Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, бул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 02 3288 800. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
ОПШТИ УСЛОВИ – СИТЕ РИЗИЦИ
за штета на имот и прекин во работењето
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, бул. ВМРО 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 23.12.2015 година и со одлука бр.2015/202-71 се применуваат од денот на донесувањето.
Дел A. Осигурување на имот
1. Осигурени ризици
1.1. Пожар (Флекса-осигурување)
1.1.1. Пожар
1.1.2. Молскавица (директна молскавица)
1.1.3. Експлозија
1.1.4. Авионско летало во пад
1.1.1. Пожар; Xxxxxxx е оган што се шири со дејство на наштетување и сам по себе (штетен пожар).
1.1.2. Молскавица; Молскавичен удар претставува непосредното дејство од електричен или топлински удар врз имот.
1.1.3. Експлозија; Експлозијата претставува ненадејна манифестација на сила што резултира од ширење на гасови или пареа.
Пукањето на контејнер (бојлер, цевковод, итн.) се покрива само доколку неговите ѕидови се пукнати до таков степен што доаѓа до ненадејно порамнување на разликата во притисокот во внатрешноста и надворешната страна на контејнерот.
Експлозијата што се јавува во внатрешноста на контејнерот преку хемиска реакција исто така ќе се смета за експлозија дури и ако не се пукнати ѕидовите на контејнерот.
1.1.4 Летало во пад; Леталото во пад претставува судир или удар на воздушни или вселенски летала, нивните делови или товар. Осигурителното покритие се однесува на штета на имот предизвикана од
1.1.1. до 1.1.4. и
Предизвикана од непосредното дејство на осигурените ризици (настан на загуба);
Што произлегува од неизбежна последица од настан на штета;
Што во случај на настан на загуба е предизвикана од активности за гаснење, уривање или расчистување;
Предизвикана од мистериозно исчезнување при настан на штета. Со овој дел не се осигурува од:
1. штета на имот предизвикана од оперативен оган, топлина или дим на којшто има изложеност при правилната употреба;
2. Штета на имот што паѓа во оперативен оган или се фрла во таков оган;
3. Штета од потпалување;
4. Штета на електрична опрема од струја на струјно коло (на пр. зголемување на јачината на струјата, превисок напон, изолациона грешка, кратко коло, земјен контакт, грешка во контакт, грешка во мерење, регулативни и сигурносни уреди, прелом, претовареност) Таквата штета на имот не се покрива дури и ако истовремено дојде до светлосен, топлински или експлозивен феномен.
5. Штетата на електричната опрема од превисок напон или од индукција како последица на молскавичен удар или атмосферско празнење (посреден молскавичен удар);
6. Штетата предизвикана од механички ефекти од користењето и оштетувањето на мотори за согорување од експлозии што се јавуваат во комората за согорување.
7. Штета од проектили од огнено оружје;
8. Штета предизвикана од пренизок притисок (имплозија);
9. Штета предизвикана од непосредното или посредното дејство на: Воени дејствија од каков било вид со или без објава на војна, вклучително и сите насилни дејствија од страна на државите и сите насилни дејствија на политички или терористички организации;
Граѓански немири, граѓанска војна, револуција, востание, бунт, немир; Сите воени или службени мерки преземени во врска со горенаведените збиднувања;
Земјотрес или друг вонреден природен настан,
Нуклеарна енергија, радиоактивни изотопи или јонизирачка радијација. Се применува на точка 1 до 8: ако таквата штета доведува до пожар или
експлозија, ваквата резултантна штета ќе биде покриена.
Се применува на точките 2, 3, 4, 6, 7 и 8: таквата штета се покрива доколку претставува неизбежна последица од осигурена загуба.
Проширено покритие – во случај договорен и наведен во полисата: Посредна молскавица
Посредните молскавични удари претставуваат превисок напон или индукции предизвикани од молскавичен удар на електричната опрема и електричните инсталации. Ова проширување на осигурителното покритие од точката 1.1.2. (молскавичен удар) се применува до специјално договорена граница врз основа на прва загуба и подлежи на договорениот одбиток. Непокриени се штетите на електронска меморија, пресметковни или контролни системи или опрема, штета предизвикана од внатрешна или надворешна штета од користење на материјалот или штета предизвикана од неправилно одржување, поради превисок напон предизвикан од индукција што резултира од флуктуации во електродистрибуцијата или други атмосферски празнења.
Експлозија предизвикана од експлозивни средства
Осигурувањето се применува само на експлозии предизвикани од експлозивни средства во контекст на точката 1.1.3.
Испуштање на растопен метал
Во рамките на проширувањето од точката 1.1.1., осигурувањето се применува на оштетување на осигурениот имот што произлегува од неповолно испуштање на врел течен растопен метал од сад или цевки без при тоа да се предизвика пожар.
Штетата на ваквите садови и цевки се надоместува, освен штетата во внатрешноста на садот, како и штетата на излезната точка од истиот. Осигурителот не ја обесштетува штетата на самиот растопен метал. Осигуреникот мора да го сноси договорениот одбиток.
Трошоците за греење, загревање, калемење и слично не се надоместуваат. Кабелска железница и жичарници; штета од молскавичен удар на кабелот Штетата од молскавичен удар на кабел се осигурува само ако кабелот е оштетен од молскавица до тој степен што станува неупотреблив за својата функција во смисла на прописите за комерцијално работење. Целата штета на кабелот направена со време поради постојани празнења на атмосферска струја претставува оперативна штета и е изземена од ова осигурување.
Штета од пожар на сушални и други системи за греење
Штетата од пожар на сушални и други системи за греење и нивната содржина е осигурена дури и ако пожарот започне во системите.
Системи за фумигација
Комората за фумигација (комората за фумигација, димната комора, уредот за фумигација) и нејзината содржина се исто така осигурени од оштетување од пожар во врска со работењето на системот за фумигација. Комората за фумигација треба да се изгради во согласност со официјалните прописи и треба да се постави на начин што предметот на фумигација нема да може да се запали од огнот за фумигација, дури и во случај на негово паѓање.
Радиоактивни изотопи
Осигурувањето се применува на штета на осигурен имот поради радиоактивна контаминација што произлегува од осигурителен настан кај осигуреникот предизвикана од радиоактивни изотопи.
Дополнителни ризици осигурени во случајот утврден во полисата Следниве ризици или групи ризици претставуваат дополнувања на осигурувањето од пожар и треба да се сметаат како правно независни договори за осигурување што може да се укинат поединечно во случај на загуба без тоа да влијае врз главната полиса за осигурување од пожар и/ или други ризици.
Осигурителот и осигуреникот имаат право да го откажат осигурувањето во случај на загуба.
1
Откажувањето е законски дозволено најдоцна во рок од еден месец по постигнувањето на договор за износот на надоместокот. Осигурителот треба да овозможи отказен рок од еден месец. Осигуреникот не може да го откаже осигурувањето по истекот на осигурителната година.
1.2. Именувани ризици
1.2.1. Граѓански немир, злонамерна штета, штрајк, заглавени работници Двата договорни партнера имаат право да ја откажат оваа група ризици во кое било време во писмена форма. Во овој случај, осигурувањето истекува една недела по доставата на отказното писмо.
Граѓански немири
Осигурувањето се применува на штета што резултира од дејствија на насилство што се во директна врска со граѓанскиот немир.
Граѓанскиот немир се однесува на ситуација во која бројно релевантен дел од населението започнува да се движи на начин што го нарушува јавниот ред и мир и делува насилно кон луѓето или имотот.
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, стакло на ненаселена зграда (освен доколку штетата не е предизвикана од пожар или експлозија во директна врска со граѓанскиот немир).
Злонамерна штета
Секоја штета предизвикана намерно или уништување на осигурен имот се смета за злонамерна штета.
Не се осигурува следнава штета:
Што резултира од кражба, провала и вандализам во врска со провала – со исклучок на штета нанесена на осигурени згради што не се покриени со точка 1.2.10.
или
Што е предизвикана од самиот осигуреник или неговите вработени или надворешен персонал вработен во деловниот објект или жители или стандарди во осигурените згради.
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, стакло на ненаселена зграда.
Xxxxxx, заглавени работници
Штрајкот претставува планирано стопирање на работата што го извршува сразмерно голем број на вработени со конкретна цел.
Заглавените работници претставуваат планирано заклучување на сразмерно голем број на вработени со конкретна цел.
Осигурувањето се однесува на штета предизвикана од дејствија на штрајкување или заглавување на вработени во врска со штрајк или отпор на заклучување.
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, стакло на ненаселена зграда, личен имот на вработените.
1.2.2. Удар од возило, чад, суперсоничен бум
Сето уништување или штета на осигурениот имот предизвикан директно од патни или возила на шини се смета за штета од удар од возило.
Не се осигурува следнава штета:
Предизвикана од возила управувани од осигуреното лице, жители или станари во осигурената зграда или нивни вработени; штета на улици, патишта и мостови.
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
Секое уништување или штета на осигурен имот директно предизвикано од чад што излегува ненадејно и неправилно од печки, грејачи, готварска опрема, сушални или други грејни системи што се наоѓаат на осигурената локација се смета за штета од чад.
Не се осигурува следнава штета:
Од постојано влијание на чад. Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
Штетата којашто се должи на суперсоничен бум се осигурува ако едно воздушно летало го пробие звучниот ѕид што ќе резултира со ударен бран што директно ќе влијае врз осигурениот имот.
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
1.2.3. Протекување од прскалка
Штетата што резултира од неповолното протекување на вода или водени течности од прскалка или противпожарни системи монтирани на осигурената локација се смета за протекување од прскалка. Референтната точка за водата, водоснабдувањето, алармните вентили, цевоводната мрежа на прскалката и главите на прскалката заедно со спојниците што се користат исклучиво за работењето на прскачката опрема се дел од прскачкиот/противпожарниот систем.
Осигурувањето се однесува само на прскачките системи коишто се одобрени од локалниот (службен) орган и каде што се вршат редовни проверки од страна на квалификуван технички институт.
Не се осигурува следнава штета:
На самата противпожарна опрема;
Предизвикана од тестови за притисок и проверка, инспекција и одржување;
Што настанала како последица од измени или поправки на згради или на противпожарниот систем;
Што резултира од гниеж, распаѓање или мувла. Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
1.2.4. Вода од цевковод
Штетата на водата од цевковод се смета дека претставува директна последица од вода што протекува од цевководи, спојници или поврзана опрема.
Исто така се осигурува и штета што:
Се јавува како неизбежна последица од оваа загуба; Се јавува како мистериозно исчезнување при загуба. Осигурувањето за згради исто така ги опфаќа и следниве загуби:
Штета од заледување на цевководи, спојници или поврзана опрема; Кршење и затворање на оштетувања на цевководи;
Надвор од осигурената зграда, штета од лед и оштетувања на цевководите за довод и празнење, се додека тие се користат за обезбедување на осигурената зграда и се наоѓаат на локацијата на осигуреникот и тие се осигуруваат до 10 метри.
Се осигуруваат и следниве трошоци:
Трошоците за одмрзнување;
Трошоците за пребарување, односно трошоците што произлегуваат од лоцирањето на местото на загубата, вклучително и штетата предизвикана со тоа;
Трошоците за отстранување на затки во доводните и одводните цевки во и надвор од зградата на осигурената локација.
Не се осигуруваат следниве загуби, иако произлегуваат како неизбежна последица од загуба:
Загуби што настанале пред почетокот на осигурителното покритие, дури и да станале очигледни по отпочнувањето на осигурувањето;
Штета на спојници или поврзана опрема; Загуби предизвикани од зголемена влажност;
Штета на системи што се исклучиво за истекување на атмосферски
2
врнежи;
Штета предизвикана од системи за прскање;
Штета предизвикана од истекување на вода од базени;
Штета на добра складирани под земја коишто не се чуваат на најмалку 12 см над земја;
Загуба на вода, загуба на наемнина или друга посредна штета;
Штета предизвикана од зголемување на подземни води, вода од атмосферски врнежи или спротивен притисок предизвикан од истите; Штета поради болест на дрво, гнилеж или мувла;
Штета од пожар, молскавичен удар, експлозија или летало во пад. Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури,
градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила.
1.2.5. Бура, град
Бура се однесува на временски поврзано движење на воздух со брзина поголема од 60 километри на час на осигурена локација. Информацијата од Централниот завод за метеорологија и геодинамика има пресудно значење при определувањето на брзината во поединечни случаи.
Град претставува временски поврзан врнеж во форма на заледени гранули.
Осигурувањето се применува и за штета предизвикана од бура или град. Осигурувањето се применува и за штета предизвикана од предмети фрлени врз осигурениот имот заради бура.
Не се осигурува следново:
Згради коишто се во процес на изградба и стокава во нив се до завршувањето на покривот или до негово целосно затворање, или се додека сите врати и прозори не се конечно вградени и затворени.
Имотот што се чува надвор или имотот прикачен до надворешноста од зградата, односно рекламни ознаки, антени, тенди, столбови, надземни кола, громобрански инсталации, итн.
Згради, колиби, шупи, шатори, надземни куќи што не се затворени од сите страни, како и стоката што се наоѓа во нив;
Сончев покрив, платформа, заградено земјиште, стакларник, глазура од секаков вид, вклучително и таванско осветлување;
Штетата предизвикана од неповолни услови или недоволно одржување на зграда или делови што се разлабавени и/или не биле вградени при реконструкцијата.
1.2.6. Снежен притисок, камења во пад, одрон на земја
Снежен притисок претставува директното влијание на сила врз осигурен имот од природно напластена статична маса на снег или мраз.
Пад од камен претставува разглабавување и паѓање на камена маса врз локацијата што настанува по природен пат.
Природна појава на надолно движење на земјена или камена маса по надолнина што се наоѓа под површината се смета за одрон на земјиште. Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид вклучително и таванско осветлување.
Поплава, висок водостој
Поплавата претставува акумулирање на огромни количества на вода како резултат на вонредно многу врнежи со што се надминува капацитетот на системот на канализација или којашто не може да истече.
Висок водостој претставува зголемено ниво на водата на река или езеро со што значително се надминува нивното вообичаено ниво, а е предизвикано од големи врнежи од дожд, топење на снег или бура.
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
Не се осигурува следново:
Имот на локации што претрпеле загуби поради сличен настан во последните десет години (ретроактивно од датумот на настанот на
загубата), освен доколку не се склучи друг специјален договор за конкретната локација на ризикот.
Земјотрес
Земјотрес претставува природна појава на движење на земјиштето предизвикано од геофизички дејствија во внатрешноста на Земјата.
Осигурителот обесштетува осигурен имот што бил оштетен или уништен поради:
Директен удар на земјотрес;
Пожар или експлозија што се докажало дека претставуваат неизбежна последица од таков настан;
Делови од згради или предмети што се фрлаат врз осигурениот имот поради
сеизмички удари.
