ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА VISA BUSINESS DEBIT
ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА VISA BUSINESS DEBIT
ДЕБИТНА КАРТИЧКА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈE
1. Поимите употребени во оваа точка го имаат следното значење:
• Општи услови - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопје
• Банка - Комерцијална банка АД Скопје
• Платежна картичка - вид на платен инструмент кој му овозможува на плаќачот да иницира трансакција со дебитна или кредитна картичка и којшто може да се користи од имателот за плаќање на стоки и услуги и/или за повлекување и/или положување на готовина (во понатамошен текст: Картичка)
• Барател - правно лице застапувано од законски застапник, кое поднесува барање за издавање на Visa Business Debit дебитна картичка
• Корисник на картичка - физичко лице на кое
Банката врз основа на Барање од законскиот застапник на Барателот му има издадено Visa Business Debit картичка која гласи на име на Xxxxxxxxx и на која името и презимето на корисникот е втиснато на картичката
• Платежна сметка во денари - платежна сметка на Барателот отворена кај Банката, која се задолжува/одобрува за износот на трансакциите, трошоците и надоместоците кои настануваат со користењето на платежната картичка во Република Северна Македонија и надвор од Република Северна Македонија.
• Расположливо салдо на платежна сметка во денари – расположливи средства, сопствените средства намалени за резервирани средства (за авторизирани, а неискнижени трансакции и други налози кои чекаат наплата)
• Дневен лимит - износ на средства, број на трансакции и максимален износ на трансакција кои Корисникот на картичката може да ги користи дневно, во трговија или готовина
• Трошоци - сите задолжувања за износот на трансакциите, трошоците, членарините и надоместоците кои настануваат со користењето на картичките
• Банкомат - електромеханички уред којшто им овозможува на овластените корисници, вообичаено користејќи машински вчитлива пластична картичка, да повлечат готовина од нивните платежни сметки и/или да обезбеди пристап кон други услуги како што се проверка на
состојба, пренос на парични средства, положување на готовина и валутна конверзија
• Трговец - примач на плаќање означен како примач на средства кои се предмет на инстант одобрение за пренос врз основа на барање за плаќање до продажно место на трговец
• POS – терминал - електронски уред инсталиран на продажни места или банкарски шалтери кој служи за електронско спроведување на трансакции
• PIN (Personal identification number) - таен личен идентификационен број на корисникот на картичка, кој служи како идентификација при користење на платежната картичката на банкомат и POS терминал
• Меѓународна платежна институција - Visa International
Сите термини кои не се конкретно дефинирани во овие Општи услови, а се однесуваат на платежните услуги и услугите со дебитни картички, банкарски услуги или други платежни услуги го имаат значењето утврдено со Законот за платежни услуги и платни системи како и со соодветните прописи.
2. Издавање на картичка
Барањето за издавање на Visa Business Debit картичка пополнето, потпишано и заверено го поднесува законскиот застапник на Барателот во Банката. Барателот е согласен Банката да ги провери сите податоци наведени во Барањето, како и да прибави евентуално други потребни дополнителни информации. За да користи дебитна картичка Барателот мора да има отворено или да отвори платежна сметка во денари во Банката. Дебитните картички Xxxxxxx ги издава по поднесено барање од законскиот застапник на Барателот во рамки на Рамковниот договор, без потпишување на посебен договор со Барателот при што во целост се применуваат одредбите од Рамковниот договорот склучен со Корисникот и овие Општи услови.
Законскиот застапник на Барателот, во име и за сметка на Барателот на Visa Business Debit картичката ја гарантира точноста на наведените податоци во Барањето. Барателот ги прифаќа правилата на работа со Visa Business Debit картичката и ја презема одговорноста за извршување на обврските настанати со употребата на платежната картичка. Барателот може да побара издавање на дебитна картичка за повеќе корисници.
За сите трансакции настанати со платежната картичка/и (во Р. Северна Македонија и надвор од Р. Северна Македонија) се задолжува платежната сметка во денари на Барателот. Барателот на Visa
Business Debit картичката може да го прекине правото на користење на картичката на еден или на сите Корисници, за што е должен писмено да ја извести Банката и да ја врати картичката на корисникот пресечена.
Корисникот може да ја користи Visa Business Debit картичката во висина на расположливи средства евидентирани на платежната сметка во денари на Барателот.
Сите корисници на Visa Business Debit картички назначени од Барателот пристапуваат до исти расположливи средства.
Банката одлучува за издавање на картичката, без обврска на подносителот на барањето да му даде образложение за својата одлука во случај да не одобри издавање на картичката.
Доколку подносителот на барањето се откаже од издавањето на картичката во периодот после одобрување на барањето и изработка на картичката, должен е да и ги надомести на Банката сите трошоци кои настануваат во постапката за издавање на картичката.
Корисникот на картичката е должен по прием на картичката истата веднаш да ја потпише со хемиско пенкало, при што потписот треба да биде идентичен со потписот на барањето и личната карта или пасошот. Корисникот на картичката го сноси целиот ризик и последиците во случај на непотпишување на картичката.
Картичките и личните идентификациони броеви ги подигнува лично Корисникот на картичката, Барателот или овластено лице со писмено овластување од страна на Барателот на Visa Business Debit картичката.
Рокот на важност на картичката е наведен на картичката. Корисникот може да ја користи картичката само во периодот назначен на истата. Во случај Xxxxxxxxx да не може да ја поседува картичката, должен е до Банката да достави писмен допис за блокирање на картичката, при што картичката се блокира и се оневозможува нејзино понатамошно користење.
3. Обновување на картичката
Корисникот на картичката е должен да ја откаже картичката најмалку 30 дена пред истекот на рокот на важност на картичката, во спротивно истата автоматски ќе биде обновена и не е потребно да се доставува барање за нејзино обновување. Банката автоматски ќе ја обнови картичката и за Баратели чии платежни сметки се блокирани поради неажурирана документација или од други причини, но Корисникот ќе може да ги користи картичките
исклучиво по ажурирање на документацијата и по деблокирање на платежната сметка. Картичката важи до последниот ден од месецот назначен на самата картичка и не смее да се употребува по истекот на нејзиниот рок на важење. Банката има право да ја обнови автоматски картичката само доколку Xxxxxxxxx/Корисникот се придржува кон Рамковниот договор и овие Општи услови во спротивно, Xxxxxxx го задржува правото да не ја обнови картичката. Корисникот на картичката е должен да води грижа за датум на важење на картичката. Доколку не добие известување од Xxxxxxx за обновена картичка до крајот на месецот кој е назначен како краен рок на важност, должен е да се обрати до Банката.
Корисникот е должен да ја уништи (пресече) старата картичка.
За износот на годишната членарина за картичките, се задолжува платежната сметка на Корисникот. Годишната членарина за сите видови картички се пресметува на годишно ниво, но се наплатува месечно на 12 еднакви месечни износи.
4. Користење на картичката
Картичката не е пренослива на други лица и може да ја користи исклучиво Корисникот на картичката чие име е втиснато на картичката.
Корисникот може да ја употребува картичката за безготовинско плаќање на производи и услуги на сите продажни места во Р. Северна Македонија и странство, кои имаат Visa ознаки.
Картичката може да се користи и за подигнување готовина во домицилна валута на сите банкомати и кај сите банки во Р. Северна Македонија и странство, кои имаат Visa Electron ознаки.
Сите трошоци настанати со користење на картичката, независно дали се направени во земјата или во странство се задолжуваат во денари на платежната сметка во денари на Барателот за која се издадени картички.
За сите користења на дебитната картичка Visa Business Debit во странство, пресметката се врши во ЕУР, а задолжувањето се врши во денари на платежната сметка во денари на Барателот, по продажен курс, согласно курсната листа на Банката, кои важат на денот на задолжувањето. При користење на картичката во странство, конверзијата на трошоците, од останати валути во ЕУР и од ЕУР во денари, при авторизација на трансакцијата, се врши по курсевите на Visa International. Трошоците за конверзија помеѓу валутите се на товар на Барателот на картичката. Користењето на картичката во странство подлегнува на Законот за девизно работење и на
други прописи кои го регулираат девизното работење.
Картичката може да се користи и за уплата на готовина на банкомат на Банката, по основ на дневен промет на основната платежна сметка во денари на Барателот.
При користење на картичката на банкомат, Корисникот се идентификува со PIN, а на РОЅ терминал се идентификува со PIN и/или потпис, кој треба да биде идентичен со потписот на картичката.
Еден примерок од потврдата за купопродажба, Корисникот на картичката задржува за своја евиденција.
Сите согледани неправилности на потврдата за извршена трансакција, Корисникот ги оспорува непосредно при купувањето, односно користењето на услугата.
Корисникот е должен да ги чува сите документи во врска со плаќањата извршени со картичката најмалку 6 месеци. На прво барање на Xxxxxxx, доколку за тоа се појави потреба, должен е истите да ги достави до Банката.
Корисникот на картичката е должен на барање на продавачот на стока, односно вршителот на услуга да се легитимира со лична карта, односно пасош. PIN-от му е познат исклучиво на Корисникот на картичката и потребно е со истиот да се постапува строго доверливо и да не биде достапен за трети лица.
PIN-от не смее да се запишува на картичката и никаква писмена трага за PIN-от не смее да биде доведена во врска со картичката.
Во случај на губење или заборавање на PIN-от, Корисникот на картичката треба веднаш да се обрати во Банката за повторно издавање на PIN. Користењето на картичката се врши во рамки на расположивото салдо, односно во рамки на дневниот лимит. Корисникот не смее да ги надминува расположливото салдо и дневните лимити на употреба на картичката.
5. Услови на плаќање со платежни картички Корисникот може да ја користи картичката до висина на расположливото салдо и во рамки на утврдените дневни лимити, во моментот на настанување на трансакцијата, односно во моментот на задолжување на платежната сметка. Барателот на Visa Business debit дебитната картичка ја овластува Банката, без негова дополнителна согласност да ги наплатува и сите достасани, а ненаплатени трошоци кои може да настанат врз основа на користење на Visa Business Debit картичката, од сите негови платежни сметки
во денари во Банката. Во случај на дополнителни трошоци кои ќе настанат при користење на картичката во врска со евентуални курсни разлики, членарина и други трошоци, Xxxxxxx ќе го задолжи Барателот на картичката со висината на тие трошоци. Барателот на картичката ја овластува Xxxxxxx да ги измири достасаните обврски со првиот прилив на неговите платежни сметки во денари во Банката.
Доколку во рок од 60 (шеесет) дена од денот на користење на картичката Барателот на картичката во изводот на платежните сметки не добие известување за задолжувањата на направените трошоци, должен е веднаш да ја извести Банката. Банката одредува дневни лимити за користење на картичката на банкомат, во трговија на ПОС терминал и лимити за трансакции преку интернет, за кои Корисникот на картичката е информиран при подигнување на картичката. Xxxxxxx го задржува правото да врши промена на дневните лимити. На барање на Барателот може да се дефинираат дневни лимити по картичка за трговија (на продажно место или преку интернет) и подигање на готовина од банкомат, при што овие лимити може да бидат поинакви од дневните лимити дефинирани од страна на Банката. Барање за промена на дневните лимити се доставува до Одделението за банкарски картички или самостојно преку Интернет банка и МБанка-Ко со овозможување на услугата администрирање на лимити.
6. Изгубена и украдена картичка
Барателот ги сноси сите законски последици и одговорност за евентуално неовластено користење на картичката. Корисникот е должен да се придржува на мерките за сигурност при користење на картичката (пр. треба да ја потпише картичката, да го чува PIN-от во тајност одвоен од картичката и сл.). Корисникот на картичката е обврзан веднаш да го пријави губењето односно кражбата на картичката во Банката на телефон 00 0000-000, и истата пријава да ја потврди со итно поднесување писмена пријава до Централата на Банката или во другите Организациони делови на Банката - Експозитури и Филијали.
