EУPOЛИHК - CКOПJE
AКЦИOHEPCКO ДPУШTBO ЗA OCИГУPУBAbE
EУPOЛИHК - CКOПJE
У C Л O B И
ЗA OCИГУPУBAЊE HA OБJEКTИ BO ГPAДБA
Cкoпje, Jуни 2008 гoдина
Член 1 Предмет на осигурување
(1)Предмет на осигурување по овие Услови се:
1. градежни обjекти во градба, подразбираjки под тоа новоградби и реконструкции (поправки, доградби, надградби и сл.);
2. градежен, занаетчиски, инсталационен материjал и сета опрема коjа е наменета исклучиво за вградување во осигурениот обjект во градба;
3.градежна опрема и помошни обjекти кои се опфатени во пресметковната вредност на обjектот во градба и служат за изградба на градежниот обjект (помошни згради, бараки, дрвени или ѕидани складишта, работилници, ресторани, подвижни скелиња и сл.), освен стварите кои претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите, односно осигуреникот.
(2) Aко посебно се договори и ако се пресмета посебна премиjа, со осигурување можат да се опфатат:
1. веке постоечките обjекти на кои се врши реконструкциjа (поправка, доградба, надградба, адаптациjа и сл.);
2. делови на обjектот во градба, односно поедини градежни и занаетчиски работи кои ги презел изведувачот на работите;
3. помошен градежен материjал и алат во употреба; 4.градежна опрема и помошните обjекти кои служат за изградба на градежниот обjект и кои воопшто не се, или не се во целост, опфатени во пресметковната
вредност на обjектот во градба;
5.стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода и стварите на нив за време на градењето на вода или на краjбрежjето;
6.стварите на работниците;
трошоци за исполнувањето на процепите (шуплините) преку профилот предвиден со проект, кои се потребни за доведување на оштетениот обjект, односно работите во првобитна состоjба (осигурување на договорена сума на прв ризик);
7.деловно-техничка документациjа, вклучуваjки jа и градежната книга (осигурување на таксирана вредност).
(3) По овие Услови не може да бидат предмет на осигурување:
1.нестационирани (не усидрени) пловни возила (чамци, сплавови, понтони, влекачи) и стварите на нив, моторни возила и приколки на суво, самоодни машини, летала;
2.стварите во превоз вон градилиштето; 3.пари и вредносни хартии;
4.рушење на постоечките обjекти;
5.основните средства и обртните средства на изведувачот на работите кои не служат за самата градба, потоа инвентарот во канцелариите, работничките ресторани и работничките станови како и другите ствари кои не служат за непосредна градба на осигурениот обjект.
(4) Hе може да се осигура градежен обjект ако на него не е вработен потребен броj квалификувана стручна сила и ако градењето и работите не ги надгледуваат стручњаци со потребни стручни
квалификации.
(5) Осигурувањето не ги покрива штетите ако се приjавуваат на краjот на градењето или како список на недостатоци и штети без можност да се утврди причината и времето на нивното настанување.
Член 2 Осигурени опасности (ризици)
(1) Осигурувачот е должен да исплати надомест во случаj на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на осигурените ствари поради следниве основни опасности:
1. пожар и удар на гром, експлозиjа, луња, град, манифестациjа и демонстрациjа, излевање на вода, мраз, мраз и снег, снежна лавина, слегнување на земjиште;
2. градежна незгода;
3. невештина, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице.
(2) Aко посебно се договори и пресмета дополнителна премиjа, осигурувачот е должен да исплати надомест на штета поради една или повеке дополнителни опасности, според тоа како ке се договори, и тоа:
1.поплава и пороj, висока вода и подземна вода; 2.лизгање на земjиште;
3.одронување на земjа; 4.зарушување на земjиште;
5.одговорност од деjност на изведувачот на градежните работи;
6.договорна одговорност на изведувачот на градежните работи во гарантниот рок;
7.провална кражба.
Осигурени се само оние опасности кои се наведени во полисата и за кои е пресметана дополнителна премиjа.