Се смета дека имало земјотрес ако осигуреникот може да докаже дека:
- Природното движење на земјиштето оштетило згради што биле во добра состојба или предмети коишто се подеднакво отпорни во близина на осигурената локација,
или
- Штетата може да е предизвикана само од земјотрес заради добрата состојба на осигурениот имот.
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид.
1.2.9. Кршење на стакло
Кршењето на стакло претставува разбивање на осигурено стакло. Не се осигурува следново:
Штета предизвикана од граѓански немир, злонамерна штета, штрајк или заглавени работници.
Неосигурен имот:
Внатрешна глазура, единично стакло поголемо од 9м2.
1.2.10. Грабеж, вклучително и вандализам и провала
Грабежот се смета дека настанал ако сторителот навлезе во осигурениот објект
Со туркање или кршење на врати, прозори или други делови од зградата; Со надминување на препреки преку отвори коишто не се наменети да се користат како влез;
Со прикрадување и земање имот од заклучената зграда или од заклучена соба во зграда;
Со отворање на брави со употреба на алати или лажни клучеви (лажни клучево претставуваат нелегално направени клучеви);
Со користење на вистинските клучеви коишто биле стекнати по пат на провала во зграда или објект различен од осигурениот или преку грабеж. Грабежот претставува земање или принудно предавање на стока заради извршено или закана за извршување на насилство врз луѓето;
Со провалување во заклучени простории како што е опишано во претходните ставови при присуство на луѓе.
Провалата во заклучена просторија се осигурува доколку сторителот: Провали во осигурениот објект и отвори просторија со кршење или со употреба на алати или лажен клуч; Отвори просторија со вистинскиот клуч што го стекнал преку провалување во
слично обезбедена просторија,
Насилно отвори заклучена просторија или ја отвори со алати или лажен клуч при присуство на луѓе.
Xxxxxxxxxx (злонамерна штета на имот)
Штетата се осигурува доколку се случила во осигурен објект и поради вандализам (злонамерна штета на имот) откако сторителот провалил во осигурениот објект во смисла на описот на провалата.
Неосигурена загуба:
Не се осигурува, дури и ако се јавува како неизбежен резултат од настан на загуба, следново:
Кражба или мистериозно исчезнување на имот без да се случила провала
3
како што е опишано погоре;
Загуба со отстранување на стока или готовински средства од автомати со користење на лажни монети, монети со погрешна вредност, манипулирани картички, итн.
Загуби предизвикани од намерни дејствија на осигуреникот или лицата што живеат во домашна заедница со осигуреникот;
Загуби предизвикани од намерни дејствија на лицата што се вработени кај осигуреникот и имаат пристап до осигурената локација, освен доколку провалата не е извршена во време додека осигурениот имот е заклучен и за провалата не се користат ниту вистинскиот клуч ниту дупликат направен врз основа на вистинскиот клуч;
Загуба предизвикана од пожар, експлозија или испуштање на вода од цевки.
Сепак, се осигурува штетата предизвикана од употреба на експлозивни материјали при провала;
Неосигурен имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури,
градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила Автомати, автоматски менувач на пари или банкомат вклучително и нивната содржина,
Личен имот што се наоѓа надвор.
1.2.10.1. Во посебно договорени случаи, осигурувањето се однесува и за Отворање на сад со вистинските клучеви доколку сторителот се стекнал со истите преку провала во различен објект од осигурениот или со грабеж. Доколку има посебен договор, осигурувањето се однесува за следново:
1.2.10.2. Грабеж на осигурената локација
Штета предизвикана од грабеж (освен грабеж при пренос) се осигурува до осигурителниот лимит доколку се исполнат следниве услови:
Грабежот мора да се случи во осигурениот објект (местото на кривичното дело);
Употребата или заканата за употреба на насилство мора да е насочена кон осигуреникот, неговите вработени или други лица присутни на местото на делото,
Имотот што го одзема сторителот или за којшто врши принуда да му биде предаден од други лица мора да се наоѓа на местото на делото во времето на самото дело.
Сè додека не постои друго осигурување, материјалната штета (вклучително и неопходните трошоци за расчистување, итн.) што била претрпена на местото на настанот или била претрпена од страна на ограбените лица исто така се осигурува до осигурителниот лимит.
Осигурувањето се однесува на основа на прва загуба.
1.2.10.3. Грабеж при пренос
Осигурувањето на надворешноста од објектот според делот А точка 4.2 не се применува.
Загуба поради грабеж при транспорт се осигурува до договорениот лимит до колку се исполнат следниве услови:
Грабежот мора да се одвива на маршрута во рамките на Република Австрија; постои дополнително осигурување за соседни странски држави, доколку местото на прием и испорака на предметната стока во превоз е во рамките на Австрија, а со прибегнување на други сообраќајни прекугранични маршрути се овозможува побрз транспорт;
Употребата или заканата за употреба на насилство мора да е насочена кон Осигуреникот или куририте или придружбата при превозот.
Се осигурува грабеж и ако:
Нарачаните курири или придружници ја извршуваат својата должност за давање помош на осигуреникот освен ако тоа е неразумно поради смртна закана или значителна повреда на себе си или ако се засегнуваат други значителни интереси;
ангажираните курири или придружници станале неспособни како резултат на физичка незгода;
Се случи штета од пожар на возилото, соодветно ако стоката е оштетена или уништена од пожар, молскавица или експлозија.
Осигурувањето започнува со правилниот прием на стоката и завршува со правилното предавање на стоката.
Како курири или придружници може да се ангажираат само соодветни лица над 18 години.
Не се прифаќаат ментално или физички хендикепирани лица.
Загуба предизвикана од нечесноста на куририте, како и загубите предизвикани од намерно или крајно небрежно однесување на ангажираните курири или придружници не се осигурува.
Материјалната штета претрпена од ограбените лица се осигурува во рамките на осигурителниот лимит.
Осигурувањето се однесува на основа на прва загуба. Осигурена загуба
Осигурувањето се однесува на штета на имот што произлегува во согласност со точките 1.2.1. – 1.2.10. Во таков случај не се изземаат конкретно
Поради директно влијание на осигурен ризик врз осигурен имот на осигурената локација (настан на загуба) и, исто така, како дополнение на точката 1.2.10., штета на составните делови на згради што настанала поради успешна или обид за провала;
Како неизбежна последица од настан на штета;
Со исчезнување во случај на настан на загуба (со исклучок на точката 1.2.1.
– злонамерна штета – и точка 1.2.10. во смисла на условите за провала и грабеж).
Не се осигурува штета на имот според точките 1.2.1. – 1.2.10., Што е конкретно изземено кај соодветните ризици;
И општо земено:
Што произлегува како директна или индиректна последица од:
Воени дејствија од каков било вид со или без објава на војна, вклучително и сите насилни дејствија од страна на државите и сите насилни дејствија на политички или терористички организации;
Граѓанска војна, револуција, бунт, востание, немири;
Нуклеарна енергија, радиоактивни изотопи или јонизирачка радијација, Друг вонреден природен настан (на пр. цунами, бран на бура во Германија, попуштање на брани или канали во Холандија) освен оние наведени во именуваните ризици.
1.3. Неименувани ризици (Сите ризици)
1.3.1. Загубата на осигурен имот што е оштетен како резултат на директен, ненадеен и непредвидлив настан се смета за неименуван ризик.
Во ниеден случај не се осигуруваат:
Ризици што може да се осигурат според условите од точките 1.1.1. – 1.1.4 и 1.2.1. – 1.2.10.
Ризици или загуби што се изземени во деловите 1.1. и 1.2.
Ризици што не се опфатени со точките 1.2.5. и 1.2.8. поради пренизок интензитет.
1.3.2 Осигурена загуба
Осигурувањето се однесува на штета на имот
1.3.2.1 Предизвикана како директна последица од осигурен ризик на осигурен имот на осигурената локација (настан на загуба);
1.3.2.2 Предизвикана од мистериозно исчезнување на осигурен имот при настан на штета.
1.3.3. Со овој дел не се осигурува штета:
1.3.3.1 Од присвојување, проневера, измама, изнуда или едноставна кражба (дури и кражба од продавници);
1.3.3.2 Од загуба што се потврдува исклучиво со пописна контрола, пописни разлики или други непријавени загуби;
1.3.3.3 Предизвикана од лавина, лавински воздушен притисок, доток на кал, спуштање на земјиште;
1.3.3.4 На стока лоцирана на отворено или во отворени згради;
1.3.3.4.1 Поради временски или други влијанија од средината или нарушувања на животната средина;
1.3.3.4.2 Со кражба;
1.3.3.5 Со конфискација, експропријација или штета на имот на налог на владата;
4
1.3.3.6 Со обработка или третирање од кој било вид извршени на предмети коишто се директен производ од преработката; во ова се содржи на пример одржување, поправка, адаптација, ремонтирање, градежни и монтажни активности
1.3.3.7 На згради, делови од згради вклучително и доградби во двор, на патишта или тротоари, преку потонување, поделба, намалување или проширување;
1.3.3.8 Со загадување (на пр. труење, саѓосување, напластување и слично)
1.3.3.9 Со инфекција, расипување, гниење, животни, растенија, печурки или микроорганизми од секој вид;
1.3.3.10 Со флуктуации на климатската температура, суша или влага;
1.3.3.11 Со загуба на тежина, загуба на материјал, обезбојување, измена на вкус, боја, структура или изглед;
1.3.3.12 Со постојаните влијанија или ефекти од хемиски, термален, механички, електричен или електромагнетен вид, со стареење,
користење или корозија, оксидација, рѓосување, ерозија, напластување од секаков вид.
Се применува на точките 1.3.3.6. до 1.3.3.11.: Таквата штета се осигурува, но ако се јави како неизбежна последица од осигурен настан на загуба, а во спротивно во согласност со точката 1.3.1.
1.3.4 Технички исклучоци
Со овој дел не се осигурува штета:
1.3.4.1.1. заради пропуст во водоснабдувањето, снабдувањето со гас, електрична енергија или други форми на енергија или гориво;
1.3.4.1.2. заради пропуст или недоволно функционирање на климатизацијата, системите за ладење или греење, како и поради мерните, регулативните, сигурносните и контролните системи;
1.3.4.2. заради пропуст на ЕДП системите;
1.3.4.3. заради оперативни грешки, нестручност или небрежност;
1.3.4.3.1. заради грешки при градба, пресметка, леење, материјали и изработка;
1.3.4.4. заради недостаток на вода во парните бојлери и опрема;
1.3.4.5. заради имплозија или други ефекти на недоволен притисок;
1.3.4.5.1. кај техничката опрема вклучително и ЕДП предизвикан од механички надворешни настани;
1.3.4.6. механички влијанија врз техничката опрема од надвор.
1.3.5. Штетата не се осигурува дури и ако е последица од настан на загуба што се јавува во согласност со 1.3.1., ако е предизвикана од директното или индиректното влијание на:
Воени дејствија од каков било вид со или без објава на војна, вклучително и сите насилни дејствија од страна на државите и сите насилни дејствија на политички или терористички организации;
Xxxx, граѓански немири, граѓанска војна, револуција, востание, немир; Сите воени или службени мерки преземени во врска со горенаведените збиднувања;
Нуклеарна енергија, радиоактивни изотопи или јонизирачка радијација, Генетска манипулација, генетска мутација или други генетски промени.
1.3.6. Неосигуран имот:
Монтажни работи, монтажна опрема, градежни работи, привремени структури, градежна опрема, транзитна стока, лиценцирани моторни возила, глазура од секаков вид;
Пловни и воздушни возила, работни машини на сопствен погон; Постојани житни култури и животни;
Земјиште, вода, темели, патишта, улици, тунели, мостови, шини, брани, докови, внатрешни пристаништа, кејови, цевководи, фонтани, базени, канали, локации за исфрлање отпад, издупчено земјиште за аналитички цели, кабли, ископини, товарни единици, пловни системи (водни системи) и предмети лоцирани во нив;
Пари и парични стоки, штедни книшки, хартии од вредност, предмети со историска вредност или уметнички дела;
Податочни медиуми од секој вид заедно со програмите и фајловите,
капацитети за репродукција, документи, модели, прототипи, итн., Автомати што работат на монети, автомати за размена на пари и банкомати, вклучително и нивната содржина.
2. Осигурен имот во врска со ризиците според Xxxxxxx. 1.1., 1.2., 1.3.
Ќе преовладуваат посебните исклучоци, како и имотот кој е исклучен од респективните ризици како „Неосигурен имот“.
Осигурувањето важи само за имотот класифициран во полисата на Осигуреникот и кој е во сопственост на Осигуреникот или му бил продаден на него со резервирана сопственост и предаден или заложен, за кој Осигуреникот би можел да се смета како одговорен.
Имотот на трети лица е исто така осигурен, доколку не е поинаку осигурен или не е поинаку доволно осигурен и/или доколку каматата што може да се осигури лежи кај осигуреникот. Осигурената вредност е износот што одговара на каматата на осигуреникот, но најповеќе трошокот за замена или производство.
Следнава алокација важи за осигурениот имот опишан во полисата, доколку ништо противречно не е договорено:
2.1. Зградите се осигурени со сите нивни составни делови над и под земја.
2.1.1 Како згради ќе се сметаат сите градби
кои обезбедуваат заштита на луѓето и имотот од надворешни влијанија со заградување на просторот, кои дозволуваат влез на луѓето, градби цврсто поврзани со површината и кои се со одредена трајност;
оваа класификација исто така вклучува и сончеви покриви и слично.
2.1.2 Покрај тоа, следниве градби: сводови, конструкции на покрив, мостови помеѓу зградите, рампи, отвори за лифтови и слични градби кои се дел од конструкцијата на зградата во согласност со Точка 2.1.1 став 2;
Силосите, бункерите, резервоарите за вода и другите резервоари кои формираат составен дел на зградите во согласност со Точка 2.1.1 став 2 и се особено слични на нив во поглед на ѕидањето, бетонирањето или другите методи на градење или пак немаат никаква врска со градењето на зградите според Точка 2.1.1 став 2, но се направени од бетон или се изѕидани од тули.
Оџаците, па дури и самостојните се направени од бетон или се изѕидани од тули;
Канали и отвори за цевки, кабли и други инсталации, како и подземни премини, ако овие структури се лоцирани надвор од зградите и се направени од бетон или изѕидани од тули;
Заградување од било каков вид
2.1.3 Конструктивната вредност на зградите ги вклучува сите компоненти на зградата кои биле вметнати за време на изградбата и/или продолженото постоење на зградата.
