Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Општи услови за осигурување на пловни објекти на внатрешни води
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 15.10.2004 година и со одлука бр.06/04-3 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Одредбите од овие услови се применуваат во осигурување на секој пловен објект на внатрешнн води (реки, канали и езера) во Република Македонија и за време на пловидба надвор од границите на Република Македонија. На ризици што е изложен за време на пловидба, мирување. Усидрување и од одговорност за штети направени на трети лица.
Осигурување на пловниот објект го опфаќа трупот, инсталацинте, уредите, инвентарот и опремата. Редовните залихи на гориво, масла и друти бродски материјали како и залихи на храна и пијалоци потребни за посадата на бродот, радио станици, радари и друга навигациона опрема на пловидбениот објект, ако не се сопственост на оснгуреникот, не се сметаат за покриени со овие услови, доколку тоа во полисата за осигурување не е поинаку договорено.
Вонредни залихи на гориво, масла и друг материјал на залихи од храна и пијалоци што не служат за редовнте потреби на посадата на бродот, трошоците на испраќање и осигурување на бродот како и специјална опрема. Мрежи и друт рибарски прибор. Опфатени се со оспгурување на бродот само ако тоа е изрично договорено.
Одредбите од овие услови не се применуваат за осигурување на стока која што се пренесува со осигурениот пловен објект, како и на спортски и други чамци со и без мотор, викенд куќички на сплавови и слични објекти на внатрешни води.
Член 2
Осигурени ризици
Спрема овие услови со осигурување се покриени следните ризици: Ширина на покритие под а) опфаќа потполна загуба на пловниот објект поради:
(a) невреме, бродолом, тонење, насукување, судар со друг пловен објект или со било кој друг предмет или пливачки објект, удар во обала или со било кое друго зацврстување, пливачки или патувачки објект, пожар, последица од направена мана на трупот на пловниот објект, и постројките (погонски или други) или опремата. Експлозија од мини, торпеда. Бомби и други експлозивни материјали (освен во време на војна или вооружен судар), допир со воздухоплови, поради натовар или истовар на товарот дозволен за превоз со таков пловен објект, при растовар на товарот од пловниот објект, кражба или насилно одземање на пловниот објект. Оштетување од нуклеарни уреди или реактори на пловниот објект како и поради некое друго вонредно влијание или незгода додека пловниот објект се наоѓа во пловидба, мирување или е извлечен на копно или на просторот на бродоградилиштето.
(б) невнимание на командирот, пилотот или другите членови на посадата на осигурениот пловен објект,
(в) давање помош со цел за спасување на човечки животи или имотот на други пловни објекти во незгода.
Ширина на покритие под (б) опфаќа:
• Ширината на покритие под (а);
• Осигурување од одговорност;
• Делумно оштетување.
(a) на трупот на пловниот објект настанати поради ризиците наведени под а;
(б) на котлите на главните и помошните машини. Перките или тркалата и нивните лопати, или осовините, опремата и инвентарот ако тие се последици на насукување. Пожар, судар со друг пловен објект или потонување;
(в) придонес во генералната хаварија поради осигурените ризици. Ширина на покритие под в:
Ја опфаќа ширпната на покритие под а и б и:
(a) сите делумни оштетувања на трупот, котлите, главните и помошните машини, техничките уреди, опремата и инвентарот на осигурениот
пловен објект поради било кој осигуран ризик.
(б) кај техничките пловни објекти сите вонредни штети на трупот, котлите, главните и помошни машини, техничките уреди, опремата и инвентарот на осигурениот пловен објект, настанати при нормална употреба на таквиот објект за работа.
(в) трошоците за отстранување на оштетениот пловен објект или сметот по налог на надлежен орган, но само до осигурената сума.
Член 3
Осигурување од одговорност
Со осигурување на одговорноста на осигуреникот за штети причинето на трети лица, осигурувачог се обврзува да ги надомести сите износи што осигуреникот е обврзан да ги плати за штетите направени од страна на осигурениот пловен објект непосредно или посредно и тоа до осигурената сума за:
(a) штети направени на некој друг пловен објект поради судар. Удар или на некој друг начин;
(б) штети направени со пристанишните уреди, навозите, гатовите, кејовите, каблите или со било кој друг прицврстен или подвижен предмет на копно или во вода;
(в) штети прпчинети со изливање или исфрлање од пловниот објект на материи штетни по околината;
(г) трошоци за мерките превземени по барање на осигурувачот и неговите претставници или во спогодба со нив, поради заштита од неоправдани или претерани барања на третите лица како и трошоци на разумни мерки што осигуреникот ги превзел во ист правец без согласност со осигурувачот или неговите претставници, ако таквата согласност не можел благовремено да ја добие;
(д) побарувања за телесни оштетувања до сумата ограничена за одговорност на бродарот.
Во случај кога на страната на осигуреникот постои обврска за давање на гаранција или хипотека во пари поради одговорноста спрема третите лица или за извршено спасување, а нарочито да би се избегнало задржувањето на бродот, осигурувачот е должен на барање на осигуреникот да издаде свое гарантно писмо или хипотека на пари, но само до висината на своите обврски по овие услови.
Член 4
Исклучени ризици
По овие услови од осигурување се исклучени штети настанати посредно или непосредно поради:
1. Намерна постапка или крајно невнимание на осигуреникот,
2. Намерна постапка или крајно невнимание на лицата за чии што постапки одговара осигуреникот по закон.
3. Штети што посадата на пловниот објект ги предизвикува во согласност со осигуреникот или по негово упатство, доколку не се предмет на генералната хаварија.
4. Воени и политички ризици за време на воени операции и слични дејствија.
5. Истрошеност на материјалот поради старост или употреба, трулеж или црвојадина.
6. Ризици направени надвор од границата на пловидба предвидена во полисата.
7. Ризик на мраз ако не е веднаш по настанувањето на мразот на реката пловниот објект упатен во најблискиот зимовник.
8. Запирање на работа или работнички немири, забранета трговија, криумчарење и криминал.
9. Штети поради неспособност на пловниот објект за пловидба (општа неспособност, како и неспособност за одредено патување и превоз што бродот го врши, било поради технички недостатоци или поради негова недоволна опременост, несоодветна посада. Прекумерно или неправилно
Општи услови за осигурување на пловни објекти на внатрешни води
натоварање на товарот. Натоварање на патници преку дозволениот број, како и ако газерот на пловниот објект е поголем од длабината на пловниот пат. Намалена за 20 см, ако осигуреникот знае или можел да дознае од предупредувањето на внимателниот бродар).
10. Штетите што осигуреникот ќе ги претрпи само посредно поради оштетување на пловниот објект или затоа што пловниот објект бил без потребните документи како што се загуба на заработка, денгуба, обврска за надомест на штета поради неисполнување на договорот за превозот од осигурениот пловен објект.
11. Трошоци за спасување при отсукување, доколку отсукувањето е вршено со сопствени средства на осигурениот пловен објект.
12. Трошоци во врска со зимата и зимувањето без разлика на причината за настанувањето на тие трошоци. Освен ако тоа не е поинаку договорено. 13. Трошоци на растоварање на пловниот објект и други издатоци што би биле направени поради низок водостој, како ни трошоци за пловидбата.
14. Штети настанати поради непрописно товареннот опасен товар.
15. Штети настанати како последица на пуштање на пловидбениот објект со водената струја - нурнување.
Член 5
Осигурана вредност
Вредност на осигурениот пловен објект, што е одговорно утврдена во полисата за осигурување (договорена вредност), означува сума и претставува горна граница на обврската на осигурувачот.
Осигурувачот е во обврска да надомести последователни штети настанат за време на истото осигурување и кога вкупната висина за покривање на штетите ја надминува осигурената сума,
Ако осигурената сума е поголема од стварната вредност на осигурениот пловен објект, при ликвидација на штетата се зема во предвид само стварната вредност на осигурениот пловен објект.
Ако осигурената сума е помала од стварната вредност на осигурениот пловен објект, штетата ќе се надомести сразмерно помеѓу осигураната сума и стварната вредност на пловниот објект.
Член 6
Премија за осигурување Премијата за осигурување се плаќа непосредно по склучување на договорот за осигурување и тоа во цел износ, доколку поинаку не се договори.
Премијата за осигурување се плаќа во денари или валута одредена со договорот за осигурување, а во согласност со важечките прописи.
Член 7 Во случај на потполна загуба на пловниот објект, осигуреникот е должен да ја плати целата премија за осигурување наведена во полисата за осигурување, без разлика на должината на искористеното време за осигурување.
Член 8
Осигуреникот има право на враќање на дел од премијата во случај:
(a) ако во текот на траење на осигурувањето дојде до отуѓување или пренесување на пловниот објект;
(б) ако помеѓу осигурувачот и осигуреникот дојде до спогодбено раскинување на договорот за осигурување;
(в) ако осигурениот пловен објект се повлече од сообраќај од било кои причини, освен зимовање, и во зависност дали во тоа време на пловниот објект се прават поправки или не, под услов повлекувањето да трае подолго од 30 дена непрекинато.
Ако не е поинаку договорено, враќањето на премијата во случаите под (а) и (б) се прави веднаш по настапување на настанот. А во случај под (в) по истек на периодот за осигурување.
Осигуреникот има право на враќање на целата премија ако осигурениот предмет не бил воопшто изложен на ризиците и ако договорот за осигурување е поништен без вина на договорувачот на осигурувањето или осигуреникот.
Член 9
Франшиза
Франшизата се одбива во износ утврден во полисата и се применува кај секоја поединечна штета и засебна хаварија.
Франшизата не се применува кај штети на потполна загуба, трошоци на спасување. Или генерални хаварии.
Член 10
Траење на осигурувањето
Кај осигурувањето на одредено време, осигурувањето почнува да тече по европско време во 00:00 часот на првиот, а се завршува во 24:00 часот на последниот ден предвиден во полисата.
Ако осигурувањето на бродот завршува во време додека бродот се наоѓа на патување, осигурувањето се продолжува до првото наредно пристаниште со доплатна премија, ако осигуреникот од тоа не се откаже пред завршување на осигурениот период.
Член 11
Осигурување на пловниот објект на одредено патување почнува од почеток на натовар на товарот во појдовното пристаниште (наведено во полисата) и трае додека не се заврши истоварање на товарот во одредено пристаниште (наведено во полисата), но не подолго од 21 ден по доаѓање на бродот во тоа пристаниште.
Ако пред завршување на истоварот на товарот почне со натовар на товар во одреденото пристаннште за ново патување, осигурувањето престанува кога ќе почне натоварувањето.
Ако во појдовното пристанишпте товар не се натовара, осигурувањето почнува кога осигурениот пловен објект го подигне сидрото или се одврзе во тоа пристаниште поради поаѓање на осигуреното патување.
Ако во одреденото пристанишге товарот не се истовари, осигурувањето престанува кога осигурениот пловен објект се усидри или се приврзе во тоа пристаниште.
Ако патувањето се прекине пред одреденото пристаниште осугурувањето престанува во местото во кое што патувањето е прекинато.
Член 12
Обврски на осигуреникот и осигурувачот Осигуреникот е должен при склучување на договорот за осигурување, да ги пријави на осигурувачот сите околности што сс значајни за процена на тежината на ризикот, како и секоја промена на ризикот до која што ќе дојде во текот на траење на осигурувањето.
Осигуреникот е должен за време на траење на осигурувањето да води грижа за осигурениот пловен објект со внимание на добар стопанственик. Во случај на остварување на осигурен ризик осигуреникот е должен да:
(a) ги преземе сите разумни мерки да се избегне, односно да се смали штетата; (б) за настанатата штета да го извести осигурувачот штом за таа штета дознае; (в) да му обезбеди регресно право од лицата одговорни за штетата;
(г) во случај на оштетување (хаварија) на пловниот објект да направи записник за штетата, да го потпише и завери кај надлежни речно управни власти (капетании).
Член 13
Осигурувачот е должен на повик на осигуреникот да се јави поради процена на штетата.
Осигурувачот е должен да надомести од осигурување и плати во рок од месец дена штом осигуреникот му достави оштетно побарување, со сите податоци и целокупната документација.
Член 14
Утврдување и исплата на штетата
Утврдувањето на причините, обемот и висината на настанатата штета ја врши осигурувачот преку свои претставници или хавариски комесари назначени во полисата, односно соодветна стручна организација.
Во случај осигуреникот да не се сложи со наодите на одреденото лице, односно организацијата, има право да го оспори и изврши комисиска процена на штетата.
Комисијата од претходниот став се состои од два члена од кои едниот го именува осигурувачот. А другиот осигуреникот. Во случај на несогласување на членовите на комисијата. Членовите на комисијата именуваат трет член, ако не можат да се сложат за третото лице. Трет член ќе наименува судот надлежен спрема местото на склучување на договорот за осигурување. Трошоците за работата на комисијата ги поднесуваат осигурувачот x
осигуреникот за членовите што тие ги именувале, а трошоците за третиот член ги поднесуваат по пола.
Член 15
Како трајна загуба на пловниот објект се смета:
(a) потонување без можност за вадење;
(б) потполно уништување на пловниот објект;
(в) оштетување на пловннот објект што не може да се поправи и поради што пловниот објект престанува да постои како ствар на одредена врста; (г) загуба на пловниот објект (намалени вести за него после 90 дена од денот на првите вести кои се однесуваат на него), под услов да бидат пријавени на надлежните органи;
(д) ако трошоците на поправка на пловниот објект, односно трошоците за вадење на потонатиот пловен објект ја надминуваат осигураната сума.
Член 16
По процена на штетата осигуреникот ќе постапи веднаш на извршување на дефинитивната поравка што паѓа на терет на осигурувачот. Доколку е проценето дека висината на штета ја надминува сумата на договорената франшиза во денари или е еквивалентен износ во странска валута на договорената франшиза, осигуреникот за штетите кои се поправаат во странство ќе му достави на осигурувачот писмена понуда на бродоградилишта или соодветни работилници.
За штети под договорената франшиза во денари или еквивалентен износ во странска валута потребна е спогодба за изборот на извршителот на работите помеѓу осигуреникот и осигурувачот без претходна поднесена понуда.
Осигурувачот не е во обврска да надомести штети што би настанале накнадно како последица на неизвршените поправки од поранешните оштетувања.
Член 17
Ликвидацијата на штетите ќе се врши на образложено писмено барање на осигуреникот. Со барањето осигуреникот е должен на осигурувачот да муги достави сите податоци со кои што располага, а што се потребни или можат да придонесат за правилно утврдување на причините, обемот и висината на штетите и правото на регрес, ако постои.
Осигурувачот може со надомест на трошоците да бара осигуреникот да му обезбеди и други докази, ако смета дека тоа е потребно поради правилна проценка на своите обврски.
Член 18
Надомест на штета по ова осигурување ги опфаќа:
1. Вистинските трошоци на поправка на објектот. Како и останатите трошоци поврзани со поправката, спрема доставените фактури или по спогодба помеѓу осигуреникот и осигурувачот, а врз основа на процена на штетата.
2. Трошоците за преглед на подводниот дел на пловниот објект после насукување и удар на дното на пловниот пат или на некој туѓ предмет, но ако постоела разбирлива основа дека објектот можел да претрпи штета, се надоместува како посебна штета, па и тогаш кога се утврди дека објектот не претрпел никаква штета.
3.а. Трошоците на доковање, односно на извлекување на навоз на пловниот објект во целост под услов осигуреннкот за време на доковањето, односно до извлекувањето да не вршел работа за своја сметка. А за чие што извршување било потребно објектот да не се извлече.
3.б. Во случаи кога осигуреникот за цело време додека објектот се наоѓал надвор од водите вршел работа за своја сметка, тогаш сите трошоци на звлекување и стоење на пловниот објект на навозот или докот ги делат на еднакви делови помеѓу осигуреннкот и осигурувачот.
3.в. Кога е препорачано поправката на објектот да сс изврши при наредното доковање или извлекување, трошоците на тоа доковање или извлекување се делат на еднакви делови помеѓу осигуреникот и осигурувачот,
4.а. Трошоците на перење и чистење на танкерот во целост и под услов перењето и чистењето да било препорачано од страна на осигурувачот и за тоа време осигуреникот да не вршел работи за своја сметка и за чие изведување би било потребно перење и чистење на танкерот,
4.б. Во случаи кога осигуреникот вршел работи на танкерот за своја сметка, а за изведување на истите било потребно танкерот да се пере и чисти, тогаш трошоците за перење и чистење се делат на еднакви делови помеѓу осигуреникот и осигурувачот.
5. Трошоцпте на бојадисување н стружење на очистените подводни делови на пловниот објект во случаите кога за тоа ќе се покаже потреба после насукување, поради оштетување на подводниот дел на објектот како и хаварија на осовината на кормилото, осмиот виог или кормило, а и во случаите кога времетраењето на доковањето или извлекувањето на навозот предизвикува загуба на исправноста на подводната боја под услов бојадисувањето и струтањего да било препорачани од страна на осигурувачот и осиуреннкот да се придржувал на вообичаените постапки за зачувување на убавнната на подводната боја.
6. Трошоците на осигуреникот што биле потребни за утврдување и ликвидација на штетата.
7. Разумните трошоци за спасување ако се направени во согласност со осигурувачот, како и наградата за спасување.
Член 19.-
При исплатата на надоместот на штетата за поедина хаварија на осигурениот пловен објект нема да се врши одбивање поради зголемена вредност на пловниот објект поради замена на старите делови со нови делови, но ќе се одбие вредноста на заменетите стари делови што остануваат на располагање на осигуреникот.
Ако поради поправката или замената на деловите значително се зголеми стварната вредност на бродот, од износот на надоместот од осигурување се одбива зголемениот дел на вредноста што на тој начин му настанал.
Член 20
Осигурувачот може во исклучителни случаи на барање на осигуреникот во текот на постапката на ликвидација, да прави директна исплата на извршителот на работите на име на трошоци за штета што тој ги признава на свој товар.
Член 21
Во текот на постапката на ликвидација на поедина хаварија во исклучителни случаи, осигуреникот може да бара аконтација до 75% од висината на стварно исплатените фактури, а под услов лицето што било одредено за составување на конечниоt извештај да ги одобри сметките или осигурувачот непосредно да се согласил дека фактурите можат да се исплатат на негов товар.
Член 22
Регрес
Со исплата на надомест на штетата на осигурувачот поминуваат сите права што осигуреникот ги има спрема трети лица одговорнн за настанатата штета и тоа во границите на исплатениот надоместок.
Член 23
Во случај примената на овие услови дојде до спор, тој ќе се решава пред арбитража или во редовна судска постапка.
Надлежност на судот се одредува спрема седиштето на осигурувачот.