Министер/Ministër, Dr. Arbër Ademi
Врз основа на член 12 став (1 и 2) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019) и член 249 став (2) од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/2010, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13,
187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19), министерот за образование и наука, донесе
П Р А В И Л Н И К
за начинот на утврдување на плата и трошоци на кои има право наставникот за основно образование за вршење на воспитно-образовната работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство
Член 1
Со овој правилник се уредува начинот на утврдување на плата и трошоци на кои има право наставникот за основно образование за вршење на воспитно-образовната работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство (во натамошниот текст: наставникот).
Член 2
Одредбите на овој правилник се однесуваат на наставниците кои по пат на јавен конкурс се избрани од Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: Министерството) да изведуваат настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странство и со кои Министерството склучило договор за регулирање на меѓусебните права и обврски (во натамошниот текст: договор за работа) .
Член 3
Платата која му се исплаќа на наставникот од член 2 од овој правилник се исплаќа во нето износ, а се утврдува врз основа на износот на дневница за соодветната држава каде наставникот извршува воспитно-образовна дејност согласно Решението за највисоки износи на дневници за службени патувања и селидби во странство, трошоци што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци, донесено од Владата на Република Северна Македонија, кое е важечко на денот на склучувањето на договорот за работа, и помножено со коефициент 20.
За наставниците кои имаат склучено договори за работа пред денот на влегувањето во сила на овој правилник, платата се исплаќа во нето износ, а се утврдува врз основа на износот на дневница за соодветната држава каде наставникот извршува воспитно образовна дејност согласно Решението за највисоки износи на дневници за службени патувања и селидби во странство, трошоци што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци, донесено од Владата на Република Северна Македонија, кое е важечко на денот на склучувањето на договорот за работа, и помножено со коефициент 20, со можност за корекција од +/- 1 заради усогласување со досегашната плата на наставникот.
Курсните разлики настанати помеѓу денот на пресметка за исплата на платата и денот на исплатата на платата се на товар на нето платата на наставникот, ако вредноста на странската валута е зголемена во однос на денарот. Доколку курсните разлики настанати помеѓу денот на пресметката за исплата на платата и денот на исплатата на платата се настанати заради намалување на вредноста на странската валуте во однос на денарот, истите се на товар на Министерството.
Ако платата пресметана согласно ставовите 1 и 2 на овој член е повисока од пет и половина просечни месечни нето исплатени плати во Република Северна Македонија, објавени од Државниот завод за статистика, во моментот на склучување на договорот за работа, на наставникот му се исплаќа плата во износ од пет и половина просечни месечни нето исплатени плати во Република Северна Македонија, објавени од Државниот завод за статистика.
Член 4
Министерот за образование и наука (во натамошниот текст: министерот), врз основа на член 3 од овој правилник, со решение ја утврдува висината на платата и другите трошоци на кои работникот има право за време на работа во странство, за секоја држава во која се изведува настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство. При утврдувањето на висината на платата на наставникот, која е повисока од пет и половина просечни месечни нето исплатени плати во Република Северна Македонија, објавени од Државниот завод за статистика, за курс на валута ќе се земе објавениот среден курс на Народна Банка на Република Северна Македонија, на денот на склучувањето на договорот за работа со наставникот.
Платата се исплаќа во валутата за соодветната држава, согласно валутата утврдена во Решението за највисоки износи на дневници за службени патувања и селидби во странство, трошоци што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци, за што наставникот до Министерството доставува сметка отворена во државата во која врши воспитно-образовната дејност.
За наставниците кои имаат склучено договори за работа пред денот на влегувањето во сила на овој правилник, платата се исплаќа на сметка која наставниците ја имаат доставено до Министерството, доколку наставникот не побара да му се исплатат на сметка отворена во државата во која врши воспитно-образовната работа.
Ако наставникот достави погрешни податоци за неговата сметка од ставовите 2 и 3 на овој член, трошоците настанати поради неточните податоци добиени од наставникот се на товар на самиот наставник.
Член 5
Придонесите за задолжително социјално осигурување на наставниците од член 2 од овој правилник ги уплатува Министерството, согласно законските прописи од оваа област.
Член 6
Платата и другите трошоци на кои работникот има право за време на работа во странство, се утврдува зависно од:
- обемот на работата и работните задачи и
- отежнати услови за работа.