Ова особено вклучува:
системи за заштита од громови;
цврсто вклопени преградни ѕидови, прегради што може да се демонтираат, но не и опрема која го дели просторот и вграден мебел; цврсто поставени облоги на подовите и ѕидовите;
цврсто монтирани светлосни инсталации и други ѕидни инсталации; скалиште, скали, јарболи кои се цврсто поставени на зградата, дури и кога се надворешно прикачени;
цврсто поставен јарбол;
порти на електро - механички погон и/или електрични порти (исто така и плакар во граничните огради) заедно со нивните оперативни елементи и/ или грејни тела;
натстрешници, ролетни и капаци заедно со оперативните елементи; цврсто монтирани непосредни плафони, постави за плафонот, висечки плафон;
вдлабнатини, подни канали, премини и отвори за инсталации и структури од сличен вид, доколку истите се внатре во зградата или имаат директна конструктивна врска со зградата и кои се направени од бетон или изѕидани од тули;
вѕидани печки за производство на тули, порцелан, керамика и слични производи кои се дел од конструкцијата на зградата;
5
деловни влезови, само доколку се во сопственост на Осигуреникот.
2.2. Машинерија и опрема
2.2.1 Овој дел ја опфаќа целокупната опрема на градилиштето на Осигуреникот над и под земја, внатре во зградите и надвор, кои се со комерцијална намена.
Ова особено вклучува: машини, опрема, системииинсталацииза производство, трансформација, спроведување, складирање и потрошувачка на електрична енергија во сите облици.
Ова исто така вклучува: инсталации за греење, вентилација, климатизација, сушење и печки; технички печки; гас и електрични инсталации кои вклучуваат мерки; инсталација на громобрани;
машини, опрема, системи и инсталации за производство, обработка, пренос, спроведување и складирање на фајлови, информации и податоци од секаков вид;
системи, опрема, уреди и инсталации за мерење, тестирање, прикажување, регулирање и контрола на производите, оперативната состојба и работните процеси од секаков вид;
машини, опрема, системи и инсталации за транспорт на луѓе, материјали, добра, и сите видови на текстил, вклучувајќи и системи за вшмукување и инсталации за спроведување на вода односно системи за снабдување и отстранување на вода заедно со нивните мерни уреди, монтажи, системи за филтрирање и додатни елементи;
сите видови на возила, машини на моторен погон и приколки (освен лиценцирани возила) и противпожарни возила (дури и ако се лиценцирани); опрема, системи, контејнери и садови за складирање на материјали, добра, и сите видови на текстил;
дури и пакувања со повеќекратна употреба, палети и контејнери, како и опрема за складирање во складишта со високи полици;
работни машини од секаков вид, вклучувајќи ги и нивните погонски елементи и сите додатоци;
силоси, бункери, резервоари за вода и други резервоари, оџаци, поклопци на оџак, канали и отвори, само доколку овие се користат за производни цели и не можат да се класифицираат како градби;
прегради што може да се демонтираат; санитарно уредување, како тоалети,
бањи и инсталации за миење;
медиуми кои ги користи компанијата во производниот систем вклучувајќи каталитични конвертори; кули за ладење, кои се изѕидани од тули или бетон;
рачни машини и уреди од секаков вид;
алатки и сите други видови на средства за производство за рачна или машинска употреба, само доколку не се сметаат како опрема за репродуцирање;
сите видови на канцелариска опрема, дури и списанија и книги, сите видови на работна опрема и работна облека;
опрема за општинските области, сместување и гостински соби, како и кујни,
кантини, библиотеки и слично;
гаснење на пожар, противпожарна заштита, индустриска безбедност, хигиена и спортска опрема; знаци и системи зарекламирање накомпанијата, средства зарекламирање и декорација;
машинерија која не функционира и/или која се чува како резерва; делови за замена и предмети на сите претходно споменати видови кои се уште не се инсталирани и кои се наменети за новата опрема, како и делови за замена кај возилата.
Основи на машинеријата
Во случај кога основите на машинеријата не се исклучени од ова осигурување, покритието ќе важи за основите кои припаѓаат на машинеријата која била оштетена од осигурена загуба, па дури и ако основата не била оштетена или уништена сама по себе, а која ќе може да се користи во целост или делумно за поправка или замена на машинеријата
поради технички причини.
2.2.2. Градини и дворни места, инфраструктура на местото
Градините и дворните места, како и инфраструктурата на местото се осигурени во рамки на износот осигурен за машинерија и опрема.
2.3. Добра и резерви Ова ги вклучува сите добра и резерви на сурови материјали, полузавршени и завршени производи и оние кои се користат, делови спремни за купување, производи од секаков вид, отпад што може да се рециклира, брошури и проспекти, потрошувачки добра и помошни материјали од секаков вид, растворувачи, лубриканти, материјали за греење и горива, технички гасови, градежни материјали, храна, и полу-луксузни производи, пакувања без повторна употреба од секаков вид, како и благородни метали и скапоцени камења кои се користат за производство, лоцирани на осигуреното градилиште, во зградите, како и надвор од нив.
2.4. Разно
2.4.1. Лиценцирани возила, патни возила, возила за на вода, и воздушни возила.
2.4.2. Сите видови на податочни медиуми, вклучувајќи ја и информацијата за нив, односно, сметководствени книги, евиденции, планови, магнетско складирање, микрофилмови, итн.
2.4.3. Средства за репродуцирање
Ова ги вклучува сите предмети со комерцијална намена, што соодветствуваат на следнава дефиниција:
2.4.3.1 Средствата за репродуцирање имаат облик, шема, дизајн, испис или друга информација за одреден производ и
2.4.3.2 овој облик (шема, дизајн, испис, друга информација) се пренесува на производот, а
2.4.3.3 во случај на промена или исфрлање од производот, средствата за репродуцирање не можат повеќе да се користат или мора барем да се изменат, на пример:
шаблони за лиење, веб картички и jacquard картички, шаблони од секаков вид, калапи, калапи за вбризгување, калапи за компресија, шеми, етикети, матрици, стереотипни плочки, плочки за печатење и ролни за печатење, итн.
2.4.4. Пари и парични средства
Ова го вклучува следново: пари и парични средства од секаков вид, штедни книшки со/без идентификација, акции со официјални цени на котирани акции и други акции.
Доколку договореното не е противречно, парите и паричните средства, штедните книшки, акциите, документите, накитот, златото и платината, скапоценостите, благородните метали и природните бисери, како и колекцијата на парички и поштенски марки ќе бидат осигурени само ако се чуваат во заклучени кутии. За време на периодот потребен за подготовка и плаќање на дневници и плати, осигурителното покритие исто така важи и надвор од договорените кутии.
2.4.5. Личен имот на вработените
Ова не вклучува пари и парични средства, накит, возила и куќни предмети во живеалиштата.
3. Осигурени трошоци
3.1. Трошоците за мерки, па дури и неуспешните се осигурени и Осигуреникот може по случувањето на настанот на загуба да ги смета како неопходни за спречување или намалување на загубата.
Надоместокот за овие трошоци и за осигурениот имот заедно ќе биде ограничен со осигурениот износ; сепак ова ограничување нема да важи доколку се презеле мерки според упатствата на Осигурителот.
3.2. Како што е досега наведено во полисата, ќе бидат покриени:
3.2.1. Трошоци за гаснење на пожар, односно трошоци за гаснење пожар кои вклучуваат специјални агенти за гаснење и отстранување на агентите за гаснење, со исклучок на трошоците опишани во Точка 3.2.2.
3.3.2. Трошоци за движење изаштита, односно трошоци кои произлегуваат од замената на осигурениот имот кој има потреба од движење, промена или заштита на други предмети. Ова исто таа вклучува трошоци за итно полирање, и особено трошоци за расклопување и повторно монтирање
6
на машини или опрема, како и за пробивање, разурнување или повторно градење на делови на зградите.
3.2.3. Разурнување и отстранување на остатоци, односно трошоци за активности на осигуреното градилиште доколку истите се поврзани со осигурениот имот и за потребното разрушување на останатите делови кои се погодени од загубата, како и отстранување на остатоците, вклучувајќи сортирање на остатоците и отпадот.
Трошоците за отстранување на отпадот како што е опишано во Точка 3.1.4. нема да бидат вклучени.
3.2.4. Трошоците за отстранување на отпадот се трошоци за истражување, отстранување, третман и исфрлање на осигурениот имот погоден од загубата.
Трошоците за отстранување поврзани со земјиштето, вклучувајќи и трошоци за истражување, третман и исфрлање:
Овие трошоци мора да бидат предизвикани од ризик осигурен во рамки на оваа полиса за осигурениот имот лоциран на осигуреното градилиште и/или земјиштето лоцирано на осигуреното градилиште.
Само најекономичниот метод за отстранување на отпадот е покриен од разните законско дозволени опции.
Трошоците за отстранување коишто може да произлезат од загадување на водата или воздухот не се покриени. Ако се измеша осигурениот со неосигурениот имот тогаш ќе бидат обесштетени само трошоците за отстранување за осигурениот имот.
Доколку се зголемат трошоците за отстранување за земјиштето или за осигурениот имот кои биле контаминирани пред настанувањето на осигурениот настан (наследни трошоци), тогаш тие трошоци кои го надминуваат износот потребен за отстранување на наследните трошоци се осигурени, без да се земе во предвид дали овој износ би се потрошил доколку не настанал осигурениот настан.
Следново важи во случај на контаминирано земјиште:
Ќе биде покриен и трошокот за потребното повторно затрупување на ископаната дупка со земја. Во секој случај овие трошоци за повторно затрупување и трошокот за исфрлање на контаминираното земјиште ќе се намали со договорениот трошок што може да се одбие.
Трошоците за истражување се трошоци коишто произлегуваат од потребата од службеник или стручно лице кој ќе испита дали има
опасен отпад/проблематични материјали,
материјали кои се предмет на обврската за статутарно предавање според законските прописи во врска со искористувањето на животинските мрши, контаминирано земјиште,
и како истите да се третираат и/или отстранат.
Контаминираното земјиште е земјиште кое треба да биде систематски испитано, безбедно и/или третирано поради неговата поврзаност со други материјали (со исклучок на радиоактивни предмети).
Трошоците за третман се трошоци за мерките кои служат за употреба, отстранување или да се направи соодветен за исфрлање опасниот отпад/проблематичните материјали, предметите кои се предмет на наредба за статутарно предавање според законските прописи во врска со искористувањето на животинските мрши и/или контаминираното земјиште.
Трошоците за непосредно складирање, до максимум шест месеци се осигурени до осигурената граница, под услов осигурителот веднаш да се извести за непосредното складирање.
Трошоците за исфрлање на отпадот се трошоци за исфрлање вклучувајќи ги и јавните давачки што се плаќаат за исфрлањето.
3.2.5. Радиоактивни изотопи, трошоци за отстранување на остатоците итн.
вклучувајќи го и контаминираното земјиште
Трошоците за отстранување на остатоците, рушењето и изолацијата на осигурениот имот, како и третманот на контаминираното земјиште во смисла на условите за трошоците за исфрлање, коишто произлегуваат како резултат на настанот на загуба кај осигуреното градилиште согласно клаузулата
„Радиоактивни изотопи“, се осигурени само доколку овие мерки се официјално наложени.
Доколку е договорено, третманот на радиоактивното контаминирано земјиште ќе биде исто така покриено со трошоците за исфрлање според 3.1.4.
3.2.6. Дополнителни трошоци поради официјални барања
Барањата по осигурената загуба, кои поради официјалните барања ги надминуваат трошоците за враќање на зградите и/или комерцијалната опрема во нивната оригинална состојба се сметаат како дополнителни трошоци.
Нема да има покритие за дополнителните трошоци поради официјалните барања кои се однесуваат на делови од осигурениот имот кои не се погодени и оштетени од загубата.
Осигурителот ги обесштетува таквите дополнителни трошоци до договорениот осигурен износ, под услов намената на погодените системи да остане иста.
Во случај на осигурување со помала вредност на зградите и машинеријата, овие трошоци пропорционално ќе се намалат.
3.2.7. Дополнителни трошоци поради пораст на цената
Дополнителните трошоци кои всушност произлегуваат од порастот на цената помеѓу случувањето на осигурениот настан и замената или обновувањето се покриени до договорениот осигурен износ.
Доколку осигуреникот веднаш не договори замена или обнова, дополнителните трошоци ќе бидат обесштетени до онаа мера која би ја постигнале доколку договарањето на замената или обновата се случило веднаш.
Дополнителните трошоци поради вонредни настани, официјалните ограничувања за реконструкција или работење, или недостигот на капитал нема да се покрие.
Во случај на осигурување со помала вредност на одреден предмет погоден од загубата, за кој дополнителните трошоци се осигурени и произлегуваат поради пораст на цената, овие трошоци пропорционално ќе се намалуваат.
3.2.8. Трошоци за промена на бравите на осигурените простории Трошоците за неопходна промена на бравите на осигурените простории се осигурени до договорената граница, ако клучот бил изгубен за време на провала или кражба.
3.3. Нема да биде осигурено следново:
3.3.1. Трошоци поради штета по здравјето при исполнување на должноста за избавување.
3.3.2. Трошоци за услуги на противпожарната бригада вработена од јавен интерес или по налог на надлежните тела и услугите на други одговорни страни.
4. Територијални ограничувања
4.1. Подвижните предмети се осигурени само во осигурените простории наведени во полисата. Ако тие се преместат од ова место, осигурителното покритие ќе се суспендира. Ако преместувањето е трајно, тогаш истекува осигурителното покритие за овие предмети.
4.2. Осигурување надвор од просториите
Осигурениот имот, како и осигурените трошоци се покриени до 10% од осигурените износи за местото за кое станува збор, дури и надвор од осигурените простории, како и за време на транспортот (сепак види дел А Точка 1.2.10.3), на изложби и саеми во Европа (географски). Сепак нема да се земат во предвид загубите поради невреме и врнежи од град на имотот на отворениот простор.
Оваа наставка нема да важи за Точка 1.2.10 во случај ако не е поинаку договорено.
4.3. Ново стекнати локации Ново стекнатите локации во земјата се автоматски покриени до дозволената граница од оној момент кога Осигуреникот стекнува осигурена камата, без да се бара специјално известување.
На обновениот датум, на осигурителот треба да му се обезбеди ажуриран список на сите локации, како и да се информира за било какви промени
во осигурителните барања. Било каква пресметка или повторна пресметка на премијата ќе се случи на обновениот датум согласно клаузулата за прилагодување на вредноста – инвестициско покритие.
5. Обврски на Осигуреникот пред загубата
Следниве обврски се договорени безбедносни регулативи. Ако Осигуреникот ги прекрши безбедносните регулативи, ги запостави во голема мера или ненамерно, нема да има обесштетување во случај на загуба во согласност со законодавните регулативи. Треба да се почитуваат правните и официјалните безбедносни регулативи, како и следните договорни безбедносни регулативи. Понатаму, осигурениот имот треба да се чува во соодветна состојба на поправка.
