Contract
Бр. 22-2-
Д О Г О В О Р
ЗА ОТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА
Склучен помеѓу:
СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА застапувана од д-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxx – Претседател на Управен одбор (во понатамошниот текст: Банка) од една страна и
2. со ЕДБС- и ЕМБС- застапувана од со ЕМБГ- (во натамошниот текст-учесник во платниот промет или имател на трансакциска сметка) од друга страна.
Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на вољата на договорните страни Банката да отвори и води трансакциска сметка на имателот на сметка бр. 500 на имателот на сметка.
Член 2
Имателот на трансакциска сметка се обврзува да:
⮚ сите плаќања и наплатувања во денари и тоа: уплата на готови пари, пренос на средства на трансакциска сметка на друг учесник во платниот промет и обратно и исплата на готови пари ги врши преку трансакциската сметка кај Банката во согласност со Законските прописи и актите на Банката;
⮚ платните инструменти ги доставува во време и на начин определен според Утврдениот термински план за работа на Xxxxxxx;
⮚ ги пријави овластените лица за располагање со средствата на трансакциската сметка со потпис со кои се заверуваат инструментите на платниот промет;
⮚ плаќа надомест и фактички трошоци на Банката за вршењето на работите во платниот промет, утврден со Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска банка а.д.Битола, чиј дел е прикажан во ( прилог 1) кој е составен дел на овој договор, важечки на денот на извршување на услугата како и нејзините идни измени и дополнувања кои ќе се објават на web. страната на банката или на огласна табла во просториите на банката или на “email” адреса на правното лице.
⮚ да доставува документација за ажурирање на податоците согласно интерните акти на Банката и законските прописи,
⮚ даде овластување и безусловен налог на Банката за наплата на надоместоците и трошоците од претходната алинеја на товар на сметката во Банката.
Член 3
За сите статусни промени, имателот на сметката е должен да ја извести Банката во рок од три дена од денот на приемот на решението за упишаната статусна промена во надлежниот регистар.Исто така имателот се обврзува за секоја настаната промена на овластените лица за располагање на средствата на сметката веднаш да ја извести Банката и да достави соодветни документи за извршената промена.За евентуално настаната штета на имателот на сметката, заради ненавремено известување од страна на имателот, Банката нема да сноси одговорност.
Член 4
Плаќањата на товар на сметката на имателот на трансакциската сметка се извршуваат доколку на трансакциската сметка има средства.
Платни инструменти на товар на сметката на имателот на трансакциската сметка може да издадат:
⮚ учесникот во платниот промет – имател на сметката;
⮚ носителот на платен промет врз основа на договорни овластувања и решенија за присилна наплата
носителот на платен промет за исправка на грешка направена од носител на платен промет, со исклучок на Трезорска сметка.
Член 5
Имателот на сметката располага со средствата на својата сметка со доставување на налог за плаќање кој мора да биде доставен на Xxxxxxx во писмена форма или по електронски пат.
Имателот доставува налози во Банката исклучиво во пропишана содржина и форма согласно регулативата која се применува за денарските плаќања.
Друг облик на доставување на налозите може да се прифати во договор со Банката.
Член 6
Банката е должна да ги извршува налозите за плаќање на имателот на сметката и останатите учесници на платниот промет кои со закон се овластени да издаваат налози за плаќање до висината на покритието на сметката.
Налозите за плаќање на имателот на сметката и останатите овластени учесници во платниот промет од претходниот став се извршуваат согласно датумот на доспевање и редоследот на примање и пропишаните редоследи, а во согласност со одредбите на Законот за платен промет и др. прописи кои ја регулираат оваа материја.
Член 7
Банката ќе го врати налогот на имателот на сметката и останатите учесници во платниот промет, доколку налогот не е воспоставен согласно важечките прописи а на дополнително барање, наредниот ден од денот на поднесувањето, писмено ќе ги образложи причините за враќање на налогот.
Член 8
За секоја извршена промена на состојбата на сметката, Xxxxxxx е должна да издаде соодветен извод со назначување на салдото и да го достави до имателот на сметката следниот работен ден. Изводот се издава во хартиен облик.Изводот може да биде издаден и во друг облик (технички носител) по барање на депонентот, но во договор со Банката.
