1 ( едно) лице личен асистент со завршено средно образование IV степен или високо образование профил дипломиран дефектолог; психолог; педагог; професор ( одделенски, предметен).
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ” за работно ангажирање од 20(дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Град Скопје.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „ Општинско – корисна работа“
истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско- корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- 25 (дваесет и пет) лица образовни асистенти со завршено високо образование профил дипломиран дефектолог; педагог; психолог; професор ( одделенски, предметен).
- 1 ( едно) лице личен асистент со завршено средно образование IV степен или високо образование профил дипломиран дефектолог; психолог; педагог; професор ( одделенски, предметен).
- 4 ( четири ) негуватели за деца на возраст до 5 години ССС со завршен IV степен, (лицето да поседува лиценца за негувател).
Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 05.08.2019 година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот или во Општина Кисела Вода во период од 08:30 до 16.30 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Xxxxxx Xxxx и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кисела Вода кај лицето Xxxxxxxxx Xxxxxxxx на тел. 02/0000-000, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување - Центар за вработување Град Скопје кај лицето Шериф Сума, Центар за социјлна работа ПЕ Кисела Вода кај лицето Xxxxxx Xxxxx.