработени, функционери, застапници) не дале, понудиле или овластиле, ниту нема да дадат, да понудат или да овластат никакво плаќање, подароци, ветување или други погодности, непосредно или преку кое било друго лице или субјект, за, или за користење, или во корист на кој било државен функционер или кое било лице, во случај таквото плаќање, подарок, ветување или друга поволност (i) да претставува плаќање на поткуп и/или
(ii) би го прекршило важечкото законодавство за спречување на поткуп.
31.2. Договорните странки при спроведувањето на договорот ќе постапуваат согласно сите важечки закони, државни правила, прописи и одредби.
ДОДАТОК 1 – СПИСОК НА ДРЖАВИ ВО КОИ ФУНКЦИОНИРА КАРТИЧНАТА МРЕЖА EUROSHELL
1. На денот на склучување на овој Додаток, картичната мрежа euroShell функционира во следниве држави: Австрија
Белгија Белорусија Бугарија
Велика Британија Германија Гибралтар
Грција Данска Естонија Ирска Италија Летонија Литванија Луксембург Норвешка Полска Русија Словачка Словенија Турција Украина Унгарија Финска Франција Холандија Хрватска Чешка Швајцарија Шведска
Шпанија/Андора