Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 02 3288 800, факс 02 3215 128,www.uniqa.mk
Услови за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт–CMR
Друштвото за осигурување УНИКА АД со седиште на Бул.Илинден број 1, 1000 Скопје,тел.број 00 0000 000, факс 02 3215 128,xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 23.08.2022 година и со одлука бр. 2022/0202-78 се применуваат од 01.09.2022 година.
Член 1
Предмет на осигурување
Со овие услови се осигурува одговорноста на осигуреникот како превозник спрема корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, преземени на превоз со товарен лист или договор, во обем и услови наведени во одредбите од член 2, 3 и 6 од овие услови. Со овие услови не е осигурена вон договорната одговорност на осигуреникот.
Член 2
Утврдување на одговорноста
Одговорноста на осигуреникот се утврдува според одредбите на овие услови и:
1. Законот за договор за превоз во друмскиот сообраќај;
2. Законот за облигационите односи;
3. Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (ЦМР).
Член 3
Обем на покритието
1. Осигурувачот ќе му ги надомести на осигуреникот сите износи кои тој треба да ги плати врз основа на одговорноста од член 2 на овие услови освен штетите настанати од причините наведени во член 4 и 5.
2. Максималната обврска на осигурувачот изнесува (се лимитира) до износот утврден во полисата за осигурување на одговорноста на осигуреникот, чиј составен дел се овие услови.Покритието од точка 2 се пресметува во денарска противвредност по среден курс на индикативната курсна листа на Народна банка на Република Северна Македонија на усд на денот на настанување на штетата. Осигуреникот може да ја осигура својата одговорност и преку лимитот од претходниот став, со тоа што мора таквите пратки писмено да ги пријави на осигурувачот, со најавување на нивната вредност најмалку 2 (два) работни дена пред започнување на превозот. За таквите пратки и зголеменото осигурително покритие по цмр осигуреникот доплаќа премија на разликата над лимитот, за што осигурувачот му издава посебна полиса.
3. Лимитит на осигурителното покритие се определува спрема влекачот на возилото.
4. Осигурувачот ќе му надомести на осигуреникот и:
а) трошоци за спор како и вон судски трошоци направени во врска со реализација на барањето (ако се направени во согласност со осигурувачот, поради одбрана од неосновани или преголеми барања на трети лица) и досудени камати, превознина и вонредни трошоци за превоз и претовар, лежарина, складиштнина и сл.;
б) вистинските трошоци за спасување, но најмногу до 40% од лимитот по штетен настан.
Осигурувачот ќе ги надомести овие трошоци и кога тие, заедно со штетата ќе ја надминат максималната обврска од точка 2 на овој член.
Член 4
Ризици за кои не одговара превозникот и не се опфатени со осигурувањето
(1) Со овие услови не е осигурена одговорноста на осигуреникот за штетите настанати на пратката примена на превоз поради:
1. Виша сила (земјотрес, поплава, гром, луња, снежна лавина, одронување, лизгање на земјиште и слично);
2. Припремна, мобилна и воена состојба, побуни, востанија политички немири, вооружена кражба и сл.;
3. Xxxxxx (прекин на работа) или запленување;
4. Акти на надлежни органи;
5. Вина на испраќачот или приемачот;
6. Недостатоци во пакување или поради недоволно пакување на стоката и нечисти транспортни садови;
7. Опасности поврзани со превоз на стоката во отворени возила;
8. Потполна или делумна загуба или оштетување на стоката поради нејзините природни својства или мани, како рѓа, корозија, саморасипување, стврднување, стврднување поради заситеност на воздухот со влага и сл. освен ако се превезуваат со наменски возила;
9. Разбојнички или други напади, или штети предизвикани од страна на лица кои на нелегален начин се превезувале, или влегле, или се обиделе да влезат, или се обиделе да се превезуваат во возилото на осигуреникот ( вклучително и штети предизвикани од мигранти, азиланти, нелегален транспорт на луѓе и слично )
10. Преземени санитарни или дезинфекциони мерки и сл.;
11. Угинување на живи животни, живини и дивеч при превоз;
12. Ако стоката се прима на превоз само под одредени услови - предадена на превоз со неисправни, неточни или непотполни ознаки или ако испраќачот ги нема превземено пропишаните мерки и внимание;
13. Промена на бојата, мирисот и вкусот на стоката, освен во случај на расипување (докажан дефект на термографот) на термокингот од авто ладилници;
14. Губење на комерцијална вредност на стоката, освен поради пречекорување на рокот на превозот во случаи на дефект на возилото;
15. Молци и други штетници;
16. Разлика во мерење, освен ако постои документ за официјално мерење на исти начини при натовар и растовар на стоката.
