Е-mail:
КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Договор за стажирање
(да се пополни во 3 примероци)
Врз основа на Член 3 и Член 4 за издавање на лиценца за вршење на психолошка дејност од Законот за вршење на психолошка дејност ( Службен весник на Р.Македонија бр 6/05 од 28.01.2005 година), Врз основа на Член 28, 29, 30, 31, 32 од Точка 5 за психолози приправници од Законот за вршење на психолошка дејност,
Врз основа на Статутот на Комората на психолози на Р.Македонија,
Врз основа на Член 4 од Правилникот за издавање, обновување и одземање на лиценци за вршење на психолошка дејност,
Овој договор за стажирање се склучува помеѓу: ИНСТИТУЦИЈАТА/КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ПРИВАТНА ПРАКСА:
...............................................................................................................................................
Со седиште на адреса:….........……………………………………………………………
...............................................................................................................................................
Застапувана од:....................................................................................................................
Функција:..............................................................................................................................
Телефон:................................................................................................................................
И
Г-ДИН/Г-А ,дипломиран психолог
ЕМБГ:....................................................................................................................................
Фиксна адреса:.....................................................................................................................
............................................................................................................................................... Телефон …………………………………………................................................................
Е-mail:
………………………………………………………………………………………............
Член 1: Цел
Стажот е превиден како основен услов и обврска кој треба да го исполни дипломираниот психолог со цел да стекне општа лиценца за вршење на психолошка дејност.
Xxxxxx договор за стаж не може да биде склучен со цел да замени вработен психолог во случај на негово отсуство или отказ, за да извршува редовна работна задача која одговара на редовното работно место.
Член 2: Траење
Стажот е предвиден да се изврши:
ОД : _ _ / _ _ / _ _ _ _ ДО : _ _ / _ _ / _ _ _ _ во траење од:………месеци
Присуството на психологот приправник во институцијата/канцеларијата за приватна пракса се предвидува да биде во траење од часови неделно, поточно
се предвидува присуство од полно работно време/парцијално работно време ( да се потцрта).
Да се прецизира во случај институцијата/канцеларијата за приватна пракса да предвидува специфично работно време ( ноќни часови, недела или празници):
………………………………………………………………………………………………………
………………………………………………....................................................................................
Член 3 : Статус на психологот приправник
За време на стажирањето, психологот приправник има статус на психолог стажант. Тој е супервизиран од ментор-вработен психолог во институцијата/канцеларијата за приватна пракса.
Психологот приправник е обврзан да го почитува Кодексот на психолошката етика, правилата, одредбите и одговорностите согласно Законот за вршење на психолошка дејност и Статутот на Комората на психолози.
Член 4 : Обврски на институцијата/канцеларијата за приватна пракса
Во институцијата/канцеларијата за приватна пракса, за ментор/супервизор на психологот приправник е одреден:
Г-дин/Г-а...............................................................................................................................
Позиција:..............................................................................................................................
Телефон:................................................................
e-mail : ..................................................................
Менторот како и институцијата/канцеларијата за приватна пракса која го прима психологот приправник, се обврзуваат да обезбедат оптимални услови за да се реализира стажот на најдобар можен начин, и редовна супервизија во текот на обучувањето.
Член 5:Паричен надоместок
Институцијата/канцеларијата за приватна пракса не е обврзана да дава паричен надоместок за ангажманот на психологот приправник. Меѓутоа, ако договорот предвидува стажирање подолго од 3 месеци, во случај на заемен договор помеѓу двете страни (психологот приправник и институцијата/ канцеларијата за приватна пракса) може да се регулира и одреди паричен надоместок за ангажманот на психологот приправник.
Член 6: Здравствено осигурување
Психологот приправник за време на извршувањето на стажот го задржува своето здравственото осигурување чиј корисник е.
Член 7 : Дисциплина, доверливост
Дисциплина : Психологот приправник е должен да ги почитува правилата и општите одредби на институцијата/канцеларијата за приватна пракса каде го извршува стажот, во поглед на внатрешното уредување/менаџирање, дисциплина, временската рамка, итн., согласно постигнатиот договор помеѓу двете страни.
Доверливост : Психологот приправник е задолжен да ја почитува апсолутната обврска на професионална тајна. Особено, тој е должен да ја почитува доверливоста на документите кои му се доверени/за кои има информација. Тој не може на никаков начин без претходна согласност од одговорно лице од институцијата каде стажира, да ги пренесе доверливите информации, резултати, досиеја, документи во оригинална/електронска форма или фотокопија, на друго лице/место надвор од институцијата. Оваа ставка е полноважна за време на траењето на стажот, но и по неговото завршување.
Член 9: Евалуација на стажот
По завршувањето на стажот, институцијата/канцеларијата за приватна пракса е должна да издаде уверение за извршен стаж на психологот приправник.
Член 10: Прекин на стажот
Во случај на перзистентни тешкотии за време на обавувањето на стажот, двете страни (психологот приправник и институцијата/канцеларијата за приватна пракса) се повикани заеднички да ги испитаат евентуалните причини за прекин на стажот и раскинување на договорот. Раскинувањето на договорот треба да биде потпишано од двете страни.
Прочитано и потпишано Психолог приправник
Прочитано и потпишано
Институција/канцеларија за приватна пракса
Претседател на Комора на психолози на Р.Македонија Xxxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxx