I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
ЗА ГРУПНО РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦА ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ (0552)
Скопје, Јули 2023 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Цел Член 1
(1) Овие Посебни услови за групно ризико осигурување на живот во случај на смрт (во понатамошниот текст: Услови) се составен и неразделен дел од Договорот за групно ризико осигурување на живот во случај на смрт,кој Договорувачот го склучува со Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје (во понатамошниот текст Осигурувач).
(2) Со договорот за групно ризико осигурување на живот во случај на смрт се уредуваат меѓусебните права и обврски на Договорувачот, Осигуреникот, Корисникот какои Осигурувачот. Составен дел од договорот за групно ризико осигурување на живот во случај на смрт се овие Услови, Условите за дополнителни осигурувања и сите додатоци кон Договорот во писмена форма.
(3) Согласно Договорот за осигурување и овие Услови, Договорувачот се обврзува во договорените рокови да ја плаќа премијата на Осигурувачот, а осигурувачот се обврзува да му ја исплати на Корисникот на осигурувањето осигурената сума во согласност со одредбите на овие Услови.
Дефиниции Член 2
(1) Термините искористени во овие услови го имаат следното значење:
- Осигурувач е КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД-Друштво за осигурување на живот Скопје;
- Договорувач е правно или физичко лице кое врши дејност и кое со Осигурувачот склучило договор за групно ризико осигурување на живот во случај на смрт и презема обврска за плаќање на премија. За да склучи договор за групно ризико осигурување Договорувачот мора да има правен интерес да ја осигура групата лица.
- Осигуреник е физичко лице на кое се однесува осигурувањето и од чија смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума. Осигуреник може да биде лице кое договорувачот на осигурување има правен интерес да го осигура како дел од групата.
- Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума согласно овие Услови.
- Договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е сумата определена со договорот за осигурување која Осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигуран случај на корисникот согласно овие Услови;
- Индивидуално осигурително покритие е покритието кое го има поединечен осигуреник, склучено помеѓу Осигурувачот и Договорувачот на осигурувањето врз основа на извршено плаќање на премијата за осигурување согласно овие Услови и Договорот за осигурување, при што Осигуреникот ќе ги има правата наведени во овие Услови и Договорот за осигурување. За времетраење на индивидуалното осигурително покритие, Осигурувачот е обврзан да ја исплати осигураната сума на Корисникот на осигурувањето, согласно овие Услови и Договорот за осигурување.
- Премија за осигурување на живот е износ кој треба да се плати на Осигурувачот врз основа на договорот за групно ризико осигурување на живот во случај на смрт, а согласно овие Услови;
- Математичка резерва се пресметува во висина на сегашната вредност на проценетите идни обврски на Друштвото кои произлегуваат од договорите за осигурување, намалени за сегашната вредност на идните премии кои треба да се платат врз основа на тие договори.
II.СКЛУЧУВАЊЕ, ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Склучување, времетраење и престанок на Договорот за осигурување Член 3
(1) Договорот за групно ризико осигурување на живот во случај на смрт ги содржи сите елементи пропишани
согласно со Законот за облигационите односи и е склучен кога Договорувачот и Осигурувачот ќе го потпишат и заверат со печат, освен ако нешто друго не е договорено.
(2) Врз основа на овие Услови, Договорот за осигурување и извршеното плаќање на премија се осигуруваат
Осигурениците.
(3) Покрај осигурување на живот по овие Посебни услови можат да се договорат и дополнителни осигурувања, според дополнителните услови на осигурувачот. Доколку со осигурувањето на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел од Договорот се и дополнителните услови за осигурување за соодветното дополнителното осигурување.
(4) Траењето на Договорот за осигурување е од една година од денот на потпишувањето од страна на двете договорни страни – Осигурувач и Договорувач на осигурување, со автоматско обновување за истиот период од една година без ограниување на бројот на обновувањата.