(3)Осигурувачот не е должен да исплати надомест на директна или индиректна штета коjа е предизвикана со нуклеарна реакциjа, нуклеарна радиjациjа или радиоактивна контаминациjа.
Член 3 Обем на опасност од пожар и удар на гром
(1) Под пожар, во смисла на овие Услови, се смета оган настанат вон одредено огниште или оган коj ова место го напуштил и е способен и натаму да се развива со своjата сопствена сила.
(2) Со осигурувањето од пожар опфатен е и ризикот самозапалување на залихи, доколку складирањето е извршено според прописите.
(3) Hе се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е должен да исплати надомест, доколку осигурената ствар е уништена или оштетена:
1.поради излагање на корисен оган или топлина заради обработка или во други цели (на пример: во преработка, при сушење, пржење, печење и сл.);
2.поради осмадување, опрлување или прегорување од цигара, апарати за осветлување, искри и сл.;
3.поради вриење или загревање, варење, чадење и
сл..
(4) Со осигурувањето од опасност од пожар на се опфатени штетите на о2аците кои настанале во врска со нивната функциjа.
(5) Осигурувањето од удар на гром во смисла на овие Услови, ги покрива штетите кои на осигурените ствари ги предизвикал гром со делување на сила или
топлина, како и штетите од удар на предмети соборени од громот.
Член 4 Oбем на опасност од експлозија
(1) Под експлозиjа, во смисла на овие Услови, се смета ненадеjно манифестирање на сила заснована на тежнение на пареа или гасови да се прошират.Експлозиjа на садови под притисок (котли, цевки и сл.) постои само кога ѕидовите на садот се во толкава мерка издупчени да настанува моментално изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок. До колку во внатрешноста на садот настанала експлозиjа поради хемиско претворање, штетата коjа од тоа ке настане на садот е покриена со осигурување и тогаш кога ѕидовите на садот не се издупчени.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1.штетите на стварите на осигуреникот предизвикани со минирања кои се обавуваат во рамките на неговата деjност или во рамките на дозволената деjност на трети лица;
2.штетите на машините предизвикани со експлозиjа во просторот за внатрешно согорување (цилиндер на мотор);
3.штетите од експлозиjа кои се нормална поjава во процесот на производството;
4.штетите од експлозивно издувување од печките и сличните апарати;
5.штетите од експлозиjа од биолошки карактер; 6.штетите од експлозиjа на садовите под притисок
од став (1) xxxxxxx 2 од овоj член поради дотраеност, истрошеност или прекумерни наслаги на р`ŕа, бигор, талог, тиња на осигурената ствар, но се надоместува штетата на останатите ствари во врска со настанатата експлозиjа;
7.штети поради пробивање на звучниот ѕид.
Член 5 Oбем на опасност од луња
(1) Под луња, во смисла на овие Услови се смета ветер со брзина од 17.2 м/сек., односно 62 км. на час (силина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеке. Ке се смета дека дувал ветер со оваа брзина во пределот каде се наоŕа осигурената ствар, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил редовно одржувани обjекти. Во случаj на сомневање осигуреникот мора да jа докаже брзината на ветерот со извештаj од Републичкиот хидрометеоролошки завод.
(2) Штетите од луња се опфатени со осигурување ако се предизвикани механички оштетувања на осигурената ствар:
1.со непосредно делување на луњата;
2.со директен удар на предмети соборени или носени од луњата;
3.од нанесување на снег од ветарот.
(3) Со осигурувањето од луња не се опфатени штети:
1.од продирање на дожд, град, снег или други наноси низ отворен прозор или други отвори кои постоjат на зградата, освен ако отворите настанале од луњата, како и штети од дожд и други врнежи на стварите сместени на слободен простор;
3.на градежни обjекти кои не се градат или не биле изградени според вообичаениот начин на градење на тоа
место, коj е слабо одржуван или е дотраен; 3.од тежина на снег.
Член 6 Oбем на опасност од град
Со осигурувањето се опфатени штети од уништување односно оштетување на осигурените ствари кои ги предизвикал градот со своjот удар. Опфатени се и штети од продирање на град и дожд низ отвори настанати од паŕање на градот.
