Contract
0202/180-09.02.2023
Општи услови за работење со хартии од вредност на НЛБ Банка АД Скопје
Пречистен текст
Февруари 2023 година
Содржина
1. Дефиниции 3
2. Ризици 5
3. Берзанско посредување 5
4. Чување на хартии од вредност 13
5. Заеднички одредби 13
Општи одредби
НЛБ Банка АД Скопје, Ул.Мајка Тереза бр.1, 1000 Skopje (во понатамошниот текст: Банката), членка на НЛБ група.
Телефон: x000 0 0000 000/357/354
E-mail: xxxxxx@xxx.xx SWIFT код: XXXXXX00
Општите услови на работење со хартии од вредност ги уредуваат меѓусебните права и обврски на Банката и на клиентот, при извршувањето на долунаведените услуги во врска со хартиите од вредност, кои што Банката, согласно овие Општи услови и евентуалните посебни договори, ќе ги извршува со наплатување на надомест и трошоци од клиентите, во согласност со стручна грижа на добра компанија за берзанско посредување:
- купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот и во свое име и за своја сметка на домашен и на странски пазар;
- вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со и без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
- дејствување како покровител при котација;
- извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
- чување на хартии од вредност и
- вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност..
Со потпишување на договор за обезбедување услуги со хартии од вредност, клиентот потврдува и гарантира:
• дека има право и може да склучи договор и трансакции во врска со тој договор;
• дека ги добил сите неопходни одобрувања и овластувања за склучување на поединечен договор и поврзаните трансакции и/или дека ќе вршат трансакции во рамките на ограничувањата, доколку таквите ограничувања се применливи;
• дека склучувањето на трансакциите поврзани со поединечен договор и поединечниот договор не се во спротивност со основачкиот акт и статутот на друштвото или договорните документи склучени со трети лица и
• дека имал можност да се запознае со овие Општи услови и дека ги прифаќа истите.
1. Дефиниции
Член 1
Изразите што се употребени во овие Општи услови на работење го имаат следново значење, доколку во одделен случај од текстот на договорот не произлегува поинаку.
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Тоа се следниве инструменти: а) акции;
б) обврзници;
в) инструменти на пазарот на пари;
г) акции во инвестиционите фондови кои работат според Законот за инвестициони фондови;
д) деривативни финансиски инструменти;
ѓ) потврда за странска хартија од вредност и
е) други финансиски инструменти согласно законската регулатива..
БЕРЗАНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ e посредување при извршување на берзански трансакции за купување, односно продажба на хартии од вредност согласно прописите на овластена берза т.е. финасиски пазар..
НАЛОГ ЗА КУПУВАЊЕ или НАЛОГ ЗА ПРОДАВАЊЕ или НАЛОГ e еднострана инструкција на клиентот кој може да биде даден усно, писмено или во електронска форма, а со кој на Банката и се наложува да изврши определена трансакција со хартии од вредност за сметка на клиентот.
Начинот на кој клиентот го дава налогот на Банката се утврдува со договор меѓу Банката и клиентот.
ПРИЕМ НА НАЛОГОТ e прием на налогот на клиентот од страна на Xxxxxxx и негово внесување во книга на налози.
ИЗВРШУВАЊЕ НА НАЛОГОТ или ТРАНСАКЦИЈА или СКЛУЧУВАЊЕ НА ТРАНСАКЦИЈА е
склучување на куповни односно продажни правни зделки/трансакции со хартии од вредност врз основа на налозите на клиентот.
ПОРАМНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ е исполнување на паричните обврски и обврските на пренос на хартии од вредност од извршениот налог на начин и под услови, како што определуваат соодветните прописи.
СМЕТКА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е сметка за хартии од вредност која што е во сопственост на клиентот, а која што се води во електронска форма во базата на Централниот депозитар за хартии од вредност, или во регистарот на обврзници или збирна сметка во странски депозитар или странска старателска банка
СТРАНСКА ВАЛУТА е валута различна од македонскиот денар и прифатлива за Банката. ЧУВАЊЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично).
ОРГАНИЗИРАН ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ или БЕРЗА е пазар на хартии од вредност во земјата и во странство, којшто на јавноста и е достапен посредно или непосредно, каде што тргувањето се одвива редовно и кој е уреден и е под надзор на надлежните органи.
ТРГУВАЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е склучување на правни зделки на купување, односно продажба на хартии од вредност во земјата и во странство.
ДОГОВОР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ КУПОПРОДАЖБА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ (НА ДОМАШЕН ИЛИ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ) е договор со кој Банката
за платен надомест се обврзува да ги извршува налозите за сметка на клиентот во земјата или во странство, во понатамошниот текст Договор.
ДЕПОЗИТАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ е акционерско друштво, коешто во Република Северна Македонија, врз основа на дозвола од Комисијата за хартии од вредност, извршува услуги на регистрација на хартии од вредност, порамнување на трговски трансакции, нетрговски преноси и други услуги во согласност со соодветните прописи.
СООДВЕТНИ ПРОПИСИ се законски и подзаконски акти, правила, политики односно постапки, коишто секогаш важат на територијата на Република Северна Македонија и/или на местото (или институцијата) во која се извршуваат услугите и трансакциите или други активности поврзани со хартиите од вредност, како и правилата што се применуваат во областа каде што хартиите од вредност се примени на тргување на регулиран пазар.