Член 5
Исклучени ризици
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета и ако осигуреникот спрема законските прописи за тоа е одговорен, а таа настанала како последица на една од следните причини:
1. Лоша намера или груба небрежност
Осигурувачот не ја надоместува штетата, која настанала поради лоша намера или груба небрежност на осигуреникот и лицата за кои тој одговара.
2. Располагање на стоката
Ако испраќачот или приемачот одбие да ја преземе стоката, а осигуреникот без согласност на осигурувачот прифати сам да располага со истата, осигурувачот не го надоместува делот на штетата кој ќе настане од таа причина.
3. Спогодбено договорен рок за испорака
Со овие услови не е покриена одговорноста на осигуреникот, ако договорениот рок за превоз е пократок од вообичаениот за таква пратка на таа релација, а штетата настанала како последица од неисполнување на договорениот рок.
4. Неисполнување на спогодбата за превоз
Осигурувачот не е во обврска да надомести штетата која би настанала ако, осигуреникот заклучил спогодба за превоз па тој превоз не го извршил или поради тоа што се јавил кај порачателот на превозот со задоцнување, а со тоа ја прекршил спогодбата за превоз.
5. Пречекорување на пропишаниот облик и тежина (габарит) Осигурувачот не е во обврска да надомести штета, ако осигуреникот пропуштил да ги преземе потребните организациони мерки за превоз на максимално дозволените профили и тежини во јавниот сообраќај, а штетата ќе настане поради непочитување на специјалните сообраќајни прописи за дозволениот габарит за сигурен превоз (сообраќаен знак за известување на дозволената висина, ширина и носивоста на друмско сообраќајно средство).
6. Плаќање на застарено побарување
Осигурувачот не ја надоместува штетата, што ја исплатил осигуреникот без негова согласност, ако рокот на плаќање законски е застарен.
7. Фиктивни кусоци
Со овие услови не е осигурена одговорноста на разни непојаснети кусоци, кои не се последица на физичка загуба или кражба на пратката. Според овие услови документите за мерење и вагање не се доказ на физичка загуба или кражба на пратката.
8. Превоз на благородни метали
Превоз на благородни метали, хартија од вредност, валути и други скапоцености, освен ако посебно не се пријават и се превезуваат со оружена придружба и специјални возила.
9. Превоз на поштенски пратки
Осигурувачот не ја надоместува штетата на поштенски пратки, ако ги превезува осигуреникот со своите превозни средства.
10. Сопствен имот и предмети
Осигурувачот не надоместува штети на личен имот на осигуреникот и неговите вработени.
11. Поради обична кражба, провална кражба и кражба на целото возило, доколку возилото за време на штетниот настан не било :
• паркирано на физичко заштитено, оградено, надгледувано и осветлено паркиралиште, на кое е постојано чувано од страна на возачот односно неговиот помошник;
• паркирано во заклучена и оградена гаража , во случај да не е чувано од страна на возачот или неговиот помошник;
• не било паркирано на паркиралиште што е чувано 24 часа
Член 6
Обврски на осигуреникот
1. Возилата редовно и квалитетно да ги одржуваат и технички да се исправни и да одговараат за намената.
2. Возачите континуирано да ги обучуваат и да ги познаваат обврските и правата што произлегуваат од договорот за превоз, ЦМР конвенцијата, упатството за користење на тир карнети, упатствата на осигуреникот и осигурувачот.
3. Возачите да ги обезбеди со потребните лични и документи за превоз и средства (дозволи, тир-карнети, фактури, упатства и сл.) пред започнување на превозот.
