Contract
Согласно член 383 од Законот за трговските друштва, на ден 11.03.2019 година, собранието на акционери ја донесе следната:
ОДЛУКА
за овластување на Управниот одбор за прибирање на понуди и стапување во преговори за продажба на недвижен имот на друштвото
Член 1
Се овластуваат членовите на Управниот одбор, заедно и поединечно да прибираат понуди за продажба на недвижен имот во сопственост на Друштвото Интерпромет АД Тетово, кој се наоѓа во КП.бр.2909/3 за КО Тетово-1,ул.М.тито б.б запишан во ИЛ.бр.39213.
Член 2
Се овластуваат членовите на Управниот одбор, да стапат во преговори за продажба на недвижен имот сопственост на Друштвото Интерпромет АД Тетово, со цел постигање на оптимална пазарна цена за продажба на имотот, од членот 1 на оваа Одлука.
Член 3
Склучувањето на евентулаен Договор за продажба на недвижен имот на Друштвото Интерпромет АД Тетово, да се изврши согласно Законот за трговските друштва и Статутот на Друштвото.
Член 4
Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното носење.
Образложение
Анализата на движењата на пазарот и деловното работење на друштвото, укажа дека имотот сопственост на Друштвото и тоа имот кој се наоѓа во адреса ул.М.Тито б.б Тетово, КП бр.2909/3 за КО Тетово-1, запишан во ИЛ бр.39213, на подолг рок е нерентабилен и генерира дополнителни трошоци.
При ваква ситуација, се оцени дека е потребно да се изврши продажба на овој дел од недвижниот имот на Друштвото.
Поради потребата од истражување на пазарот, како и прибирање на понуди и стапување во преговори со потенцијални купци, се со цел постигање на оптимална пазарна цена за продажба на имотот, Собранието на акционери ја донесе предметната одлука.
--------------------------
Собрание на акционери