Contract
Потпишан договор за соработка помеѓу НУЦК „Ацо Шопов“
В
и Универзитетот „Еуропа прима“
о Националната Установа - Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип, е потпи- шан договор за соработка помеѓу оваа
национална установа од областа на култу- рата и Меѓународниот универзитет за аудио- визуелни уметности Еуропа прима. Догово- рот го потпишаа Xxxxx Xxxxxxx, директор на НУЦК „Xxx Xxxxx“ од една и Xxxxx Xxxxxxx- ска, генерална менаџерка на „Еуропа прима“ од друга страна.
Со овој документ е предвидена раз- мена на кадри и ресурси меѓу двете институ- ции. Тоа значи дека актери, режисери и други театарски дејци од Центарот за култура во Штип ќе учестуваат во работа на проекти на Уннверзитетот Еуропа Прима и ќе можат да
ги користат техничките, просторни и кадров- ски можности на Универзитетот за доедука- ција и претставување на свои проекти пред
пошироката јавност, особено од областа на аудио и звучниот инженериг, продукција и културен менаџмент, фотографија, камера, монтажа, режија, драматур-
Xxxxx Xxxxxxx и Xxxxx Xxxxxxxxxx го потпишуваат договорот за соработка
xxxx,современа актерска игра, осветлување на сценски
Xxxxx Xxxxxxx, Xxxxx Xxxxxxxxxx и писателот проф. Xxxx Xxxxxxxxx
простор, анимација, филм, применета музика и друго. Центарот за култура со своите сценски про- сторни и технички можности и кадровскиот потенцијал ќе биде домаќин на проекти на Универзитетот Еуропа Прима, пред се театарски претстави, работилници, едукативни активности, курсеви од областа на аудио-
визуелните уметности и медиумската култура.
Предвидена е соработка која опфаќа гостувања во Штип на претстави од Меѓународниот театарски фе- стивал Актерот на Европа, студентски претстави, кон- церти и рецитали, филмски проекции на филмови од Меѓународните филмски фестивали СЕЕ Берлин и Париз, проекции на документрни и анимирани фил- мови од продукцијата на Еуропа Прима и друго.
Договорот предвидува и копродукциски проекти од областа на аудиовизуелните уметности и соработка на Центарот за култура од Штип со повеќе универзи- тети од Европа со кои Уиверзитетот Европа Прима со- рабтува како и заедничко конкурирање со проекти пред европските фондови.
По потпишувањето на договорот се одржи ра- ботилница на тема: Театарската критика и медиумите денес со учество на професори од универзитетот Еу- ропа Прима.
2
Октомври, 2023 бр. 19
Актант
Театарскиот фестивал „Малиот принц“ за голема радост на децата и младите
Во домот на волшебникот
Црвенкапа
Ч
етири претстави за деца и млади на теа-
три од Штип, Куманово и Скопје во месец октомври ги освоија најмладите во нашиот
град. Децата и младите на секоја претстава ја
исполнуваа големата сала при Домот на култура
„Xxx Xxxxx“, а нивните реакции само ни покажаа дека тие знаат што е добар театар кој им носи многу радости и уживања.
Фестивалот за деца и млади „Малиот Принц“ беше 11 по ред и е во организација на НУЦК „Xxx Xxxxx“-Штип. На истиот беа изведе- ни претставите „Ајварко, Кифи и мистер Xxxxxx-
гер“ на НУЦК „Xxx Xxxxx“, претставата „Во до- мот на волшебникот“ на Татара Хит – Скопје, претставата „Пет и еко“ е еколошка претстава на авторот Xxxxxx Xxxxxxxxx во режија на Xxxxxx Xxxxxxxxxx од Скопје, додека претставата „Цр- венкапа“ е на НУЦК “Трајко Прокопиев“ од Кума- ново.
Пред почетокот на фестивалот НУЦК „Ацо Шопов“ обезбеди перформанс со живи статуи пред „Галерија 22“.