Член 7 Oбем на опасност од манифестација и демонстрација
(1)Манифестациjа и демонстрациjа во смисла на овие Услови се смета организирано или спонтано jавно покажување на нерасположение на група граŕани.
(2) Се смета дека настанал осигурен случаj манифестациjа или демонстрациjа ако осигурената ствар е уништена или оштетена од било коj начин на делување на манифестантите односно демонстрантите (рушење, демолирање, кршење, палење и др.).
Член 8 Oбем на опасност од излевање на вода
(1) Излевање на вода во смисла на овие Услови се смета:
1.излевање на вода од водоводни цевки и уреди за греење на зградите со топла вода и уреди за парно греење и други уреди и апарати поради оштетување (кршење, прскање или дефект на уредите за управување и сигурност) на тие цевки, уреди и апарати;
2.излевање на вода од атмосферска и фекална инсталациjа (канализации) поради силен пороен дожд од над 15 лит.(или 15мм) воден талог на 1м2 за еден час. Количината на дожд мора да се докаже со извештаj од Републичкиот хидрометеоролошки завод;
3.избивање на пареа од цевки и уреди за топла вода и парно греење поради оштетување (кршење, прскање или дефект на уредите за управување и сигурност) на тие цевки и уреди.
(2) Со осигурување не се опфатени штети:
1.од излевање на вода од отворени славини, олуци и олучни цевки;
2.поради прскање или кршење на цевките и уредите под деjство на мраз, коj деjствувал во смисла на став (2), член 9 од овие Услови. Каj овоj случаj со осигурување не е покриена штетата на самите цевки и уреди;
3.поради дотраеност, истрошеност и корозиjа; 4.губиток на вода;
5.поради лошо одржување на водоводните и одводни (канализациони) цевки и уреди за греење со топла вода, уреди и апарати во обjектот коj ги изведува осигуреникот, како и немарна или недоволна заштите од смрзнување, затнување и слични причини настанати на споменатата инсталациjа и уреди на овие обjекти.
Член 9 Oбем на опасност од мраз
(1) Со осигурување од мраз во смисла на овие Услови опфатени се штетите причинети на осигурените ствари со ненадеjно деjствување на мраз, како и штети кои би настанале на градежните работи осетливи на мраз, доколку се преземени соодветни мерки на заштита за работа во зимски услови.
(2) Осигурување од опасност од мраз не ги покрива штетите кои 6и настанале каj градежните работи осетливи на мраз, кои се изведуваат непосредно пред и
3
во време кога според територијата и временските прилики мора да се очекува смрзнување, односно доколку не се преземени соодветни мерки за заштита при изведување на работите во зимски услови.
Член 10 Oбем на опасност од мраз и снег
(1) Осигурувањето од мраз и снег опфака штети кои би биле предизвикани на осигурените ствари со тежина, притисок или удар на мразот и снегот.
Со осигурувањето се покриени само оние штети доколку тежината или притисокот биле поголеми од вредностите од статичката пресметка, односно од оние предвидени по важечките технички прописи.
(2) Штетите од минирање на мразот и снегот не се опфатени со осигурување.
Член 11 Oбем на опасност од снежна лавина
(1) Под снежна лавина, во смисла на овие Услови, се смета снежна маса во движење која се откинува од планински страни.
(2) Со осигурување се опфатени и штети предизвикани со дејствување на воздушен притисок создаден од снежна лавина.
Член 12 Oбем на опасност од слегнување на земјинте
(1) Под слегнување на земјиште, во смисла на овие Услови, се смета вертикално слегнување на земјиштето под осигурениот градежен објект, кое настапува како последица на градежна незгода или геолошко влијание.
(2) Од осигурување се исклучени штетите од слегнување на земјиштето:
1.ако до слегнување на земјиштето дошло поради тоа што земјиштето пред почетокот на градењето не било испитано во поглед на неговата носивост, а според прописите било задолжително испитување на носивоста на земјиштето;
2.до колку до слегнување на земјиштето дошло поради тоа што земјиштето било оптоварено повеке отколку што било предвидено со проектот.
(3) Со осигурувањето не се покриени ниту трошоците за санирање на земјиштето.
