Давател на лизинг: го означува ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ како правно лице кое го задржува правото на сопственост над предметот на лизинг, a му пренесува на Корисник на лизинг, овластување за користење на предметот.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ
Овие Општи услови за работење (во натамошен текст ОУР) се составен дел од Договорот за лизинг склучен помеѓу ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ како Давател на лизинг и Корисникот на лизингот.
Поимите дефинирани со Договорот за лизинг имаат исто значење и во овие Општи услови, доколку друго не е посебно одредено. Договорот за лизинг, посебните и Општи услови за лизинг, планот на отплата, записникот за примопредавање, ценовникот за услугите на Давателот на лизинг, задолжителна полиса за осигурување - автоодговорност и каско осигурување, и сите подоцнежни измени и дополни на истите, ќе бидат склучени исклучително во пишана форма.
Значење на изразите:
Давател на лизинг: го означува ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ како правно лице кое го задржува правото на сопственост над предметот на лизинг, a му пренесува на Корисник на лизинг, овластување за користење на предметот.
Корисник на лизингот: означува физичко лице или правно лице како корисник на лизинг, впишано во Договорот за лизинг како корисник на лизингот, кое со друштвото ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ, како Давател на лизинг склучува Договор за лизинг.
Предмет на лизингот: секое возило, опрема, уред или било кој друг подвижен предмет претставува предмет на Договорот за лизинг.
Испорачател: физичко или правно лице регистрирано и овластено за производство, промет и/или сервисирање на предметот на лизинг, кое на Давателот на лизинг го пренесува правото на сопственост над предметот на лизингот, заради негово предавање на Корисникот на лизинг во владение и користење.
1. Сопственост/ Забрана на пренос на овластувања:
1.1 За цело времетраење на договорот за лизинг единствен сопственик на предметот на лизинг е Давателот на лизинг, додека Корисникот на лизинг врз основа на договорот за лизинг не стекнува право на сопственост, ниту единствено право на држење на предметот, туку само право на користење на предметот на лизинг како негов непосреден држател.
1.2 Во случај на евентуални парични или непарични побарувања кон Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг нема право на присвојување (ретенција) на предметот на лизинг, без оглед на тоа по кој однос и по која основа произлегува неговото побарување.
1.3 Корисникот на лизинг предметот на лизинг не може да го оттуѓи, да го товари, ниту да го даде под закуп.
На Корисникот на лизинг посебно му се забранува со правна работа или по било која друга основа:
- да го оттуѓи предметот на лизинг
- го дава на користење предметот на лизинг на трети лица кои не се наведени во листата на корисници, кои не се оспособени за негово користење, и кои немаат претходна писмена согласност од страна на Давателот на лизинг,
- предметот на лизинг да го дава под закуп или на користење на истиот за извршување на rent-a-car дејности, авто-школи или било кои други дејности освен оние кои се наведени во Договорот; секое такво располагање бара согласност од Давателот на лизингот, односно посебно одобрение,
- во врска со предметот за лизинг да склучува Договорот за деловна соработка, франшизинг, или некој друг сличен Договор, врз основа на кој било кое трето лице ке стекне право непосредно да го користи предметот на лизинг, без оглед на тоа дали таквото право на лицето е пренесено фактички или со самиот Договор
- да воспоставува заложни права над предметот
- на било кој друг начин да го загрозува или да го нарушува правото на сопственост и посредно владение на Давателот на лизинг над предметот на лизинг.
1.4 Прекршување на било која одредба на претходниот став му дава на Xxxxxxxxx на лизинг право на раскинување на Договорот и го овластува да:
а) ги активира инструментите на обезбедување за целокупниот износ на сите неплатени лизинг
рати, без оглед на нивното доспевање, доколку е договорено по исплатата на целокупниот износ ( главницата, каматата и трошоци) Корисникот на лизинг станува полноправен сопственик на предметот на лизинг.
б) пред истекот на рокот на времетраење на Договорот го информира Корисникот на лизинг дека по сила на закон, Договорот е раскинат и дека бара враќање на предметот на лизинг односно да го одземе предметот на лизинг.
1.5 Корисникот на лизинг се обврзува предметот на лизинг да го држи и да го прикажува одвоено од својот имот , и да го означи предметот на лизинг како сопственост на Давателот на лизинг.
1.6 Корисникот на лизинг ќе го информира Давателот на лизинг за секој факт или дејство превземено од страна на трето лице во однос на предметот на лизинг, или барање за извршување на подвижниот имот на Корисникот на лизинг поднесен од страна на било кое трето лице, како што е на пр. запленување, одземање или сл. Корисникот на лизинг е овластен и обврзан да ги превземе сите потребни мерки и дејства поради заштита на правото на сопственост на Давателот на лизинг, и во случај кога за тоа тој ќе мора да сноси одредени трошоци.
1.7 Корисникот на лизинг се обврзува во случај на покренување на постапка за стечај или ликвидација веднаш без одлагање за тоа да го информира Xxxxxxxxx на лизинг, кој во тој случај има право без одложување да побара враќање на предметот на лизинг, без одговорност за раскинување на Договорот и да го поврати предметот на лизинг назад. Корисникот на лизинг исто така се обврзува да ги информира стечајниот или ликвидациониот управник за сопственоста на Давателот на лизинг над предметот на лизинг.
1.8 Давателот на лизинг е овластен , да на начин кој сам ќе го определи, на предметот на лизинг, видливо да ја означи својата сопственост. Меѓутоа, доколку со прописи кои се донесени по стапувањето во сила на Договорот за лизинг, бидат пропишани задолжителни начини на обележување на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг е обврзан на свој трошок да му овозможи на Давателот на лизинг да изврши такво обележување на предметот на лизинг.
