Contract
|
I. ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
1) Ова осигурување ги покрива “сите ризици”, загуба или оштетувања на осигурениот предмет освен штетите исклучени од осигурување според клаузулата ИИ од овие Услови.
2) Ова осигурување покрива наградата за спасување и заедничка хаварија, пресметана или одредена во согласност со одредбите од договорот за превоз и/или меродавното право и пракса, што е направена за да би се избегнала штетата или е во врска со тоа, како последица на било која причина освен оние кои се исклучени од ова осигурување наведени во клаузулите ИИ или на друго место во овие Услови.
II. ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
1) Ова осигурување во никој случај не покрива:
a. загубата, оштетувањето или трошоците кои се направени со намерна постапка на осигуреникот;
b. вообичаено испарување, редовна загуба во тежина или вообичаено трошење на осигурениот предмет;
c. загуба, оштетување или трошоци настанати поради недоволно или несоодветно пакување или неприпременост на осигурениот предмет (изразот”пакување” во смисла на оваа клаузула вклучува во редење на стоката и контејнерот, или ако тоа редење се обави пред стапување во сила на ова осигурување или ако го обвави осигуреникот односно неговиот претставник);
d. загубата, оштетување или трошок настанат поради внатрешни маани или природни својства на осигурениот предмет;
e. загубата, оштетување или трошоци направени поради употреба на несоодветно возило или контејнер за сигурен превоз на осигурениот предмет, кога на осигуреникот или на неговиот претставник му било познато дека возилото и контејнерот во моментот на натоварување не е способно за сигурен превоз на осигурениот предмет;
f. загубата, оштетување или трошок настанат непосредно при задоцнувањето настанато поради осигурениот ризик (освен трошоците надоместиви според клаузулата 2 од овие Услови);
g. загубата, оштетувањето или трошоците настанати со употреба во воени цели на атомска или нуклеарна фисија и/или фузија или друго слично дејство односно радиоактивни сили или предмети.
2) Ова осигурување не ја покрива загубата, оштетувањето или трошоците настанати поради:
a) војна, граѓанска војна, револуција, побуна, востание или некои други граѓански немири кои настанале поради тоа, или било кој непријателски акт од страна на воената сила или против неа;
b) заробување, запленување, залог, ограничување или задржување (со исклучок на пиратство), како и последиците од тие акти или обиди тие да се извршат;
c) заостанати мини, торпеда, бомби или друго воено оружје.
3) Ова осигурување не ја покрива загубата, оштетувањето или трошоците:
a) кои ги предизвикале штрајкувачите, работниците отпуштени од работа или лицата кои учествуваат во
работнички немири, насилства или граѓански немири;
b) кои се последица од штрајкови, отпуштање од работа, работнички немири, насилства или граѓански немири;
c) кои ги предизвикале терористи или било кои лица кои дејствуваат со политички мотив.
4) Исклучување на ризик од заразни болести:
1. Исклучени се сите штети поради заразна болест, освен кога се исполнети условите за исклучување на заразено лице.
2.1. „Штета како резултат на заразна болест“ означува било каква штета, оштетување, одговорност или трошок од каква било природа, директно предизвикана или во голема мера предизвикана, придонесена, произлезена од или во врска со некоја од исклучените околности, како што се:
а) заразно заболување и / или
б) страв или опасност, без разлика дали се реални или перцепирани, од заразни болести и / или
в) каква било препорака, одлука или мерка донесена или преземена за ограничување, спречување да се намали или забави ширењето на инфекцијта на заразната болест или да се елиминира или минимизира правната одговорност во врска со таквата болест, без оглед дали е усвоена или преземена од власти или невладини правни лица или физички лица и / или
г) каква било препорака, одлука или мерка донесена за промена, пресврт или елиминирање на која било од околностите наведени во потстав (в) погоре, без разлика дали е донесена од
властите или невладини правни лица или физички лица.
без оглед на која било друга причина или околност што во исто време или во која било друга низа придонесе за тоа.
