Contract
„Х У М А Н О С Т”
Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари лица - Скопје
СЕОПФАТНО ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ ЗА ФОРМИ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА СТАРИ ЛИЦА ВО ГРАД СКОПЈЕ
Поддржано од
Град Скопје
СОДРЖИНА
Резиме 4
Прв дел
1. КОЈА Е ПОТРЕБАТА ДА СЕ НАПРАВИ ВАКВО ИСТРАЖУВАЊЕ? 8
2. ЗАКОНСКА ОСНОВА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ФОРМИ ЗА
СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА СТАРИ ЛИЦА 8
3. МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА СО УСТАНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА
ЗАШТИТА НА СТАРИ ЛИЦА 10
3.1. Институционална заштита - Установи за социјална заштита на стари лица 10
3.1.1. Јавни установи за социјална заштита на стари лица 10
3.1.2. Приватни установи за социјална заштита на стари лица 11
3.2. Вонинституционална заштита 12
3.2.1. Дневен центар за стари лица 12
3.2.2. Центар за давање помош во домашни услови 12
4. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ 13
4.1. Предмет 13
4.2. Општа цел 13
4.2.1 Цел на проектот 13
4.3. Задачи 13
4.4. Примерок 13
4.4.1. Примерок на истражување 14
4.4.2. Примерок за фокус група со корисници на социјални услуги 15
4.4.3. Примерок за фокус група со даватели на социјални услуги 15
4.5. Временска рамка 15
4.6. Методи, техники и инструменти 16
Втор дел
АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
1. Општина ЦЕНТАР 18
2. Општина КИСЕЛА ВОДА 25
3. Општина КАРПОШ 31
4. Општина ГАЗИ БАБА 37
5. Општина ЧАИР 43
6. Општина БУТЕЛ 49
7. Општина ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 55
8. Општина АЕРОДРОМ 61
Трет дел
РЕЗЛТАТИ ОД ФОКУС ГРУПИ 68
Четврти дел
Утврдување на цена на услуги 76
Петти дел
ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ 79
1. ОПШТИ ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ 79
2. ПРЕПОРАКИ ЗА РАВОЈ НА ФОРМИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
СПОРЕД ИЗЈАСНУВАЊЕТО НА АНКЕТИРАНИТЕ СТАРИ ЛИЦА 81
Општина ЦЕНТАР 81
Општина КИСЕЛА ВОДА 81
Општина КАРПОШ 82
Општина ГАЗИ БАБА 82
Општина ЧАИР 82
Општина БУТЕЛ 82
Општина ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 83
Општина АЕРОДРОМ 83
ПРИЛОГ 1 85
ПРИЛОГ 2 88
ПРИЛОГ 3 91
РЕЗИМЕ
Извештајот од сеопфатното истражување и анализа на потребите за формите за згрижување на старите лица е изработен во пет дела и прилози доставени на крајот од извештајот.
Во првиот дел на анализата даден е преглед на методолошката заснованост на ова истражување и толкување на законската регулатива за равивање на установи за социјална заштита на стари лица.
Прегледот на податоците добиени од истражувањето во вториот дел направен е за секоја општина преку однапред утврдена структура на информациите.
Во анализата на секоја од општините опфатени со ова истражување даден е краток преглед на процентот на старите лица во дадената општина, видот на средината која е опфатена со истражувањето и населените места во општината низ кои се движеле анкетарите. Поради увидот дека во различни населени места во една иста општина има различна достапност на ресурси, истите и се посочени во воведните делови. Анкетите најчесто се реализирани во домовите на старите лица, но онаму каде што не постоеле услови, направени се и анкети надвор од домот. Исклучок е општина Чаир, каде поголем дел од анкетите се направени надвор од домовите на старите, но има и такви кои се направени во нивните домови.
За секоја од општините прикажана е здравствената состојба на анкетираните стари лица и социјалните контакти кои тие ги одржуваат со средината.
Во делот искуство на анкетарите на терен, прикажани се накратко впечатоците на анкетарите за спремноста и подготвеноста на старите лица да бидат дел од ова истражување, како и причините за нивниот став кон анкетитрањето.
При изборот на истражувачкиот примерок, запазена е рамката на стратифициран примерок, по пол и возраст, со што е опфатено 2% на старото население во општината (Според податоците од ДЗС за Пописот 2002 година). При тоа во истражувачкиот примерок во сите општини се забележува дека како се зголемува возраста на истражуваната популација, така се намалува нивното учество во истражувачкиот примерок, што значи дека најголем процент на старите лица во стратифицираниот примерок се во првата возрасна група 65-70 години, а најмалку од групата над 85 години.
Според полот иако има приближно еднаква застапеност на старите лица според полот во стратифицираниот примерок, сепак во сите општини со незначителен процент преовладуваат припадниците од женскиот пол.
Националноста не беше опфатена со стратифицирниот примерок, па изборот на националност е по случаен избор.
И во однос на брачната состојба, може да се донесе еден општ заклучок дека најголем дел од анкетираните стари лица во сите општини се во брак, а по нив следат оние кои се вдовци поради смрт на еден од брачните партнери.
Во однос на социјалните контакти може да се заклучи дека најголем дел од нив социјалните контакти со средината, најчесто ги остваруваат со соседите, а најмалку со пријателите. Социјалните контакти речиси во сите општини, најчесто се секојдневни, или еднаш до два пати неделно и тоа како взаемни посети, освен кај оние стари лица кои неможат да се движат па мораат да чекаат да бидат посетени од други лица во средината.
Во делот интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита, прикажани се резултатите добиени од истражувањето и ставот на старите лица во
општината за тоа кои се оние форми на социјална заштита, како и услуги кои се во согласност со нивните потреби. Во овој дел како и во Прилозите 1 и 2, јасно е изразена потребата на старите лица за услуги од вонинституционална заштита. Интересно е дека од оние што се одлучуваат да користат услиги од вонинституционална заштита, без разлика која форма на заштита ќе ја одберат старите лица, сепак најголем интерес имаат за услугата здравствена заштита. Здравствената заштита тие иако ја добиваат кај својот матичен лекар, сепак можноста за чести рутински прегледи, се чини дека битно влијае на нивниот психолошки момент. Здравствениот преглед им дава чуство на сигурност.
Во анализата даден е и краток приказ на ставот на старите лица, во секоја од анкетираните општини, за нивниот материјален статус и подготвеност да платат за да користат одредени услуги во насока на задоволување на нивните потреби. При тоа се добива општ впечаток дека материјалната стабилност е најтешкото прашање за секое старо лице. Тие секогаш сметаат дека финансиите се тие кои најмногу ги ограничуваат и дека доколку имаат доволно финнасиски средства можат да си дозволат се што е во интерес на задоволување на нивните потреби. Поради повисокиот процент на стари лица со примања кои не ги задоволуваат нивните потреби и стари лица кои можат да одвојат минималан износ на средства за да платат за задоволување на нивните потреби, во рамки на сите анкетирани општини, се препорачува при развивањето на форми за заштита на стари лица да се бара утврдување на минимален износ на цената на услугата, која би ја плаќало Министерството за труд и социјална политика за корисниците сместени преку центрите за социјална работа. Во спротивно најранливите категории на стари лица, сеуште би останале незаштитени.
За ова истражување, прашањето за доверба кон институциите во системот на социјална заштита е клучно, бидејќи доколку се развиваат форми кои треба да ги задоволуваат потребите на старите лица, тогаш со сигурност тие мораат да бидат од субјекти во системот на социјална заштита, кон кои старите лица имаат најголема доверба. Општ е впечатокот дека невладините организации, градот Скопје и самата општина во која живеат старите лица се субјекти кон кои старите лица изразуваат најголема доверба. Важно е да се потенцира дека на старите лица им е дадена слобода на ова прашање да одговорат за довербата кон повеќе субјекти, односно дека можеле да заокружат повеќе одговори истовремено.
Во третиот дел, презентирани се информациите добиени од фокус групите а даден е детален преглед на прашањата кои се дебатирани и заклучоците кои произлегуваат од нив. На тој начин се презентирани сите релевантни информации добиени од старите лица и од давателите на социјални услуги, како и нивните предлози за подобрување на положбата на оваа целна група.
Во четвртиот дел од извештајот презентиран е начинот на пресметка и цената на услугите што се нудат во рамки на вонинституционалните форми на социјална заштита на стари лица, дневен центар и центар за помош во домашни услови.
На крајот од анализата, во петтиот дел дадени се заклучоци, општи препораки и препораки за формата на социјална заштита за стари лица која треба да се користи во секоја општина поединечно. Откако ќе се обезбеди соодветен простор и услови за работа, може да се започне и со реализирање на одредена форма на заштита. Се препорчува во почеток да се вклучи само по еден тим во секоја од препорачаните форми за заштита на стари лица. Со зголемување на пријавените и заинтересирани корисници, може да се планира и проширување на тимовите. Во анализата на цената на чинење на услугите, која
е составен дел на овој извештај дадена е подетална рамка на бројот и видот на стручни лица потребни за организирање на двете форми на вонинституционална заштита, согласно програмските активности кои би ги извршувала секоја од нив.
Интересно е што во целото истражување се доби општ впечаток дека старите лица најмалку се заинтересирани за користење на услугата сместување во установа за стари лица, односно дека повеќе сакаат доколку имаат услови да останат во својата природна средина и таму да ги задоволат своите потреби. Но и покрај ваквиот нивен одговор, имајќи ги во предвид трансформацијата на семејството и ангажираност на членовите на семејството, како и препораките на ЕУ за обезбедување капацитет за институционално сместување на 3-5% на стари лица во секоја држава, не смее да се дозволи главниот град на републиката да остане без ваков јавен ресурс. Затоа на ниво на град Скопје се препорачува отварање на дом за стари лица, како ресурс на градот, или зголемување на капацитетот, осовременување на изгледот и решавање на статусот на веќе постоечкиот дом за стари лица, поточно одделот „Мајка Тереза“. Потребата за институционално сместување на старите лица може да биде задоволена и преку отварање на домови за стари лица со помали капацитети во рамки на самата општина, кои ќе ги задоволуваат потребите на старите лица во рамки на општината.
За време на реализација на истражувањето на сите стари лица дадени им се информации од страна на анкетарите, согласно нивните потреби, за остварување на одредено право од социјална заштита.
ПРВ ДЕЛ
1. КОЈА Е ПОТРЕБАТА ДА СЕ НАПРАВИ ВАКВО ИСТРАЖУВАЊЕ?
Стареењето на населението во Република Македонија, е проблем кој се повеќе се актуелизира. Потребата за негово подлабоко проучување, како и за проучување на потребите на старите лица се наметнува и поради промената на структурата на семејството. Традиционалното тригенерациско големо семејство се менува во нуклеарно семејство. На тој начин се губи можноста за традиционална семејна грижа на помладите кон постарите.
Дури и во семејствата каде не настанал прекин на традиционалното семејство, помладите мора да излезат од своите домови, заради извршување на работните обврски. За тоа време немаат на кого да ја препуштат грижата за стариот член на своето семејство. Тоа претставува посебно оптеретување за помладите членови, кои поради обврските немаат можност и време за задоволување на сопствените потреби.
Од друга страна многу често старите лица поради невработеност или занимање со ниско платена работа за време на работниот животен век немаат доволно материјални средства за обезбедување на секојдневните животни потреби.
Староста е ризик сама по себе, и често со себе носи ограничени можности за задоволување на своите потреби во средината. Од овие причини старите лица често се социјално изолирани во поглед на задоволување на своите секојдневни потреби. Затоа е неопходно да се направи проценка на нивните социјално-здравствени потреби, станбена и материјална проценка, достапност на ресурсите во средината и проценка на социјалната мрежа која ја имаат. Паралелно со оваа проценка треба да се направи и проценка на нивната отвореност и подготвеност да добијат и дадат помош во средината. Осаменоста често ги прави толку многу изолирани и затворени, што може да бара посебна подготовка на старите лица за прифаќање на поддршката од средината.
Од овие причини се наметнува потребата за спроведување на сеопфатно истражување и анализа на потребите на старите лица во градот Скопје. Истражувањето се очекува да ги даде токму овие резултати и оваа проценка, врз основа на која ќе може да се пристапи кон директна помош на старите лица во задоволување на нивните секојдневни потреби. Давањето на услугите ќе биде базирано и на проценката за нивната финансиска подготвеност за учество во трошоците за добиените услуги.
2. ЗАКОНСКА ОСНОВА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ФОРМИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА СТАРИ ЛИЦА
Според Законот за социјална заштита на Република Македониаја (Сл. Весник на Р.М. бр.79/2009 година), социјалната заштита е организирана дејност од страна на државата, со цел спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот, семејството и групите на население во текот на животот, и тоа:
- ризици по здравјето(болест, повреда и инвалидност);
- ризици на старост и стареење;
- ризици на еднородителско семејство;
- ризици од невработеност, губење на приход за издржување врз основа на работа и слично;
- ризици од сиромаштија и
- ризици од друг вид на социјална исклученост.
Социјалната заштита на старите лица е претставена преку:
- социјална превенција – насочена кон преземање мерки за спречување на настанување на социјален ризик, преку едукативно-советувалишна работа, развивање на формите на самопомош, волонтерска работа со лично ангажирање и примена на други методи кои соодветствуваат на потребите на корисниците на социјална заштита. Социјалната превенција може да се остварува во центрите за социјална работа во соработка со општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, предучилишните, училишните, здравствените установи и други државни тела и органи, правни и физички лица и здруженија на граѓани;
- право на парична помош од социјална заштита – правото на парична помош поради состојба на социјален ризик за старите лица е претставено како: постојана парична помош за лица неспособни за работа и социјално необезбедени; паричен надомест за помош и нега од друуго лице, еднократна парична помош и помош во натура и здравствена заштита;
- вонинституционална заштита – се остваруува во или преку центарот за социјална работа, а за старите лица опфаќа право на прва социјална услуга, помош на поединец, помош на семејство, домашна нега и помош на поединец и на семејство, дневно и привремено прифаќање и згрижување како помош на поединец и семејство и сместување во згрижувачко семејство. Правата од вонинституционална заштита како што се прва социјална услуга, помош на поединец, помош на семејство и сместување во згрижувачко семејство, може да ги дава само центарот за социјална работа. Правата пак на домашна нега и помош на поединец и на семејство и дневно и привремено прифаќање се препознаваат во двете форми на установи за вонинституционална заштита на стари лица:
- дневен центар и клубови за стари и возрасни лица – кои вршат услуги од социјална заштита во вид на дневен престој, исхрана, лична хигиена, како и организирање на работни, културни, забавни и други активности. Според законот оваа установа може одделни услуги од својата дејност да ги врши во домот на корисникот;
- центар за давање поимош во домашни услови – кои за лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост, изнемоштени стари и други возрасни лица обезбедуваат услуги во вид на исхрана, лична хигиена, хигиена на станот и други работи во домот на корисникот.
Законот дава можност овие установи да бидат основани како јавна или приватна установа за социјална заштита, а може да се основа и како организационен дел на установа за социјална заштита или на друго правно лице.
Право на вршење работи од социјална заштита, како што се домашна нега и помош на поединец и семејство и дневно и привремено прифаќање, законот им дава и на здруженија на граѓани, додека физичко лице може самостојно да врши работи од социјална заштита како професионална дејност во смисла на домашна нега и помош на поединец и семејство, само доколку исполнува одредени услови, предвидени во Законот за социјална заштита.
- институционална заштита – претставува право на сместување во установа за социјална заштита и се однесува на лица кои немааат соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини им е потребно сместување во установа за социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита. Во установите за социјална заштита на стари лица можат да се сместат стари лица, возрасни
лица со телесна попреченост и лица со пречки во менталниот развој, кои не се во состојба сами да се грижат, а поради станбената и семејната положба немаат можност да им се обезбеди заштита на друг начин.
Установата за сместување на стари лица обезбедува сместување, исхрана, помош и нега, здравствена заштита, културно забавни, работно-рекреативни активности, услуги на социјална работа и други услуги, зависно од потребите, способностите и барањата на корисникот. Покрај овие услуги установа од овој вид, може за старите лица да организира и вонинституционални облици на заштита, во вид на давање помош дома и дневен престој на стари лица.
Со процесот на децентрализација, Законот за социјална заштита овозможува општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, со своја одлука, а во согласност со материјалните можности, да утврдат и други права во областа социјална заштита, права во поголем обем и со поповолни услови за остварување како и други облици на социјална заштита.
Економските и социјалните промени, консолидацијата на државата, зголемувањето на надлежностите на единиците на локалната самоуправа и потребата од нови сервисни социјални служби, ориентирани поблиску до корисниците, влијаат на поттикнување на процесот на плурализација во давањето услуги од социјална заштита. Тоа значи дека покрај државата која е основен носител на социјалната заштита, во социјалната заштита треба да се вклучат и други носители: приватни правни лица, физички лица, здруженија на граѓани-невладиниот сектор и општините.
За да може да се имплементира плурализацијата во социјалната заштита, центрите за социјална работа од своја страна треба да остварат соработка со здруженијата на граѓани, општините и со физичките лица во реализацијата на доверените работи од социјалната заштита и при тоа со решение, центарот може да ги упати граѓаните да користат некои од формите на вонинституционална заштита кои ќе бидат извршувани од страна на здруженијата на граѓани и физичките лица.
3. МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА СО УСТАНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА СТАРИ ЛИЦА
Мрежата на установи за социјална заштита на стари лица, во Република Македонија развиена е на следново ниво:
3.1. Институционална заштита - Установи за социјална заштита на стари лица
Националните капацитети за сместување на стари лица се состојат од јавни и приватни установи за социјална заштита на стари лица.
3.1.1. Јавни установи за социјална заштита на стари лица
Во рамки на јавните установи, три од нив со процесот на децентрализација во 2006 година, дадени се во надлежност на општините, додека една сеуште е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Трите јавни општински установи се:
1. ЈОУ за сместување на стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово
2. ЈОУ за сместување на стари лица „Кxxx Xxxxxxxxx – Платник“ – Прилеп
3. ЈОУ за сместување на стари лица „Сју Рајдер“ – Битола,
4. одделот „Мајка Тереза“ – Скопје, функционира во рамки на ЈЗУ Геронтолошки завод
„13-Ноември“ – Скопје и е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.
Овие четири установи за социјална заштита на стари лица во последните години вложуваат максимални напори за подобрување на условите за сместување и исполнување на нормативите и стандардите предвидени во „Правилник за нормативи и стандарди за основање и започнување со работа на установи за социјална заштита на стари лица“ (2005).
Исклучок е состојбата со одделот „Мајка Тереза“ кој се наоѓа на археолошкиот локалитет Скупи и каде не се дозволени активности за реконструкција и реновирање. Се очекува негова дислокација.
