Со притискање на копчето „Продолжи кон плаќање“ во апликацијата Новапарк, а заради плаќање на вашите паркинг услуги на еднократна основа или за купување на ваучер преку кој ќе се стекнете со онлајн кредити во Novapay паричникот, вие се согласувате...
Ве молиме, внимателно прочитајте ги овие Правила и услови, бидејќи тие ја утврдуваат основата на договорот помеѓу вас и Новапарк во врска со употребата на Новапарк производите и услугите.
Со притискање на копчето „Продолжи кон плаќање“ во апликацијата Новапарк, а заради плаќање на вашите паркинг услуги на еднократна основа или за купување на ваучер преку кој ќе се стекнете со онлајн кредити во Novapay паричникот, вие се согласувате дека сте обврзани да ги почитувате овие Правила и услови.
Забележете дека можете да платите за услугите на паркирање користејќи ја вашата корисничка сметка и со Novapay кредити, што се толкува како прифаќање на плаќање користејќи го тој метод на наплата.
Ако користите Новапарк апликација за да добиете влез или излез на паркинг-рампа, за ваша безбедност и сигурност, мора да се осигурате дека вашиот мотор е исклучен и ја користите соодветно сопирачката додека ја користите Новапарк апликацијата.
Не смеете да ја користите апликацијата додека возите.
1. ДЕФИНИНИЦИИ
Следната терминологија се однесува на правилата и условите на користење:
- „Клиент“, „Вие“ и „Твоја“ се однесува на вас, лицето кое се најавува на оваа веб-страница и/или аликацијата и ја користи истата и ги исполнува условите на компанијата.
- „Компанијата“, „Ние“ и „Наша“, се однесува на Новапарк и Макаларм Сервис ДООЕЛ Скопје.
- „Партијата“, „Партиите“ или „Нашите“ се однесува и на вас како клиент/корисник и на Новапарк.
- „Надоместоци“ значи какви било трошоци за паркирање, административни такси или други такси и такси наметнати од нас од време на време во согласност со овие Правила и услови.
- „Управуван паркинг“ значи паркиралишта управувани од Новапарк каде што можете да ја користите вашата Новапарк сметка за да извршите плаќање. Ваквите паркиралишта се прикажани во апликацијата Новапарк.
- „Корисничка сметка“ значи регистрирана сметка поставена и достапна преку апликацијата Новапарк или преку веб- страницата, во која се содржани вашите лични податоци и преференци за да ви се овозможи, меѓу другото, да го користите применливиот Новапарк ценовник и/или да искористите подобра зделка за заштеда и да управувате со вашите лични податоци и преференци.
- „Апликација“ значи апликација на Новапарк преку која можете да управувате со вашата сметка. Апликацијата ќе биде ажурирана од време на време.
- „Цени“ значат сите цени што ги наплатува Новапарк за услуги за паркирање на управуваните паркиралишта. Цените не се фиксни, и Xxxxxxxx го задржува правото да ги промени.
- „Систем за препознавање на таблици“ се однесува на систем од видео камери кои се поставени со цел препознавање на вашите регистарски таблици и одржување на безбедноста на паркиралиштата управувани од Новапарк.
- „Платежна картичка“ значи која било прифатена кредитна или дебитна картичка што ја нудите за да платите за услугите и таксите на Новапарк.
- „Лични податоци“ се подразбираат сите лични податоци што се однесуваат на вас во врска со вашата корисничка сметка (вклучувајќи го вашето име, адреса на е-пошта, адреса за наплата (град и поштенски код), телефонски број, регистарска таблица на возилото/та, времето на влез и излез од паркинг, детали за платежна картичка (доколку е применливо).
- „Стандардна цена“ значи стандардна цена што ја плаќа корисникот на паркингот управуван од Новапарк (што може да се промени од време на време). Стандардната цена се прикажува на тарифните табли лоцирани на релевантниот паркинг и на нашата веб-страница/апликација.
- „Веб-страница“ значи [xxx.xxxxxxxx.xx].
2. ИНФОРМАЦИИ ЗА НОВАПАРК
Интегрираниот систем од хардвер и софтвер за паметно управување со паркинг простори “Новапарк” е во интелектуална сопственост на Макаларм ДООЕЛ Скопје со ЕДБ 4030992262118 и регистрирано седиште на адреса ул. Тодор Александров бр. 119/4, 1000 Скопје, Северна Македонија.
3. ПРАВИЛА И УСЛОВИ
Со отварање на корисничка сметка, вие се согласувате:
i. Со сите Правила и услови поставени од Новапарк; и
ii. Правилата и условите на паркингот што се прикажани на управуваниот паркинг.