ИЗВЕСТУВАЊА се писмени или усни известувања, коишто се определени во член 39 од овие Општи услови.
ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ е лице коешто има право да прима и извршува налози и да дава услуги, односно да прима и да дава други известувања, поврзани со услугите со хартии од вредност кои Банката ги извршува за своите клиенти.
ТАРИФА НА БАНКАТА е секогаш важечка тарифа на Банката.
РАБОТЕН ДЕН е ден (освен саботите, неделите и празниците во земјата и во странство при тргување со странски хартии од вредност), во кој Банката дава услуги со хартии од вредност, доколку овие Општи услови, односно посебните договори не определуваат поинаку..
2. Ризици
Член 2
Вложувањата во хартии од вредност се ризични, затоа клиентот потврдува дека е свесен и дека го прифаќа ризикот дека вредноста на хартиите од вредност може неочекувано да се промени, заради движењата на пазарот и други фактори што влијаат на пазарот на хартии од вредност, a врз коишто Банката нема никакво влијание.
Банката на клиентот не му ја гарантира профитабилноста на хартиите од вредност и не одговара пред клиентот или пред кое и да е друго лице за евентуалната посредна или непосредна штета, обврски и/или загуба, што настанале како последица од извршување на овие Општи услови и Договорот. Исто така, Xxxxxxx не ја превзема одговорноста за последиците од одлуките на клиентот во врска со Договорот.
Сите инвестиции во странство или инвестициите со странски елемент можат да бидат изложени на ризик од странски пазари, кои претставуваат различни ризици од оние на домашниот пазар, при што во некои случаи ризиците може да бидат повисоки од оние кои клиентот ги презема кога вложува на домашен пазар. Веројатноста за добивка или загуба од трансакции на странски пазари или договори во странски валути исто така зависи и од флуктуациите на девизните курсеви.
3. Берзанско посредување
Налози за купување и /или продажба на хартии од вредност Член 3
Xxxxxxx прима налози на странките во рамките на своето работно време во работниот ден, од 8 до 16 часот.
Член 4
Банката ги прифаќа, препраќа и извршува налозите на клиентите во согласност со применливите прописи и интерни акти, како и со други релевантни прописи и правила кои се применуваат на пазарот, каде што хартиите од вредност кои се предмет на налогот се примени на тргување.
Банката прима налози за купување, односно продажба, по телефон, во писмена форма или во електронска форма.
Пред приемот на првиот налог на клиентот за купување, односно продажба, Банката и клиентот склучуваат Договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност, во писмена форма. Доколку клиентот сака да дава налози и во електронска форма склучува и дополнителен посебен договор со кои се уредуваат условите под кои Банката му овозможува пристап на клиентот за користење на електронскиот систем за тргување.
Член 5
За време на приемот на налогот се смета моментот кога (I) Банката на клиентот писмено, телефонски или електронски ќе му го потврди приемот на налогот, на начин и во форма, како што е оределено во договорот и кога (II) Банката ќе ги прими хартиите од вредност или полномошното за резервирање хартии од вредност за идна продажба на начин, определен во Договорот, односно кога ќе ги прими соодветните докази за уплатени парични средства, како што е предвидено во член 13 и 14 од овие Општи услови, освен ако Xxxxxxx, при приемот на налогот за купување, изрично не изјавила дека не бара уплата однапред.
Со упис на налогот во книгата на налози, се смета дека Xxxxxxx го прифатила налогот.
Член 6
Изрично се смета за договорено Xxxxxxx да може да ги снима телефонските разговори меѓу клиентот и Xxxxxxx, при што таквата тонска снимка се смета за веродостоен доказ за фактите што се тврдат, особено, а не исклучиво, за давањето и содржината на налогот. Во случај на телефонски налог во врска со кој не постои тонска снимка клиентот е должен на барање на Xxxxxxx дополнително да обезбеди писмен налог.
Во случај на усмен налог, барање, известување или порака (во продолжение: усно известување) според овие или во врска со овие Општи услови и Договорот, се смета дека усното известување било посредувано на соодветен начин:
(I) ако како посредник на усното известување се претставило лице, коешто во Договорот, е наведено како овластено лице на договорната странка, којашто ја предава усната порака и
(II)ако како примач на усната порака се претставило овластено лице од договорната страна.
Содржина на налогот Член 7
Клиентот со налогот од член 3 од овие Општи услови, кој што го доставува до Банката, на начин и во форма, определена во Договорот, ги определува пред се:
- име и презиме (за физичко лице), односно назив (за правно лице) на клиентот;
- матичен број на клиентот;
- сметка за хартии од вредност на клиентот во овластен депозитар;
- тип на налог (купува или продава);
- назив и опис на хартијата од вредност;
- шифра на хартијата од вредност;
- количина на хартии од вредност;
- цена по која треба да се изврши налогот (освен за пазарниот налог);
- датумот до кога важи налогот;
- датум, час и минута на прием на налогот;
- специјални услови за реализација на количината (доколку ги има);
- дополнителни услови за реализација (доколку ги има);
- потпис на клиентот.