Доколку имателот не го оспори примениот извод во рок од 3 (три) дена од денот на неговиот прием, ќе се смета дека изводот е одобрен од страна на имателот на сметката.
По неговото одобрување, договорните страни можат да го оспоруваат изводот на сметката поради правописни грешки, грешни пресметки, пропусти или дуплирања, но ова оспорување може да се превземе најдоцна во рок од една година од ликвидирањето на салдото и / или затворање на сметката, во спротивно правото гаси.
Изводите од сметката и другите документи поврзани со истата се даваат исклучиво на имателот на сметката или на ополномоштеното лице.
Член 9
Средствата на сметката на имателот на трансакциската сметка имаат третман на депозити по видување.
Член 10
Банката во вршењето на платниот промет за имателот на трансакциската сметка ќе обезбеди модерни, висококвалитетни и комплетни услуги преку:
⮚ порамнување на платните инструменти на учесниците во платниот промет во текот на денот, а најмалку на крајот на денот;
⮚ запознавање со правилата и процедурите за користење на услугите кои ги нуди на учесниците во платниот промет;
⮚ сигурност и оперативна достапност;
⮚ процедури за навремено завршување на обработката, во случај на технички проблеми;
⮚ тајност на податоците за состојбата на трансакциската сметка;
⮚ заштита на податоците за имателот на трансакциската сметка;
⮚ сигурен и ефикасен пренос на средства меѓу учесниците во платниот промет;
⮚ известување на учесникот во платниот промет за состојбата и промените на неговата трансакциска сметка;
⮚ плаќање камата на средствата на сметката на имателот на трансакциската сметка по каматна стапка на депозитите по видување со пресметки и рокови утврдени со Одлуката на Банката за висината на каматните стапки.
⮚ Наплата на надомест и фактички трошоци на Банката за вршењето на работите на платниот промет утврдени во Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска банка а.д.Битола, чиј дел е прикажан во ( прилог 1) кој е составен дел на овој договор, важечки на денот на извршување на услугата како и нејзините идни измени и дополнувања.
⮚ Да изврши интерно блокирање на сметката доколку не биде доставена документација за ажурирање на податоците во предвидените рокови.
⮚ Xxxxxxx се обврзува да врши обработка на личните податоци, вклучувајќи го и ЕМБГ, како и да ги користи личните податоци на Корисникот за потребите на работењето на начин предвиден со Закон и во согласност со ЗЗЛП, како и за промоција на своите производи и услуги , по претходно добиена писмена согласност од имателот на сметката.
Член 11
Банката ќе обезбеди заштита на личните податоци за имателот на сметката и овластените лица согласно законската регулатива.Личните податоци ќе се користат само за потребите на работењето со сметката, врз основа на согласност на субјектите и во случај и на начин предвиден со закон или друг пропис.
Член 12
Имателот на сметка ја овластува Xxxxxxx да ја задолжува неговата денарска сметка за измирување на договорените доспеани а ненаплатени обврски кон Банката по сите основи.
Член 13
Затворањето на сметката на имателот на трансакциска сметка се врши по негово барање,врз основа на судско решение или налог на надлежен орган.
Сметката на учесник во платниот промет кој е неактивен субјект, чие бришење согласно со закон е објавено на веб страницата на Централен Регистар на Р.М., носителот на платен промет ја затвора и без негово писмено барање.
Сметката која нема салдо и промени во последните две години и не е блокирана, носителот на платниот промет е должен да ја затвори, за што задолжително го известува учесникот во платниот промет.
Сметката на имателот на сметката неможе да се затвори доколку на истата се евидентирани неизвршени налози и основи за наплати, а истите не се пренесени на правен следбеник.
Доколку Xxxxxxxxxx побара затворање на својата денарска сметка во Банката, треба претходно во целост да ги измири сите доспеани и недоспеани обврски спрема Банката по сите основи. Во спротивно, Xxxxxxx нема да даде согласност за затворање на неговата сметка.
Член 14
Овој Договор се склучува на неопределено време.Xxxxxx може да го раскине една од договорените страни со отказен рок од 30 (триесет) дена од денот на поднесеното писмено барање за затворање на сметка или доставено писмено известување.
