Contract
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, врз основа на член 4 став 1 точка
9 од Правилата за снабдување во краен случај со електрична енергија (Службен весник на Република Македонија бр.144/12 и 91/13), на седницата одржана на 31 март 2014 година, донесе
Р Е Ш Е Н И X
за одобрување на образец на Договор за снабдување во краен случај со електрична енергија
1. Со ова Решение, на АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА - Скопје, како носител на лиценца за вршење на енергетската снабдување во краен случај со електрична енергија, образецот на Договорот за снабдување во краен случај со електрична енергија СЕ ОДОБРУВА.
2. Одобрениот образец од точка 1 е во прилог на ова Решение.
3. Жалбата изјавена против ова Решение не го одлага нејзиното извршување.
4. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.
бр. 02-865/1 ПРЕТСЕДАТЕЛ
31.03.2014 година
Скопје Xxxxxxx Xxxxxx
ПРИЛОГ:
образецот на Договор за снабдување во краен случај со електрична енергија
АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ
Д О Г О В О Р
ЗА СНАБДУВАЊЕ ВО КРАЕН СЛУЧАЈ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Д О Г О В О Р
за снабдување во краен случај со електрична енергија
Склучен помеѓу Договорните страни:
1. Снабдувач во краен случај со електрична енергија
АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА- во државна сопственост – Скопје, ул. 16-та Македонска бригада бр. 18, 1000 Скопје, ЕДБ: 4030005560575, депонентна Стопанска банка АД Скопје 200001230502028 застапувано од (во понатамошниот текст: Снабдувач во краен случај), од една страна
и
2. Потрошувачи
Со седиште на ул ……………………........,, 1000 Скопје, со ЕДБ: ………………..депонент на
.............. банка АД Скопје Ж-сметка ..................................застапувано од управител,
...................................од друга страна
Член 1
Предмет на договор
(1) Со овој Договор за снабдување во краен случај со електрична енергија (во понатамошниот текст: Договор) се утврдуваат меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни, Снабдувачот во краен случај и Потрошувачот приклучен на дистрибутивната мрежа.
(2) Овој Договор се склучува на неопределено време.
Член 2
Испорака на електрична енергија
(1) Снабдувачот во краен случај ќе испорачува електрична енергија на Потрошувачот, согласно неговите потреби, како и согласно техничките можности на приклучокот на потрошувачот утврдени во Решението за согласност за приклучување бр.................. и датум на издавање
година.
Член 3
Прекини во снабдувањето со електрична енергија
(1) Снабдувачот во краен случај е должен да ги извести потрошувачите за прекините во снабдувањето со електрична енергија по писмен пат или телефонски, по добиена информација од ОДС за евентуалните прекини при испораката на електричната енергија.
Член 4
Место на испорака на елeктрична енергија
(1) Местата на испорака и превземање на електричната енергија како и местата на мерење на електричната енергија се определени со Решението за согласност за приклучување на електродистрибутивниот систем и се во Прилог 1 на овој Договор.
(2) Местата на испорака и местата на мерење на електричната енергија во одредени случаеви можат да не се совпаѓаат.
Член 5
Промена на местото на испорака и местото на мерење
(1) Во текот на траењето на овој Договор, договорните страни можат договорно да извршат промена на местото на предавање и местото на мерење на електричната енергија со промена на Решението за согласност за приклучување на електродистрибутивниот систем, како и да направат Анекс кон овој Договор.
Член 6
Мерни уреди
(1) Мерењето на испорачаната електрична енергија го врши ОДС преку мерни уреди кои се во негова сопственост.
(2) Карактеристиките на мерните уреди за регистрирање на електрична енергија и моќност се согласно Решението за согласност за приклучување. Мерните уреди се вградуваат, одржуваат, контролираат и менуваат согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на АД ЕЛЕМ – Скопје (во понатамошниот текст: Мрежни правила за дистрибуција) и Законот за енергетика.
(3) Податоците за мерната опрема се дадени во Прилог 1.
(4) Мерните уреди треба да бидат прописно пломбирани и баждарени на начин и рок утврден со Закон за метрологија, Мрежни правила за дистрибуција и други прописи.
(5) Во случај на замена на броило поради баждарење или техничка неисправност на броилото се постапува согласно важечките Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија и Мрежни правила за дистрибуција.
Член 7
Начин и пресметка на испорачаната електрична енергија
(1) Отчитувањето на мерните уреди на потрошувачите го вршат овластени лица на ОДС согласно Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија, а отчитаните податоци од мерните уреди се должни да ги достават на снабдувачот во краен случај.
(2) Пресметката за испорачаната електрична енергија и моќност, Снабдувачот во краен случај ќе ја врши согласно Тарифните системи и Правилата за снабдување во краен случај со електрична енергија.
(3) Цената на испорачаната електрична енергија за количини и моќност, Снабдувачот во краен случај ја утврдува по регулирани цени и тарифи одобрени и објавени од Регулаторната комисија за енергетика, во времето на пресметката, на начин и услови утврдени со овој Договор.
(4) Во случај кога местото на мерење е на пониско напонско ниво од местото на испорачување, тогаш измерените количини на енергија и моќност ќе бидат зголемени за техничките загуби во водот и трансформаторите, согласно Правилата за снабдување со електрична енергија.
(5) Снабдувачот во краен случај има право да изврши исправка на пресметката на испорачаната електрична енергија во случај на дефект на мерните уреди, а пресметувањето на испорачаната односно превземената електрична енергија ќе се врши комисиски врз база на расположивата документација. Во овој случај ќе се формира Комисија составена од овластени лица на договорните страни.
Член 8
Индиректни потрошувачи
(1) Доколку на мерното место на Потрошувачот е приклучен индиректен потрошувач, пресметката на електрична енергија и моќност за примарниот потрочувач ќе се врши согласно член 18 од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи.
Член 9
Плаќање на испорачаната електрична енергија
(1) Снабдувачот во краен случај е должен фактурата за испорачаната електрична енергија да ја достави до потрошувачите во рок од 10 (десет) дена од денот на завршувањето на пресметковниот период.
(2) Потрошувачот има право да поднесе приговор на доставената фактура во рок од 15 (петнаесет)
дена од денот на нејзиното доставување.
(3) Снабдувачот е должен да одговори во писмена форма во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на добивање на приговорот.
(4) Потрошувачи кои не добиле фактура за потрошена електрична енергија во рок од став 1 од овој член, се должни да побараат копија од фактура за потрошена електрична енергија од снабдувачот во краен случај.
(5) Потрошувачот е должен да ја плати добиената фактура за испорачаната електрична енергија во рок од 20 (дваесет) дена од денот на завршувањето на пресметковниот период.
Член 10
Неисполнување на обврските на потрошувачите за плаќање на испорачаната електрична енергија
(1) Доколку Потрошувачот не ја плати фактурата, во рокот утврден во член 9 став 5, Снабдувачот во краен случај пресметува законска казнена камата согласно Законот за облигациони односи. Снабдувачот во краен случај изготвува и доставува фактура со каматна листа на Потрошувачот, со рок на плаќање 15 (петнаесет) дена, од денот на приемот на фактурата и каматната листа.
(2) Во случај кога Потрошувачот не изврши плаќање за испорачаната електрична енергија три последователни фактури во определениот рок, Снабдувачот во краен случај има право да побара потпишување на нов договор за снабдување со електрична енергија со цел понатамошното вршење на наплатата да биде покриено со авансно плаќање или положување на депозит еквивалентен на три месечни фактури за просечна месечна потрошувачка во предходната година.
(3) Доколку, Потрошувачот не се придржува кон обврската од став 2 на овој член, снабдувањето со електрична енергија ќе му биде прекинато.
(4) Доколку Потрошувачот не го подмири својот долг во валутен рок, Снабдувачот во краен случај има право да ги активира инструментите за обезбедување на плаќањето со претходно известување.
Член 11
Начин на достава на фактури за потрошена електрична енергија и други информации
(1) Фактури, известувања и друга документација испратени од едната договорна страна, до другата договорна страна, согласно обврските од овој Договор, се испраќаат во писмена форма на адреса или по факс на подолу наведените броеви како и можност за достава на фактури во електронска форма. Секоја страна е должна, без одлагање, писмено да ја извести другата страна за промената на адресата или броевите на факсовите.
Член 12
Услуги од снабдувачот
(1) Снабдувачот во краен случај на електрична енергија ќе обезбеди услуги на Потрошувачот согласно важечките Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија.
(2) Потрошувачот може да се обрати до Центарот за односи со потрошувачите на снабдувачот на тел. 00 0000-000 за информации, советување и услуги.