Налогот за тргување на странски пазари ги содржи следните елементи:
- име и презиме ЕМБГ, број на лична карта, односно број на пасош (за физичко лице), односно назив седиште, држава, матичен број на правното лице (за правно лице) на клиентот;
- шифрата на клиентот во овластеното правно лице (број на договор склучен со клиент);
- тип на налог (купува или продава);
- вид на хартија од вредност кој се тргува;
- државата каде што е издадена хартијата;
- ИСИН на хартија од вредност;
- код на странскиот пазар преку која ќе се изврши налогот;
- ИСО код (ISO 10383- Codes for exchanges and market identification (MIC))
- количина за тргување;
- цена за реализација на тргувањето;
- потпис на клиентот.
Промена, отповикување и неприфаќање на налогот
Член 8
Доколку клиентот, по приемот на налогот од страна на Xxxxxxx, ја промени цената, количината или кој и да е друг елемент од налогот, се смета дека го отповикал првичниот налог и дека дал нов налог. Клиентот може својот налог да го промени или да го отповика, само ако Xxxxxxx, врз основа на првичниот налог на клиентот, сеуште не ги купила, односно продала хартиите од вредност.
Банката има право да не го прифати приемот и извршувањето на налогот во случај ако според нејзино мислење налогот, односно неговото извршување, е во спротивност со соодветните прописи или со деловната политика на Xxxxxxx и исто така доколку Xxxxxxxx не обезбедил адекватна количина на хартии од вредност за извршување на налогот за продажба или адекватен износ на парични средства потребни за извршување на куповниот налог.
Банката мора клиентот да го извести за неприфаќањето на налогот.
Доколку финансискиот посредник од странство ја извести Xxxxxxx дека не постојат услови за реализација на налогот, се смета дека истиот е откажан од страна на клиентот.
Видови на налози Член 9
Видови на налози што клиентот може да и ги даде на Xxxxxxx:
1. Пазарен налог
• Пазарен налог е дневен налог без утврдена цена.
2. Лимитиран налог
• Клиентот определува ценовно ограничување (ја дефинира прифатливата цена за купување
-највисоката цена или за продавање -најниската цена. Лимитиран налог за купување може да се реализира по утврдената цена или по пониска цена. Лимитиран налог за продавање може да се реализира по утврдената цена или по повисока цена.
Лимитиран налог со специфични инструкции – налог кој освен лимитираната цена за извршување содржи и други инструкции кои го условуваат извршувањето на налогот.
Доколку се работи за лимитиран налог кој содржи специфични инструкции, Xxxxxxx не е должна да го изврши налогот под условите од претходниот став т.е. под услови кои се поволни (во најдобар интерес) за клиентот, односно мора да го изврши налогот во согласност со специфичните инструкции од клиентот, при што обврската на Банката за постапување под услови кои се поволни (во најдобар интерес) за клиентот се смета за исполнета.
Банката ги прифаќа следните видови лимитирани налози за тргување:
• Налози без дополнителни или специјални услови (се реализираат како што е наведено во точка 2.)
• Налози со дополнителни услови за реализација:
- налог изврши или откажи - се користи само за хартиите од вредност кои се тргуваат во режимот на аукциско тргување, во фазата на дополнително тргување. Се реализира единствено по аукциска цена, а нереализираната количина aвтоматски се отстранува од Бест системот.
- налог со скриена количина – на пазарот е прикажана само видливата количина /дел на налогот, а остатокот на налогот е внесен во системот како скриена количина.
• Налози со дополнителни услови за рокот на важност:
- дневен налог – важи само на денот на внес на налогот во Бест системот.
- налог со важност до одреден датум – важи се додека не се реализира или најмногу 30( триесет) календарски денови.
Налози со специјални услови за реализација на количината – се или ништо – налогот се или ништо е дневен налог кој мора да биде ивршен целосно преку една или повеќе истовремени трансакции. Овој налог се реализира доколку на спротивната страна има друг налог или доколку налозите на спротивната страна го исполнуваат целосно условот за - се или ништо -.
3. Xxxxxxx во лимитиран налог
• Налог во којшто клиентот не утврдува ограничувања во цената, односно ја прифаќа најдобрата цена на пазарот, при што, доколку налогот не се изврши во целост, остатокот од налогот се трансформира во лимитиран налог за преостанатата количина по цена по која е делумно извршен во фазата на отворен пазар или по аукциската цена формирана во фазата на отворање на пазарот или при прекинувачка аукција. Овој вид на налог во БЕСТ системот се внесува како дневен налог. За овој вид на налог не е дозволена употреба на специјални услови ниту дополнителни услови за реализација на налогот, освен задолжителните елементи на налогот и може да се внесе во БЕСТ системот само доколку има формирано референтна цена за определена хартија од вредност.
4. Стоп налог
• Стоп налог е вид на налог во којшто клиентот утврдува стоп цена, при што налогот се активира во БЕСТ системот доколку при тргувањето со хартијата од вредност на која гласи налогот биде постигната утврдената стоп цена. До постигнување на стоп цената, овој вид на налог е неактивен и скриен во пазарната длабочина. За овој вид на налог не е дозволена употреба на специјални услови, ниту дополнителни услови за реализација на налогот, освен задолжителните елементи на налогот.