(5) Договорот се обновува автоматски до датумот на истек на индивидуалното осигурително покритие за кое е платена премија.
(6) Договорот може да се раскине и да престане да важи со истек на периодот на важност на сите индивидуални покритија по Договорот.
Склучување, времетраење и престанок на индивидуалното осигурително покритие Член 4
(1) Осигуреник може да биде прифатен во осигурување ако тој:
- е согласен да биде вклучен во осигурување под овие Услови условите на Договорот за осигурување; и
- потврди дека ги исполнува условите за осигурување на Осигурувачот и го прифаќа Корисникот на осигурувањето.
(2) Договорувачот на осигурувањето е должен да го запознае Осигуреникот со условите под кои е склучен Договорот за осигурување, овие услови, индивидуалното покритие и да обезбеди евидентирање и чување на дадената согласност и потврда на Осигуреникот од став еден (1) од овој Член.
(3) Согласно овие Услови можат да се осигураат здрави лица со навршени 18 (осумнаесет) години и тоа од првиот ден во месецот кој следи од месецот во кој осигуреникот се стекнал со право на осигурување на својот живот, па се до завршувањето на календарската година во која осигуреникот ќе наврши 65 (шеесет и пет) години. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 70 (седумедесет) години старост.
(4) Индивидуалното осигурително покритие започнува од првиот ден во месецот кој следи по месецот во кој е платена премијата или рата од премија согласно договорената динамика на плаќање.
(5) Индивидуалното осигурително покритие престанува да важи:
- во случај на неплаќање на премијата од страна на Договорувачот на осигурување;
- на денот кога ќе истече рокот на Договорот за осигурување. Притоа доколку по истекот на Договорот за осигурување автоматски се обновува за рок од 12 месеци, автоматски ќе се обнови и индивидуалното осигурително покритие за истиот рок и под истите услови како претходното покритие, освен доколку (i) Договарачот на осигурувањето во последните 30 дена од важењето на индивидуалното осигурително покритие не достави писмена информација до Осигурувачот дека не сака да го обнови покритието или
(ii) доколку не се исполнети условите за прием во осигурување на осигуреникот или важење на индивидуалното осигурително покритие;
- на денот кога осигуреникот ќе наврши 70 (седумедесет) години старост;
- доколку настапи смрт на осигуреникот.
(6) Рефундирања на премии се исклучени согласно овие услови.
III. ОСИГУРАНА СУМА И КОРИСНИЦИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Осигурана сума Член 5
(1) Премиите на осигурувањето, како и висината на осигурената сума се утврдува во Договорот за осигурување, а врз основа на соодветните Тарифи за ризико осигурување за случај на смрт кои се на сила, занимањето, професијата, времетраењето на осигурувањето и роковите на плаќање на премијата.
(2) При зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии или посебни услови.
(3) Осигурувачот должи исплата на осигурана сума согласно овие Услови само за оние Осигуреници за кои е платена премија, обезбедени се согласноста и потврдата од член 4 став еден (1).
(4) За дополнително осигурување се применуваат одредбите од дополнителните услови за осигурување.
Корисник на осигурувањето
Член 6
(1) Договорувачот го одредува корисникот на осигурување во Договорот за осигурување.
(2) Корисникот не мора да биде одреден по име, туку е доволно во Договорот да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
(3) Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума се исплаќа на сметка на малолетното лице за која осигурувачот е известен од законски старател на малолетното лице. Во случај на спор, се постапува согласно позитивните законски прописи.
(5) Договорувачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
(6) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без разлика на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
IV. ДОГОВАРАЊЕ НА ОСИГУРЕНАТА СУМА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Договарање на осигурена сума и премии
Член 7
(1) Премиите на осигурувањето, како и висината на осигурената сума (освен онаа утврдена во овие Услови) се утврдува во Договорот за осигурување.
(2) При зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии или посебни услови.