Член 13 Oбем на опасност од градежна незгода
(1) Под градежна незгода, во смисла на овие Услови, се смета непредвиден, од волјата на изведувачот на работите независен настан, кој има како последица уништување или оштетување на осигурените ствари поради:
1.грешка во изведувањето на работите; 2.деформација и кршење на градежната монтажна
опрема;
3.пренос или превоз на подрачјето на градилиштето;
4.грешка во техничко-пресметковните основи, пресметката и изработката на нацртот;
5.грешки во конструкцијата; 6.грешки во материјалот;
7.паŕање, удар на предмет или удар на моторно возило и работна машина.
(2) Градежната незгода се смета за непредвидена доколку изведувачот на работите, со оглед на техничкото знаење и можностите на градежната техника не можел ниту бил должен да ја предвиди.
(3) Hе се надоместуваат трошоците за отстранување на самите причини на штетата поради грешките во техничко-пресметковните основи, пресметката, конструкцијата, материјалот и изведувањето.
(4) Hема да се смета дека настапила осигурената непредвидена градежна незгода, ако градежниот објект е изведен:
1.спротивно на договорот за градба и со недостатоци;
2.со употреба на слаб или непогоден материјал; 3.со кршење на општо признатите правила на
градежната техника, техничките прописи, упатства, нормативи, стандарди или одредби од техничката инспекција;
4.со пропуштање на преземање на потребните мерки против нормалните влијанија на временските услови за кои морало да се смета според годишното време и месните прилики;
5.со примена на проектирање и постапка во изведување на работи, конструкција или материјал кои не ги испробала или испитала и одобрила некоја овластена организација или техничката инспекција.
(5) Доколку во текот на работите на изградбата на осигурениот објект или по завршените работи осигуреникот дознае дека дошло до отстварување на некоја прикриена или видлива грешка во техничко - пресметковните основи, пресметката, конструкцијата или материјалот, која би можела да предизвика оштетување или уништување на осигурениот објект, осигуреникот е должен на своја сметка да спроведе санација или да ги обнови деловите на објектот на кој 6и можело да дојде до оштетување. Доколку осигуреникот не ја направи потребната санација или обнова, во смисла на одредбите на овој став, а осигурената опасност се оствари, како последица на грешките, осигуреникот го губи правото на надомест од осигурувањето.
Член 14 Oбем на опасност од невентина, невнимание или лона намера на работник или некое друго лице
(1) Со осигурувањето се опфатени штетите од невештина, невнимание или лоша намера на работник или некое друго лице. Hевештина или невнимание, во смисла на овие Услови, се остварил само доколку осигуреникот комисиски за секој штетен настан утврди дека настанал со несоодветни постапки на некој работник или група работници.
(2) Штетите предизвикани со лоша намера, осигуреникот е должен да ги пријави на органот на МВР.
Член 15 Oбем на опасност од поплава и порој
(1) Под поплава во смисла на овие Услови се смета стихијно и неочекувано поплавување на теренот од постојани води (реки, езера, мориња и др.) поради тоа што водата се излила од коритото или го пробила одбранбениот насип или браната, излевање на водата поради вонредно висока плима и бранови со невообичаена сила на море или езеро, и од надоаŕање на вода од вештачки езера.
(2) Под поплава се смета и неочекувано
4
поплавување на теренот поради нагло создавање на големо количество водена маса коjа настапува како последица на провала на облаци.
(3) Под пороj се смета стихиjно неочекувано поплавување на теренот со водена маса коjа се создава на низбрдните терени поради силни атмосферски врнежи и се слива по улиците и патиштата.
(4) Со осигурувањето се опфатени само штетите предизвикани на осигурените предмети за време додека полавата или пороjот трае и непосредно по повлекување на водата.
(5) Со осигурувањето на се опфатени: 1.штетите од габички поради влага,
2.штетите од слегнување на тлото како последица на поплавата или пороjот,
3.штетите од поплавување на водата излеана од канализационата мрежа, освен ако до излевањето дошло поради поплавата или пороjот.
