Македонски Телеком АД - Скопје ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗАЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва, Македонски Телеком АД – Скопје (во понатамошниот текст: “Македонски Телеком” или “Друштвото”) известува дека на ден...
Македонски Телеком АД - Скопје |
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва, Македонски Телеком АД – Скопје (во понатамошниот текст: “Македонски Телеком” или “Друштвото”) известува дека на ден 20.08. 2018 година е склучен Договор за услуги за меѓународен IP Peering и глобален транзит со Маѓар Xxxxxxx, како зделка со заинтересирана страна со оглед дека Маѓар Телеком е единствен акционер на Каменимост Комуникации АД, акционер кој поседува 56,67% акции со право на глас (издадени акции) во Македонски Телеком. Со Одлука на Одборот на директори на Македонски Телеком донесена на редовниот состанок на 13 март 2018 година одобрено е склучување на договор за услуги за меѓународен IP Peering и глобален транзит со Маѓар Телеком, како зделка со заинтересирана страна, со цел да им овозможи меѓународно IP поврзување на сите свои корисници на широкопојасен интернет. Вредноста на договор е 600.000 евра, а неговата реализација и соодветните исплати од страна на Македонски Телеком кон Маѓар Телеком ќе се вршат до 1јули 2020 година. |