Времетраење на ангажманот: Април 2021 – Aвгуст 2023
УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ
Договор за ангажирање на ТЕХНИЧКИ ЕКСПЕРТ
Наслов на проектот: Развој на деловни услуги за интегрирана гриша и поддршка во Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ)
Времетраење на ангажманот: Април 2021 – Aвгуст 2023
Општи цели на консултантската услуга: Мониторинг, одржување и обезбедување на техничка поддршка на месечна основа во рамки на сервисот ИТНО КОПЧЕ
1) Позадина:
Како резултат на веќе постоечкото и дополнително зголемување на постарото население во Република Северна Македонија, побарувачката за интегрирани услуги за нега и поддршка за постари жени и мажи во моментов е многу поголема од понудата на пазарот. Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) е национално признаен професионално искусен и бесплатен снабдувач на здравствена и социјална помош на постари мажи и жени кои се во потреба. Сепак, ЦКРСМ зависи од надворешната поддршка, со цел да продолжи со клучната испорака на услуги за да го поттикне животот на постарите жени и мажи во однос на нивното здравје и достоинство. Оваа потреба од помош е предизвик за обезбедување квалитетни услуги на долг рок. Проектот Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвениот Крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) го поддржува ЦКРСМ и понатаму да нуди квалитетно обезбедување на услуги за интегрирана грижа и поддршка за постари жени и мажи преку развивање на сеопфатен деловен модел за одржлива услуга испорака во рамките на нејзината организација. Деловниот модел ќе содржи три столба за помагање на ранливи стари лица и за генерирање приходи за финансирање на овие здравствени и социјални услуги на долг рок. Проектот ќе доведе до независност на помошта и ќе ги постави темелите за самоодржливост во обезбедувањето на услуги.
Вториот столб во рамките на овој проект е пилотирање на Службата за Итно копче. (ИК). 60 постари мажи и жени во Македонија ќе бидат избрани за клиенти за новововедената и заснована на надомест услуга за итни копчиња (ИК) во Република Северна Македонија. ЦКРСМ ќе воспостави цврста и ефикасна услуга за ИК која е инспирирана од австриските и швајцарските искуства за ефикасно работење на услугите за ИК.
Проектот е дизајниран како Стратешки сојуз со Австриската агенција за развој (АДА). Австрискиот Црвен Крст (AutRC) ќе управува, а Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ) ќе го спроведува проектот. AutRC и ЦКРСМ се во потрага по дополнителни приватни и јавни партнерства со национални и меѓународни организации и деловни активности со цел одржлива соработка и по завршувањето на реалното времетраење на проектот.
2) Преглед на цели:
Примарна цел е обезбедување на техничка поддршка и консултантски услуги во рамки на сервисот ИТНО КОПЧЕ
3) Xxxxxxx опис на задачите:
• Проценка на инфраструктурна потреба на хардвер и софтвер, како и комуникациските протоколи во центарот за повици на ИТНО КОПЧЕ и доставување на предлог за прилагодување во согласност со потребите;
• Да обезбеди поддршка при техничко поставување на три работни места и едно оддалечено(remote) работно место (преку паметен телефон) вклучувајќи компјутер, печатач, интернет, VoIP-телефон, локален сервер.
• Да обезбеди податоци за најсоодветната и најисплатлива локална телекомуникациска компанија во врска со обезбедувањето СИМ-картички за мониторинг уредите.
• Да развие план за вонредни состојби за различни сценарија за итни случаи како што се прекин на струја или пад на интернет врска
• Достапност за консултации при инсталирање на надворешно обезбедениот софтвер до 10 часа
• Техничка поддршка по потреба за време на работни саати (08-16)
4) Соодветните ентитети потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:
- Да станува збор за компанија.
- Познавање на англиски јазик.
- Експертиза во ИТ, телекомуникации, инсталација и одржување на софтвер.
5) Потребно е да се достават следните документи:
- Финансиска понуда во МКД (максимим 1 страна) за вкупно 60 работни денови во периодот Април 2021- Август 2023 (1 дена = 8 работни часови )
- Професионално портфолио
- Тековна состојба од Централен регистар.
6) Начин на плаќање:
Во 5 трансфери во вкупна вредност од 20 % од вкупната сума, по добивање на извештај за завршена работа. Вкупно 5 извештаи треба да бидат доставени на крај на ангажманот.