1] За осигурен случај согласно овие Посебни услови се смета причинета штета која адвокатот или адвокатското друштво ќе ја предизвика на трeти лица при вршење на адвокатската дејност, доколку е последица од незаконско постапување или непостапување на...
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-опо-адв 18-8-мк
Посебни услови за осигурување од професионална одговорност на адвокати
член 1: воведни одредби
[1] Договорите за осигурување од професионална одговорност на адвокати се склучуваат согласно важечките Општи услови за осигурување од професионална одговорност и одредбите на овие Посебни услови.
[2] Доколку некои од одредбите на Општите услови за осигурување од професионална одговорност се спротивни на одредбите на овие Услови, ќе се применуваат одредбите утврдени во овие Посебни услови.
член 2: предмет на осигурување
[1] Со осигурувањето од професионална одговорност на адвокати е покриена одговорноста на адвокатите или адвокатските друштва за материјални штети причинети на трети лица при вршење на адвокатската дејност, доколку се последица од незаконско постапување или непостапување на адвокатите, приправниците и стручните соработници вработени кај индивидуални адвокати или во адвокатски друштва, согласно прописите кои ја уредуваат адвокатската дејност.
член 3: осигурен случај
[1] За осигурен случај согласно овие Посебни услови се смета причинета штета која адвокатот или адвокатското друштво ќе ја предизвика на трeти лица при вршење на адвокатската дејност, доколку е последица од незаконско постапување или непостапување на адвокатите или адвокатските друштва согласно прописите кои ја уредуваат адвокатската дејност.
[2] Дали преземените или непреземните дејства на адвокатот или адвокатското друштво се незаконски, утврдува надлежниот суд со правосилна одлука.
[3] Осигурениот случај треба да биде иден и неизвесен. Се смета дека осигурениот случаj настанал тогаш кога е сторено дејство, односно настанало пропуштање при вршење на дејноста, со кое е предизвикана материјална штета на трето лице.
член 4: неосигурени опасности
[1] Покрај исклучувањата кои се предвидени со Општите услови за осигурување од професионална одговорност, со осигурувањето од професионална одговорност на адвокати, осигурувачот не ги покрива отштетните побарувања:
1) коиќенастанаткако последица на кршење на задолжителните постапки во врска со водењето, односно надгледувањето на осигуреникот во функција на член на управниот или надзорниот одбор на акционерско друштво;
2) кои настанале во врска со плаќањето надомест за адвокатот или надомест на трошоците;
3) кои настанале врз основа на незадолжително советување од адвокатот;
4) кои настанале како последица од злоупотреба на доверливи информации на странката од страна на осигуреникот и лицата вработени кај него;
5) кои ги предизвикало трето лице на кое адвокатот му овозможил да ја извршува дејноста врз основа на својата дозвола за извршување на дејност (давање печат за употреба на трето лице и сл.);
6) поради посредување во парични и други стопански работи;
7) поради неправилно таксирање и други недостатоци во поглед на таксирањето;
8) поради исчезнување, оштетување или кражба на ствари;
9) за штети настанати на работник на осигуреникот, брачниот другар и другите членови на домаќинството и лица кои осигуреникот е должен да ги издржува, членови на семејство на адвокатот до втор наследен ред, како и на основачи на адвокатското друштво;
10) со осигурувањето не се опфаќаат штети кои се причинети со кривично дело;
11) за постапување на осигуреникот во ситуации кога знаел или морал да знае дека постојат законски пречки да постапува во предметната правна работа;
12) во ситуации кога адвокатот одбил да даде правна помош по налог на судот по службена должност, а не постоеле законски пречки тоа да се направи;
13) за штети настанати по истекот на 30 дена од откажувањето на полномошното на адвокатот согласно одредбите од Законот за парничната постапка;
14) за одговорност на осигуреникот врз основа на договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои инаку не одговара по Закон, како и за посебно склучени договори помеѓу осигуреникот и трето лице, односно поради неисполнување на таквите договори;
15) за штети на ствари, извршени работи, платен налог или парични средства кои осигуреникот или некое друго лице по негов налог или за негова сметка, ги преземал, а не смеел да го стори тоа;
16) за штети кои настанале како последица на свесно постапување, спротивно на прописите или правилата по кои се извршува дејноста, односно занимањето како извор на опасности од полисата;
17) за штети што се последица од заболување или отсуство на осигуреникот и на работниците на осигуреникот;
18) за штети причинети поради одговорност во својство на заменик на адвокат, а кој немал директно овластување од оштетениот за преземање на каква било правна помош, заменик-адвокат кој не работи во иста канцеларија со осигуреникот и не е опфатен со осигурувањето, односно со полисата, како и секој друг вработен во адвокатска канцеларија кој не е опфатен со полисата за осигурување од одговорност од адвокатска дејност.
член 5: право на регрес
[1] Ако адвокатот или адвокатското друштво направил штета на трето лице намерно или од грубо невнимание, и доколку осигурувачот е задолжен да надомести штета на третото лице, осигурувачот има право на регрес спрема адвокатот, односно адвокатското друштво.
[2] Осигурувачот го задржува правото на регрес од адвокатот, односно адвокатското друштво, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за неа од страна на адвокатот, односно адвокатското друштво, не му се презентирани на осигурувачот
Посебни услови за осигурување од професионална одговорност на адвокати
точни и вистинити податоци, односно докази при обработката на барањето и надоместот на штета.
член 6: обврски на осигурувачот
[1] Доколку не е поинаку одредено, осигурувачот ја исплаќа заедничката оштета од сите осигурени случаи во една година која изнесува најмногу двојно од договорената осигурена сума.
[2] Во случај на исплата на двојна осигурена сума, осигурителното покритие може да се продолжи единствено ако тоа е посебно договорено. Во тој случај премијата се одредува посебно.
2