Во случај на губење или кражба на картичката, Корисникот на картичката сноси финансиска одговорност за трошоците направени со картичката, односно 300 минути по иницијалната пријава за губењето или кражбата на картичката.
Доколку Xxxxxxxxxx на картичката не ја почитува обврската за тајност или не се придржува кон
мерките за сигурност при користење на картичката, одговорен е за секоја нејзина злоупотреба. По прием на писмена пријава за губењето или кражбата на картичката, Xxxxxxx на корисникот ќе му издаде нова картичка. Трошоците за издавање нова картичка и/или PIN после губењето или кражбата, паѓаат на товар на Xxxxxxxxx, во согласност со Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите коишто ги врши Комерцијална банка АД Скопје. Доколку корисникот ја најде картичката после пријавата на губењето односно кражбата, не смее да ја користи истата, туку е должен истата да ја пресече и достави до Банката. Трошоците направени со користење на пронајдената неважечка картичка се книжат на товар на сметката на Барателот.
7. Престанок на правото на користење на картчката
Картичката е сопственост на Банката и на нејзино барање, Корисникот на картичката е должен истата веднаш да ја врати пресечена. Банката може да одлучи да го блокира правото на користење на картичката, трајно или привремено, или да одлучи да ја откаже картичката во следниве случаи:
- кога Xxxxxxxxxx на картичката три пати последователно внесува погрешен PIN,
- кога е пријавена кражба или губење на картичката,
- кога Xxxxxxxxxx ја користи картичката спротивно на Општите услови, кога на платежната сметка нема покритие за наплата на пристигнатите трошоци, односно истата е неактивна,
- во случај на неажурирана документација за утврдување на идентитетот на Барателот на картичката за правни лица корисници на Visa Business Debit картички согласно законска регулатива за нерезиденти и резиденти,
- како и во сите останати случаи по проценка на Банката, без обврска за наведување на причината. Во случај на блокирање на картичката од страна на Xxxxxxx согласно погоре наведените случаи, како и во случај на неможност за користење на картичката заради ограничувања поставени од страна на меѓународните платежните институции, Банката не сноси никаква одговорност и не одговара за никаква штета спрема Барателот.
Продажното место може да ја задржи картичката и да ја достави до Банката, доколку картичката ја користи лице кое не е назначено како Корисник, доколку Xxxxxxx има дадено налог за одземање на картичката или ако картичката е со истечен рок на важност.
Барателот може во било кој момент да го откаже користењето на картичките со доставување на
писмена изјава до Централата на Банката - или во другите Организациони делови на Банката - Експозитури и Филијали.
Во случај на откажување на картичката, Xxxxxxxxx е должен да ги подмири сите неплатени обврски по картичката, настанати до моментот на откажување на картичката.
8. Рекламации
Банката не презема никаква одговорност за квалитетот и количината на производите, односно услугите купени со картичката.
Рекламациите во врска со квалитетот и количината на производите, односно услугите купени со картичката се решаваат на продажното место.
Доколку Корисникот на картичката смета дека некои од трошоците се погрешно пресметани и прокнижени, или дека не му припаѓаат, може да се обрати до Банката поднесувајќи ги сметките и сите останати релевантни документи кои Банката може да ги побара.
Доколку Банката утврди дека рекламацијата е оправдана ќе ја одобри платежната сметка во денари на Барателот на картичката, а во случај на неоправдани рекламации Барателот ги сноси сите трошоци кои произлегуваат од постапката за рекламација, како и должен е да плати надомест на Банката согласно Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите коишто ги врши Комерцијална банка АД Скопје.
Рекламациите се поднесуваат на образец од Банката - лично во Централата, Филијалата или Експозитурата на Банката, преку веб страната на Банката со пополнување на соодветната апликација, преку е-меил порака на контакт адресата на Банката или по пат на пошта со испраќање на писмо до седиштето на Банката. Рокот на поднесување рекламации е 20 (дваесет) дена по завршување на месецот во кој е книжена трансакцијата. Во спротивно, Банката ќе смета дека барателот на картичката е согласен во вкупните трошоци наведени во изводот.
Согласно правилата на VISA максималниот број на рекламирани трансакции по картичка се 35 транскации.