Отстапувања од официјалните барања
Отстапувањата од официјалните барања кои се одобрени од надлежните тела нема да ја намалат должноста на осигурителот за обесштетување. Осигурителот треба веднаш да се информира за отстапувањата.
5.1. Извршување на било каква активност што претставува ризик од пожар Активностите што претставуваат ризик од пожар (и/или работа при која се користи оган), според безбедносните регулативи, меѓу другото вклучуваат:
заварување и сечење (автогено, електрично, термално);
брусење и брусење за одвојување (особено со машини за рачно брусење со кабел);
лемење;
плинско сечење (топење, опшивање, вакумирање, битумен, итн.). Постоењето на посебен ризик од пожар е предизвикано од: користење на отворен пламен;
користење на високи или покачени температури;
формирање и дистрибуција на искри кои може да предизвикаат палење; протекување на растопен или усвитен метал;
силно загреани работни делови, често вжарени метални делови. Посебни ризици:
Летачки искри кои претставуваат ризик од пожар за околината во радиус од најмалку 10 метри! Посебен ризик од пожар постои за време на работа со оган на градилиштата и местата за монтажа!
За 0 време на активностите кои претставуваат ризик од пожар што се извршуваат во контејнерите и цевките за запаливи течности постои ризик од
експлозија, а особено ако тие се празни но сепак содржат пареа од запаливите течности!
Слично на тоа, ризикот од експлозија исто така постои и за време на активностите што претставуваат ризик од пожар кои се извршуваат во близина на прашина или прав од запаливи цврсти материјали, па дури и метали!
Од оваа причина, кога активностите кои претставуваат ризик од пожар се преземаат надвор од работните простори кои се наменети и опремени за таа цел, треба секогаш да се почитуваат следниве безбедносни регулативи: Секој вид на активност кој претставува ризик од пожар да се извршува само со експресно одобрение од менаџментот за извршување на работите. Менаџментот се обврзува дека, без разлика на тоа дали работата се извршува од страна на надворешен или внатрешен персонал, одговорниот вработен во компанијата соодветен за задачата ја надгледува работата, како и дали се почитуваат законските и официјалните безбедносни регулативи и следните услови кон кои треба да се придржуваат без исклучок.
Секогаш треба да се избегнува секаков вид на активност која претставува ризик од пожар во близина на лесно запаливи цврсти материјали и запаливи течности. Деловите на кои се работи треба да се однесат во работниот простор наменет и опремен за таа цел.
Пред да се започне со извршување на било каква активност која претставува ризик од пожар, потребно е прописно издавање на белешки за активноста и потпис на истите од работниот менаџмент, или од член на персоналот на кој му е доверена заштита од пожар и од лицето кое ги извршува работите со употреба на оган.
Активностите кои претставуваат ризик од пожар смеат да се изведуваат
само од сигурен персонал обучен за оваа работа кој е целосно свесен за дадениот ризик.
Лицето кое ја надгледува работата треба да го информира персоналот за конструкцијата на предметот и за запаливите материјали во соседните простории или делови и мора да осигури дека постојат соодветни и адекватни предупредувања за гаснење.
Пред да се започне со работата треба да се отстрани подвижниот запалив имот, складираните запаливи цврсти материјали и течности, како и прашината и отпадот од делот на работниот простор и загрозените делови во нивна близина.
Неподвижните запаливи делови треба да бидат соодветно заштитени со незапаливи прекривки, вода, влажни ткаенини или песок од пламен, искри и мали усвитени делови пред да се започне со работата.
Отворите во плафонот и на ѕидовите, окната, отворите за цевки и кабли, празнините и пукнатините треба да се запечатат со огноотпорен материјал од соседните простории пред да се започне со работата. Загрозените делови кои се наоѓаат во близина треба постојано да се проверуваат од било какви знаци на започнување на пожар или делови кои тлеат (на пример: поради спроведување на топлина, летачки искри итн.).
Треба да се преместат запаливите покривки, обвивки, изолација итн., од загрозената зона пред да се започне со работата.
Треба да се испразнат, исчистат и - колку што е можно - да се наполнат со вода контејнерите, цевките и каналите за запаливи цврсти материјали, течности или гасови пред да се започне со работата.
Водата за гаснење пожар и другата соодветна опрема треба да биде секогаш подготвена и да ја има во адекватни количини на работното место и во било кои други загрозени области.
Пред да се започне со работата треба да се провери дали опремата која ќе се користи беспрекорно функционира.
Кога привремено се тргнува настрана заварувањето со пламен, сечењето, лемењето и плинското сечење, отворениот пламен треба внимателно и постојано да се надгледува.
По завршувањето на активностите кои претставуваат ризик од пожар, работниот простор и загрозените области коишто се наоѓаат во близина треба темелно и повеќепати да се проверуваат од пожар, чад или мирис на оган - дури и по неколку часа по завршувањето на работата. Особено внимание треба да се даде на областите до кои тешко може да се пристапи или кои тешко може да се видат. По гаснењето и на најмал пожар или тлеење, треба да се преземе соодветна грижа. Како мерка на претпазливост треба да се информира најблиската противпожарна бригада и за најмалите знаци на пожар, чад или мирис на чад.
Ако не е обезбедена доволна заштита од пожар, не смее да се извршуваат активности кои претставуваат ризик од пожар.
5.2. Архитектонска противпожарна заштита, противпожарна опрема Архитектонските мерки за формирање на оддели во зградата за заштита од пожар, како што се огноотпорни елементи на зградата, противпожарни пломби итн., не смее да се преместуваат ниту пак да се наруши нивната ефективност. Функционирањето на архитектонските мерки за формирање на одделите, како и другата противпожарна опрема треба да се проверуваат на соодветни временски интервали.
Треба да се преземат соодветни мерки против замрзнување на противпожарните прскалки и системите за гаснење пожар.
5.3. Електростатичко полнење
Треба да се обезбеди соодветно заземјување или други ефективни мерки за спроведување на електростатичкото полнење за машините и опремата при употреба на кои може да се јави статичен електрицитет.
5.4. Печки и системи за загревање Работењето на овие системи може да се пренесе само на одредени, сигурни лица кои имаат искуство со такви системи, како и со применливите законски и официјални регулативи. Не смее да се чуваат запаливи предмети, запаливи цврсти материјали и запаливи течности близу до печките, цевките за одвод на чад, врзувачките делови или отворите за чистење на покривките на оџаците.
5.5. Првични и понатамошни средства за гаснење на пожар
Треба да се почитуваат условите на локалните регулативи или техничките упатства за противпожарна заштита.
5.6. Работа извршена од надворешен персонал
Дури и кога работата се извршува од надворешен персонал треба да се осигури дека тие ги следат безбедносните регулативи. Потребната проверка треба да се изврши од сигурни вработени во компанијата кои соодветствуваат за таа задача.
5.7. Одржување на зградата, инспекции, затворање на постројката Можноста и опсегот на загубата мора да се намали колку што е можно со соодветното одржување насекаде низ постројката.
По завршувањето на работата, ќе се спроведе инспекција низ целата постројка од соодветно и сигурно лице за таа цел. Ова лице мора да провери дали прописно се врши не само одржувањето туку и другите безбедносни регулативи.
Одводите на осигуреното градилиште треба да се одржуваат слободни и треба да се проверуваат вентилите кои се монтираат во просториите каде има ризик од истекување. Затворањето на постројката, или дел од постројката, како и актуелното некористење на зградата претставува зголемување на ризикот за кој мора да се извести осигурителот.
5.8. Складирање
Се додека не се изнесат построги безбедносни регулативи во посебните договорени услови, следниве услови ќе важат за складирање од секаков вид.
Ако не се применуваат построги услови (на пример: регулативи за прскалки), површината на делот на затворениот простор за складирање заземен од блоковите за складирање не смее да биде поголем од 200 м2. Мора да има простор помеѓу посебните блокови за складирање, така што во случај на пожар персоналот за противпожарна заштита да има лесен пристап од сите страни до
секој од блоковите за складирање. Просторите помеѓу блоковите за складирање треба секогаш да бидат слободни.
Материјалите од класите за ризик 1, 2 и 3 според CEA мора да се складираат во местата за складирање кои ги формираат нивните сопствени оддели за противпожарна заштита.
Посебното загревање на фабричките печки не е дозволено во складиштата и местата за складирање.
Техничката опрема во местата за складирање, на пример станиците за товарање на вилушкари, системи за вакумирање итн., треба да се распореди на начин на кој, по настанување на дефектот или неправилното функционирање на оваа опрема, да може да се спречи ширењето на настанот (пожар, експлозија) на предметите што се наоѓаат во близина (одржување на претпазливо растојание, употреба на огноотпорни облоги, итн.).
Добрата и резервите кои се чуваат во просториите под земја треба да се чуваат најмалку 12 см над подот за да се одбегне секаков вид на оштета од влага (која се покачува).
5.9. Технички упатства - превентивна противпожарна заштита
Покрај безбедносните регулативи наведени погоре, ќе се применуваат и било кои други безбедносни регулативи наведени во осигурителната полиса, како и другите регулативи утврдени со закон за превенција од загуба од страна на надлежните тела, производителот, набавувачот, инспекторот и слично.
Треба да се следат официјалните регулативи утврдени со закон или статут со цел за превенција или ограничување на загубата поврзана со:
- запаливи добра,
- експлозивни добра,
- електричните инсталации со јака струја,
- како и оперативните упатства.
5.10. Технички упатства Формите:
- Класите на ризик за материјали и добра
- По барање се предава Известување за активностите што претставуваат ризик од пожар заедно со мерките за превенција од пожар за време на
активностите кои претставуваат ризик од пожар.
5.11. Дополнителни безбедносни регулативи во случај на протекување на прскалките Точка 1.2.3. и за вода од цевка 1.2.4.
Осигуреникот се обврзува да ги чува осигурените предмети, особено цевоводите, монтажите и поврзаната опрема во погодна состојба на поправка.
Ако зградите се оставени од целиот персонал подолго од 72 часа, сите водоводни цевки треба да се затворат и да се преземат соодветни мерки против замрзнување. Ад-хок инспекцијата на зградата не ги исполнува барањата.
Цевките за снабдување со вода за безбедносната опрема која содржи вода (на пример: системи за распрскување, пунктовите за вода за противпожарната бригада) не смеат да се затворат, туку треба да се преземат соодветни мерки за да се спречи нивно замрзнување.
5.12. Дополнителни безбедносни регулативи во случај на невреме/врнежи од град 1.2.5.
Осигуреникот мора да се грижи за одржувањето на осигурениот имот, а особено на покривот.
5.13. Дополнителни безбедносни регулативи во случај на провала Точка 1.2.10.
Осигуреникот се обврзува, дури и кога осигурените простории се напуштени од персоналот за краток временски период, секогаш правилно да ги заклучува вратите, прозорците и другите отвори на осигурените простории; правилно да ги заклучува контејнерите; во целост да ги преземе сите договорени безбедносни мерки.
Ѕидните сефови мора да бидат прицврстени за ѕидот во согласност со регулативите (100 мм бетонска облога B400).
Касите треба да бидат отклучени и отворени по работното време. Доколку имотот е осигурен со самото тоа што се наоѓа во зградите кои постојано се користат, тогаш прекинот на нивното користење не смее да трае подолго од вкупно 40 дена во годината.
6. Обврски на Осигуреникот во случај на загуба
6.1. Обврска за намалување на загубата
Осигурениот имот треба да се заштити, сочува и обнови колку што е можно во случај на загуба која директно се заканува или веќе се случила. Во врска со ова, треба да се побараат и следат упатствата на осигурителот. По загуба на штедните книшки и на акциите, треба веднаш да се направи суспензијата на плаќањата и доколку е можно да се почне судска постапка за поништување.
6.2. Обврска за пријавување на загуби
Секоја загуба треба веднаш да се пријави кај осигурителот. Исто така треба да се известат и органи за безбедност во случај на загуба поради злонамерна штета и напад на возилото, како и исчезнување на имот (како на пример: провала). Во ова известување од особена важност е да се именува целиот имот кој недостасува.
6.3. Обврска за објаснување на загубата
На Осигурителот ќе му биде дозволено колку што е можно да направи истражување во врска со причината и опсегот на загубата поврзана со делокругот на неговата обврска за плаќање отштета.
Осигуреникот треба да даде поддршка при соработката во истрагата за загубата и да му ги даде на располагање соодветните документи на осигурителот по негово барање. Осигуреникот ќе ги сноси настанатите трошоци.
Во случај на оштета на зградите, по барање на осигурителот треба да му се обезбеди потврден извод од регистарот за земјиштето по датумот на кој настанала загубата. Осигуреникот ќе ги сноси настанатите трошоци. Состојбата која настанала како последица на загубата не смее да се измени без договор со осигурителот, ако се уште немало истрага за загубата, освен ако таквата измена послужи за намалување на загубата или е неопходна од јавен интерес.
6.4. Непочитување на обврските
Во случај кога Осигуреникот намерно и во голема мера ги запостави гореспоменатите обврски и доколку осигурителот ова го смета за штета,
тогаш осигурителот има право да изврши разумен одбиток од отштетата што може да се наплати, или пак во целост да биде ослободен од обврската за плаќање отштета на Осигуреникот.
7. Осигурени вредности
7.1. Специјални услови за осигурени вредности
7.1.1. Следново може да биде договорено како осигурена вредност на зградите:
7.1.1.1. Вредност за заменување.
Вредност за заменување на зграда е трошокот на изградбата на нова, вклучувајќи ги трошоците за дизајнирање и планирање, сето тоа во рамки на цени нормални во областа.
7.1.1.2. Реална вредност на готовината.
Реалната вредност на готовината на зградата се добива од вредноста за заменување одбиена со износот кој кореспондира на состојбата на зградата, особено од нејзината старост и која и да е претрпена амортизација ;
7.1.1.3. пазарна вредност.
Пазарната вредност на зградата преставува продажната цена која може да се постигне, не земајќи ја во предвид вредноста на земјиштето.
7.1.2. Следново може да биде договорено како осигурена вредност на машинерија и опремата како и на сопственоста на вработените:
7.1.2.1. вредност за заменување;
Вредноста на заменување е трошокот на произведување на нови производи од ист тип и квалитет;
7.1.2.2. Реална вредност на готовината;
Реалната вредност на готовината се добива од вредноста за заменување со одземање на вредностa која кореспондира на состојбата на производот, особено на нејзината старост и која и да е претрпена амортизација;
7.1.2.3. пазарна вредност;
Пазарната вредност преставува продажната цена на производот која може да се постигне.