Извршување на налозите од клиентите Член 10
Банката ги извршува налозите дадени од клиентите на Македонската берза, ги доставува налозите на клиентите до партнерот, за извршување на места за тргување (пазари) на кои Банката нема директен пристап. Xxxxxxx е одговорна само за инструкциите дадени на партнерот за извршување.
Согласно Правилата за тргување на Македонска берза, налозите за купување или продавање мора да бидат реализирани преку БЕСТ системот, со исклучок на администраторските блок трансакции.
Банката ги евидентира налозите на клиентите во согласност со соодветните прописи.
Банката е должна да го изврши налогот на клиентот, односно да склучи трансакција согласно дадените инструкции од клиентот веднаш штом условите на пазарот на хартиите од вредност дозволуваат негово извршување.
Банката ги извршува налозите на клиентите за купување и/или продавање на хартии од вредност во согласност со приоритетот во книгата на налози. Приоритетот на извршување на налозите е пропишан со правилата на берзата.
Банката не смее да купува и/или продава хартии од вредност за своја сметка или за сметка на лице вработено во Службата за услуги со хартии од вредност на Банката, ако со ваквото купување или продавање би се оневозможило извршување на налог на клиент за купување и/или продавање или ако поради тоа тој налог би можел да се реализира по понеповолни услови за клиентот.
Процедури за извршување на налозите од клиентите под најповолни услови
При извршување на налогот од клиентот, Xxxxxxx е должна да ги преземе сите неопходни активности за извршување на налогот под услови кои се најповолни за клиентот со внимание на добар стопанственик. Банката при извршување на налогот, ќе ги има во предвид следните фактори кои се релевантни за извршување на налогот под најповолни услови:
- цената на хартиите од вредност;
- трошоците за трансакцијата;
- начинот и брзината на извршување;
- големината и видот на налогот од клиентот;
- карактеристики на налогот од клиентот;
- движењето на цената во изминатиот период;
- изложените куповни и продажни налози на пазарот;
- други околности кои се важни за извршување на налогот.
Наведените фактори за постигнување на најповолни услови при извршување на налозите на клиентите Банката ќе ги проценува согласно:
- видот на клиентот (мал или професионален институционален инвеститор);
- видот на налогот на клиентот (пазарен, лимитиран);
- веројатноста за извршување на налогот на клиентот.
Со потпишувањето на Договорот за берзанско посредување, се смета дека Xxxxxxxx дал согласност на процедурите за извршување на налозите од клиентите под најповолни услови.
Специфични инструкции кај лимитираните налози
Доколку лимитираниот налог од клиентот содржи специфична инструкција, таквиот налог, доколку е тоа можно, Банката ќе го изврши согласно дадената специфична инструкција и покрај тоа што исходот од таквото извршување на налогот можеби нема да биде најповолен за клиентот во конкретниот случај. Доколку Xxxxxxx постапува согласно дадената специфична инструкција, Xxxxxxx не е должна да го изврши налогот под условите кои се најповолни за клиентот опишани во овој член, при што ќе се смета дека е исполнета обврската за извршување на налогот под најповолни услови.
Специфичната инструкција за реализација на налогот треба да биде јасна и недвосмислена и истата може да се однесува на: времето на внес на налогот во БЕСТ системот, количината, цената, конкретна ситуација на пазарот и други фактори. Кога Xxxxxxx ќе прими лимитиран налог со специфична инструкција од страна на клиентот, таквата инструкција ќе биде составен дел на налогот.
Специфичната инструкција клиентот може да ја даде по телефон, писмено, во регистрираните деловни простории на Банката при давање на самиот налог, или по електронска пошта или телефакс. Клиентот може да ја промени својата инструкција, да ја повлече или да даде нова, само доколку Xxxxxxx врз основа на иницијалната инструкција, сеуште не ги купила, односно продала хартиите од вредност.
Xxxxxxx го задржува правото дополнително да одлучува од кои клиенти ќе прима лимитирани налози со специфична инструкција за реализација.
Надомест, трошоци и давачки
Член 11
За извршување на услугите на посредување при купопродажба на хартии од вредност клиентот на Банката и плаќа надомест и и ги плаќа трошоците што произлегуваат и се поврзани со посредувањето, во висина и на начин, определен во секогаш важечката тарифа или одлука на Банката, доколку со Договорот не е определено поинаку.
Клиентот е должен да ги плати надоместоците и трошоците од претходниот став на овој член пред извршувањето на налогот, освен ако со Договорот не е определено поинаку или ако Xxxxxxx не му постави на клиентот поинакви барања. Во надоместот на Банката покрај цената за нејзино извршување на услугите на посредување при купопродажба на хартии од вредност се пресметани и провизиите, односно трошоците од трансакциите со хартии од вредност и тоа берзански провизии и провизии на депозитари на хартии од вредност според важечкиот тарифник на овие институции.