4. Во меѓународен транспорт за релации подолги од 450 км. за секое возило да има двајца возачи.
5. При натовар и растовар на стоките возачот задолжително да е присатен и да врши правилен квантитетен и квалитетен прием и предавање на стоките, проверка на амбалажата, редењето и прицврстување и растовар на стоките.Ако има недостатоци при натовар на амбалажата да бара испраќачот веднаш да ги отстрани или во спротивно да става забелешка на товарниот лист за недостатокот при натовар или растовар што го вршат други лица.
6. Во товарниот лист прецизно, читливо и точно да биде наведена адресата на приемачот на стоката, негов телефон и да бара фотокопија од личната карта на лицето за контакт што го одредил приемачот на стоката и само на тоа лице по идентификацијата смее да ја предаде стоката. Приемачот треба да има фотокопија на броевите на ЦМР-товарниот лист, тир карнетот и бројот на пасош на возачите.
7. По идентификација на примачот, едниот возач заедно со приемачот да оди во царина за да ги следи дали царинската процедура се извршува во царина и од надлежни лица.
8. По извршената царинска процедура да се заверат товарниот лист и тир карнетот и стоката, возачот да ја предаде на правиот приемач со идентификација на магационерот на приемачот од лична карта и со внесување на податоците од истата во товарниот лист како и местото на растовар и проверка на лицето за контакт со податоците со кои возачот располага.
9. По пат возачите и нивните помошници се должни задолжително да паркираат на :
• Паркиралиште кое е чувано 24 часа
• Физичко заштитено, оградено, нагледувано и осветлено паркиралиште, во случај возилото да е постојано чувано од возачот или неговиот помошник
• Заклучена и оградена гаража, во случај возилото да не е чувано од страна на возачот или неговиот помошник
• Во случај на настанување на штета, осигуреникот е должен да достави писмени докази за исполнување на обврките од точка 9
10. Осигуреникот е должен секоја видлива штета, за која постои одговорност на превозникот, да ја утврди со записник при предавање на пратката во присуство на приемачот на пратката и возачот пред предавање на пратката.Осигуреникот е должен веднаш или најдоцна во рок од три дена од кога ќе сознае, на осигурувачот да му ја пријави секоја штета која по негова оцена го минува износот од 1,000 американски долари и да го има во предвид дадените упатства на осигурувачот за ангажирање на хавариски комесар за извид и процена на штетата.
11. Осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни мерки за спречување и намалување на штетата.
12. Во случај на кражба, измама при прием и предавање на товарот и сообраќајна незгода осигуреникот е должен таквиот настан веднаш да го пријави на полиција во најблиското место или на друг надлежен орган и за таквите пријави да му приложи доказ на осигурувачот.
13. Доколку осигуреникот ги повредил обврските од овој член, осигурувачот не е во обврска да му ги надомести штетите што ќе настанат поради тоа.
Член 7
Премија за осигурување
Осигуреникот е должен да ја плати премијата за осигурување, договорена со полисата за осигурување.
Премијата за осигурување е годишна и зависи од осигурителното покритие и се утврдува со полисата за осигурување.
Осигуреникот е должен да даде список на осигурените возила и приколки со регистарски број, број на мотор и број на шасија, за приколките тип и регистарска ознака и веднаш, а најдоцна во рок од три дена да го извести осигурувачот за промените.
Осигуреникот е должен да ја плати премијата во рокови утврдени во полисата. По овој рок плаќа законска камата.
Ако осигуреникот не ја плати премијата во утврдениот рок, осигурувачот може да се ескулпира од обврската за надомест на штета.
Осигурувачот секоја година на осигуреникот ќе му пресметува бонус, односно доплаток на премијата согласно тарифата, земајќи го во предвид неговиот индивидуален технички резултат за последната година.
На барање на осигуреникот во случај на уништување или отуѓување на осигуреното возило, осигурувачот е во обврска да му го врати неискористениот дел од премијата со примена на премискиот систем про рата темпорис, во колку на осигуреникот дотогаш не му настанал осигурен случај.
Член 8
Констатирање и пријавување на штети
Осигуреникот или неговиот полномошник е должен секоја видлива штета, која е покриена со осигурување, да ја утврди записнички на вообичаен начин, со учество на приемачот, односно корисникот на превозот пред предавање на пратката.
Осигуреникот е должен секоја штета, чиј износ е над 1.000 УСД во денарска противвредност, без одлагање, да му ја пријави на осигурувачот и да постапи по неговите упатства.
Осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни мерки за спречување, односно смалување на штетата.
Секој случај на кражба на пратката или сообраќајна незгода, осигуреникот треба веднаш да го пријави на полицијата и записникот за тоа да му го предаде на осигурувачот.
Доколку осигуреникот намерно или со крајно невнимание ги повреди обврските од овој член, осигурувачот може да се ослободи од обврската да му ги надомести штетите што ќе настанат поради тоа.
Член 9
Доставување на отштетно барање
Ако оштетената странка поднесе отштетно барање, осигуреникот е должен веднаш да му го достави на осигурувачот заедно со сите документи и податоци потребни за ликвидација на штета како што се:
Пријава на штета;
Оштетно барање на оштетеното лице; Превозни документи (товарен лист, договор);
Фактура или друг доказ за вредноста на пратката;
Xxxxxxx изјава на возачот и неговиот помошник за причината и околностите за настанување на штетата;
Докази врз основа на кои би можело да се утврди постоење или непостоење одговорност на осигуреникот за настанатата штета;
Записник од полиција, ако настанала сообраќајна незгода или кражба на пратката;
Докази и изјави кои осигурувачот ќе ги побара за појаснување на оштетното барање.
Ако од околностите за настанатата штета, или од поднесената документација не може со сигурност да се утврди одговорноста на осигуреникот за настанатата штета или за нејзината висина, осигурувачот е должен на осигуреникот да му даде упатство за правните и други мерки, кои треба да ги преземе со цел да се заштити од недокажани, неосновани или преголеми оштетни барања.
Осигуреникот е должен, како добар стопанственик, да ги преземе сите потребни мерки со цел да се заштити од неосновани барања. За преземените мерки осигуреникот е должен без одложување да го извести осигурувачот.
Член 10
Барање на согласност
Осигуреникот е должен пред признавање на својата обврска за надомест на штетата да побара согласност од осигурувачот и да се придржува на неговите упатства.
Ако осигуреникот не постапи спрема одредбите од претходниот став, осигурувачот може да ја одбие исплатата на штетата, целосно или делумно, во колку смета дека осигуреникот не бил одговорен за настанатата штета или неговата одговорност е помала од онаа која ја признал.
Одредбите од претходниот став се применуваат и на случаите кога одговорноста на осигуреникот е утврдена во судски или арбитражен спор за кој осигуреникот благовремено не го извести осигурувачот, а осигурувачот стави оправдана примедба во врска со водење на спорот.
Член 11
Висина на отштета
Висината на оштетата за целосна или делумна загуба на пратката се утврдува според вредноста на предметите во времето и местото на отпрема и фактурата на продавачот, доколку таква вредност нема, тогаш по пазарната вредност, но во границите на законскиот лимит за ограничена одговорност, но максимум до лимитот од член 3 на овие услови т.е. полисата за осигурување.
Ако осигуреникот превезувал пратка со поголема вредност од договорениот лимит, и истата не ја пријавил во осигурување односно нема полиса за дополнително осигурително покритие, во случај на настанување на штета на таквата пратка, при исплата ќе се примени систем на пропорција помеѓу осигурената вредност и вредноста на пратката.
Ако осигуреникот има осигурително покритие за товарно возило, а со влекачот приклучил специјално возило или ладилник, а тоа не го пријавил во осигурување и не добил замена на полиса, во случај на штета ќе се примени пропорција помеѓу премиите и висината на штетата.
Член 12
Франшиза
Осигурувачот ќе ја надомести настанатата штета поради сообраќајна незгода, пожар и експлозија без франшиза.
