Contract
Директива 84/50/ЕЕС – за невистинито рекламирање
Директива на Советот 84/450/ЕЕС од 10 септември 1984 за приближување на законите, прописите и административните акти на земјите членки во врска со невистинитото рекламирање
СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ,
Имајќи го предвид Договорот со кој е основана Европската економска заедница и особено членот 100 од истиот,
Имајќи го предвид предлогот од Комисијата (*1),
Имајќи го предвид мислењето на Европскиот Парламент (*2),
Имајќи го предвид мислењето на Комитетот за економски и општествени работи (*3),
Со оглед на тоа што законите против невистинитото рекламирање што се на сила во европските земји се разликуваат во голема мера; со оглед на тоа што, рекламирањето ги преминува границите на поедини земји членки, има директно влијание на оформувањето и функционирањето на заедничкиот пазар;
Со оглед на тоа што невистинитото рекламирање може да води до нарушување на конкуренцијата во рамките на заедничкиот пазар;
Со оглед на тоа што рекламирањето, без оглед на тоа дали води до договор, има влијание врз економската благосостојба на потрошувачите;
Со оглед на тоа што невистинитото рекламирање може да предизвика потрошувачот да донесе одлука штетна за него кога се снабдува со стоки или друг имот или кога користи услуги, а разликите меѓу законите на земјите членки не само што водат, во многу случаи до неадекватни нивоа на заштита на потрошувачите туку и ја попречуваат реализацијата на
рекламните кампањи преку националните граници при што влијаат врз слободното движење на стока и обезбедување услуги;
Со оглед на тоа што втората програма на Европската економска заедница за заштита на потрошувачите и за политика на информирање (*4) дава можност за соодветно делување за заштита на потрошувачите од невистинито и неправедно рекламирање;
Со оглед на тоа дека е во интерес на јавноста воопшто, како и на потрошувачите и сите оние кои, во меѓусебна конкуренција, вршат трговија, бизнис, занает или професија на заедничкиот пазар, да се хармонизираат пред сси националните одредби против невистинитото рекламирање, а потоа да се работи на неправедното рекламирање, и доколку е потребно на споредбеното рекламирање, врз основа на соодветните предлози од Комисијата;
Со оглед на тоа што треба да се утврдат минимални и објективни критериуми за одредување дали рекламирањето е невистинито;
Со оглед на тоа што законите што ќе се усвојат од земјите членки треба да се соодветни и ефикасни;
Со оглед на тоа што лицата или организациите кои според националниот закон се смета дека имаат легитимен интерес во областа, мора да имаат погодности за започнување постапки против невиситинитото рекламирање, или пред суд или пред административна власт што е компетентна да одлучува за жалби или за иницирање на соодветни правни постапки;
Со оглед на тоа што треба да & се дозволи на секоја земја членка да одлучува дали да им овозможи на судовите или административните власти да бараат претходно прибегнување кон други утврдени средства за постапување со жалбата;
Со оглед на тоа што судовите или административните власти мора да имаат овластувања што ќе им овозможат да наложуваат или да бараат запирање на невиститнитото рекламирање;
Со оглед на тоа што во некои случаи може да е пожелно
невистинитото рекламирање да се забрани дури и пред да биде објавено; со оглед на тоа што ова во никој случај не значи дека земјите членки се обврзани да воведат правила кои условуваат систематско претходно проверување на рекламирањето;
Со оглед на тоа што треба да се донесат одредби за забрзани постапки според кои ќе се преземат мерки со привремен или краен ефект;
Со оглед на тоа што може да е пожелно да се наложи објавување на одлуките донесени од судовите или административните власти, или на поправните изјави, со цел да се елиминираат понатамошните ефекти од невистинитото рекламирање;
Со оглед на тоа што административните власти мора да бидат непристрасни, и примената на нивните овластувања мора да е предмет на судска оценка;
Со оглед на тоа што доброволната контрола од страна на саморегулаторните тела за елиминирање на невиситинитото рекламирање може да избегне прибегнување кон административни или судски тужби и заради тоа треба да се охрабрува;
Со оглед на тоа што огласувачот треба да е во можност да ја докаже, со соодветни средства, материјалната точност на фактичкото тврдење во неговото рекламирање, а од него во соодветни случаи судот или административната власт може да побараат да го стори тоа;
Со оглед на тоа што оваа Директива не смее да ги спречува државите членки да задржуваат или да усвојуваат одредби за обезбедување поширока заштита на потрошувачите, лицата кои вршат трговија, бизнис, занает или професија и на општата јавност,
(*1) | ОЈ | Бр. | Ц | 70, 21.3.1978, | стр | 4 |
(*2) | ОЈ | Бр. | Ц | 140, 5.6.1979, | стр | 23 |
(*3) | ОЈ | Бр. | Ц | 171, 9.7.1979, | стр | 43 |
(*4) ОЈ Бр. Ц 133, 3.6.1981, стр 1
Член 1
Целта на оваа Директива е да ги заштити од невистинито рекламирање и од неговите неправедни последици потрошувачите, лицата кои вршат трговија или бизнис, занает или професија и интересите на општата јавност.
