Проект: „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште“ (MAINLAND)
Проект: „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште“ (MAINLAND)
Договор бр. 2016/382315
Повик бр. 1/GCP/MCD/002/EC/2019
за изразување на интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште
Почитувани,
Проектот финансиран од Европската Унија „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште“ (MAINLAND) што го спроведуваат Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги поканува сите групи сопственици на земјоделско земјиште да учествуваат на јавниот Повик за изразување на интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште.
Право на учество имаат групи на сопственици на земјоделско земјиште чиешто земјиште се наоѓа на иста територија (во едно или повеќе села, или во дел од село/микро-локација, кои претставуваат делови од една или неколку соседни катастарски општини).
За да изразат интерес за учество на Повикот, сопствениците на земјиште треба да достават пополнет и потпишан Образец за изразување на интерес.
Печатени примероци од упатството и образецот за изразување интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште може да се најдат во:
• Проектната канцеларија што се наоѓа во просториите на МЗШВ во Скопје (канцеларија бр. 211), адреса: Аминта Трети 2, 1000 Скопје
• Секторот за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели, МЗШВ, адреса: Аминта Трети 2, 1000 Скопје
• Подрачните единици на МЗШВ (Прилог 2: Контакт-листа на подрачните единици на МЗШВ)
• Подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) (Прилог 3: Контакт-листа на подрачните единици на АПРЗ)
Упатството и образецот за изразување интерес може да се преземат во електронски формат на следниве линкови:
• xxx.xxx.xxx/xxxxxxxxx/xxxx_xxxxxx/xxxxxx/XXX-xxx-XXXXX/Xxxx-xxx-xxxxxxxxxx-xx- interest-XX-XX.pdf
• xxx.xxx.xxx/xxxxxxxxx/xxxx_xxxxxx/xxxxxx/XXX-xxx-XXXXX/Xxxxxxxxxx-xx-xxxxxxxx-XX- Form-MK.pdf
• xxxx://xxx.xxxx.xxx.xx/Xxxxxx.xxxx?XxXxxxx0&XxXxxxxxxxx0&Xxxxx000
• xxxxx://xxxx.xxxxxx.xx/xxxxxxxxxxx/xxxxxxxx-xxxxx-xxxxxxxxx/xxxx/xxxx-xxxxx_xx
Изјавите за интерес може да се достават директно во подрачните единици на МЗШВ, по пошта или скенирани преку е-пошта, со назнака „За Повикот бр. 1/GCP/MCD/002/EC/2019“.
Рокот за доставување на изјавите за интерес е 1 Јули 2019 година до 16:00 часот (во случај да се испратени по пошта, ќе бидат земени предвид датумот и времето наведени во поштенскиот печат). Секоја изјава за интерес доставена по истекот на крајниот рок нема да биде разгледана.
Бр. 1/GCP/MCD/002/EC/2019 Xxxxx Xxxxxxxxxx
Скопје, 12.06.2019 г. Главен технички советник
ИНСТРУКЦИИ ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИПТЕ
СОДРЖИНА
1 ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И ГЛАВНИ УСЛОВИ 3
2 ПОДГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ИНТЕРЕС 6
3 ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА ПРОЕКТНИТЕ ПОДРАЧЈА 7
4 ПРОВИЗОРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА 9
ПРИЛОГ 1. ИЗЈАВА ЗА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ 10
ПРИЛОГ 2. КОНТАКТ ЛИСТА НА ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ НА МЗШВ 13
ПРИЛОГ 3. КОНТАКТ ЛИСТА НА ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ НА АПРЗ 14
ПРИЛОГ 4. ПРАШАЛНИК ЗА СОБИРАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ 15
1 ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И ГЛАВНИ УСЛОВИ
1.1 Вовед
Во овој документ се содржи упатство наменето за сопствениците на земјиште кои се заинтересирани за јавниот Повик за изразување на интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште бр. 1/GCP/MCD/002/EC/2019.