Член 7
Обемот на работата и работните задачи на наставникот е согласно фондот на наставните часови според наставната програма донесена од министерот, а изготвена од Бирото за развој на образованието.
Член 8
За да се оформи паралелка во која наставникот ќе изведува дополнителна настава бројот на учениците треба да изнесува најмалку од 5 до 15 ученици.
За паралелките со помалку ученици од ставот 1 на овој член, наставникот е должен да достави барање за добивање согласност од Министерството.
Во случаите кога се обезбедени повеќе од 60 ученици, Министерството може да испрати уште еден наставник, на начин и постапка утврдени со правилник, а по претходно позитивно мислење за обезбедени средства од Министерството за финансии.
За секоја паралелка наставникот е должен да достави:
- име, презиме и адреса на учениците;
- ден кога со учениците се изведува воспитно - образовната работа;
- време, час и минута на почетокот и крајот на воспитно - образовната работа и вкупен фонд на реализирана настава и воннаставни активности во текот на месецот и
- населено место во кое се изведува воспитно - образовната работа.
По завршувањето на учебната година, наставникот до Министерството доставува потврди за посетување на дополнителна настава на мајчин јазик, за сите ученици кои посетувале дополнителна настава на мајчин јазик кај наставникот.
Извештајот со податоците од став 4 на овој член, наставникот задолжително во три примерока го доставува секој месец до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија на заверка, од кои еден примерок останува за наставникот, вториот примерок за дипломатско - конзуларното претставништво, а третиот примерок се доставува до Министерството.
Образецот за податоците за запишани ученици е даден во Прилог бр. 1 и е составен дел на овој правилник.
Образецот за извештајот со податоците од став 2 на овој правилник е даден во Прилог бр. 2 и е составен дел на овој правилник.
Образецот за потврдата за посетување на дополнителна настава на мајчин јазик од став 5 на овој правилник е даден во Прилог бр. 3 и е составен дел на овој правилник.
Член 9
Плата и други примања во пари на кои работникот има право за време на работа во странство на наставникот му припаѓа за остварување на неделно 20 часа настава и најмалку два часа воннаставни активности.
Под настава се подразбира реализација на програмата за дополнителна настава по мајчин јазик на децата на граѓаните од Република Северна Македонија на привремена работа и престој во странство.
Во случај наставникот да не го исполни неделниот фонд од 20 часа настава и два часа воннаставни активности, за секој неостварен час сразмерно ќе му се намали платата на наставникот.
Ако во текот на годината настане промена во обемот на работата и работните задачи, односно на отежнати услови за работа, на наставникот најмалку еднаш во годината му се врши корекција на платата, врз основа на доставените извештаи од член 8 став 4 од овој правилник.
Член 10
За наставниците кои работат во две или повеќе воспитно-образовни установи во исто населено место, што се смета за работа во отежнати услови, платата се зголемува и тоа за второто и секое наредно основно училиште во кое се изведува настава за по 1% од платата, по доставена документација заверена од дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија.
За наставниците кои работат во две или повеќе воспитно-образовни установи во различни населени места, што се смета за работа во отежнати услови, платата се зголемува и тоа за второто и секое наредно населено место во кое се изведува настава за по 2% од платата, по доставена документација заверена од дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија.
По основ на работа во отежнати услови од ставовите 1 и 2 на овој член, на наставникот може да му се зголеми платата најмногу до 15%.
Член 11
За определени трошоци кои произлегуваат од реализацијата на наставата на наставникот му следат примања во пари.
Наставникот има право на исплата на трошоци за :
- билет за јавен превоз за првото одење во странство и билет за враќање на наставникот по завршувањето на договорот за работа, склучен со Министерството;
- сместување и исхрана за време на одржување на годишните семинари во Република Северна Македонија;
- билет за јавен превоз во Република Северна Македонија за време на одржување на семинарите во Република Северна Македонија.
Ако јавниот превоз има две или повеќе класи наставникот задолжително ја користи економски поисплатливата класа.
Исплатата се врши врз основа на оргинали од доказите за направениот трошок.
Член 12
За време на привремена неспособност за работа поради болест или повреда наставникот има право на надоместок на плата согласно Законот за здравствено осигурување.
Член 13
Годишниот одмор наставниците го користат во периодот кога не се изведува настава.
