ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6ти спрат • 1000 Скопје, Република Северна Македонија Централа 02 3233-580 • Факс: 02 2556 004 / 02 3233-586 • www.erc.org.mk • e-mail: erc@erc.org.mk
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
СООПШТЕНИЕ
Потпишан Договор за соработка помеѓу Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија и Регулаторното тело за енергетика на Република Косово
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија и Регулаторното тело за енергетика на Република Косово на 19.11.2019 година, во Приштина, потпишаа Договор за соработка во областа на регулирањето на енергетските дејности.
Со потпишувањето на овој Договор двете регулаторни тела се согласија да разменуваат искуства во областа на регулаторните политики во енергетскиот сектор, искуствата при следење на лиценцираните дејности, применетите методологии за утврдување на цени и тарифи за енергетските дејности.
Исто така, со Договорот за соработка се овозможува и взаемно зајакнување на капацитетите на двете регулаторни тела преку реализација на проекти, како и учество на обуки, конференции и работилници.
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6ти спрат • 1000 Скопје, Република Северна Македонија Централа 00 0000-000 • Факс: 02 2556 004 / 00 0000-000 • xxx.xxx.xxx.xx • e-mail: xxx@xxx.xxx.xx