Contract
„Истражувачко новинарство - чувар на демократијата
и човековите права“
За потребите на проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ (финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014), а врз основа на Договорот за грант меѓу Делегација на ЕУ и Центарот за управување со промени (во понатамошниот текст: Договорот за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права (ИЧП) и Центарот за управување со промени (ЦУП) испраќа:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ НА ПОВИК 11/2016
за набавка на услуги – ангажирање на
НОВИНАРИ-ЕКСПЕРТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ КУРС ПО ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ВО ОБЛАСТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ПРАВОСУДСТВОТО
1. Институтот за човекови права (ИЧП) во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП), во рамките на проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ (финансиран од Делегација на ЕУ во рамките на програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014) има потреба од ангажирање на осум новинари – обучувачи кои ќе земат учество на Летниот курс по истражувачко новинарство во областа на човековите права и правосудството.
2. Опис на услугата:
• Да испорачаат два дводневни и два еднодневни тренинзи во рамките на Курсот, така што ќе бидат дел од тимот кој ефективно ќе ја спроведе обуката;
• Подготовка на две предавања на две различни теми за истражувачко новинарство во областа на човековите права и правосудството, како и подготовка на најмалку две студии на случај на односната тема;
• Да креираат и да предложат методологија за работа и евалуација на тренинзите;
• Да подготват работни материјали за студентите;
• Да го водат процесот на подготовка на истражувачките стории на студентите и да дадат менторска поддршка за истите.
Подетален опис на услугите во проектната задача ТоР 11/2016 која е дел од овој повик.
3. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Услугата треба да се испорача во период од 04 јули до 30 септември 2016 година. Институтот за човекови права и Центарот за управување со промени во согласност предвидената временска рамка ќе го известат добавувачот/чите на услугата за точниот датум во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проекти во зависност од обезбедувањето на сите потребни услови.
4. Институтот за човекови права и Центарот за управување со промени ќе склучат договор со избраните понудувачи за реализација на активностите и резултатите наведени во проектната задача.
The project is funded by the European Union
5. За таа цел, ве молиме да ни доставите Xxxx понуда за горе наведенава покана во рок од 9 дена од денот на нејзиното добивање. Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда.
Квалитативната понуда треба да се состои од:
• Кратка биографија(CV)
• Листа на референци
• Предлог методологија за работа со временска рамка на целосната услуга (начинот на подготвување на методологијата и што таа треба да опфати е во рамките на проектната задача – ТоР)
• Финансиска понуда
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Ставка | Опис на производ/услуга | Количина (број на денови) | Единечна цена во нето износ | Вкупна цена во нето износ |
1. | Методологија за спроведување на курсот | 1 | ||
2. | Концепт за две различни предавања на две теми | 2 | ||
3 | Одржување на четири предавања на курсот | 2 | ||
4 | Материјали за студентите и евалуација на задачите на студентите | 1 | ||
5 | Mенторска поддршка на истражувачките стории на студентите | 2 | ||
ВКУПНО | 8 |
6. Изборот на добавувачот/те ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понуда е следната:
Квалитативна евалуација Максимум можни | бодови |
1. Листа на референци | 10 |
1 референца | 3 |
2 референци | 5 |
3 и над 3 референци | 10 |
2. Кратка биографија | 40 |
Образование | 10 |
Искуство во областа на истражувачко новинарство | 10 |
Искуство на слични задачи (испорачување на тренинзи) | 20 |
3. Предлог методологија за работа | 30 |
Општа методологија за одржување на тренинзите | 10 |
Концепт на предавања | 20 |
Вкупно бодови | 80 |
Финансиска евалуација Максимум можно бодови |
Вкупно бодови 20
Финална евалуација | Максимум можни бодови |
Вкупно бодови за квалитативнаевалиација | 80 |
Вкупно бодови за финансиска евалуација | 20 |
Вкупно бодови | 100 |
7. Услови и начин на плаќање
Плаќањето ќе биде извршено на принципот – 100 % по целосно извршување на услугите предвидени во овој повик.
8. Набавката е делива.
9. Начин на доставување на понудите.
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: xxxx.xxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx
Краен рок на доставување на понудите е до 29.06.2016 година до 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса xxxx.xxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx најдоцна до 27.06.2016 година до 16:00 часот, проектен координатор, проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена.