Бр/Nr.
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut Јавно претпријатие за државни патишта Ndërmarrja Publike për Rrugë Shtetërore
Бр/Nr.
Скопје/Shkup година/viti
Предмет: Одговор на Барање за пристап на информации од јавен карактер
Почитувани,
Во однос на Вашето Барањето за пристап до информации од јавен карактер ве известуваме дека Јавното претпријатие за државни патишта сѐ уште нема склучено договор со компанијата Бехтел&Енка.
Потсетуваме дека е потпишан само Меморандумот за разбирање помеѓу компаниите Бехтел&Енка (Bechtel&Enka) и Владата на Република Северна Македонија за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар – Букојчани, и Требеништа – Струга – Ќафасан, од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп – Битола од Коридорот 10.
Исто така, од страна на Собранието на Република Северна Македонија беше донесен и Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија.
ДИРЕКТОР
Xxxx Xxxxxxx
Изработил: Xxxxxxx Xxxxxxxxxxx Одобрил: Xxxxxxx Xxxxxx
Република Северна Македонија | xx.Xxxx Xxxxx xx.00, 0000 Xxxxxx | Тел/Tel:00 0000-000, |
Јавно претпријатие за државни патишта | Република Северна Македонија | Факс/Fax 00 0000-000; 02/0000-000 |
Republika e Maqedonisë së Veriut | rr. “Xxxx Xxxxx” nr.14 | |
Ndërmarrja Publike për Rrugë Shtetërore | Republika e Maqedonisë së Veriut |