Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 02 3288 800, факс 02 3215 128,www.uniqa.mk
Дополнителни услови за осигурување пратки по генерална полиса во меѓународен транспорт
Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 00 0000 000, факс 02 3215 128,xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 30.12.2020 година и со одлука бр. 2020/0202-197 се применуваат од 01.01.2021 година
Предмет на осигурување
Член 1
Предмет на осигурување по ова осигурување се сите или договорените пратки што се превезуваат со сопствени или туѓи превозни средства во меѓународен транспорт.
Предмет на осигурување според овие услови не се:
1. пратки кои патуваат само низ територијата на Р.Северна Македонија,
2. предмети кои се превезуваат или пренесуваат во кругот на еден или повеќе погони, продавници
и складишта,
3. стока или предмети кои не се фактурираат (повратна амбалажа, вратена стока, стока на
консигнација и сл.),
4. уметнички и музејски предмети, нумизматички и филателистички збирки, пари и хартии од
вредност, накит, благородни метали и минерали, реткости (раритет) кои како уникат имаат голема
вредност,
5. патнички багаж, мостри, колекции и сл.,
6. самозапаливи и самоексплозивни стоки и опасни материи,
7. стока за саеми и изложби,
8. предмети во сопственост на трети лица,
9. предмети кои во јавниот превоз го минуваат одредениот габарит и тежина над 20 тони, освен ако тоа не е во врска со штетниот настан,
10. превоз на оштетена стока,
11. основни средства вон употреба.
Предметите наведени во точка 1 до 11, ако се договори, може со посебни услови и премиски стапкида бидат осигурени ако осигуреникот за тоа обезбеди аналитичка евиденција.
Осигурени ризици
Член 2
(1) Ова осигурување ги покрива сите ризици од загуби или оштетувања на осигурениот предмет
(пратка), освен штетите исклучени од осигурувањето според член 1, 3 и 4 од овие услови.
(2) Ако посебно се договори, може да се осигураат и ризиците од член 3, со примена на соодветна
премиска стапка од тарифата и специјалните услови и клаузули.
(3) Со ова осигурување покриени се и штети од генерална хаварија.
(4) Осигуреникот може да го осигура сопствениот интерес но најмногу до 10%.
Специјални и дополнителни ризици
Член 3
А. СПЕЦИЈАЛНИ РИЗИЦИ
1. расипување, смрзнување, одмрзнување и стврднување,
2. самозапалување и самоексплозија,
3. оштетување на етикети,
4. надувување на конзерви,
5. угинување, кршење на нозе, принудно колење на животни, дивеч, живина, риби и пчели,
6. кршење, кало и растур како природно својство на стоката,
7. рѓа и оксидација,
8. природно варење,
9. внатрешно кршење кај електронски производи,
10. загревање и потење,
11. жижавост, молци и самоужегнување,
12. превоз на сопствени оски,
13. одбивање на прием на оштетени стоки,
14. карантин на живи животни,
15. угинување на егзотични животни,
16. кусок, течење и растурање од непознати причини.
Б. ДОПОЛНИТЕЛНИ РИЗИЦИ
1. предмети над 20 тони,
2. зголемена опасност на пратки со поголем габарит од пропишаниот,
3. течење масло кај трансформатори,
4. складирање на пратки,
5. течење, кало и растур, крш, и сл. до и над вообичаениот природен процент.
6. пренесување на скапа опрема и предмети во посебни услови (предаватели, искачување на
висина, дигалки).
Ризиците од овој член можат да се осигураат, ако се договорат во посебните услови на
генералната полиса, со примена на соодветни услови и премиски стапки. Со ова осигурување се покриваат трошоците и другите штети направени во обидот да се отстрани
непосредната опасност од настанување на осигурен случај или да се намали штетата, па и тогаш
ако тој обид бил неуспешен, а трошоците и штетите се поголеми од лимитот од генералната полиса,но под услов штетата и трошоците да се покриени со осигурувањето.