Овие четири установи располагаат со околу 570 легла, а некаде околу 45% од корисниците во овие установи, сместени се преку центрите за социјална работа.
3.1.2. Приватни установи за социјална заштита на стари лица
Приватните установи за социјална заштита на стари лица во минатото беа надвор од системот за социјална заштита и работеа како трговски друштва. Со цел гарантирање одредено ниво на квалитет на услугите кои ги испорачуваат до корисниците, предвидени во „Правилник за нормативи и стандарди за основање и започнување со работа на установи за социјална заштита на стари лица“ (2005) и нивно интегрирање во системот за социјална заштита, Министерството за труд и социјална политика презеде активности за нивно лиценцирање. Овие установи се со помал капацитет и во просек секоја од нив има капацитет за сместување на околу дваесетина корисници. Лиценцирањето на овие установи придонесе и за зголемување на националните капацитети за институционална заштита на стари лица.
Во моментот девет установи имаат добиено лиценца за работа и седум се во постапка за лиценцирање. Лиценцирани приватни установи за социјална заштита на стари лица се:
- ПУСЗ „Ваш Нов Дом“ – Скопје;
- ПУСЗ „Витаве“ – Скопје;
- ПУСЗ „Милица“ – Скопје;
- ПУСЗ „Панада“ – Скопје;
- ПУСЗ „Руски“ – Скопје;
- ПУСЗ „Феникс“ – Скопје;
- ПУСЗ „Геронтос“ – Скопје;
- ПУСЗ „Светла Надеж“ – Скопје;
- ПУСЗ „Терзиева“ – Скопје.
3.2. Вонинституционална заштита
Вонинституционалните форми за заштита на стари лица овозможуваат и обезбедуваат минимум стандарди на услуги и достапност на сите ресурси, неопходни за живот на старите лица и тоа во нивната природна средина. Развојот на вонинституционалните форми за заштита на стари лица значи задоволување на нивните потреби во средината во која живеат и обезбедување на достоинствен живот во староста.
И покрај понудените законски можности и решенија за развивање форми за вонинституционална заштита на стари лица, сепак покрај услугите кои може да ги дава само центарот за социјална работа, досега во нашата земја нема поголеми искуства на развивање форми за вонинституционална заштита на стари лица (дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови).
3.2.1. Дневен центар за стари лица
За позначајно искуство на ова подрачје се смета искуството на дневниот центар за стари лица во Чашка, како одделение при Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Велес, кое работи од 2001 година.
Во последните години со поддршка на Министерството за труд и социјална политика отворени се Дневни центри во Богомила, Самоков, Бучин, а веќе се очекува отварање и на дневен центар во Вевчани. Министерството за труд и социјална политика, согласно „Националната стратегија за стари лица 2010-2020“, го подржува развојот на овие форми за заштита на стари лица
3.2.2. Центар за давање помош во домашни услови
Центрите за давање помош во домашни услови во досегашното искуство во Република Македонија, најчесто се развивани во рамки на пилот проекти, со ограничено времетраење. Денес Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари лица „Хуманост“, дава вакви услуги во општина Аеродром. Услугите се даваат на заинтересирани корисници, кои имаат средства самостојно да ги надоместат трошоците.
Во моментот и Црвен крст на град Скопје дава вакви услуги на стари лица, преку ангажирање на мобилен тим кој помага на 60 стари лица во град Скопје. Медицинска сестра и волонтер го посетуваат корисникот во неговиот дом и му помагаат во задоволување на секојдневните потреби. Проектот е во соработка со австриски Црвен Крст.
Развивањето на вонинституционалните форми за заштита на стари лица е во согласност со „Националната стратегија за стари лица 2010-2020“. Затоа годините кои следат се очекува да бидат насочени токму кон развој на вонинституционалните форми за заштита на стари лица, што ќе придонесе кон обезбедување услови за достоинствена старост на старите лица и тоа во средината во која живеат. Развојот на овие форми истовремено значи и намалување на трошоците на државата за институционално сместување на старите лица.
4. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ
4.1. Предмет
Трендот на демографско стареење на населението во светот и неговото влијание во Република Македонија во последните години придонесе за се поголемо актуелизирање на прашањето за грижата за старите лица и последиците кое тоа ги предизвикува врз економските и општествени прашања на секоја земја. Овие влијанија ако се разгледуваат на локално ниво претставуваат посебен проблем за општините кои имаат висок процент на старо население. Затоа решенијата треба да почнат да се бараат на локално ниво со што, преку утврдување на потребите на старите лица и давање на заштита во средината во која живеат можат да се намалат трошоците за услуги од социјална заштита. Од овие причини предмет на ова истражување претставува утврдување на потребите на старите лица за формите и услугите од социјална заштита.
4.2. Општа цел
Подигање на квалитетот на живот на старите лица во општините кои имаат демографски старо население или се на граница на демографска старост, на ниво на град Скопје.
4.2.1 Цел на проектот
Истражување на потребите на старите лица, со цел предлагање форми за социјална заштита, кои ќе нудат услуги соодветни на нивните потреби.
4.3. Задачи
За реализација на сеопфатно истражување и анализа на потребите за форми на згрижување за старите лица поставени се следните задачи:
• Утврдување на потребите за форми на згрижување на стари лица;
• Утврдување на приоритетните проблеми и потреби на старите лица, преку фокус групи со корисници и даватели на услуги;.
• Изготвување финансиска проценка на чинењето на секој предложен модел за нега на стари и изнемоштени лица.
4.4. Примерок
Според податоците од последниот Попис од 2002 година на ниво на град Скопје процентот на старо население над 60 години изнесува 10%, а општините во град Скопје ги покажуваат следниве проценти:
Општина Центар - | 17 % | Општина Кисела Вода – 13% |
Општина Карпош - | 15% | Општина Гази Баба – 9% |
Општина Чаир - | 8% | Општина Бутел – 9% |
Општина Ѓорче Петров – | 10% | Општина Сарај – 6% |
Општина Аеродром - | 8% | Општина Шуто Оризари – 5% |
4.4.1 Примерок на истражување
Имајќи ја во предвид временската дистанца од 2002 до 2011 година, и можноста за зголемување на овој процент, во истражувањето се вклучени сите општини со над 8% старо население. Поради големиот број на старо население во овие општини, одлучено е за репрезентативен примерок од 2 % од секоја од вклучените општини или:
- Општина Центар - 158 стари лица
- Општина Кисела Вода - 147 стари лица
- Општина Карпош - 181 стари лица
- Општина Гази Баба - 135 стари лица
- Општина Чаир - 107 стари лица
- Општина Бутел - 67 стари лица
- Општина Ѓорче Петров - 84 стари лица
- Општина Аеродром - 117 стари лица.
Со истражувањето опфатени се вкупно 996 стари лица. Примерокот однапред е стратифициран по пол и возраст, што значи дека од секоја општина е земено по 2% од старото население по возрасни групи и пол, според податоците од Пописот 2002 година, објавени од Државен завод за статистика. Врз основа на овие индикатори истражувањето е направено со следниот стратифициран примерок од општините:
Општина | 00-00 | 00-00 | 00-00 | 00-00 | 85 | + | ||||
М | Ж | М | Ж | М | Ж | М | Ж | М | Ж | |
Центар | 19 | 28 | 18 | 27 | 16 | 24 | 9 | 11 | 3 | 3 |
Кисела Вода | 28 | 32 | 18 | 24 | 12 | 15 | 5 | 8 | 2 | 3 |
Карпош | 35 | 38 | 25 | 29 | 14 | 20 | 6 | 9 | 2 | 3 |
Гази Баба | 32 | 32 | 16 | 20 | 9 | 12 | 4 | 5 | 2 | 3 |
Чаир | 23 | 24 | 13 | 18 | 8 | 10 | 3 | 4 | 2 | 2 |
Бутел | 15 | 15 | 8 | 11 | 5 | 6 | 2 | 3 | 1 | 1 |
Ѓxxxx Xxxxxx | 06 | 19 | 11 | 13 | 7 | 8 | 3 | 4 | 1 | 2 |
Аеродром | 24 | 26 | 13 | 18 | 9 | 13 | 4 | 6 | 2 | 2 |
Изборот на примерокот за теренското истражување е направен со примена на техниката „снежна топка“. Техниката значи дека истражувачот наоѓа старо лице според однапред утврдениот страфициран примерок, го анкетира и од него добива информација
за други лица кои може да бидат анкетирани. Постапката постојано се повторува поради што и се нарекува техника на снежна топка.
4.4.2. Примерок за фокус група со корисници на социјални услуги
Во реализација на фокус група со корисници на социјални услуги опфатен е примерок од 21 учесник:
• стари лица членови на „Трето доба“
• стари лица сместени во пензионерски дом - Чаир
• стари лица сместени во пензионерски дом - Аеродром
• стари лица членови на сојуз на пензионери
• стари лица членови на здружение на пензионери на општина Гази Баба
• стари лица членови на здружение на пензионери на општина Ѓxxxx Xxxxxx
• стари лица сместени во домот за стари лица „Терзиева“
• стари лица корисници на сервисот за давање услуги во домашни услови на здружението „Хуманост“ во општина Аеродром, во 2009 година.
4.4.3. Примерок за фокус група со даватели на социјални услуги
Во реализација на фокус група со корисници на социјални услуги опфатен е примерок од 15 учесници од следните субјекти:
• одделение за социјална заштита на општина Гази Баба;
• ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје;
• пензионерски дом Чxxx;
• директорот на Геронтолошки Завод „13 Ноември“ – Скопје;
• ПУ Дом за стари лица: „Панада“, „Вита Ве“, „Милица“ и „Терзиева“;
• универзитетот „Трето доба“;
• НВО Хуманост.
4.5. Временска рамка
Истражувањето се реализираше од страна на анкетарите според однапред утврдена времанска рамка:
• о. Ѓxxxx Xxxxxx – 84 / 5 дена 8 – 22 Јуни
• о. Карпош – 181 / 10 дена 13 – 23 Јуни
• о. Центар – 158 / 10 дена 23 Јуни – 2 Јули
• о. Кxxxxx Xxxx – 147 / 9 дена 3 - 11 Јули
• о. Аеродром – 117 / 8 дена 12 – 19 Јули
• о. Гxxx Xxxx – 135 / 9 дена 20 – 28 Јули
• о. Чаир – 107 / 7 дена 29 Јули – 4 Август
• о. Бутел – 67 / 4 дена 4 – 8 Август.
Во рамки на временската рамка анкетарите најчесто во утринските и попладневните часови го реализираа истражувањето.
Истражувањето е реализирано со почитување на приватноста и желбата на корисниците да дадат свој придонес во целта на проектот. При реализација на истражувањето анкетарите задолжително се легитимираа со легитимации и лична карта. Сите анкетиртани испитаници кај кои е утврдена состојба на ризик, информирани се за ресурсите во кои можат да се обратат за помош.
Фокус групата со корисници на услуги, односно старите лица реализирана е на 26 Јули 2011 година.
Фокус групата со даватели на услуги реализирана е на 28 Јули 2011 година.
4.6. Методи техники и инструменти
При реализација на истражувањето користено е комбинација од квантитативен и квалитативен метод на истражување. За собирање на податоците употребени се следните техники:
• Анализа на документација (законска регулатива и друга стручна литература);
• Анкетирање со примена на инструментот анкетен прашалник;
• Фокус групи.
По непосредното теренско собирање на податоците направено е средување и обработка. Оваа фаза од истражувањето се состои од: правење преглед, листа на податоци; техничка обработка на податоците; табелирање, изработка на графикони и квалитативна интерпретација на квантитативно добиените податоци. Во оваа фаза применета е статистичка анализа на податоците преку нивно презентирање во проценти во еднодимензионални табели. Направено е и квалитативно толкување на информациите добиени од фокус групите.
ВТОР ДЕЛ
АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
1. ОПШТИНА ЦЕНТАР
Општина Центар го опфаќа централното подрачје на Градот Скопје во кој се сместени голем број административни и стопански објекти, но исто така и станбени објекти за колективно домување, додека мал е бројот на индивидуални станбени објекти (куќи). Општина Центар е дел од истражувањето поради високиот процент на старо население кое живее во оваа општина, според податоците од Пописот на населението од 2002 година дури 17% од населението што живее во општина Центар е на возраст над 65 години.
Со цел опфаќање на што поголема територија од општината истражувањето е реализирано во следниве населени места: Васил Антевски Дрен 25 стари лица, Наум Наумовски Борче 18, Сxxxx Xxxxxxxxxxx Xxxxxxxxx 00, Кxxx Xxxxx 05, Мxxx Xxxxxxxxxxx Xxxxxx 0, Нxxxxx Xxxxxxxxx Xxxx 08, Мxxxx Xxxxx 07, Маџир Маало 2, Раде Јовчевски Корчагин 17, Мирче Ацев 7.
Во најголем дел од населените места во кое е релаизирано истражувањето од страна на старите лица како ресурси кои им се достапни и ѓи има во нивното непосредно опкружување се посочени мини продавници, маркети, аптека и општа амбуланта. Освен претходно споменатите ресурси во дел од нив посочија дека има и пазар и културни објекти, единствено во Маџир Маало на старите лица им стојат на располагање само мини продавници и аптека.
1.1. Искуство на анкетарите на терен
Најголем дел од старите лица од општина Центар биле заинтересирани за вклучување во истражувањето но со претходно легитимирање на анкетарите и со објаснување на целта на истражувањето. Единствен проблем во текот на истражувањето е тоа што кога анкетарите по принципот на снежна топка ќе добијат информација од соседите дека на некое старо лице му е потребна нега тие лица најчесто не сакаа да ѓи примат анкетарите во нивните домови и не сакаа да учествуваат во истражувањето.
1.2. Истражувачки примерок
Во однос на полот и возраста на испитаниците во текот на истражувањето беше водено сметка за почитување на правилата за стратификуван примерок поради што возрасната група од 65 до 69 години е застапена со 29,7%, од 70 до 74 години со 28,5%, од
75 до 79 години со 25,3%, од 80 до 84 години со 12,7% и возрасната група над 85 години со 3,8% од вкупниот број на испитаници (Графикон бр.1). Од вкупно 158 испитаници кои беа опфатени со истражувањето 58,9% се од женски и 41,1% од машки пол (Графикон бр.2).
Графикон бр. 1 Графикон бр. 2
Од аспект на националната припадност на старите лица кои се опфатени со истражувањето, бидејќи испитаниците беа избирани по случаен избор, податоците покажуваат дека 96,2% се македонци, 2,5 % срби, 0,6% хрвати и 0,6% бугари (Графикон бр.3). Кога станува збор за брачната состојба најголем дел од старите лица се во групата оженет/омажена дури 61,4%, исто така голем е процентот и на стари лица кои се вдовци, нивниот број изнесува 34,8% од анкетираните, незначителен е процентот на разведени, 1,3% се неженети и на оние кои живеат во вонбрачна заедница (Графикон бр.4).
Графикон бр. 3 Графикон бр. 4
Во општина Центар 50% од испитаниците се со средно образование, исто така може да се забележи дека дел од испитаниците се со вишо или високо образование. Треба да се спомене дека во рамки на старите лица кои се опфатени со истражувањето има и лица кои се магистри или доктори на науки. Но од друга страна треба да се потенцира дека значителен е и бројот на стари лица со основно образование 11,4% или непотполно основно (Графикон бр. 5)
Кога станува збор за членување на старите лица во некоја организација (НВО, здружение на граѓани, политичка партија и сл.) податоците покажуваат дека само 5,7% од испитаниците се активни на ова поле (Графикон бр.6). Овој податок покажува дека најголем дел од испитаниците од оваа општина не се активно вклучени во општествените процеси и движења.
Графикон бр. 5 Графикон бр. 6
Од податоците добиени со истражувањето може да се види дека старите лица, од лицата во пошироката социјална средина, најчесто контактираат со соседите 44,9%, потоа со роднините додека најмалку со пријателите (Графикон бр.7). Во однос на видот на контактите кои ги остваруваат најчесто тоа се взаемни посети 70,3%, а оние кои што се ограничени во своите можности за движење најчесто се посетувани 27,8% од другите лица во средината (Графикон бр.8).
Графикон бр. 7 Графикон бр. 8
Податоците од истражувањето за интензитетот на контакти на старите лица со лицата од нивната социјална средина покажуваат дека 43% од испитаниците имаат контакти еднаш до двапати неделно додека 42,4% имаат секојдневни контакти (Графикон бр.9). Иако е мал процентот 3,2% сепак мора да се спомене дека има стари лица кои само неколку пати годишно имаат контакти со лица од своето непосредно опкружување, поради што оваа категорија треба да се наоѓа во фокусот на вниманието на сите субјекти кои имаат активности во делот на социјална заштита на старите лица.
Графикон бр. 9 Графикон бр. 10
Кога станува збор за здравствената состојба на старите лица од општина Центар важно е да се каже дека најголем дел од испитаниците изјавиле дека еднаш месечно имаат потреба од здравствени прегледи 45,6% но исто така висок е процентот и на оние кои само неколку пати годишно имаат потреби од здравствени прегледи 25,9%. Дел од старите лица, оние со нарушена здравствена состојба, изјавиле дека секојдневно имаат потреба од здравствени прегледи 1,3% исто така висок е процентот и на оние кои еднаш неделно имаат ваква потреба (Графикон бр.10).
Графикон бр. 11 Графикон бр. 12
Исто така важен е и податокот кој покажува дека 86,7% од испитаните стари лица секојдневно употребуваат лекови што е значајно од аспект на нивната потреба за навремена и редовна набавка на потребните лекарства но и за тоа дека дел од нив имаат потреба од помош при употреба на медикаментозната терапија (Графикон бр.11).
Од аспект на грижа за време на болест податоците покажуваат дека најчесто брачниот другар е тој што ја пружа потребната помош и грижа 58,2% но исто така висок е процентот и на оние испитаници за кои се грижат нивните деца 32,9%. Алармантен е податокот кој покажува дека 3,2% од испитаниците за време на болест се оставени сами на себе и немаат помош од никој. Но, има и стари лица кои за време на болест плаќаат човек за да се грижи за него и да му помага додека не му се подобри здравствената состојба 1,9% (Графикон бр.12).
1.3. Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Во однос на формите на заштита за кои се заинтересирани старите лица во општина Центар податоците од истражувањето покажуваат дека најголем дел од нив или 45,6% се заинтересирани за користење на услуги од центар за давање помош во домашни услови, за себе или за својот партнер (Графикон бр. 14). Исто така значаен е и процентот на оние кои одговориле дека можеби би користеле дел од услугите кои ги нуди центарот за давање помош во домашни услови, дури 28,5% од испитаниците.