4. НАЧИН НА ФОРМИРАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ
Договорот меѓу вас и Xxxxxxxx ќе биде формиран откако ќе го потврдите прифаќањето на овие Правила и услови со притискање на копчето „Продолжи кон плаќање“.
5. ПЛАЌАЊЕ
Секој пат кога ќе ја користите апликацијата Новапарк за да платите за паркинг услугите, соодветната сума која одговара со овластениот ценовник ќе биде повлечена од вашата дебитна или кредитна картичка и/или од Novapay кредитите. Доколку Новапарк не е во состојба да наплати од овие механизми за наплата, од вас ќе биде побарано да платите за паркинг трошоците со користење на други опции за плаќање утврдени во согласност со паркинг кој го користите (пр. плаќање директно до вработено лице, СМС-плаќање итн).
Xxxxxxxx го задржува правото да ви издаде парична казна за паркирање во случај кога вашето возило не е излезено од паркингот пред да истече платеното време и/или ако воопшто не може да се наплати за паркинг услугите.
6. НАДОМЕСТОЦИ, ТАКСИ И ОВЛАСТУВАЊЕ
Потврдувајќи ги деталите за платежната картичка на вашата корисничка сметка (земајќи во предвид дека Xxxxxxxx не ги обработува овие податоци, туку тоа е направено со приватно партнерство со банки) преку апликацијата Новапарк, вие ја овластувате Новапарк да наплати соодветен износ од платежната картичка и притоа:
i. давате гаранција дека вие сте овластени да ја користите платежната картичка за цели на плаќање; и
ii. давате овластување да се преземе плаќање од платежната картичка за паркинг такси и сите други надоместоци и износи (пр. казни и глоби од неправилно користење) што сте должни да ги подмирите во согласност со овие Правила и услови.
Доколку сметате дека имало грешка при наплатата од платежната картичка, треба да остварите контакт со xxxxxxx@xxxxxxxx.xx што е можно поскоро за да може Новапарк да се обиде да го реши проблемот кој тврдите дека е настанат. Доколку овој проблем не може да се реши од страна на Новапарк, треба да се упатите до финансиската институција која ја издала вашата платежна картичка и да се обидете со решавање на проблемот таму.
Доколку неправилно се наплатат средства од вашата платежната картичка, под услов да добиете известување за оваа грешка, вие неотповикливо давате овластување Новапарк да ги врати неправилно наплатените средства на платежната картичка.
Во моментов Новапарк не наплаќа административни или СМС-надоместоци за користење на вашата корисничка сметка. Новапарк го задржува правото да примени такси или надоместоци со рок од најмалку 10 дена во вид на известување преку апликацијата и веб-страницата.
7. КОРИСНИЧКИ ОДГОВОРНОСТИ
Како услов за вашата континуирана употреба на корисничката Новапарк сметка, вие се согласувате дека истата ќе ја користите само на начин дозволен во овие Правила и услови и во согласност со сите важечки закони. Xxxxx, вие се согласувате дека:
i. да ја користите апликацијата на начин кој овозможува копирање и навлегување во изворниот код, освен како дел од нормалната употреба или кога тоа е неопходно за да се обезбеди резервна копија или оперативна безбедност;
ii. да ја преведувате, спојувате, прилагодувате или менувате целата или кој било дел од апликацијата, ниту пак да дозволите апликацијата да се вклучи во сите други програми, освен како дел од нормалната употреба или кога тоа е неопходно за да се обезбеди целосна функционалност согласно овие Правила и услови;
iii. да ги кршите правата на интелектуална сопственост на Новапарк во однос на трети страни, а во врска со вашата употреба на апликацијата; и
iv. да прибирате какви било информации или податоци од која било услуга или наши системи или се обидете да дешифрирате какви било преноси до или од серверите што ја активираат апликацијата.
8. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Сите права на интелектуална сопственост на Новапарк припаѓаат на Макаларм Сервис ДООЕЛ Скопје. Немате никакви други права во однос интелектуалната сопственост, освен правото да ја користите апликацијата во согласност со овие Правила и услови.
9. СТАНДАРДНИ ЦЕНИ, СУСПЕНЗИЈА ИЛИ ПРЕКИНУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Во случај на погрешно или незаконско користење на Новапарк апликацијата, Новапарк го задржува правото да ви одбие користење на апликацијата или какви било други услуги или производи понудени од Новапарк.
10. ОДГОВОРНОСТИ НА НОВАПАРК
Новапарк ќе одговора само за загуба или штета што е директен резултат на повреда или грешки во корисничките услови и понудени услуги. Како и да е, Xxxxxxxx нема да одговара за настани надвор од деловна контрола. Ако обврските на Новапарк, согласно овие Правила и услови се одложат заради настан надвор од деловна контрола, тогаш компанијата ќе ве контактира што е можно поскоро за да ве извести дека ќе преземе чекори со цел минимизирање на ефектот од доцнењето.
11. ЗАКОНСКИ ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Ништо во овие Правила и услови нема да одземе или модифицира кое било ваше законско право.
12. УПОТРЕБА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА КЛИЕНТИ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Новапарк ќе ги чува, обработува и користи сите лични податоци дадени од вас, а во врска со вашата корисничка сметка која е неопходна за да ви се обезбедат услугите согласно Правилата и условите. Ова чување, обработка и користење ќе биде во согласност со барањата на важечките закони за заштита на личните податоци и Политиката за приватност.
Новапарк ги користи информациите за корисниците на следниве начини:
i. за да процесира плаќања;
ii. за да комуницира со вас за плаќања и информации во врска со зделки и попусти;
iii. за да ги ажурира записите и апликацијата;
iv. за да ја активира и одржува вашата корисничка сметка и за да ви препорача цени и/или зделки за заштеда (доколку е применливо) што може да ве интересираат;
v. за да им се овозможи на трети страни да извршуваат технички, логистички или други функции во име на Новапарк;
vi. за да ви се обезбедат потребни информации или кореспонденции на ваше барање; и
vii. за да ви се испратат детали за нови, изменети или откажани трансакции.
Вашите податоци за контакт може да се користат за маркетинг цели кои се одвиваат преку телефон, е-пошта, СМС или редовна пошта, доколку сте се согласиле истите да ги добивате.
Сите информации за клиентите што Xxxxxxxx ги прибира се деловно важни и нема да се споделуваат, освен ако за тоа немаме изречна согласност. Xxxxxxxx нема да ги открива, изнајмува, тргува или продава личните податоци на трети страни за нивните цели за маркетинг.
13. ВАРИЈАЦИЈА НА ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ ПРИ АЖУРИРАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
Ништо кажано или направено од страна на некој од вработените на Новапарк нема да има моќ на менување или модификација на овие Правила и услови.
Од време на време, Xxxxxxxx го задржува правото автоматски да ја ажурира апликацијата за да ги подобри перформансите, да ја подобри функционалноста, да ги рефлектира промените во оперативниот систем или да одговори на безбедносните проблеми. Алтернативно, можеби Xxxxxxxx ќе ве извести да ја ажурирате апликацијата од овие причини. Ако одберете да не инсталирате ажурирања или ако се откажете од автоматските ажурирања, можеби нема да можете да продолжите со користење на апликацијата.
14. ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Доколку Xxxxxxxx не успее, во кое било време во текот на договорот, да инсистира на строго извршување на некоја од вашите обврски, или ако не успее да оствари некое од правата на коишто има право, ова нема да претставува откажување од правата или правните лекови кои Новапарк ги има на располагање и нема да ве ослободи од почитување на вашите обврски.
15. НАСТАНИ КОИ СЕ СМЕТААТ ЗА НАДВОР ОД РАЗУМНА ДЕЛОВНА КОНТРОЛА
Новапарк го задржува правото еднострано, без известување да ги откаже услугите или раскине договорот доколку има пречки или одложувања на деловната активност, како резултат на околности над разумна деловна контрола, вклучително, но без ограничување на: божји дела, владини акции, војна или национална вонредна состојба, немири, граѓански протести, пожари, експлозии, поплава, епидемии, штрајкови или други работни спорови.
16. ОСТАНАТИ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ ВО ОДНОС НА ТРЕТИ ЛИЦА
Вие како корисник немате право да го споделите, да поведете постапка за наплата или да го пренесете овој договор или кој било негов интегрален дел без претходна писмена согласност од страна на Новапарк.
Xxxxxxxx има право да го сподели, да поведете постапка за наплата или да го пренесе овој договор или кој било негов интегрален со кое било трето лице.
Секое лице кое не е договорна страна на овој договор, без претходна писмена согласност од Новапарк, нема да има право да спроведе било какво начело од овој договор што експлицитно или со импликација му дава корист на тоа лице.
17. ЗАКОН И ЈУРИСДИКЦИЈА
Овој договор ќе се регулира и толкува во согласност со законот на Република Северна Македонија и на македонски јазик.