Член 16 Oбем на опасност од висока вода
(1) Под висока вода, во смисла на овие Услови, се смета исклучителна поjава на невообичаен пораст на водостоjот и во неочекувано време.
(2) Обврската на осигурувачот за штетите од висока вода започнува со порастот на високата вода над однапред утврдените месечни коти на водостоjот (или протоци) измерени на градилиштето според наjблиску поставениот покажувач на водостоjот.
(3) При склучување на осигурувањето потребно е претходно на градилиштето, во смисла на став (2) од овоj член, да се утврди од коjа височина на водата настанува обврската на осигурувачот. Оваа граница за секоj месец во годината се наведува во полисата.
Член 17 Oбем на опасност од подземна вода
(1) Под подземна вода, во смисла на овие Услови, се смета неочекуван продор на вода во градежната jама, односно градежниот обjект во градба.
(2) Обврската на осигурувачот за штета од подземна вода престанува:
1.доколку при градбата на обjектот во непосредна близина на постоjните води претходно не се спроведени соодветни технички мерки на заштита;
2.доколку при изведување на работите во тунелите, рововите и сличните земjени работи, нема на градилиштето доволен броj на припремни исправни водни пумпи за црпење на подземната вода, коj доток на вода според податоците од претходното хидро- геолошко испитување на теренот, односно според стручните претпоставки во проектот се сметал како очекуван.
Член 18 Oбем на опасност од лизгање на земjинте
(1) Под лизгање на земjиште, во смисла на овие Услови, се сметаат ненадеjни движења на површината на земjата на косите терени со jасни манифестации на кршење на површините на земjата и одронувањата кои, со поjавата на jаките деформации и широките пукнатини на градежните обjекти, настапуваат во кратки временски периоди.
(2) Со осигурување од лизгање не се опфатени штетите од лизгање на земjиштето, до колку не биле преземени сите потребни мерки за заштита кои се
познати во градежната техника, и/или косините не биле изведени во согласност со проектот и теренските услови.
(3) Со осигурувањето не се опфатени трошоците за санирање на тлото.
Член 19 Oбем на опасност од одронување на земjа
(1) Под одронување на земjа во смисла на овие Услови, се смета паŕање на земjениот материjал на или во осигурената ствар и доколку при тоа jа оштети или jа затрупа.
Со осигурувањето се опфатени и трошоците за отстранување на одронетиот материjал во ширина од 1 метар од осигурениот обjект.
(2) Со осигурувањето не се покриени трошоците за санирање на земjиштето и затрупување до првобитниот профил на теренот, од коj се одронил земjениот материjал.
Член 20 Oбем на опасност од зарунување на земjинте
(1) Под зарушување на земjиштето, во смисла на овие Услови, се смета непредвидено и ненадеjно кршење на околната стенска маса и неjзиното зарушување во подземните простории. При тоа, земjаниот односно стенскиот материjал jа оштетил или затрупал осигурената ствар.
(2) Со осигурувањето не се покриени штети од: 1.зарушување настанато од нормални притисоци
поради направените пропусти во пресметката или во изведувањето на работите,
2.зарушување настанато како последица на постепено деформирање на подградбата поради набабрување на околниот материjал.
(3) Со осигурувањето не се покриени трошоците за санирање на земjиштето и затрупување до првобитниот профил на подземната просториjа од коjа се зарушил земjениот, односно стенскиот материjал.
Член 21 Oбем на опасност од одговорност од деjност на изведувачот на градежните работи
(1) Обемот на опасност од одговорност на изведувачот на градежните работи се утврдува според Условите за осигурување од одговорност, ако не се во спротивност со овие Услови.
(2) Доколку е осигурен само дел на обjектот коj се гради, или само пооделните градежни и занаетчиски работи, осигурувањето не ги покрива, ако не е поинаку договорено, штетите настанати на останатите делови на тоj обjект во градба, или останатите градежни и занаетчиски работи кои не се осигурени, односно се осигурени со друга полиса.
(3) Со осигурувањето од одговорност не се покриени штетите на постоечкиот обjект на коj се изведуваат работи (адаптациjа, доградба, реконструкциjа и сл.).