Член 14
Настанатите трошоци за виза, како и трошоците за експертиза за здравствено осигурување во странство се на терет на наставникот.
Член 15
Доколку се утврди дека наставникот нема доволен број ученици согласно член 8 став 1 од овој правилник, не ја реализира програмата од член 7 од овој правилник или со своето однесување нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија, министерот го раскинува договорот со наставникот пред истекот на времето за кое бил ангажиран, а наставникот ги губи правата утврдени со овој правилник и со договорот за работа, сметано од денот кога е утврдено дека настанале условите за раскинување на договорот за работа.
Член 16
За спроведување на одредбите на овој правилник е надлежно Министерството за образование и наука.
Член 17
Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на утврдување на платите и трошоците на кои има право наставникот за основно образование за вршење на воспитно-образовната дејност за децата на граѓаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странство со бр.12-6831/1 од 19.06.2019 година.
Формираните паралелки пред влегувањето во сила на овој правилник продолжуваат со работа.
Член 18
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на неговото донесување.
Министер/Ministër, Xx. Xxxxx Xxxxx
Број 12-2373/1
10.02. 2020 година Скопје
Прилог бр. 1
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Настава на мајчин јазик во __
ПРИЈАВА
за запишување на ученици за посетување на дополнителна настава на мајчин јазик
наставно место
(место, општина и државa во која се реализира дополнителната настава)
ПОДАТОЦИ ЗА УЧЕНИКОТ
(име и презиме на ученикот)
Xxx (М/Ж) роден на (датум) место држава државјанство .
ПОДАТОЦИ ЗА РЕДОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА УЧЕНИКОТ
Назив на образовната установа адреса на образовната установа одделение наставник
.
ПОДАТОЦИ ЗА РОДИТЕЛОТ/СТАРАТЕЛОТ
мајка место на раѓање татко место на раѓање .
(име и презиме на родителите/старателите)
Во_ _ _ _ 20__година _ _
(место,држава ) (датум ) (потпис на родител/старател )
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
П О Т В Р Д А
за посетување на дополнителна настава на мајчин јазик
(име и презиме на ученикот/ученичката)
син/ќерка на
година.
(име и презиме на родителот/старателот)
Прилог бр.3
роден/а на
во држава _ _
државјанство/ва _ _ _ , во учебната 20 _/20 _година ја следеше дополнителната наставата за деца на граѓаните од Република Северна Македонија кои претстојуваат во
_ _ .
(место, општина и држав во која се реализира дополнителната настава)
Потврдата се издава на ученикот/ученичката кој/а успешно го заврши
_одделение / период од дополнителната настава.
(со римски броеви и букви) ( со римски броеви и букви)
.
Во 20 __ година
(место,држава ) (датум )
Одговорен наставник, Потпис од ДКП
_ _ _ _
X.X.
на ДКП
Прилог бр.2
МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ
за месец за учебната година
за реализираната воспитно- образовна дејност во основното образование со децата на граѓаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во
(државата во која се реализира наставата)
Наставник кој ја изведува наставата
(име и презиме на наставникот)
Присутност на учениците во воспитно- образовната работа
Место на одржување на наставата наставен јазик
НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ 1
(датум на одржување на наставата од ден –до ден)
Податоци за редовноста на учениците кои посетуваат дополнителна настава во
1 Се пополнува за секоја недела во месецот
I ФАЗА (I,II и III одделение), II ФАЗА ( IV,V и VI), III ФАЗА (VII,VIII , IX) одделение
Ред.бр. | Ден од неделат | Xxx ,татково име презиме на ученикот | Xxxxx на раѓање на ученикот | Xxxxxx на ученикот | Место на одржув ање на настав ата | Почеток и крај на часот изразено во време | Потпис на родите л | Фаза на настава |
1 | ||||||||
ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ
2
(неделен фонд на часови)
Присутност во број на ученици | Облик на работа на воннаставната активност | Место на одржување на наставата | Почеток и крај на времето на наставата |
2 Се пополнува за секоја недела во месецот
Реализација на наставниот план и програм3
Датум | Наставен предмет | Наставна единица | Цели на часот | Место време, час и минута на почеток и крај на часот | забелешка |
3 Се пополнува за секоја недела од месецот
Потпис на наставникот
Заверува : Дипломатско- конзуларно претставништво