(3) Пpи oдpeдyвањe на категоријата вo кojа cпаѓа oддeлeн Осигуреник, за ocигypyвањeтo сe зeма износот на платената премија при прием во осигурување.
(4) Договорувачот на осигурување и Осигурувачот заеднички ги договараат и ги утврдуваат категориите на осигуреници зависно од износ на платената премија.
Плаќање на премија Член 8
(1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договораат во евра или денари. Премијата по правило
се плаќа во денари. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во евра плаќањето може да биде извршено и во евра.
(2) Премијата се плаќа авансно и во целост. Со плаќањето на премијата за конкретниот осигуреник почнува неговото индивидуално осигурително покритие. Доколку прмијата не е платена целосно, се смета дека осигуреникот нема индивидуално осигурително покритие.
(3) Ако е договорено подгодишно плаќање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен надомест за подгодишно плаќање на секоја рата на премијата.
(4) Договорувачот на осигурувањето е должен да му ја плати на Осигурувачот премијата за осигурување во договорените рокови и на договорениот начин.
(5) Осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(6) Ако наместо договарачот премијата ја плаќа друго лице, самото плаќање не создава други права ни должности освен оние кои се предвидени по пат на договор помеѓу осигурувачот и договорувачот.
(7) Премијата се смета за платена оној ден кога Осигурувачот ја примил уплатата.
(8) Ако уплатата на премијата не може да се реализира од причини за кои е одговорен Договорувачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е реализирана уплатата.
(9) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
(10) Ратата за премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет. Ако договорувачот доцни со плаќањето на една или повеќе премии, со плаќањето на премијата најпрво се подмируваат неплатените премии достасани за наплата.
(11) Осигурувачот има право на законска казнена камата на задоцнетите рати на премијата. Пресметката на законската затезна казнена почнува да тече 15 (петнаесеттиот) ден од денот на достасувањето.
(12) Осигурувачот има право при исплата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш достасана неплатена премија по полисата и казнена камата и неплатената премија по полисата за осигурителната година во која настанал осигурениот случај.
V. ОГРАНИЧУВАЊА И ИСКЛУЧУВАЊА НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 9
(1) Со овие Услови не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се случило во првата година од индивидуалното осигурително покритие. Во случај самоубиството да се случило во рок од три години од денот на почетокот на индивидуалното осигурително покритие, осигурувачот не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, туку само математичката резерва од индивидуалното осигурително покритие.
(2) Осигурувачот се ослободува од обврската да му ја исплати на корисникот осигурената сума, ако овој намерно предизвикал смрт на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии односно склучени барем три индивидуални осигурителни покритија, да му ја исплати математичката резерва од последното активно индивидуално осигурително покритие на договорувачот на осигурувањето.
(3) Осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај.
(4) Ако смртта на осигуреникот е причинета со воени операции, осигурувачот, ако нешто друго не е договорено, не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, но е должен да му ја исплати математичката резерва од договорот. Ако не е договорено нешто друго, осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај ако несреќниот случај е причинет со воени операции.
(5) Ако посебно не се договори осигурително покритие при прием во осигурувањето или за време на траењето на осигурувањето односно договорувачот не го извести осигурувачот во смисла на член 10 и член 11 од овие услови за зголемениот ризик кој дополнително би се договорил со доплатна премија и би се вклучил во полното осигурително покритие кога осигурувачот би знаел за зголемениот ризик ако осигурениот случај настапил како последица на тој зголемен ризик осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума.
(6) Осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума ако при склучување на индивидуалното осигурително покритие кај осигуреникот постоеле услови за зголемениот ризик (вклучувајќи но неограничувајќи се на: хронични здравствени) за кој кога осигурувачот би знаел осигуреникот не би бил примен во осигурување, а осигурениот случај настапил како последица на тој зголемен здравствен ризик.
(7) Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума туку само до тогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
1. како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна,
2. поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје,
3. како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани.
4. со извршување на смрттна казна;
5. поради земјотрес;
6. поради поплави;
7. како последица на директна или индиректна последица од атомска катастрофа;
8. како последица на пандемија прогласена од страна на надлежно тело;
9. како последица на епидемија прогласена од страна на надлежно државно тело;
10. поради саботажа или тероризам извршен од политички побуди, насилство или други слични настани во кои учествувал осигуреникот;
11. при подготвување, обид или извршување на казнено дело со умисла како и при бегство после такво дејствие;
12. при управување со летала од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без соодветна возачка исправа (вклучувајќи и лице кое е на обука за добивање возачка исправа без присуство на овластено лице), или на нелагален начин управувало со моторно возило или лице кое е соучесник во таквиот чин;
13. при управување на моторно возило од страна на возач почетник во случаите кога не сме да управува со
возилото согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
14. поради дејство на алкохол, наркотички дроги или психотропни супстанци кај осигуреникот, без оглед на каква било одговорност на трето лице за настанокот на осигурениот случај. Се смета дека осигурениот случај настанал поради дејство на алкохолот, ако по настанокот на несреќниот случај е утврдено дека:
- кај осигуреникот кој управувал со возилот е присутна концентрација поголема од 0,5 g/кg на алкохол во организмот;
- кај останатите сопатници е присутна концентрација поголема од 1,00 g/кg алкохол во oрганизмот, и ако таквата состојба имала причинска врска со настанокот на осигурениот случај.
15. Како последица на нелегално извршување на работи од страна на осигуреникот кој не бил пријавен во задолжително социјално осигурување;
16. Како резултат на непридржување на осигуреникот кон предвидените мерки на безбедност и правилата за користење на соодветна заштитна опрема при извршување на работните задачи на работно место, пропишани со нормативни акти, а кое непридржување е утврдено од страна на овластен државен орган;
(8) Ако не е посебно договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, договорените осигурени суми се намалуваат во сразмер помеѓу премијата што требало да се плати и дотогаш платената премија, кога ќе настане несреќен случај:
- при управување и возење на авион и летала од сите видови, како и при спортски скокови со падобран, освен во својство на патници во јавниот превоз;
(9) при рекреација од кој било вид, тренинг или учество на осигуреникот на јавни спортски натпревари во својство на регистриран член на аматерско или професионално спортско здружение и тоа за следните спортови: велосипедизам, баџи џампинг, картинг, хокеј, борење, џиу џицу, џидо, кајак, кошарка, возење со ролшули, летање со змај, падобранство, параглајдинг, рафтинг, санкање, воздухопловство, алпинизам, автомобилизам, бокс, карате, кик бокс, мотоциклизам, мотокрос, фудбал, подводен риболов, нуркање, рагби, ракомет, скијање, скијашки спортови, тае –квон-до;
VI. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 10
(1) Договорувачот односно осигуреникот е обврзан при склучување на договорот за осигурување да ги пријави сите околности кои се од значење за проценка на ризикот.
(2) Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурувачот бара дополнителни податоци.
(3) Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот сите потребни податоци кои на него се однесуваат.
(4) Ако договорот за осигурување се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје VII од овие Посебни услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
Член 11
(1) Договорувачот е должен за време на траењето на осигурувањето да го извести осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето ја промени професијата, занимањето (пилот, пиротехничар-демонтер на мини, нуркач, рудар) или започне да се занимава со некои од спортовите (алпинизам, банџи- џампинг, параглајдинг, нуркање, летање со змеј) односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(2) Договорувачот е должен се согласно став 1 од овој член, без одлагање да го извести осигурувачот за зголемувањето на ризикот, ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество тој е должен да го извести во рок од 14 дена од кога дознал за тоа.
(3) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот не би склучил договор ако постоела таква состојба во моментот на неговото склучување, тој може да го раскине индивидуалното сигурително покритие.
(4) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот би склучил договор само со поголема премија да постоела таква состојба во моментот на склучувањето на договорот, тој може на договарачот на
осигурувањето да му предложи нова стапка на премијата.