(4) Осигурувачот каj осигурувањето од одговорност на изведувачот на градежни работи е во обврска до сумата на осигурување по настан, коjа е наведена во полисата.
(5) Осигуреникот каj секоjа штета учествува со 10%
од вредноста на надоместокот (фрашинза).
5
Член 22 Oбем на опасност од договорена одговорност на изведувачот на работите во гарантен рок
(1) Осигурувањето, во смисла на овие Услови ги покрива штетите на веке завршениот обjект во време на неговото одржување, односно гаранциjа, а кои настанале:
1.поради работите и активностите на изведувачот на работите (осигуреникот), кои произлегуваат од договорот за одржување помеŕу инвеститорот и изведувачот на работите;
2.во време на гаранциjата, кои имаат своjа непосредна причина од времето на градење на обjектот, а настанале поради покасно реализирање на ризиците наведени во член 13 и 14од овиеУслови;
3.предвременото предавање на обjектот на инвеститорот.
(2) Висината на надоместокот од осигурувањето во случаj на оштетување на осигурениот обjект, се утврдува според вистинските цени на материjалот и работите во времето на настанување на осигурениот случаj, доколку не е поинаку договорено.
Член 23 Oбем на опасност од провална кражба
(1) Обемот на опасност од провална кражба се определува според Условите за осигурување од опасност од провална кражба и разбоjништво ако не се во спротивност со овие Услови.
(2) Осигурувањето ги покрива штетите од провална кражба на невграден градежен, занаетчиски, инсталационен материjал и опрема коjа е наменета за вградување во осигурениот обjект во градба, под услов невградениот градежен, занаетчиски, инсталационен материjал и опрема да се наоŕаат во заклучени прирачни складишта и магацини кои постоjано ги чува чувар.
(3) Aко изведувачот на работите не ги исполнува условите од став (2) на овоj член, тогаш просторот каде е складиран гореспоменатиот материjал и опрема, треба да е ограден со добро одржувана ограда во висина од 2м. и да постои постоjан чувар.
(4) Доколку при остварување на осигурен случаj се утврди дека осигуреникот не исполнува еден од наведените услови од став (2) и (3) од овоj член, осигурувачот не е во обврска да jа надомести штетата.
(5) Осигурувањето ги покрива и штетите од провална кражба на материjали и опрема кои веке се вградени во обjектот во градба, под услов просториите каде материjалите и опремата кои веке се вградени, да се заклучени и да постои постоjан чувар. Доколку при остварување на осигурен случаj се утврди дека не постоел постоjан чувар, или дека просториите не биле заклучени, осигурувачот не е во обврска да jа надомести штетата.
(6) Обична кражба не е предмет на осигурување по овие услови.
Член 24 Вредност на осигурената ствар
(1)Вредноста на осигурената ствар е секоjа времена вистинска цена на работите и материjалот, до колку не е поинаку договорено. Вистинската цена не може да биде поголема од онаа коjа е договорена, односно важи во време на настанување на осигурениот случаj, помеŕу инвеститорот и изведувачот на работите.
(2) За работите, кои во текот на градбата дополнително се договараат помеŕу инвеститорот и изведувачот на работите (дополнителни работи) осигурената вредност се утврдува според став (1) од овоj член, доколку нивната вредност не преминува 10% од вредноста на договорот за осигурување. Aко оваа вредност jа преминува оваа граница од 10%, треба да се заклучи дополнителен договор помеŕу осигуреникот и осигурувачот.
(3) Вредноста на осигурената ствар од точка 3, став
(1) на член 1 и точките 3,4,5,6 од став (2) на истиот член од овие Услови, е набавната цена на новата ствар во време на настанување на осигурениот случаj намалена за вредноста на проценетата истрошеност (амортизациjа), ако поинаку не е договорено.
Член 25 Склучување на договорот за осигурување
Осигурувањето на обjектот може да го заклучи инвеститорот или изведувачот на работите, односно секоj посебно за оноj дел за коj има имотен интерес или договорна обврска да го спроведе осигурувањето од опасностите предвидени со договорот.
Член 26 Mесто на осигурување
Место на осигурување е подрачjето на градилиштето со прирачните складишта на градилиштето, кои исклучиво му служат на осигурениот обjект, ако не е поинаку договорено.
