Contract
Е
на РМ“ бр. 62/05...27/16), е кога договорот
за вработување е склучен со договорена пробна работа и кога работникот за време или по истекот на пробната работа, не пока‐ жал задоволителни резултати. Во таков слу‐ чај согласно одредбите од член 60 од Зако‐ нот за работните односи (во натамошниот текст: ЗРО), работодавачот може на работни‐ кот да му го откаже договорот за вработува‐ ње, односно на работникот да му престане работниот однос.
ВЕРА ЖБАЈНОВА
Постои заблуда дека со работникот кој е
ангажиран на пробна работа не треба да се склучи договор за вработување, туку тоа тре‐ ба да се направи по истекот на пробната рабо‐ та, се разбира до колку тој на пробната работа покаже задоволителни резултати. Напомену‐ ваме дека работодавачот и работникот пр‐ во склучуваат договор за вработување во кој договараат пробна работа, но тој дого‐ вор за вработување се смета дека е склучен под услов работникот да задоволи на проб‐ ната работа, во спротивно по истекот на пробната работа договорот за вработување може да биде откажан.
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
СО ПРОБНА РАБОТА
1
ден од начините на престанок на до‐
говорот за вработување покрај наве‐ дените во член 62 од Законот за ра‐ ботните односи („Службен весник
Склучување договор за вработување со пробна работа не е задолжително, иако таква можност е предвидена со одредбите од член 60 од ЗРО, каде што е утврдено и времетрае‐ њето на пробната работа (најмногу 6 месеци) и условите за откажување на договорот за вра‐ ботување по истекот на пробната работа (неус‐ пешно завршената пробна работа). Имено, пробната работа може да биде утврдена во договорот за вработување најмногу до шест месеци, при што не е утврдено кога пробната работа треба да биде утврдена во пократко времетраење, а кога подолго. Времетраењето на пробната работа во зависност од степенот на сложеност на работните задачи за кои склучил договор за вработување, е уредено со Општиот колективен договор за приватни‐ от сектор од областа на стопанството („Служ‐ бен весник на РМ“ бр. 84/2010...119/15) и не‐ кои колективни договори на ниво на гранка, односно оддел. Но, како и да е времетрае‐ њето на пробната работа задолжително треба да биде наведено во договорот за вработување.
Најчесто договор за вработување со проб‐ на работа се склучува на неодредено вре‐ ме, но ЗРО не забранува тој да биде склу‐ чен и на определено време.
Во договорот за вработување покрај пра‐ вата од работен однос треба да биде наве‐ дено времетраењето на пробната работа, висината на платата и начинот на пратење на работата на работникот и неговата оцен‐ ка (доколку тоа не е регулирано со колекти‐ вен договор или акт на работодавачот).
ЗРО предвидува можност пробната рабо‐ та да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа на работникот во случај на болест и слично, бидејќи доколку отсуст‐ вото трае подолго се намалува рокот за про‐ ценување на способноста на работникот да ја врши работата за која склучил договор за вработување.
Напоменуваме дека пробната работа тре‐ ба да се извршува на работни задачи кои ја сочинуваат содржината на работното место кои работникот ќе ги извршува по истекот на пробната работа, во спротивно пробната ра‐ бота ја губи смислата. Доколку работникот за време на пробната работа извршува други работни задачи, а не оние за кои склучил до‐ говор за вработување, тоа може да претста‐ вува основ за поништување на одлуката за откажување на договорот за вработување.
2
ПРАВА И ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ
Во договорот за вработување треба да бидат наведени правата и обврските на ра‐ ботникот, а кои права и обврски ги ужива, ЗРО не определува. Со оглед на тоа, смета‐ ме дека работникот кој склучил договор за вработување со пробна работа ги ужива си‐ те права и ги има сите обврски од работен однос согласно ЗРО, бидејќи тој склучил до‐ говор за вработување (како и секој друг ра‐ ботник) чија важност е условена со извршу‐ вање на работните задачи од кои ќе биде задоволен работодавачот.
За подобри Одлуки !!!
МСФИ КОНСАЛТИНГ
ПРАТЕЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОЦЕНКА
3
Со ЗРО не е утврден начинот на пратење на резултатите од работа за време на проб‐ ната работа, па сметаме дека тоа прашање би требало да биде уредено со колективен договор или друг акт на работодавачот, а доколку тоа не е уредено на тој начин, тре‐ ба да се регулира со договорот за вработу‐ вање. Стручноста и работната способност за работа на одредено работно место, најдоб‐ ро може да ја прати и оценува непосредниот раководител, но не е исклучено за тоа да би‐ де формирана посебна комисија. По истекот на пробната работа непосредниот раководи‐ тел (или комисијата) треба да подготви из‐ вештај кој ќе го достави до управителот или друго овластено лице за одлучување за зас‐ новање и престанок на работен однос.