Договорот може да се откаже по писмен пат, со отказен период од еден месец. Договорот неможе да се откаже во случаите од член 13 став четири од овој Договор.
Xxxxxxx може да го откаже договорот без отказен рок, доколку утврди дека имателот на сметката не ги почитува одредбите на овој договор и Законските прописи.
Во тој случај Xxxxxxx ќе ги пренеси средствата на друга трансакциската сметка по известување на имателот на трансакциската сметка.
Член15
Договорните страни се согласни да ги решаваат разликите во мислењата, рекламациите и евентуално можните спорови кои можат да произлезат во текот на исполнувањето на овој Договор со заедничко меѓусебно договарање. Во спротивно, спорот ќе го решава стварно надлежниот суд.
Член 16
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и одредбите од Законот за платниот промет.
страни.
Член 17
Овој Договор влегува во сила по негово потпишување од овластени претставници на договорните
Член 18
Овој Договор е составен во два еднообразни примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
За имателот на трансакциската сметка, За Банката,
По овластување од Управен одбор
Прилог 1 кон договорот | ||
Извадок од тарифа на надоместоците на услугите за правни лица на Стопанска банка а.д. Битола | ||
Тарифна ставка | Вид на услуга | Висина на надоместокот |
ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА | ||
1. | ГОТОВИНСКИ ПЛАТЕН ПРОМЕТ ПО ИЗНОС | |
1.1. | Уплата во готово | Без надомест до 12:00 часот, после 12:00 часот Ден.30 |
1.2. | Уплата во готово кон сметките на Стопанска банка а.д. Битола | Без надомест |
1.3. | Исплата во готово | 0,35% минимум Ден.50 |
2. | БЕЗГОТОВИНСКИ ПЛАТЕН ПРОМЕТ | |
2.1. | Безготовински плаќања во корист на други трансакциски сметки | |
- во Банката | Ден.20 за налози до 10.000 денари Ден.30 за налози над 10.000 денари | |
- кон комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку КИБС | Ден.35 за налози до 10.000 денари Ден.45 за налози над 10.000 денари | |
- кон комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку МИПС | Ден. 250 | |
2.2. | Обработка на налог ПП53 за плата по налог | |
-во банката -преку КИБС -преку МИПС | Ден. 5 Ден. 15 Ден. 80 | |
2.3. | Водење на ТРС по сметка | Без надоместок за наменски сметки на овластени менувачници |
Со промет 1-500.000,00 ден. | Ден.250 месечно декурзивно | |
Со промет 500.001,00-3 000.000,00 ден. | Ден.600 месечно декурзивно | |
Со промет над 3.000.000,00 ден. | Ден.1.000 месечно декурзивно | |
Без активност во текот на месецот | Ден.25 месечно | |
-Без долговен промет во период од две години (освен промет по основ на провизии) | Ден. 300 месечно | |
3. | ОТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ПО СМЕТКА | |
3.1. | Отворање на ТРС | Без надоместок |
3.2. | Отворање на ТРС со итна пратка | Xxx. 200 |
4. | ЗАТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ПО СМЕТКА | Ден.1000 |
5. | ЗАТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ПО СИЛА НА ЗАКОН | Без надоместок |
6. | ДРУГИ РАБОТИ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ | |
6.1. | Издавање преглед за состојбата на сметката по денови-картица | Ден.300 |
6.2. | Потврда за солвентност | Ден.300 |
Печатење на извод | Ден.20 | |
6.3. | Препис на извод од тековна година | Xxx. 40 |
6.4. | Препис на извод од мината година по завршна сметка | Ден. 150 |
6.5. | Препис на налог од тековна година | Ден. 150 |
6.6. | Препис на налог од минати година по завршна сметка | Ден. 500 |
6.7. | Траен налог за пренос на сопствена сметка во др. домашна банка | Ден. 20 |
6.8. | Издавање преглед за состојбата на сметката по денови-картица за месечен, тромесечен и годишен ДДВ обврзник по клиент-денарска и девизна сметка | Ден.150 -освен од сметки без промет и наменски сметки на овластени менувачници, без надоместок |