7.1.2.4 Покритие за подготовка и инвестиција за згради и/или машинерија и опрема
Инвестициите на осигуреникот од осигурителната компанија за време на осигурителната година, како и поправките, недоволната проценка и зградите, и техничката и комерцијалната опрема на компанијата кои ненамерно не се вклучени во осигурениот износ исто така се смета за осигурени, ослободена од премија до 10% од износот кој е осигурен или договорениот лимит за позицијата, која е пониска.
7.1.2.5 Прилагодување на вредноста на осигурените износи на зградите и/ или машинеријата и опремата
Осигурениот износ на осигурените згради и машинеријата и опремата се зголемуваат и се намалуваат на годишна основа, на датумот за обновување со процентот кој кореспондира со промените во трошоците за изградба или набавните трошоци кои настанале од последното прилагодување на вредноста (индекс).
Премијата ќе се зголеми или намали до ист степен. Ограничено обесштетување во случај на осигурување со помала вредност се применува само во случај на загуба, доколку за време на договорот на клаузулата за прилагодување на вредноста, осигурените износи или основата за проценка на премиите не кореспондираат на реалната вредност на осигурените предмети или осигурените износи или основата за проценка на премиите се смениле на барање на осигуреникот по временската точка во кое била договорена оваа клаузула за прилагодување на вредноста и кое не соодветствува со реалната вредност на осигурените предмети или на зголемувањето на вредноста, која произлегува од промената на осигурените производи (проширувања и реконструкција, инвестиции итн.) кои не биле отсликани од страна на соодветното зголемување на осигурениот износ или основата за проценка на премијата. Ако постојат неколку осигурителни полиси за истиот интерес (дополнително осигурување) ограниченото обесштетување во случај на осигурување со помала вредност се однесува само до онаа вредност на загубата, која соодветствува на соодносот
на износот осигурен за време на договарањето на оваа клаузула за прилагодување на вредноста постојат до вредноста која може да се осигури во тој временски период. Ограничувањето на обесштетувањето ќе биде износот осигурен на позицијата земајќи ја во предвид процентната промена (индексот) до датумот на загубата. Овој договор (клаузула за прилагодување на вредноста) може да се раскине независно, без да е во спротивност со постоењето на други договорени одредби, на годишно ниво на датумот за обновување од обете договорни страни преку препорачана пошта, предмет на тримесечен рок за раскинување.
7.1.3. Трошоците за реставрација или замена на предмети од ист вид и квалитет се сметаат за осигурена вредност на добрата и резервите.
Во случај ако продажната цена на добрата и резервите е пониска отколку трошоците за реставрација или замена, тогаш продажната цена ќе се смета за осигурена вредност. Загубите ќе се проценуваат на вредноста на добрата во согласност со следново со одбивање на кој и да е вредност на остатоците .
Оштетување на добра
- стекнати од страна на осигуреникот за продажба ќе се проценуваат кој ќе биде трошокот за замена со нови од ист вид за време на загубата. Доколку вредноста на добрата се намалила пред штетата поради неможност за продажба или друга околност, ова ќе биде земено во предвид во процената;
- произведено или во фаза на произведување од страна на осигурениот ќе се проценува според производствените трошоци – директен материјал, материјални трошоци, директни трошоци за вработени, производствени и административни трошоци – за време на загубата, ограничено, сепак, за цената по која сопственоста би можела да се продаде;
- кои се продале и се спремни за испорачување ќе се проценат до онаа вредност до која испораката не може да се заврши со други добра по утврдената договорна страна, намалено за трошокот од направените заштеди.
7.1.4. Осигурената вредност на парите и паричните средства е номиналната вредност, штедните книшки се износот на депозитот, официјална цена на котирани акции е цената од нивното последно котирање, за другите акции тоа е пазарната цена.
7.1.5. Трошокот на замена или реставрација се смета како осигурената вредност на медиуми за податоци заедно со програмите и фајлови, уреди за репродукција, документи, шеми и прототипи итн.
7.1.6. Пазарната вредност ќе се смета осигурената вредност на лиценцираните возила за патишта, за вода и воздух како и други подвижни средства кои не се спомнати во точките од 7.1.2. до 7.1.5..
7.2. Општи услови на осигурената вредност
7.2.1. без да е во спротивност со условите во точките 7.1.1. до 7.1.6., осигурената вредност се смета дека е пазарната вредност:
7.2.1.1. за предмети со историска вредност или уметнички дела, за кои стареењето, општо земено, не води кон намалување на вредноста;
7.2.1.2 за подвижни предмети кои се изнајмени на комерцијална основа, на пример книги, видео касети, машини и уреди кои се изнајмени.
7.2.1.3 Личната сентиментална вредност не се зема во предвид при утврдување на осигурената вредност
8. Обесштетување
8.1. За згради и машинерија и опрема како и на личната сопственост на вработените:
8.1.1. Ако осигурувањето се утврди на вредноста на заменувањето,
8.1.1.1. обесштетувањето би било врз основа на уништување или исчезнување на осигурената вредност пред самото појавување на настанот на штета;
8.1.1.2. Врз основа на претрпување на штета , потребните трошоци за поправка за време на случување на настанот на штета (повратна вредност на штетата), но максимум од осигурената вредност пред самата појава на настанот на штета.
8.1.1.3. Ако реалната вредност на готовината на предметот кој е погоден од штетата пред појавувањето на настанот за штета била помала од 40%
од вредноста на заменувањето, осигурителот ќе биде обесштетен само со реалната вредност на готовината за предметот. Во случај на згради кои се користат од страна на компанијата и континуирано се одржуваат, како и во случај на машинерија и опрема во постојана комерцијална употреба и вработени во производен процес, се прифаќа реалната вредност на готовината да биде најмалку 40 % од вредноста на заменувањето. Во случај на штета, обесштетувањето зазема ниво на вредност од заменувањето, под услов износот на осигурувањето да одговара на реалната вредност на заменувањето.
Поврат или замена на уништена машинерија и опрема - може да биде заменета со машинерија и опрема од ист тип, кои одговараат на последното ниво на технологија, дури и ако ја резултираат со зголемување на капацитетот. Предуслов преставува неменување на оригиналната или наменетата цел на користење. Обесштетувањето треба да биде ограничено до осигурената вредност на уништените предмети.
8.1.1.4. Личната сопственост на вработените ќе биде покриена само како дополнување на други постоечки полиси.
8.1.1.5. Ако предметот погоден од штетата трајно ја намалил својата вредност пред појавата на настанот на штета, осигурителот ја обесштетува пазарната вредност. Ако зградата е особено трајно девалвирана, доколку е наменета за уривање или повеќе не е употреблива, или општо, или за своите комерцијални цели. Машинеријата и опремата се особено трајно девалвирани, доколку се трајно повлечени од употреба, или веќе не се употребливи, или општо, или за нивните комерцијални цели.
8.1.2. Ако осигурувањето е договорено на реалната вредност на готовината,
8.1.2.1. Осигурителот обесштетува во случај на уништување или исчезнување на осигурената вредност веднаш пред појавата на настанот на штета;
8.1.2.2. Осигурителот обесштетува во случај на оштетување на неопходните трошоци за поправка за време на појавата на настанот на штета, намалено за односот на реалната вредност на готовината до вредноста на заменувањето, но максимум до осигурената вредност пред појавувањето на настанот на штета.
8.1.2.3. Ако предметот погоден од штетата била трајно девалвиран непосредно пред настанувањето на настанот на штета, најмногу може да се надомести до пазарната вредност.
8.1.3. Ако осигурувањето е договорено на пазарната вредност,
8.1.3.1. Осигурителот обесштетува во случај на уништување или исчезнување на осигурената вредност веднаш пред појавата на настанот на штета;
8.1.3.2. осигурителот ги обесштетува во случај на штета неопходните трошоци за поправка во време на појавата на настанот на штета, намален за односот на пазарната вредност до вредноста за заменување, но максимум до осигурената вредност веднаш пред појавувањето на настанот за штета.
8.1.4. Ако осигурувањето е договорено на првата загуба, осигурителот обесштетува во случај на уништување или исчезнување на осигурената вредност и соодветно до договорениот лимит.
8.2. За добра и резерви
8.2.1. Осигурителот обесштетува во случај на уништување или исчезнување на осигурената вредност веднаш пред појавата на настанот на штета;
8.2.2. Осигурителот обесштетува во случај на оштетување на неопходните трошоци за поправка за време на појавата на настанот на штета, но максимум до осигурената вредност веднаш пред појавата на настанот на штета.
8.2.3. Ако продажната цена која може да се достигне минус заштедените трошоци веднаш пред појавата на настанот на штета била пониска отколку трошокот за заменување или обновување, осигурителот ја обесштетува најмногу оваа пониска цена.
8.3. За пари и парични средства итн., осигурителот го обесштетува трошокот за обновување, најмногу, осигурената вредност веднаш пред појавата на настанот на штета.
8.4. За податоци од медиуми итн., осигурителот го обесштетува трошокот за заменување или обновување, доколку заменување или обновување е
потребно и што всушност се одвива во рок од 2 години од појавата на настанот на штета, инаку, се обесштетува само материјалната вредност.
8.5. За возила и други подвижни предмети
8.5.1. Осигурителот обесштетува во случај на уништување или исчезнување на осигурената вредност веднаш пред појавата на настанот на штета;
8.5.2. Осигурителот ги обесштетува во случај на оштетување потребните трошоци за поправка за време на појавата на настанот на штета, но максимум осигурената вредност веднаш пред појавата на настанот на штета.
8.6. За осигурените трошоци, осигурителот ги обесштетува реалните трошоци кои реално произлегуваат до договорениот лимит.
8.7. Општите услови за обесштетување
8.7.1. Ако осигурената вредност на предметот е зголемена во однос на неговата осигурена вредност веднаш пред појавата на настанот за загуба поради извршување на поправки, обесштетувањето на трошоците за поправка ќе бидат намалени за износот на зголемувањето на вредноста.
8.7.2. Вредноста на остатокот дефинитивно ќе се земе во предвид; официјалните ограничувања поврзани со заменувањето или обновувањето нема да се земе во предвид во вреднувањето на остатокот. Следнава клаузула за преостанатата вредност се однесува за згради: Во случај на штета, преостанатата вредност не се зема во предвид при пресметката на обесштетувањето за зградата, доколку тоа не е повисоко од
10% од соодветната вредност за обесштетување и остатоците од зградата не може реално да се реконструираат. Делумната употреба на остатоците од зградата за реконструкција или останатата комерцијална употреба на остатоците на зградата ќе се земат соодветно во предвид во пресметката на обесштетувањето.
8.7.3. За исчезнати, а подоцна превземени предмети, следново се смета за договорено:
8.7.3.1. Осигуреникот е обврзан да ги земе назад овие предмети, доколку е тоа разумно.
8.7.3.2. Ако предметите се преземат по исплатата на обесштетувањето, осигуреникот треба да го врати назад обесштетувањето кое го има добиено, минус обесштетувањето за соодветното намалување на вредноста. Доколку не е разумно да се очекува овие предмети да се земат назад, тие треба да бидат префрлени на осигурителот.
8.7.4. Во случај на посебни предмети кои им припаѓаат заедно, евентуалното намалување на вредноста на поединечни предмети кои остануваат неоштетени, уништување или исчезнување на други не се зема во предвид. Важат во случај наведен во рамките на полисата: униформиран дел од предметите. Ако, сепак, постои униформиран дел на предмети со предмети погодени од штетата, тогаш треба да се обесштетат не само реално оштетените делови во случај на загуба, туку исто така и деловите кои веќе не се употребливи од страна на осигуреникот до договорениот лимит.
8.7.5. За незначителни промени на осигурените предмети, кои не ја нарушуваат нивната употребна вредност (Функционалности), не се исплаќа обесштетување.
9. Осигурување со помала вредност
Обесштетувањето согласно со точка 10, ќе се намали пропорционално во случај на осигурување со помала вредност; ова нема да се применува, ако покритието на осигурувањето е договорено на основа на прва штета.
Пребивање на осигурените износи
Доколку осигурените износи на поединечните позиции ја надминуваат соодветноосигурената вредностназаменување, износитекоинадминуваат ќе се дистрибуираат помеѓу оние позиции за кои, по доделувањето на осигурување на подготовката, осигурување со помала вредност постои, или за кое износот осигурен не е доволен заради трошокот за спречување или намалување на штетата. За дистрибуција на односот на износите е од суштинско значење, со кое вредностите кои можат да се осигурат на поединечни позиции ги надминуваат осигурените износи без оглед кои позиции се погодени од осигурениот настан. Во случај на позиции, за кои
е договорена xxxxxxxx за прилагодување на вреднувањето, иницијалниот осигурен износ плус прилагодувањето на вреднувањето ќе се применува како осигурен износ. Исклучени од изедначувањето на осигурените износи се износите врз основа на прв ризик како и добрата/резервите. Доколку одделни осигурени износи се договорени за неколку локации, тогаш пребивањето на осигурените износи ќе се применува само меѓу позициите на поединечните локации.
10. Лимит на обесштетување; одбивање
10.1. Доколку лимитот за обесштетување или годишниот лимит се договори, овој лимит се применува за обесштетување вклучувајќи ги трошоците за плаќање, без оглед на какви било спротивни одредби во точка 8.
10.2. Обесштетувањето во согласност со точка 8 ќе се намали за секоја штета согласно договорената
одбивање (по примена на осигурување со помала вредност, ако постои).
10.3. Сите настани на штета, кои произлегуваат од една и единствена причина во рамки на истиот временски период од 72 часа, се сметаат како еден настан на штета во согласност со 10.1. и 10.2. освен поврзани со поплава за која настан на штета се дефинира од почетокот на зголемувањето на нивото на водата значително надминувајќи го вообичаеното ниво се до намалувањето до вообичаеното ново на вода на река или езеро.
11. Плаќање за обесштетување; обновување, замена
11.1 Прво Осигуреникот има право да биде обесштетен:
11.1.1 Во случај на згради
11.1.1.1 Во случај на уништување на реална вредност на готовината, сепак до пазарната вредност најмногу.
11.1.2. Во случај на машинерија и опрема
11.1.2.1. Во случај на уништување или исчезнување на вистинска парична вредност, сепак најмногу до пазарната вредност;
11.1.2.2. Во случај на настана на оштетување до реална вредност на готовината.
11.1.3 Реалната загуба на вредноста на готовината се однесува на вредносната замена на загубата, како што е реалната вредност на готовината до вредноста на замената.
11.1.4 Загубата на пазарната вредност се однесува на загубата на вредноста на замената како што е пазарната вредност до вредноста на замената.
11.2. Осигуреникот има право да ја прими исплатата на делот кој го надминува обесштетувањето согласно со 11.1 до вредноста на замената, кога и само доколку се исполнети следниве услови:
11.2.1. Осигуреникот треба да биде сигурен дека висината на обесштетувањето ќе биде употребена во целост за обновување или замена. Предметите, кои веќе биле произведени, купени или нарачани пред појавата на настан на штета, или биле во процес на производство, не може да бидат обновени или заменети.