Од испитаниците кои покажаа интерес за користење на услуги од Центар за помош во домашни услови најголем дел се заинтересирани за користење на услуги од областа на здравствена заштита од лекар и медицинска сестра 76,0% од испитаниците, додека за одржување хигиена на станбените простории заинтересирани се 40,2%. Исто така дел од старите лица имаат потреба од грижа за време на болест 32,5% и за услуги од физиотерапевт за кои се заинтересирани 29,9%. Најмал интерес старите лица покажаа за користење на услуги за помош околу конзумирање на храна и за обезбедување на помош при облекување и соблекување, за овие услуги се заинтересирани само 1,7% од анкетираните лица (Прилог бр.2).
Исто така треба да се потенцира дека во општина Центар висок е процентот и на стари лица кои се заинтересирани да користат услуги од дневен центар за стари лица, дури 30% од испитаниците (Графикон бр. 13). Значителен е бројот и на испитаници кои се изјасниле дека можеби би користеле услуги од Дневен центар, нивниот број изнесува 21% од вкупниот број на стари лица опфатени со истражувањето. Овие податоци јасно покажуваат дека голем број од испитаниците, доколку во нивното непосредно опкружување постои Дневен центар за стари лица, тие се заинтересирани да ги користат неговите услуги. Вакавата состојба е резултат на тоа што 63% од старите лица, опфатени со истражувањето, својата здравствена состојба ја оценуваат како добра поради што имаат потреба од услуги кои се надвор од нивниот дом, но да бидат лоцирани во нивното непосредно опкружување.
Оние испитаници кои на прашањето „Дали би користеле услуги од дневен центар за стари лица“ одговориле позитивно (со да или можеби) беа замолени да одговорат конкретно кои услуги би ги користеле во дневниот центар, во прашалникот беа понудени 15 можни одговори. Резултатите покажуваат дека дури 69,1% од нив би доаѓале заради културно-забавните активности кои би се одвивале во дневниот центар, 58% се заинтересирани за совети и едукација на различни теми, додека 53,1% сакаат во дневниот центар да користат услуги од примарна здравствена заштита (лекар и медицинска сестра). Исто така значителен број стари лица 41,9% би доаѓале во дневниот центар за дружење со врсници, 35,8% сакаат да има психо-социјални советувања, додека 34,6% се заинтересирани за физички активности прилагодени на нивната возраст и физичка кондиција. Старите лица најмал интерес покажаа за користење на услугите: поддршка на семејството, уплата на сметки, одржување на личната хигиена, одржување на хигиената на облеката – перење и набавка на намирници (Прилог бр.1).
Графикон бр. 13 Графикон бр. 14
Кога станува збор за заинтересираноста на старите лица за користење на институционална форма на социјална заштита според податоците од истражувањето може да се заклучи дека 21% од нив би користеле услуги од дом за стари лица (Графикон бр. 15).
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
26% | 74% |
Графикон бр. 15 Табела бр. 1
1.4. Материјален статус
Од аспект на плаќање на услугите истражувањето покажа дека само 26% од испитаниците се подготвени да ги платат услугите кои им се неопходни, додека останатите 74% не се подготвени да издвојуваат средства за таа намена (Табела бр. 1). Како причина за ваквиот одговор ги наведуваат ниските примања кои ги имаат најголем дел од старите лица. Според добиените податоци 51% од анкетираните стари лица иако имаат сопствени приходи сметаат дека тие не се доволни за задоволување на нивните лични потреби.
1.5. Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Во истражувањето, без оглед на тоа дали покажаа интерес за користење на институционална или вонинституционална форма на социјална заштита, испитаниците беа замолени да одговорат и на прашањето во кој субјект имаат најголема доверба да ги организира сервисите за социјална заштита кои се наменети за старите лица, на испитаниците им беше дадена можност да дадат повеќе од еден одговор. Податоците покажуваат дека најголема доверба имаат во невладиниот сектор во кој веруваат дури 71,5%, исто така голема доверба имаат и во Градот Скопје, 54,4% од испитаниците
сметаат дека Градот треба да биде одговорен за организирање и раководење на ваквите служби (Табела бр. 2). Треба да се спомене дека старите лица искажаа голема доверба и кон општина Центар, податоците покажуваат дека 47,5% од старите лица сметаат дека општината треба да ги координира претходно споменатите форми на социјална заштита на старите лица. Додека најмала доверба старите лица имаат во јавните (државни) и приватните установи, исто така важно е да се спомене дека 5% од вкупниот број на испитаници немаат доверба во никој од споменатите субјекти.
Најголема доверба | |
Град Скопје | 54,4% |
општината | 47,5% |
јавна установа за социјална заштита | 31,0% |
приватно правно лице | 30,4% |
невладина организација | 71,5% |
на никој | 5,0% |
Табела бр.2
2. ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Општина Кисела Вода уште на Пописот 2002 година, бележи надминување на критичната точка на демографска старост, со 13%. Затоа со право оваа општина се смета за општина со демографски старо население, која треба да посвети посебно внимание во изградбата на ресурси и капацитети, кои ќе можат достојно да ги задоволат потребите на старите лица.
Старите лица кои се анкетирани од оваа општина живеат и во урбаните и во руралните делови на општината. Нивниот сооднос изнесува 129 стари лица од урбана и 19 стари лица од рурална средина. Опфатени се следниве населени места: Цветан Димов, Димо Хаџи Димов, Пржино, Црниче, Припор, Усје, Бирарија, Пинтија, 11 Октомври, Драчево, Подстаница, Кисела Вода, с. Драчево, Драчево. Во населените места Бирарија, Црниче, Димо Хаџи Димов и Цветан Димов достапни се следниве ресурси: мини продавници и маркети, општа амбуланта, аптека, верски објекти, додека во Цветан Димов има и пошта. Старите лица во Пржино имаат достапни помалку ресурси: маркети, пазар и аптека, во Усје само мини продавници, а на старите лица во Пинтија достапни им се само верски објекти и мини продавници.
За разлика од нив на населението во Драчево достапни му се скоро сите ресурси: мини продавници, маркети, пошта, пазар, општа и специјалистичка амбуланта, културни и верски објекти, па дури и дом за дружење со врсници. Во 11 Октомври и Кисела Вода според изјавите на старите лица достапни се следниве ресурси: мини продавници, маркети, општа амбуланта и аптека. Достапноста на различни ресурси во различни делови на секоја општина, прави и старите лица внатре во самата општина да имаат различни потреби.
2.1. Искуство на анкетарите на терен
Анкетарите на поголем дел од подрачјето на општина Кисела Вода забележале интерес кај старите лица за да дадат свој придонес во истражувањето. Старите лица од оваа општина најмногу барале анкетарите да се легитимираат, како дозвола која ја имаат за реализирање на анкетата. Но, имале и повеќе искуства во кој старите лица барале дозвола од нивните семејства, т.е. деца, за да бидат анкетирани. Имало и искуства анкетарите да бидат избркани.
2.2. Истражувачки примерок
Имајќи го во предвид стратифицираниот примерок и во оваа општина со истражувањето се опфатени најголем број на стари лица на возраст од 65-69 години, или 40,5% од испитаниците се на оваа возраст. Старите лица со возраст над 85 се со најмала застапеност во истражувањето со 4,1% (Графикон бр. 16).
Гледано според полот на испитаниците учеството на женскиот пол е поголемо и изнесува 56,1%, а 43,9% на оние од машки пол (Графикон бр. 17).
Графикон бр. 16 Графикон бр. 17
Според националната припадност најголем дел од испитаниците опфатени со истражувањето во оваа општина се Македонци или 94,6% од испитаниците, по 1,4% се од албанска и босанска, потоа 0,7% од турска и 2,0% од српска националност (Графикон бр. 18).
Графикон бр. 18 Графикон бр. 19
Поголем дел од старите лица опфатени со истражувањето 61,5% живеат во брачна заедница, додека 34,5% поради смрт на брачниот другар се вдовци. Процентот на разведени и неженети испитаници, во оваа општина е многу мал (Графикон бр.19).
Најголем дел од испитаниците во оваа општина се со средно образование 48%, 7,4% се со вишо, 12,2% со високо образование (Графикон бр.20). Меѓу испитаниците има и по еден испитаник со магистратура и докторат. Но, во оваа општина значаен е и показателот на лица кои се со непотполно основно образование или само со основно образование 31,1%. Ова значи дека треба да се обрне внимание на лицата со различен вид на образование, за да услугите одговараат на нивните потреби. Може лицата со повисоко образование да се искористат како двигатели на другите стари лица, со пониско образование.
Во оваа општина бројот на стари лица вклучени во активно членство во некоја организација изнесува 10,8% (Графикон бр.21), што е веќе значаен показател за потребата од активности на старите лица во оваа општина, нивно ангажирање во активности надвор од домот и дружење со врсниците, како и за препознавање на организации во кои тие можат да се вклучат и да задоволат дел од своите потреби.
Графикон бр. 22 Графикон бр. 23
Според податоците од (Графикон бр.22), може да се види дека старите лица, од лицата во пошироката средина, најчесто контактираат со соседите, потоа со роднините 19,7% и најмалку со пријателите. При тоа видот на контактите кои ги остваруваат најчесто се взаемни посети 82,4% (Графикон бр.23), а оние кои што се ограничени во своите можности за движење, поради староста најчесто се посетувани 14,9% од другите лица во средината.
Во општина Кисела Вода според исказите на испитаниците тие контакти со лицата од пошироката средина, најчесто се секојдневни 33,6%, или се одвиваат еднаш до два пати неделно 32,2% (Графикон бр.24). Лицата кои се ограничени во движењето имаат и поретки контакти.
Интересно е што старите лица во оваа општина, за разлика од другите општини не ја истакнале во голема мера потребата од здравствени прегледи. Имено 39,2% (Графикон бр.25), од нив се изјасниле дека имаат потреба од здравствени прегледи еднаш месечно, а речиси ист процент 38,5% неколку пати годишно, иако 66,2% (Графикон бр.26), од нив истакнале дека употребуваат лекови секојдневно.
Графикон бр. 26 Графикон бр. 27
И во оваа општина грижата за време за болест за старото лице најчесто ја има брачниот другар со 53,4%, (Графикон бр.27), потоа децата со 31,1%, а 8,1% од испитаниците истакнале дека за време на болест никој не се грижи за нив.
2.3. Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Поголем дел од анкетираните стари лица изразиле заинтересираност за користење услуги од дневен центар за стари лица, односно 34,7% (Графикон бр.28). Други 21,1% се изјасниле дека можеби би ги користеле услугите на дневен центар, што значи дека доколку постои ваква форма на вонинституционална заштита во општина Кисела Вода, овие стари лица можат да се јават како потенцијални корисници. Поголемата заинтересираност за користење на услуги од дневен центар во оваа општина се должи на застапеноста на стратифицираниот примерок, односно поголемо учество на стари лица од групата млади стари, како и на нивната здравствена состојба и подвижност. Имено 66,4% од испитаниците се изјасниле дека се подвижни надвор од домот, и иако 73,5% од нив имаат хронични заболувања, сепак 56,5% се изјасниле дека нивната здравствена состојба ја оценуваат како константно добра.
Графикон бр.28 Графикон бр. 29
Од заинтересираните испитаници за користење услуги на дневен центар најмногу се заинтересирани за услугата дневен престој, односно дружење со врсници 84%, потоа 78,05% се заинтересирани за културно-забавни активности, 74,40% за здравствена заштита, 53,66% за совети и едукации на теми од секојдневното живеење, 46% за услуги од физиотерапевт, и изненадувачки 45,12% за физички активности, што повторно ја потврдува нивната свесност за потребата од физичка активност и одржување на здравје на телото и духот. Поради живеењето во градско подрачје, многу малку од нив се заинтересирани за користење услуги за одржување лична хигиена и хигиена на облеката. Значаен е и процентот на испитаници 30,49% кои се изјасниле дека би сакале да користат исхрана во дневниот центар (Прилог бр.1).
Интересот за користење на услуги од центар за давање помош во домашни услови е помал кај испитаниците во оваа општина, но не и незначителен. Имено поради достапноста на различни ресурси, а и различните потреби 21,6% се изјасниле дека имаат потреба за користење на услуги од центар за давање помош во домашни услови, а 29,1% дека можеби би користеле вакви услуги (Графикон бр. 29).
Од старите лица кои изразиле заинтересираност за користење услуги од центар за давање помош во домашни услови, најголема заинтересираност постои за услугите здравствена заштита 62,67%, грижа за време на болест 60%, услуги од физиотерапевт 57,34%, одржување на станбени простории 30,67%. 25,34% се заинтересирани да користат услуги како помош за земање на лекови, а 22,67% за дистрибуирање готова храна во домот. Најмала е заинтересираноста 1,34% за услугите помош во исхраната и помош при облекување и соблекување. Овие услуги се претежно потребни на многу зависни корисници, па затоа и заинтересираноста за нив согласно истражувачкиот примерок, кој е опфатен е многу мала (Прилог бр.2).
Процентот на стари лица кои се заинтересирани за сместување во установа во оваа општина изнесува 6,1%, додека на оние кои можеби би користеле вакви услуги, кога за тоа би имале потреба изнесува 35,1%, што е релативно значаен индикатор за креирање на идните политики на општината за развивање форми за институционална заштита на стари лица. (Графикон бр.30).
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
20% | 80% |
Графикон бр. 30 Табела бр. 3
2.4. Материјален статус
Интересно е што односот на испитаниците во оваа општина кои сметаат дека нивните приходи не ги задоволуваат нивните лични потреби и оние кои сметаат дека тие приходи ги задоволуваат нивните лични потреби изнесува 49%:51%. При тоа иако повеќето сметаат дека приходите им се доволни, сепак само 20% од испитаниците сметаат дека можат да одвојуваат средства за да платат лице да им помага во задоволување на нивните секојдневни потреби (Табела бр.3). Од оние кои се изјасниле дека можат да одвојуваат средства, 7% можат да плаќаат до 2000 денари, а други 7% и до 5000 денари. Интересно е што има и такви кои можат да платат и по 10000 денари месечно, иако се многу малку на број, односно само 5 испитаника во оваа општина.
2.5. Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Во однос на довербата во институциите и организациите, кои според системот на социјална заштита можат да организираат и даваат услуги кон стари лица, старите лица изразиле најголема доверба кон невладини организации 53,38%, а потоа приближно еднаква доверба имаат кон општина Кисела Вода 43,24% и кон градот Скопје 40%. Процентот на испитаници кои немаат доверба во ниту една од овие институции е многу мал 2% и речиси незначителен (Табела бр.4).
Најголема доверба | |
Град Скопје | 40% |
општината | 43,24% |
јавна установа за социјална заштита | 8,10% |
приватно правно лице | 14,20% |
невладина организација | 53,38% |
на никој | 2% |
Табела бр.4
3. ОПШТИНА КАРПОШ
Имајќи ги во предвид податоците добиени на Пописот од 2002 година според кои општина Карпош имала 15% старо население, таа претставува дел од истражувањето на потребите на старите лица на ниво на град Скопје. Ако се земат во предвид постојаните процеси на демографско стареење на населението за очекување е дека овој процент е уште поголем.
Во општина Карпош анкетирани се стари лица кои живеат во следниве населени места: Карпош (1) 19 стари лица, Карпош (2) 13, Карпош (3) 22, Карпош (4) 26, Влае 26,
Хром 1, Козле 15, Тафталиџе 34, Владо Тасевски 12 и во Нерези 13 стари лица. Иако достапноста до ресурси во средината, неопходни за задоволување на потребите на старите лица, е различна низ населените места во општината сепак во сите населени места во кои е реализирано истражувањето старите лица ѓи имаат на располагање најголемиот број од нив како што се: мини продавници, маркети, пазар, амбуланта, аптека и верски објекти, додека само во дел од нив постојат културни објекти.
3.1. Искуство на анкетарите на терен
Старите лица од општина Карпош покажаа исклучителна заинтересираност за вклучување во истражувањето и за давање активен придонес во постигнување на неговите цели. За разлика од другите општини пристапот до старите лица во општина Карпош беше полесен и заради големата доверба на испитаниците кон анкетарите.
3.2. Истражувачки примерок
При изборот на истражувачкиот примерок, запазена е рамката на стратифициран примерок, по пол и возраст, со што е опфатено 2% на старото население во општината (Според податоците од ДЗС за Пописот 2002 година).
Врз основа на тоа дека примерокот е стратификуван по возраст и пол, со истражувањето се опфатени најголем број на стари лица на возраст од 65-69 години, или 40,3% од вкупниот број на испитаници. Со зголемување на возраста на истражуваната популација, се намалува нивното процентуално учество во истражувачкиот примерок, па така старите лица со возраст над 85 се застапени само 2,8% (Графикон бр.31).
Графикон бр. 31 Графикон бр. 32
Кога станува збор за полот на испитаниците, податоците од истражувањето покажуваат дека 54,7% од анкетираните се од женски пол, а 45,3% од машки пол (Графикон бр.32).
Бидејќи националноста не беше опфатена со стратифицираниот примерок изборот на испитаниците по националност е направен по случаен избор. Податоците од истражувањето покажуваат дека во општина Карпош 89,5% анкетираните стари лица се од македонска националност, 5,5% од албанска, 3,3% од србска националност и 1,7% од ромска националност (Графикон бр.33).
Графикон бр. 33 Графикон бр. 34
Во однос на брачната состојба на старите лица од податоците може да се забележи дека 62,4% се во брак, но исто така голем е процентот и на старите лица кои се вдовци 30,9%. Додека незначителни се процентите на оние стари лица кои се разведени, неженети или во вонбрачна заедница (Графикон бр.34).
Графикон бр. 35 Графикон бр. 36
Најголем дел од испитаниците во општина Карпош имаат завршено средно образование 52,5%, дел од нив се со вишо образование 10,5% додека 6,6% имаат завршено високо образование. Но, во оваа општина значаен е и показателот на лица кои се неписмени или се со непотполно основно образование или само со основно образование, вкупниот процент на овие три категории изнесува 30,5% (Графикон бр.35).
Бројот на стари лица кои активно се вклучени во некоја организација изнесува 7,2%, што укажува на потребата на овие стари лица за ангажирање во активности надвор од домот и дружење со врсниците, како и за препознавање на организации во кои тие можат да се вклучат и да задоволат дел од своите потреби(Графикон бр.36).
Графикон бр. 37 Графикон бр. 38
Според добиените податоци од истражувањето 55,2% од анкетираните стари лица своите социјални контакти ги остваруваат со соседите, додека најмал е процентот на оние кои контактираат со своите пријатели 5,5% (Графиконот бр. 37). Во однос на видот на контактите може да се зклучи дека дури 68% од испитаниците своите контакти со лицата од социјалната средина ги базираат на взаемни посети. Останатите 32% од старите лица, опфатени со истражувањето, поради потешкотиите во движењето најчесто се посетувани од своите најблиски (Графиконот бр. 38).
Графикон бр. 39 Графикон бр. 40
Интензитетот на контактите на старите лица со лицата од нивната социјална средина најчесто се секојдневни 56,9% додека само 1,7% од испитаниците имаат контакти само неколку пати годишно (Графиконот бр. 39).
Од аспект на потребата од здравствени прегледи податоците покажуваат дека најголем број од старите лица во општина Карпош 55,2% еднаш месечно имаат потреба од здравствени прегледи, додека 5% изјавиле дека воопшто немаат потреба од здравствени прегледи (Графиконот бр. 40).
Графикон бр. 41 Графикон бр. 42
Кога станува збор за употребата на лекови може да се види дека 84% од испитаниците секојдневно употребуваат лекови (Графиконот бр. 41). Додека пак во однос на грижата за време на болест може да се заклучи дека членовите на потесното семејство сеуште претставуваат главниот столб кој ја обезбедува потребната помош во случај на болест на старото лице (Графиконот бр. 42).
Податоците за социјалните контакти и здравствената состојба на старите лица треба сериозно да бидат земени во предвид при планирање на формите на социјална заштита кои ќе се организираат во општината, но и при формирање на пакетот на услуги кои ќе ги испорачуваат до крајните корисници.
Графикон.бр. 43 Графикон бр. 44
3.3. Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Податоците од истражувањето покажуваат дека најголем процент од старите лица во општина Карпош се заинтересирани за користење на услуги од центар за помош во домашни услови 44,2% од испитаниците (Графикон бр.44). Ова се должи пред се на фактот што 36% од старите лица опфатени со истражувањето имаат потешкотии во движењето надвор од домот, но и заради нарушената здравствена состојба бидејќи 81,7% од испитаниците имаат хронични заболувања а 13,2% се со телесна инвалидност.
Значително помал е интересот на старите лица за користење на услуги од дневен центар, за оваа форма заинтересирани се 29,3% од старите лица (Графикон бр.43).
Од вкупниот број на стари лица кои се заинтересирани за користење услуги од Центар за помош во домашни услови, најголем интерес постои за услугите здравствена заштита 78,1%, грижа за време на болест 46,8%, за одржување на хигиената на станбените простории 40,6% и услуги од физиотерапевт 35,9%. Најмал интерес старите лица покажаа за користење на услугите помош во одржување на хигиената на леглото 11,7% и помош во одржување на хигиената на облеката 13,2% од испитаниците (Прилог бр.2).
Во однос на услугите што ги нуди Дневниот центар за стари лица, позитивно изјаснетите испитаници за користење на оваа форма, најголем интерес покажаа за културно-забавни активности 67,8%. Исто така висок е процентот и на стари лица кои се заинтересирани за користење услуги во однос на дневен престој 42,8%, за здравствена заштита 38% и за совети и едукација на различни теми 33,3% од испитаниците. Старите лица од општина Карпош не се заинтересирани за користење на услугата поддршка на семејството, но исто така мал е процентот и за услугите одржување на хигиената на облеката и работно и волонтерско ангажирање за кои се заинтересирани по 1,1% од испитаниците (Прилог бр.1).
Кога станува збор за користење на институционална форма на социјална заштита податоците покажуваат дека само 5,5% од анкетираните стари лица од општина Карпош одговориле позитивно. Што несомнено упатува на заклучок дека тие ги преферираат вонинституционалните форми кои им овозможуваат што подолго да останат да живеат во своите домови (Графикон бр.45).
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
33,7% | 66,3% |
Графикон бр. 45 Табела бр. 5
3.4. Материјален статус
Во однос на можноста на старите лица да одвојуваат финансиски средства за грижа податоците покажуваат дека 33,7% можат да одвојат дел од своите приходи за оваа намена (Табела бр.5). Но подеталната анализа во однос на висината што може да ја одвојуваат покажува дека 72% од нив можат да одвојат најмногу до 2.000 денари месечно.
3.5. Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Испитаниците најголема доверба за организирање и давање на услуги од социјална заштита на старите лица имаат во општината 59,6%. Освен во општината голема доверба
имаат во невладиниот сектор 58% и во Градот Скопје 37,5%. Важно е да се спомене дека 13,2% од испитаниците немаат доверба во ниту еден од субјектите кои според законските одредби во Република Македонија можат да се јават како даватели на услуги од областа на социјална заштита на старите лица (Табела бр.6).
Најголема доверба | |
Град Скопје | 37,5% |
општината | 59,6% |
јавна установа за социјална заштита | 20,4% |
приватно правно лице | 20,9% |
невладина организација | 58,0% |
на никој | 13,2% |
Табела бр.6
4. ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Општина Гази Баба е дел од истражувањето на потребите на старите лица на ниво на град Скопје заради релативно високиот процент на старо население. Според податоците добиени на Пописот од 2002 година општина Гази Баба имала 9% старо население, имајќи ги во предвид постојаните процеси на демографско стареење на населението за очекување е дека во овој момент процентот на стари лица е уште поголем.
Во општина Гази Баба анкетирани се стари лица кои живеат во следниве населени места: Хиподром 13 стари лица, Ченто 2, Инџиково 5, Јурумлери 1, Железара 8,
Автокоманда 54, Трубарево 7, Маџари(1) 18, Маџари(2) 6, Керамидница 4 и во Триангла 17 стари лица. Во најголем дел од населените места во кои е реализирано истражувањето постојат ресурси кои се неопходни за задоволување на базичните потреби на старите лица, додека во Автокоманда има и организација за помош на стари лица (пензионерски дом).
4.1. Искуство на анкетарите на терен
Старите лица во општина Гази Баба покажаа исклучителна заинтересираност за вклучување во истражувањето и дадоа активен придонес во целиот процес. Најголем дел од анкетираните искажаа пофални зборови за тоа што Градот Скопје започнува со превземање чекори за подобрување на положбата на лицата од трето доба и се надеваат дека од истото ќе произлезат конкретни мерки и активности кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот на оваа категорија граѓани.
4.2. Истражувачки примерок
При изборот на истражувачкиот примерок, запазена е рамката на стратифициран примерок, по пол и возраст, со што е опфатено 2% на старото население во општината (Според податоците од ДЗС за Пописот 2002 година).
Имајќи во предвид дека примерокот е стратификуван по возраст и пол, со истражувањето се опфатени најголем број на стари лица на возраст од 65-69 години, или 47,4% од вкупниот број на испитаници. Како се зголемува возраста на истражуваната популација, така се намалува нивното учество во истражувачкиот примерок, за да старите лица со возраст над 85 се со најмала застапеност во истражувањето или со 3,7% (Графикон бр.46).
Графикон бр. 46 Графикон бр. 47
Во однос на полот податоците од истражувањето покажуваат дека 53,3% од анкетираните стари лица се од женски пол, а 46,7% од машки пол (Графикон бр.47).
Бидејќи националноста не беше опфатена со стратифицираниот примерок изборот на испитаниците по националност е направен по случаен избор. Според податоците од истражувањето може да се заклучи дека во општина Гази Баба 85,2% од старите лица опфатени со истражувањето се од македонска националност, 5,9% од албанска, 3,7% од ромска, 3% од босанска и 2,2% од србска националност (Графикон бр.48).
Графикон бр. 48 Графикон бр. 49
Податоците за брачната состојба на старите лица покажуваат дека 62,2% од нив се во брак, исто така со голем процент се застапени и старите лица кои се вдовци 31,9%. Додека незначителни се процентите на оние стари лица кои се разведени, неженети или во вонбрачна заедница (Графикон бр.49).
Графикон бр. 50 Графикон бр. 51
Најголем дел од испитаниците во општина Гази Баба имаат завршено средно образование 57,8% (Графикон бр.50). Но значителен е и процентот на стари лица кои се без образование, со непотполно основно и со основно образование 29,7%. При креирање на услугите за заштита на стари лица треба да се води сметка и за степенот на образование на старите лица со цел услугите да бидат соодветни на нивните потреби.
За разлика од најголем дел од останатите општини, во општина Гази Баба процентот на стари лица кои се активни членови на некоја организација изнесува 13,3%
(Графикон бр.51), што зборува дека значителен процент на стари лица се вклучени во општествени активности.
Графикон бр. 52 Графикон бр. 53
Во однос на контактите на старите лица со лица од нивната социјална средина може да се забележи дека најголем дел од испитаниците контактираат со своите соседи 58% и роднини 32,1% (Графикон бр.52), и овие контакти најчесто се базираат на взаемни посети 82,8% (Графикон бр.53). Додека пак нивниот интензитет варира од секојдневни 39,6%, еднаш до двапати неделно 26,1% до контаки кои имаат интензитет од два до три пати месечно 26,9%. Исто така треба да се има во вид дека 7,5% од испитаниците само неколку пати во годината имаат контакти со лица од својата социјална средина што укажува на нивна изолираност и осаменост (Графикон бр.54).
Графикон бр. 54 Графикон бр. 55
Податоците за здравствената состојба на старите лица во општина Гази Баба покажуваат дека 48,1% од испитаниците изјавиле дека најмногу еднаш месечно имаат потреба од здравствени прегледи, но исто така висок е процентот и на оние кои имаат потреба од здравствени прегледи само неколку пати годишно 40,7%. Меѓутоа, од аспект на планирање на формите за заштита на старите лица треба да се има во предвид дека 3,7% од испитаниците во оваа општина изјавиле дека имаат потреба од секојдневни здравствени прегледи (Графикон бр.55).
Графикон бр. 56 Графикон бр. 57
Исто така кога се анализира здравствената состојба на старите лица треба да се има во предвид дека 71,1% од испитаниците изјавиле дека секојдневно употребуваат лекови (Графикон бр.56). Кога станува збор пак за грижата за време на болест може да се види дека брачниот другар и децата се единствените кои на испитаниците од општина Гази Баба им обезбедуваат поддршка и помош за време на болест (Графикон бр.57).
Графикон.бр. 58 Графикон бр. 59
4.3. Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Податоците од истражувањето покажуваат дека старите лица, пред се заради добрата подвижност надвор од домот и релативно добрата здравствена состојба поголем интерес имаат за користење на услуги од дневен центар, за оваа форма зантересирани се 28,9% од испитаниците (Графикон бр.58). Но, старите лица од општина Гази Баба, пред се оние со нарушена здравствена состојба имаат потреба и од услуги од центар за помош во домашни услови, за ваков вид на услуги заинтересирани се 23,7% од испитаниците (Графикон бр.59).
Во однос на услугите што ги нуди дневниот центар за стари лица, позитивно изјаснетите испитаници за користење на оваа форма, најголем интерес покажаа за користење услуги во однос на дневен престој и за културно-забавни активности, за овие услуги заинтересирани се 80,7%. Исто така висок е процентот и на стари лица кои се заинтересирани за здравствена заштита 61,4% од испитаниците, додека за совети и
едукација на различни теми заинтересирани се 56,1%. Најмал интерес старите лица покажаа за услугите уплата на сметки, поддршка на семејството и за набавка на намирници (Прилог бр.1).
Од анкетираните стари лица кои се изјасниле дека се заинтересирани за користење услуги од Центар за помош во домашни услови, најголема заинтересираност постои за услугите здравствена заштита 64,2% и услуги од физиотерапевт 30%, но и за одржување на хигиената на станбените простории 28,5%. Ниту еден од анкетираните и позитивно заинтересирани испитаници за користење услуги од Центар за помош во домашни услови не е заинтересиран за користење на услугите помош во исхраната и помош во облекување и соблекување (Прилог бр.2).
Интересот за сместување во установа за стари лица кај испитаниците од општината Гази Баба изнесува 13,3%, додека на оние кои можеби би користеле вакви услуги, кога за тоа би имале потреба изнесува 34,1% (Графикон бр.60).
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
23% | 77% |
Графикон бр. 60 Табела бр. 7
4.4. Материјален статус
Иако 91,1% од старите лица опфатени со истражувањето имаат сопствени финансиски приходи само 39,3% од нив сметаат дека тие им се доволни за задоволување на нивните лични потреби. Според тоа не е за изненадување и податокот дека само 23% се во можност да одвојуваат финансиски средства за грижа но најмногу до 1.000 денари месечно (Табела бр. 7).
4.5. Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Кога станува збор за тоа во кој субјект имаат најголема доверба за организирање и давање на услуги од социјална заштита на старите лица, испитаниците изразиле најголема доверба кон општината 42,9%. Освен општината голема доверба испитаниците имаат и кон Градот Скопје 39,2%. Потоа следи невладиниот сектор со 26,6% , исто така треба да се спомене дека 7,4% од испитаниците немаат доверба во ниту еден од субјектите кои според законските одредби во Република Македонија можат да се јават како даватели на услуги од областа на социјална заштита на старите лица (Табела бр. 8).
Најголема доверба | |
Град Скопје | 39,2% |
општината | 42,9% |
јавна установа за социјална заштита | 22,2% |
приватно правно лице | 17,7% |
невладина организација | 26,6% |
на никој | 7,4% |
Табела бр.8
5. ОПШТИНА ЧАИР
Причината поради која е избрана општина Чаир во истражувањето, е причината поради која е избрана и општина Аеродром, односно процентот на стари лица од 8% на Пописот 2002 година.
Поради затвореноста на старите лица во оваа општина, поголем дел од испитаниците се истражени надвор од своите домови, односно во паркови или пред нивните живеалишта. Од истите причини и истражувањето е спроведено во еден поконцентриран круг, односно во паркот кај стадионот Чаир, улицата Џон Кенеди, и главната улица која води накај Бутел. Сите испитаници живеат во урбана средина и имаат пристап до значајните ресурси, мини продавници, маркети, аптека, општа амбуланта и верски објекти, додека дел од нив се изјасниле дека имаат пристап до културни објекти, пазар и пошта, и иако само 18,7%, но сепак значаен број на стари лица во оваа општина препознаваат организација за помош на старите лица. Според добиените информации станува збор за невладина организација, која дава бесплатна правна помош за старите лица.
5.1. Искуство на анкетарите на терен
Искуството на анкетарите покажува дека за реализирање на анкета надвор од домовите на старите лица, постоела голема заинтересираност кај сите анкетирани етнички заедници.
5.2. Истражувачки примерок
Според предложениот стратифициран примерок, најзастапена е возрасната група од 65-69 години, односно 43% од испитаниците. Најмала е застапеноста на испитаниците на возраст над 85 години, или со 3,7%, додека значајно е учеството на испитаниците на возраст 70-75 години, со 29%, или скоро една третина од испитаниците (Графикон бр.61).
Застапеноста на испитаниците од женски пол е со 53,3%, додека на оние од машки пол со 46,7% (Графикон бр. 62).
Графикон бр. 61 Графикон бр. 62
Поради зголеменото учество на припадниците на муслиманската вероисповед во оваа општина, во истражувањето се направи настојување, да се вклучи што поголем број на стари лица кои спопред националноста влегуваат во оваа вероисповед. Така во оваа
општина најголем е процентот на анкетирани стари лица од албанска националност 52,3%, а со 7,5% се застапени и припадниците на турската националност. Со тоа 60% од анкетираните стари лица во оваа општина припаѓаат на муслиманската вероисповед, додека останатите 39,3% се од македонска националност (Графикон бр. 63).
Графикон бр. 63 Графикон бр. 64
Интересно е што во оваа општина старите лица за својата брачна состојба се изјасниле дека се или во брак 74,8%, или вдовци со 25,2% (Графикон бр.64).
Графикон бр. 65 Графикон бр. 66
Најголем дел од испитаниците во оваа општина се со средно образование или 60,7% (Графикон бр.65). Старите лица без образовние, со непотполно основно и со основно образование претставуваат една третина од испитаниците во оваа општина или 32,7%. Затоа при креирањето на услугите во формите на заштита на стари лица, треба да се води сметка и за степенот на нивното образование, со цел услугите да бидат соодвентни на нивните потреби.
Во оваа општина само 2,8% од анкетираните стари лица се активни членови на некоја организација (Графикон бр.66), што зборува за недоволна вклученост на старите лица во општествени активности.
Графикон бр. 67 Графикон бр. 68
Најголем дел од старите лица во оваа општина најчесто контактираат со соседите или 59,8%, и 35,5% (Графикон бр.67) со роднините. При тоа контактите кои ги остваруваат се најчесто во форма на взаемни посети 84,1% (Графикон бр.68), или каде старото лице е посетувано 15%. Во оваа општина може да се забележи поинаква распореденост на интензитетот на контактите, од другите општини. Имено кај една третина или кај 38,1% од анкетираните стари лица (Графикон бр.69), овие контакти се одвиваат секојдневно, а кај речиси друга третина, овие контакти се одвиваат два-три пати месечно. 14,3% се изјасниле дека контактите ги остваруваат неколку пати годишно, а 13,3% еднаш до двапати неделно. Ова говори дека контактите со социјална средина, во оваа општина се застапени, но во помал обем во однос на другите општини.
Графикон бр. 69 Графикон бр. 70
Интересно е што во оваа општина поголем дел од старите лица се изјасниле дека имаат потреба да одат на лекар неколку пати годишно 57,9%, што е речиси две третини од испитаниците, а 31,8% (Графикон бр.70) од испитаниците за тоа имаат потреба еднаш месечно. Процентот на испитаници кои проценуваат дека имаат потреба од секојдневни контроли или контроли еднаш неделно изнесува само 10,3%.
Графикон бр. 71 Графикон бр. 72
Постои неусогласеност на исказите на испитаниците во однос на тоа колку често употребуваат лекови, во однос на нивните посети на лекар. Од испитаниците 71% (Графикон бр.71) се изјасниле дека секојдневно употребуваат лекови, а имаат потреба за месечни контроли од лекар само 31,8% (Графикон бр.70) од испитаниците. Ова е значаен индикатор за понатамошни истражувања, во смисла кои се лековите кои секојдневно ги употребуваат старите лица, и кој им ги набавува, доколку немаат потреба месечно истите да ги препишат на лекар.
Во оваа општина е сосема јасно дека грижата за постарите членови во семејството, е секогаш препуштена на членовите на семејството, и тоа кај 70,1% (Графикон бр.72) од испитаниците кај брачниот другар, и кај 29,9% од испитаниците кај нивните деца. Другите индикатори не се воопшто застапени во оваа општина.
5.3. Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Интересот за користење на услуги од дневен центар и центар за давање помош во домашни услови во оваа општина е речиси еднаков. Имено 23,4% од испитаниците се изјасниле дека се заинтересирани за користење на услуги од дневен центар за стари лица, а 13,1% дека можеби би користеле вакви услуги (Графикон бр.73). Од друга страна 20,6% од испитаниците се изјасниле дека би користеле услуги од центар за давање поимош во домашни услови, а 12,1% дека можеби би користеле вакви услуги (Графикон бр.74).
Од испитаниците кои изразиле заинтересираност за користење на услуги од дневен центар, најмногу се заинтересирани за услугата здравствена заштита и тоа со 58,97% и дневен престој со 56,41%. Потоа со 33,34% е изразена потребата за културно-забавни и физички активности, додека за услугите одржување на лична хигиена, хигиена на облеката – перење, набавка на намирници и уплата на сметки не постои воопшто заинтересираност кај анкетираните стари лица (Прилог бр. 1).
Графикон бр. 73 Графикон бр. 74
Најголема заинтересираност од услугите на центар за давање помош во домашни услови постои за услугата здравствена заштита од лекар и медицинска сестра или 34,29% од заинтересираните испитаници за оваа форма на вониституционална заштита се изјасниле дека ја преферираат оваа услуга. Гледајќи ја заинтересираноста за користење на формите за вонинституционална заштита се добива впечаток дека старите лица би ги користеле овие услуги, поради здравствената заштита и во дневниот центар и во центарот за давање помош во дамашни услови. Интересот за било која друга услуга во центарот за давање помош во домашни услови е многу мал или речиси незабележителен (Прилог бр.2).
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
8,4% | 91,6% |
Графикон бр. 75 Табела бр. 9
И интересот за сместување во установа за стари лица кај анкетираните стари лица во оваа општина е многу мал, што веројатно се должи на етничката припадност на старите лица, каде традиционалните врски и грижата на семејството за своите постари членови е сеуште присутна. Тос се потврдува со фактот што дури две третини од анкетираните или 70,1% одговориле дека не би користеле вакви услуги, а 21,5% можеби (Графикон бр.75).
5.4. Материјален статус
Во општина Чаир само 8,4% одговориле дека можат да одвојат финансиски средства за некое лице да се грижи за нив, и тоа најголем дел од нив сметаат дека таа сума
изнесува до 1000 денари (Табела бр.9). Од испитаниците во општина Чаир 23,36% одговориле дека нивните лични приходи ги задоволуваат нивните лични потреби, додека останатите 76,64% сметаат дека со нивните приходи не можат да ги задоволат нивните лични потреби.
5.5. Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Во оваа општина првото место во однос на довербата кон институциите кои можат да се јават како субјект кој нуди вакви услуги го делат невладините организации со 41,12% и градот Скопје со 39,25%. Но не изостанува и довербата кон општината со 31,28%. Најмала доверба е изразена кон јавните установи за социјална заштита (Табела бр.10).
Најголема доверба | |
Град Скопје | 39,25% |
општината | 31,78% |
јавна установа за социјална заштита | 11,21% |
приватно правно лице | 26,17% |
невладина организација | 41,12% |
на никој | 9,35% |
Табела бр.10
6. ОПШТИНА БУТЕЛ
Според податоците добиени на Пописот од 2002 година општина Бутел имала 9% старо население, имајќи го во предвид овој процент но и фактот за постојано демографско стареење на населението одлучено е и оваа општина да биде дел од истражувањето на потребите на старите лица на ниво на град Скопје.
Во општината Бутел истражувањето беше реализирано во следниве населени места: Бутел (1) 40 стари лица, Бутел (2) 6, Скопје Север 10 и Радишани 11 стари лица. Во сите населени места во кои беше реализирано истражувањето на старите лица им стојат на располагање следниве ресурси за задоволување на нивните потреби: мини продавници, маркети, пошта, пазар, аптека, амбуланта и верски објекти, недостасуваат културни објекти, специјалистичка амбуланта и организации за помош на стари лица.
6.1.Искуство на анкетарите на терен
Општина Бутел се карактеризира со исклучително мала заинтересираност на старите лица за партиципирање во истражувањето, но и со манифестирана недоверба кон лицата кои го реализираа истражувањето на терен. Поради овие причини беше неопходно анкетарите да вложат дополнителен напор за мотивирање на локалното население за вклучување во истражувањето.
6.2.Истражувачки примерок
Во истражувањето запазена е рамката на стратифициран примерок, по пол и возраст и опфатеност од 2% на старото население во општината (Според податоците од ДЗС за Пописот 2002 година). Според што во истражувањето анкетирани се најголем број на стари лица на возраст од 65-69 години, или 44,8% од вкупниот број на испитаници. Додека најмал е процентот на анкетирани во возрасната група над 85 години со само 3% (Графикон бр.76).
Графикон бр. 76 Графикон бр. 77
Кога станува збор за полот на испитаниците податоците од истражувањето покажуваат дека 53,7% од анкетираните стари лица се од женски пол, а 46,3% од машки пол (Графикон бр.77).
Поради тоа што националноста не беше опфатена со стратифицираниот примерок изборот на испитаниците по националност е направен по случаен избор. Податоците
покажуваат дека 85,1% од испитаниците во општина Бутел се од македонска додека 14,9% од албанска националност (Графикон бр.78).
Графикон бр. 78 Графикон бр. 79
Во однос на брачната состојба на старите лица во општина Бутел карактеристично е тоа што нема ниту еден претставник во групите неженет/немажена, разведен/разведена и вонбрачна заедница. Најголем дел од старите лица во оваа општина се во групата оженет/омажена 74,6% и еден дел во групата вдовец/вдовица 25,4% (Графикон бр.79).
Графикон бр. 80 Графикон бр. 81
Податоците за степенот на образование покажуваат дека најголем дел, односно 70,1% од испитаниците во оваа општина се со средно образование, но исто така има и стари лица со завршено вишо и високо образование (Графикон бр.80). Во однос на нивната активна вклученост во некоја организација може да се забележи дека старите лица од општина Бутел се прилично пасивни бидејќи само 4,5% од испитаниците изјавиле дека се активно на оваа поле (Графикон бр.81).
Графикон бр. 82 Графикон бр. 83
Од аспект на контактите што старите лица ги имаат со лица од нивната социјална средина може да се забележи дека најголем дел од старите лица најчести контакти имаат со своите соседи 55,2% но во исто време голем е и процентот и на оние кои имаат контакти со своите роднини 37,3% (Графикон бр.82). Ако се разгледува видот на овие контакти може да се заклучи дека во најголем број на случаи станува збор за взаемни посети 89,6% (Графикон бр.83).
Графикон бр. 84 Графикон бр. 85
Интензитетот на контакти најчесто е на секојдневна основа 35,8% но исто така голем е и процентот на испитаници кои изјавиле дека контактираат неколку пати годишно 16,4% што покажува дека голем е бројот на стари лица од оваа општина кои се социјално изолирани и за кои треба да се обрне посебно внимание при организирање на формите за социјална заштита (Графикон бр.84).
Анализата на потребата од здравствени прегледи покажува дека најголем дел од испитаниците имаат потреба од прегледи неколку пати годишно 52,2% додека процентот на оние кои се изјасниле дека имаат потреба од прегледи еднаш неделно изнесува 7,5% (Графикон бр.85).
Графикон бр. 86 Графикон бр. 87
Најголем дел од старите лица опфатени со истражувањето изјавиле дека секојдневено употребуваат лекови 65,7% (Графикон бр.86). Податоците за тоа кој се грижи за старото лице за време на болест во значителна мера се разликуваат во споредба со другите општини и покажуваат дека кај 73,1% од испитаниците за време на болест грижата за старото лице ја превзема брачниот другар и во 26,9% тоа го прават нивните деца. Што покажува дека членовите на потесното семејство, без исклучок, се тие што врз себе ја преземаат обврската за помош и грижа за старото лице за време на болест (Графикон бр.87).
6.3. Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Од податоците собрани во текот на истражувањето може да се заклучи дека старите лица во општина Бутел покажуваат речиси ист интерес за користење на двете вонинституционални форми на социјална заштита, понудени во прашалникот. За услуги од дневен центар заинтересирани се 17,9% (Графикон бр.88), додека за центар за давање помош во домашни услови 16,4% од испитаниците (Графикон бр.89).
Оние стари лица кои се заинтересирани за користење на услуги од дневен центар за стари лица најголем интерес покажаа за користење услуги од здравствена заштита 46,1%. (Прилог бр.1). За услуги за дневен престој и за културно-забавни активности заинтересирани се по 38,4%. Исто така висок е процентот и на стари лица кои се заинтересирани за физички активности прилагодени на нивната возраст, за оваа активност интерес покажаа 34,6% од испитаниците. Старите лица од оваа општина воопшто не се заинтересирани за услугите одржување на личната хигиена, одржување на хигиената на облеката, работно и волонтерско ангажирање, набавка на намирници, уплата на сметки и поддршка на семејството.
Графикон бр. 88 Графикон бр. 89
Од оние стари лица кои се изјасниле дека се заинтересирани за користење услуги од центар за помош во домашни услови, најголема заинтересираност постои за услугите помош во навремено и правилно земање на лекови 34,4% и за здравствена заштита 29,6% (Прилог бр.2). Ниту еден од анкетираните кои позитивно се изјасниле за користење услуги од центар за помош во домашни услови не е заинтересиран за користење на услугите дистрибуирање на готова храна во домот, помош во исхрана, помош во облекување/соблекување, помош во одржување на личната хигиена, помош во одржување на хигиената на леглото, помош во одржување хигиена на облеката, грижа за време на болест и психо-социјална поддршка.
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
18% | 82% |
Графикон бр. 90 Табела бр. 11
На релативно малиот интерес за воинституционалните форми на социјална заштита се надоврзува уште помалиот интерес на испитаниците за сместување во установа за стари лица. Во општина Бутел само 10,4% од анкетираните се изјаснија позитивно во однос на користење на услуги во дом за стари лица (Графикон бр.90).
6.4. Материјален статус
Во однос на плаќање на услугите од социјална заштита, без оглед дали станува збор за вонинституционални или институционални, дури 82% од испитаниците одговориле дека не се во можност да одвојуваат финансиски средства за таа намена (Табела бр.11). Додека најголем дел од останатите 18% кои имаат можност да одвојат дел
од своите приходи, на месечна основа можат да одвојуваат најмногу до 2000 денари. Како причина за ваквата состојба старите лица ѓи наведуваат ниските примања и постојаниот пораст на животните трошоци што влијае на намалување на куповната моќ на пензионерите.
6.5. Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Најголема доверба за организирање и давање на услуги од социјална заштита на старите лица, испитаниците изразиле кон приватно правно лице и кон невладиниот сектор, овие два субјекти уживаат иста доверба со по 40,2%. Исто така голема доверба старите лица од оваа општина имаат и во Градот Скопје во кој веруваат 37,3% но треба да се спомене дека 11,9% од испитаниците не веруваат во ниту еден од субјектите кои според законските одредби може да се јават како даватели на услуги од социјална заштита на старите лица (Табела бр. 12).
Најголема доверба | |
Град Скопје | 37,3% |
општината | 28,3% |
јавна установа за социјална заштита | 14,9% |
приватно правно лице | 40,2% |
невладина организација | 40,2% |
на никој | 11,9% |
Табела бр.12
7. ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Според податоците добиени на Пописот од 2002 година, општина Ѓорче Петров имала 10% старо население. Поради трендот на демографско стареење на населението како во светот, така и во Република Македонија, во истражувањето на потребите на старите лица на ниво на град Скопје, опфатена е и оваа општина. Оправданоста се гледа во временската дистанца и очекуваниот пораст на старо население во оваа општина.
Во општина Ѓорче Петров анкетирани се стари лица кои живеат претежно во урбана средина, и тоа во следниве населени места на општината: Дексион - Јурка, Ѓорче Петров 1, Ѓxxxx Xxxxxx 0, Јурија и Хром. Достапноста до ресурси во средината, неопходни за задоволување на потребите на старите лица, е различна низ населените места во општината. Во Ѓxxxx Xxxxxx 0 и Ѓxxxx Xxxxxx 0, како достапни ресурси од страна на старите лица посочени се мини продавници, маркети, пазар, аптека и општа амбуланта. Во Хром е забележана и организација за помош на старите лица, а во Дексион Јурка и Јурија и специјалистичка ординација.
7.1.Искуство на анкетарите на терен
Според искуството на анкетарите старите лица во општината биле заинтересирани и отворени за соработка и нивно активно вклучување и давање придонес во истражувањето. При тоа сакале да добијат и соодветни информации за истражувањето и легитимарање од страна на анкетарите, бидејќи претходно некои од нив биле жртви на материјална злоупотреба, од страна на женско лице кое нудело лажни помагала и услуги за 50-100 евра.
7.2. Истражувачки примерок
Имајќи го во предвид стратифицираниот примерок, со истражувањето се опфатени најголем број на стари лица на возраст од 65-69 години, или 40,5% од истражените лица се на оваа возраст. Старите лица со возраст над 85 години, се со најмала застапеност во истражувањето или со 3,6% (Графикон бр.91).
Графикон бр. 91 Графикон бр. 92
Според полот 54,8% од анкетираните лица се од женски пол, а останатите 45,2% од машки пол (Графикон бр.92).
Од старите лица кои се опфатени со истражувањето во оваа општина, 92,9% се од македонска националност, по 2,4% од албанска и турска националност, додека 1,2% од истражуваните се од бошњачка и ромска националност (Графикон бр.93).
Графикон бр. 93 Графикон бр. 94
Очекувано согласно застапеноста на старосните групи и најголемиот дел од анкетираните стари лица во оваа општина се во брак, односно 52,4 %. Висок е и процентот на анкетирани стари лица кои се вдовци 40,5%, додека старите лица кои се разведени, неженети или во вонбрачна заедница, застапени се во незначителен процент (Графикон бр.94).
Графикон бр. 95 Графикон бр. 96
И во оваа општина најголем дел од испитаниците 48,2% се со средно образование. Според Графикон бр.95, 37,4% од испитаниците спаѓаат во групата на испитаници кои немаат завршено основно образование, завршиле само основно или се потполно неписмени. Но има и испитаници со високо образование 12%, и 2,4% со магистратура.
Според Графикон бр.96, 3,6% од испитаниците се членови на некоја организација.
Приматот на социјални контакти на старите лица во социјалната средина во која живеат и во оваа општина го имаат соседите со 57,1%, (Графикон бр.97) а потоа роднините со 38,1%.
Графикон бр. 97 Графикон бр. 98
И во оваа општина старите лица контактите со лицата во социјалната средина најчесто ги оставруваат преку взаемни посети 64,3%, а кај 32,1% од испитаниците старото лице е посетувано од другите лица во средината (Графикон бр.98),. Интензитетот на контактите помеѓу испитаниците и социјалната средина кај 59,5% се одива секојдневно (Графикон бр.99), и кај 29,8% еднаш до два пати неделно.
Графикон бр. 99 Графикон бр. 100
Најголем дел од испитаниците 45,2%, во оваа општина се изјасниле дека имаат потреба од здравствени прегледи еднаш месечно, а приближно е еднаков бројот на оние кои такви потреби имаат еднаш неделно 22,6% и неколку пати годишно 19% (Графикон бр.100).
За 80,7% од испитаниците, во оваа општина употребата на лекови е секојдневна, а за 15,7% повремена. Само 3,6% од испитаниците во оваа општина не употребуваат лекови (Графикон бр.101).
Како и во другите општини најголем дел од испитаниците или 45,9% се изјасниле дека во случај на болест за нив се грижи нивниот брачен другар, а 36,5% (Графикон бр.102), дека тоа го прават нивните деца. Загрижувачки е процентот дека кај 9,4% од испитаниците од оваа општина е забележано дека никој не се грижи за нив во случај на болест.
Графикон бр. 101 Графикон бр. 102
7.3. Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Иако анкетираните стари лица се во поголем процент од помладата старосна група, сепак според добиените информации поради лошата здравствена состојба на повеќе од 50% од испитаници и поради хронични заболувања на 80% од анкетираните, како и поради други специфични карактеристики на овие стари лица, тие повеќе се заинтересирани за користење на услуги од центар за давање помош во домашни услови (Графикон бр.104). Имено 44 % од анкетираните, се изјасниле дека се заинтересирани за користење на овие услуги, а 20,2% дека можеби истите би ги користеле.
Најголем интерес од позитивно изјаснетите испитаници за користење услуги од центар за давање помош во домашни услови постои за услугата здравствена заштита 88,89%, потоа за услуги од физиотерапевт 33,33%, психо-социјална поддршка 31,48%, грижа за време на болест 27,78%, помош во одржување лична хигиена 24,07%, хигиена на станбените простории 18,51% и набавка на намирници18,51%. Најмал е интересот на испитаниците за користење на услугата дистрибуирање на готова храна 1,85% (Прилог бр.2).
Интересот за користење услуги од дневен центар за стари лица е многу помал во однос на интересот за користење услуги од центар за давање помош во домашни услови. Само 14,3% се изјасниле дека се заинтересирани за дневен центар, а други 14,3% дека можеби би користеле услуги од дневен центар (Графикон бр.103).
Графикон.бр. 103 Графикон бр. 104
Од анкетираните стари лица кои се изјасниле дека се заинтересирани за користење услуги од дневен центар, најголема заинтересираност постои за услугите културно- забавни активности 79% и дневен престој 63%, односно дружење со врсниците. Интересот за услуги од здравствена заштита се забележува кај 33,30%, а за организиран превоз кај 37,50%. Ниту еден од анкетираните и позитивно заинтересирани испитаници за користење услуги од дневен центар не е заинтересиран за користење на услугата, поддршка на семејството (Прилог бр.1).
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
20,24% | 79,76% |
Графикон бр. 105 Табела бр. 13
Процентот на стари лица кои се заинтересирани за сместување во установа во оваа општина изнесува 7,1%, додека на оние кои можеби би користеле вакви услуги кога за тоа би имале потреба изнесува 15,3%. Оваа општина веќе располага со здравствена установа за грижа за стари лица, која старите лица ја користат како ресурс за физикална терапија. Најголем е делот на стари лица (77,6%), кои во било какви услови да се наоѓаат, сакаат да останат да живеат во својата природна средина, односно во своите домови (Графикон бр.105).
7.4. Материјален статус
Иако 42,85% од старите лица сметаат дека нивните примања ги задоволуват нивните лични потреби, само 20,24% од испитуваните стари лица во оваа општина сметаат дека можат да одвојуваат средства за да платат грижа од друго лице, и тоа најголем дел од нив до 2000 денари. 57,14% од анкетираните сметат дека нивните приходи не ги задоволуваат нивните лични потреби, а 79,76% се изјасниле дека не можат да одвојуваат средства за да платат за грижа за нивните потреби (Табела бр. 13).