Ограничувања и исклучувања од осигурувањето
Член 4
(1) Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести загуба, оштетување или трошоци настанати поради:
1 лоша намера или груба небрежност направена од осигуреникот,
2. непостапување по упатствата на осигурувачот и испраќачот,
3. воени, политички настани, како и штети и трошоци направени од штрајкувачи и терористи,
4. вообичаена загуба поради природните својства или мани на стоките, како што се: испарување,
рѓа, корозија, кало, нормално кршење на лесно кршливи стоки, освен ако посебноне се договори,
5. превоз на пратки во несоодветни превозни средства или амбалажа,
6. несоодветно превозно средство или неправилно пакување, натоварување или недоволно
заштитени стоки натоварени на превозно средство,
7. пропусти на осигуреникот - испраќачот или приемачот, односно неговите работници или лица закои што тие се одговорни,
8. пропуштање да се дадат изрични упатства на превозникот или возачот во врска со брзината на
превозот, која ја бара природното својство на стоката,
9. непревземање на посебни мерки во врска со превоз на предмети кои во јавниот превоз го
пречекоруваат пропишаниот габарит, освен ако пречекорувањето на тежината или димензијата не
се во непосредна врска со настанувањето на штетниот настан покриен со осигурувањето,
10. неправилна или неточна декларација на стоката,
11. штети од незапазен договорен, односно законски рок за испорака или прием на стоките,
12. штети од нуклеарна енергија, радиоактивни и опасни материи,
13. штети предизвикани од одговорност на превозниците, кои осигуреникот му ги простил и / или од него овластено лице,
14. ако осигуреникот намерно го прикрива прометот, а тоа со контрола го констатирал
Дополнителни услови за осигурување пратки по генерална полиса во меѓународен транспорт
осигурувачот, тој има право да го откаже осигурувањето или да плати само сразмерен дел од штетата.
Траење на осигурувањето
Член 5
Според овие услови, пратките се покриени со осигурување од моментот кога ќе го мине прагот наскладот (магацинот), односно моментот на натоварот и трае се додека стоката на одредено место не го мине прагот на складот на приемачот, односно до завршување на истоварот, ако истоварот се врши во складот на приемачот.
Пратките се осигурени на превозното средство најмногу 24 часа по завршувањето на натоварувањето на превозното средство во местото на отпремување ако возилото уште не тргнало на пат, како и евентуалните прекини за време на патувањето и мирување под услов превозното средство да е под контрола во затворен простор, најмногу до 14 дена.
Рокот од 24 часа не тече во недела, државен и национален празник. Овие рокови не важат за лесно расиплива стока и живи животни.
Ако осигуреникот ја доставува стоката до домот каде што живее купувачот на стоката, а тоа е договорено во посебните услови, со ова осигурување се надоместуваат и штетите кои ќе настанат во текот на превозот до местото до кое продавачот превзел обврска да ја достави стоката.
Сума на осигурување
Член 6
(1) Сумата на осигурување на пратките е нивната фактурна вредност, зголемена со трошоците за превоз, а за сите други нивната пазарна вредност.
(2) Пазарната вредност се утврдува според цената во времето и местото на отпрема.
За пратките - непарични обртни средства, под осигурена парична вредност се подразбира нивната книговодствена вредност.
(3) Пратките со поголема вредност од лимитот утврден со генералната полиса, осигуреникот е должен да ги пријави во осигурување пред започнување на превозот.
Во таков случај осигурувачот има право да одреди посебни услови и премија на осигурување или даиздаде поединечна полиса.
Пресметка на премијата
Член 7
(1) Осигурениокот е должен до 15 ден во месецот по изминување на рокот договорен со генералната полиса, да му достави на осигурувачот податоци во писмена форма за пресметување на премија за осигурување или по негово барање да му ги даде на увид неговите периодични пресметки и годишната сметка.
(2) Основица за пресметување на премија согласно член 1, 2 и 3 на овие услови може да биде:
1. збирот на вредностите, на сите набавени и продадени стоки и предмети,
2. збирот на вредностите на сите пратки што се превезуваат на ризик на осигуреникот и за кои осигуреникот води соодветна евиденција,
3. вредноста на сите набавени стоки и предмети,
4. вредноста на сите продадени стоки и предмети,
5. вредноста на прометот на посебно договорените ризици.
(3) Премијата за осигурување се пресметува и плаќа однапред (тримесечно, полугодишно или годишно). Основ за пресметка на премија се утврдува врз база на извршувањето на прометот во изминатиот квартал или друг договорен период. Конечна пресметка на премијата се прави по завршувањето на деловната година, според податоците од годишната сметка на осигиреникот.
(4) Премијата се плаќа во законски рок т.е. 15 дена по приемот на фактурата со пресметка на премија,а во спротивно осигурувачот има право да пресмета законска камата.
(5) Осигурувачот има право да врши увид во деловните книги и евиденција на осигуреникот со цел дасе увери во вистинитоста на дадените податоци потребни за пресметување на премијата.
(6) Овие податоци осигурувачот е должен да ги чува како деловна тајна. Осигуреникот е должен на осигурувачот да му дава точни податоци за
остварениот промет и да му овозможи непосредно земање на податоци од периодичните пресметки и годишната сметка.
Обврски на осигуреникот
Член 8
Осигуреникот е должен во случај на штета да ги превземе следните дејствија:
1. Веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, на најбрз можен начин (телефон, телефакс, е-маил) да го извести осигурувачот за штетниот настан и истото писмено да го потврди,
2. Видливите оштетувања да ги констатира веднаш со записник при приемот на пратката во присуство на превозникот и осигурувачот или по потреба да ангажира стручни лица од други организации, судски вештаци или контролни куќи,
3. Оштетените предмети да ги смести во соодветни простории во зависност од пратката, а ако се работи за лесно расиплива стока веднаш да организира продажба, во согласност со осигурувачот,
4. Самостојно да врши извид на штети до 10.000 денари со интерен записник, во претходен договорсо осигурувачот,
5. Ако се работи за поправка на оштетени машини и слични стоки преку систем на понуда да обезбеди најповолни услови,
6. Да превземе мерки за смалување на штетата и да го зачува регресното право за осигурувачот кон одговорните причинители на штетата,
7. Да ги превземе оштетените предмети,
8. Да ги почитува упатствата на осигурувачот,
9. Да дава ажурни и точни податоци за остварениот промет што е предмет на осигурување.
Висина на штета
Член 9
1. Во случај на делумно или целосно уништување на пратката, осигурувачот има обврска да ја надомести штетата, во висина на осигурената вредност или на делот на осигурената вредност.
2. Во случај да трошоците за поправка да ја достигнат или надминат осигурената вредност на пратката, надоместокот на осигурувачот ќе биде во висина на осигурената вредност, намалена за отстапените остатоци.
3. Кај делумно оштетување на пратката, осигурувачот ја надоместува штетата во висина на трошоците за поправка, но најмногу до осигурената сума, при што го надоместува и сразмерниот
дел на трошоците на делот на осигурениот предмет (трошоци за превоз, монтажа, претовар и сл.).
4. Во случај на делумно оштетување на осигурените предмети, осигурувачот ја надоместува штетата врз основа на записник за извид и проценка на штетата, при што ја констатира вредноста пред и по настанување на штетата.
Врз основа на разликата помеѓу овие две вредности, се утврдува висината на штетата.
5. Доколку осигуреникот е принуден да ја продаде оштетената пратка или остатоците со цел да се избегне целосно уништување, или продажбата е извршена во согласност со осигурувачот, осигуреникот е во обврска на осигурувачот да му го поврати износот помеѓу осигурената вредност и остварената вредност при продажбата.
Штетите се исплаќаат во денари, а максимална обврска на осигурувачот е осигурената сума.
6. Доколку осигурениот предмет е користен и за сума на осигурување е земена сегашна вредност (новонабавна вредност намалена за износот на амортизацијата), висината на делумните штети се одредува со одбиток на амортизација.
Исплата на штета
Член 10
За остварување на правото на надомест на штета, осигуреникот е должен на осигурувачот да му приложи доказни документи за настанатите штети, и тоа:
1. барање за надомест на штета,
2. доказ за осигурување, односно полиса за осигурување и доказ за
уплатена премија,
3. оригинален товарен лист,
4. испратница и фактура за пратката,
5. записник за штета,
6. записник од орган на полиција, ако се работи за штети од сообраќајна незгода, кражба или друг
настан поврзан со издавање на полициски записник,
7. други документи и докази потребни за утврдување на основата и висината на штетата.
Доставените документи треба да се во оригинал.
Осигурувачот е должен комплетираното оштетно побарување да го реши и исплати во законски рок т.е. 15 дена. По овој рок, осигуреникот има право на законски камати.
Траење и отказ на осигурувањето
Член 11
Осигурувањето по овие услови се склучува на неодредено времетраење,, со тоа што секоја од договорните странки може да го откаже еднострано Отказот се врши по писмен пат најдоцна три месеци пред истекот на тековната осигурителна година.
Генерална полиса се издава за секоја осигурителна година.
Важност на Општите услови за осигурување стоки при транспорт
Член 12
Составен дел на договорот за осигурување склучен според овие Дополнителни услови за осигурување на пратки по генерална полиса во меѓународен транспорт се Општите услови за осигурување на стоки при транспорт, а доколку нивната содржина е во спротивност со овие Дополнителни услови, се применува соодветната одредба од Дополнителните услови.
За се што не е предвидено со овие Дополнителни услови важат одредбите на Општите услови за осигурување на стоки при транспорт.