2.2.Не доведувајќи го во прашање влијанието на Xxxxxxxx 2.1 (а), (б) и (г), препораки, одлуки и мерки од страна на кои и да било превземени за закотвување, поставување или задржување на сидрото, на пристаништето или на друго место на кој било брод, превозно средство, опрема или платформа за да продолжат да патуваат, работат, тргуваат, товарат или истоваруваат стоки или друга вообичаена употреба не претставуваат исклучени околности, без разлика на тоа што тие или некои од нив се превземени во точка 2 (в).
3. „Заразна болест“ е секоја болест (без оглед дали е позната или непозната) што може да се пренесе со која било супстанца или агенс од еден на друг организам, кога:
а) супстанцијата или агенсот вклучува, но не ограничувајќи се на тоа, вирус, бактерија, паразит или друг организам или каква било варијанта или мутација на претходно наведеното, без оглед дали се смета за жива или не, и
б) начинот на пренесување, без разлика дали е директен или индиректен, вклучува, но не е ограничен на човечки допир или контакт, пренесување преку воздух, пренесување преку телесни течности, пренесување од или преку било кој цврст предмет, површина, течност или гас и
в) болест, супстанција или агенсот може, дејствувајќи сам или заедно со други коморбидитети, состојби, генетски предиспозиции или со имунолошкиот ситем на човекот да предизвика смрт, болест, телесно оштетување или
привремено или трајно нарушување на физичкото или менталното здравје или негативно да влијае на вредноста или безбедноста на кој било вид на имот.
4.1 Исклучувањето на заразено лице се применува кога (1) постапките или одлуките на кое било лице заразено или наводно заразено со заразна болест предизвикуваат или придонесуваат за наводен несакан настан и (2) кога ниту едно од таквите постапки или одлуки или наводната причина за несакан настан не е препорака, одлука или мерка како што е дефинирано во точките 2.1 (в) или 2.1 (г) погоре.
4.2 Доколку овие услови се исполнети, фактот или можноста дека дејствието/- јата или одлуката/-ките на поединецот се повредени или погодени од наводна или вистинска инфекција на тоа лице не исклучува штета што инаку секогаш се надоместува под услов да нема покритие за загуба, штета, одговорност или трошок што произлегува од какво било зголемување на ширењето, фреквенцијата, интензитетот или повторување на заразната болест поради постапките или одлуките на тоа лице.
III. ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Ова осигурување стапува во сила од моментот кога стоката го напушта складиштето или местото на складиштување во местото наведено во оваа полиса како појдовно и се наставува за време на вообичаениот тек на превозот и зарвшува:
1) Со испорачување на стоката во складиштето на примачот или друго последно складиште или место на вскладиштување во местото на одредиштето наведено во оваа полиса, или
со испорака во било кое друго складиште или место на вскладиштување, без оглед на тоа дали тоа се наоѓа во местото на одредиштето наведено во полисата или пред него кое осигуреникот го избрал за вскладиштување вон од вообичаениот пат на превозот, заради дејствување или распределба или со истекување на рокот од 7 дена, сметајќи од денот кога осигурената стока стигнала во одредиштето наведено во оваа полиса, туку според тоа што порано ќе настапи.
2) Xxxxxxx останува осигурена и за време на стоење во попатното складиште, но не подолго од 30 дена од денот на предавањето во складиштето.
3) Ако превозникот ја предаде стоката во јавно складиште поради тоа што постојат пречки за испораката, стоката останува осигурена за време на чување во јавното складиште, но не повеќе од 14 дена од денот на предавање на стоката во тоа складиште.
4) Ако превозникот ја предаде стоката во јавно складиште по налог на осигуреникот или лицето за кое осигуреникот одговара или по нивна вина, осигурувањето престанува со предавање на стоката во јавното складиште, освен ако поинаку не се договори.
IV. ПРАВНА ПОУКА
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
V. ДАТУМ НА ПРИМЕНА
Овие услови ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за
осигурениците.
Овие услови во пречистен текст стапуваат во
сила од 01.01.2021год. Одбор на директори
Претседател М-р Xxxxxx Xxxxxx