Contract
20211722844
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 3 и член 24 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и
„Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143/2019 и 14/2020), член 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“, број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 80/2016, 127/2016, 142/2016, 2/2017,
16/2017 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019 и 14/2020) и член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 3/2006, 44/2006, 66/2006, 16/2007, 57/2007, 77/2007, 106/2008, 161/2008, 63/2009, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 10/2010, 16/2010, 50/2010, 52/2010,
58/2010, 124/2010, 132/2010, 158/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 52/2012, 13/2013,
25/2013, 54/2013, 170/2013, 187/2013, 34/2014, 106/2014, 113/2014, 145/2014, 20/2015,
33/2015, 72/2015, 74/2015, 129/2015, 167/2015, 27/2016, 134/2016 и 120/2018 и „Службен
весник на Република Северна Македонија“ број 110/2019), Министерството за информатичко општество и администрација надлежно за вработените во областа на државната администрација, од една страна и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), од друга страна, склучија
ГРАНСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГРАНСКИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА, СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СУДОВИТЕ, ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА, КАЗНЕНО- ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ, ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО, ОПШТИНИТЕ, ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ, АГЕНЦИИТЕ, ФОНДОВИТЕ И ДРУГИТЕ ОРГАНИ ОСНОВАНИ ОД СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Гранскиот Колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 51/20), во член 1, ставот (2) се менува и гласи:
„(2) Овој колективен договор не се однесува на вработените во органите на државна управа од областа на безбедноста, одбраната и разузнавањето, како и на вработените во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, јавното информирање, комуналните и други дејности заради кои се основани јавните претпријатија.“
Член 2
По член 7 се додава нов член 7-а кој гласи:
„Член 7-а
Начин на организација на работата во институциите во услови на криза
(1) Во случај на вонредна состојба, воена состојба или заради заштита и справување со последиците од заразни болести, раководното лице на институцијата може да ја организира работата комбинирано, работа во смени или работа од далечина.
(2) Како вршење на работа од далечина се смета работа која вработениот ја врши во својот дом или во простории по свој избор што се надвор од деловните простории на работодавачот за што секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар носи решение за вршење на работа од далечина.“
Член 3
Членот 11 се менува и гласи:
„(1) Вработениот има право на користење на годишен одмор во траење од најмалку дваесет работни дена.
(2) Годишниот одмор на вработениот се определува според следниве критериуми:
1. Должина на работен стаж, најмногу до три дена: |
- над една година до 10 години работен стаж плус еден (1) работен ден; |
- над десет (10) години до дваесет (20) години работен стаж плус еден (1) работен ден x |
- над дваесет (20) години работен стаж плус еден (1) работен ден. |
2. Сложеност на работа, согласно нивото на степенот на образование: |
Работи од I-III степен сложеност – 1 работен ден; |
Работи од IV-V степен сложеност – 2 работни дена и |
Работи од VI-VIII степен на сложеност – 3 работни дена. |
3. Работа изложена на висок ризик: |
- од дополнителни еден до три дена, што ќе биде регулирано со поединечни колективни договори. |
4. Други социјални и здравствени околности: |
- инвалид три работни дена; |
- работник со најмалку 60% телесно оштетување три работни дена; |
- самохран родител или старател со дете до 15 години – дополнителни три работни дена и |
- самохран родител, родител или старател со дете со посебни потреби – дополнителни пет работни дена.“ |
(3) Xxxxxxxxxx работник од 57 години жени и 59 години xxxx има право на уште три работни дена годишен одмор.“
Член 4
Во член 21, во ставот (4), по зборот „однесуваат“ се додава сврзникот „и“.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Престанок на важност
Член 5
Со влегувањето во сила на овој колективен договор престанува да важи Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 53/95, 11/98 и 28/09).
Влегување во сила и примена
Член 6
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 0101-69/2 Бр. 01-2829/1
21 јули 2021 година 21 јули 2021 година Скопје Скопје
Синдикат на УПОЗ За работодавач Претседател, Министер за информатичко
Xxxx Xxxxxxxxx, с.р. општество и администрација,
Doc. X-x Xxxxx Xxxxxxx, d.v.