(5) Ако договарачот на осигурувањето не се согласи со нова стапка на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот на новата стапка, договорот престанува според самиот закон.
(6) Договорот останува во сила и осигурувачот повеќе не може да ги користи овластувањата да му предложи на договарачот на осигурувањето нова стапка на премијата или да го раскине договорот, ако не ги искористи тие овластувања во рок од еден месец од кога на кој и да е начин дознал за зголемувањето на ризикот, или ако уште пред истекот на тој рок покаже на некој начин дека се согласува со продолжувањето на договорот (ако ја прими премијата, исплати надомест за осигуран случај што настанал по тоа зголемување и слично).
(7) Со оглед на тоа што се работи за групно осигурување, каде износите на премија и осигураните суми се стандардизирани и поеднакви за сите осигуреници осигурани под условите на Договорот за осигурување, Осигурителот нема да понуди зголемување на премија согласно зголемувањето ризикот, туку само има право да го раскине индивидуалното сигурително покритие.
(8) Ако осигурениот случај настане пред да биде известен осигурувачот за зголемувањето на ризикот или откако е известен за зголемувањето на ризикот, но пред да го раскине индивидуалното сигурително покритие, надоместот се намалува во сразмер меѓу платените премии и премиите што би требало да се платат според зголемениот ризик.
Член 12
(1) Договорувачот е должен писмено да го извести Осигурувачот во случај на промена на адресата во Договорот за осигурување на живот, како и за промена на адресата на електронското сандаче, пријавена од договорувачот, најдоцна во рок од 5 (пет) дена од денот на извршената промена.
(2) Договорувачот е должен да го извести писмено Осигурувачот за секоја промена на адресата и местото на плаќање на премијата најдоцна во рок од 3(три) дена од извршената промена, во спротивно Осигурувачот го задржува правото сите писма да ги испраќа на последната пријавена адреса, и сите последици од испратените писма на последната пријавена адреса се сметаат за уредно доставени.
(3) Доколку Договорувачот на осигурување кај Осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, Осигурувачот може да ги доставува писмата наменети за Договорувачот на осигурување и Осигуреникот на наведената адреса на електронско сандаче.
VII.НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 13
(1) Ако договорувачот на осигурувањето или осигуреникот намерно направил неточна пријава, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот, инема обврска да ја исплати осигурената сума.
(2) Во случај на поништување на договорот од причините наведени востав (1) од овој член, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот
(3) Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
Член 14
(1) Ако договорувачот на осигурувањето или осигуреникот направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува индивидуалното сигурително покритие.
(2) Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот.
(3) Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа но пред раскинувањето на договорот, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
(5) Со оглед на тоа што се работи за групно осигурување, каде износите на премија и осигураните суми се стандардизирани и поеднакви за сите осигуреници осигурани под условите на одредена Полиса, Осигурувачот нема да понуди зголемување на премија согласно зголемувањето ризикот, туку само има право да го раскине индивидуалното сигурително покритие.
Член 15
(1) Одредбите на членовите 13 и 14 на овие услови, за последиците од неточната пријава или премолчувањето на околностите од значење за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите од значење за оцената на ризикот.
Член 16
(1) По исклучок на одредбите на оваа глава за последиците од неточни пријави и премолчување на околностите од значење за оцена на ризикот, за неточна пријава на староста во договорите за осигурување на живот важат следниве правила:
1) Договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен во секој случај да ги врати сите примени премии, ако при неговото склучување неточно е пријавена староста на осигуреникот, а неговата вистинска граница ја преминува границата на староста до која осигурувачот, според своите услови и тарифи, врши осигурување на живот;
2) Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговата вистинска старост не ја преминува границата до која осигурувачот врши осигурување на живот, договорот е полноважен, а осигурената сума се намалува во сразмер со договорената премија и со премијата предвидена за осигурување на живот на лицата кои се на возраст како осигуреникот и
3) Кога осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучувањето на договорот, премијата се намалува на соодветен износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата меѓу премиите примени и премиите на кои има право.
4) Осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето имало под 14 години живот, како и на лице наполно лишено од деловна способност, а осигурувачот е должен да му ги врати на договорувачот на осигурувањето сите премии примени врз основа на таков договор.
VIII. ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 17
(1) Кога ќе настапи смрт на осигуреникот, корисникот, во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на настанот, поднесува до осигурувачот писмена пријава за исплата.
(2) Пријавата се пополнува на образец на осигурувачот и во прилог со неа се поднесуваат следните документи:
- извод од матичната книга на умрените или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на осигуреникот,
- решение за наследување, ако како корисници со полисата се одредени законски наследници,
- доказ за сродството, ако корисникот не е одреден со именување,
- потврда за смрт и лекарски извештај за причини за смртта,
- копија од лична карта на корисникот на осигурувањето,
- копија од транскациска сметка на корисникот на осигурувањето,
- изјава за носител на јавна функција од корисникот на осигурувањето,
- комплет здравствена книшка или копија од здравствена книшка заверена на нотар,
- комплет здравствен картон или копија од здравствен картон заверен на нотар.
(3) Осигурувачот има право да бара и други докази потребни за утврдување на правото на исплата.
(4) Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
(5) Доколку се поднесува пријава по некое од дополнителните осигурувања, се доставуваат доказите и документацијата која е пропишана во условите за тие осигурувања. Во тој случај, наместо полиса за осигурување се доставува Потврдата за индивидуалното осигурително покритие.
IX. ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА
Член 18
(1) Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума огласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 17 од овие Услови.
(2) Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
(3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
(4) Согласно овие Услови право на исплата има само корисникот наведен на Договорот и тоа од самото склучување на осигурувањето, без разлика на тоа како е и кога одреден за корисник.
X. ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 19
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Р. Северна Македонија на денот на уплатата.
(2) Осигурената сума договорена во ЕВРА се исплаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Р. Северна Македонија на денот на исплатата.
XI. НАДОМЕСТОЦИ
Член 20
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот за времетраење и по истекот на осигурувањето во висина која ја определува и ќе ја побара осигурувачот.
(2) Договорувачот се обврзува, заедно со договорената премија, да ги плати и сите давачки воведени со важечките прописи.
XII.ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ
Член 21
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел вонсудско решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 22
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XIII. ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 23
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(3) Приговорите од ст (2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кох одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот - Агенција за супервизија на осигурување.
XIV. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 24
(1) Сите лични податоци со кои Осигурувачот располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на живот Скопје.
XV. ЗАСТАРЕНОСТ
Член 25
(1) Побарувањата од договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
XVI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 26
(1) Во случај на судски спор надлежен е стварно и месно надлежен суд во седиштето на осигурувачот.
(2) За односите помеѓу осигурувачот и договорувачот, како и на другите лица на кои се однесува осигурувањето на живот, а кои не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат Законот за облигациони односи, и останатите позитивни законски норми.
(3) Сите понуди, изјави, барања и измени од било која договорена страна мора да бидат во писмена форма.
(4) Осигурувачот може да побара дополнителна документација (вклучувајчи, но не ограничувајќи се на документи за идентификација на осигурениците и изјави од нив), која Договорувачот е должен да му пружи помош за да ја обезбеди, како Осигурувачот би ги исполнил своите обврски по однос на прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
(5) Сите изјави и барања на договорните страни се поднесуваат исклучително во писмена форма, а се смета дека се доставени оној ден кога ги примила договорната страна до која се испратени. Во случај кога изјавата, односно барањето се доставува по пошта, како ден на приемот, за секоја договорна страна, се смета датумот на поштенскиот жиг.
Член 27
(1) Овие услови влегуваат во сила и ќе се применуваат од 01.07.2023 година.