Право на покажување на интерес за склучување на Рамковен Договор имаат производители, снабдувачи и/или трговци со електрична енергија од Република Северна Македонија кои се регистрирани учесници на пазарот на електрична енергија во Република Северна...
РАМКОВЕН ДОГОВОР
за купопродажба на електрична енергија за покривање на несаканите отстапувања во електропреносната мрежа
Склучен меѓу
АД МЕПСО, Скопје со седиште на ул. Максим Горки бр.4. 1000 Скопје, Република Северна Македонија во својство на Договорен орган (Во понатамошниот текст: ,,АД МЕПСО”) претставуван од м-р Xxx Xxxxxxx
И
____________________________, (Назив на економски оператор) со седиште на __________________________ (Адреса, град, држава), претставуван од ___________________ (Име на овластено лице) во својство на Економски оператор (во понатамошниот текст ,,Економски оператор”).
Во понатамошниот текст заеднички како ,,Договорни страни” или ,,Страни “.
Договорните страни се согласни:
АД МЕПСО покажува интерес за склучување на Рамковен договор за купување и/или продавање на електрична енергија за компензација на несаканите отстапувања, преку објавување на Повик за покажување интерес за склучување на Рамковен договор (бр. _____ ) од ____________ (даден во Прилог 1 на овој договор) и календар со компензациони периоди на својата веб страна.
Право на покажување на интерес за склучување на Рамковен Договор имаат производители, снабдувачи и/или трговци со електрична енергија од Република Северна Македонија кои се регистрирани учесници на пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија кои поседуваат лиценца за вршење на соодветна енергетска дејност издадена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, како и EIC код издаден од страна на АД МЕПСО.
По евалуацијата на добиеното Покажување на интерес, АД МЕПСО го оценува Економскиот оператор како квалификуван да склучи Рамковен договор за купопродажба на електрична енергија за компензација на несаканите отстапувања на контролната област управувана од АД МЕПСО. На Економскиот оператор му се доделува идентификационен број кој исклучиво ќе се користи само во рамки на Рамковниот Договор.
АД МЕПСО ќе му достави на Економскиот оператор, Индивидуално барање за доставување на понуди (во понатамошниот текст: ИБДП) во согласност со плановите за купопродажба кои се исклучително право и одговорност на АД МЕПСО.
АД МЕПСО ќе достави важечки потребни количини на електрична енергија за компензација во согласност со условите од овој РД и барањата од секое ИБДП.
Дефиниции
Термините користени во овој Договор се дефинирани во Правилата за купување и продавање на електрична енергија за компензација на несаканите отстапувања на контролната област управувана од АД МЕПСО.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Рамковен Договор (во понатамошниот текст: РД) е Договор меѓу АД МЕПСО и економски оператори кои ги исполнуваат условите наведени во Правилата за купување и продавање на електрична енергија за компензација на несаканите отстапувања на контролната област управувана од АД МЕПСО.
Овој РД ги уредува сите трансакции во кои ќе влезат Страните заради купување, продавање, испорака и преземање на електрична енергија. Деталите за секоја поединечна трансакција ќе бидат специфицирани во секој Индивидуален Договор (во понатамошниот текст: ИД).
Сите ИД и овој РД ќе формираат единствен Договор помеѓу Страните (заеднички нарекуван како: Договорот). Одредбите од овој РД сочинуваат интегрален дел од секој ИД.
Член 2
Во рамки на условите од РД, Економскиот оператор е квалификуван да учествува во аукциите за купување и/или продавање на електрична енергија за компензација, спроведени од страна на АД МЕПСО.
Економскиот оператор ќе биде поканет од страна на АД МЕПСО да учествува во процесот на доставување на понуди преку испраќање на Индивидуално барање за доставување на понуди (ИБДП) најмалку 24 часа пред крајниот рок за доставување на понуди.
Евалуацијата на понудите и одлуката за избор на најдобра понуда се врши на веб платформата која ја управува АД МЕПСО по критериум на најевтина понуда (цена) при купување од страна на АД МЕПСО и најскапа понуда (цена) при продавање на електрична енергија за компензација од страна на АД МЕПСО, за секоја компензациона тарифа одделно.
Економскиот оператор кој има поднесено најдобра понуда, ќе склучи ИД со АД МЕПСО.
Член 3
АД МЕПСО го задржува правото да ги утврдува периодите на испорака и количините за купопродажба во согласност со своите потреби.
Период на испорака на електрична енергија (во понатамошниот текст ,,Период”) е временски период кој се однесува на купувањето/продавањето на електрична енергија за компензација на несаканите отстапувања на контролната област управувана од страна на АД МЕПСО.
Периодот на испорака на електрична енергија е дефиниран во секое ИБДП и во секој ИД што ќе го потпише АД МЕПСО со Економскиот оператор, според правилата и пресметките на ЕНТСО-Е.
ИНДИВИДУАЛНО БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Член 4
Врз основа на во Правилата за купување и продавање на електрична енергија за компензација на несаканите отстапувања на контролната област управувана од АД МЕПСО, пред секоја аукција за купување и/или продавање на електрична енергија, АД МЕПСО ќе испрати ИБДП до сите Економски оператори кои имаат склучено РД, најмалку 24 часа пред крајниот рок за доставување на понуди.
АД МЕПСО може да го продолжи временскиот период за доставување на понуди, евалуација на понудите, одлука за избор на најдобра понуда, доколку истото е соодветно на потребите и условите за конкурентност и сопствените потреби.
АД МЕПСО има право да го прекине ИБДП согласно сопствените потреби во било кое време и притоа не е должен да ги објави причините за прекинување на постапката и не е одговорен за било каква загуба, трошоци и штети предизвикани за другата страна.
ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИ
Член 5
Понудите добиени за содветниот период, во предвидениот рок и со коректно следење на упатствата за изготвување на понуди во ИБДП ќе бидат евалуирани согласно Член 12 од Правилата за компензација, а во случај на добивање на повеќе понуди со идентична цена, ќе се избере понудата која е прво доставена.
Член 6
АД МЕПСО го задржува правото да избере повеќе од еден Економски оператор, да прифати делумно понуда од било кој Економски оператор, во согласност со ИБДП.
ПРАВА И ОБВРСКИ
Член 7
Права и обврски на Економскиот оператор
Со цел да учествува во процесот за доставување и евалуација на понуди, организиран од страна на АД МЕПСО, Економскиот оператор се согласува задолжително да достави понуди за купување/продавање на електрична енергија согласно условите дефинирани во определено ИБДП.
Доставувањето на понуда од страна на Економскиот оператор подразбира прифаќање на сите услови наведени во ИБДП. Условите ќе бидат обврзувачки за Економскиот оператор во случај неговата понуда да биде прифатена.
Секој економски оператор кој склучува РД со АД МЕПСО е должен во рок од 5 дена по потпишувањето на РД да достави финансиска гаранција во форма на банкарска гаранција или готовински депозит за квалитетно извршување на ИД во висина од 15 000 евра со важност до 01 април 2021.
За секоја наредна календарска година, во периодот на важење на РД, пред истекот на важноста на финансиската гаранција, економскиот оператор е должен да достави нова финансиска гаранција за наредната календарска година со важност од датумот на издавање до 01 април следната година.
Економскиот оператор е согласен дека гаранцијата може да биде активирана од страна на АД МЕПСО доколку Економскиот оператор не потпише ИД во согласност со Член 15 од Правилата за компензација или ја повлекол понудата пред истекот на нејзината важност.
Во согласност со секој ИД, Економскиот оператор ќе ги купи/продаде договорените количини на електрична енергија за потребите на АД МЕПСО за одредениот период. Електричната енергија ќе биде доставена согласно бараните распореди за испорака специфицирана во секој ИД.
(7) Економскиот оператор ќе ги поднесе сите ризици и ќе биде одговорен за сите трошоци и надоместоци поврзани со прифатените распореди, преносот и испораката на договорените количини на електрична енергија до точката на испорака.
(8) Доколку Економски оператор не ги купи/продаде договорените количини на електрична енергија за потребите на АД МЕПСО за одреден период, согласен е АД МЕПСО да ја активира Банкарската гаранција за навремено и квалитено извршување.
Член 8
Права и обврски на АД МЕПСО
АД МЕПСО ќе ја дефинира индивидуалната договорена количина и другите услови во ИБДП.
АД МЕПСО ќе испрати ИБДП преку електронска пошта, секој пат кога иницира процес за доставување и евалуација на понуди.
Се до склучување на ИД, АД МЕПСО може да одлучи да го откаже процесот за доставување и евалуација на понуди, без притоа Економскиот оператор да има право да бара било каков надоместок.
Електричната енергија ќе биде обезбедена согласно распоредите за испорака дадени во секој ИД.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 9
АД МЕПСО е должен на третиот работен ден по истекот на периодот дефиниран во ИД преку електронска пошта, на економскиот оператор да му достави податоци за износот на електрична енергија која е реализирана во претходниот период.
Во рок од еден работен ден откако ќе го добие документот од став (1) Економскиот оператор е должен истиот да го врати на АД МЕПСО преку електронска пошта со потврдени количини на електрична енергија.
Доколку договорните страни не се усогласат за реализираната количина, како важечки ќе се сметаат податоците земени во предвид од страна на АД МЕПСО.
Член 10
Економскиот оператор и/или АД МЕПСО врз основа на усогласениот документ од Член 9 од овој РД ќе издадат фактура најдоцна до седмиот работен ден од завршувањето на периодот за количините реализирани и потврдени во претходниот период.
Фактурата за купопродажбата на електричната енергија ќе биде зголемена за вредноста на ДДВ согласно законските прописи кои важат во Република Северна Македонија.
АД МЕПСО ќе му плати на Економскиот оператор за купената количина на електрична енергија во рок од 30 дена од денот на истекот на периодот. Доколку АД МЕПСО продава електрична енергија на Економскиот оператор, Економскиот оператор ќе ја плати фактурата за количините на електрична енергија на АД МЕПСО во рок од 30 дена од денот на истекот на периодот.
Во случај на доцнење во плаќањата, ќе се пресметува камата за целиот период на доцнење, вклучувајќи го и денот на доспевањето, а исклучувајќи го денот на плаќањето, еднаква на важечкиот месечен EURIBOR + 1%.
Вредноста на фактурата ќе се изрази во денари по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на последниот ден од периодот на испорака.
ГАРАНЦИИ
Член 11
Во рок од 5 дена по потпишувањето на РД, Економскиот оператор е должен да достави финансиска гаранција во форма на банкарска гаранција или готовински депозит за квалитетно извршување на ИД во висина од 15 000 евра со важност до 01 април 2021.
Банкарската гаранција треба да биде издадена од реномирана банка, избрана од Економскиот оператор и прифатлива за АД МЕПСО. Гаранцијата се доставува во SWIFT форма преку една од наведените банки:
Охридска банка АД-SWIFT: XXXXXX00 или
Стопанска банка АД-SWIFT: STOBMK2x или
Централна кооперативна банка АД - SWIFT: XXXXXX00 или
НЛБ Тутунска банка АД – SWIFT: XXXXXX00.
Во банкарската гаранција мора да биде наведена сметка или IBAN на налогодавачот.
Гаранцијата треба да биде неотповиклива, безусловна и платива на прв писмен повик.
За секоја наредна календарска година, во периодот на важење на РД, пред истекот на важноста на финансиската гаранција, економскиот оператор е должен да достави нова финансиска гаранција за наредната календарска година со важност од датумот на издавање до 01 април следната година.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот АД МЕПСО ја наплаќа како надомест за било каква загуба, која произлегува од неисполнување на обврските на избраниот Економски оператор, превземени со договорот.
Сите трошоци за издавање и проследување на гаранцијата се на трошок на избраниот Економски оператор.
Доколку Економскиот оператор не ја плати својата обврска во договорениот рок, АД МЕПСО му доставува писмена опомена.
Доколку и во рок од 8 (осум) дена од доставувањето на писмената опомена Економскиот оператор не ја плати доспеаната обврска, АД МЕПСО ќе ја наплати банкарската гаранција.
Доколку банкарската гаранција биде делумно или во целост наплатена и/или депонираните средства бидат целосно или делумно искористени, Економскиот оператор има обврска веднаш, но не подоцна од 8 (осум) дена да достави нова банкарска гаранција согласно став 2 од овој член.
Рокот на важноста на банкарската гаранција за тековната година ќе биде до 01 април наредната година земајќи ги во предвид временските периоди за компензација на несаканите отстапувања одредени од страна на ЕНТСО-Е
(SwissGrid) и објавени на веб страната на АД МЕПСО. За секоја наредна година, во периодот на важење на овој Договор, пред истекот на важноста на тековната банкарска гаранција, Економскиот оператор е должен да достави нова банкарска гаранција до 01.04 за наредната година за наредната година плус 15 (петнаесет) дена од денот на валутата на последната фактура во таа година.Во случај избраниот Економски оператор да не ја обезбеди и/или обнови во целост банкарската гаранција во предвидениот рок, РД ќе се смета за ништовен и Економскиот оператор нема да има право да доставува понуди на аукциите за купропродажба на електрична енергија за компензација.
Член 12
Доколку избраниот Квалификуван економски оператор не ги исполни обврските за купување/продавање на електрична енергија за компензација за потребите на АД МЕПСО, тој е должен да ги покрие настанатите трошоци на АД МЕПСО предизвикани од несклучување на ИД. Во овој случај АД МЕПСО ќе склучи ИД со следниот економски оператор, а разликата во цените помеѓу ќе ја надополни еконмскиот оператор кој не го потпишал ИД и истиот ќе плати договорна казна во износ од 5% од вредноста на ИД што не го потпишал.
Доколку по втор пат избраниот квалификуван економски оператор не склучи ИД, АД МЕПСО од него ќе ја наплати разликата во цените помеѓу него и следно рангираниот еконмски оператор, ќе ја активира доставената банкарска гаранција и ќе го раскине склучениот РД.
Доколку избраниот Квалификуван економски оператор не ја испорача и/или превземе договорената количина на електрична енергија дефинирана во ИД, АД МЕПСО ќе му ја активира доставената банкарска гаранција и да го раскине склучениот РД.
На избраните Квалификувани економски оператори кои нема да потпишат ИД или кои потпишале ИД, но не го испочитувале истиот, покрај активирањето на банкарската гаранција и покривање на сите настанати трошоци на АД МЕПСО од непотпишувањето или непридржувањето на договорот, АД МЕПСО ќе им издаде забрана да учествуваат во процесот за доставување на понуди во следните 12 месеци.
ДОВЕРЛИВОСТ
Член 13
Условите наведени во ИД ќе се сметаат за доверлива информација и ниту една од договорните страни нема да ги открие овие информации на трета страна.
Како доверлива нема да се смета информацијата која:
а) е објавена со претходна писмена согласност на другата страна
б) е откриена по барање на законски и подзаконски акти, Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, или во врска со судска или регулаторна постапка, при што секоја од договорните страни ќе се погрижи, колку што е тоа практично дозволено со односниот закон или регулатива, да го спречи или ограничи откривањето на информацијата и веднаш за тоа да ја извести другата Договорна страна;
в) претставува информација од јавен карактер; или
г) е откриена од статистички причини, при што ќе се води сметка таквото откривање да не го вклучи идентитетот на другата Договорна страна.
Договорите страни се должни да ги почитуваат обврските за доверливост во времетраење од две (2) години по истекувањето на односниот ИД.
ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРНИТЕ ОБВРСКИ
Член 14
Доколку Економскиот оператор кој има склучено ИД со АД МЕПСО, Економскиот оператор се здобива со право да купи/продаде електрична енергија и тоа право може да биде одземено или привремено замрзнато, доколку Економскиот оператор не постапува согласно одредбите од овој договор, ИД или ИБДП за времетраење на овој РД.
Доколку Економскиот оператор не ја испорача договорената количина целосно или делумно во согласност со условите од ИД и доколку тоа неиспорачување не е предизвикано од Виша сила или од непревземање од страна на АД МЕПСО, Економскиот оператор ќе му плати на АД МЕПСО надомест на штета во износ еднаков на
a) производот помеѓу
i) количина на неиспорачана електрична енергија при купување од страна на АД МЕПСО и:
ii) износот по кој АД МЕПСО, ја купува/продава или на друг начин ја добива на пазарот на електрична енергија неиспорачаната количина на електрична енергија, однесувајќи се разумно од комерцијален аспект; и
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 15
Страните се согласни дека секој спор кој произлегува во врска со овој РД ќе се обидат да го разрешат на мирен начин, во духот на добрата деловна соработка.
Во случај спорот да не може да се разреши на мирен начин, споровите кои произлегуваат од овој РД ќе бидат разрешени пред стварно и месно надлежен суд.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 16
Овој договор се смета за склучен од моментот на негово потпишување и верифицирање со печат од страна на овластените лица на Страните.
Член 17
Овој договор може да биде раскинат или продолжен со:
- акти на државни органи со надлежности во електроенергетскиот сектор, (акти на државни органи, одлука на Владата на Република Северна Македонија или на РКЕ) предлог
- взаемна согласност на страните во писмена форма
- доколку некоја од договорните страни не постапува согласно условите дадени во овој РД.
Член 18
Економскиот оператор може да го раскине овој РД со испраќање на допис до АД МЕПСО најмалку 30 дена пред датумот од кој сака да го раскине овој РД.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 19
Доколку било која одредба од овој договор престане да важи поради судска одлука, акти на државни органи, одлука на Владата на Република Северна Македонија или на РКЕ, таа одредба нема повеќе да биде дел од овој договор, а останатите одредби ќе продолжат да важат.
Член 20
За се она што не е регулирано во овој договор ќе се применуваат останатите законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија.
Член 21
Лица овластени за размена на информации и превземање на активности засновани на овој РД од страна на АД МЕПСО: - ------------------
Лица овластени за размена на информации и превземање на активности засновани на овој РД од страна на Економскиот оператор: -------------------------
Член 22
Во случај на неконзистентност на условите од ИД и одредбите од овој РД, ќе преовладаат условите од ИД за целите на наведениот ИД. Насловите и поднасловите се само за уредување на текстот и не влијаат на интерпретацијата на РД.
Договорните страни го потпишуваат овој Договор, преку нивните овластени претставници, во четири (4) оригинални примероци - по два за секоја договорна страна.
За Економскиот оператор За Договорен орган
____________________ Генерален директор
__________________