Врз основа на покажаните резултати од работата за време на пробната работа, ра‐ ботникот може да продолжи да работи (до‐ колку покаже позитивни резултати) или да престане важноста на договорот за вработу‐ вање (доколку покаже незадоволителни ре‐ зултати). Најчесто пробната работа завршува со позитивен исход и работникот продолжу‐ ва да работи на работното место за кое склучил договор за вработување, но ако ра‐ ботодавачот не биде задоволен, тогаш мо‐ же да му го откаже договорот за вработува‐ ње. При тоа, сметаме дека незадоволител‐ ните резултати треба да бидат конкретизи‐ рани и образложени во одлуката за отказ.
Значи, за да биде правно важечки отказот на договорот за вработување поради незадо‐ волителни резултати за време на пробната работа, треба да бидат исполнети следниве услови:
⮊ работодавачот за отказот да има оправда‐ на причина (незадоволителен резултат);
⮊ одлуката да биде во писмена форма и да биде образложена, односно да ги со‐ држи причините за отказ;
⮊ одлуката за отказ да биде доставена на работникот и
⮊ одлуката за отказ да биде потпишана од страна на работодавачот или овластено лице од него.
4
ОДЛУКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Врз основа на оцената за неуспешно завр‐ шената пробна работа, работодавачот може по изминувањето на пробната работа да го откаже договорот за вработување. Како што погоре наведовме, незадоволителните ре‐ зултати ги цени овластен орган (непосреден раководител или комисија), а за оценката на спроведената пробна работа пожелно е да биде составен писмен извештај. Врз ос‐ нова на писмениот извештај, работодавачот или од него овластено лице донесува одлу‐ ка за отказ на договорот за вработување по‐ ради покажани незадоволителни резултати по спроведената пробна работа.
Одлуката за откажување на договорот за вработување склучен со пробна работа, мора да содржи образложение и поука за правен лек (согласно одредбите од член 181 од ЗРО). Образложението треба да содржи какви ре‐ зултати се очекувало на пробната работа ра‐ ботникот да ги оствари, како и причините по кои работодавачот се раководел при до‐ несувањето на одлуката за отказ, а кои ука‐ жуваат на тоа дека работникот не задово‐ лил на пробната работа, односно не ги ост‐ варил очекуваните резултати.
Во случај на откажување на договорот за вработување во кој е договорена пробна работа, ЗРО не предвидува отказен рок (за разлика при отказ на ваков договор за вре‐ метраењето на пробната работа каде што е предвиден посебен рок). Општите отказни рокови не би можеле да се применат со ог‐ лед на времетраењето на пробната работа (пр: склучен е договор за два месеци, а от‐ казниот рок би требало да изнесува еден месец, што е нецелисходно). Но како и да е, сметаме дека одлуката за отказ треба да биде донесена барем една недела пред ис‐ текот на пробната работа.
ЗРО предвидува дека договорот за врабо‐ тување може да биде откажан не само по ис‐ текот на договорената пробна работа туку и во времетраењето на пробната работа, при тоа не наведувајќи кога или поради кои при‐ чини работодавачот може да го откаже дого‐
ворот пред истекот на пробната работа. Сме‐ таме дека доколку работодавачот и пред ис‐ текот на пробната работа утврди дека работ‐ никот не ги остварува очекуваните резултати, може да го откаже договорот за вработување и пред истекот на договорениот рок за проб‐ на работа (на пример по истекот на првиот месец на пробна работа, работодавачот ут‐ врдува дека работникот не задоволува на работата за која е склучен договорот за вра‐ ботување). Всушност целта на пробната рабо‐ та е работодавачот да ги провери стручните и некои други способности на работникот за да може да утврди дали тој одговара на барања‐ та на работното место, но исто така и работ‐ никот да се запознае со условите на работно‐ то место за да може да ја оцени својата спо‐ собност за извршување на договорените ра‐ боти. Во случај на отказ на договорот за вра‐ ботување пред истекот на пробната работа, ЗРО определил отказен рок во траење од три работни дена.
5
ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ
Се поставува прашање дали работникот може да го откаже договорот за вработување за време и по истекот на пробната работа. Одговорот би бил позитивен, бидејќи еден од начините на престанок на договорот за вработување претставува и отказ од страна на работникот. Имено, согласно член 71 од ЗРО, работникот може да го откаже догово‐ рот за вработување во секое време, ако пис‐ мено ја изрази својата војла за отказ. Иако посебно не е наведена можноста за откажу‐ вање на договор за вработување во кој е договорена пробна работа од страна на ра‐ ботникот, повикувајќи се на одредбите од член 71, сметаме дека работникот кој има склучено договор за вработување со клау‐ зула пробна работа, може еднострано да го раскине договорот за вработување со пис‐ мена изјава. Така, работникот за време и по истекот на пробната работа, доколку смета дека не се исполнети неговите очекувања, работникот може да го откаже договорот за вработување.
6
ДОСТАВУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОТКАЗ
7
Одредбите од член 75 од ЗРО, го обврзу‐ ваат работодавачот отказот на договорот за вработување, да му го врачи на работникот на кој му се откажува договорот за вработу‐ вање. Работодавачот е должен отказот на договорот за вработување да му го врачи лично на работникот по правило во просто‐ риите на работодавачот, односно на адре‐ сата на живеалиштето, односно престојува‐ лиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа, а ако работникот не може да се пронајде на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа (освен во случаите на оправдано отсуство од работа) или нема трајно или времено престојува‐ лиште во Република Македонија или одбие врачување, одлуката за откажување на до‐ говорот за вработување се објавува на ог‐ ласната табла во седиштето на работодава‐ чот. По истекот на осум работни дена од об‐ јавувањето на огласната табла се смета де‐ ка врачувањето е извршено.
ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ
Со ЗРО е предвидено дека во случај на склучување договор за вработување во кој е договорена пробна работа за вршење се‐ зонска работа, пробната работа може да трае три работни дена. По истекот на три работни дена, работодавачот одлучува да‐ ли работникот задоволува, односно дали
СОВЕТУВАЊЕ НА МСФИ КОНСАЛТИНГ
🖎 8 Јуни 2016 (среда) во Штип ‐ Хотел Оаза
🖎 9 Јуни 2016 (четврток) во Скопје
‐ Хотел Холидеј Ин
🖎 10 Јуни 2016 (петок) во Битола ‐ Хотел Милениум
🖎 14 Јуни 2016 (вторник) во Охрид
‐ Хотел Милениум Палас
може да ги извршува работните задачи за кои склучил договор за вработување за се‐ зонска работа или не. Доколку работникот не ги исполнил очекувањата на работодава‐ чот, договорот за вработување за вршење сезонска работа може да му боде откажан.
СО КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ?
?КАКО Е УРЕДЕНА ПРОБНАТА РАБОТА
Со општиот колективен договор за при‐
ватниот сектор од областа на стопанството (во натамошниот текст: ОКДС), предвидена е можност за склучување договор за врабо‐ тување со договорена пробна работа и при тоа утврдено е дека траењето на пробната работа за одредени работни задачи да из‐ несува:
☑ за работи од I до III група сложеност, до два месеци;
☑ за работи од IV до V група сложеност, до четири месеци;
☑ за работи од VI до IX група сложеност, до шест месеци.
Начинот на спроведувањето и оценува‐ њето на пробната работа, пропишано е де‐ ка го утврдува работодавачот, со што се ос‐ тава слобода во определувањето на начи‐ нот како ќе се спроведува пробната работа и како ќе се врши оценувањето на успеш‐ носта на работникот (член 9 од ОКДС).
Колективните договори на ниво на гран‐ ка, односно оддел, главно ги имаат презе‐ мено одредбите од ЗРО и ОКДС и упатуваат начинот на спроведувањето на пробната работа да се уреди со акт на работодавачот, а само некои од нив содржат посебни од‐ редби за начинот на спроведувањето на пробната работа. Така на пример, во Колек‐ тивниот договор за вработените во ЈП за стопанисување со шуми, утврдено е дека на предлог на непосредниот раководител на работникот кој е вработен на пробна рабо‐ та, директорот, односно работникот кого тој ќе го овласти и кој одлучува за изборот на кандидатот, одлучува и за начинот на врше‐ њето на пробната работа и дава оценка за успешноста на пробната работа.
Во продолжение Ви презентираме Терк на Одлука за отказ на договор за вработу‐ вање со договорена пробна работа.
Терк на Одлука за отказ на договор за вработување со договорена пробна работа:
Врз основа на член 60 од Законот за работните односи, и член од
(се наведува актот на друштвото), Управителот на
Друштвото
, на
година донесе
О Д Л У К А
за изрекување отказ на договорот за вработување со договорена пробна работа
Работникот , кој склучил договор за
вработување со пробна работа во траење од 4 месеци на работно место
, за време на пробната работа не покажа задоволителни резултати при извршувањето на работните задачи на работното место за кое склучи договор за вработување, поради што му го откажувам договорот за вработување.
Договорот за вработување се откажува по истекот на пробната работа односно на
2016 година.
О б р а з л о ж е н и е
Работникот и работодавачот на 2016 година склучија договор за
вработување со договорена пробна работа во времетраење од 4 месеци. За следење на работата на работникот за времетраењето на пробната работа, формирав комисија, која имаше обврска да подготви извештај за неговата работа. Според извештајот, на работникот му се доверувани повеќе работни задачи од делокругот на работното место за кое склучил договор за вработување, но ниту една задача не ја извршил со задоволителен резултат. По истекот на пробната работа, според оценката на комисијата, работникот не постигнал задоволителни резултати и не може со успех да ги извршува работните задачи на работното место за кое склучил договор за вработување, поради што одлучив да му го откажам договорот за вработување по истекот на пробната работа.
Врз основа на изнесеното донесов одлука како во изреката на оваа одлука.
(Забелешка: ова е само пример на образложение, а во него може подетално да се опише поради што се смета дека работникот не задоволил при извршување на работните задачи за време на пробната работа).
Управител
Правна поука: До колку работникот не е задоволен од одлуката, има право да вложи приговор во рок од 8 дена од приемот на оваа одлука до
(надлежниот орган на друштвото).
Доколку не биде донесена одлука по приговорот во рок од 8 дена по поднесувањето на приговорот или доколку работникот не е задоволен од одлуката по приговорот, може во рок од 15 дена по добивањето на одлуката по приговорот за поведе спор пред надлежниот суд.