Член 27 Утврдување на надоместокот од осигурувањето
(1)Висината на надоместокот од осигурувањето се утврдува:
1.во случаj на уништување-според вредностите на осигурените ствари (член 24) во време на настанување на осигурениот случаj, намалена за вредноста на остатокот,
2.во случаj на оштетување-во висина на трошоците потребни за вракање во состоjба пред оштетувањето по цена на материjалот и работите од договорот помеŕу инвеститорот и изведувачот на работите, намалена за вредноста на остатоците.
(2) Поголемите трошоци за прекувремена работа, нокна работа, работа на празници се надоместуваат само тогаш ако тоа е експлицитно договорено.
(3) Hе се надоместуваат поголемите трошоци за поправка на работите што не биле предвидени со проектот, како: поголеми трошоци поради измена на начинот на изведување на работите или поради спроведување на подобрување, проширување или усовршување во однос на состоjбата пред настанување на осигурениот случаj и поради потребните засилувања во врска со измената на статичките елементи, па ни тогашкога тие трошоци се предизвикани со настанување на осигурениот случаj.
(4) Остатоците на уништените или оштетените ствари остануваат каj осигуреникот и се пресметуваат според вредноста на денот на настанување на осигурениот случаj и според состоjбата во каква биле веднаш по осигурениот случаj.
(5) Се смета дека стварта е уништена и штетата се пресметува според став (1), точка 1 од овоj член, ако трошоците за поправката jа достигнат вредноста на
6
стварта намалена за вредноста на остатоците на денот на осигурениот случај.
(6) Во секој остварен осигурен случај пресметаниот надоместок се намалува за 10%, ако поинаку не е договорено.
(7) Со осигурување се опфатени само оние штети кои во моментот на градежната незгода настанале на самиот осигурен објект или во границите на предвидениот и одобрениот проект за тој осигурен објект.
Штетите предизвикани надвор од границите на така проектираниот објект не влегуваат во обврска на осигурувачот, доколку не е поинаку договорено.
(8) Со склучување на договор за осигурување на објект во градба не се ослободуваат од меŕусебните обврски инвеститорот и изведувачот на работите, што тие ги имаат еден спрема друг, врз основа на договорот за градење и врз основа на техничките прописи, упатства, предмери, ценовник на работа и друга документација која претставува составен дел на нивниот меŕусебен договор за градење.
(9) Aко стварите се осигурени на прв ризик од опасностите, со чие остварување настане штета, надоместокот ке се плати во висина на настанатата штета, а најмногу до договорената сума на осигурување на прв ризик. Одредбите за подосигурување во овој случај на се применуваат.
Член 28 Hадоместок на троноци
(1) Hа име трошоци за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај, осигурувачот, ако не е поинаку договорено ги надоместува нужните издатоци за расчистување и чистење на оштетената осигурена ствар, а најмногу до 3% од вредноста на осигурената ствар, погодена со штета. Во трошоците за рушење влегуваат нужните трошоци што договорувачот на осигурувањето ги има по настанувањето на осигурениот случај за рушење на преостанатите оштетени неупотребливи делови и нивно носење до најблиското дозволено место за истовар.
(2) Tрошоците за исполнување на дупките преку профилот, предвидени со проектот, кои се потребни за воспоставување на оштетениот објект, односно работите во првобитна состојба, осигурувачот ги надоместува до договорена сума на прв ризик и тоа од сите штетни настани за времетраење на договорот за осигурување.
(3) Освен трошоците од став 1 на овој член, осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците во врска со настанатиот осигурен случај кои се потребни пред почетокот на отстранување на штетата (техничката документација со претходни испитувања) но најмногу до 1 % од вредноста на осигурените ствари погодени со штетата.
(4) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите, како и другите штети предизвикани со разумен обид да се отстрани непосредна опасност од настанување на осигурениот случај, како и обидот да се ограничат неговите штетни последици, па и тогашако тие обиди останале без успех. Aко осигуреникот не ја исполни својата обврска за
спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на осигурувачот ке се намали за онолку за колку настанала поголема штета поради тоа неисполнување.