Клиентот е должен да ги плати таксите, трошоците и даноците (во натамошниот текст: плаќања), кои произлегуваат од и/или се поврзани со трансакциите склучени за сметка на клиентите (особено, но не исклучиво надоместот за тргување со хартии од вредност, директни трошоци за извршување на налози на клиенти преку партнери за извршување или лица до кои Банката доставува налог на клиентот за извршување, директни трошоци за порамнување на трансакции со хартии од вредност, трошоци на домашни или странски депозитари, сите даноци, давачки и други јавни давачки) во износ еднаков на стварниот трошок, освен ако не е поинаку наведено во овие Општи услови и/или договорот за обезбедување услуги со хартии од вредност. Доколку е можно, Xxxxxxx ќе го извести клиентот однапред за трошоците наведени во претходната реченица.
Банката врши услуги и трансакции на девизен пазар во име на клиент во согласност со договорот за обезбедување на услуги со хартии од вредност или друг релевантен договор и кога Xxxxxxx ќе спроведе порамнување со суб депозитар во име и за сметка на клиентот, што не е во валутата на трансакцијата.
Сите евентуални даноци, такси и други оптоварувања (во продолжение: даноци) се на товар на клиентот и тој мора во случај тие да бидат платени од страна на Xxxxxxx да и ги врати на Банката веднаш по известувањето од страна на Банката, но најдоцна на денот на порамнувањето, освен ако поинаку не е определено.
Член 12
Без оглед на претходниот член на овие Општи услови, Xxxxxxx во случај на извршување на налогот за продажба, ќе ги пресмета и ќе ги наплати надоместокот, трошоците и даноците од претходниот член на овие Општи услови на товар на примените средства од продажбата на хартиите од вредност. Доколку Банката од која и да е причина нема да може во целост или делумно да ги пресмета и наплати надоместоците, трошоците и даноците од претходниот член на овие Општи услови, од средствата од продажбата на хартии од вредност, се зема предвид истекот на рокот од претходниот член.
Депонирање на средства Член 13
(1) Клиентот се обврзува дека пред извршувањето на налогот за купување на посебната сметка на Банката во Народна банка на РСМ ќе ги депонира потребните средства (износ за купување со вклучени зависни провизии), согласно договорот, чија висина, за секој налог, зависно од неговиот вид и од условите на пазарот, го определува лице овластено од Банката. Во случај кога клиентот има трансакциска сметка во Банката, може да ја овласти
Банката да изврши резервирање на средства од трансакциската сметка во висина потребна за извршување на куповниот налог.
(2) Паричните средства за реализација на налозите во странство се уплатуваат/исплатуваат на посебната сметка на Банката или друга сметка на банката или старателска сметка.
Член 14
Доколку клиентот во рок од 30 дена не реализира ниту една куповна трансакција, Xxxxxxx е должна паричните средства уплатени за купување на хартии од вредност и/или паричните средства за кои добил писмена инструкција од клиенот согласно член 15 од овие Општи услови, да му ги исплати во целост по истекот на 30-тиот ден (односно првиот нареден работен ден).
Доколку клиентот во рок од 30 дена реализира куповна трансакција чија вредност е пониска од средствата кои се на сметката за порамнување врз основа на писмената инструкција на клиентот согласно изјавата од член 15, став 2 и/или врз основа на средства уплатени за купување на хартии од вредност, правното лице е должно по истекот на 30-тиот ден (односно првиот нареден работен ден) да ја исплати разликата, односно преостанатите парични средства во целост.
Доколку во периодот од 30 дена клиентот континуирано врши купување и продавање на хартии од вредност, рокот од 30 дена согласно изјавата од член 15 ќе се смета за сите продажни трансакции и претходно уплатени средства за купување на хартии од вредност согласно член 13, по методот ФИФО (прв влезен прв излезен).
Депонираните средства, односно неискористените средства, не се сметаат за депозит и за нив не постои камата.
Член 15
Доколку клиентот, во согласност со член 13, односно член 14, од овие Општи услови на работење, на Банката и депонирал средства на посебната сметка за исполнување на паричните обврски од налогот за купување, износот платен за купување се порамнува од депонираните средства. Ако Xxxxxxx не побарала депонирање на средства во времето на изготвување на налогот, или ако износот на депонираните средства не е доволен за порамнување на паричните обврски од купувањето на хартии од вредност, клиентот е должен веднаш по известувањето од страна на Банката да ги доплати потребните парични средства, освен ако не е поинаку договорено со Банката.
Уплата на средствата од продажба
Член 16
Банката се обврзува по порамнувањето на продажните трансакции да го уплати износот на примените средства од извршениот налог за продажба, намален за одбитоците во согласност со овие Општи услови и Договорот, на сметката на клиентот најдоцна следниот работен ден од приемот на средствата за продажба од извршениот налог, освен ако клиентот и Банката не се договорат поинаку.
По исклучок на став 1 од овој член, доколку клиентот даде писмена инструкција паричните средства од продажба на хартиите од вредност да не му се исплатуваат на неговата сметка, односно истите да останат на посебната сметка за порамнување на Банката во Народна банка на РСМ, во тој случај паричните средства може да останат на посебната сметка за порамнување најмногу 30 дена од денот на порамнување на продажната трансакција.
Пресметка на трансакција (извештај за клиентот)
Член 17
Xxxxxxx го известува клиентот за реализација на налозите и порамнувањето на обврските од склучените трансакции не подоцна од 2 работни дена од датумот на порамнување, во согласност со соодветните прописи и Договорот.
Пресметката за тргување на домашен пазар ги содржи следните елементи:
- име и презиме / назив (за правно лице)
- адреса / седиште (за правно лице)
- називот на издавачот на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- видот и класата на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- видот на налогот - куповен или продажен;
- количината на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- цената по која хартиите од вредност се купени, односно продадени;
- надоместокот за извршената трансакција;
- датумот на приемот на налогот за тргување и
- датумот на порамнување на трансакцијата.
Пресметката за тргување на странски пазар ги содржи најмалку следните елементи:
- име и презиме / назив (за правно лице)
- адреса / седиште (за правно лице)
- Ознака дали се работи за купување или продавање;
- вид на хартија од вредност;
- ИСИН на хартија од вредност;
- полното име на хартијата од вредност;
- код на странскиот пазар преку која ќе се изврши налогот;
- Цената по која е реализирано тргувањето;
- Количина која е реализирана;
- Вкупниот износ на реализираната трансакција;
- Трошоците за реализација на трансакцијата (брокерски трошоци, трошоци за порамнување, трошоци за организараниот пазар, регулаторни трошоци, даноци како и сите останати трошоци кои настанале при реализација на трансакцијата).
Судир на интереси
Член 18
Банката е должна клиентот да го поучи за евентуалните судири меѓу интересите на клиентот и интересите на Xxxxxxx, односно интересите на другите клиенти на Банката.
Вкрстени трансакции Член 19
Банката може да склучува вкрстени трансакции во кои би се реализирал налог од клиент од една страна со налог на друг клиент, со налог на Банката како принципал или со налог на вработен во Службата за услуги со хартии од вредност од спротивната страна.
4. Чување на хартии од вредност
Договор за чување на хартии од вредност Член 20
Договор за чување на хартии од вредност е договор со кој се уредува начинот на отварање и водење на сметки на хартии од вредност за клиенти во депозитар, отварање и водење на сметки на хартии од вредност за клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност а за сметка на нивните клиенти, и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на доспеани побарувања од издавачите врз основа на доспеани хартии од вредност, исплата на дивиденда и/или камата, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност во негова сопственост и слично).
5. Заеднички одредби
Водење и чување на документацијата Член 21
Xxxxxxx смее во согласност со важечките прописи да собира, да води, да обработува и да чува податоци поврзани со овие Општи услови чиј што обем и рок на чување ќе биде во согласност со законските прописи и утврден со интерните акти на Банката. Банката има усвоено и процедури за работа со телефонски налози.
Грижа Член 22
При извршување на работи според овие Општи услови Банката ќе се однесува со грижа на добар стопанственик и стручњак и согласно со соодветните прописи.
Член 23
Клиентот се обврзува дека за непречено извршување на берзанско-посреднички услуги на Банката, на нејзино барање, ќе и испорача, односно ќе и посредува соодветна документација, односно информации и податоци. Клиентот е должен да ја известува Банката за сите околности, коишто се важни за извршување на услугите на Банката во согласност со овие Општи услови и договорот.
Одговорност Член 24
Банката нема да биде одговорна пред Клиентот или кое било друго лице за каква било директна или индиректна штета, обврска и/или загуба што произлегува од ризиците што ги презема Клиентот при потпишување на договорот за услуги со хартии од вредност, освен во случаите утврдени во овие Општи услови или горенаведените договори.
Банката не е одговорна за дејствијата и/или пропустите на трети лица кои се одговорни за водење на хартии од вредност и парични средства на клиентот (во натамошниот текст: "трета страна") или за какви било последици што клиентот може да ги трпи поради несолвентност на трети страни, или потенцијална директна или индиректна штета, трошоци или други обврски кои клиентот може да ги претрпи во овој однос.
Без оглед на другите одредби на овие Општи услови:
(I) Xxxxxxx пред клиентот или трети лица не одговара за евентуалната непосредна или посредна штета, обврските и/или загубата, настанати како последица на исполнувањето на обврските на Банката согласно овие Општи услови и договорот, освен во случај на нејзино делување со умисла
или голема негрижа, чијашто содржина се оценува во согласност со стандардите за грижливост на добар стопанственик.
(II) Клиентот се обврзува дека на Банката ќе и ја плати секоја штета, трошоци и дека воопшто ќе ја ослободи од сите обврски настаната кон Банката од односот кон кое и да е лице, коишто се последица од извршувањето на услугите според овие Општи услови и Договорот, освен во случај на однесување со умисла или голема негрижа на Xxxxxxx, чијашто содржина се оценува согласно со стандардите за грижливост на добар стопанственик.
(III) Банката нема да биде одговорна за однесување и пропусти, како и за последиците од таквото однесување и пропусти кои се делумно или целосно резултат на настани или околности над кои нема влијание, вклучувајќи го и дефектот на телекомуникациската опрема, електронските медиуми, дефектот на системите на пазарите на хартии од вредност и однесувањето на трети лица, како што се ЦДХВ, странски централни депозитари, суб-депозитари, партнери за извршување, берзи и други.
(IV) Банката нема да биде одговорна за однесувањето и пропустите, како и за последиците од таквото однесување и пропустите, како и за сите штети, трошоци или други обврски што ги сноси Клиентот (i) во случај кога пристапот на Клиентот или на Банката до интернет не функционира и/или
(ii) во случај Клиентот да не ги провери дојдовните пораки и/или (iii) во случај на дефект или неуспех во хардверот и софтверот на Банката или Клиентот поради причина која може особено да предизвика (но не исклучиво) Банката или Клиентот да не добиваат никакви известувања или други пораки на Банката или на Клиентот кои се испраќаат преку Интернет.
Член 25
Клиентот ги презема од Банката сите обврски од услугите според овие Општи услови и Договорот, коишто Xxxxxxx ги извршила за нејзина сметка.
Доцнење со плаќање Член 26
Клиентот, во случај на доцнење со плаќање на која и да е доспеана и непорамнета обврска, според овие или во врска со овие Општи услови и Договорот, е должна на Xxxxxxx да и плати и законска казнена камата.
Член 27
Во случај на доцнење на клиентот при плаќањето на која и да е доспеана или непорамнета сума, којашто и ја должи на Банката, според овие или во врска со овие Општи услови или Договорот, клиентот е должен истата да ја подмири во најкус можен рок или евентуално да даде налог за продажба на своите хартии од вредност за подмирување на кој и да е доспеан и неплатен износ, според овие и во врска со овие Општи услови и Договорот.
Промени на општите услови на работењето Член 28
Во случај на промена на соодветните прописи или/и одлуки на кој и да е орган на власта, односно орган со јавни овластувања, коишто влијаат на исполнувањето на обврските на Банката, според овие или во врска со овие Општи услови и Договорот (во продолжение:промена на прописи), Банката според сопствена проценка и одлука има правo:
(I) да ги измени, односно да ги дополни овие Општи услови, односно наведениот договор, во согласност со таквата промена на прописите и согласноста на клиентот, или
(II) да отстапи од наведениот договор.
Ако клиентот, во случај под (I) од претходниот став од овој член, не се согласува со таква промена, односно дополнување, Xxxxxxx има право веднаш да отстапи од наведените договори.
Се претпоставува дека клиентот се согласува со промените на Општите услови на работење и наведените договори, ако во рок од 7 работни дена од денот на објавувањето на истите во
просториите и на интернет страницата на Банката писмено не ја извести Xxxxxxx за тоа дека не се согласува со тие промени, односно дополнувања.
Член 29
Без оглед на одредбата од претходниот член на овие Општи услови, Xxxxxxx има право еднострано да ги промени, односно да ги дополни овие Општи услови, доколку со таквите промени, односно дополнувања, суштински не ги ограничува правата и обврските на клиентот (во продолжение:суштински промени), според овие и во врска со овие Општи услови и договорот.
Во случај на суштински промени Банката има право да отстапи од наведените договори, ако клиентот не се согласува со нив.
Непочитување на обврските Член 30
Во случај на непочитување на обврските согласно со овие и во врска со овие Општи услови и Договорот, (во продолжение:непочитување на договорните обврски) секоја страна може да го откаже договорот во рок од 30 дена и да бара оштета од другата договорна страна.
Член 31
Клиентот е согласен:
(I) дека Xxxxxxx, во случај клиентот да не ги почитува договорните обврски, има право да ги наплати побарувањата, коишто според и во врска со овие Општи услови и Договорот, ги добила за клиентот и
(II) дека депонираните парични средства на клиентот, коишто се уплатени на посебната сметка на Банката или на други сметки за тргување на странски пазари (вклучително и старателски сметки) а ги добила во врска со хартиите од вредност за клиентот, односно кои Банката ги добила врз основа на (I) точка од овој член, Банката има право да ги смета за средства за покривање на отштета на Банката заради евентуалните непочитувања на договорните обврски од страна на клиентот.
Траење на договорниот однос Член 32
Времетраењето на Договорот, и условите за отстапување од него во случаите коишто не се наведени во овие Општи услови, странките ги договараат во самиот договор.
Во случај на откажување на наведениот договор, од причини наброени во овие Општи услови и наведениот договор, наведениот договор се продолжува до конечното порамнување на сите обврски на клиентот и Банката според тој договор, односно трансакциите, склучени пред откажувањето.
Деловна тајна Член 33
Клиентот и Xxxxxxx се обврзуваат дека сите податоци и информации, добиени во врска со овие Општи услови и Договорот, или во врска со нивното извршување, ќе ги третираат како деловна тајна, освен ако со овие Општи услови и наведениот договор и соодветните прописи не е определено поинаку.
За целта на извршувањето на овие Општи услови и одредби и на Договорот или пак извршувањето на права на Банката кои што произлегуваат од овие Општи услови и одредби и Договорот, Клиентот дозволува и со потпишување на Договорот, ја овластува Банката во согласност со применливото законодавство да достави податоци и информации кои произлегуваат од или се поврзани со овие Општи услови и одредби и Договорот на трета страна и/или да прави истражување со третата
страна при што Xxxxxxxx дозволува второ споменатиот да достави такви податоци и информации до Банката.
За цел на спречување на забранети активности, Банката треба да е овластена да пренесува податоци и информации кои што произлегуваат од или се поврзани со овие Општи услови и одредби и со Договорот до секоја трета страна и/или да прави истражувања со трети страни особено (но не и ограничено на) со компетентни владини или други тела и институции во Република Северна Македонија и/или надвор од Република Северна Македонија во согласност со применливото законодавство.
Банката при обработка на личните податоци ќе постапува согласно со Законот за заштита на личните податоци, Законот за банки и сопствените интерни акти кои ја регулираат заштитата на лични податоци и ќе превземе соодветни технички и организациони мерки за заштита на личните податоци.
Постапка на жалби Член 34
Клиентот преку архивата на Банката може да поднесе жалба до раководството на службата за услуги со хартии од вредност во врска со почитувањето на Законот за хартии од вредност, подзаконските акти и правилата на саморегулирачките институции. Банката е должна во рок од 7 дена да достави писмен одговор на жалбата на клиентот на адреса назначена од клиентот или лично во деловните простории на Банката. Писмениот одговор се базира и ги истакнува фактите, повикувајки се на релевантни извори на податоци и/или документи.
Во случај на незадоволство од одговорот, клиентот има право да поднесе приговор до регулаторот и/или саморегулирачките институции.
Судска надлежност и избор на правото Член 35
Банката го предупредува Клиентот дека во врска со трансакциите со странски хартии од вредност и нерезиденти, Банката може да биде обврзана со законите на земјата каде што се издадени хартиите од вредност и/или законите на земјата во која хартиите од вредност се примени за тргување на регулиран пазар и/или законите на земјата во која клиентот е резидент, како и дека правата на Клиентот поврзани со овие хартии од вредност или парични средства може да се разликуваат.
Евентуалните спорови од договорните односи, коишто се темелат врз овие Општи услови клиентот и Xxxxxxx ќе ги решаваат договорно, а во случај на судски спор договараат надлежност на стварно надлежниот суд во Скопје. За проценка на сите договорни односи, коишто се темелат на овие Општи услови се користи македонското право.
Ништовност на одредбите Член 36
Ништовноста или неизвршливоста на одделна одредба на овие Општи услови и Договорот, не влијае на важноста и извршноста на другите одредби.
Во случај одредбата од овие Општи услови да е неважечка или неизвршлива, Xxxxxxx под услови од член 29 и 30 од овие Општи услови, таквата одредба, ќе ја надомести со нова којашто е најблиска до неважечката, односно одредбата што неможе да се исполни и до нејзината намена. Во случај кога некоја одредба од Договорот, е неважечка или неизвршлива, странката и Xxxxxxx
таквата одредба ќе ја надоместат со нова, којашто е најблиска до неважечката, односно до одредбата што неможе да се исполни и до нејзината намена.
Известување Член 37
Банката е должна клиентот да го извести за склучување и порамнување на трансакцијата со хартии од вредност во рок од два дена по денот на порамнувањето.
Банката согласно договорот со клиентот, телефонски или преку емаил поракаго известува за склучување и порамнување на трансакција (при телефонкото известување задолжително треба да има и телефонска снимка). Во овој случај клиентот има право да подигне и писмен извештај од Банката во било кое време, во рок од 1 година од денот на порамнувањето.
Писмениот извештај содржи податоци за:
- називот на издавачот на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- видот, родот и класата на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- видот на налогот – куповен или продажен;
- количината на хартиите од вредност со кои е тргувано;
- цената по која хартиите од вредност се купени, односно продадени;
- надоместокот за извршената трансакција;
- датумот на приемот на налогот за тргување, и
- датумот на порамнување на трансакцијата.
Доколку Банката согласно договорот со клиентот треба писмено да му го достави Извештајот од тргувањето, тогаш се смета дека писменото известување било посредувано на соодветен начин, ако се кумулативно исполнети следниве барања:
(I) писмено известување за договорната странка, на којашто и е наменето, да и е доставено во писмена форма, по пошта (регуларна или електронска по телефакс или во форма на електронска комуникација),
(II) писменото известување на договорната странка, на којашто и е наменето, да е адресирано до овластеното лице и на адреса определена во договорот за посредување при купопродажба на хартии од вредност.
(III) известувањето на клиентот по електронска пошта е посредувано од овластено лице.
За ден на доставување ќе се смета денот кога известувањето соодветно адресирано е поднесено во пошта односно во моментот кога од телефаксот е добиен сигнал за испратена порака, а при достава преку електронска пошта, во моментот на испраќање, доколку не е вратена повратна порака за грешка во испраќањето.
Членство во саморегулирачка организација Член 38
Банката е член на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
Преодни и Завршни одредби
Член 39
Овие Општи услови се изработени на македонски и на англиски јазик, па затоа во случај на евентуално отстапување или неусогласеност помеѓу текстот и/или зборовите од македонската и англиската верзија и/или некој друг тип на забуна или сомнеж, македонскиот текст ќе се употребува за цел на разјаснување на такви евентуални отстапувања и/или неусогласеност и/или забуни или сомнеж.
Член 40
Измените и дополнувањата на Општите услови за работење со хартии од вредност на НЛБ Банка АД Скопје стапуваат на сила од 09.02.2023 година, со што престануваат да важат Општите услови на работење со хартии од вредност на НЛБ Банка АД Скопје бр. 0202-1823 од 18.09.2020 година.
Xxxxxx Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxxx Директор
Деловен сектор за финансиски пазари и средства
Xxxxxxxxx Xxxxxxxxx Помошник директор
Сектор за финансиски пазари и средства