Contract
Модел на Одлука за изрекување отказ на договорот за вработување без отказен рок
_______________________________________________
Врз основа на член 82 од Законот за работни односи *„Службен весник на РМ“ бр.62/05...172/15), Управителот на Друштвото __________________________, на ___________ година донесе
О Д Л У К А
за изрекување отказ на договорот за вработување
поради кршење на работниот ред и дисциплина
Работникот ___________________________________, на работно место _________________________, од 01.07.2015 година заклучно со 03.07.2015 година, отсуствуваше од работа, а своето отсуство не го најави ниту оправда, со што го прекрши работниот ред и дисциплина, согласно член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи - неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година, поради што му изрекувам отказ на договорот за вработување без отказен рок.
О б р а з л о ж е н и е
Работникот отсуствуваше од работа во периодот од 01.07.2015 заклучно со 03.07.2015 година, а своето отсуство не го најави ниту оправда, односно неоправдано отсуствуваше од работа три последователни дена за што согласно одредбите од член 82 од Законот за работните односи се изрекува отказ на договорот за вработување без отказен рок.
Врз основа на изнесеното донесов одлука како во изреката на оваа одлука.
(забелешка: ова е само пример на образложение, а во него може подетално да се опише повредата на работните обврски и да се наведат доказите со кои се поткрепува одлуката за отказ).
Управител
___________________
Правна поука: До колку работникот не е задоволен од одлуката, има право да вложи приговор во рок од 8 дена од приемот на оваа одлука до _____________________ (надлежниот орган на друштвото).
Вложениот приговор не ја задржува одлуката од извршување.