Contract
ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА НА ДАЛЕЧИНА ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
Овој Договор за продажба е склучен на ден
текст „Договор“), помеѓу:
година, во Скопје (во понатамошниот
1. Друштво за трговија на големо и мало ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „20“ бр.39, с.Бразда, Чучер-Сандево, со ЕМБС: 4972210, ЕДБ 4030995174384, застапувано од директорот Xxxxxxxxxx Xxxxx како Продавач,
и
2. , како Купувач,
Во понатамошниот текст заедно Договорни страни, а поединечно Договорна страна.
I. ДЕФИНИЦИИ И ПОИМИ:
„Е-продавница“ се однесува на електронската продавница на Друштво за трговија на големо и мало ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, која се наоѓа на xxx.xxxxx.xxx.xx
„Материјален недостаток” се однесува на недостаток на потребните својства за редовна употреба или за промет на Производот; недостаток на потребните својства за особената употреба на Производот за која Купувачот го набавува, а која му била позната на Продавачот или морала да му биде позната; надостаток на својствата и одликите што се изречно или премолчно договорени, односно пропишани и кога Продавачот предал Производ кој не е соодветен на мострата или на моделот освен ако мострата или моделот се покажани само заради известување.
ПРИ ШТО ДОГОВОРЕНО Е како што следува:
Член 1
По пат на овој Договор, Продавачот ги продава, а Купувачот ги купува производите од производителот Wurth избрани од страна на истиот во потрошувачката кошничка на е- продавницата достапна на xxx.xxxxx.xxxxx.xxx.xx (во понатамошниот текст: “Производи“).
Купувачот се обврзува за производите кои се предмет на овој Договор, детално наведени во спецификацијата на нарачани производи (во понатамошниот текст „Спецификацијата“), која претставува Прилог А кон овој Договор, да изврши плаќање на целокупниот износ согласно цените наведени во Спецификацијата.
Продавачот е должен да му ги предаде производите на Купувачот така што Купувачот ќе стане нивен сопственик, а Купувачот е должен да му ја плати на Продавачот купопродажната цена, како и да ги преземе производите.
Продавачот е должен да му ги испорача производите на Купувачот во рок од 5 работни дена од денот на потврда на нарачката која е испратена преку е-продавницата на ВУРТ.
Договорните страни се согласни дека испораката на нарачаните производи ќе се изврши преку курирската служба Delco, додека трошоците за испорака ќе ги сноси Продавачот.
Испораката ќе биде извршена на Купувачот или лице наведено од страна на Купувачот како примател на пратка.
Купувачот изречно прифаќа дека е одговорен за штетата која ќе настане за Продавачот поради тоа што Купувачот пропуштил да ги преземе производите кои му ги испратил Продавачот во согласност со овој Договор. Штета подразбира оштетување на производите, како и трошоци кои Продавачот ги има поради тоа што Купувачот пропуштил да ги преземе производите, како што се: трошоци за чување, препакување, враќање на производите и слични трошоци.
Лицето кое пристапува на Е-продавницата и врши нарачка на производи во име на правно лице, под полна материјална и кривична одговорност потврдува и гарантира дека е овластено да склучи Договор за купопродажба во име и за сметка на тоа правно лице и гарантира за точноста на податоците кои ги внесува при извршување на нарачката, особено податоците за седиштето, називот, даночниот број на Купувачот, податоци за лицето кое е наведено како примател на пратката и слично, а во спротивно одговара за штета претрпена од Продавачот поради недостаток на овластување за склучување на договор и/или погрешно наведени податоци.
Член 2
Плаќањето во е-продавницата може да се изврши преку трансакциска сметка во рок истакнат на самата фактура, која Купувачот заедно со испратница, ќе ја добие при превземање на пакетот.
Доколку Купувачот падне во задоцнување со плаќањето на цената за Производите, ВУРТ има право: (а) да наплати од Купувачот законска казнена камата на неподмирениот износ согласно применливите прописи; и/или (б) да ги суспендира сите последователни испораки на Производи до Купувачот.
Член 3
При преземање на испораката, Купувачот е должен, во присуство на курирот или поштарот (во понатамошниот текст: „Службеник“) кој ја врши доставата, визуелно да го прегледа пакетот, со цел да утврди дали постојат видливи оштетувања на истиот.
Купувачот е должен да бара отворање на пакетот во присуство на службеникот. Ако по отворање на пакетот, биде утврдено дека доставениот/ите артикл/кли е/се оштетен/и, службеникот прави записник за рекламација.
Доколку по извршеното отворање на пакетот, биде утврдено дека доставениот/ите артикл/кли нема/ат оштетување, Купувачот е обврзан при преземање на производите да потпише признаница (односно сметка-признаница), која ја предава на службата за достава како потврда за извршената достава на производите и потврда на фактот дека доставените производи немаат оштетувања.
Кога по приемот на Производите од страна на Купувачот ќе се покаже дека Производите имаат некој материјален недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето (скриен недостаток), Купувачот е должен, под закана на губење на правото, за
тој недостаток да го извести Продавачот без одлагање, сметајќи од денот кога го открил недостатокот.
Купувачот ќе го испрати известувањето од претходниот став со препорачано писмо на адресата на Продавачот во писмена форма, на адресата на седиштето на Xxxxxxxxxx – xx. „00“ xxxx 00, с.Бразда, Чучер-Сандево или по електронски пат, на електронската адреса на Продавачот: xxxxx@xxxxx.xxx.xx и во неа ќе ги наведе следните информации: број и датум на Фактурата, датум на преземање на Производите, доказ дека е извршено плаќањето, детален опис на недостатоците и предлог за решавање на рекламацијата.
Продавачот не одговара за недостатоците на предметот/ите што се појавиле по изминување на 6 (шест) месеци од предавање на предметот на Купувачот, со исклучок на случаите кога Продавачот за тој вид производ му дал Гаранција на Купувачот.
Продавачот не одговара за материјалните недостатоци, ако во моментот на склучувањето на договорот му биле познати на Купувачот или не можеле да му останат непознати. Се смета дека на Купувачот не можеле да му останат непознати оние недостатоци што грижливо лице со просечно знаење и искуство на лице со исто занимање и струка како Купувачот би можело лесно да ги забележи при вообичаениот преглед на предметот.
Производите кои се испраќаат на рекламација/сервис по пошта или преку доставна служба, мора да бидат прописно спакувани во картонска амбалажа. Сите производи кои му се доставени на Продавачот на овој начин, а кои не се прописно спакувани и/или оние кај кои дошло до видливи механички оштетувања на самиот производ за време на транспортот, нема да бидат преземени од страна на Продавачот, туку ќе бидат вратени на испраќачот на негов трошок. Продавачот не презема никаква одговорност за сите евентуални оштетувања на производот и амбалажата кои настануваат за време на транспорт до или од адресата на Купувачот.
Член 4
Производите особено нема да смета дека имаат материјален недостаток доколку е настанато оштетување или дефект на истите поради транспорт по извршената испорака од страна на Продавачот, како резултат на неправилна монтажа, неправилно одржување, неисправни електрични инсталации, нестабилен напон или струен удар или удар од гром, Виша сила (поплава, земјотрес, пожар и сл.), неправилно користење, непридржување кон упатствата и препораките за употреба на производот од страна на производителот, после користење на несоодветен потрошен материјал кој не е купен со производот, после какво било механичко оштетување на производот кое настанало по вина на Купувачот или трето лице за што Продавачот не е одговорен, после неовластено поправање на производот од страна на трето лице кое не е овластено од Продавачот или производителот, доколку производот е вратен на сервис без сметка или друг доказ дека е купен кај Продавачот.
Купувачот е потребно да се воздржува од изложување на купениот производ на штетни дејства (чад од тутун, екстремно прашење на просторијата, екстремно студени или топли простории итн.). Сите евентуални неправилности предизвикани со вакво постапување со производите ќе се отстрануваат исклучиво на товар на Купувачот според важечкиот ценовник за сервисни услуги.
Член 5
Купувачот го презема ризикот за случајно пропаѓање и/или оштетување на Производите во моментот кога истиот му е предаден од страна на Продавачот. Купувачот го презема ризикот за
случајно пропаѓање и/или оштетување на Производите и доколку пропуштил да ги преземе Производите кои му ги испратил Продавачот во договореното време и место во согласност со овој Договор.
Член 6
Купувачот е должен навремено да го извести Продавачот за сите новонастанати промени кај него кои се од значење за реализацијата на овој Договор, а особено за промената на податоците наведени во став 1 на овој член, најдоцна во рок од 8 (осум) дена од настанувањето на промените.
Член 7
За сè што не е уредено со овој Договор, соодветно ќе се применуваат Законот за облигационите односи, Законот за електронска трговија и сите други релевантни законски и подзаконски акти.
Член 8
Во случај на евентуален спор произлезен од или во врска со овој Договор, страните се согласни да се обидат да го решат спогодбено, а во спротивно, тие се согласни за решавање на тој спор стварно и месно надлежен да биде Основниот граѓански суд Скопје.
Член 9
Договорот е склучен со посредство на средства за комуникација и тоа по пат на електронска трговија/електронска пошта во еден оригинален примерок, врз основа на кој се направени 2 (два) примероци, по 1 (еден) за секоја од договорните страни.
Купувач За Продавач
Управител