Подолу донесуваме по една фотографија од секоја претстава.
Xxxxxxx, Xxxx и мр. Хамбургер
Xxx и Xxx
Актант
Октомври, 2023 бр. 19
3
Триесте години на списанието за уметност СУМ
Ц
ентарот за културна иницијатива – Штип го обја- ви јубилејниот 90-ти број на Списанието за уметност – СУМ. Истовремено се навршуваат и
30 години од првиот број на СУМ, кој бил посветен на Xxx Xxxxx. Јубилејот беше одбележан во просториите на Матица Ексклузив во Скопје, а на настанот прису- ствуваше врвната писателска фела во Македониј.
– Триесет години Списание за уметност – СУМ, како што во една прилика рече академик Xxxx Xxxx- xxxxxx, значи триесет години војникување во култур- ниот простор. Триесет години СУМ, значи, око да не склопиш пред домашната и светската книжевна, теа-
Искра Xxxxxxxxx чита извадоци од СУМ
xxxxxx, ликовна и му- зичка стварност. Трие- сет години, триесет по три пати поклон пред делата на врвните мај- стори на трајните вредности. Триесет го- дини да го слушаш гласот на демијурзите, кои и за грешките гово- рат дека се нивни, е огромна одговорност. За сите овие години сакал – не сакал, бев одговорен и за дното и за апогејот на СУМ. Да се живи и здрави сите оние кои му инјектираа и оние кои сè уште му инјектираат кислород
во дишните патишта на списанието, кое го носи името СУМ, не оти е акроним на Списание за уметност, туку од последното зборче на сентенцата kogito ergo sum, значи постојам. Кога своевремено го прашав академик Xxxx Xxxxxxxxxx, ќе сака ли да каже нешто за списа- нието СУМ, кратко и јасно рече: Xxx СУМ, СУМ и ќе СУМ – открива Xxxxxxx.
Тематскиот фокус на јубилејниот 90-ти број на СУМ е ставен на националната драма и потребата од неа. Овој број го уредија Xxxxx Xxxxxxxxx и Xxxxxxx- дар Прокопиев. Излегувањето на СУМ е поддржано од Министерството за култура на РСМ. Тежината на 30- годишното опстојување на списанието најдобро ја знае Xxxxxx Xxxxxxx.
На настанот присуствува поголем број од писателската фела во Македонија
– Свртувањето на СУМ кон театарот не е коне- чно. Театарот кај нас е најмалку третиран од страната на оние кои во него доаѓаат однадвор: критичарите, театролозите, драматичарите, па затоа, секогаш кога ќе ми се укаже прилика за тоа, содржината ја составу- вам од прилози кои се допираат до театарската умет- ност – објасни Xxxxxxx.
На личности кои придонеле за квалите- тот и афирмацијата на списанието им беа вра- чени признанија. Добит- ниците може да ги ви- дите во рамката од овој текст.
Искра Xxxxxxxxx ги прочита мислењата за СУМ кои низ исто- ријата на постоењето на списанието ги иска- жале и запишале вели- каните на национално- то културно творештво, сега покојните Гане То- доровски, Xxxxx Xx- xxxxxx, Xxxxx Xxxxxxxx и други.
Шести хорски средби „Астибо фест“
В
о големата сала при НУЦК „Ацо Шопов“-Штип ме- сецов се одржаа шестите средби на камерни хо- рови „Астибо фест 2023“. Публиката можеше да ги слушне хорските изведби на камерните хорови „Град-
ски хор Штип“, Градски мешан хор „Вардар“ и Мешан хор „Злата Мегленска“ од Скопје, Женскиот хор „НЕ- разделни“ од Ќустендил, Бугарија и Женскиот хор „Ќе- рамија“ – Прилеп.
4
Октомври, 2023 бр. 19
Актант
Пишува: Xxxxxx Xxxxxxx
АКО СИ СРЕЌЕН ТРИ ПАТИ ВИКНИ УРА, УРА, УРА...