11.2.2 Ако, по осигурена штета, а имотот е реконструиран на друга локација во рамки на државата, обесштетувањето ќе се обезбеди во рамки на опсегот, како да се обновени на самата локација, во согласност со условите на оваа полиса (врз основа на вредноста на трошоците за обновување - или замена), и ако имотот заменет служи на поинакви цели од претходните, но се уште за осигурената деловна активност.
11.2.3. Обновените или заменетите добра мора да служат за истата оперативна или применлива намена;
11.2.4. Обновувањето или замената треба да се извршат во рок од три години, од појавата на настан на штета. Ограничувањето на обновувањето се применува како што е дозволено, ако е во рамките на овој временски период се доделени нарачки за замена или обновување.
11.2.5. Договорено е дека две недели по известувањето за штетата може да се побара првиот дел од плаќањето, кое мора да се плати, најмалку со земање во предвид на околностите. Ако до тој временски период се уште не е доставено стручно мислење, осигурителот ќе изготви договор со експерт со цел соодветна исплата на сметка. Дури и во случај на непотполно појаснување во врска со обврската на осигурителот да го обесштети, се изготвува
пресметување без предрасуди и со целосно рефундирање на барањата на осигурениците, во овој случај осигурителот ќе биде ослободен од својата обврска да обесштети штета, ако страната на осигуреникот дава соодветни безбедносни гаранции. Горенаведените договори се предмет на одобрување на (хипотека) доверители, за плаќање на обесштетување на осигуреникот.
11.3 Управување со побарувања во случај на постоење на преглед на машинерија и ФЛЕКСА осигурување. Во случај на постоење на преглед на машинерија и ФЛЕКСА (FLEXA) осигурување и во случај тоа да не е јасно дали или до кој степен штетата ќе се смета како штета на ФЛЕКСА (FLEXA) или штета од дефект на машинеријата, осигурителот на дефектот на машинеријата како и осигурителот на ФЛЕКСА (FLEXA) ќе имаат право да бараат, износот на штетата од дефектот на машинеријата и износот на штетата на ФЛЕКСА (FLEXA) да биде проценета во постапка од страна на независен експерт. Оваа проценка ќе биде обврзувачка во случај да не е докажано дека многу се разликува од реалните факти. Трошоците од оваа стручна постапка ќе ги сносат обата осигурители согласно нивните удели во исплатата на обесштетувањето. Осигуреникот има право да бара обесштетување на прва исплата, која мора да се плати минимум врз основа на факти, еден месец по пријавувањето на штетата. Во случај тоа да не било заверено во рамките на овој месец , до кој степен оваа штета треба да се смета за штета на ФЛЕКСА (FLEXA) или штета од дефект на машинерија осигурителите ќе учествуваат во оваа исплата секој со 50%.
12. Стручна постапка
За постапките на кое и да е стручно лице се договара следново:
12.1. Проценката од страна на обете стручни лица мора да ја содржи осигурената вредност на добрата кои претрпеле штета веднаш пред настанот на штета како и вредноста на остатоците.
12.2. По барање на договорниот партнер, се спроведува утврдување на осигурената вредност на осигурените предмети кои не се погодени од штетата.
12.3. Избор на стручни лица
Осигурителот не смее да назначи лица како стручни лица, кои се конкуренти на осигурените страни или кои имаат деловна соработка со него, понатаму не може да назначи лица кои се вработени кај конкурентот или деловен партнер, или кои имаат некоја слична врска со него. Ова соодветно се однесува за назначување на трета страна која посредува од страна на стручните лица.
13. Надоместок, осигурен износ по штетата
13.1. Под услов да обесштетување осигурувачот на осигуреникот загуба, било побарувања за штета на осигуреникот кон трета страна, се пренесуваат врз осигурителот во сите случаи.
13.2. Износот осигурен (но не кој и да е годишен лимит) останува не засегнат од страна на исплатата на штетата.
Дел Б. Осигурување од прекината деловна дејност
1. Осигурена деловна дејност
Вршење на деловна дејност означена на деловниот сајт наведен во полисата
(осигурени простории) се смета дека е осигурена деловна дејност.
2. Предмет на осигурување
Во случај деловната дејност на осигуреникот да биде нарушена или прекината со оштетување на имотот причинета од еден од ризиците осигурени, осигурителот ќе ја обесштети штетата која настанала од прекинувањето или нарушувањето.
3. Осигурени ризици
Обемот на покритието, исклучувањата, останатите прописи и обврски во врска со долу наведени ризици се применуваат согласно Дел А од Осигурувањето на имот.
3.1 Пожар (Flexa Покритие)
Проширување на покриеност - во случај да се договорени и наведени во полисата:
Индиректeн гром Ова проширување на осигурувањето ги покрива загубите до договорениот
лимит врз основа на првата загуба основа предмет на договореното одбивање.
Експлозија предизвикана од експлозиви Истекување на стопен материјал
1. Покритието се применува за оштетување на осигурениот имот што произлегуваат од неповолниот истек на топла течност од стопен материјал од неговите садови или цевки без оган. Не се осигурени
1.1. оштетувањето во внатрешноста на садот и оштетувањето на местото на истекот;
1.2. оштетувањата од самиот растопен материјал.
2. Ако деловната дејност е прекината од страна на оштетување на имот опишано во став 1 осигурителот нема да обесштети загуба која произлегува од прекинот, што е потребно да ја поправи штетата опишана во точка 1.1.
3. Трошоците за греење, трошоци за загревање, трошоци за калење, и слични трошоци не се надоместуваат.
Жичара со кабини и жичара со клупи; оштетување на кабелот од удар од гром оштетување од пожар на системите за сушење и други системи за греење
системи за дезинсекција Радиоактивни изотопи
Покритието се однесува за деловен прекин кој следи по оштетување на имот, во согласност со Точка 4, која е исклучиво предизвикани од страна на осигурена штета на осигурените простории поради радиоактивни изотопи на осигурениот имот.
Дополнителни ризици опфатени во случај наведен во рамките на полисата Следниве ризици или групи на ризици се измени и дополнувања на осигурувањето против пожар и треба да се сметаат како правно независни договори за осигурување, кои можат да бидат откажани одделно во случај на штета без реализирање на главната полиса од пожар и/или други ризици опфатени.
Осигурителот, како и осигуреникот има право да откаже осигурување во случај на штета.
Откажувањето е законски дозволено најдоцна во рок од еден месец откако е постигнат договорот за износот за исплата на обесштетување. Осигурителот треба да има отказен период од еден месец. Осигуреникот не може да откаже подоцна од крајот на осигурителната година.
3.2. Именувани ризици
3.2.1. Граѓански немири, злонамерни оштетувања, штрајк, спречени работници
3.2.2. Влијание на возила, чад, суперсоничен бум
3.2.3. Протекување на прскалка
3.2.4. Водовод
3.2.5. Бура, град
3.2.6. Притисок од снег, паѓање на карпи, лизгање на земјиште
3.2.7. Поплава, висока вода
3.2.8. Земјотрес
3.2.9. Кршење на стакло
3.2.10. Провала, вкл. вандализам и грабеж
3.3 Не именувани ризици (сите ризици)
4. Оштета на имот
4.1. Оштета на имот се однесува на оштета на имотот кој служи на осигурената деловна дејност, ако:
4.1.1. штетата е предизвикана од директното влијание од осигурени ризици и мора да биде обесштетен во согласност со точка 3 (настан на штета);
4.1.2. оштетувањето е неизбежна последица на осигурен настан, со исклучок на штети, согласно со
Точка 3.3 Не именувани ризици;
4.1.3. оштетување се случува поради исчезнувањето на имот во текот на осигурен настан, со исклучок на штети согласно точка 3.2.1 (злонамерна штета) и Точка 3.3 Не именувани ризици;
4.1.4. Оштетување на имот не осигурен согласно дел А точка 1,1-1,3 не се
смета како оштетување на имот, дури и ако таков имот служи на осигурена деловна дејност.
5. Територијални граници
5.1. Во принцип,штетата треба да се појави на осигурената локација наведена во полисата, освен согласно од точка 5.2-5.4.
5.2. Потенцијална обврска
Ефектот од прекин на деловна дејност во фабрика или дел од фабрика од друга локација или делови на локации на ист сопственик, на исти или на различни простории, кои се заведени во полисата, како ризични локации ќе бидат покриени исто така (потенцијална обврска) во случај на ризикот да предизвика деловен прекин е опфатена во рамки на полисата за извршување во делот на потенцијални обврски.
5.3. Ново стекнати локации
Ново стекнати локации во земјата се смета за осигурените локации до договорениот лимит, без посебно известување. На датумот на обновување, осигурителот треба да добие ажурирани податоци за осигурените локации, како и да биде известен за сите промени во барањата за осигурување. Која и да е пресметка на премија или повторна пресметка ќе се одржи на датумот на обновување.
5.4. Штета на имот надвор од осигурената локација
Прекинување или нарушување на деловната дејност, како последица на штета на имот на осигурен имот кој привремено се наоѓа надвор од осигурените простории со цел одржување и поправка се покриени исто така. Оваа одредба се применува во согласност со Делот А, точка 4.2.
6. Прекин на деловна дејност
6.1. Целосното или делумното прекинување или нарушување на осигурената деловна дејност по оштетување на имот ќе се смета за прекин на деловна дејност.
6.2 Прекинот на деловната дејност започнува со појавата на материјална штета и завршува кога штетата од прекинот (изгубена добивка) веќе не расте, најдоцна, сепак, по истекот на периодот обесштетување.
6.3 Меѓу зависност и нарушување
Загуба на профит како резултат на прекин на деловна дејност или нарушување во друга деловна дејност од истиот сопственик е вклучено (штета од меѓу зависност/нарушување), без разлика на тоа дали штетата од прекин се појавува на исти или различни локации во случај тие да се наведени како осигурени локации во полисата и штетата да е предизвикана од ризик опфатен.
7. Загуба на профит
7.1. Според осигурувањето на деловниот прекин загубата на добивка претставува разлика меѓу оперативниот приход и варијабилните трошоци на осигурената деловна дејност.
7.2. Како оперативни приходи се смета за договорено следново:
- 00 Приходи од продажба
- 00 Промени на залихи во однос внатрешно произведени недовршени и готови производи
- Работа која влегува на страната на активата
- 00 Разни оперативни приходи по одбивањето на попусти и други намалувања на приход
7.3. Променливи (не осигурени) трошоци се оние кои повеќе не се применливи или се намалени за време на прекинот на
деловната дејност.
Критериумите за проценка на варијабилноста се одржување или подготвеност за работа.
Варијабилни трошоци го вклучуваат отписот на еродираните делови на фабриката кои не се користат за време на прекинот на деловната дејност. Персоналните трошоци не се сметаат како варијабилни трошоци.
7.4. При дефинирањето на загуба на профит нема да се земе во предвид следново:
приходи и трошоци кои директно не се поврзани со осигурената деловна дејност (на пример финансиски приходи, вонредна добивка, приходите или трошоците туѓи на деловната дејност или надвор од периодот на [обесштетување]).
8. Осигурена вредност, период на обесштетување, ограничување на побарување
8.1 Осигурената вредност ќе биде загубата на добивка која Осигуреникот ќе ја заработел без
прекинот на деловната дејност во 12 месеци по оштетувањето на имотот.
8.2 Во случај на компании за производство добивката на готовите производи во залиха кои претрпеле штета од ризиците опфатени(точка 4) ќе бидат обесштетени, а кои би биле заработени по договорениот период на обесштетување, овој износ мора да биде осигурен од одделен износ наведен во полисата.
8.3. Периодот на обесштетување започнува со оштетување на имотот и трае 12
месеци.
8.4 Различни периоди на обесштетување можат да се договорат, освен во случај на сезонска деловна дејност. Ограничувањето на обесштетувањето се однесува на осигурената вредност како на период на обесштетување до периодот од 12 месеци.
8.5. Рефундирање на премија и договор на грижа. Осигурувачот на осигуреникот гаранции премија наплата до 33,33% од годишен премијата платена однапред во случај на осигурената вредност е пониска од проценетата сума во Претходниот период на осигурување и дополнителни одбивање до
20% од осигурениот износ во случај да осигурената вредност била повисока од проценетиот износ во претходниот период на осигурување, а премијата за користениот дел од грижата ќе се наплати подоцна. Осигуреникот треба да го информира осигурителот за осигурената вредност (загубата на добивката согласно точка 7) во периодот на полисата, најдоцна во рок од шест месеци по
истекот на соодветниот период. Ако на објавениот износ е помал од осигурената вредност, максималната пропорционална премија која се рефундирала ќе изнесува 33,33% од годишната премија платена однапред. Ако пријавениот износ е поголем од осигурената вредност на пропорционално повисока премија, максимум до 20% од годишната премија однапред платена ќе се наплати подоцна. Ако договорот се откажал пропорционалната премија се рефундирана само ако финансискиот управник потврди дека пријавениот износ соодветствува со реалната осигурена вредност од соодветниот период на полисата. Во случај осигуреникот да не ја пријави на осигурителот реалната осигурена вредност и покрај писмената забелешка од осигурителот, осигурителот може да наплати цели 20% дополнителна премија веднаш по истекот на 6-месечниот краен рок. Ако во случај на штета износот пријавен за претходната година се докаже дека е помал од осигурената вредност за соодветната година обесштетувањето дефинирано според условите ќе биде соодветно намалено во однос на пријавениот износ до реалната осигурена вредност, најмногу до осигурениот износ плус 20% грижа во претходната осигурителна година. Ова намалување на надоместокот согласно условите ќе се применуваат без оглед на намалувањето поради постојно осигурување на помала вредност согласно Точка 13. Во случај повеќе од еден предмет да се осигурени, горенаведените прописи важат за секој поединечен предмет.
9. Обврски на Осигуреникот пред штетата
Во прилог на обврските согласно со дел А точка 5 Осигуреникот е должен да ги подготвува прописно книгите и евиденцијата, да изготвува биланси и записи кои покажуваат добивка и загуба и да ги чува овие документи за тековната деловна година, како и оние од претходните три години; да се чуваат податоците од медиумите, деловните книги, фајловите, и слични предмети безбедни од оштетување, уништување или исчезнување; да изготвува бекап копии на компјутерски податоци и програми во разумни интервали и да ги чува на истите надвор од просториите. Повредата на горенаведените обврски може да ја откаже обврската на осигурителот да обесштети според законските прописи.
10. Обврски на Осигуреникот во случај на штета
Во прилог на обврските согласно со дел А точка 6 се применува следново:
10.1. Обврска да се минимизира штетата Во случај на оштетување на имот кој може да доведе до или да довел до прекин на деловната дејност, Осигуреникот е должен да ја спречи и намали загубата доколку е тоа можно. Осигуреникот треба да побара на инструкции од осигурителот и соодветно да дејствува.