1.2 Објавувач на повикот
Објавувач на повикот е проектот финансиран од Европската Унија „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште“ (MAINLAND) спроведуван од ФАО, чијашто канцеларија се наоѓа на: Аминта Трети 2, 1000 Скопје; телефонски број: x000 0 0000 000 (локал 708); е-пошта: XXX-XX@xxx.xxx; интернет страница: xxx.xxx.xxx/xx-xxxxxx/xxxxxxxxxxxxx-xxxxxxxx-xxxx- consolidation-programme/mk/
1.3 Предмет на повикот
Предмет на повикот е да се поканат сите заинтересирани сопственици на земјиште да изразат интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште.
Врз основа на добиените изјави за интерес и во согласност со постапката прикажана подолу во подглавје 3, ќе бидат избрани проектни подрачја со најголем потенцијал за консолидација на земјиште.
Избраните консолидациони подрачја ќе бидат предмет на физибилити студии за оцена на изводливоста за спроведување на консолидација на земјиште. Во случај на позитивни препораки од физибилити студиите, проектните области ќе бидат исто така предмет на понатамошна поддршка за спроведување на консолидација на земјиште. Сите трошоци поврзани со имплементација на проектите за консолидација на земјиште ќе бидат покриени од проектот MAINLAND или пак ќе се финансираат преку достапните национални програми за поддршка.
1.4 Кој може да поднесе изјава за интерес за проект за консолидација на земјоделско земјиште
Право да поднесат изјава за интерес имаат групи на сопственици на земјоделско земјиште чиешто земјиште се наоѓа на иста територија (во едно или повеќе села, или во дел од село/микро-локација, кои претставуваат делови од една или неколку соседни катастарски општини). Сопственик на земјиште е физичко или правно лице кое има потврдено право на сопственост врз земјоделско земјиште1 по основ на договор, судска одлука или одлука на државна институција.
1.5 Кои локации се погодни за консолидација на земјоделско земјиште
При одлучувањето дали да изразат интерес, заинтересираните групи сопственици на земјиште треба да ги земат предвид следниве фактори како карактеристика на потенцијалните површини за консолидација на земјиште:
1 Земјоделско земјиште, согласно Законот за земјоделско земјиште, се однесува на ниви, обработливо земјиште, градини, овоштарници, лозја, маслинарници, други долгогодишни насади, ливади, пасишта, мочуришта, трстици, рибници, како и друго земјиште кое се користи или не се користи (несоодветно за обработка), а кое со примена на агротехнички и агромелиоративни и хидромелиоративни мерки може да се оспособи за земјоделско производство.
• Сопственост на земјоделското земјиште – земјоделското земјиште во приватна сопственост треба да биде доминантно, во споредба со земјиштето во државна сопственост;
• Степен на фрагментираност – Голем број на парцели, со неправилна форма, по сопственик на земјоделско земјиште;
• Особености на теренот и почвата – предложеното консолидационо подрачје треба да има што е можно помалку разновидна конфигурација на теренот (пр. рамен терен) и поизедначен квалитет на почвата (пр. иста катастарска класа);
• Процент на земјоделско земјиште упишано во Катастарот на недвижности – колку што е можно повеќе земјишни парцели во предложеното консолидационо подрачје упишани во Катастарот на недвижности;
• Застапеност на повеќегодишни култури – предложеното консолидационо подрачје треба да има што е можно помала застапеност на повеќегодишни култури;
• Присуство на неподвижни објекти во предложеното консолидационо подрачје (според Катастарот на недвижности, како и според ситуацијата на терен) – предложеното консолидационо подрачје треба да има што е можно помалку неподвижни објекти;
• Обработливо земјиште – предложеното консолидационо подрачје треба да опфаќа колку што е можно повеќе обработливо и обработено земјиште;
Врз основа на факторите наведени погоре, разработени се и индикативни критериуми за избор, и истите се прикажани подолу, во подглавје 1.6.
1.6 Подобност и индикативни критериуми за избор
1.6.1 Критериуми за подобност
Имено, оние изјави за интерес каде што помалку од 90% од земјишните парцели се упишани во Катастарот на недвижности (од вкупната површина за која се изразува интересот за консолидација на земјиште) ќе бидат елиминирани. Потребните информации за степенот на упис на земјиштето ќе ги обезбеди XXXX од Агенцијата за катастар на недвижности, за сите примени Изјави за интерес.
