Contract
Општи услови за осигурување на ТИР гаранции
Член 1 – Значење на поимите
(1) Општите услови за ТИР гаранции се применуваат за дефинирање на одговорност на осигурувачот која што произлегува од Гарантно писмо за ТИР карнети.
(2) Одделни изрази употребени во овие Општи услови го имаат следното значење:
Осигурувач – Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување, кое врз
основа на склучениот договор за осигурување го презема осигурениот ризик; Договорувач на осигурување – лице кои склучува договор за осигурување со осигурувачот;
Осигуреник – лице за чија законска одговорност за плаќање на царински давачки се издава гарантно писмо;
Корисник на осигурување – гарантот на ТИР режим во Република Македонија;
Сума на осигурување – највисок износ на обврска на осигурувачот за еден осигурен случај;
Премија – износ кој го плаќа договорувачот врз основа на договорот за осигурување;
Гарантно писмо – исправа за склучениот договор за осигурување.
Член 2 – Основни одредби
(1) Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот на име царински давачки или други трошоци кои што можат да бидат побарани од било кои царински органи, а кои се однесуваат на стоките увезени во било која земја што е опфатена со ТИР системот и за која е предмет на гарантното писмо;
(2) Осигуреникот во писмена форма поднесува барање за добивање на гаранција до осигурувачот. Во прилог на барањето доставува список на возила со кои располага со потребните податоци (регистерски броеви за влекачи, приколки, полуприколки и др.);
(3) Осигурувачот се обврзува дека на осигуреникот ќе му издаде гаранција за пристап до ТИР режим, која ќе му послужи за непречено добивање на ТИР карнет од асоцијацијата која е гарант во системот ТИР во РМ.
(4) Гарантното писмо е непрекинато (постојано) и се издава на неограничено време со правно дејство од 27 месеци од денот на издадените ТИР карнети, во кој рок треба да се достави известување за рекламација на ТИР карнетите по покритие на гарантното писмо.
(5) За издавање на гарантно писмо, потребно е да биде склучен годишен договор за осигурување. Поради запазување на валидноста на гарантното писмо, осигуреникот има обврска полисата за осигурување да ја обновува секоја година. Доколку осигуреникот не го обнови годишното осигурување, осигурувачот останува во обврска по гарантното писмо само по оние ТИР карнети кои биле издадени во периодот на важењето на осигурувањето. За овој прекин, осигурувачот ја известува асоцијацијата која е гарант во системот на ТИР на Р. Македонија.
(6) Барање за рекламирање на ТИР карнетот се доставува од страна на гарантот на ТИР режим во рок од 27 месеци од денот на издадените ТИР карнети.
(7) По исклучок, барањето за плаќање на рекламираните ТИР карнети може да се достави и по истекот на рокот од 27 месеци.
(8) Финансиската обврска на осигурувачот со оваа гаранција е ограничена на
износ кој е наведен во гарантното писмо за влезна гаранција.
(9) Гарантното писмо е со важност се додека не се достави известување од страна на осигурувачот за престанок на важноста на истото. Финансиската обврска на осигурувачот во однос на ТИР карнетите кои ќе бидат издадени по приемот на известувањето ќе биде ништовна и неважечка.
(10) За обнова на гаранцијата по истекот на датумот впишан во гаранцијата, осигуреникот се обврзува да му достави на осигурувачот потврда издадена од асоцијацијата која е гарант во системот ТИР на РМ за тоа колку ТИР карнети користел во претходната година како и потврда дека користените ТИР карнети се во целост раздолжени.
Член 3 – Надлежност во случај на спор
( 1 ) Споровите што настануваат помеѓу договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот на една страна и осигурувачот на друга страна ќе ги решава стварно и месно надлежен суд според седиштето на осигурувачот.
Член 4 – ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
( 1 ) Ако осигурувачот ги измени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договорувачот на осигурувањето во рок согласно законските прописи.
( 2 ) Осигуреникот има право во законски предвидениот рок по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот за осигурување престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
( 3 ) Доколку осигуреникот не го откаже договорот за осигурување, тој со почетокот на следниот осигурителен период се менува согласно со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
Член 5 – ПРОМЕНА НА АДРЕСА
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење односно седиштето, своето или името на фирмата во рок од петнаесет дена од денот на промената.
(2) Ако осигуреникот ја промени адресата на станот односно седиштето, своето или името на фирмата, а при тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување на договорувачот на осигурувањето на адреса која му е последно позната и да го наслови на име кое му е последно познато.
Член 6 – НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
(1) Договорите за содржината на договорот за осигурување се во важност само ако се склучени во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мораат да се напишани.
(3) Известувањето или изјавата се дадени правовремено ако пред истекувањето на рокот се испратат со препорачано писмо.
(4) Изјавата која треба да се даде на лицето важи од моментот кога истото ќе ја прими.
Член 7 – ПРИМЕНА НА ЗАКОН
(1) За правата и обврските на договорените страни што не се регулирани со овие услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување.
ЧЛЕН 8 - ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
(1) Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Назив: Триглав Осигурување АД, Скопје Седиште: бул.„8-ми Септември“ бр.16, Скопје e-mail: xxxx@xxxxxxx.xx
Офицер за заштита на личните податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx
* Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx
ЧЛЕН 9 - ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
ЧЛЕН 10 - ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
ЧЛЕН 11 - ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување
(полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
ЧЛЕН 12 - РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
ЧЛЕН 13 - ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 11, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
ЧЛЕН 14 - ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „xxx.0-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx.
ЧЛЕН 15 - ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЧЛЕН 16 - САНКЦИСКА КЛАУЗУЛА – РЕСТРИКТИВНА МЕРКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
ЧЛЕН 17 - ПРИГОВОР (ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ)
[1] Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој Договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно
корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за отштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
[4] Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма, без одложување, но чнајдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
ЧЛЕН 18 - МЕРОДАВНО ПРАВО И СУДСКА НАДЛЕЖНОСТ
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Споровите што настануваат помеѓу осигуреникот, на една страна, и осигурувачот, на друга страна, ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
ЧЛЕН 19: НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
[1] Орган надлежен за вршење надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за надзор над работењето на осигурувачот.
ЧЛЕН 20: ЗАСТАРУВАЊЕ НА БАРАЊАТА
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 21: Изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
ЧЛЕН 22: ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА
[1] Овие Општи услови со назнака УС-ккарт/20-02-мк влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година
Член 23 – Завршни одредби
За се што не е регулирано со овие услови, важат одредбите од Царинската конвенција за меѓународен превоз на стока врз основа на карнети ТИР (Конвенција ТИР-1975).