Член 2
За потребите на оваа Директива
1. ,,Рекламирање” значи претставување во каква било форма поврзано со трговија, бизнис, занает или професија, со цел да се промовира обезбедувањето стоки или услуги, вклучувајќи и недвижен имот, права и должности;
2. ,,Невистинито рекламирање” значи секое рекламирање кое на каков било начин, вклучувајќи ја и неговата презентација, мами или има можност да ги измами лицата на кои им е наменето или до кои досегнува, и кое поради неговата лажлива природа, веројатно ќе влијае врз економското однесување или кое, од тие причини, го повредува или постои можност да го повреди конкурентот;
3. ,,Лице” значи секое физичко или правно лице.
Член 3
Во утврдувањето дали некое рекламирање е невистинито, ќе се земат предвид сите негови карактеристики, а особено информациите што ги содржи, а кои се однесуваат на:
карактеристиките на стоките или услугите, како што се нивната достапност, природа, изглед, состав, метод и датум на изработка или набавување, целисходност, намена, количина, спецификација, географско или комерцијално потекло или резултати што можат да се очекуваат од нивната употреба, или резултатите и материјалните карактеристики на тестовите или проверките на кои биле
подвргнати стоките или услугите;
цената или начинот на кој се пресметува цената, и условите според кои се набавуваат стоките или се обезбедуваат услугите;
природата, карактеристиките и правата на огласувачот, како што се неговиот идентитет и имот, неговите квалификации и сопственост на индустриски, комерцијални или интелектуални имотни права или неговите награди и други одлики.
Член 4
1. Земјите членки треба да се уверат дека постојат соодветни и ефикасни мерки за контрола на невистинитото рекламирање во интерес на потрошувачите како и на конкурентите и општата јавност. Таквите мерки треба да вклучуваат правни одредби според кои лицата или организациите кои според националниот закон се сметаат за легитимни да го забранат невистинитото рекламирање, ќе можат:
да преземат правно дејство против таквото рекламирање; и/или
да го соочат таквото рекламирање со административната власт надлежна или да одлучува по жалби или да започне соодветни правни постапки.
Секоја земја членка сама ќе одлучи кои од овие погодности ќе бидат на располагање и дали ќе им дозволи на судовите или административните власти да бараат претходно прибегнување кон други утврдени средства за постапување со жалбата, вклучувајќи ги и оние споменати во член 5.
2. Според правните одредби од параграф 1, земјите членки ќе им доделат на судовите и административните власти овластувања што ќе им овозможат, во случаи каде сметаат дека таквите мерки се неопходни, земајќи ги предвид сите вмешани интереси, а особено јавниот интерес:
да наредат прекинување или да започнат соодветни правни
постапки за прекинување на невистинитото рекламирање, или ако невистинитото рекламирање сеуште не е објавено, но објавувањето е неизбежно, да наредат негова забрана или да започнат соодветни правни постапки за негова забрана, дури и без доказ за вистинската штета или намера или негрижа од страна на огласувачот.
Земјите членки треба да донесат одредби и за мерките смоменати во првиот потпараграф што ќе се преземаат во забрзаните постапки или со привремен ефект, или со дефинитивен ефект, Секоја земја членка ќе одлучи која од двете опции ќе ја одбере.
Понатаму, земјите членки можат да им доделат на судовите или административните власти овластувања што ќе им овозможат елиминирање на продолжените ефекти од невистинитото рекламирање чие прекинување било наложено преку крајна одлука:
да бараат целосно или делумно објавување на таа одлука и тоа во форма за која сметаат дека е соодветна
додатно да бараат објавување на поправна изјава.
3. Административните власти споменати во параграф 1 мора:
да се составени на начин што нема да предизвикува сомневање за нивната непристрасност;
да имаат соодветни овластувања, кога ќе одлучуваат по жалби, и ефикасно да го набљудуваат спроведувањето на своите одлуки;
вообичаено да ги изнесуваат причините за своите одлуки.
Онаму каде што овластувањата што се споменуваат во параграф 2 се применуваат единствено од страна на административната власт, секогаш треба да се изнесуваат причините за нивната одлука. Понатаму во овој случај мора да се донесе одредба со која неправилното или неразумното применување на овластувањата од страна на административната власт или неправилните или неразумни пропусти во примената на споменатите овластувања, може да бидат предмет на судска контрола.
Член 5
Оваа директива не ја исклучува доброволната контрола на невистинитото рекламирање од страна на саморегулаторните тела и обраќањата до таквите тела од страна на лицата или организациите споменати во член 4, доколку постапките пред таквите тела се предмет на судски или административни процедури споменати во тој член.
Член 6
Земјите членки ќе им доделат на судовите и административните власти надлежности кои во граѓанска или административна постапка, објаснета во член 4, ќе им овозможат:
да бараат од огласувачот докази за точноста на фактичките тврдења во рекламирањето имајќи ги предвид легитимните интереси на огласувачот или на некоја друга страна во постапката, ако таквите барања се покажат соодветни врз основа на околностите на посебниот случај и
да ги сметаат фактичките тврдења за неточни ако бараните докази според (а) не се обезбедени, а судот или административната власт смета дека не се доволни.
Член 7
Оваа Директива нема да им попречува на земјите членки да усвојуваат одредби за поширока заштита на потрошувачите, лицата што вршат трговија, бизнис, занает или професија и на општата јавност.
Член 8
Земјите членки најдоцна до 1 октомври ќе преземат мерки за да се усогласат со оваа Директива. За ова тие навреме ќе ја информираат Комисијата. Земјите членки на Комисијата ќе и го достават текстот од сите одредби што ќе бидат инкорпорирани во националниот закон, а се однесуваат на областа што ја покрива
оваа Директива.
Член 9
Директивата е наменета за земјите членки.