10.2. Обврска за пријавување на штета
Секоја материјална штета која може да доведе до прекин на деловната дејност мора веднаш да биде пријавена до осигурителот.
10.3. Обврска да се објасни штетата
На осигурителот и неговото стручно лице ќе им биде дозволено да ги испитаат причините, обемот, времетраењето на деловниот прекин, како и степенот на загуба на профит и плаќање на обесштетување доколку е можно.
11. Прекин во деловното работење, надомест на штета
11.1.1. Во случај на прекин во деловното работење загубата ќе биде реалната претрпена загуба на профит минус заштедените трошоци за осигурување плус трошоците што се резултат на минимизирање на загубата.
11.1.2. При евалвација на загубата на профит ќе се земат предвид и сите околности кои што би имале влијание на деловното работење без прекин, на пример технички и економски околности или планирани измени во осигурениот бизнис, состојбата на пазарот, ефекти на Виша сила, штрајк, забрана за влез на вработените, бојкоти, банкрот или обесштетување на Осигуреникот.
11.1.3. Соодветен отпис (Точка 7.3) на имотот оштетен за време на прекинот во деловното работење ќе се смета за заштедени трошоци за осигурување.
11.1.4. Казните за кршење на договорот или обврската за обесштетување на Осигуреникот како резултат на незапазување на рок за испорака или за завршување на работа или што произлегуваат од други преземени одговорности не може да се бараат за надомест на штета како загуба од прекин во деловното работење.
11.2. Надомест на штета
11.2.1. Осигурителот ќе ја надомести загубата на профит што се случила во текот на периодот на надомест на штета, но сепак максимум со осигурениот износ. Овие ограничувања, сепак, не се применуваат доколку и до оној степен до кој што поголемиот износ бил резултат на инструкции на осигурителот.
11.2.2. Договорено е дека во случај деловното работење повторно да се гради или репродуцира на различна локација во рамките на земјата износот на надоместокот на штета ќе се ограничи до истиот износ во случај на повторно градење или репродуцирање на истата локација и во рамките на истиот делокруг да се случило имајќи го предвид договорениот период на надоместокот на штета. Трошоците што престануваат поради релокација треба да се одбијат од износот на надоместокот на штета.
11.2.3. Осигурителот нема да ја надомести штетата ако загубата на профит е зголемена
11.2.3.1. во вонредни настани во текот на прекинот во деловното работење или постојани услови (Не е вонреден настан доколку повторното воспоставување на бизнисот е одложено поради стандардно на пазарот време за испорака на машини, опрема или суровини уништени или изгубени со осигурена штета на имот, доколку должината на испораката е вообичаена според стандардите на пазарот);
11.2.3.2. со менување на деловните постројки или воведување иновации во осигуреното деловно работење извршени при поправка на штетата на имотот;
11.2.3.3. со ограничувања на надлежните тела во однос на реконструкцијата или во однос на самото деловно работење, освен ако такви закони или регулативи стапиле во сила но се уште не се применувале од страна на надлежните тела пред осигурениот настан и влијаат врз имотот што го користи бизнисот; Ограничувањето на надоместокот на штета се применува во согласност со 11.2.1.
11.2.3.4. со невообичаени одложувања при поправка на штетата на имотот,
односно поради нејасни структури на сопственост или закуп, постапки за наследство, тужби или од слични причини;
11.2.3.5. со неиницирање од страна на Осигуреникот на поправката на штетата на имотот на време или поради недостиг на доволни финансиски средства за оваа цел;
11.2.3.6. со неупотребливоста на неоштетени индивидуални предмети поради уништувањето или загубата на поврзани индивидуални предмети.
12. Трошоци осигурени за минимизирање на загуба
12.1. Трошоците за минимизирање на штетата се трошоците за мерките преземени од страна на Осигуреникот за да се одбегне или минимизира загубата на профит
12.1.1. до оној степен до кој што таквите мерките ќе ја намалат загубата на профит или
12.1.2. до оној степен до кој што Осигуреникот можеби ги сметал овие мерки за неопходни но не можел да побара претходно одобрување од осигурителот поради нивната итност. Во овој случај, осигурителот мора веднаш да биде известен за мерките.
12.2. Мерки за одбегнување и минимизирање на загубата на профит може да бидат, на пример, воспоставување на резервна постројка, постројка за итен случај или изнајмена постројка, со заработување на загубениот профит во рамки на разумен период со подобрување на деловната ефикасност по завршувањето на прекинот.
12.3. Трошоците не се сметаат за трошоци за минимизирање на штетата доколку
12.3.1. Осигуреникот профитира од таквите мерки по крајот на периодот на прекинот во деловното работење;
12.3.2. се заработува неосигурен профит.
13. Осигурување на понизок износ
Надоместокот на штета во согласност со точка 11 ќе се намали пропорционално во случај на осигурување на понизок износ.
14. Ограничување на надоместокот на штета; одбивања
14.1 Доколку е договорен лимит на надоместокот на штета или годишен лимит на надоместокот на штета ова се применува како ограничувањето за надоместокот на штетата.
14.2. Износот на надоместокот на штета дефиниран во согласност со точка 11 ќе се намали за договореното одбивање во случај на секоја загуба (по примената на осигурувањето на понизок износ).
14.3. Сите настани на штета, кои што произлегуваат од една иста причина во истата временска рамка од 72 часа, се сметаат за еден настан на штета во согласност со 14.1 и 14.2 освен во однос на високо ниво на вода за кое што еден настан на штета ќе се дефинира од почетокот на покачувањето на нивото на водата што се смета дека го надминува вообичаеното ниво на вода на река или езеро.
15. Плаќање на надомест на штета
15.1. Доколку износот на надоместокот на штета може да се процени по изминување на период од две недели по почетокот на прекинот во деловното работење и за секој нареден месец, Осигуреникот има право на надомест на штета за тие износи. Плаќањата ќе се одбијат од вкупниот надомест на штета.
15.2. Осигурителот има право да бара месечен доказ за реалната претрпена загуба на профит.
15.3. Доколку до овој момент се уште не е претставено стручно мислење, осигурителот ќе произведе договор со стручњакот во однос на адекватна исплата на сметката. Дури и во случај на нецелосно појаснување во однос на обврската на осигурителот да изврши надомест на штетата, се преземаат сметководствени активности без предрасуди и со целосните барања за поврат на средства на Осигуреникот во случај осигурителот да биде ослободен од својата обврска за надомест на штетата, доколку осигурената страна даде соодветни сигурносни гаранции.
16. Стручна постапка
Следново ќе се договори за процената на загубата од стручно лице:
16.1. испитувањето на стручното лице мора да содржи најмалку
16.1.1 осигурената вредност,
16.1.2. обемот и времетраењето на прекинот во деловното работење,
16.1.3. износот на загубата на профит во текот на периодот за надомест на штета.
16.2. Страните коишто се вклучени во процената на загубата се обврзани, на истиот начин како и осигурителот, да ја сочуваат тајноста во однос на откриените информации.
16.3. Избор на стручни лица
Осигурителот не смее да назначува лица како стручни лица, кои што се конкуренти на осигурената страна или кои што вршат деловна дејност со него, и дополнително никакви лица кои што се вработени во конкурент или деловен партнер, или кои што се во сличен однос со истите. Ова соодветно се применува за назначувањето на трет арбитер од страна на стручните лица.
17. Осигурената вредност и ограничувањето на надоместокот на штета по загубата
Осигурената вредност и ограничувањето на надоместокот на штета (но не и било какво ограничување на годишната загуба) остануваат незасегнати од плаќањето за загуба.
18. Отуѓување на осигурена постројка
Доколку осигурената постројка се отуѓи, правата и обврските од оваа полиса се пренесуваат на новиот сопственик. Новиот сопственик има право да ја откаже полисата во рок од временски период од еден месец по продажбата или најмалку откако новиот сопственик ќе дознае за постоењето на оваа полиса.
Дел X. Општи договори
Xxxxxxxx за исклучување на тероризам
Без оглед на било какви одредби со различна содржина во рамките на ова осигурување или било какво прифаќање на истата се договара дека ова осигурување ги исклучува загубите, штетите на недвижен и личен имот, трошоците или расходите од било каква природа, кои што се директно или индиректно предизвикани од терористички акт без оглед на било каква причина или настан кои што имаат последователен придонес или во било каков друг редослед кон загубите.
За целите на оваа клаузула, терористички акт значи акт, вклучувајќи но не исклучувајќи употреба на сила или насилство и/или заканата или подготовката на истите, за било кои лица и групи на лица, без оглед дали делуваат самостојно или во име на или во врска со било каква организација или влада, кој што според сите показатели е извршен
- да ја заплаши или да влијае врз de jure или de facto влада, држава, јавност или делови од јавноста или
- делумно или целосно да влијае врз економијата, или
врз основа на неговата природа или контекст може да се заклучи дека бил извршен во врска со политички, социјални, верски, идеолошки или слични намери или цели.
Оваа клаузула исто така ги исклучува загубите, штетите на недвижен и личен имот, трошоците или расходите од било каква природа, кои што се директно или индиректно предизвикани од акт што служи за контрола, превенција или задушување на терористички акт или кои што се на друг начин поврзани со терористички акт.
Исто така исклучени се загубите, штетите, трошоците или расходите кои што се директно или индиректно предизвикани од биолошка или хемиска контаминација.
Контаминација е зараза, токсикација, попречување и/или ограничување на употребата на имотот врз основа на ефектите на хемиски и/или биолошки супстанции.
Доколку било кој дел од ова исклучување биде отповикан или прогласен за законски неприменлив, сите други делови и понатаму ќе останат во сила. Промена на условите и клаузулите
Во случај на општи, дополнителни или специјални услови, безбедносни регулативи, клаузули или спогодби врз кои што се базира овој Договор да бидат променети од страна на осигурителот во полза на Осигуреникот за време на периодот на полисата, таквите промени ќе имаат непосредно дејство и на овој Договор.
Доколку поради промените мора да се наплатува повисока премија ова ќе се наплатува од датумот на стапување на сила на соодветните промени во случај Осигуреникот да сака да ги задржи придобивките од подобрувањата.
Клаузула за одобрување
Осигурителот потврдува дека е запознаен со сите околности што се релевантни за процена на ризикот за комплетирање на Договорот освен ако некои околности биле задржани злонамерно. Обврската на Осигуреникот да пријави зголемувања на ризиците кои што ќе се појават во иднина останува незасегната.
Известувања на Осигуреникот во однос на осигурување на имот од пожар или на прекинот во деловното работење поради пожар
Доколку полисите за заштита на имот од пожар и прекинот во деловното работење поради пожар се издадени или водени од истиот осигурител, известувањето за состојбата со ризици при склучување на Договорот или за промени во состојбата со ризици по неговото склучување се применува за двете осигурувања.
Известување за зголемувања на ризици (клаузула за грешки и пропусти) Осигуреникот ќе го обврзе својот персонал за надзор постојано да ја следи состојбата со ризици во осигурените простории и навремено ќе ги пријавува покачувањата на ризиците. Ова исто така се применува и за покачувања на ризиците кои што се резултат на промена на постојните или усвојување на нови ограноци на деловното работење.
Во случај Осигуреникот намерно или со крајна небрежност да не ја исполнува горенаведената обврска осигурителот е целосно ослободен од обврската за надомест на штета во согласност со законските регулативи. Со цел ретроактивно да се откријат случајно непријавени или до сега непознати покачувања на ризиците, Осигуреникот годишно ќе го прегледува осигурениот ризик.
Известувањето за покачувањето на ризиците се смета за навремено доколку се изврши веднаш по прегледот.
Правните последици опишани во став 2 нема да се применуваат до горенаведеното време.
Претставници
Врз основа на законската форма на компанијата, следниве лица се сметаат за претставници или одговорни за деловното работењево водечка функција како и
лица во водечка функција одговорни за деловните активности во смисла на законот за работни односи:
Корпорација / јавна компанија: Членови на одборот и главни претставници на исто ниво
Доо: Генерален директор Ограничено партнерство: О п ш т и
партнери Општо / обично: Партнери партнерство Трговец поединец: Сопственик
Други облици на друштва: Соодветните групи на лица Странски компании: Соодветните групи на лица Привремени отстапувања од безбедносни регулативи.
Во однос на оние што резултираат од ригорозни технички околности и имплементирани со највисок можен степен на внимание, привремените отстапувања од безбедносните и интерните регулативи на компанијата во текот на работите за (ре)конструкција и поправка на осигурениот имот нема да се сметаат за кршење на обврската на Осигуреникот да ги почитува безбедносните регулативи и истовремено не се смета за кршење на обврската на Осигуреникот да го извести осигурителот за покачувања на ризиците.
Отстапувања кои што траат подолго од 4 месеци сепак на се сметаат за привремени.
Ова не се применува за работи поврзани со пожар, без оглед дали таквата работа се извршува од страна на сопствен персонал или од друга компанија.
За време на вршење на работи поврзани со пожар, без оглед дали таквата работа се извршува одстрана насопствен персонал или од друга компанија, утврдените регулативи ќе се почитуваат во сите околности. Осигуреникот
ја презема целата одговорност за почитување на регулативите.
Ова не се применува за договори поврзани со постојните системи за гасење пожар и аларми за пожар. Одговорноста на Осигуреникот целосно се применува и во овој случај.
Доколку безбедносните регулативи се прекршуваат од страна на извршителот без знаење и без намера на Осигуреникот, овој прекршок тогаш нема да се смета за небрежност.
Xxxxxxxx за водечки осигурител
Водачот на полисата или негов огранок именувани во полисата се овластени да ги примаат известувањата и писмата за намери од Осигуреникот во име на сите инволвирани осигурители.
Водење на случај
До оној степен до кој што истата договорна основа се применува за сите инволвирани осигурители, се договара следното:
1) Осигуреникот законски ќе ги потврди барањата само од водачот и уделот на водачот.
2) Инволвираните осигурители ги признаваат разумните одлуки на водачот како и порамнувањата помеѓу водачот и Осигуреникот по тужбата како обврзувачки. На сличен начин, Осигуреникот ги признава правните одлуки во тужба против водачот како обврзувачка и за неговиот однос со другите осигурители.
Дел Г. Проширување на покритието Дефекти на машинерија – Штета на имот
Сите регулативи, обврски и исклучоци во однос на следниве ризици ќе важат во согласност со Дел А и Дел В.
1. Осигурен имот
1.1 Имотот наведен во полисата ќе биде покриен се додека предметите се на имотот на Осигуреникот
1.1.1 инсталирани подготвени за употреба или
1.1.2 за цели на чистење, ремонт, ревизија, поправка, или транспорт на друга локација или во случај покриена загуба се исклучени од употреба, демонтирани, повторно инсталирани или поместени. Предмет ќе се смета за подготвен за употреба во случај по финалното тестирање (доказ за работење) истиот да биде подготвен за нормална работа во согласност со инструкциите на производителот и – во случај тоа да е планирано – да е извршено формално примопредавање.
1.2 Функционирањето на маслото за ладење, изолација или пренос на електрична енергија ќе биде покриено во врска со покриената загуба на машинеријата на осигурителот (предмет) само во случај тоа да е посебно договорено. Покритие за масло во трансформатори и опрема за регулирање и мерење ќе се смета за договорено во смислата дефинирана погоре.
1.3 Темелите и ѕидовите ќе се сметаат за покриени само во случај тоа да е посебно договорено.
1.4 Неосигурен имот
1.4.1 Алатки од секаков вид како на пример бушилици, алатки за кршење, плочи за печатење, калапи, матрици, филмови, мрежи, фолии, ножеви, моделирани ролни, сечива за пили, алати за сечење, филтри, камени алатки, бои и слични предмети како и топчиња, тресет и камени за мелење, лежишта и тегови за ковачки чекани;
1.4.2 Предмети подложни на амортизација како што се гуми за возила, делови од гасеници, тркала и гасеници за гасеничари, четки, ремени, синџири, ленти, црева, јажиња, подвижни ленти, обложување со гума, текстил и пластика, обложувања на валци, огноотпорна глина, изолации и слично;
1.4.3 Средства за производство од секаков вид како што се горива, хемикалии, материјали за филтрација, катализатори, материјали за чистење, лубриканти, масло за подмачкување, материјали за ладење и слично (Видете став 1.2 погоре);
1.4.4 Надворешни медиуми за податоци (дискови, ленти, медиуми за снимање,
од сите видови, итн.) софтвер и други податоци.
2. Покриени ризици и загуби
2.1 Покриени се непредвидена и ненадејна појава на штета или уништување на осигурениот имот преку
2.1.1 оперативни грешки, некомпетентност или небрежност;
2.1.2 енергија на електричната струја кон електричната опрема (на пример, покачување на јачината на струјата, превисок напон, дефект во изолацијата, краток спој, заземјување, грешка при контакт, неуспешно мерење, регулирање и безбедносни уреди, електричен лак, преоптоварување). Такви штети на имотот ќе бидат покриени дури и доколку истовремено се случат феномени на светлина, жештина или експлозија.
Штета од превисок напон или преку спроведување како последица на удар на гром или атмосферско празнење; Во случај ова да резултира со феномени на светлина, жештина или експлозија, покритието ќе се применува само за засегнатата електрична опрема.
2.1.3 со грешки во изградбата, пресметката, подготовката, материјалите и производството;
2.1.4 прскање предизвикано од центрифугална сила;
2.1.5 со недостиг на вода во парните бојлери и опрема;
2.1.6 со имплозија или други ефекти на пренизок притисок;
2.1.7 превисок притисок, исклучувајќи експлозија;
2.1.8 со дефект или несоодветно функционирање на уредите за климатизација, системите за ладење или греење како и на системите за мерење, регулатива, безбедност и контрола;
2.1.9 мраз и директни ефекти на движење на мраз;
2.1.10 механички влијанија од надвор.
2.2 За разлика од Точка 2.1 покритието ќе се применува за
- групи на компоненти и делови за компоненти за техника на полуспроводници и
- нивните интерни медиуми за податоци (за кои што замена неопходна со нормална употреба не е планирана од производителот)
за непредвидена и xxxxxxxxx
- штета или
- уништување до оној степен до кој што е докажано дека ризик покриен со точка
2.1 влијаел на предметите од надвор. Во однос на ризиците прикажани во рамките на точките 2.1.1 и 2.1.2 во случај на штетата да може да само види визуелно и без било какви средства.
2.3 На никој начин и во никој случај покритието нема да се применува за загуби кои што се или кои би можеле да бидат покриени со точките
1.1 – 1.3 (со исклучок на точка 1.3.4) Дел А ако соодветно се предизвикани
2.3.1 со наследени пречки или дефекти, кои што постоеле во времето на склучување на договорот за осигурување и биле или морале да бидат познати на Осигуреникот или лицата кои што се на водечки функции одговорни за деловните активности (во понатамошниот текст
„претставници“);
2.3.2 со намерни дела или дела извршени со крајна небрежност или пропусти од страна на Осигуреникот и неговите претставници;
2.3.3 со пуштање во работа по загуба и пред конечната реставрација и гаранција за соодветно работење;
2.3.4 од системите за безбедност и контрола со нивната наменета функција;
2.3.5 со напуштање или загуба на осигурениот имот;
2.3.6 со гребење, обележување или правење на било какви промени на површината кои што се само оштетувања (на пример загуби предизвикани со гребење на бои и емајл);
2.3.7 од транспортни возила предизвикани со удар, исфрлање од шини, колапс на ѕидови или плафони, колапс на мостови и пруги, лизгање или паѓање, колапс на јами или навлегување на вода или песок, дури и во случаите предизвикани од ризик именуван во рамките на точка 2.1.
2.4 Оваа полиса не ги покрива загубите за кои што добавувач ќе биде одговорен по сила на закон или договор. Во случај една од причините да постои во согласност со точките 2.1.1 – 2.1.10 и добавувачот ја оспорува својата одговорност, осигурителот ќе ја надомести штетата на Осигуреникот и ќе влезе во спор со добавувачот. Во случај одговорноста на
добавувачот да може да се потврди само со правни дејства, Осигуреникот ќе биде обврзан на барање и на трошок на осигурителот да делува во согласност со тужбата. Во случај Осигуреникот да е производител, продавач или добавувач на осигурениот имот, осигурителот нема да ги надомести штетите за кои што во случај на набавка од трета страна, производителот, продавачот или добавувачот би биле одговорни.
2.5 Во случај ризик да е покриен соодветно осигурената загуба е покриена со обврската на постојниот договор за одржување, договорот за одржување ќе превладува врз овој договор за осигурување во случај на загуба.
3. Осигурена вредност
Имотот мора да се осигури според точка 7.1.2.1. Дел А – вредност на замена.
4. Надомест на штета
4.1 Осигуреникот мора да го сноси износот на одбивањето како што е наведено во рамките на полисата за секој предмет и за секоја загуба. Договореното одбивање ќе се одбие од износот на загубата (надоместокот на штетата на имотот плус претрпените дополнителни трошоци за минимизирање на загубата). Ограничувањето на надоместокот на штета ќе биде еднакво на осигурениот износ минус договореното одбивање.
4.2 Надоместокот на штета ќе се евалвира на следниот начин
4.2.1 во случај на повторно градење на оштетениот осигурен имот, со трошоците за поправката во времето на загубата вклучувајќи ги трошоците за демонтирање, подигање, транспорт (вклучувајќи воздушен транспорт), како и царинските давачки, доколку постојат. Вредноста на старите делови кои што се уште постојат ќе се земе предвид во однос на било какво плаќање на надомест на штета.
Во случај на повторно градење на оштетениот осигурен имот и во тој случај надоместокот на штета ќе вклучува
- уреди за осветлување, илуминација, греење или грејни тела
- електрични катодни цевки
- прскалка на бренер
- во однос на мотори: глави на цилиндари, ракави за цилиндари, клипови, подлоги за клипови
- полнење на нафта и гас
депрецијацијата на овие повторно употребени делови во вкупно инсталираните услови ќе биде земена предвид.
Во случај ова посебно да биде договорено само осигурителот ќе врши надомест на штета во случај на покриена загуба на дополнителни трошоци за осигурениот имот (прекувремени часови, недели, празници како и ноќна работа) како и врз основа на прва загуба за
- работи за ископување и градежни работи
- работи за спасување
- движење и заштита
- авио транспорт
- отстранување на шут
- отстранување на опасен отпад.
Дополнителните трошоци направени со измени, подобрувања или ремонт во текот на поправката и понатаму ќе ги сноси Осигуреникот.
Во случај да се изврши дополнителна поправка, овие трошоци ќе ги сноси Осигуреникот (види и точка 2.3.3).
4.2.2 Во случај осигурениот имот е целосно уништен или во случај трошоците за поправка (во согласност со точка 3.2.1) се еквивалентни на или ја надминуваат техничката реална вредност на готовината на предметот непосредно пред настанувањето на загубата, максималниот надомест на штета ќе биде техничката реална вредност на готовината. Реалната вредност на готовината ќе биде дефинирана како вредноста на замена намалена за износот соодветен со состојбата на предметот, особено нејзината старост, евентуалната амортизација и/или било какви други причини. Вредноста на старите делови кои што се уште постојат и/ или преостанатата вредност на самиот предмет ќе се земе предвид.
Во случај на индивидуални предмети што припаѓаат заедно (градежни
компоненти како што се мотори, запчаници, пумпи) да се осигурени под една ставка и уништени се поединечни предмети, оваа загуба ќе се третира како овие целосно уништени предмети да биле осигурени под посебни ставки.
Во случај на исплата на надомест на штета за градежни компоненти за овие компоненти, исплатата ќе се изврши само во случај да не е достапен помал резервен дел. Во секој случај, ограничувањето на надоместокот на штета ќе биде реалната вредност на готовината на градежната компонента како целина.
Во случај на индивидуални предмети кои што припаѓаат заедно или градежни компоненти, депрецијацијата, доколку постои, во однос на преостанатите предмети кои што припаѓаат заедно или компоненти кои што не претрпеле никаква загуба или штета, нема да биде земена предвид.
4.2.3 Загубите во однос на осигурените темели ќе се надоместат само во случај истите да се резултат на покриена загуба на осигурениот имот;
Дел Д. Проширување на покритието – Дефекти на машинерија – Прекин во деловното работење
Сите регулативи, обврски и исклучоци во однос на следниве ризици ќе важат во согласност со Деловите Б, В и Г.
1. Предмет на осигурувањето, осигурен имот, територијален лимит
1.1 Во случај деловното работење на Осигуреникот да биде прекинато или нарушено од штета на имотот од дефект на машинерија (точка 2) во осигурените простории претрпена на осигурениот имот како што е утврдено во рамките на полисата и инсталирана подготвена за употреба (точка 1.2), осигурителот ќе ја надомести штетата што произлегува од прекинот или нарушувањето.
1.2 Предмет ќе се смета за подготвен за употреба во случај по финалното тестирање (доказ за работење) истиот да биде подготвен за нормална работа во согласност со инструкциите на производителот и – во случај тоа да е планирано – да е извршено формално примопредавање.
1.2.1 Во случај на имот што е подготвен за употреба, истиот ќе биде покриен и за времетраењето на чистење, ремонт, ревизија, поправка или транспорт на друго место, до оној степен до кој што овие активности се случуваат на осигурениот имот посочен во оваа полиса.
1.2.2 Функционирањето на маслото за ладење, изолација или пренос на електрична енергија ќе биде покриено во врска со покриената загуба на машинеријата на осигурителот (предмет) само во случај тоа да е посебно договорено.
Осигурување за масло во трансформатори и опрема за регулирање и мерење ќе се смета за договорено во смислата дефинирана погоре.
1.2.3 Темелите и ѕидовите ќе се сметаат за покриени само во случај тоа да е посебно договорено.
1.2.4 Неосигурен имот
1.2.4.1 Алатки од секаков вид како на пример бушилици, алатки за кршење, плочи за печатење, калапи, матрици, филмови, мрежи, фолии, ножеви, моделирани ролни, сечива за пили, алати за сечење, филтри, камени алатки, бои и слични предмети како и топчиња, тресет и камени за мелење, лежишта и тегови за ковачки чекани;
1.2.4.2 Предмети подложни на амортизација како што се гуми за возила, делови од гасеници, тркала и гасеници за гасеничари, четки, ремени, синџири, ленти, црева, јажиња, подвижни ленти, обложување со гума, текстил и пластика, обложувања на валци, огноотпорна глина, изолации и слично;
1.2.4.3 Средства за производство од секаков вид како што се горива, хемикалии, материјали за филтрација, катализатори, материјали за чистење, лубриканти, масло за подмачкување, материјали за ладење и слично (Видете став 1.2 погоре);
1.2.4.4 Надворешни медиуми за податоци (дискови, ленти, медиуми за снимање, од сите видови, итн.) софтвер и други податоци.
2. Дефект на машинерија (штета на имотот)
Дефекти на машинерија се непредвидени и ненадејно појавени штети или уништувања на осигурениот имот од ризиците утврдени во рамките на дел Г точки 2.1 и 2.2. 1.1 1.2 1.2.1 1.2.2 1.2.3 1.2.4 1.2.4.1.
Дел Ѓ. Посебни услови за Делови Г и X.
До оној степен до кој што е применливо во рамките на полисата се применуваат и условите од Дел В.
Трошоци за работа за спасување
Во согласност со точка 3.2.1 Дел Г покриени се и трошоците за работа за спасување.
Трошоците за работа за спасување за имотот како што е утврдено во полисата се покриени до договорениот лимит на основа на прва загуба. Трошоците за работа за спасување се трошоци што се неопходно направени во случај на покриена загуба со цел да се стави оштетениот осигурен имот во правилна состојба за поправка.
Осигурениот износ на основа на прва загуба ќе биде збирниот годишен лимит.
Трошоци за ископување и за градежни работи
Во продолжение на точка 3.2.1 Дел Г договорено е дека трошоците за ископување и за градежни работи, кои што се неопходно направени во случај на покриена загуба во текот на поправката се покриени до договорените лимити на основа на прва загуба.
Осигурениот износ на основа на прва загуба ќе биде збирниот годишен лимит.
Трошоци за калибрирање
Дополнително на точката 3.2.1 Дел Г договорено е дека неопходните трошоци за калибрирање предизвикани со покриена загуба ќе бидат надоместени со одбивање на заштедите, кои што се заштедени како резултат на одложувањето на наредниот датум за калибрирање.
Трошоци за авио транспорт
Во продолжение на точка 3.2.1 Дел Г договорено е дека трошоците за авио транспорт, кои што се неопходно направени во случај на покриена загуба ќе бидат покриени до договорениот лимит на основа на прва загуба.
Осигурениот износ на основа на прва загуба ќе биде збирниот годишен лимит.
Темели (вклучување)
Во продолжение на точка 3.2.1 Дел Г договорено е дека темелите за имотот утврден во полисата се исто така покриени.
Трошоци за прекувремена работа
Во согласност со точка 3.2.1 Дел Г договорено е дека дополнителните трошоци за прекувремена работа, работа во недели, празници, како и ноќна работа, кои што трошоци се неопходно направени во случај на покриена загуба во текот на поправката се покриени до договорениот лимит (договорените лимити).