7.5. Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Во однос на довербата во институциите и организациите кои според системот на социјална заштита можат да организираат и даваат услуги кон стари лица, старите лица изразиле најголема доверба кон невладини организации 60,71%. Потоа следува довербата кон градот Скопје со 38% и општината со 33,33%. Испитаниците од оваа општина најмала доверба изразиле према приватно правно лице со 25%, но 15,48% од испитаниците истотака се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден субјект (Табела бр.14).
Најголема доверба | |
Град Скопје | 38% |
општината | 33,33% |
јавна установа за социјална заштита | 32,14% |
приватно правно лице | 25% |
невладина организација | 60,71% |
на никој | 15,48% |
Табела бр.14
8. ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Процентот на старо население во општина Аеродром на Пописот 2002 година, изнесува 8%, но поради временската дистанца, очекуваниот пораст на старо население, како и стратегијата на ова истражување, да бидат опфатени сите општини кои имаат над 8% старо население и оваа општина е составен дел на севкупниот истражувачки примерок на ниво на град Скопје.
Со истражувањето се опфатени 117 стари лица, кои претежно живеат во урбаните средини: Црква уе Б, Црква уе А, Бисер уе А, Бисер уе Б, Скопјанка, Мичурин, горно Лисиче, населба Лисиче и Xxxx Xxxxxxxxx. Достапноста на ресурсите мини продавници, маркети, пошта, општа амбуланта, амбуланта и организација за помош на старите лица, ја има во сите делови на општината. Во поголем дел од населените места има и верски и културни објекти, пазар и специјалистички амбуланти, а во рамките на самата општина има и пензинерски дом и дом за стари лица, кои според својата позиционираност, поголем дел од анкетираните стари лица, ги препознаваат како свој ресурс. Имајќи ги во предвид достапноста на ресурсите во другите општини, се добива впечаток дека општина Аеродром располага со сите ресурси кои им се потребни на старите лица, но и со нивна позиционираност во самите населени места, така што можат да ги задоволат потребите на старите лица.
8.1.Искуство на анкетарите на терен
Искуството на анкетарите говори дека старите лица во оваа општина биле отворени за соработка и расположени да дадат свој продонес во истражувањето, без претходни предрасуди и лоши искуства со анкетари.
8.2.Истражувачки примерок
И во оваа општина најголем дел од стратифицираниот примерок е на возраст 65-69 години, односно 42,7% од испитаниците. Најмала е застапеноста на испитаниците на возраст над 85 години, или со 3,4%, додека значајно е учеството на испитаниците на возраст 70-75 години (Графикон бр.106).
Застапеноста на испитаниците од женски пол е со 56,4%, додека на оние од машки пол со 43,6% (Графикон бр. 107).
Графикон бр. 106 Графикон бр. 107
Националната припадност на испитаниците од македонска националност изнесува 94,9%, застапеноста на припадниците од турска, влашка и хрватска националност е со 0,9% а 2,6% на припадниците од српска националност (Графикон бр. 108).
Графикон бр. 108 Графикон бр. 109
Поголемиот дел на старите лица опфатени со ова истражување, живеат во брачна заедница, додека, 38,5% се вдовци, поради смрт на брачниот другар. Процентот на разведени и неженети испитаници, во оваа општина е многу мал (Графикон бр.109).
Графикон бр. 110 Графикон бр. 111
Во оваа општина 60,7% од старите лица се со средно образование, а најмала застапеност има на стари лица кои имаат магистаратура, односно 0,9% (Графикон бр.110). На лицата со непотполно основно или со завршено само основно образование, отпаѓа 15,3% од анкетираните лица. Имајќи ги во предвид овие параметри како и резултатите според кои 9,4 % од старите лица во оваа општина имаат високо образование, а 12% имаат вишо образование, треба да се посвети посебно внимание на образовната структура на старите лица во оваа општина, со цел да се задоволат нивните потреби за интелектуален развој и по пензионирањето.
Значаен е индикаторот според кој се гледа дека 12% од анкетираните стари лица во оваа општина се членови на некоја организација (Графикон бр.111). Ова значи дека еден
дел од испитаниците ги препознале своите потреби за активност, како и организациите во општината во кои можат да ги задоволат овие свои потреби.
Графикон бр. 112 Графикон бр. 113
Според податоците на Графиконот бр. 112, 53,8% од анкетираните стари лица во оваа општина, своите социјални контакти ги остваруваат со соседите, а при тоа како што се гледа на следниот Графикон бр.113, кај 78,6% од анкетираните стари лица, социјалните контакти во средината се базираат на взаемни контакти. Старите лица кои најчесто поради неспособност, односно неподвижност не можат да излезат од своите домови, и очекуваат да бидат посетени од други лица во социјалната средина, во истражувањето се застапени со 20,5%.
Графикон бр. 114 Графикон бр. 115
Графикон бр.114, укажува на потребата на старите лица за социјални контакти во средината во која живеат, односно дека 47% од анкетираните, секојдневно контактираат со лицата во социјалната средина, а 19, 7% тоа го прават еднаш до два пати неделно.
Според податоците на Графиконот бр.115, може да се види дека нејголем дел од старите лица 42,7%, имаат потреба од здравствени прегледи еднаш месечно, и речиси исто толку 41,9% имаат потреба од истите неколку пати годишно. Ова зборува дека
здравствените прегледи старите лица во општина Аеродром, ги прават за препишување на соодветна терапија и во случај на влошена здравствена состојба.
Графикон бр. 116 Графикон бр. 117
Очекувано и во согласност со возраста најголем дел од старите лица 82,1%, поради хронични заболувања, секојдневно употребувваат лекови, но истотака значајна е и бројката на 10,3% од старите лица, кои воопшто не користат лекови, или на 7,7% кои користат лекови само повремено (Графиконот бр 116). И во оваа општина постои диспропорција помеѓу употребата на лекови и потребата од здравствени прегледи.
Дека грижата во староста, кога лицето не е во состојба да се грижи само за себе, најчесто е базирана на семејната поддршка потврдуваат и Графикон бр.117. И тоа приоритетот во грижата секогаш го имаат брачните партнери со 57,3%, а доколку се вдовци или и брачниот партнер не може да се грижи, тогаш грижата ја преземаат децата со 34,2%.
8.3.Интерес на старите лица за користење на услуги од социјална заштита
Во оваа општина старите лица кои се анкетирани изразиле поголема заинтересираност односно спремност за користење услуги од центар за давање помош во домашни услови. Имено 28,2% од испитаниците се изјасниле дека се спремни веднаш да користат услуги од ваков центар, додека 30,8% се изјасниле дека можеби би користеле вакви услуги (Графикон бр.119). Достапноста на ресурсите во оваа општина скоро подеднакво во сите најзини делови, прави подвижните стари лица да можат самостојно да ги задоволат сите нивни потреби, почнувајќи од основните биолошки, па се до оние за самопотврдување и самодокажување. Од тие причини оние стари лица кои немаат кој да им помогне, кои живеат сами, а поради здравствени или други причини не се во можност често да излезат од своите домови и да ги задоволат нивните потреби, имаат потреба од користење на услуги од центар за давање помош во домашни услови.
Најголема заинтересираност од услугите на центар за давање помош во домашни услови, постои за услугата здравствена заштита од лекар и медицинска сестра или 78,26% од заинтересираните испитаници за оваа форма на вониституционална заштита, се изјасниле дека ја преферираат оваа услуга. Следна услуга за која нјмногу се заинтересирани старите лица е одржување хигиена на станбените простории со 44,93% со
31,38% за услуги од физиотерапевт и со 30,43% старите лица се заинтересирани за користење на услугата набавка на намирници и грижа за време на болест. Најмала заинтересираност постои за услугата помош во исхраната 2,94% и придружување при посета на здравствени установи 7,25%, што говори дека не постои потполна зависност на испитаниците во оваа општина (Прилог бр.2).
Заинтересираноста на старите лица за користење на услуги од дневен центар во оваа општина е помала во однос на заинтересираноста за користење услуги на центар за давање помош во домашни услови, но не и незначителна. Од испитаниците 20,5% одговориле дека се заинтересирани за користење на улуги од дневен центар, а 18,8% дека можеби би користеле вакви услуги (Графикон бр.118).
Графикон бр. 118 Графикон бр. 119
Од услугите во дневен центар заинтересираните стари лица најмногу се изјасниле дека им е потребна услугата културно-забавни активности и тоа со 76,09% и дневен престој со 71,74%. Потоа следи потребата од услугата здравствена заштита со 67,40% и совети и едукација на различни теми од секојдневниот живот со 58,70%. Најмал е интересот за поддршка на семејството со 2,2% и набавка на намирници, работно и волонтерско ангажирање и уплата на сметки со 4,35% (Прилог бр.1).
Дали може да одвојуваат финансиски средства за грижа | |
Да | Не |
29% | 71% |
Графикон бр. 120 Табела бр. 15
Процентот на стари лица кои се заинтересирани за сместување во установа во оваа општина е повисок, односно изнесува 12,8%, со тоа што скоро една третина од
испитаниците или 30,8% се изјасниле дека можеби би користеле такви услуги. Ова е значаен индикатор со кој веќе постоечкиот дом за стари лица во оваа општина треба да размислува за проширување на своите капацитети (Графикон бр.120).
8.4.Материјален статус
Овде треба да се земе во предвид дека само 29% од испитаниците се изјасниле дека нивните приходи ги задоволуваат нивните лични потреби, додека останатите 71% сметаат дека нивните приходи не ги задоволуваат нивните потреби (Табела бр.15). Од старите лица кои се изјасниле дека можат да одвојуваат средства, 47,05% одговориле дека сметаат дека можат да одвојуваат до 1000 денари, додека останатите подеднекво се распределени помеѓу 2000 до 10000 денари. Ова значи дека платежната моќ, кај скоро половина од испитаниците кои се изјасниле дека би одвојувале средства за некој да се грижи за нив е многу мала, и иако има и такви кои можат да одвојат и поголема сума, сепак тие се малку на број.
8.5.Доверба кон институциите во системот на социјална заштита
Според искажаната доверба, најголем број на испитаници имаат доверба во невладини организации како субјект кој би ги организирал услугите кои би ги задоволиле нивните потреби со 60,70%. Потоа следува довербата во општината со 53%, и на град Скопје со 35,90%. Само 3,42% од испитаниците не веруваат на ниту еден субјект (Табела бр.16).
Најголема доверба | |
Град Скопје | 35,90% |
општината | 53% |
јавна установа за социјална заштита | 18,80% |
приватно правно лице | 34,20% |
невладина организација | 60,70% |
на никој | 3,42% |
Табела бр.16
ТРЕТ ДЕЛ
REZULTATI OD FOKUS GRUPI
Xx xxxxx na proektot se organiziraa dve fokus grupi i toa so:
- korisnici na uslugi/stari lica i
- davateli na socijalni uslugi.
Celta na fokus grupite e da se sogledaat potrebite za formite za zgri`uvawe na starite lica i toa: dnevnite centri, centri za pomo{ vo doma{ni uslovi i domovi za stari lica.
Fokus grupite gi realizira{e prof. D-r Sun~ica Dimitrijoska
PRVA FOKUS GRUPA
Na u~esnicite vo fokus grupata im bea postaven ~etiri pra{awa i toa:
1. Prvoto pra{awe koe se postavi na celnata grupa - samite stari lica be{e: Koi uslugi/prava gi ostvaruvaat starite lica? |
U~esnicite gi poso~ija uslugite xx xxxxx na zdravstvoto, domuvaweto, obrazovanieto i socijalnata za{tita. U~esnicite istaknaa deka nivnite potrebi se individualni i nivnoto zadvoluvawe xxxx da bide individualno. Po zaminuvaweto vo penzija pogolem del od starite lica potenciraa deka ne znaat {to da pravat so slobodnoto vreme. Tie imaat potreba od organizirawe na slobodnoto vreme. Zaklu~ok: Postojat razliki kako vo odnos на potrebnite aktivnosti i uslugi vo zavisnost od potrebite koi gi razvile u~esnicite, така i od samata psihofizi~ka funkcionalnost na starite lica. Site penzioneri ne se informirani za xxxxxxx {to mo`e da гi ostvarat vo zavisnost od sredinata vo koja `iveet. Istaknaa deka sekoga{ postojat dve kategorii na stari lica: stari lica koi sakaat da bidat vklu~eni vo aktivnosti i stari lica koi ne sakaat da bidat vklu~eni vo istite. Учесниците malku zboruvaa za uslugi za stari lica koi imaat potreba od kontinuirana poddr{ka. Predlog: Vo ovoj pogled treba da se raboti na zgolemena informiranost na starite lica za xxxxxxx koi gi imaat i naчinot i mestata kade mo`at da gi ostvarat. |
2. Vtoroto pra{awe na koe xx xxxxx diskusija be{e: Koi se problemite so koi se soo~uvate pri primaweto na ovie uslugi: organizaciski (organizacija na instituciite, zakonite-regulativite), odnosot xx xxxxx`niot perosnal (slu`benicite)? |
Iako се очекуваше starite lica da go izrazat svoeto mislewe vo odnos na |
nepostoewe dovolen broj na soodvetni institucii, nemawe na finansii vo instituciite, organizaciski, prostorni kapaciteti i odale~enost od mestoto na
`iveewe do mestoto kade {to se davaat uslugite, nedovolnata informiranost kako i individualnata пасивност na starite lica, toa kako da ne be{e zabele`ano. Zna~itelen broj na stari lica dobro se spravuvaat so institucionalniot sitem vo koj gi ostvaruvaat svoite prava, naj~esto sami ili so poddr{ka od svojata socijalna mre`a, decata, rodninite i prijatelite.
Starite lica gi istaknaa problemite so zdravstvenite slu`bi koi ne gi posetuvaat vo domovite vo koi `iveet, dolgo ~ekaat na doma{ni poseti i prvo pra{awe {to im se postavuva e: Kolku godini imate? Tie istaknaa deka nivnata vozrasт mnogu vlijae na brzina na reakcija i xxxxxx intervencija - poseta od итна pomo{.
U~esnicite dadoa i svoi zabele{ki vo odnos na ostavruvaweto na uslugi, istaknuvajкi dekа sekoga{ ne odi lesno. Dolgata administrativna procedura e problem koj e prisuten vo ostvаruvaweto xx xxxxxxx.
Zaklu~ok: Највоочлив проблем кој досега го имаат е добивање соодветна и навремена здравствена заштита, посебно кога е потребна итна медицинска грижа.
Predlog: Da se zgolemi dostapnosta na zdraвstvenite resursi do starite lica i da se iznajde mehanizam koj кe ovozmo`i soodvetna i navremena zdraвstvena za{tita
3. Na pra{aweto: Dali se ~uvstvuvate prifateni ili otfrleni (prepu{teni sami na sebe) i kakov e stavot na op{testvoto kon starite lica? - se obidovme da sogledame kolku starite lica se prifateni od sredinata, op{testvoto. |
Istaknaa deka po zaminuvaweto vo penzija se prepu{teni sami na sebe bez obvrski, so mnogu slobodno vreme, nedovolna anga`iranost i mo`nost da se vklu~at vo odredeni op{testveni aktivnosti. Tie toga{ se ~ustvuvaat mnogu otfrleno. „Nie nemame nikakov anga`man. Ako se oranizirame sami dobro e, ako ne se odi te{ko.“ Posebno zadovolstvo u~esnicite na fokus grupata izrazija poradi mo`nosta da koristat besplaten gradski prevoz vo tekot na dvata xxxx xx nedelata. Tie predlo`ija besplaten prevoz vo gradot za starite lica da ima sekoj den, kako ne bi sozdavale gu`va. Vtorata usluga od koja starite xxxx xxx mnogu zadovolni e koristeweto na besplatno bawsko lekuvawe, istaknuvajкi go i problemot deka starite lica ne mo`at ova pravo da go iskoristat poradi namalenata podvi`nost, no i poradi nemawe na lice koe mo`e da gi pridru`uva. Potrebata za koristewe na ovие uslugi e mnogu prisutna kaj ovaа kategorija na stari lica. Zaklu~ok: Starite lica se zadovolni od uslugite koi postojat za niv, no tie ne se dovolno dostapni za niv. Uslugite ne se prisutni vo site sredini. Starite lica |
koi `iveeat vo ruralnite sredini xx xxxxx~eni od servisite, posebno vo siсtemot na zdravstvena i socijalna za{tita.
Predlog: Razvivawe formi i uslugi za socijalna i zdravstvena za{tita na stari xxxx xx sredinata vo koja `iveat, kako lesno dostapen resurs za zadovoluvawe na nivnite potrebi
4. ^etvrtoto pra{awe se odnesuva{e na nivnite: Predlozi za re{avawe na problemi? - so {to sakavme samite stari xxxx xx xxxxx predlozi za ra{avawe na nivnite problemi. |
Prvoto {to go istaknaa e deka sakaat da ima nivno u~estvo, da se sozdavaat pogolem broj na uslugi za niv. Da imaat xxxxxxx xxxx mo`e da se sretnuvaat xx xxxxx na svojata lokalna zaednica. U~esnicite istaknaa xxxx xxxxx da ima besplatno zdravstvo za site stari lica nad 65 godini, pokrivawe na tro{ocite za nabavka na lekovi, бидејќи тоа za niv prestavuva golem problem. Istaknaa potreba za otvоrawe ustanovi/domovi za stari kako so dr`avno finansirawe taka i so privatno. Xx xxxxxx`uva promena na tradicionalniot xxxx xx odnos na smestuvawe vo dom. Starite lica istaknaa deka e potrebno nekoj nadvor od semejstvoto да se gri`i za niv koga samite tie nema da mo`at da go xxxxxx toa. Formiraweto na volonterskite zdru`enija od samite stari lica i nivnoto anga`irawe kako volonteri e dobra zakonska opcija kade tie so svoite znaewa, iskustvo i slobodnoto vreme mo`at da u~estuvaat vo mnogu aktivnosti. Starite xxxx xx истакнаа ovaa forma na anga`irawe kako mo`nost za nivno aktivno vklu~uvawe vo sekojdnevniot `ivot. Od starite lica be{e istaknato deka e potrebno da se prezeme ne{to vo odnos na visinata na nivnite penzii i cenata za koristewe na odredeni uslugi, kako smestuvawe vo dom i sli~no, bidejкi postoi ogromna razlika pome|u nivnite prihodi i rashodi. Zaklu~ok: Stavot na starite lica za koristewe na odredeni uslugi vo nasoka na zadovoluvawe na nivnite potrebi e vidno smenet vo odnos na minatoto, a problem im pretstavuva zadovoluvaweto na nivnite potrebi vo soglasnost so nivnite primawa. Predlog: Iznao|awe na~in za finansisko olesnuvawe na uslugite za starite lica, so {to ќe se zgolemi i dostapnosta na uslugite do site stari lica. |
VTORA FOKUS GRUPA
Vo ova istra`uvawe ima{e mo`nost xx xxxxx na fokus grupite kreatorite na politiki i davatelite na uslugi da gi navedat sopstvenite iskustva i predlozi kako da se podobrat uslugite od ustanovite za socijalna za{tita na starite lica. Na toj na~in imaa mo`nost da go spodelat svoeto mislewe za toa koi problemi postojat vo ustanovite, no i {to bi sakale da promenat. Nivnite mislewa se dragoceni sugestii za procesot vo koj bi trebalo da se dvi`at reformite na kreirawe na uslugi za starite lica.
Se postavija {est pra{awa na kreatorite na politиki i davateli na uslugi na starite lica, xx xxxxx grupna dinamika i se otvori diskusija za potrebite i formite na za{tita na starite lica, kako i problemite so koi se soo~uvaat subjektite pri davaweto uslugi kon starite lica.
Diskusijata efektivno trae{e 2 ~asa.:
1. Kolku e postignato usoglasuvawe na nacionalnata legislativa za za{tita na starite lica so me|уnarodnata? |
Pretstavnicite na ustanovite istakna xxxx xx poslednite godini vo Republika Makedonija se raboti na harmonizacija na makedonskoto zakonodavstvo so me|unarodnite dokumenti od oblasta na politikite, xxxxxxx i uslugite za stari lica. Xxxxxxxx se novi zakonski akti: Zakon za socijalna za{tita, Zakon za penzisko i invalidsko osiguruvawe, Zakon za zdravstvena za{tita, kako i nivni измени и dopolnuvawa, Nacionalna strategija za socijalna za{tita na starite lica, Strategijata za namaluvawe na siroma{tijata i socijalnata isklу~enost i Programa za socijalna za{tita na starite lica. Ovoj podatok e dosta ohrabruva~ki zatoa {to poka`uva xxxx xx Republika Makedonija se sozdavaat uslovi za podobruvawe na kvalitetot na uslugite za starite lica. Odgovorot na ova pra{awe uka`uva i na razvivawe na ~uvstvoto za individualni potrebi na starite lica. Паралелно сe raboti na razvivawe na ~uvstvoto za specifi~nite potrebi na starite lica i razbirawe na nivnite problemi vo odnos na kvantitetot i kvalitetot na uslugite, сe xxxxxx napori da se dostavat informacii do starite lica za site prava {to mo`e da gi ostvarat i toa od materijalen i nematerijalen karakter, се raboti na organizirani aktivnosti od strana na instituciite i NVO. |
2. Kolku na starite lica im se sozdadeni uslovi da participirat vo kreiraweto na politiki i uslugi pri izgotvuvaweto na zakonite, strategiite i programite za za{tita na starite lica? |
Doколку се sporedi odgovorot na prvoto i vtoroto pra{awe mo`e da се zaklu~i deka iako kreatorite na politiki smetaаt deka e potrebno starite lica da u~estvuvat vo kreiraweto na politikata i definiraweto na nivnite prava, seуште |
не se sozdadeni uslovi za nivno u~estvo. Golem del na u~esnici na fokus grupata ne mo`ea da go definirat u~estvoto na starite lica. U~esnicite istaknaа deka има mal broj nevladini organizacii koi rabotat so stari lica и дека преку нив сtarite lica,davaat svoi sugestii, no malku se prifaкaat. Pogolem del od u~esnicite istaknaa potreba od kontinuirana sorabotka, pome|u starite lica, dr`avnite i privatni ustanovi koi rabotaт so stari lica. Kreatorite na politika istaknaa deka ima u~estvo samo na pretstavnici na dr`avni ustanovi i mal broj na nevladini organizacii. Postoi mal broj na NVO, ~ija celna grupa se isklu~ivo starite lica. Nivniot broj treba da se zgolemi.
3. Dali smetate deka ima dovolno ustanovi i uslugi so koi mo`aat da bidat zadovoleni individualnite potrebi na starite lica? |
Pretstavnicite na ustanovite po~nuvajкi od Centarot za socijalna rabota gi elaboriraa site prava {to mo`e da gi ostvarat starite lica i toa od materijalen i nematerijalen karakter. Xx xxxxxx`uva zgolemuvawe na brojot na stari lica so lo{a socijalno-materijalna polo`ba, del od niv koristat uslugi od Narodnite kujni. Namalenata podvi`nost na staroto lice e vtor problem poradi koj staroto lice ne mo`e samo da xx xxxx hranata od narodnata kujna i da gi ostvari drugite prava vo soglasnost so zakonite. Be{e istaknato deka brojot na stari lica smesteni vo javnite ustanovi - Domovi za stari lica, preku CSR - Skopje, iznesuva 80 stari lica, no brojot na onie koi za toa imaat potreba realno e mnogu pogolem, a postoi i lista na stari lica koi ~ekaat za smestuvawe. Pokraj toa be{e konstatiran i nedostatok na ustanovi kako gerijatriski centri, koi davaat zdravstvena za{tita na stari lica. Od odgovorite mo`e da se vidi deka starite lica nemaat dovolno uslugi so koi mo`e da si gi zadovolat svoite potrebi. Ova e poradi neinformiranosta na samite stari lica za uslugite koi postojat za niv, nedovolnite finansiski sredstva so koi starite lica raspolagaat za da bi mo`ele da gi platat uslugite, a i poradi nedostapnosta na xxxxxx usluga poradi namalenata podvi`nost na staroto lice. Se pravat napori da se dostavat informacii do starite lica za site prava {to mo`e da gi ostvarat i toa od materijalen i nematerijalen karakter xx xxxxx na instituciite i NVO. |
4. Koi uslugi se najsоodvetni denes za starite lica? |
Ima novi mo`nostи preku koi mo`e da im se pomogne na starite lica, kako preku dnevni centri i centri za davawe pomo{ na starite xxxx xx doma{ni uslovi, a koi ne se razvieni во Македонија. Xxxx xxxxx na za{xxxx potrebni im se osobeno na starite lica koi `iveeat sami ili so bra~en drugar ili ednostavno ne xx xx mo`nost da si gi obavuvaаt sekojdnevnite aktivnosti vo domot i nadvor od nego. |
Posebno xxxx xxxxx na za{xxxx im se potrebni xx xxxxxx so naru{eno zdravje. Del od starite lica `xxxxx xx svoite domovi sami i se ~ustvuvaat osameni. Potrebata od poseta od strana na lekar i medicinska sestra i volonteri vo nivnite domovi e ne{to {to se istakna kako prisutna potreba. Samo del od starite lica mo`at da gi platat uslugite vo domot. Zatoa e potrebno istite da se organiziraat na lokalno nivo i toa so finansiska poddr{ka od samata lokalna zaednica. Pretstavnicite od ustanovite za socijalna zaшtita ја изразија загриженоста за некатегоризација на пациентите по дијагноза, недоволни сместувачки капацитети, недостаток на обучен кадар, непостоење на правни форми за заштита на интересите на стари лица и непостоење на доволна соработка помеѓу институциите.
5. Koi uslugi starite lica mo`e da koristat vo nivnite domovi vo stanot vo koj {to `iveet? |
Servisi za stari lica mo`e da se javat kako dnevni centri za stari lica, centri za davawe na pomo{ vo doma{ni uslovi i klubovi za stari lica, no vo Republika Makedonija ne se razvieni. Xx xxxxx na proekt FARE bea organizirani servisni uslugi vo domovite za stari vo Prilep i Gevgelija koi od starite xxxx xxx oceneti mnogu visoko. Vo tekot na 2007/2008 xxxxxx xx otvoreni pet dnevni centri za podr{ka na starite lica xx xxxxxx nacionalnost na vozrast nad 60 godinи i finansiski poddr`ani od IOM (Internacionalna organizacija za migracii) xx xxxxx na proektot pokraj rabotilnici i temi koi bea odr`xxx xx zavisnost od interesot na starite lica, im bea dodeleni paketi so sredstva za higiena, ogrev, imaa kontinuirani lekarski pregledi, stomatolo{ki uslugi, poddr{xx xx re{avawe na imotno pravni pra{awa i vadewe na potrebna li~na dokumentacija. Ima{e golem interes za aktivnostite. Sega vo Skopje nema dnevni centri za stari lica. NVO Humanost vo op{tinata Aerodom sprovede mnogu uspe{no proekt za pomo{ na starite xxxx xx nivnite domovi, no nema{e mo`nost proektot da prodol`i poradi nemawe na finansiska podr{ka. Se istakna deka e potrebno da se isplanira pogolem del na uslugi za starite xxxx xx nivnite domovi kako bi mo`ele da `iveat samostojno. Be{e konstatirano и deka ima zloupotreba na starite xxxx xxxxx potpi{uvawe na dogovori za do`ivotna izdr{ka od strana na ~lenovite od potesnoto semejstvo ili drugi lica. Potrebna e pogolema informiranost na starite lica za obvrskite i xxxxxxx so xxxx dogovori. Se istakna potreba za sorabotka me|u privatnite i dr`avnite ustanovi. Istaknaa deka starite lica malku se informirani i vklu~eni vo utvrduvawe na politikata na za{tita i kreirawe na uslugite. Postojat malku programi nameneti isklu~ivo za starite lica. Nacionalnata strategija za socijаlna za{tita na starite lica gi definira xxxxxxx i uslugite, no za nejzinoto sproveduvawe ne se obeзbedeni dovolno servisi i sredstva za ostvaruvawe. Se zaklu~i deka se nastojuva da se vospostavi koordinirana aktivnost me|u akterite vo ureduvaweto na `iveeweto na starite lica. Se istakna deka se raboti na vospostavuvawe na sorabotkata posebno so nosewe na strаte{kite dokumenti vo |
koi se planirani aktivnosti i nivnite nositeli, kako na lokalno taka i na draжаvno nivo.
6. [to smetate xxxx xxxxx da se prezeme vo odnos na otvarawe na dnevni centri za starite lica i uslugite vo nivnite domovi? |
Ustanovite nemaat dovolno prostor za zgri`uvawe na stari lica, del od niv ~ekaat za smestuvawe. Starite lica sakaat uslugite da gi primaat vo nivnite domovi i da `iveeat nezavisno. Osmenosta e glavna pri~na da se prestojuva vo dneven centar vo koj кe se obezbedi i drug vid na poddr{xx xxxx {to e - ishrana, zdravstvena za{xxxx x xxxxx. |
ЧЕТВРТ ДЕЛ
УТВРДУВАЊЕ НА ЦЕНА НА УСЛУГИ
За утврдување на цената на услугата во вонинституционалните форми за социјална заштита на старите лица остварени се контакти со Завод за домаќинство на Република Македонија и невладини организации кои во рамките на своите активности имале пилот проекти за реализирање на овие форми на заштита. Според консултациите и добиените информации од овие субјекти цената на услугата може да се утврди преку видот на самите услуги што ги добива корисникот или преку финансиските средства кои се неопходни за функционирање на еден тим кој може да опслужи одреден број корисници. Вториот начин на пресметка сметаме дека е посоодветен од причина што на тој начин старите лица ќе имаат можност да добиваат пакет од услуги, прилагодени на нивните потреби, а не само оној вид на услуга што тие сметаат дека им е потребна. Од друга страна сите Нормативи и Стандарди кои се изработуваат во Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија се базираат на овој принцип и го пропишуваат бројот и видот на стручни кадри во одредена форма на социјална заштита.
Од резултатите од истражувањето може да се заклучи дека старите лица најголема заинтересираност покажаа за користење на услугата здравствена заштита од лекар и медицинска сестра. Во консултациите остварени со невладините организации и здравствени установи се констатираше дека поради сегашната поставеност на системот на здравствена заштита во Р.М. и поврзаноста на матичниот лекар со одредена здравствена установа и определен број на корисници, тешко е изводливо да се ангажира лекар во установа за вонинституционална заштита. Затоа се предлага во почетокот да се започне само со ангажирање на медицинска сестра која ќе врши: мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта, одредени преврски, помош во навремено и правилно земање на лекарства, придружување при посета на здравствена установа, препишување на месечна терапија кај матичен лекар, набавка на лекарства и слично.
Во оваа анализа не е даден предлог за цена за услуга во домови за стари лица, како форма на институционална заштита, бидејќи оваа форма е развиена и има долга традиција во Р.М. а нејзината минимална цена на услуга во јавните установи е утврдена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Заводот за домаќинство. Приватните установи во зависност од условите за сместување кои ги нудат кон корисниците, трошоците кои ги имаат и нивните потреби за рентабилно работење формираат своја цена на услугите.
Во утврдување на цената на услугата по корисник за еден месец не се земени во предвид трошоците кои субјектот кој дава услуги ги има за опремување на просторот и обезбедување соодветни услови за започнување со работа. Сите субјекти за давање вонинституционални форми за социјална заштита на стари лица треба имаат лиценца за работа издадена од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.
Утврдување на цена на услуги во дневен центар за стари лица
За функционирање на еден дневен центар со 50 корисници, треба да има вработено најмалку еден социјален работник. Доколку дневниот центар дава услуги на над 50 корисници треба за секои наредни 50 корисници, дополнително да обезбеди по еден стручен работник од следниве стручни профили: психолог, социјален работник, андрагог.
Во еден дневен центар треба да има вработено минимум две геронто домаќинки, а ако истиот дава услуги во домот на корисникот една геронто домаќинка може да работи максимум со пет корисници. Во дневниот центар треба да има вработено и најмалку едно лице за одржување на хигиена. Дневниот центар, во кој самостојно се приготвува храна за корисниците, треба да има готвач и помошен персонал за во кујна. Доколку дневниот центар утврди потреба може да вработи и други стручни лица во согласност со Закон за социјална заштита. Во оваа смисла, како што претходно наведовме, поради јакнење на психолошкиот момент кај старите лица сметаме дека треба да се ангажира медицинска сестра.
Минималната цена на услуга во овој предлог ќе биде утврдена на база на дневен центар за 50 корисници, кој не дава услуги во домашни услови а обезбедува еден топол оброк за корисниците. Во продолжение следи начинот на утврдување на минималната цена на услугата по корисник за еден месец:
o Социјален работник 1 – Бруто плата 24.550
o Геронто домаќинки 2 – Бруто плата 17.000 = 34.000
o Медицинска сестра 1 – Бруто плата 21.000
o Хигиеничар 1 – Бруто плата 15.000
o Готвач 1 – Бруто плата 21.000
o Помошник во кујна 1 – Бруто плата 18.000
o Топол оброк за 22 дена – 110.000
o Месечни режиски трошоци за 150 м² - 60.000
ВКУПНО 303.550 денари / 50 корисници = 6.071 денари
Напомена: Доколку субјектот обезбедува топол оброк за корисниците набавен од друг субјект тогаш цената на услугата би била 5.291 денари.
Доколку субјектот не обезбедува топол оброк за корисниците цената на услугата ќе биде 3.091 денари.
Сите пресметани цени претставуваат минимална цена по корисник без остварување на профит на субјектот кој ја дава услугата.
Утврдување на цена на услуги во центар за давање помош во домашни услови
За функционирање на еден центар за давање помош во домашни услови до 30 корисници треба да има вработено најмалку еден социјален работник, а за секои наредни 30 корисници, дополнително да обезбеди по уште еден стручен работник од следниве стручни профили: психолог, социјален работник, андрагог. Бројот на геронто домаќинки зависи од бројот на корисниците во центарот, а една геронто домаќинка во исто време не може да работи со повеќе од пет корисници. Заради обезбедување на соодветен квалитет во услугата, а имајќи ги во предвид искуствата од другите земји, се предлага една геронто домаќинка да работи со три корисници во текот на денот. Центарот треба да има ангажирано и лице за одржување хигиена на просториите на центарот. Центарот може да доставува и топол оброк во домот на корисникот.
Минималната цена на услуга во овој предлог ќе биде утврдена на база на центар за давање помош во домашни услови за 30 корисници. Во продолжение следи начинот на утврдување на минималната цена на услугата по корисник за еден месец:
o Социјален работник 1 – Бруто плата 24.550
o Геронто домаќинки 10 – Бруто плата 17.000 = 170.000
o Медицинска сестра 1 – Бруто плата 21.000
o Хигиеничар 1 – Бруто плата 15.000
o Месечни режиски трошоци - 60.000
ВКУПНО 290.550 денари / 30 корисници = 9.685 денари
Напомена: Доколку субјектот обезбедува и топол оброк за корисниците на цената на услугата која е претходно утврдена треба да се додадат и следниве трошоци:
o Готвач 1 – Бруто плата 21.000
o Помошник во кујна 1 – Бруто плата 18.000
o Возач со пола работно време 1 – Бруто плата 9.000
o Топол оброк за 22 дена – 66.000
o Дистрибуција на храната – 22.000
ВКУПНО 136.000 + 290.550 = 426.550 / 30 корисници = 14.219 денари
Доколку субјектот обезбедува топол оброк за корисниците набавен од друг субјект тогаш цената на услугата би била 12.919 денари.
Пресметаната цена претставува минимална цена по корисник без остварување на профит на субјектот кој ја дава услугата.
Заклучок: Имајќи ги во предвид висината на приходите на старите лица и добиените цени на услуги по корисник тешко возможно е секое старо лице само да ги подмирува трошоците за користење на овие услуги. Затоа се препорачува да се разгледа можноста за изнаоѓање дополнителни извори на финансирање на трошоците за субјектите кои ги даваат овие услуги.
ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ
1. ОПШТИ ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ
Фактот дека во сите општини, во истражувачкиот примерок се забележува дека како се зголемува возраста на истражуваната популација, така се намалува нивното учество во истражувачкиот примерок, значи дека најголем процент на старите лица во стратифицираниот примерок се во првата возрасна група 65-70 години, а најмалку во групата над 85 години. Овој индикатор треба да биде посебно значаен при креирање на формите и услугите за социјална заштита на старите лица.
Според полот иако има приближно еднаква застапеност на старите лица според полот во стратифицираниот примерок, сепак во сите општини со незначителен процент преовладуваат припадниците од женскиот пол. Ова треба да не поттикне при креирање на услугите да водиме сметка и за различните потреби на корисниците, кои произлегуваат од полот, односно родот на единката.
Иако националноста не беше определена како стратифициран примерок, се виде дека во општина Чаир каде што има поголем број на припадници на албанската националност, сеуште постои поголема поврзаност помеѓу семејството и потребите на старите лица во оваа општина се поинакви од потребите на старите лица во другите општини.
Во однос на социјалните контакти може да се заклучи дека најголем дел од нив социјалните контакти со средината, најчесто ги остваруваат со соседите, а најмалку со пријателите. Социјалните контакти речиси во сите општини, најчесто се секојдневни, или еднаш до два пати неделно и тоа како взаемни посети, освен кај оние стари лица кои неможат да се движат па мораат да чекаат да бидат посетени од други лица во средината.
Ако се земе во предвид дека најголем дел од анкетираните стари лица припаѓаат на најмладата возрасна група на стари, односно на оние со возраст од 60-65 години, тогаш и очекувано е најголем дел од нив да бидат со средно образование. Но веќе се забележува и подигнатиот капацитет на образование на стари лица (високо, више, магистратура и докторат). Затоа при давањето на услуги од социјална заштита треба да се води сметка за степенот на образование на старите лица, и искористување на оние со повисоко образовно ниво преку нивно вклучување во активности на лидерско ниво, во однос на старите лица со пониско образование. Ова истовремено значи дека како ќе старее населението така ќе се менуваат и нивните потреби за услуги, во согласност со нивното образование.
Ако се направи споредба на исказите на старите лица за тоа колку имаат потреба од здравствените прегледи и како тие би сакале истите да ги користат во вонинституционалните форми за заштита, се добива впечаток дека битен е нивниот психолошки момент за редовна контрола на нивното здравје и обезбедување на истото преку ресурс кој ќе им биде полесно достапен. Поради тоа, како и поради законската здраствена регулатива се предлага во вонинституционалните форми за заштита преглед, само од медицинска сестра.
Во грижата за време на болест приматот секогаш го имаат брачните партнери, а потоа децата. Во случаи кога старите лица немаат близок член на семејството, тогаш се препуштени на можноста за поддршка од лицата во пошироката социјална средина, кој и на баш така лесно можат да дадат соодветен квалитет во грижата. Тука најчесто се посоочуваат како грижа од роднини, соседи, пријатели, лице кое го плаќаат, а се добива и
одговор дека едноставно никој не се грижи за нив. Токму овие лица кои немаат грижа од блиски членови на семејството се потенцијални корисници на вонинституционалните форми за заштита на стари лица, од една страна, а од друга страна треба да се размислува на развивање на меѓусоседската помош и поддршка и интергенерациската солидарност.
И покрај потребата за социјализација и дружење во староста, многу малку стари лица се членови на некоја организација. Причината за ваквата состојба може да биде недоволниот број на организациии каде старите лица ќе препознаат дека можат да се вклучат, недоволна информираност за нивното постоење или недоволна мотивираност за нивно вклучување во нив, бидејќи не можат да го препознаат бенефитот од нив.
Потребите на старите лица за социјална заштита, посебно вонинституционална се очигледни. Се разбира дека неможе да се очекува дека сите би се вклучиле во користење на овие услуги, пред се поради нивната претходна неинформираност за нив, како и немањето можност да го увидат бенефитот кој ќе го добијат од нивно користење. Од друга страна не постојат ни капацитети за да се опслужат сите стари лица. Затоа бројката која сега е заинтересирана, во ова истражување, слободно може да ни даде право да констатираме дека е созреана почвата за имплементирање на вонинституционални форми за заштита, а во иднина интересот за нив се очекува да се зголемува. Имајќи ги во предвид сите овие параметри препорачуваме и меѓуопштинска соработка помеѓу субјектите од различни општини кои се заинтересирани за давање на вакви услуги. Така со заеднички капацитети и ресурси ќе можат да опслужат поголем дел на стари лица. Откако ќе се обезбеди соодветен простор и услови за работа, може да се започне и со реализирање на одредена форма на заштита. При тоа би сакале да потенцираме дека во почеток препорачуваме еден тим во секоја од препорачаните форми за заштита на стари лица. Со зголемување на пријавените и заинтересирани корисници, може да се планира и проширување на тимовите.
Најранливо прашање за сите стари лица е материјалниот статус и нивната подготвеност да платат, за користење одредени услуги во насока на задоволување на нивните потреби. Тие секогаш сметаат дека финансиите се тие кои најмногу ги ограничуваат и дека доколку имаат доволно финасиски средства можат да си дозволат се што е во интерес на задоволување на нивните потреби. Поради повисокиот процент на стари лица со примања кои не ги задоволуваат нивните потреби и малиот број на стари лица кои можат да одвојат само минимален износ на средства, за да платат за задоволување на нивните потреби, во рамки на сите анкетирани општини, се препорачува при развивањето на форми за заштита на стари лица да се бара утврдување на минимален износ на цената на услугата, која би ја плаќало Министерството за труд и социјална политика за корисниците сместени преку центрите за социјална работа. Во спротивно најранливите категории на стари лица, сеуште би останале незаштитени. Од друга страна реалната цена на пазарот која би требало старите лица да ја платат е навистина многу висока, а нивните примања како што се гледа се многу мали. Затоа се препорачува обезбедување на што поголем број бесплатни услуги, што значи ресурсите за финансирање на вонинституционалните форми да не се бараат само кај старите лица, туку свој придонес во ова да дадат сите кои имаат законска можност за давање и креирање на политики за социјална заштита.
Општ е впечатокот дека невладините организации, градот Скопје и самата општина во која живеат старите лица се субјекти кон кои старите лица изразуваат најголема доверба, за организирање форми за вонинституционална заштита.
Резултатите добиени од фокус групите повторно упатуваат на еден ист опш заклучок, дека на старите лица им се потребни форми за социјална заштита, достапност на услуги во средината во која живеат, информираност за правата кои ги имаат, начинот на кој можат да ги задоволат и институциите каде можат да ги задоволат, како и нивно поголемо вклучување во прашањата кои директно се однесуваат за нив. Едноставно потребна е поголема сензибилизација на старите лица за потребите на старите лица.
Интересно е што во целото истражување се доби општ впечаток дека старите лица најмалку се заинтересирани за користење на услугата сместување во установа за стари лица, односно дека повеќе сакаат доколку имаат услови да останат во својата природна средина и таму да ги задоволат своите потреби. Но и покрај ваквиот нивен одговор, имајќи ги во предвид трансформацијата на семејството и ангажираност на членовите на семејството, како и препораките на ЕУ за обезбедување капацитет за институционално сместување на 3-5% на стари лица во секоја држава, не смее да се дозволи главниот град на републиката да остане без ваков јавен ресурс. Секогаш кога услугите неможат повеќе да се даваат во природната средина на старото лице, тоа мора да се смести во установа за социјална заштита. Затоа на ниво на град Скопје се препорачува отварање на дом за стари лица, како ресурс на градот, или зголемување на капацитетот, осовременување на изгледот и решавање на статусот на веќе постоечкиот дом за стари лица, поточно одделот
„Мајка Тереза“. Потребата за институционално сместување на старите лица може да биде задоволена и преку отварање на домови за стари лица со помали капацитети во рамки на самата општина, кои ќе ги задоволуваат потребите на старите лица во рамки на општината.
2. ПРЕПОРАКИ ЗА РАЗВОЈ НА ФОРМИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА СПОРЕД ИЗЈАСНУВАЊЕТО НА АНКЕТИРАНИТЕ СТАРИ ЛИЦА
ОПШТИНА ЦЕНТАР
Препорака: Имајќи го во предвид фактот дека старите лица од општина Центар за организирање на форми за социјална заштита најголема доверба имаат во невладиниот сектор, во Градот Скопје и во општината, најдобро би било да се искористат ресурсите на сите три субјекти. Како носител на активностите да се појави Градот или општина Центар, кои заеднички би го финансирале целиот проект, додека невладиниот сектор би се јавил во улога на субјект кој ќе ги испорачува услугите до крајните корисници. Во однос на формите на заштита, според податоците од истражувањето, најдобро е да се формира Дневен центар за стари лица кој воедно ќе има капацитет за давање и сервисни услуги во домот на старите лица.
ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Препорака: Високиот процент на старо население во оваа општина, сам по себе ја наметнува зголемената потреба за користење на услуги кои се во насока на задоволување на овие потреби. Имајќи ги во предвид добиените резултати за оваа општина како најсоодветен облик на заштита се чини дневниот центар, кој истовремено по својата законска функција може да дава услуги и во домот на корисникот, т.е. да ги задоволи потребите на оние корисници кои имаат ограничено движење и потреба за користење услуги од центар за давање помош во домашни услови. Како носители на заштитната
функција на старите лица, според изјавите на испитаниците, најпожелно е да се јават невладини организации, општината Кисела Вода или градот Скопје.
ОПШТИНА КАРПОШ
Препорака: Врз основа на податоците од истражувањето се препорачува формирање на Центар за давање помош во домашни услови кој поради слабата финансиска моќ на старите лица од оваа општина би требало да нуди бесплатни услуги или со минимална партиципација од страна на корисниците. Поради фактот дека најголем процент од анкетираните стари лица најголема доверба за организирање на услуги од социјална заштита имаат кон општината и невладиниот сектор се препорачува носител на активностите да биде општината а организација од невладиниот сектор да ги испорачува услугите до крајните корисници.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Препорака: Поради фактот дека најголем дел од анкетираните стари лица во општина Гази Баба искажале најголема доверба токму кон општината се препорачува носител на активностите во делот на социјална заштита на старите лица да биде општината, сама или во партнерство со организација од невладиниот сектор. Во однос на формата на заштита, а врз основа на податоците од истражувањето, се препорачува тоа да биде комбинација од дневен центар со центар за давање помош во домашни услови. Поради слабата финансиска моќ на старите лица од оваа општина треба да се размислува за изнаоѓање начин услугите да бидат бесплатни за крајните корисници.
ОПШТИНА ЧАИР
Препорака: Бидејќи старите лица во оваа општина изразиле приближно еднаква потреба за користење на услуги од дневен центар и центар за давање помош во домашни услови, препорачуваме во оваа општина да се отвори дневен центар кој истовремено ќе нуди услуги и во домот на корисниците. Даватели на услугите би требало да бидат субјектите кон кои испитаниците изразиле најголема доверба.
ОПШТИНА БУТЕЛ
Препорака: Имајќи го во предвид релативно малиот процент на старите лица од општина Бутел кои покажаа заинтересираност за користење на услуги од дневен центар и од Центар за помош во домашни услови се препорачува пред отпочнување на активности за реализација на конкретна форма на заштита да се работи на анимирање на населението за позитивните аспекти од постоењето субјекти кои ќе нудат услуги од социјална заштита. Во следната фаза треба да се формира Дневен центар кој ќе има техничка и кадровска можност за давање услуги од социјална заштита во домашни услови, односно да се направи комбинирање на овие две вонинституционални форми. За реализација на оваа идеја, а врз основа на големата доверба што старите лица ја искажаа кон невладиниот сектор, најдобро би било општината да ангажира невладина организација која ќе ги испорачува услугите до старите лица.
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Препорака: Бидејќи анкетираните стари лица во општина Ѓорче Петров, најголема доверба изразиле во невладините организации и градот Скопје, се препорачува токму овие субјекти да бидат носители на формата за заштита на стари лица во оваа општина. Исто така според добиените информации од анкетираните лица, се констатира дека најголем дел од нив се заинтересирани за користење услуги од центар за давање помош во домашни услови, па затоа оваа форма се препорачува како облик на вонинституционална социјална заштита која најпрво треба да се користи во оваа општина.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Препорака: Старите лица во оваа општина се повеќе заинтересирани за користење на услуги од центар за давање помош во домашни услови, но бидејќи во оваа општина веќе постои субјект кој дава вакви услуги, се препорачува да се зајакнат неговите капацитети, и да се зголеми неговата пристапност до старите лица со пониски примања. Тоа може да се направи со воспоставување соработка со Министерството за труд и социјална политика, и утврдување на цена која министерството би ја плаќало за корисниците кои ќе бидат упатени на користење на оваа услуга, преку центарот за социјална работа.
Од друга страна се препорачува да се размислува за отварање на дневен центар за стари лица, со цел да се задоволат и потребите на овие корисници. Како носител на услугите дневен центар пожелно е да се јави општината или градот Скопје, со цел да се пружи можност на различни субјекти да даваат услуги на стари лица.
Домот за стари лица кој работи во оваа општина, заедно со пензионерскиот дом, треба да размислуваат за проширување на своите капацитети, но и на усогласување на цената со платежната моќ на старите лица, односно со обезбедување на капацитети за корисници стари лица кои би се сместиле преку надлежниот центар за социјална работа, а висината на сумата на овие корисници да ја плаќа Министерството за труд и социјална политика.
ПРИЛОГ БР.1
ПРИЛОГ БР.1
ДНЕВЕН ЦЕНТАР | ||||||||
Услуги во дневен центар | Општина | |||||||
Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Центар | Чаир | |
Дневен престој (дружење со врсници) | 71,74% | 38,4% | 80,7% | 63% | 42,8% | 84% | 41,9% | 56,41% |
Исхрана | 8,70% | 15,3% | 31,5% | 25% | 9,5% | 30,49% | 9,8% | 15,38% |
Одржување на лична хигиена | 6,52% | / | 7,0% | 4,20% | 5,9% | 2,44% | 2,4% | / |
Одржување хигиена на облеката - перење | 6,52% | / | 8,7% | 4,20% | 1,1% | 1% | 2,4% | / |
Здравствена заштита (лекар и мед.сестра) | 67,40% | 46,1% | 61,4% | 33,30% | 38,0% | 74,40% | 53,1% | 58,97% |
Физички активности | 47,82% | 34,6% | 45,6% | 12,50% | 28,5% | 45,12% | 34,6% | 33,34% |
Услуги од физиотерапевт | 54,35% | 23,0% | 42,1% | 12,50% | 17,8% | 46% | 16,0% | 10,27% |
Психо-социјални советувања | 34,79% | 15,3% | 33,3% | 25% | 30,9% | 35,37% | 35,8% | 17,95% |
Совети и едукација на различни теми од секојдневниот живот | 58,70% | 26,9% | 56,1% | 29% | 33,3% | 53,66% | 58,0% | 25,64% |
Културно-забавни активности | 76,09% | 38,4% | 80,7% | 79% | 67,8% | 78,05% | 69,1% | 33,34% |
Работно и волонтерско ангажирање | 4,35% | / | 22,8% | 4,20% | 1,1% | 26,83% | 12,3% | 2,56% |
Услуги во дневен центар | Општина | |||||||
Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Центар | Чаир | |
Набавка на намирници | 4,35% | / | 5,2% | 4,20% | 4,7% | 7% | 4,9% | / |
Уплата на сметки | 4,35% | / | 3,5% | 4,20% | 5,9% | 6,10% | 2,4% | / |
Организиран превоз | 43,48% | 30,7% | 40,3% | 37,50% | 25,0% | 33% | 23,4% | 28,21% |
Подршка на семејството | 2,20% | / | 3,5% | / | / | 12,20% | 1,2% | 2,56% |
Сèопфатно истражување и анализа на потребите за формите за згрижување на старите лица во Град Скопје
ПРИЛОГ БР.2
ПРИЛОГ БР.2
ЦЕНТАР ЗА ПОМОШ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ | ||||||||
Услуги во центар за давање помопш во домашни услови | Општини | |||||||
Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Центар | Чаир | |
Набавка на намирници | 30,43% | 3,4% | 11,4% | 18,51% | 15,6% | 15,6% | 13,6% | / |
Подготвување на храна | 14,50% | / | 7,1% | 14,81% | 14,8% | 14,8% | 11,9% | 5,71% |
Дистрибуирање на готова храна во домот | 17,65% | / | 14,2% | 1,85% | 17,9% | 17,9% | 12,8% | 5,71% |
Помош во исхрана | 2,94% | / | / | 3,70% | 17,1% | 17,1% | 1,7% | 2,86% |
Помош во облекување соблекување | 8,70% | / | / | 11,11% | 16,4% | 16,4% | 1,7% | / |
Помош во одржување лична хигиена | 18,84% | / | 14,2% | 24,07% | 23,4% | 23,4% | 9,4% | 2,86% |
Помош во одржување хигиена на леглото | 14,50% | / | / | 7,40% | 11,7% | 11,7% | 7,6% | 2,86% |
Помош во одржување хигиена на облеката | 13,04% | / | 4,2% | 9,26% | 13,2% | 13,2% | 11,1% | 11,43% |
Одржување хигиена на стамбените простории | 44,93% | 20,6% | 28,5% | 18,51% | 40,6% | 40,6% | 40,2% | 34,29% |
Здраствена заштита од лекар и мед.сестра | 78,26% | 29,6% | 64,2% | 88,89% | 78,1% | 78,1% | 76,0% | 68,57 |
Помош во навремено и правилно земање на лекови | 11,59% | 34,4% | 4,2% | 20,37% | 23,4% | 23,4% | 6,8% | 2,86% |
Придружување при посета на специјал. лекар болници и др. | 7,25% | 3,4% | 15,7% | 11,11% | 25,0% | 25,0% | 28,2% | 2,86% |
Услуги во центар за давање поимош во домашни услови | Општини | |||||||
Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Центар | Чаир | |
Грижа за време на болест | 30,43% | / | 18,5% | 27,78% | 46,8% | 60% | 32,5% | 11,43% |
Психо-социјална подршка | 28,29% | / | 14,2% | 31,48% | 20,3% | 18,67% | 19,6% | 5,71% |
Услуги од физиотерапевт | 31,88% | 6,8% | 30,0% | 33,33% | 35,9% | 57,34% | 29,9% | 5,71% |
ПРИЛОГ БР.3
ПРЕДЛОЗИ ДАДЕНИ ОД СТАРИТЕ ЛИЦА НА ТЕРЕН
Општина Гази Баба
Отварање на брза помош во општината Гази Баба - побарано од 3 лица
Општина Ѓорче Петров
Потреба од отварање на општа амбуланта во Хром - побарано од 15 анкетирани лица.
Потреба од отварање на дневни центри за стари лица, бидејќи живеат претежно со своите деца - побарано од повеќе стари лица.
Општина Карпош
Отварање на државен дом за стари лица на повеќе спрата на кои ќе може да бидат примени и сместени и лица кои не примаат пензија и оние кои имаат најмала пензија.
Пример на први спрат оние со највисоки примања, на втори со помалку и.т.н -побарано од 4 лица.
Искажана недоверба во однос на искажувањето на нивните потреби, бидејќи некои власти им ветуваат но не и остваруваат.
Дадени предлози за искористување на постоечки објекти за дневни центри за стари лица.
Општина Кисела Вода
Предлози за отварање дневен центар бидејќи имаат недостаток од блиски ресурси, посебно во 11 Октомври.
Општина Центар
Искажана голема доверба во град Скопје и предлози за отварање на дневен центар за стари лица.
Општина Чаир
Зголемување на пензијата на лицата со албанска националност кои имаат месечни примања од 6.000 денари и најчесто брачниот другар нема никакви примања.
Отварање на посебна здравствена служба само за потреби на постари лица -побарано од 2 лица.