1.6.2 Индикативни критериуми за избор
Во следнава табела се прикажани индикативните критериуми за избор според кои ќе се бодуваат доставените изјави за интерес.
Бр | Критериум | Показател Бодување (Xxxxxxxx – минимум) | Xxxx.- Xxx. Бодови | |
1 | Степен на фрагментираност на земјиштето во предложеното консолидационо подрачје | Број на земјишни парцели по сопственик • Многу фрагментирано – над 5 земјишни парцели по сопственик на земјоделско земјиште • Умерено фрагментирано – од 3 до 5 земјишни парцели по сопственик • Малку фрагментирано – до 3 земјишни парцели по сопственик | 35 – 10 | |
2 | Особености на теренот и почвата | Наклонетост на теренот, разновидност на конфигурацијата на теренот и квалитетот на почвата • Рамен терен и прилично еднообразен квалитет на почвата • Слабо ридски терен со неколку вида на квалитет на почвата • Планинско подрачје со поголем број видови на квалитет на почвата | 15 – 5 | |
3 | Процент на земјоделско земјиште упишано во Катастарот на недвижности | Земјоделско земјиште упишано во Катастарот на недвижности како процент од вкупното предложено консолидационо подрачје • Над 97% од земјишните парцели во предложено консолидационо подрачје се упишани во Катастарот на недвижности • 90-97% | 10 – 3 | |
4 | Застапеност на повеќегодишни култури | Сразмер = површина под повеќегодишни култури / предложено консолидационо подрачје • Помалку од 10% од земјиштето е под повеќегодишни насади • Уделот на површина под повеќегодишни култури е помеѓу 10-30% во предложеното консолидационо подрачје • Уделот на површина под повеќегодишни култури е над 30% во предложеното консолидационо подрачје | 10 – 2 | |
5 | Присуство на неподвижни објекти во предложеното консолидационо подрачје | Број на неподвижни објекти и нивната вкупна површина • Над 3 неподвижни објекти или помалку од 0,1 ha земјиште е под неподвижни објекти • 3-10 неподвижни објекти или помалку од 0,3 ha вкупно • Повеќе од 10 неподвижни објекти или над 0,3 ha вкупно | 10 – 2 | |
6 | Обработливо земјиште | Сразмер = површина на обработливо земјиште / предложено консолидационо подрачје • Над 90% од земјиштето е обработливо • Учеството на обработливо земјиште во вкупното предложено консолидационо подрачје е помеѓу 70-90% • Учеството на обработливо земјиште во вкупното предложено консолидационо подрачје е под 70% | 20 – 3 | |
Максимум поени | 100 | |||
Минимум поени | 25 |
Се очекува изборот на консолидационите подрачја да се заврши и резултатите да се објават кон крајот на јули 2019 година.
2 ПОДГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА ЗА ИНТЕРЕС
2.1 Содржина на изјавата за интерес
Заинтересираните сопственици на земјиште задолжително мора да го користат и пополнат образецот пропишан во овој повик (Прилог 1), исто така достапна во електронска верзија.
Бројот на сопственици на земјиште што ќе се потпишат во изјавата за интерес не е ограничен.
Еден сопственик на земјиште може да се потпише на една или повеќе изјави за интерес, во случај неговото или нејзиното земјиште да се наоѓа во различни области.
2.2 Достапна поддршка за подготовка на изјавите за интерес
Во текот на подготовката на изјавите за интерес, заинтересираните сопственици на земјиште може да добијат поддршка од:
• Проектот „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште“ (MAINLAND)
Ул. Аминта Трети 2 (канцеларија бр. 211), 1000 Скопје
Тел.: x000 0 0000 000 (локал 708)
• Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели
Ул. Xxxxxx Xxxxx 2, 1000 Скопје
Тел.: x000 0 0000 000 (локал 109,110,111)
Е-пошта: xxxx@xxxx.xxx.xx, xxxxx.xxxxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx
• Подрачни единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
(Прилог 2)
• Подрачни единици на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството
(Прилог 3)
Сите дополнителни информации и известувања за повикот може да се пронајдат на следниве интернет страници:
• xxx.xxx.xxx/xx-xxxxxx/xxxxxxxxxxxxx-xxxxxxxx-xxxx-xxxxxxxxxxxxx-xxxxxxxxx/xx/
• xxxx://xxx.xxxx.xxx.xx/Xxxxxx.xxxx?XxXxxxx0&XxXxxxxxxxx0&Xxxxx000
Заинтересираните сопственици на земјиште може да ги контактираат горенаведените субјекти директно, по пошта, телефонски или преку е-пошта.
3 ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА ПРОЕКТНИТЕ ПОДРАЧЈА Чекор 1. Отворање на изјавите за интерес
Изјавите за интерес ќе се отвораат на 5 јули 2019 г. во просториите на проектот MAINLAND без присуство на јавноста.
Чекор 2. Потврдување на интересот и подготвеноста на локалните заедници да учествуваат во процесот на консолидација на земјоделското земјиште
По приемот на изјавите за интерес од групите заинтересирани сопственици на земјиште ќе се одржат средби со сопствениците на земјиште што изјавиле интерес.
Целта на овие состаноци е понатамошно утврдување на деталите и разјаснување на процесот на консолидација на земјиштето базиран на пристапот одоздола-нагоре (bottom-up approach).
Средбите со заинтересираните сопственици на земјиште ќе се одржуваат на ниво на село, со цел да се обезбедат дополнителни податоци за предложеното консолидационо подрачје (Прилог 4).
Контакт лицата ќе бидат поканети да ги организираат сите сопственици на земјиште кои изјавиле интерес да учествуваат на закажаните средби. Поголемо учество ќе биде охрабрено, а на овие средби можат да се придружат и други заинтересирани земјосопственици кои првично не се потпишале на Изјавата за интерес. За време на локалните средби ќе се пополнува и прашалникот од страна на проектот MAINLAND и Секторот на МЗШВ за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели.
Податоците што ќе се соберат за време на средбите ќе бидат понатаму верификувани според административните регистри.
Чекор 3. Проверка на податоците
Со цел да се обезбеди објективност и транспарентност на процесот на оценка согласно индикативните критериуми за избор, МЗШВ и проектот MAINLAND ќе ја проверат точноста на информациите дадени во прашалникот што ќе се пополнува за време на средбите со локалните заедници и во изјавите за интерес, со користење на официјалните извори на податоци.
Следниве извори на податоци ќе се користат за проверка на доставените податоци:
Бр. | Критериум | Показател | Извор на податоци |
1 | Степен на фрагментираност во предложеното консолидационо подрачје | Број на земјишни парцели по сопственик | Агенција за катастар на недвижности |
2 | Особености на теренот и почвата | Наклонетост на теренот, разновидност на конфигурацијата на теренот и квалитетот на почвата | Систем за мапирање на почвите, Универзитет “Кирил и Методиј” |
3 | Процент на земјоделско земјиште упишано во Катастарот на недвижности | Земјишни парцели упишани во Катастарот на недвижности како процент од вкупното предложено консолидационо подрачје | Агенција за катастар на недвижности |
4 | Застапеност на повеќегодишни култури | Сразмер = површина под повеќегодишни култури / предложено консолидационо подрачје | Систем за идентификација на земјишни парцели |
5 | Присуство на неподвижни објекти во предложеното консолидационо подрачје | Број на неподвижни објекти и нивната вкупна површина | Агенција за катастар на недвижности Достапни ГИЦ податоци |
6 | Обработливо земјиште | Сразмер = површина на обработливо земјиште / предложено консолидационо подрачје | Систем за идентификација на земјишни парцели |
Чекор 4. Рангирање
Изборната комисија, составена од тимот на MAINLAND и МЗШВ, на чело со Главниот технички советник на ФАО е надлежна за финалниот избор на консолидационите подрачја. Изборот ќе се изврши врз основа на рангирање на добиените изјави за интерес, во согласност со индикативните критериуми за избор наведени во подглавјето 1.6.
Најдобро рангираните дванаесет (12) Изјави на интерес со највисоки бодови ќе бидат избрани за започнување на проекти за консолидација на земјиште.
Чекор 5. Известување за резултатите од изборот
Заинтересираните сопственици на земјиште кои доставиле изјави за интерес ќе бидат официјално известени во писмена форма за резултатите од изборот.
Писмата со известувањата ќе им бидат испратени на контакт лицата за секоја од локалните заедници, наведени во Изјавите за интерес.
4 ПРОВИЗОРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА
Активност | Провизорна временска рамка |
Рок за доставување на изјавите за интерес | 1 јули 2019 |
Отворање на изјавите за интерес | 5 јули 2019 |
Потврдување на интересот и подготвеност на локалните заедници да учествуваат во процесот на консолидација на земјиштето | 8 – 18 јули 2019 |
Проверка на податоците | 19 – 23 јули 2019 |
Избор на консолидациони подрачја | 24 – 26 јули 2019 |
Известување за резултатите од изборот | 31 јули 2019 |
ПРИЛОГ 1. ИЗЈАВА ЗА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ
ИЗЈАВА ЗА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ
1. Предлог консолидационата област припаѓа на селото (селата):
1.
2.
3.
2. Опис на предложената област за консолидација (во рамките на КО, просторно позиционирање во однос на населеното место, наклонот/конфигурацијата на теренот, итн)
3. Видови на најчестите земјоделски производи (во проценти од вкупната површина - груба проценка на ниво на населено место)
Лица за контакт:
Контакт 1`:
Име: Презиме: Тел. бр.:
Контакт 2`:
Име: Презиме: Тел. бр.:
Листа на сопственици заинтересирани за консолидација на земјиште
(листата може да се прошири со додавање на редови, според бројот на заинтересирани сопственици)
Бр. | Име и презиме | Адреса на живеење | Катастарска општина каде се наоѓа земјоделското земјиште | Имотен лист бр. | Потпис |
1 | |||||
2 | |||||
3 | |||||
4 | |||||
5 | |||||
6 | |||||
7 | |||||
8 | |||||
9 | |||||
10 | |||||
11 | |||||
12 | |||||
13 | |||||
14 | |||||
15 | |||||
16 | |||||
17 |
ПРИЛОГ 2. КОНТАКТ ЛИСТА НА ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ НА МЗШВ
Бр. | МЗШВ ПЕ | Име и презиме | Мобилен тел. | Фиксен тел. | Адреса | |
1 | Берово | Xxxx Xxxxxxxxxx | 072/000-000 | 000/470-081 | Ул. Димитар Влахов бр.10 | |
2 | Xxxxxx | Xxxxxxxx Xxxxxxxx | 070/000-000 | 000/237-419 | Бул. 1 Мај бб | |
3 | Боговиње | Басри Ферати | 072/685-017 | општина Боговиње | ||
4 | Валандово | Xxxxx Xxxxxx | 071/000-000 | 000/381-752 | Ул . 4 Јули бр.1 | |
5 | Xxxxx | Xxxxx Xxxxxxxx | 070/000-000 | 000/231-931 | Ул. Xxxxx Xxxxxxx бр.1 | |
6 | Xxxxxx | Xxx Xxxxxxxxx | 070/000-000 | 000/361-319 | Ул. Бел камен бр.13 | |
7 | Врапчиште | Гзим Хода | 071/764-599 | с.Неготино, општина Врапчиште | ||
8 | Вевчани | Xxxxxxx Xxxxxxxxxx | 071/304-984 | општина Вевчани | ||
9 | Xxxx Xxxx | Xxxxx Xxxxxxxxx | 070/409-946 | 3226-414 | Бул. Александар Македонски бб | |
10 | Xxxxxxxxx | Xxxxx Xxxxxxxx | 070/000-000 | 000/213-708 | Ул. Xxxxx Xxxxxxxxx бб | |
11 | Гостивар | Xxx Xxxxx | 070/000-000 | 000/214-464 | Бул. Браќа Xxxxxxxx бб | |
12 | Дебар | Арбен Муладаути | 071/000-000 | 000/832-134 | Ул. 8 Септември бб | |
13 | Делчево | Xxxx Xxxxxxxxxxxxx | 070/000-000 | 000/413-282 | Ул. Солунска бб | |
14 | Xxxxx Xxxxx | Xxxxx Xxxxxxxxxxx | 070/000-000 | 000/276-329 | Ул.Маршал Тито бб | |
15 | Кавадарци | Xxxxx Xxxxx | 070/000-000 | 000/415-188 | Ул. Блажо Алексов бб (поранешна зграда на катастар) | |
16 | Карпош | Xxxx Xxxxxxxx | 070/403-857 | 02/3065-771 | Ул. Аминта III бр. 2 | |
17 | Xxxxxx Xxxx | Xxxx Xxxxxxx | 070/410-434 | 02/2779-199 | Ул. Борис Трајковски бб (барака9) | |
18 | Кичево | Xxxxxxx Xxxxxxxxxx | 071/000-000 | 000/225-175 | Ул. Борис Кидрич бр.1 | |
19 | Кочани | Xxxxxxx Xxxxxxxxx | 070/000-000 | 000/272-124 | Ул. ВМРО бр.21 | |
20 | Кратово | Xxxx Xxxxxxxx | 078/000-000 | 000/482-699 | Ул. Маршал Тито бб | |
21 | Крива Паланка | Xxxxx Xxxxxxxxx | 070/000-000 | 000/376-606 | Ул. Xx.Xxxxxx Xxxxxxxxx бр.175 | |
22 | Крушево | Xxxxxxx Xxxxxxxxxxx | 070/000-000 | 000/477-359 | Ул. Xxxxxx Xxxxxxxx бб | |
23 | Кривогаштани | Коста Дурланов | 070/403-862 | Општина Кривогаштани | ||
24 | Куманово | Насер Даути | 070/403-849 | 031/426-727 | Ул. 11 Октомври бб | |
25 | Македонски Бро | Адријана Лаброска | 070/000-000 | 000/274-770 | Ул. 7 Септември бр.4 | |
26 | Xxxxxxxx | Xxxxx Сашко | 070/000-000 | 000/365-299 | Ул. Xxx Xxxxxxx бб | |
27 | Охрид | Xxxx Xxxxxxxx | 070/000-000 | 000/262-476 | Ул. Димитар Влахов бр.57 | |
28 | Пехчево | Xxxxxxxx Xxxxxxxx | 071/000-000 | 000/441-404 | Ул.Маршал Тито бб | |
29 | Прилеп | Xxxxx Xxxxxxxxxx | 078/000-000 | 000/422-571 | Ул. Питу Гули бр.2 | |
30 | Пробиштип | Кузев Дарко | 078/000-000 | 000/483-124 | Ул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.1 | |
31 | Xxxxxxx | Xxxxxx Xxxxxxx | 070/000-000 | 000/635-605 | Бул. Александар Македонски бб | |
32 | Ресен | Xxxx Xxxxxxxxx | 070/000-000 | 000/451-467 | Ул. "Цар Самоил" бб | |
33 | Свети Николе | Дејан Гичев | 070/000-000 | 000/443-640 | Ул. Плоштад Илинден бб | |
34 | Струга | Ариета Велиу | 071/000-000 | 000/786-433 | ул.Маршал Тито бр.54 | |
35 | Струмица | Xxxxx Xxxxx | 070/000-000 | 000/346-290 | Ул. Xxxx Xxxxxxxxxx бр.5 | |
36 | Тетово | Африм Сејрани | 070/000-000 | 000/338-873 | Ул. Xxxxxx Xxxx бр.68 | |
37 | Xxxx | Xxxxxx Xxxxxxx | 070/403-859 | 02/2612-783 | Ул. Босна и Херцеговина (барака 19 соба 14) | |
38 | Штип | Xxxxx Xxxxxx | 070/000-000 | 000/385-071 | Ул. Генерал Xxxxxxx Xxxxxxxxxx бб |
ПРИЛОГ 3. КОНТАКТ ЛИСТА НА ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ НА АПРЗ
Бр. | АПРЗ РЕ | Име и презиме | Мобилен тел. | Адреса | |
