Contract
СКОПСКИ ПАЗАР АД СКОПЈЕ
Согласно член 35 од Правилата за котација, Скопски пазар АД Скопје, ја известува јавноста за следната ценовно чувствителна информација:
На ден 10.04.2019 година склучен е Анекс бр.2 кон Договор за рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право заверен кај доверителот Комерцијална банка АД Скопје под број 00-000-000/2/10.04.2019 година кон Договор за рамковен револвинг кредит лимит врз основа на заложно право заведен кај доверителот под број 00-0000-000/1/18.03.2015 година и Анекс бр.1 кон Договорот за рамковен револвинг кредит лимит врз основ на заложно право заведен кај доверителот под број 00-0000-0000/1/12.10.2016 година, со непроменет износ од ЕУР 8.700.000 и променет рок до 12.10.2024 година. Учесниците од овој Анекс бр.2 се согласни истиот да се упише соодветно во јавните книги.
Истиот, согласно одредбите од Закон за трговски друштва не претставува голема зделка.
Врз основа на Анекс бр.2:
- се брише заложениот деловен објект во Аеродром на ул.Трета македонска ударна бригада бр.76 Скопје евидентиран во Имотен лист број 25621 КО Кисела Вода 2;
- се дополнува обезбедувањето со нов недвижен имот и тоа: деловен објект во Расадник евидентиран во Имотен лист број 31490 КО Кисела Вода 1; деловен објект во Охрид евидентиран во Имотен лист број 89152 КО Охрид 3, сопственост на должникот-заложен должник Скопски пазар АД Скопје.
Бришењето и дополнувањето на горенаведените залози на недвижен имот е спроведено и во јавните книги според состојба на ден 25.04.2019 година, врз основа на нотарски акт ОДУ 584/2019 од 19.04.2019-Солемнизација на Анекс бр.2 кон договор за залог на недвижен имот со својство на извршна исправа кај нотар Xxxxx Xxxxxxxxx Алексова.
Понатаму, врз основа на Анекс бр.2:
- се врши бришење на заложно право на подвижни предмети-опрема во објектот на ул.Трета македонска ударна бригада бр.76 и
- се врши надополнување под залог на нови подвижни-предмети на веќе воспоставеното заложно право-рачна залога од прв приоритет, според Записник за попис на подвижни предмети-опрема број УЗП број 5331/2019 од 18.04.2019 година-деловна опрема во деловниот објект на ул.Народни херои бр.12 Скопје
сето врз основа на Нотарски акт ОДУ број 583/2019 од 19.04.2019 година-Солемнизација на Договор за регистриран залог врз подвижни предмети кај нотар Анета Петровска Алексова.
Останатите одредби од Договорот за залог на надвижен имот со својство на извршна исправа потврдени од нотар Анета Петровска Алексова под број 561/2015 од 09.04.2015 година, изменет и дополнет со Анекс 1 под ОДУ број 1503/16 од 28.10.2016 година остануваат непроменети и се во сила.
Останатите одредби од Договорот за залог на подвижни предмети со својство на извршна исправа потврдени од нотар Анета Петровска Алексова под ОДУ 560/2015 од 09.04.2015 година и Анекс бр.1 потврден под ОДУ број 154/16 од 28.10.2016 остануваат непроменети и се во сила.
Скопје, 30.04.2019 година