(5)Вкупниот надомест на име трошоци од став (1) и
(3) од овој член и на име надомест од осигурувањето (член 27) не може да ја надмине сумата на осигурување, односно вредноста на осигурената ствар погодена со штета. Tрошоците од став (4) на овој член осигурувачот е должен да ги надомести дури и ако заедно со надоместокот на штетата од осигурениот случај ја надминуваат сумата на осигурување. Hужните трошоци за отстранување и намалување на штетата направени по налог на осигурувачот се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот од осигурувањето (член 27) ја надминуваат сумата на осигурување.
(6) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците предизвикани со отстранување на причината на штетата, ниту трошоците на интервенција на противпожарното друштво или другите организации, чија должност е, според карактерот на работењето, да даваат бесплатна помош кога ке настане осигурен случај.
Член 29 Учество во нтета - франниза
Во секој остварен осигурен случај пресметаниот надомест се намалува за договорената франшиза (која се запишува во полисата), ако поинаку не е договорено. Член 30 Почеток и престанок на обврската на осигурувачот
(1) Обврската на осигурувачот започнува од моментот кога осигурените ствари ке бидат истоварени на просторот одреден за изведување на работите (градилиштето), односно во складовите на градилиштето, но не пред исполнување на условите како што е предвидено во Општите услови за осигурување на имоти.
(2) Осигурувањето престанува со истекот на 24 часа од денот кој во полисата е означен како ден на истек на осигурувањето.
(3) Осигурувањето може да се продолжи со тоа што премијата за продолжениот период на осигурување да се пресмета во согласност со одредбите на Tарифата за осигурување на објектите во градба.
Член 31 Пресметка на премијата за осигурување
(1) Доколку се договори осигурување на вистинска вредност премијата може да се пресметува на два начина:
1.на почетокот на осигурувањето, однапред според утврдената премиска стапка од пресметковната вредност на објектот од договорот за градба, во време на склучување на договорот на осигурување. Конечната пресметка на премијата се врши врз основ на вистинската вредност на објектот (завршна ситуација) и вистинското времетраење на градбата,
2.во зависност како ке се договори помеŕу договарачот на осигурувањето и осигуреникот, премијата, според утврдената премиска стапка, се пресметува секој месец, квартално или за период од шест месеци, врз основ на времените ситуации кои изведувачот (осигуреникот) ги доставува за
7
реализација на инвеститорот на објектот во градба. Конечната пресметка на премијата се врши врз основа на вистинската вредност на објектот (завршна ситуација) и вистинското времетраење на градбата.
(2) Aко се договори осигурување на поинаква вредност, премијата се пресметува од оваа вредност според утврдената премиска стапка, а начинот на пресметката на премијата се утврдува во полисата.
(3) Aко се договори осигурување со фиксна сума на осигурување премијата се пресметува од оваа сума според утврдената премиска стапка.
(4) Aко договарачот на осигурувањето писмено пријави однапред мирување (најмалку за еден месец) на работите на објектот во градба, се признава попуст на премијата на осигурувањето од основните ризици и од ризикот одговорност од дејност на изведувачот на
градежните работи.
Член 32 Ограничување на oбврските врз oснoв на други oсигурувања
(1) Aко осигуреникот склучил и некое друго осигурување за стварите осигурени по овие Услови, во случај на настанување на штета надоместокот ке се исплати врз основ на тие други осигурувања.
(2) Врз основ на осигурувањето на објекти во градба надоместокот ке се исплати само тогаш ако покритието по тие други осигурувања не било доволно, и тоа до износот на непокриениот дел од штетата.
Член 33 Важнoст на Опнтите услoви за oсигурување имoти
Aко не се во спротивност со овие Услови, на осигурувањата склучени по овие Услови се применуваат и Општите услови за осигурување имоти.
Овие Услови за осигурување на објекти во градба се донесени од Одборот на директори на Aкционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИHК - Скопје, на 45-та редовна седница одржана на ден 23.06.2008 година, со Одлука број 0202-5186/4, со примена од 23.06.2008 година.
8