Член 13
Ограничување на испораката на електричната енергија во услови на Виша сила
(1) Во случај на виша сила, Снабдувачот во краен случај има право да ја намали, ограничи или прекине испораката за времетраењето на виша сила и за време на санирање на последиците од виша сила. Снабдувачот во краен случај во случај на Виша сила треба да го извести Потрошувачот за почетокот и крајот како и да превземе соодветни разумни мерки за ублажување на последиците.
(2) Во случај на Виша сила Снабдувачот во краен случај и Потрошувачот се ослободуваат од одговорност за надомест на штета во времето на важење на овој Договор.
(3) Снабдувачот во краен случај треба да го докаже постоењето на Виша сила, со цел да ја докаже неможноста за ограничената испорака на електрична енергија или неиспорачаната електрична енергија.
Член 14
Надомест на штета
(1) Снабдувачот во краен случај ќе го обештети Потрошувачот во случај и начин предвиден со важечките Правила за снабдување со електрична енергија.
Член 15
Прекинување на испораката на електрична енергија
(1) По барање на Снабдувачот во краен случај, ОДС има право да ја прекине испораката на електрична енергија по истекувањето на рокот од доставената опомена за плаќање на неплатената фактура во согласност со Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија.
Член 16
Раскинување на Договорот
(1) Потрошувачите кои имаат намера да го раскинат Договорот, се должни во писмена форма да поднесат барање до снабдувачот во краен случај за раскинување на истиот, со отказен рок од 30 ( триесет) дена.
(2) По добивањето на барањето за раскинување на договорот за продажба на електрична енергија, снабдувачот во краен случај е должен, врз основа на отчитување на мерните уреди, на потрошувачите да им достави фактури за сите парични обврски согласно Договорот.
(3) Снабдувачот во краен случај може да го раскине договорот во следните случаи:
1) ако потрошувачите дале неточни или нецелосни податоци кои оневозможуваат редовно исполнување на договорените обврски или не се доставени во предвидениот рок,
2) ако потрошувачите не ги отстраниле причините поради кои им е прекинато снабдувањето со електрична енергија во рок од 90 дена од денот на прекинувањето,
3) Снабдувачот во краен случај е во обврска најмалку 3 (три) дена пред раскинувањето на договорот со потрошувачите да го извести ОДС и да поднесе барање за нивно исклучување од електродистрибутивниот систем,
4) со укинување или менување на законските одредби врз основа на кои е склучен Договорот,
5) во други случај утврдени со Закон и други подзаконски акти .
Член 17
Завршни и други одредби
(1) Потрошувачот е должен во писмена форма да го извести Снабдувачот во краен случај за секоја промена на податоците од Договорот и приклучокот (оттуѓување на објект, промена на корисник, промена на адреса, зголемена едновремена моќност, изменет приклучок, итн), во рок од 15 (петнаесет) дена од настанувањето на промената.
(2) За регулирање на меѓусебните права и обврски кои не се опфатени со овој Договор, важат одредбите од законските и подзаконските акти.
(3) Споровите кои би настанале со применувањето на овој Договор ќе се решаваат спогодбено, со посредување на Регулаторната комисија за енергетика, согласно Правилникот за начинот, условите и постапката за разрешување на споровите коишто настанале меѓу вршителите на енергетските дејност и корисниците на енергетски дејности, како и висината на надоместокот на трошоците за разрешување на спорот.
(4) За решавање на спорови за прашања за кои со закон е пропишано дека е исклучиво во надлежност на судовите, се решаваат пред Основниот Суд СкопјеII –Скопје.
(5) Измени и дополнувања на овој Договор може да се вршат во писмена форма со анекс кон овој Договор.
(6) Договорот е составен во четири оригинални примероци од кои секоја договорна страна задржува по два.
(7) Овој Договор стапува во сила со денот на потпишувањето на Договорот од двете договорни страни.
ЗА СНАБДУВАЧ ВО КРАЕН СЛУЧАЈ, ЗА ПОТРОШУВАЧ, ДИРЕКТОР ДИРЕКТОР
ПРИЛОГ 1
ред бр. | код на место на мерење/испорака | тип на броило | број на броило | мерни трансформатори | константа во броило | |
струјни [A/A] | напонски [V/V] | |||||
1. | ||||||
2. | ||||||
3. | ||||||
4. | ||||||
5. | ||||||
6. | ||||||
7. |