1.9 По последната, уредна уплата на лизинг ратата за користење на предметот на лизинг, во износ утврден со Договорот и Планот на отплата, Давателот на лизинг, на барање на Примателот, ќе го пренесе правото на сопственост над предметот на лизинг, со обврска за Корисникот на лизинг во целост да ги сноси сите трошоци за таквиот пренос, вклучувајќи го и плаќањето на сите со закон утврдени даноци.
2 Превземање на предметот на лизинг/ Гаранции за исправност на предметот за лизинг
2.1Давателот на лизинг, со задржување на правото на сопственост над предметот на лизинг, ќе го пренесе на Корисникот на лизинг овластувањето за држење и користење на предметот, на време и со надомест договорени со Договорот за лизинг.
2.2 Корисникот на лизинг се обврзува на свој ризик и за свој трошок , да го превземе предметот на лизинг на договореното место и во договореното време. Корисникот на лизинг ги сноси сите трошоци за превоз и осигурување на превозот, кои што ќе се појават по приемот на повикот од Корисникот на лизинг за превземање на предметот на лизинг.
2.3 Корисникот на лизинг и испорачателот во моментот на примопредавањето ќе состават Записник за примопредавање со опис на сите евентуални недостатоци на предметот на лизинг. По потпишувањето на Записникот за примопредавање исклучена е одговорност за материјални недостатоци од страна на Давателот на лизинг. Со потпишувањето на Записникот за примопредавање, на Корисникот на лизинг преминуваат сите законски права во однос на матерјалните недостатоци на предметот кон производителот или испорачителот на предметот на лизинг. За сите материjални недостатоци на предметот на лизинг одговара единствено испорачателот или производителот на предметот на лизинг, па согласно со ова сите барања кои се однесуваат на недостатоците на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг ќе ги упатува директно кон производителот и/или испорачателот.
2.4 Корисникот на лизинг е обврзан на свој ризик и на своја сметка да ги превземе сите дејства и мерки за уредна монтажа и поставување во погон на предметот на лизинг.
2.5. Корисникот на лизинг е обврзан веднаш да го информира Давателот на лизинг за било кој спор или барање кое е поставено во врска со предметот на лизинг , покренато од страна на било кое трето лице кое тврди дека има накакво право над предметот на лизинг, а чија природа е од таков вид да би можела да го намали, исклучи или ограничи користењето од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг.
3 Регистрација на предметот на лизинг
3.1 Корисникот на лизинг се обврзува за најмалку од 8 (осум) дена пред истекот на рокот на важење на регистрација на предметот на лизинг, да превземе од Давателот на лизинг посебно овластување за техничкиот преглед, регистрацијата на предметот на лизинг и останатите потребни дејства во врска со неа. Сите трошоци врзани за техничкиот преглед и регистрација на предметот на лизинг за целото време на траење на договорот ќе ги сноси Корисникот на лизинг. Давателот на лизинг не е обврзан да го издаде наведеното овластување во случај кога Xxxxxxxxxx на лизинг не ги платил доспеаните лизинг рати и/или останатите парични обврски според Договорот.
3.2 Евентуалeн еднократeн надомест ( данок на моторни возила) пресметана во текот на годината ( во согласност со барањето на Министерсто за Финасии- Управата за јавни приходи ), посебно ќе се пресмета на Корисникот на лизинг и по достасаноста доставена за наплата.
4 Осигурување
4.1 За целото времетраење на Договорот , Корисникот на лизинг, во согласност со условите на осигурителните куќи, ќе го склучи Договорот за задолжително осигурување од одговорноста и дополнително осигурување на возачот и патниците од несреќен случај, како и потполно каско осигурување на предметот на лизинг кое што ќе ги покрива ризиците од несреќа и кражба (против пожар, елементарна непогода, поплава, крш итн). Договорите за осигурување се составен дел од Договорот за лизинг.
4.2 Сите трошоци за осигурувањето ќе ги сноси непосредно Корисникот на лизинг.
4.3 Корисникот на лизинг не може да го користи предметот на лизинг во области во кои осигурително друштво со кое корисникот на лизинг има склучен Договорот за целосно каско не го признава осигурувањето.
5 Плаќања
5.1 Корисникот на лизинг се обврзува за целото времетраење на Договорот да му плаќа на Давателот на лизинг договорена лизинг рата за користење на предметот на лизинг во висина утврдена со Договорот и Планот на отплата.
5.2 Паричните обврски кои што произлегуваат од Договорот за финансиски лизинг искажани се во ЕУР, а плаќањето се врши во денари по официјалниот продажен курс за девизи на Комерцијална Банка АД , важечки на денот на фактурирањето.
5.3 Договорените лизинг рати доспеваат за плаќање во денови и во рокови определени во Планот на отплата, кој е составен дел од Договорот. Со примањето на уплатите прво се подмируваат казнените камати, потоа трошоците, а на крајот износот на лизинг ратите.
5.4 Лизинг ратата се уплаќа на дадена банкарска жиро сметка. Како ден за извршена уплата се смета датумот кога одредената уплата пристигнала на сметката на Давателот на лизинг.
5.5 Договорениот износ на лизинг ратата покрај главница вклучува и надомест за лизинг и ги вклучува и важечките даноци во согласност со важечките прописи на денот на стапувањето на сила на Договорот. Доколку, по превземањето на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг, дојде до промена на даночните, каматните стапки, и останатите давачки, висината на месечната лизинг рата ќе биде усогласена со настанатите промени. Исто така и сите други околности кои би можеле да влијаат на правата и на обвските на договорените страни, а кои не се предизвикани од страна на Давателот на лизинг (промена на прописи, мерки на надлежни органи, зголемување на набавната цена на предметот на лизинг по склучувањето на Договорот за лизинг, а пред испораката на предметот за лизинг, и сл) претставуваат автоматска основа за усогласување на лизинг ратата.
До промена во каматната стапка може да дојде и како последица на промена на каматните стапки за рефинансирање и во посебни случаи како последица на промената на тримесечниот Euribor. Квартално ќе се контролира тримесечниот Euribor. Доколку дојде до зголемување на тромесечниот Euribor за најмалку 0.25%, каматната стапка ќе се корегира за најмалку колку оваа промена. При ваквото усогласување не е потребно да се склучува посебен анекс договор. Давателот на лизингот писмено ќе го извести Корисникот на лизингот за наведените промени.
5.6 Неможност или ограничена можност за употреба на предметот на лизинг, без оглед на причината, како и можни приговори од Корисникот на лизинг на месечната пресметка на лизинг ратата и останатите трошоци, не можат да бидат причина за неисполнување на обврската за плаќањето на месечните лизинг рати по нивното доспевање. На задоцнетите уплати на лизинг ратите Давателот на лизинг на Корисникот на лизинг ќе му пресметува и наплатува со закон пропишана казнена камата, пресметана на девизната противредност на месечната рата. Предвремено уплатени рати не се враќаат , ниту пак на нив се пресметува било каква камата. Пресметувањето на денарската против вредност од ЕВРА во денари се врши по продажен курс за девизи на Комерцијална Банка АД на денот на издавање на ратата.
6 Средства за обезбедување/меници
6.1 Како средство за обезбедување на обврските на Корисникот на лизинг, врз основа на Договорот , Xxxxxxxxxx на лизинг се обврзува да му достави на Давателот на лизинг бланко меници (чиј број е определен со договорот за лизинг), кои претходно ќе бидат потпишани од страна на Корисникот на лизинг во својство на меничен должник и (ако се работи за правно лице или претприемач) истите ќе ги завери со печат на својата фирма, а со кои му гарантира на Давателот на лизинг за сите обврски од Договорот, и го овластува Давателот на лизинг да во било кој случај на неплаќање на доспеаниот износ од овој Договор ги пополни овие меници и во нив да ги внесе сите и било кои менично правни елементи на меницата вклучувајќи го и меничниот износ кој одговара на доспеаниот, а неплатен износ на долг на Корисникот на лизинг, и со цел за наплата на тие меници да ги превземе сите дејства предвидени со закон поради наплатата.
6.2 Корисникот на лизинг со потписот на Договорот на лизинг го овластува Давателот на лизинг во случај на неплаќање од страна на Корисникот на лизингот на било кој доспеан износ врз основа на договорот- да пополни било која од овие меници и во неа да ги внесе сите и било кои менично правни елементи на меница вклучувајќи го и меничниот износ кој одговара на доспеаниот износ, и поради наплата на меницата да ги превземе сите дејства предвидени со законските прописи.
6.3 За овластувањето од претходниот став, Корисникот на лизинг ќе му достави на Давателот на лизинг посебен документ. Договорните страни посебно се согласуваат дека со поставувањето на барање и/или со превземање на менични дејства од страна на Давателот на лизинг не доаѓа до новација на договорот за лизинг , односно обврските на Корисникот на лизинг кои произлегуваат од договорт за лизинг не се заменуваат со меничните обврски. Корисникот на лизинг е посебно согласен дека сите средства за обезбедувањето на побарувањата на Давателот на лизинг според договорот се однесуваат и на побарувањата од мениците. Корисникот на лизинг со потписот на Договорот за лизинг, неотповикливо и безусловно се одрекува од сите приговори против меничниот поверител и неговото барање за исплата на меницата.
7 Солидарен гарант
7.1 Гарантите солидарно одговараат на Давателот на лизинг за сите обврски од Корисникот на лизинг и Давателот на лизинг во соглaсност со тоа е овластен да во случај на доспевање на било која обврска од Договорот, бара исполнување или спроведување на извршување на целокупниот имот , како од Корисникот на лизинг така и од солидарниот гарант.
Солидарниот гарант се обврзува дека во случај на неисполнување на обврските од Договорот ќе ги изврши сите плаќања кон Давателот на лизинг или на лицето одредено од страна на Давателот на лизинг.
7.2 Солидарниот гарант е согласен сите известувања кои се важечки за Корисникот на лизинг и за гарантот се доставуват исклучиво на Корисникот на лизинг.
7.3 Во случај кога гарантите се физички лица, тие солидарно одговараат на Давателот на лизинг за сите обврски на Корисникот на лизинг од Договорот за лизинг и се во обврска во име на обезбедување на плаќањето од Договорот и Општите услови да предадат заверена и потпишана административна забрана од работодавецот каде Xxxxxxxx е вработен. Доколку дојде до промена на адресата на живеење Гарантот без одложување ќе го извести Давателот на лизинг за секоја од наведените промени со препорачано писмо.
7.4 Во случај на неисполнување на обврските на Корисникот на лизинг по основ на Договорот на лизинг, Давателот на лизинг ќе го информира Гарантот за постоење на доспеани а не платени обврски на Корисникот на лизинг, и ќе го повика на нивно подмирување во рок од 8 ( со зборови осум) дена од денот на прием на известувањето.По истекот на овој рок, Xxxxxxxxx на лизинг ќе постапи во согласност со одредбата од член 7.2 и 7.3 од Општите услови за работење.
8 Доцнење /правни последици
8.1 Договорните страни се согласуваат дека исполнувањето на обврските во рок претставува битен елемент на Договорот за лизинг.
8.2 Во случај на задоцнување со плаќање на било која доспеана обврска од договорот, Корисникот на лизинг ќе му исплати на Давателот на лизинг и законска казнена камата.
8.3 Освен законската казнена камата Корисникот на лизинг ќе му ги надомести на Давателот на лизинг и трошоците за секоја опомена испратена по пошта во износ од: 10 (десет) ЕВРА за прва опомена , 15 (петнаесет) ЕВРА за втора опомена, 20 (дваесет) ЕВРА за трета опомена пресметани во денарска противредност по важечки продажен курс за девизи на Комерцијална Банка АД важечки на денот на издавање на опомените.
8.4 Корисникот на лизинг ќе ги надомести на Давателот на лизинг и сите останати трошоци во врска со наплатата и/или обезбедувањето на неговите побарувања врз основа на Договорот ( судски, административни, адвокатски трошоци, трошоци за вештачење и проценка, трошоци за враќање на предметот на лизинг и тн), а чие доспевање за плаќање ќе биде утврдено со пресметките, кои што Xxxxxxxxx на лизинг ќе му ги достави на Корисникот на лизинг за наведените трошоци.
8.5 Корисникот на лизинг се обврзува без одложување писмено да го информира Давателот на лизинг за секое очекувано или веќе настанато задоцнување при плаќањето, што не значи дека на тој начин ќе се изврши одложување на доспевањето на плаќањето на обврските на корисникот на лизинг .
8.6 Во случај да Xxxxxxxxxx на лизинг задоцни со плаќањето на било која рата за повеќе од 15 дена (со букви: петнаесет дена), Давателот на лизинг ќе му ја прати првата опомена по пошта на адреса која Корисникот на лизинг ја назначил во Барањето за лизинг. Доколку Корисникот на лизинг во дополнителен рок од 15 дена (со букви: петнаесет дена) од денот на испраќањето на првата опомена не ги подмири своите обврските, Xxxxxxxxx на лизинг на истиот начин ќе ја испрати и втората опомена. Доколку Корисникот на лизинг и покрај втората опомена не ги исполни своите обврски од Договорот, Xxxxxxxxx на лизинг ќе испрати и трета опомена пред раскин на договорот по што е овластен да:
а) ги активира инструментите за обезбедување на плаќањето на целокупниот износ на сите неплатени лизинг рати, без оглед на нивното доспевање, доколку е договорено да по исплатата на целокупниот износ (на главницата, каматата и трошоците) Корисникот на лизинг станува полноправен сопственик на предметот на лизинг, Или
б) го информира Xxxxxxxxxx на лизинг дека Договорот за лизинг е раскинат по сила на Законот и да побара исплата на сите доспеани рати и трошоци, како и враќање на предметот на лизинг односно да го одземе предметот на лизинг.
8.7 Договорните страни согласно констатираат дека во случај Xxxxxxxxxx на лизинг не ги исполнил своите обврски за плаќање на надомест и после оставениот рок по издавањето на третата опомена , може неотповикливо да се смета дека од дадените околности јасно произлегува дека Xxxxxxxxxx на
xxxxxx нема да ги исполнува ниту идните обврски кои произлегуваат од договорот, а кои следат по обврските кои тој ги нема уредно подмирено.
8.8 Согласно со волјата на договорните страни сите рокови наведени во рамките на ОУР ќе се сметаат за применети дополнителни рокови за исполнување на обврските на Корисникот на лизинг. Договорните страни соглaсно со одредбата во став 1 од член 30 од Законот за лизинг се согласуваат дека во случај на неплаќање на доспеаните лизинг рати од страна на Корисникот на лизинг во согласност со договорот за лизинг Давателот на лизинг има право предметот на лизинг да го превземе во свое владение.
8.9 Во случај да Xxxxxxxxx на лизинг го искористи правото на средства за обезбедување, а договорните страни подоцна се согласат да Договорот сепак остане на сила, Корисникот на лизинг е обврзан, најдоцна во рок од 3 дена од денот на постигнувањето на таа спогодба да Договорот за лизинг остане на сила, да на Давателот на лизинг му достави адекватни и исправни инструменти за обезбедување на плаќањето со кои ќе ги замени искористените инструменти за обезбедување на плаќањето. Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг тоа не го стори во дадениот рок, ќе се смета дека договорот не е согласно оддржан на сила.
9 Одржување / одговорност за предметот на лизинг
9.1. Корисникот на лизинг се обврзува дека на сопствен трошок и со внимание на добар домаќин правилно ќе го одржува предметот на лизинг (вонредно и редовно одржување), ќе ги врши сите потребни поправки и сервис, и постојано ќе води грижа за беспрекорна, функционална и безбедна состојба за околината на предметот на лизинг во согласност со општите услови на производителот на опрема, договорот за лизинг и ОУР и ќе одговара за целата штета која ќе настане поради прекршување на истите.
9.2. Одржувањето и поправката на предметот на лизинг можат да се извршат само во сервиси на испорачателот или во овластени сервиси кои се потврдени во гарантниот лист или во сервисната книшка. Во времетраење на одржувањето на предметот на лизинг Корисникот се обврзува да користи задолжително оригинални резервни делови. На барање на Давателот на лизинг, доколку е објективно оправдано и можно, Корисникот на лизинг ќе склучи Договор за сервисирање на предметот на лизинг.
9.3.Корисникот на лизинг е обврзан да го користи предметот на лизинг во согласност со важечките правни прописи, а во случај на кршење на истите, Корисникот на лизинг одговара за сите последици кои ќе произлезат од тоа и во однос на истите ќе ги плати сите казни на надлежните органи. Давателот на лизинг е овластен, во секој случај кога поради пропустите на Корисникот на лизинг плати казна во висина определена со закон како и освен неа ги плати и сите трошоци на постапката, кои подразбираат надомест за застапување и/или одбрана, такси и други трошоци, истите да ги наплати од Корисникот на лизинг заедно со договорена камата сметана од денот на извршените плаќања или денот на доставувањето на одлуката за казнување и дополнителни 100 ЕВРА (со зборови: сто евра) кои Корисникот на лизинг е должен да ги плати според вредноста на денот на известувањето во износ за плаќање (со фактура), со тоа што дополнителниот износ договорен во евра ќе го пресмета во денарска противредност според важечкиот продажен курс за девизи на Комерцијална Банка АД Скопје на денот на испраќањето на известувањето.
9.4Доколку Корисникот на лизинг сам вгради дополнитени брави, алармни уреди и слична опрема за заштита на предметот на лизинг, должен е за тоа да го информира Давателот на лизинг и да му ги предаде одредените средства за деблокада на предметот на лизинг.
9.5Корисникот на лизинг се обврзува дека за цело времетраење на Договорот во предметот на лизингот ќе се наоѓа потребната опрема утврдена со позитивните законски прописи а која мора да биде исправна и атестирана (триаголник, прва помош, комплет резервни сијалички, противпожарен апарат и др), или друга опрема наменета за предметот на лизинг а која е утврдена со законските прописи. Во случај кога заради недостаток или неисправност на опремата се изрече казна на Давателот на лизизнгот или на одговорна личност на Давателот на лизизингот , Корисникот на лизингот се обврзува истата да ја надомести во целост.
9.6Документацијата врзана за користење на предметот на лизинг (сообраќајна дозвола, како и останатите документи ), Корисникот на лизинг ќе ја држи исклучиво кај себе, а не во предметот на лизинг. Во случај на штета (на пр. кражба), а истовремено на неможност на остварување на правата на
осигурувањето поради непоседувањето на документација, за штетата одговорен е единствено Корисникот на лизинг.
9.7 Корисникот на лизинг е обврзан во случај на губење на клучевите од возилото, сообраќајната дозвола, код картичка, мастер клуч, за тоа писмено да го информира ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје и осигурителната куќа во рокот од 7 (седум) дена.
10. Обврска за јавување и преглед на предметот на лизинг
10.1 Корисникот на лизинг веднаш без одлагање со препорачана пошта ќе го информира Давателот за лизинг: за секоја промена на седиштето, односно престојувалиштето или живеалиштето, како и промена на седиштето на работодавецот; за заплена или оштетување на предметот на лизинг.
10.2 Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не ја исполни својата обврска од претходниот став на овој член, секоја достава на Корисникот на лизинг на адресата наведена во Договорот ќе се смета за важечка, без оглед на тоа дали Xxxxxxxxxx на лизинг ја примил таа пратка или не, а како ден на приемот на препорачаната пратка ке се смета денот на испраќањето на истата од страна на Давателот на лизинг.
10.3 Давателот на лизинг или лице кое тој ќе го одреди, се овластени во секое разумно време да го прегледаат предметот на лизинг, па во врска со тоа Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот да му овозможи несметан пристап. Корисникот на лизинг не може против Xxxxxxxxx на лизинг да поднесе тужба поради сметањето на имот, ниту има право на самопомош. Во случај да Корисникот на лизинг не му овозможи на Давателот на лизинг преглед на предметот на лизинг, Давателот на лизинг има право на раскинување на договорот.
11. Штета по основ на незгода/кражба
11.1Во случај на несреќа Xxxxxxxxxx на лизинг веднаш без одлагање ќе го донесе предметот на лизинг исклучиво само во најблискиот овластен сервис, и ќе му достави на Давателот на лизинг писмена пријава за штетата. Корисникот на лизинг се обврзува веднаш без одлагање да ги превземе сите потребни дејства и мерки во согласност со условите на осигурителната куќа пропишани за постапката за пријава, проценка и ликвидација на штетата.
11.2 Во случај на кражба на предметот на лизинг Корисникот на лизинг се обврзува веднаш без одлагање да ја пријави кражбата во најблиската станица на полицијата и во осигурителната компанија во која возилото е осигурано, како и за тоа да го информира Давателот на лизинг. Во тој случај доаѓа до раскинувањето на договорот во рокот од 60 дена (со букви: шеесет дена) од пријавата на кражба, освен ако во тој рок предметот на лизинг не биде пронајден и вратен на Давателот на лизинг. Давателот на лизинг во тој случај има право да ја засмета ратата за лизинг за користење на предметот на лизинг до последниот ден во календарскиот месец во кој ќе прими потврда од надлежната полициска станица дека е предметот на лизинг украден.
11.3 Во случај претрпената штета од било која причина не биде надоместена од страна на осигурително друштво или осигурителното друштво врз основа на условите за осигурување не е должно да исплати осигурување , Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот на лизинг да му ја исплати вкупната штета и сите дополнителни трошоци, односно на свој трошок да го врати предметот на лизинг во првобитна состојба. Износот на штетата ќе ја процени стручно лице, кое ќе биде одредено од страна на Давателот на лизинг. Корисникот на лизинг се обврзува проценетиот износ на штетата и сите трошоци за проценка на висината на штетата да ги уплати на сметката на Давателот на лизинг во рок од 8 дена (зо зборови: осум дена) од денот на проценка на истата. Корисникот на лизинг се согласува за подмирување на штетите да може да се користат и средствата за обезбедувањето на плаќање од Договорот.
11.4 Спогодба за надомест на штета и согласност за исплата на штета овластен е да потпишува односно дава само Давателот на лизинг. Со потпишувањето на Спогодба за надомест на штета или согласност за исплата на штета не значи дека побарувањето на Давателот на лизинг кон Корисникот на лизинг е во целост подмирено.
11.5 Сите евентуални износи за надомест на материјална штета се плаќаат на Давателот на лизинг.
11.6 Давателот на лизинг нема да издаде одобрување за поправка , односно налог за поправка на предметот на лизинг, се додека Корисникот на лизинг не ги исполни сите доспеани обврски кон Давателот на лизинг, врз основа на договорот.
12. Раскинување на договорот
12.1 Давателот на лизинг со препорачана пошта со повратница ќе го информира Корисникот на лизинг за раскинување на договорот (информирање за раскинување):
- Ако Корисникот на лизинг одбие да го превземе предметот на лизинг,
- Ако Корисникот на лизинг дава или има дадено неточни податоци за употребата или состојба на предметот на лизинг,
- Ако Корисникот на лизинг одбие да го достави на увид предметот на лизинг на барање на давателот на лизинг,
- Ако Корисникот на лизинг или гарантот дава или има дадено неточни податоци за својата плата, приходи и имот и/или се утврди дека имотната состојба на Корисникот на лизинг битно се разликува од онаа утврдена врз основа на дадените податоци така што со сознавањето на таквите податоци Давателот на лизинг не би склучил договор
- Aко било кое средство за обезбедување на плаќање и/или налог предвиден со договорот од било која причина станат неважечки,
- Aко против Xxxxxxxxxx на лизинг е покрената извршна,стечајна или постапката за ликвидација, или
- Xxx Xxxxxxxxxx на лизинг, од било кои причини, стане неликвиден,
- Aко Корисникот на лизинг доцни со плаќањето на лизинг ратите или со плаќање на останатите доспеани побарувања од Договорот, и доколку и покрај опомените ни ги исполни своите обврските во дополнително дадениот рок од денот на издавање на третата опомена во согласност со ОУР,
- Aко дојде до тотална штета, уништување, кражба или губење на предметот на лизинг,
- Aко Корисникот на лизинг своето седиште, односно престојувалиште го пресели во странство,ако умре, престане да постои, ако стане неспособен за работа или работење, или доколку нема негов правен следбеник-наследник,
- Aко Корисникот на лизинг не го користи и/или не го одржува предметот на лизинг во согласност со договорот,
- Во случај на настапување на опасност или вонредна состојба која според проценка на Xxxxxxxxx на лизинг се загрозени или одложени исполнувањата на обврските на Корисникот на лизинг или ако Давателот на лизинг оцени дека Xxxxxxxxxx на лизинг нема да биде во можност да ги исполнува своите договорени обврски на време ,
- Доколку кај Корисникот на лизинг настапат било какви припојувања или други статусни промени во согласност на законот за Трговски друштва, а тој за ова однапред не го информира Давателот на лизинг за наведените промени,
- Xxx Xxxxxxxxxx на лизинг грубо ги прекрши одердбите на Договорот,
- Ако Корисникот на лизинг изврши некакво кривично дело со кое го загрозува правото на сопственост или други права и интереси на Давателот на лизинг врз предметот на лизинг,
- Поради други причини определени со Закон.
12.2 Договорот ќе се смета за раскинат на денот кога Xxxxxxxxx на лизинг ќе му испрати Известување за раскин на Договорот за лизинг на Корисникот на лизинг без разлика на тоа кога Корисникот на лизинг го има примено известувањето за раскинување на договорот, односно на денот на склучување на Спогодба за предвремен раскин (во случај на спогодбено раскинување на договорот). До денот на враќање на предметот на лизинг на Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг е должен да ги подмири сите обврски од договорот, без оглед на датумот на приемот на известувањето за ракинување на договорот.
12.3 Во случај на раскинување, односно било какво предвремено престанување на Договорот, Давателот на лизинг има право од Корисникот на лизинг да го наплати неподмирениот дел од износот кој е предмет на финансирање заедно со целокупната штета вклучувајќи ја и изгубената добивка која изнесува 2% од остатокот на ратите плус ДДВ, која Давателот на лизинг би ја остварил кога не би дошло до предвремено раскинувањето на Договорот. Согласно со тоа, Xxxxxxxxx на лизинг е овластен да пресмета и во еднократен износ да ги наплати сите доспеани, а не наплатени лизинг рати според Амортизациониот план како и на сите до тогаш заостанати побарувања (судски, административни, адвокатски трошоци, трошоци за сервис, одржување, враќање на предметот на лизинг, превоз и тн.).
12.4 Давателот на лизинг по испраќањето на известување за раскинувањето на Договорот е
овластен и да го одземе предметот на лизинг, без претходната најава на Корисникот на лизинг. Корисникот на лизинг изјавува дека се одрекува од правото на заштита поради сметањето на имот, ако Xxxxxxxxx на лизинг или од него овластено лице пристапи кон одземање на предметот на лизинг, како и право на самопомош.
12.5 Во случај на одземање на предметот на лизинг како и во случај на раскинување на договорот, Корисникот на лизинг се обврзува дека на Давателот на лизинг или на друго лице одредено од негова страна ќе му обезбеди слободен пристап во своите простории и дека нема да ја попречува постапката за враќање на предметот на лизинг , и во врска со тоа се одрекува од било какво барање за надомест на штета по таа или по било која друга основа.
13. Правни последици од раскинување на договорот
13.1 Во случај на раскинување на Договорот Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот на лизинг да му ја надомести штетата која тој ќе ја претрпи со раскинување на Договорот,
13.2 Корисникот на лизинг помеѓу останатото, посебно се обврзува дека на Давателот на лизинг , по основ на надомест на штета ќе му исплати
а) евентуална разлика во вредност помеѓу вредноста на предметот на лизинг утврдена во деловните книги на Давателот на лизинг(остаток на главница) и проценетата вредност на предметет на лизинг утврдена од страна на овластен судски проценител определен од давателот на лизинг,
б) штета (изгубена корист)настаната во периодот помеѓу враќање на предметот на лизинг во владение на Давателот на лизинг и склучувањето на нов Договор за лизинг или продажба на возилото. Таквата штета се утврдува во месечниот износ на договорените лизинг рати од Договорот за секој месец на овој период.
13.3 Износот на долгуваните лизинг рати и надомест на штета, доспеваат веднаш по приемот на конечната пресметка и Давателот на лизинг има право на користење на сите расположиви средства за обезбедување на плаќањето, вклучувајќи го и солидарниот гарант.
13.4 Платеното учество е составен дел од пресметката на договорените лизинг рати, и во никој случај не се враќа на Корисникот на лизинг.
14. Враќање на предметот на лизинг/место и време
14.1Корисникот на лизинг се обврзува во случај на предвремен престанок на Договорот, предметот на лизинг да го врати на Давателот на лизинг во безпрекорна и за сообраќај сигурна состојба која може да се очекува при нормална и вообичаена употреба, со комплетна стандардна опрема , техничката документација и со сите клучеви. Во спротивно е обврзан да ја надомести целокупната штетата проценета од страна на овластено стручно лице (овластен проценител или проценител на осигурително друштво кој ќе биде определен од Давателот на лизинг). Трошоците за евентуалната проценка на предметот на лизинг ќе ги сноси Корисникот на лизинг, а истите ќе бидат утврдени со завршната пресметка која ќе биде доставена до Корисникот на лизинг.
14.2 Доколку Корисникот на лизинг направил одредени промени на предметот на лизинг ( дополнителна опрема, подобрувања и сл.), вградените подобрувања остануваат во сопственост на Давателот на лизинг. Корисникот на лизинг нема право да бара надомест на тие трошоци. Корисникот на лизинг во тој случај може да го врати во претходна состојба (со отстранување на деловитеи/или уреди) во која се наоѓал предметот на лизинг пред склучување на Договорот за финансиски лизинг, но со тоа не смее да се намали вредноста ниту функционалноста на предметот на лизинг.
14.3 Местото и времето на враќање на предметот на лизинг го одредува Давателот на лизинг. При враќањето странките ќе состават записник за враќање на предметот на лизинг со кој ќе се утврди бројот на поминати километри во моментот на враќање на предметот на лизинг, а во кој се наведуваат и сите недостатоци и трошоци за нивно одстранување.
14.4 Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не го врати предметот на лизинг на определениот начин, се смета дека истиот го отуѓил, со што Xxxxxxxxx на лизинг е овластен на трошок и на ризик на Корисникот на лизинг сам да организира поврат на предметот на лизинг и издавање на нови документи и клучеви.
Во наведениот случај се смета дека Xxxxxxxxxx на лизинг е свесен за евентуалните кривичноправни последици, и дека е свесен дека со таквото против правно однесување може да предизвика кривично правна одговорност на Корисникот на лизинг или на од него овластените лица, кога станува збор за правно лице како корисник на лизингот, како резултат на вршење на кривични дела против имот. Корисникот на лизинг исто така е свесен дека во тие случаи Давателот на лизинг може против секое одговорно лице да поднесе кривична пријава.
15. Трошоци за враќање на предметот на лизинг
15.1Сите трошоци кои ќе се појават во врска со враќањето на предметот на лизинг ги сноси Корисникот на лизинг. Корисникот на лизинг исто така се откажува од правото да бара надомест на штета и регресни барања за веќе платените износи на лизинг ратите и останатите трошоци. Во случај на одземање на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот на лизинг да му ги надомести сите трошоци настанати во врска со одземањето на предметот на лизингот во висина на вистинските трошоци кои при тоа настанале. Корисникот на лизинг потврдува дека нема да поднесува приговор на барањето за плаќање на патните трошоци на претставникот на Давателот на лизинг или личност која тој ќе ја определи како и трошоците за одземање односно враќање на предметот на лизинг.
15.2 Корисникот на лизинг е, исто така, согласен дека нема да бара никакoв надомест на штета од Давателот на лизинг која би можела да се случи поради онеспособување на алармните системи и други уреди кои го оневозможуваат одведувањето на предметот на лизинг, а кои биле вградени без писмена согласност на Давателот на лизинг. Давателот на лизинг не одговара за личните работи кои во моментот на враќање на предметот на лизинг, односно одземање се наоѓале во предметот на лизинг.
16. Конечна пресметка/проценка на возила
16.1 По истекот или предвремено раскинување на договорот, Xxxxxxxxx на лизинг ќе ги пресмета до тогаш платените лизинг рати и сите останати плаќања по Договорот, врз основа на кои ќе ја направи конечната пресметка , која ќе ја прати на Корисникот на лизинг со повик за плаќање на евентуално заостанатите неподмирени побарувања од Договорот. Износот утврден со конечната пресметка Корисникот на лизинг ќе го плати врз основа на посебна фактура доставена од страна на Давателот на лизинг во согласност со конечната пресметка во рокот наведен во таа фактура. Со истек на наведениот рок Давателот на лизинг е овластен да ги активира сите постоечки средства за обезбедување на плаќање на обврските на Корисникот на лизинг.
16.2Во случај на финансирање со остаточна вредност, во кој е договорен откуп на предметот на лизинг, односно задржано е правото на опција, по истекот на договореното време за лизинг, ќе се состави конечна пресметка при што договорената остаточна вредност важи само во случај на исполнување на Договорот.
16.3Во случај на финансирање со остаточна вредност во кој,по истекот на договореното времетраење на лизингот ,Корисникот на лизинг не ја изврши својата обврска која се однесува на правото на опција
,Договорот за лизинг се смета автоматски за раскинат. Во овој случај Xxxxxxxxxx на лизинг е обврзан да на последниот ден на траењето на лизингот, предметот на лизинг го предаде на Давателот на лизинг, односно на овластениот сервис на испорачателот, во согласност со Член 14 за утврдување на состојбата на предметот, односно изработка на проценка на возилото од овластен судски проценител определен од давателот на лизинг .
16.4 Кај утврдување на состојбата на предметот/проценка и во врска со конечната пресметка, остаточната вредност ќе важи како договорена, односно како вредност на денот на проценката (пазарната вредност на денот на проценка) во колку се исполнети следните услови:
а) да вредноста на предметот на денот на проценката (пазарната вредност на денот на проценка) процентуално одговара на договорената остаточна вредност ( вредност која се води во деловните книги на Давателот на лизинг) ,
б) да до денот на проценката не е дојдено до такви измени на законските прописи ( царини, даноци и друго) кои влијаат на остаточната вредност, односно доведуваат до намалување на
остаточната вредност ( на пр. доколку дојде до намалување на царината за нови возила, поради што новото возило ќе стане поповолно, автоматски пазарната вредност на ист вид на половно возило соодветно пониско ќе се пресмета).
ц) да поминатата километража е во граници на договорената, доколку договорената к и л о м е т р ж а е надмината за 2000 км Корисникот на лизинг е должен да плати 30 % од онаа вредност( пресметана во денари по продажен курс на Комерцијална Банка АД Скопје.) која се добива со делење со месечниот лизинг надомест со соодветен аликвотен дел на годишна километржа. Вкупната договорена помината километржа се добива со делење на годишната километража на 12 договорени месеци. Доколку Договорот се продолжи повеќе од времето кое било основа за пресметка, како основа за надоместок ќе важи надоместокот кој важел на крајот на периодот кој бил основа за пресметка.
д) да е истрошеноста на предметот на лизинг во границите на вообичаената употреба,
е) да е предметот на лизинг сервисиран во согласност со упатствата на производителот и во овластен сервис
ф) да летните гуми ( вклучувајќи ги и резервните тркала) имаат профил од најмалку 3 мм, во спротивно Корисникот на лизинг е должен да ги сноси трошоците за набавка на нови гуми.
г) доколку предметот на лизинг треба да биде сервисиран или биде подложен на законска проверка во наредните 30 дена , односно за следните 3000 км, Корисникот на лизинг е должен да ги сноси трошоците за таквиот преглед / сервис, Ваквото утврдување на состојбата / проценката правно се обврзувачки за двете договорни страни. Корисникот на лизинг е обврзан да на Давателот на лизинг му ја надомести секоја разлка во вредноста,(разликата помеѓу пазарната вредност на предметот на денот на проценката и договорената остаточна вредност) која ќе биде утврдена со ваквата проценка.
17. Право на откуп на предмет на лизинг / продолжување на договорот
17.1 Доколку е договорено правото на опција ( откуп / продолжување на лизингот) Корисникот на лизинг го стекнува, по истекот на договореното траење на лизингот, правото на откуп на предметот на лизинг по договорената остаточна вредност, или продолжување на договорот, со обврска за изборот на една од дадените опции го извести Давателот на лизинг, најдоцна месец дена пред истекот на рокот за кој договорот е склучен. Конкретните услови за користење на правото на опција , односно важење на договорената остаточна вредност, се утврдуваат со Договорот.
17.2 Корисникот на лизинг може да именува трето лице како купец на предметот на лизинг.
17.3 Во случај да Корисникот на лизинг не го искористи правото наведено во претходните точки во рок од 8 дена од денот на примањето на конечната пресметка, Давателот на лизинг има право да предметот на лизинг го продаде на трето лице по цена утврдена со конечната пресметка или по пониска цена од истата.
17.4 Сите трошоци на купопродажба на предметот на лизинг вклучувајќи и данок, такси и друго ги сноси купувачот.
18. Надомест на трошоци
18.1 Сите такси, даноци, давачки и други трошоци во врска со склучување на Договорот, а кои ќе настанат за времетраење на Договорот, без оглед на тоа кога ќе му се пресметаат на Корисникот на лизинг, ќе ги сноси Корисникот на лизинг.
18.2 Корисникот на лизинг се обврзува да ги надомести сите трошоци кои се на товар на Xxxxxxxxx на лизинг ( казни, xxxxx. трошоци, судски такси), а кои се предизвикани од страна на Корисникот на лизинг или лицето на кое Корисникот на лизинг му го предал предметот на лизинг во владение.
19. Судска надлежност
19.1 Во случај на спор надлежан е судот во Скопје.
20. Пренос на права
20.1 Давателот на лизинг може своите права и обврските од овој Договор да ги пренесе на трето
лице , така да со таквиот пренос на никој начин не ги загрози договорните права на Корисникот на лизинг. Корисникот на лизинг не може да го раскине Договорот, доколку преносот на правата на сопственост над предметот на лизинг не доведат до промена на неговите права и обврски од договорот.
21. Времетрење на Договорот
21.1 Времетрењето на Договорот се одредува со Договорот за лизинг, со тоа што не може да биде пократко од законскиот минимум.
22. Стапување на сила
22.1 Со денот на потпишување на Договорот за лизинг, чиј составен дел се и овие Општи услови, Корисникот на лизинг ги превзема сите права и обврски кои што произлегуваат од Договорот.
22.2 За Давателот на лизинг Договорот стапува на сила со кумулативно исполнување на следните услови: Еднократна уплата на трошоците за обработка на барањето за лизинг, плаќањето на учество, со предавање на средствата за обезбедување на плаќањето, Потпишување на Договорот.
23. Останати одредби
23.1 Можната ништовност на некои од одредбите на договорот не повлекува со себе и ништовност на целиот Договор. Во ваков случај странките ништовната одредба ќе ја заменат со важечка, односно со онаа која одговара на целта на договорот.
23.2 Во случај на колизија на одредбите од Договорот и одредбите од овие ОУР, приоритетна важност имаат одредбите на Договорот.
23.3 Странките со ова изјавуваат дека се одрекуваат од права на приговор на променетите услови кои ќе настанат по потпишувањето на овој Договор а во согласност со Законот за облигациони односи.
23.4 Корисникот на лизинг и гарантите со потпишување на Договорот, своерачно или од страна на лица овластени од нив, потврдуваат дека ги прочитале и добиле Општите услови и дека ги прифаќаат сите права и обврски кои што произлегуваат од истите.
23.5 Сите измени и дополнувања на договорот, странките на Договорот ќе ги направаат во пишана форма која што е услов за нивната важност. Усогласувањето на висината на аконтацијата, износот на лизинг рата, и другите плаќања која што произлегуваат од договорот, поради промени во девизниот курс, промена на валутата на плаќање, условите за рефинансирање, на каматна стапка, не се сметаат за измена и дополна на договорот, и за таквото усогласување не е потребна согласност на Xxxxxxxxxx на лизинг.
Давател на лизинг: Корисник на лизинг:
за ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје
1. Солидарен Гарант:
2. Солидарен Гарант: