Contract
За реализација на активностите од проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“, предвидени во договорот за имплементација на проектот од 21.01.2020 година и анекс договор кон основниот договор за имплементација на проектот од 17.02.2020 година, склучен со Град Нирнберг, Град Скопје објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на агенција за обезбедување на хотелско сместување на гости
1. Xxxxxx опис и цели на јавниот повик
Град Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Сојузна Република Германија.
Проектот е фокусиран на подобрување на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во градот Скопје, преку промовирање на значењето на професијата оџачар од аспект на заштита на здравјето на луѓето и заштита на амбиентниот воздух и намалување на емисиите од приватните домаќинства во Скопје.
За потребите на проектот се повикуваат сите туристички агенции да достават свои понуди за услуги за хотелско сместување во Скопје за хотели од централното скопско подрачје за периодот од 15.10 – 30.11.2022 год. или до исполнување на договорот со вкупна вредност од 150.000,00 денари со вклучен ДДВ, со категоризација на хотел со 4 ѕвезди.
2. Општи услови и критериуми
Право да достави понуда има секоја туристичка агенција- правно лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавниот повик.
Понудувачите треба да ги исполнуваат целите, условите и критериумите што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Град Скопје xxx.xxxxxx.xxx.xx.
Понудувачот е должен да ја обезбедува услугата сукцесивно согласно настанатите потреби на Град Скопје, врз основа на доставено писмено барање во електронска форма, најмног до вредноста утврдена во точка 1 од јавниот повик.
Град Скопје ќе достави писмено барање во електронска форма до избраниот понудувач, кое ќе ги содржи следните податоци:
- број на еднокреветни соби, број на лица кои треба да се сместат, оддалеченост на хотелот од локацијата каде треба да се одржи настанот и други потребни податоци за навремена резервација на собите.
По приемот на барањето, избраниот понудувач е должен во рокот предвиден со барањето, да достави понуда по електронска пошта која содржи најмалку 3 (три) понуди за хотелско сместување кои задолжително мора да содржат:
- назив на хотелот/сместувачкиот објект, категорија на хотелот/сместувачкиот објект, цена по лице за ноќевање, вкупна цена на хотелското сместување со вклучен појадок и износот на агенциската провизија изразени во денари (како доказ ќе се достави оригинална фактура).
Во случај во местото каде треба да се обезбеди хотелско сместување да нема три хотели и други сместувачки објекти кои ги исполнуваат минималните услови, понудата на избраниот понудувач може содржи и помалку од три понуди за хотелско сместување. Доколку Град Скопје утврди дека доставените понуди се прифатливи, добиениот предлог, одобрен, го доставува до избраниот понудувач во рок од најмногу 3 (три) дена до понудувачот. Избраниот понудувач е должен по добивањето на одобрениот предлог во рок од еден ден да достави до Град Скопје потврда/доказ (хотелски ваучер) за резервација на бараната услуга.
Доколку Град Скопје утврди дека доставените понуди се неприфатливи има право да побара од избраниот понудувач да достави нови. Избраниот понудувач е должен да обезбеди максимална можна флексибилност во поглед на промена на условите од барањето сe до моментот на издавање на потврдата за хотелското сместување (хотелски ваучер), а поврзано со локацијата на одржувањето на активностите поврзани со проектот.
Понудата треба да содржи:
- број и назив на хотелите, локација на хотелите, најмалку 5 еднокреветни соби и број на ѕвезди на хотелот.
Во цената на понудата треба да се пресметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
Во постапката за избор ќе влезат понудувачи кои врз основа на критериумите ќе понудат најниска цена, за еднокреветна соба со појадок во хотел со 4 ѕвезди, во централно градско подрачје.
Изборот на понудувачите ќе го врши Комисија за прибирање на понуди за услуги за хотелско сместување, формирана од страна на Градоначалникот на Град Скопје.
Критериум за избор е најниска понудена цена.
По изборот на понудувачи се склучува договор за услуги за хотелско сместување, со што се утврдуваат правата и обврските на избраниот понудувач и Град Скопје.
Договорот се склучува од датумот на потпишување од двете договорни страни или до финансиско исцрпување на истиот. Склучениот договор ќе започне да се применува најрано од 15.10.2022 година.
Град Скопје го задржува правото на целосно или делумно искористување на потребите или нивно не искористување согласно потребите, но не може да ги надмине предвидените обезбедени финансиски средства.
Финансиските средства наменети за услуги за хотелско сместување, се обезбедени од Буџетот на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“.
3. Начин на пријавување/аплицирање и задолжителна документација
Понудувачите, во прилог на понудата задолжително треба да ги достават следните документи:
- Тековна состојба од Централен регистар на РСМ (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање);
- Документ за регистрирана дејност - ДРД Образец издаден од Централниот регистар на РМ како доказ дека е регистриран за вршење на дејноста поврзана со предметот на повикот или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање);
- Лиценца „А“ за вршење на туристичка дејност, издадена од Министерството за економија.
- Финансиски предлог – нето износ и износ на ДДВ.
4. Рок и начин на доставување на пријавите/апликациите
Јавниот повик трае 7 (седум) календарски дена од денот на објавувањето на веб страната на Град Скопје xxx.xxxxxx.xxx.xx
Понудите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xxx.xx или во печатена форма до Град Скопје, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје (во Архивата на Градот Скопје, барака 16), најдоцна до 7 (седмиот) календарски ден до 15:00 часот, со назнака: „До Комисија за спроведување на јавен повик за избор на агенција за обезбедување на хотелско сместување на гости“.
За утврдување на исполнувањето на општите услови и критериумите од точка 2 на спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот на Град Скопје формира Комисија за спроведување на јавен повик за избор на агенција за обезбедување на хотелско сместување (во понатамошниот текст: Комисија).
Градоначалникот на Град Скопје на предлог на Комисијата носи Решение за усвојување на понудата за избор на агенција за обезбедување на хотелско сместување на понудувачите кои исполнуваат условите од точка 2 на овој Јавен повик и имаат доставено економски најисплатлива понуда.
Во случај да не се усвои доставената понуда, поради доставување на нецелосна, неуредна понуда или нема доставено економски најисплатлива понуда или доколку понудувачот не ги исполнува условите од точка 2 на Јавниот повик, Град Скопје со известување ќе го извести понудувачот за причините поради кои понудата не е усвоена.