1. | Дирекција | Xxxxxx Xxxxxx | 072 252 431 | Кл. Охридски бб, Пелагонка II-5/3 7000 Битола | |
2. | РЕ Скопје | Xxxxxxxx Xxxxxxxx | 072 262 623 | III Македонска Бригада бр. 10, Скопје | |
3. | РЕ Тетово | Xxxxx Xxxxxxxx | 072 244 481 | 29-ти Ноември бб , Тетово | |
4. | XX Xxxxxxxx | Xxxxxx Xxxxxx | 070 409-096 | Беличица бр.123, Гостивар | |
5. | РЕ Куманово | Xxxxx Xxxxxxxx | 000 000 000 | Братство и единство бр.28, Куманово | |
6. | РЕ Св. Николе | Јорданче Петков | 070 409 114 | Ленинова бб, Свети Николе | |
7. | РЕ Xxxxx | Xxxxxx Xxxx | 000 000 000 | Xxxxx Xxxxxxxxx бр.1, Велес | |
8. | РЕ Битола | Xxxxxxx Xxxxxx | 070 409 005 | Новачки пат бб, Битола | |
9. | РЕ Прилеп | Xxxxxxx Xxxxxxxx | 070 409 081 | Ленин бр.127, Прилеп | |
10. | РЕ Ресен | Xxxxx Xxxxxxxxxx | 070 409 075 | Xxxxx Xxxxxx бб, Ресен | |
11. | РЕ Охрид | Xxxxxx Xxxxxxxx | 070 409 064 | Димитар Влахов бр.60, Охрид | |
12. | РЕ Струга | Слаѓана Калајџиеска Бебекоска | 070 409 073 | Градски Пазар бб, Струга | |
13. | РЕ Кавадарци | Xxxxxxxx Xxxxxxx | 070 409 076 | Партизанска бб, Кавадарци | |
14. | РЕ Xxxxxxxx | Xxxxx Xxxxx | 070 409 043 | Маршал Тито бб, Неготино | |
15. | РЕ Струмица | Танкица Xxxxxxxxx | 070 409 103 | Ленинова бб, Струмица | |
16. | XX Xxxxxxxxx | Xxxx Xxxxxxx | 070 409 124 | Индустриска бр.1, Гевгелија | |
17. | РЕ Штип | Мите Николовски | 070 409 019 | Железничка бр. 7-а , Штип | |
18. | РЕ Кочани | Xxxxxxxx Xxxxxxxx | 070 409 143 | Xxxxxx Xxxxx бб, Кочани | |
19. | XX Xxxxxx | Xxxxx Xxxxxxxx | 070 409 053 | Браќа Xxxxxxxxxxx бб, Виница | |
20. | РЕ Кичево | Лупче Данилоски | 000 000 000 | Мирко Милески бр.4, Кичево |
ПРИЛОГ 4. ПРАШАЛНИК ЗА СОБИРАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
1. Големина на предложеното консолидационо подрачје (ha):
2. Сразмер помеѓу приватно и државно земјиште во рамките на предложеното консолидационо подрачје (%):
a. Приватна сопственост
b. Државна сопственост
3. Број на земјишни парцели во рамките на предложеното консолидационо подрачје
4. Број на сопственици на земјиште заинтересирани за консолидација на земјиште
5. Опис на предложеното консолидационо подрачје (назив на областа, географски
особености и сл.)
6. Присуство на објекти во рамките на предложеното консолидационо подрачје:
Вид | Број на објекти | Вкупна површина под објектите |
Стакленици | ||
Пластеници | ||
Објекти од траен карактер (број на објекти, опис, вкупна површина под објектите) |
7. Опис на инфраструктурата во рамките на предложеното консолидационо подрачје:
Постоење на рурални патишта | |
Систем(и) за наводнување | |
Систем(и) за одводнување |
Прашања што треба да ги пополни МЗШВ:
a) Процент на парцели земјоделско земјиште упишано во Катастарот на недвижности (извор –
Агенција за Катастар на недвижности
b) Застапеност на повеќегодишни култури (извор – ЛПИС)