Во случај на погрешно предавање на пратката поради измама на возачите
и кражба, осигуреникот учествува со 20% франшиза од настанатата штета. Во сите други случаи франшизата ќе изнесува во висина на природната загуба (кало, крш, растур) за кој дел согласно законските прописи и условите за осигурување, не одговара превозникот.
Член 13
Исплата на штета
1. Кога ќе настане осигурен случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместокот или сумата определна со договорот во договорениот рок кој не може да биде подолг од 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурувачот добил известување дека настанал осигурениот случај.
2. Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ.
3. Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, по барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аванс, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплата во рокот утврден од став (1) од овој член.
4. Осигурувачот бара пред исплата на штетата потпишување на спогодба со која се утврдува исполнување на обврската на осигурувачот, доколку износот на штетата надминува износ од 35.000 денари .
5.Исплатата на надоместокот или осигурената сума и уплатата на премијата се врши во согласност со одредбите од Законот за данок на добивка, Законот за персонален данок на доход и останатата даночна регулатива која се однесува на осигурувањето.
6.Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на штета или да обезбеди друг вид на надомест ,по основа на оваа полиса, доколку плаќањето на штета или друг вид на надомест e во спротивност и/или го изложи осигурувачот на какво било санкции,забрани,рестрикции
,определени со резолуции на Обединетоте нации, трговски или економски санкции,закони или регулативи на Европската Унија,Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, или кое било национално законодавство што важи за страните на овој договор
Член 14
Регресно право
Со исплата на штетата, на осигурувачот му преминуваат сите права кои осигуреникот ги имал спрема лицата одговорни за штетата.
Осигуреникот е должен на време да ги преземе сите потребни мерки за обезбедување на регресните права спрема лицата одговорни за штетата. Ако осигуреникот не постапи во склад со претходниот став, осигурувачот може од надоместокот на штетата да го одбие износот на штета која поради тоа ја претрпел.
Член 15
Забрана за неточно прикажување на осигурителното покритие со полисата за осигурување на одговорноста на корисниците на превозот
Со овие услови и полисата за осигурување е покриена одговорноста на осигуреникот како превозник за штета на пратките. Поради тоа осигуреникот не смее да истапува кај корисникот на превозот со тврдење дека со полисата е осигурена и самата пратка (карго осигурување) и со што да го доведе сопственикот на пратката во заблуда дека со овие услови и полисата целосно се осигурени и неговите интереси.
Член 16
Решавање на спорови
Споровите од овие услови ќе се решаваат спогодбено или пред редовниот суд во местото на седиштето на осигурувачот.
Член 17
Траење и отказ на осигурувањето Осигурувањето по овие услови согласно бараното осигурително покритие се договара со посебна годишна полиса за осигурување на одговорноста на превозникот во земјата и странство за секое возило.
Осигурувањето се склучува со траење од една година, со наведување на час, ден, месец и година на почетокот и истекот на осигурувањето.
Секоја договорна страна, во текот на траењето на договорот, може да го откаже договорот по пат на известие со препорачано писмо и отказен рок од триесет (30) дена од стасаноста на премијата.
Осигурувачот може на осигуреникот да му го откаже осигурувањето по овие услови и без отказен рок, ако утврди дека осигуреникот ја прекршил забраната предвидена со одредбите од член 15 од овие услови.
Услови за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт–cmr
Член 18
Составен дел на договорот за осигурување склучен според овие Услови за осигурување се Општите услови за осигурување од општа одговорност, а доколку нивната содржина е во спротивност со овие Услови, се применува соодветната одредба од овие Услови.
За се што не е предвидено со овие Услови важат одредбите на Општите услови за
Осигурување од општа одговорност.
Член 19
Орган надлежен за супервизија на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување до која осигуреникот ,корисникот или трето лице може да се обрати до допис или барање за заштита на своите права, поднесување на жалби или претставки.
Член 20
Во случај на спор во врска со примената на овие Услови во поглед на односите помегу осигурувачот и осигуреникот/корисникот на осигурување или трети лица за извршувањето, обемот и пристигнувањето на обврските ке се примени Закон за облигациони односи ,Законот за супервизија на осигурувањето и другите важечки законски и подзаконски акти.