9. Надоместоци и провизии
Сите надоместоци и провизии поврзани со картичката се наплатуваат во согласност со Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите коишто ги врши Комерцијална банка АД Скопје. За износот на пресметаните надоместоци и провизии се задолжува платежната сметка во денари на
Барателот и истите се прикажуваат на изводот за состојба на сметка.
10. Останати одредби
Банката и Меѓународните платежни институции го задржуваат правото за воведување на дополнителни привилегии/услуги за Корисниците на картички, како и за времено или целосно укинување на истите без претходна најава и согласност од Барателот. Доколку се работи за привилегија/услуга која е овозможена од Меѓународните платежни институции, Банката не сноси никаква одговорност за исполнување на истата. Сите привилегии/услуги за Барателот на картички, вклучувајќи ги и нивните промени, ќе бидат објавени на интернет страната на Банката. Овие Општи услови заедно со Барањето за издавање картичка се составен дел на Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица склучен помеѓу Банката и Барателот.
Со потпишување на Барањето, Барателот на картичката потврдува дека е запознаен со Општите услови и дека во целост се согласува со нив и со правните дејства кои произлегуваат од истите. Одредбите од овие Општи услови се однесуваат на Барателот, како и на секој Корисник на картичка определен од страна на Барателот.
Банката го задржува правото за измена на Општите услови, како и на Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите коишто ги врши Комерцијална Банка АД Скопје, и за тие промени или дополнувања ќе го известува Корисникот преку веб страната на Банката или Изводите за платежната сметка.
За сите измени или дополнувања на Општите услови и Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите коишто ги врши Комерцијална Банка АД Скопје поврзани со работењето со картички, Банката ќе го известува Корисникот на начин согласно одредбите од Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица.
Барателот на картичката кој не се согласува со измените е обврзан е да ја врати картичката во Банката, при што доколку Барателот има склучено посебен договор за картичка, истиот се смета за раскинат.
Доколку Барателот или од него овластено лице не ја врати картичката во рок од два месеци по објавената промена на условите во работењето, се смета дека ги прифаќа промените. Во случај на неприфаќање на промените, Барателот е должен да ја извести Банката за тоа и да ги врати сите картички. Барателот во ваков случај има обврска да ги надомести сите трошоци кои се настанати до
моментот на стапување на измените во сила. Во случај Барателот да ја извести Банката дека не ги прифаќа измените, Банката има право да ги блокира и оневозможи картичките за понатамошно користење.
Договорните права и обврски за Банката течат од денот на одобрување на барањето за издавање на картичка.
Правата и обврските предвидени во овие Општи услови кои се однесуваат на користење на картичката, течат од денот кога Корисникот потпишал прием на картичката.
Банката не сноси никаква одговорност ако Корисникот на картичката не може да ја употреби картичката во следните ситуации кои се надвор од контрола на Банката:
- технички проблеми со опрема, систем, телекомуникации и струја;
- штрајк или други вонредни околности;
- кога картичката е заробена на продажно место или на банкомат и истата е оштетена;
-кога од било која причина продажното место, банка или банкомат не ја прифаќа картичката.
Банката се обврзува да ги заштити личните податоци за Корисникот на картичката, согласно законските прописи.
Секое користење на картичката спротивно на законските прописи, како и плаќање на стоки и/или услуги кои се забранети со законските прописи е казниво.
Секое користење на картичката спротивно на горенаведените одредби, повлекува автоматско одземање на картичката, преземање на мерки согласно законските прописи, а целокупната материјална штета заедно со каматите ја сноси Барателот на Visa Business Debit картичката.
Барателот е должен веднаш да ја пријави во Банката секоја промена на адреса, на одговорните лице за контакт, како и на сите други податоци важни за користење на картичките, во рок од 7 дена од денот на настанување на промената. Доколку Барателот не се придржува кон оваа обврска, Банката може да ги одземе картичките или да преземе други соодветни санкции кон Барателот или Корисникот на картичката. Во случај на не известување за променета адреса, секоја достава на последно пријавената адреса ќе се смета за уредна и валидна.