Д
етството е вредност, количина. Секој што го преживеал го има во доволна мера. Го имаат ситите и гладните, го имаат слободните и по- робените. Колку што е слободата за децата, толку е одговорност за возрасните. Не треба на децата да им се одзема слободата во изборот на игрите, вербата во приказните. Може да се каже дека децата како што и полжавите, ја носат на грбот својата куќичка. Куќичката во која можат да се осамат, да се сокријат кога ќе им
прети опасност. Каков товар ќе и’ причинува на грбот, зависи од возрасните.
Се разбира, куќичките на гладни- те, сиромашните, оние што живе- ат во војна, ќе им тежат многу по- веќе отколку на оние кои живеат во мир и изобилство.
Xxxxx убаво би било кога сите деца на светот ќе но-
сат на грбот куќички со иста тежина, односно со тежина која ќе одговара на нивните пле-
ќи. Тогаш нема да има деца кои три- пати удирајќи со дланките, како во пес-
ната, што не ќе објават дека се среќни. Нема да има деца кои одејќи по животните патишта, трасирани од возрасните, што не ќе извикуваат: Ураа! Ураа! Ураа! Психоаналитичарите од светски глас, не убедуваат дека на се’ она
што расте, што се развива во човекот, коренот му е во детството.
Може да се каже дека никој од возрасните на својот грб не носи друга куќичка освен онаа што ја добил во детството. Со куќичките на грбот се влечкаат по животните патишта чија проодност зависи од проценката на важноста на товарот. Одредувањето на врдноста на куќучките на грбовите ги дели луѓето на: на миротворци, раздавачи на добрини и на заговарачи
ИМПРЕСУМ
AKТАНТ , гласило за уметност, излегува како сепарат во Штипски Глас.
Издавач: НУЦК „Ацо Шопов“-Штип. За издавачот: Xxxxx Xxxxxxx, директор
Главен и одговорен уредник
- Xxxxxx Xxxxxxx,
на војни, сеачи на смрт. Не треба да се заборави - пукањето, палењето, уништувањето на куќичката на другиот е пукање, палење, уништување на својата. Паника ме фаќа кога ќе помислам дека во секој миг на земјата милионо куќички се гранатираат. Во секој миг од времето тврдата земја им станува небо на милиони мртви симболи на мирот и слободата.
Кога нобеловката, поетесата Xxxxxxx Xxxxxx- ска, ја прашале зошто пишува, или што сака да пос- тигне со пишувањето на поезија, таа одговорила дека само во песните може да се сопре куршумот што има лоша цел. Јас би додал, не само во пес- ните, туку и во сите други изрази на умет-
носта. Може да се сопре во музич- ката, во театарот, во филмовите, на сликарските платна. Може да се реа- гира низ сите медиуми. Може,
ама ако сфатиме дека не гос- под, туку ние самите пора- ди алчност за туѓи други имоти, си ги жртвуваме
сопствените деца.
Ова го пишувам по завршувањето на Фестивалот за деца „Малиот принц“. И годинава помина во организација на НУЦК
„Xxx Xxxxx“ – Театар Штип. Помина со скромна, сосем скромна финансиска помош од Министерството за култура на Р.С.
Македонија. Излегува дека некои неразумно пукаа во куќичката на Фестивалот. Дека е така потврдуваат инсценираните приказни кои имаа краток, сосем краток лет кон децата чии дланки како и секогаш беа подготвени три пати ударајќи ги една од друга, да објават колкава среќа имаат во куќичките на грбот.
Уредник на Фотографија Xxxx Xxxxxxx Xxxxxxxxxxxx подготовка
-Xxxxxxxx Xxxxxxxxx
Печати: Xxxxxx 00-Xxxxxx, xx. „Крижевска“ бр. 52
Тираж: 1.000 броја.
Дистрибуција: Медиум Боја 43-Штип ISSN 2671 - 3489
Финансиски поддржано од Министерството за култура на РСМ